Љубомир Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lubomir-trajkovski/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 12:43:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љубомир Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lubomir-trajkovski/ 32 32 „Мозаик во зрно“, изложба на аналогни фотографии на Љубомир Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mozaik-vo-zrno-izlozhba-na-analogni-fotografii-na-lubomir-trajkovski/ Fri, 27 Sep 2024 10:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=820277

В понеделник, на септември, од 20 часот како дел од 6. издание на Фестивалот на филм и музика „Ѕирни“ во кафе и филм „Котур“ ќе биде отворена изложбата на аналогни фотографии на Љубомир Трајковски, насловена „Мозаик во зрно“.

Во свет во кој што владее дигиталната непосредност, постои нешто магично во тоа да забавиш, да ја прифатиш несовршеноста и да ѝ дозволиш на тактилната природа на аналогната фотографија да ја раскаже својата приказна. Оваа изложба е збирка моменти фатени не само на филм, туку со намера, трпение и љубопитност. Секој кадар претставува чекор во моето лично истражување на аналогниот медиум - патување во кое светлината, текстурата и времето се проткајуваат заедно, создавајќи сеќавања воедно интимни и безвременски. Преку овие фотографии ве поканувам да сопрете, да погледнете внимателно и да се поврзете со сировата и нефилтрирана убавина на физичкиот свет. Овде не станува збор за совршеноста, туку за шармот на непредвидливоста, за радоста при експериментирањето, но и за носталгијата која единствено филмот може да ја пробуди.

Љубомир Трајковски, роден во Скопје, Македонија, моментално со седиште во Лајпциг, Германија, e фотограф и со неговата работа ја истражува тивката, често незабележана убавина на секојдневниот живот, трансформирајќи го обичното во силни визуелни приказни. Пристапот на Љубомир кон фотографијата е длабоко рефлективен, користејќи го својот објектив за да го ангажира светот околу себе на начин кој предизвикува чувство на чудење и контемплација. Оваа изложба го претставува неговото лично истражување на аналогниот медиум, каде секоја фотографија ги поканува гледачите да застанат, размислат и да ја откријат убавината во суптилните, минливи моменти.

The post „Мозаик во зрно“, изложба на аналогни фотографии на Љубомир Трајковски appeared first on Република.

]]>

В понеделник, на септември, од 20 часот како дел од 6. издание на Фестивалот на филм и музика „Ѕирни“ во кафе и филм „Котур“ ќе биде отворена изложбата на аналогни фотографии на Љубомир Трајковски, насловена „Мозаик во зрно“. Во свет во кој што владее дигиталната непосредност, постои нешто магично во тоа да забавиш, да ја прифатиш несовршеноста и да ѝ дозволиш на тактилната природа на аналогната фотографија да ја раскаже својата приказна. Оваа изложба е збирка моменти фатени не само на филм, туку со намера, трпение и љубопитност. Секој кадар претставува чекор во моето лично истражување на аналогниот медиум - патување во кое светлината, текстурата и времето се проткајуваат заедно, создавајќи сеќавања воедно интимни и безвременски. Преку овие фотографии ве поканувам да сопрете, да погледнете внимателно и да се поврзете со сировата и нефилтрирана убавина на физичкиот свет. Овде не станува збор за совршеноста, туку за шармот на непредвидливоста, за радоста при експериментирањето, но и за носталгијата која единствено филмот може да ја пробуди. Љубомир Трајковски, роден во Скопје, Македонија, моментално со седиште во Лајпциг, Германија, e фотограф и со неговата работа ја истражува тивката, често незабележана убавина на секојдневниот живот, трансформирајќи го обичното во силни визуелни приказни. Пристапот на Љубомир кон фотографијата е длабоко рефлективен, користејќи го својот објектив за да го ангажира светот околу себе на начин кој предизвикува чувство на чудење и контемплација. Оваа изложба го претставува неговото лично истражување на аналогниот медиум, каде секоја фотографија ги поканува гледачите да застанат, размислат и да ја откријат убавината во суптилните, минливи моменти.

The post „Мозаик во зрно“, изложба на аналогни фотографии на Љубомир Трајковски appeared first on Република.

]]>