лозје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lozje/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 11:21:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лозје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lozje/ 32 32 Крадци фатени со 300кг украдено грозје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kradtsi-fateni-so-300kg-ukradeno-grozje/ Wed, 06 Nov 2024 11:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=834699

ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против 41-годишната С.В, Н.В.(43) и Р.В.(24), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235  став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против З.К.(64) од Кавадарци поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело по член 235 став 1 во врска со член 23 до Кривичниот законик.

На 14.09.2024, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги затекнале С.В., Н.В. и Р.В. како берат грозје од лозов насад во атар на село Возарци, кавадаречко, сопственост на 54-годишната Л.Р. од Кавадарци. Притоа, во возило комби „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано покрај насадот, и во редовите од насадот биле пронајдени 11 вреќи полни со грозје со вкупна тежина од околу 300 килограми. З.К. го сторил делото на тој начин што го поттикнал Н.В. да го изврши. Имено, тие се сретнале на 13.09.2024 во вечерните часови се сретнале, при што му рекол да оди на тој лозов насад и да го обере грозјето, соопшти МВР.

The post Крадци фатени со 300кг украдено грозје appeared first on Република.

]]>

Лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lozarite-da-ja-zashtitat-vinovata-loza-od-plamenitsa-i-pepelnitsa/ Wed, 14 Jun 2023 12:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=651337

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола, по извршен инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, препорача, лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница.

Од АПРЗ информираат дека кај виновата лоза има појава на болестите пламеница и пепелница.

-Во различни региони, присутноста на болести во лозовите насади е со различен интензитет. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу погодни за ширење на болеста. Пламеницата на лозата е болест која редовно, секоја година се јавува и причинува помали или поголеми штети. Таа ги напаѓа сите зелени делови на лозата, листовите, ластарите, цутовите, гроздот и гроздинките. Лозата е најосетлива во фазата на интензивен раст и на крајот при зреењето на грозјето. Условите за развој на пламеницата се предизвикани од врнежливиот период, што  доведува до губење на квалитет и на принос во лозовите насади, појаснуваат од АПРЗ.

Вработените на АПРЗ подготвија насоки за земјоделците со препорака со кој препарати треба да се третираат лозовите насади за да се спречи ширење на болеста и да се минимизираат загубите.

-Различни сорти се во различен вегетативен период, некој почнуваат да цветаат а другу веќе прецветуваат. Поради тоа, препораката од АПРЗ опфаќа решенија за заштита за двете фази, а лозарите самите треба да одберат со кој препарат ќе ги третираат лозјата соодветно на вегетативната фаза на сортата која ја одгледуваат.

За насадите каде лозата се наоѓа во фаза на пред цветање или цветање на грозјето, што зависи од регионот на одгледување и сортата на грозјето се препорачува лозарите да ја извршат заштитата со следните заштитни средства против пламеница, како и заштитни средства против пепелница. Лозовите насади кај кои болестите се присутни во поголема мерка, заштитата да ја повторат за 10 дена од претходното третирање, соопштија од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола, чии советници како што нагласуваат се на располагање да понудат стручни совети за заштита на производната сезона.

The post Лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола, по извршен инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, препорача, лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница. Од АПРЗ информираат дека кај виновата лоза има појава на болестите пламеница и пепелница. -Во различни региони, присутноста на болести во лозовите насади е со различен интензитет. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу погодни за ширење на болеста. Пламеницата на лозата е болест која редовно, секоја година се јавува и причинува помали или поголеми штети. Таа ги напаѓа сите зелени делови на лозата, листовите, ластарите, цутовите, гроздот и гроздинките. Лозата е најосетлива во фазата на интензивен раст и на крајот при зреењето на грозјето. Условите за развој на пламеницата се предизвикани од врнежливиот период, што  доведува до губење на квалитет и на принос во лозовите насади, појаснуваат од АПРЗ. Вработените на АПРЗ подготвија насоки за земјоделците со препорака со кој препарати треба да се третираат лозовите насади за да се спречи ширење на болеста и да се минимизираат загубите. -Различни сорти се во различен вегетативен период, некој почнуваат да цветаат а другу веќе прецветуваат. Поради тоа, препораката од АПРЗ опфаќа решенија за заштита за двете фази, а лозарите самите треба да одберат со кој препарат ќе ги третираат лозјата соодветно на вегетативната фаза на сортата која ја одгледуваат. За насадите каде лозата се наоѓа во фаза на пред цветање или цветање на грозјето, што зависи од регионот на одгледување и сортата на грозјето се препорачува лозарите да ја извршат заштитата со следните заштитни средства против пламеница, како и заштитни средства против пепелница. Лозовите насади кај кои болестите се присутни во поголема мерка, заштитата да ја повторат за 10 дена од претходното третирање, соопштија од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола, чии советници како што нагласуваат се на располагање да понудат стручни совети за заштита на производната сезона.

The post Лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Лозарите мора да добијат пристојна цена за грозјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-lozarite-mora-da-dobijat-pristojna-cena-za-grozjeto/ Sat, 13 Aug 2022 12:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=539886

Она трпезно грозје кое се откупува, цената е далеку од рентабилна и земјоделците не можат да ги покријат своите производни трошоци, а да не зборуваме за екстра профит, односно за задоволување на семејните буџетски потреби. Оваа ситуација е повеќе од алармантна затоа што едноставно сметам дека министерството и владата требаше многу порано да преземат одредени мерки кои ќе значат стабилизација на цената, порача денеска од Тиквешко претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ – Цветан Трипуновски.

Тој вели дека загрижувачки за лозарите е тоа што едноставно не знаат со каква цена, со каков приход можат да располагаат наредниов период. Десетина дена пред почеток на бербата, цената е незамисливо да биде несоопштена, вели тој.

Сакам да упатам сериозен апел до Владата и ресорното министерство, да си ги прекинат своите летни одмори и да се појават овде во тиквешијата заедно со винарските визби да најдат прифатливи цени и за лозарите и за винарските визби,  рече Трипуновски.

The post Трипуновски: Лозарите мора да добијат пристојна цена за грозјето appeared first on Република.