Љубовна терапија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lubovna-terapija/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jan 2024 08:57:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љубовна терапија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lubovna-terapija/ 32 32 Кумановски театар со „Љубовна терапија“ гостува во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kumanovski-teatar-so-lubovna-terapija-gostuva-vo-mnt/ Wed, 31 Jan 2024 08:57:54 +0000 https://republika.mk/?p=738848

Утревечер со почеток во 20:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), гостува претставата „Љубовна терапија“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово. Режисер е Драгана Таневска, а во претставата играат: Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски к.г., Матеј Стојковски к.г.

Во претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот наслов „Beyond therapy” на Кристофер Дјуранг, е обработена љубовта како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е взаемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапија и дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци и поголеми човечки маси. Од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го сопре неговото движење и да остави последици? Одговорите на сите овие прашања ги наоѓаме во претставата „Љубовна терапија“ во режија на Драгана Таневска.

Билетите се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ, по цена од 500 денари.

 

The post Кумановски театар со „Љубовна терапија“ гостува во МНТ appeared first on Република.

]]>

Утревечер со почеток во 20:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), гостува претставата „Љубовна терапија“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово. Режисер е Драгана Таневска, а во претставата играат: Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски к.г., Матеј Стојковски к.г. Во претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот наслов „Beyond therapy” на Кристофер Дјуранг, е обработена љубовта како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е взаемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапија и дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци и поголеми човечки маси. Од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го сопре неговото движење и да остави последици? Одговорите на сите овие прашања ги наоѓаме во претставата „Љубовна терапија“ во режија на Драгана Таневска. Билетите се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ, по цена од 500 денари.  

The post Кумановски театар со „Љубовна терапија“ гостува во МНТ appeared first on Република.

]]>