лозница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loznica/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Aug 2024 10:25:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лозница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loznica/ 32 32 Вучиќ на стадион бараше поддршка за копање литиум https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-na-stadion-barashe-poddrshka-za-kopane-litium/ Sun, 04 Aug 2024 10:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=803212

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека партијата не учествува, ниту ќе учествува додека е тој на чело на партијата, во какви било активности или операции против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и актуелната власт, затоа што со тоа би работеле против себе и заедничките цели. Вучиќ претходно изјави дека на некои од протестите за литиум учествувале и претставници на СПС, јави дописникот на МИА од Белград.

-Напротив, нашиот сојуз е најсилниот бедем за одбрана на Србија и нејзините национални и државни интереси. И затоа нашиот заеднички коалициски настап на локалните избори беше од витално значење, нагласи Дачиќ, а соопштија од СПС, пренесува Нова.рс.

Тој наведе дека ниту еден поединец нема право да постапува поинаку во име на СПС и додаде дека секое поинакво однесување ќе биде санкционирано.

-Во конкретниот случај во Мали Зворник, нашиот општински одбор не учествувал во никакви активности, туку се работи за човек кој не е член на СПС или на раководството, а бил на нашата листа на локалните избори како група на граѓани, и истиот ќе биде исклучен од нашите одборнички групи. Така ќе биде секаде и секогаш кога некој ќе постапи спротивно на моите ставови и политиката на СПС, рече Дачиќ.

Тој реагираше на изјавата на претседателот Александар Вучиќ кој изјави дека на некои протести против ископувањето литиум биле присутни и претставници на СПС.

Вчера медиумите објавија дека „во Мали Зворник во тек е акција под кодното име „Падот на ѕидот“ чија цел е соборување на претседателот на Србија Александар Вучиќ и дека „во тоа учествува врвот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), и сите странски структури со единствена цел - да го соборат Вучиќ“, а дека тоа се одвива во близина на градинката „Црвенкапа“

The post Вучиќ на стадион бараше поддршка за копање литиум appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека партијата не учествува, ниту ќе учествува додека е тој на чело на партијата, во какви било активности или операции против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и актуелната власт, затоа што со тоа би работеле против себе и заедничките цели. Вучиќ претходно изјави дека на некои од протестите за литиум учествувале и претставници на СПС, јави дописникот на МИА од Белград.
-Напротив, нашиот сојуз е најсилниот бедем за одбрана на Србија и нејзините национални и државни интереси. И затоа нашиот заеднички коалициски настап на локалните избори беше од витално значење, нагласи Дачиќ, а соопштија од СПС, пренесува Нова.рс.
Тој наведе дека ниту еден поединец нема право да постапува поинаку во име на СПС и додаде дека секое поинакво однесување ќе биде санкционирано.
-Во конкретниот случај во Мали Зворник, нашиот општински одбор не учествувал во никакви активности, туку се работи за човек кој не е член на СПС или на раководството, а бил на нашата листа на локалните избори како група на граѓани, и истиот ќе биде исклучен од нашите одборнички групи. Така ќе биде секаде и секогаш кога некој ќе постапи спротивно на моите ставови и политиката на СПС, рече Дачиќ.
Тој реагираше на изјавата на претседателот Александар Вучиќ кој изјави дека на некои протести против ископувањето литиум биле присутни и претставници на СПС. Вчера медиумите објавија дека „во Мали Зворник во тек е акција под кодното име „Падот на ѕидот“ чија цел е соборување на претседателот на Србија Александар Вучиќ и дека „во тоа учествува врвот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), и сите странски структури со единствена цел - да го соборат Вучиќ“, а дека тоа се одвива во близина на градинката „Црвенкапа“

The post Вучиќ на стадион бараше поддршка за копање литиум appeared first on Република.

]]>
Oвде е ликвидиран Албанецот кој уби српски полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ovde-e-likvidiran-albanetsot-koj-ubi-srpski-politsaets/ Sat, 20 Jul 2024 09:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=798670

Фатон Хајризи беше убиен од полицијата вчера во напуштена фабрика во околината на Лозница бидејќи пукал во нив кога сакале да го уапсат за убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ (34) и ранувањето на неговиот колега Вјекослав Илиќ (50).

Убиецот на полицаецот Фатон Хајризи е ликвидиран во напуштена фабрика недалеку од местото каде што го уби полицаецот Крсмановиќ и го рани својот колега Илиќ.

The post Oвде е ликвидиран Албанецот кој уби српски полицаец appeared first on Република.

]]>

Фатон Хајризи беше убиен од полицијата вчера во напуштена фабрика во околината на Лозница бидејќи пукал во нив кога сакале да го уапсат за убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ (34) и ранувањето на неговиот колега Вјекослав Илиќ (50). Убиецот на полицаецот Фатон Хајризи е ликвидиран во напуштена фабрика недалеку од местото каде што го уби полицаецот Крсмановиќ и го рани својот колега Илиќ.

The post Oвде е ликвидиран Албанецот кој уби српски полицаец appeared first on Република.

]]>
Првпат убил на 15 години, за полицаецот користеше пиштол со УЧК – кој е убиецот Фатон Хајризи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prvpat-ubil-na-15-godini-za-politsaetsot-koristeshe-pishtol-so-uchk-koj-e-ubietsot-faton-hajrizi/ Fri, 19 Jul 2024 16:42:54 +0000 https://republika.mk/?p=798539

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Фатон Хајризи, осомничениот за убиството на српскиот полицаец и ранувањето на неговиот колега во Лозница, Србија, е убиен денеска по околу 40 часа потрага, откако, според него, пукал во српските полицајци и одбил да се предаде.

Според првите информации кои ги пренесоа српските медиуми, Хајризи се обидел да ја помине Дрина во околината на Лозница и да пребегне во Босна и Херцеговина, но не успеал, па се сокрил во делот на напуштен фабрички комплекс, каде мигрантите кои доаѓаат таму од Прешево во последните години се кријат, чекајќи „врска“ за да избегаат преку Дрина.

Откако Министерството за внатрешни работи на Србија порано објави фотографија од осомничениот, еден од мештаните од областа Лозница пријавил дека видел лице со таков опис. Припадниците на МВР на Србија пристигнале во голем број, го блокирале целиот простор, а потоа го ликвидирале Хајризи.

Хајризи користел пиштол на чија дршка е врежано логото на УЧК.

[caption id="attachment_798542" align="aligncenter" width="1000"] фото: Курир.рс[/caption]

Ноќта од среда кон четврток во Лозница е убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а ранет е неговиот 50-годишен колега Вјекослав Илиќ. Нападот се случил при рутинска проверка на таксито во кое се наоѓал Фатон.

Околу еден час по полноќ, Крсмановиќ и Илиќ на контролниот пункт запреле такси, што им изгледало сомнително. Во возилото имало двајца мажи, возачот и сопатникот.

Полицајците сакале да ги идентификуваат мажите, па полицаецот го замолил Фатон да ја покаже својата чанта. Тој одбил, а потоа пукал во полицајците.

На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од косовските власти на име Артан Хајризи и германска лична карта на исто име.

Меѓутоа, набргу било утврдено дека полицајците всушност биле застрелани од братот на Артан, Фатон, кој неодамна избегал од затвор во Косово, а за време на бегството го користел пасошот на неговиот брат издаден од косовските власти.

Хајризи беше во бегство од 6 јули, кога од слободниот викенд не се врати во затворот Смрековница. Тоа беше негово деветто бегство од затвор, со што стана рекордер во Косово. На социјалните мрежи тој објасни дека мотивот за неговото бегство било злоставувањето кое го претрпел во затвор.

Го напуштив Косово затоа што бев прогонуван. Бев психички малтретиран, не можев повеќе. Нема да се вратам во затвор во оваа држава. Таму страдаат затворениците, не се дава кауција, не се третираат сите исто, изјави Хајризи.

Фатон Хајризи на јавноста ѝ е познат од 2000 година, кога на само 15 години уби руски војник, припадник на КФОР. За тоа убиство е осуден на 27 години затвор.

The post Првпат убил на 15 години, за полицаецот користеше пиштол со УЧК – кој е убиецот Фатон Хајризи appeared first on Република.

]]>

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Фатон Хајризи, осомничениот за убиството на српскиот полицаец и ранувањето на неговиот колега во Лозница, Србија, е убиен денеска по околу 40 часа потрага, откако, според него, пукал во српските полицајци и одбил да се предаде. Според првите информации кои ги пренесоа српските медиуми, Хајризи се обидел да ја помине Дрина во околината на Лозница и да пребегне во Босна и Херцеговина, но не успеал, па се сокрил во делот на напуштен фабрички комплекс, каде мигрантите кои доаѓаат таму од Прешево во последните години се кријат, чекајќи „врска“ за да избегаат преку Дрина. Откако Министерството за внатрешни работи на Србија порано објави фотографија од осомничениот, еден од мештаните од областа Лозница пријавил дека видел лице со таков опис. Припадниците на МВР на Србија пристигнале во голем број, го блокирале целиот простор, а потоа го ликвидирале Хајризи.
Хајризи користел пиштол на чија дршка е врежано логото на УЧК. [caption id="attachment_798542" align="aligncenter" width="1000"] фото: Курир.рс[/caption]
Ноќта од среда кон четврток во Лозница е убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а ранет е неговиот 50-годишен колега Вјекослав Илиќ. Нападот се случил при рутинска проверка на таксито во кое се наоѓал Фатон. Околу еден час по полноќ, Крсмановиќ и Илиќ на контролниот пункт запреле такси, што им изгледало сомнително. Во возилото имало двајца мажи, возачот и сопатникот. Полицајците сакале да ги идентификуваат мажите, па полицаецот го замолил Фатон да ја покаже својата чанта. Тој одбил, а потоа пукал во полицајците. На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од косовските власти на име Артан Хајризи и германска лична карта на исто име. Меѓутоа, набргу било утврдено дека полицајците всушност биле застрелани од братот на Артан, Фатон, кој неодамна избегал од затвор во Косово, а за време на бегството го користел пасошот на неговиот брат издаден од косовските власти. Хајризи беше во бегство од 6 јули, кога од слободниот викенд не се врати во затворот Смрековница. Тоа беше негово деветто бегство од затвор, со што стана рекордер во Косово. На социјалните мрежи тој објасни дека мотивот за неговото бегство било злоставувањето кое го претрпел во затвор.
Го напуштив Косово затоа што бев прогонуван. Бев психички малтретиран, не можев повеќе. Нема да се вратам во затвор во оваа држава. Таму страдаат затворениците, не се дава кауција, не се третираат сите исто, изјави Хајризи.
Фатон Хајризи на јавноста ѝ е познат од 2000 година, кога на само 15 години уби руски војник, припадник на КФОР. За тоа убиство е осуден на 27 години затвор.

The post Првпат убил на 15 години, за полицаецот користеше пиштол со УЧК – кој е убиецот Фатон Хајризи appeared first on Република.

]]>
Вучиќ најави рудник со литиум кај Лозница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najavi-rudnik-so-litium-kaj-loznitsa/ Mon, 15 Jul 2024 11:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=797046

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека подземен рудник за литиум кај Лозница може да биде отворен најрано за четири години, но со гаранции од ЕУ дека животната средина ќе се зачува, јави Бета.

https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-jajen-i-sholts-doagaat-vo-srbija-poradi-litiumot/

„Веруваме дека рудникот не би загрозил никого и ништо, но прво да добиеме гаранции од Европа дека животната средина и животот на обичните граѓани во Србија ќе се зачува, но и ќе се подобри со парите што можат да се заработат... Ако успееме, тогаш дефинитивно ќе одиме на тоа, а ако не успееме, тогаш нема“, изјави Вучиќ во Белград.

Тој додаде дека за отворање на рудник за литиум „се преговара со најмоќните влади

The post Вучиќ најави рудник со литиум кај Лозница appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека подземен рудник за литиум кај Лозница може да биде отворен најрано за четири години, но со гаранции од ЕУ дека животната средина ќе се зачува, јави Бета. https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-jajen-i-sholts-doagaat-vo-srbija-poradi-litiumot/
„Веруваме дека рудникот не би загрозил никого и ништо, но прво да добиеме гаранции од Европа дека животната средина и животот на обичните граѓани во Србија ќе се зачува, но и ќе се подобри со парите што можат да се заработат... Ако успееме, тогаш дефинитивно ќе одиме на тоа, а ако не успееме, тогаш нема“, изјави Вучиќ во Белград.
Тој додаде дека за отворање на рудник за литиум „се преговара со најмоќните влади

The post Вучиќ најави рудник со литиум кај Лозница appeared first on Република.

]]>
Херојот Раденко спаси жена која сакаше да се самоубие https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/herojot-radenko-spasi-zhena-koja-sakashe-da-se-samoubie/ Thu, 29 Jun 2023 15:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=656411

Херојскиот чин на Раденко Костиќ (45) од Лозница, кој  со совесна и брза реакција спаси живот, доби многу пофалби на социјалните мрежи.

Тој  додека се движел по улицата забележал дека продавач на пуканки преговара со жена која стоела од другата страна на терасата со намера да скокне.

Се шетав во центарот на Лозница и забележав човек како продава пуканки во близина како преговара со некого и вели „стоп, некој ќе дојде“. Кога погледнав кон зградата здогледав жена која веќе со една нога го прегази балконот од станот на четвртиот кат. Веднаш истрчав горе и еден колега тргна по мене - вели Раденко.

Отишол иако не знаел точно на кој кат се наоѓа станот на жената.

Како што вели, ризикот што го преземал не го исплашил бидејќи бил  сигурен во себе и знаел дека е способен да помогне во таква ситуација.

Мојот прв приоритет е секогаш да ја спасам жртвата. Важно ми е дека жената е добро и дека се избегна трагедијата. Сигурен сум во себе и не се колебам кога е во прашање човечкиот живот – вели Раденко.

The post Херојот Раденко спаси жена која сакаше да се самоубие appeared first on Република.

]]>

Херојскиот чин на Раденко Костиќ (45) од Лозница, кој  со совесна и брза реакција спаси живот, доби многу пофалби на социјалните мрежи. Тој  додека се движел по улицата забележал дека продавач на пуканки преговара со жена која стоела од другата страна на терасата со намера да скокне.
Се шетав во центарот на Лозница и забележав човек како продава пуканки во близина како преговара со некого и вели „стоп, некој ќе дојде“. Кога погледнав кон зградата здогледав жена која веќе со една нога го прегази балконот од станот на четвртиот кат. Веднаш истрчав горе и еден колега тргна по мене - вели Раденко.
Отишол иако не знаел точно на кој кат се наоѓа станот на жената. Како што вели, ризикот што го преземал не го исплашил бидејќи бил  сигурен во себе и знаел дека е способен да помогне во таква ситуација.