лото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loto/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 07:16:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loto/ 32 32 Падна седумка на лото – наградата е 1,7 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/padna-sedumka-na-loto-nagradata-e-1-7-milioni-evra/ Sat, 10 Aug 2024 18:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=805286

По подолго време извлечена е седумка на Лото, и тоа со рекордни 1,7 милиони евра. Среќениот добитник на рекордната награда, ливчето го уплатил во Охрид, и тој ќе добие 1, 76 милиони евра.

Добината комбинација во извлекувањето беше 7, 31, 33, 36, 10, 27, 35.

The post Падна седумка на лото – наградата е 1,7 милиони евра appeared first on Република.

]]>

По подолго време извлечена е седумка на Лото, и тоа со рекордни 1,7 милиони евра. Среќениот добитник на рекордната награда, ливчето го уплатил во Охрид, и тој ќе добие 1, 76 милиони евра. Добината комбинација во извлекувањето беше 7, 31, 33, 36, 10, 27, 35.

The post Падна седумка на лото – наградата е 1,7 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Ирена добила 2 милиони евра пред 12 години ѝ оттогаш сè и тргна надолу: Се развела, се скарала со семејството, ја уапсиле… https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/irena-dobila-2-milioni-evra-pred-12-godini-ottogash-se-i-trgna-nadolu-se-razvela-se-skarala-so-semejstvoto-ja-uapsile/ Thu, 21 Dec 2023 09:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=725179

Србинката Ирена Матејиќ (43) од Младеновац освои 2 милиони евра во игра на среќа пред 12 години. Таа не ја криеше среќата, па веднаш и призна на јавноста дека е добитничка на Лото. Но по добрите вести почнаа да се нижат лоши вести, пишува Курир.рс.

Таа се разведе и се скара со семејството, а сето тоа поради пари. Дури и во 2019 година само еден број ја делел од премијата вредна 6.050.000 евра.

- Парите не можат да купат среќа. Колку и да дава победникот на семејството и пријателите, никој нема да биде задоволен бидејќи луѓето очекуваат пари да ги решат сите нивни проблеми. И пред добивката на лото имав многу активен живот, па повторно не успеав да разберам некои работи навреме. Но никогаш не е доцна. Сега знам - рече тогаш Ирена.

24sata

Иако се согласи да даде неколку интервјуа веднаш по освојувањето на седумката во 2011 година, таа набрзо престана да дава изјави.

Пет години по добивката, таа е уапсена и против неа е поднесена кривична пријава поради сомнение дека се обидела да ја запали автомеханичарската работилница на Милан Гавриловиќ, откако тој ги извадил сите четири тркала од нејзиниот автомобил и со недели одбивал да ги врати, пишува Курир.рс. Таа тогаш тврдеше дека била жртва на манипулации и лаги на автомеханичар кој сакал да ја ограби.

-Штетата беше проценета на 12.000 евра, но Гавра ми вети дека ќе ми го поправи автомобилот за помалку пари. Сепак, оттогаш тој не направи ништо. Цело време како да недостасуваа некои делови. Тој дури и предложи да најде украдена кола и да ја модифицира. На крајот тој автомобил завршил во каросерија во Младеновац, на кој Гавра му бил должен за автодијагностички апарат. Како залог за тоа ми ја остави колата кај тој човек. Само пред месец и половина и со голем труд успеав да си го вратам автомобилот. Секако, не го ни поправи – изјави тогаш добитничката на лотаријата.

Ирена потоа отишла во неговиот сервис и ги полила автомобилите со бензин и се заканувала дека ќе ги запали, по што полицијата ја привела.

24sata

 

The post Ирена добила 2 милиони евра пред 12 години ѝ оттогаш сè и тргна надолу: Се развела, се скарала со семејството, ја уапсиле… appeared first on Република.

]]>

Србинката Ирена Матејиќ (43) од Младеновац освои 2 милиони евра во игра на среќа пред 12 години. Таа не ја криеше среќата, па веднаш и призна на јавноста дека е добитничка на Лото. Но по добрите вести почнаа да се нижат лоши вести, пишува Курир.рс. Таа се разведе и се скара со семејството, а сето тоа поради пари. Дури и во 2019 година само еден број ја делел од премијата вредна 6.050.000 евра.
- Парите не можат да купат среќа. Колку и да дава победникот на семејството и пријателите, никој нема да биде задоволен бидејќи луѓето очекуваат пари да ги решат сите нивни проблеми. И пред добивката на лото имав многу активен живот, па повторно не успеав да разберам некои работи навреме. Но никогаш не е доцна. Сега знам - рече тогаш Ирена.
24sata Иако се согласи да даде неколку интервјуа веднаш по освојувањето на седумката во 2011 година, таа набрзо престана да дава изјави. Пет години по добивката, таа е уапсена и против неа е поднесена кривична пријава поради сомнение дека се обидела да ја запали автомеханичарската работилница на Милан Гавриловиќ, откако тој ги извадил сите четири тркала од нејзиниот автомобил и со недели одбивал да ги врати, пишува Курир.рс. Таа тогаш тврдеше дека била жртва на манипулации и лаги на автомеханичар кој сакал да ја ограби. -Штетата беше проценета на 12.000 евра, но Гавра ми вети дека ќе ми го поправи автомобилот за помалку пари. Сепак, оттогаш тој не направи ништо. Цело време како да недостасуваа некои делови. Тој дури и предложи да најде украдена кола и да ја модифицира. На крајот тој автомобил завршил во каросерија во Младеновац, на кој Гавра му бил должен за автодијагностички апарат. Како залог за тоа ми ја остави колата кај тој човек. Само пред месец и половина и со голем труд успеав да си го вратам автомобилот. Секако, не го ни поправи – изјави тогаш добитничката на лотаријата. Ирена потоа отишла во неговиот сервис и ги полила автомобилите со бензин и се заканувала дека ќе ги запали, по што полицијата ја привела. 24sata  

The post Ирена добила 2 милиони евра пред 12 години ѝ оттогаш сè и тргна надолу: Се развела, се скарала со семејството, ја уапсиле… appeared first on Република.

]]>
Уплаќавте ли кога одевте натаму? Падна седмицата во Србија вредна пет милиони евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/uplakavte-li-koga-odevte-natamu-padna-sedmitsata-vo-srbija-vredna-pet-milioni-evra/ Tue, 19 Dec 2023 21:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=724667

Според последниот извештај на Државната лотарија на Србија, во 101. коло од играта Лото седмица сумата изнесувала 5.100.000 евра.

Комбинацијата на броеви што ја погодил добитникот на „лото седмица“ е: 2, 7, 13, 20, 25, 31, 26, а ливчето е уплатено во Панчево. Додека „шестката“ ја добија 17 играчи, сумата е 368.803 динари.

Се работи за една од најголемите награди во историјата на Српската државна лотарија.

The post Уплаќавте ли кога одевте натаму? Падна седмицата во Србија вредна пет милиони евра appeared first on Република.

]]>

Според последниот извештај на Државната лотарија на Србија, во 101. коло од играта Лото седмица сумата изнесувала 5.100.000 евра. Комбинацијата на броеви што ја погодил добитникот на „лото седмица“ е: 2, 7, 13, 20, 25, 31, 26, а ливчето е уплатено во Панчево. Додека „шестката“ ја добија 17 играчи, сумата е 368.803 динари. Се работи за една од најголемите награди во историјата на Српската државна лотарија.

The post Уплаќавте ли кога одевте натаму? Падна седмицата во Србија вредна пет милиони евра appeared first on Република.

]]>
Милионерки од гетото: 11 хигиеничарки едвај собрале пари да уплатат лото тикет, па добиле џекпот од 1,2 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milionerki-od-getoto-11-higienicharki-edvaj-sobrale-pari-da-uplatat-loto-tiket-pa-dobile-dhekpot-od-1-2-milioni-dolari/ Wed, 02 Aug 2023 14:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=667953

Единаесет хигиеничарки во јужната индиска држава Керала собрале пари за да купат тикет за лотарија, а минатата недела тие освоиле џекпот од 100 милиони рупии, што е 1,2 милиони долари.

Овие жени собираат неоргански отпад од домаќинствата во градот Парапанангади, а платата им е околу 250 рупии дневно, со повремен додаток кој локалната корпорација им го дава од продажбата на отпадот кој го собираат, пишува „Би-Би-Си“.

Сепак, тие пари не им се доволни за живот, па повеќето од нив позајмувале и подигнувале кредити за да ги школуваат децата и за други трошоци. Затоа, повремено собирале пари за да купат лото тикет.

Минатиот месец, 11-те хигиеничарки одлучиле да купат тикет од 250 рупии, едната од нив - Кутималу (72) немала доволно пари, па нејзината колешка ѝ позајмила половина за тикетот. Така, двете дале по 12,5 рупии за својот дел од тикетот, додека останатите девет жени платиле по 25 рупии.

Хигиеничарките дознале за добивката еден ден по извлекување на џекпотот, кога една од нив го замолила својот сопруг да ги провери резултатите. Тие за „Би-Би-Си“ изјавиле дека нема да ја напуштат работата која ја работат бидејќи токму тој колектив им донел среќа.

The post Милионерки од гетото: 11 хигиеничарки едвај собрале пари да уплатат лото тикет, па добиле џекпот од 1,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Единаесет хигиеничарки во јужната индиска држава Керала собрале пари за да купат тикет за лотарија, а минатата недела тие освоиле џекпот од 100 милиони рупии, што е 1,2 милиони долари. Овие жени собираат неоргански отпад од домаќинствата во градот Парапанангади, а платата им е околу 250 рупии дневно, со повремен додаток кој локалната корпорација им го дава од продажбата на отпадот кој го собираат, пишува „Би-Би-Си“. Сепак, тие пари не им се доволни за живот, па повеќето од нив позајмувале и подигнувале кредити за да ги школуваат децата и за други трошоци. Затоа, повремено собирале пари за да купат лото тикет. Минатиот месец, 11-те хигиеничарки одлучиле да купат тикет од 250 рупии, едната од нив - Кутималу (72) немала доволно пари, па нејзината колешка ѝ позајмила половина за тикетот. Така, двете дале по 12,5 рупии за својот дел од тикетот, додека останатите девет жени платиле по 25 рупии. Хигиеничарките дознале за добивката еден ден по извлекување на џекпотот, кога една од нив го замолила својот сопруг да ги провери резултатите. Тие за „Би-Би-Си“ изјавиле дека нема да ја напуштат работата која ја работат бидејќи токму тој колектив им донел среќа.

The post Милионерки од гетото: 11 хигиеничарки едвај собрале пари да уплатат лото тикет, па добиле џекпот од 1,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Од приходите од игрите на среќа ќе се финансираат борбата против семејното насилство и активностите на инвалидските организации и Црвениот крст https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-prihodite-od-igrite-na-sreka-ke-se-finansiraat-borbata-protiv-semejnoto-nasilstvo-i-aktivnostite-na-invalidskite-organizatsii-i-tsrveniot-krst/ Fri, 03 Feb 2023 17:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=604440

Владата денеска донесе одлука за распоредување на приходите од игрите на среќа и од забавните игри во 2023 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Македонија.

Со оваа одлука, како што соопшти владината Прес-служба, се распоредуваат средства во износ од 69 милиони денари од приходите од игри на среќа и забавни игри за 2023 година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, за финансирање на програмските активности на Националниот совет на инвалидските организации, на Националниот сојуз на слепите, на Националниот сојуз на глуви и наглуви, на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија и на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака.

Дополнително, 9,71 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет и на Националниот сојуз на инвалиди на трудот.

За финансирање на програмските активности на здруженија за борба против семејното насилство е определен износ од 4 милиони денари, за здружението Кризен центар Надеж, Организација на жени на Град Скопје и Национален совет за родова рамноправност, се наведува во соопштението од 124-та и 125-та седница на Владата.

За финансирање, пак, на Годишната програма на Црвениот крст на Република Македонија е предвиден износ од 8 милиони денари, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности кои не се покриени од страна на донатори во висина од 6 милиони денари и средства во висина од 2 милиони денари за реализација на Проект за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2023 година.

Одлуката ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика, согласно месечен план за исплата на овие средства, се додава во соопштението.

The post Од приходите од игрите на среќа ќе се финансираат борбата против семејното насилство и активностите на инвалидските организации и Црвениот крст appeared first on Република.

]]>

Владата денеска донесе одлука за распоредување на приходите од игрите на среќа и од забавните игри во 2023 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Македонија. Со оваа одлука, како што соопшти владината Прес-служба, се распоредуваат средства во износ од 69 милиони денари од приходите од игри на среќа и забавни игри за 2023 година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, за финансирање на програмските активности на Националниот совет на инвалидските организации, на Националниот сојуз на слепите, на Националниот сојуз на глуви и наглуви, на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија и на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака. Дополнително, 9,71 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет и на Националниот сојуз на инвалиди на трудот. За финансирање на програмските активности на здруженија за борба против семејното насилство е определен износ од 4 милиони денари, за здружението Кризен центар Надеж, Организација на жени на Град Скопје и Национален совет за родова рамноправност, се наведува во соопштението од 124-та и 125-та седница на Владата. За финансирање, пак, на Годишната програма на Црвениот крст на Република Македонија е предвиден износ од 8 милиони денари, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности кои не се покриени од страна на донатори во висина од 6 милиони денари и средства во висина од 2 милиони денари за реализација на Проект за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2023 година. Одлуката ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика, согласно месечен план за исплата на овие средства, се додава во соопштението.

The post Од приходите од игрите на среќа ќе се финансираат борбата против семејното насилство и активностите на инвалидските организации и Црвениот крст appeared first on Република.

]]>
Со среќа да си ги троши: Падна седмица во Србија три милиони евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/so-sreka-da-si-gi-troshi-padna-sedmitsa-vo-srbija-tri-milioni-evra/ Tue, 31 Jan 2023 21:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=603148

Во Србија вечерва во 9. коло од играта Лото беше извлечена седумка а добитникот ќе инкасира три милиони евра, објави Државната лотарија на Србија.

Добитната комбинација беше: 5, 9, 15, 19, 22, 33, 34.

Како што пренесуваат белградските медиуми, билетот е уплатен во Белград, кај Чукарица.

The post Со среќа да си ги троши: Падна седмица во Србија три милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во Србија вечерва во 9. коло од играта Лото беше извлечена седумка а добитникот ќе инкасира три милиони евра, објави Државната лотарија на Србија. Добитната комбинација беше: 5, 9, 15, 19, 22, 33, 34. Како што пренесуваат белградските медиуми, билетот е уплатен во Белград, кај Чукарица.

The post Со среќа да си ги троши: Падна седмица во Србија три милиони евра appeared first on Република.

]]>
Во Америка извлечен најголемиот џекпот – некој освоил 2,04 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-amerika-izvlechen-najgolemiot-dzekpot-nekoj-osvoil-2-04-milijardi-dolari/ Tue, 08 Nov 2022 20:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=571602

Единствениот добитен тикет за рекордниот џекпот на лотаријата „Пауербол“ од 2,04 милијарди долари е продаден во Алтадена, Калифорнија, соопштија во вторникот претставници на лотаријата, со што среќниот сопственик на тикетот станал добитник на најголемата лотарија досега.

Победничките броеви, кои беа објавени во вторникот наутро, откако беше одложено извлекувањето во понеделникот навечер, беа 10, 33, 41, 47, 56, а бројот на Powerball беше 10. Шансите едно лице да ги погоди сите броеви беше 1 спрема 292,2 милиони. нарачани од лотаријата.

Џекпотот изнесуваше рекордни 1,9 милијарди долари, но до моментот на извлекувањето порасна на 2,04 милијарди долари, „што го направи најголемата добивка на лотарија во светот“, соопшти лотаријата.

Најголемиот џекпот на Powerball некогаш бил освоен во јануари 2016 година, кога тројца среќни добитници поделија награда од 1,586 милијарди долари. Секој го зеде својот дел од наградата, кој изнесуваше 983,5 милиони долари.

The post Во Америка извлечен најголемиот џекпот – некој освоил 2,04 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Единствениот добитен тикет за рекордниот џекпот на лотаријата „Пауербол“ од 2,04 милијарди долари е продаден во Алтадена, Калифорнија, соопштија во вторникот претставници на лотаријата, со што среќниот сопственик на тикетот станал добитник на најголемата лотарија досега. Победничките броеви, кои беа објавени во вторникот наутро, откако беше одложено извлекувањето во понеделникот навечер, беа 10, 33, 41, 47, 56, а бројот на Powerball беше 10. Шансите едно лице да ги погоди сите броеви беше 1 спрема 292,2 милиони. нарачани од лотаријата. Џекпотот изнесуваше рекордни 1,9 милијарди долари, но до моментот на извлекувањето порасна на 2,04 милијарди долари, „што го направи најголемата добивка на лотарија во светот“, соопшти лотаријата. Најголемиот џекпот на Powerball некогаш бил освоен во јануари 2016 година, кога тројца среќни добитници поделија награда од 1,586 милијарди долари. Секој го зеде својот дел од наградата, кој изнесуваше 983,5 милиони долари.

The post Во Америка извлечен најголемиот џекпот – некој освоил 2,04 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
На Индиец му преседнала добивка на лотарија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-indiec-mu-presednala-dobivka-na-lotarija/ Tue, 27 Sep 2022 11:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=554593

Добитник на лотарија во Индија објави дека ќе мора со семејството да се исели од домот, бидејќи не може повеќе да се одбрани од безбројните барања за финансиска помош поради зажалил за освојувањето на парите.

Возачот Аноп од јужната сојузна држава Керала освоил 250 милиони рупии, околу три милиони евра, на државната лотарија овој месец, пренесува BBC.

Една седмица подоцна објави видео во кое бара од туѓинците да престанат да го тормозат него и неговото семејство.

„Би сакал да не победев“, вели Индиецот.

Аноп во видеото вели дека размислува за селење за да го избегне огромното внимание на јавноста.

Тој се најде насловните страници на весниците кога ја освоил наградата, најголемата понудена на лотаријата во таа јужна индиска држава.

Лозот го купил на 18-ти септември, ден пред да замине за Малезија на работа, откако ги земал парите за уплата од штедната касичка на синот.

Но откако била објавена веста за неговата добивка, семејството дошло во центарот на вниманието на јавноста.

„Бев пресреќен кога победив. Имаше многу луѓе и камери во куќата и бевме среќни“, вели Аноп во видеото и додава дека набрзо ситуацијата набрзо излегла надвор од контрола.

„Не можам да излезам од куќата, не можам да одам никаде, детето ми е болно и не можам да го однесам на лекар“, вели Индиецот.,

Аноп, кој ќе добие 150 милиони рупии откако ќе ги плати државните даноци, вели дека луѓето доаѓаат во неговата куќа секое утро.

„На сите можам да им кажам дека сѐ уште не сум ги добил парите. Се чини дека тоа никој не го разбира, колку пати и да им кажам тоа“, вели.

Аноп вели и дека тој и неговото семејство се преселиле кај роднините за да го избегнат вниманието.

Владата на сојузната држава Керала рекла дека за Аноп организира еднодневна програма за обука за финансиско управување за да му помогне подобро да ги искористи парите.

The post На Индиец му преседнала добивка на лотарија appeared first on Република.

]]>

Добитник на лотарија во Индија објави дека ќе мора со семејството да се исели од домот, бидејќи не може повеќе да се одбрани од безбројните барања за финансиска помош поради зажалил за освојувањето на парите. Возачот Аноп од јужната сојузна држава Керала освоил 250 милиони рупии, околу три милиони евра, на државната лотарија овој месец, пренесува BBC. Една седмица подоцна објави видео во кое бара од туѓинците да престанат да го тормозат него и неговото семејство. „Би сакал да не победев“, вели Индиецот. Аноп во видеото вели дека размислува за селење за да го избегне огромното внимание на јавноста. Тој се најде насловните страници на весниците кога ја освоил наградата, најголемата понудена на лотаријата во таа јужна индиска држава. Лозот го купил на 18-ти септември, ден пред да замине за Малезија на работа, откако ги земал парите за уплата од штедната касичка на синот. Но откако била објавена веста за неговата добивка, семејството дошло во центарот на вниманието на јавноста. „Бев пресреќен кога победив. Имаше многу луѓе и камери во куќата и бевме среќни“, вели Аноп во видеото и додава дека набрзо ситуацијата набрзо излегла надвор од контрола. „Не можам да излезам од куќата, не можам да одам никаде, детето ми е болно и не можам да го однесам на лекар“, вели Индиецот., Аноп, кој ќе добие 150 милиони рупии откако ќе ги плати државните даноци, вели дека луѓето доаѓаат во неговата куќа секое утро. „На сите можам да им кажам дека сѐ уште не сум ги добил парите. Се чини дека тоа никој не го разбира, колку пати и да им кажам тоа“, вели. Аноп вели и дека тој и неговото семејство се преселиле кај роднините за да го избегнат вниманието. Владата на сојузната држава Керала рекла дека за Аноп организира еднодневна програма за обука за финансиско управување за да му помогне подобро да ги искористи парите.

The post На Индиец му преседнала добивка на лотарија appeared first on Република.

]]>
Американец на лото доби над 1,3 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/ Sun, 31 Jul 2022 14:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=535355

Шесте магични бројки на лотото „Мега милиионс“ овојпат, за разлика од претходните извлекувања, беа погодени, со една од најголемите награди во историјата на САД во висина од 1,3 милијарди долари.

Синоќа се дозна дека добитното ливче е извлечено во сојузната држава Илионис, идентитетот на среќникот не е утврден. Добитникот може да ќари неколку стотици милиони долари во готовина за погодените шест бројки – 13, 36, 45, 57, 67 и 14 што беа извлечени во петокот доцна навечер.

Сумата од 1,3 милијарди долари е вкупната сума доколку победникот избере да ја добива на рати еднаш годишно во текот на 30 години. Според пресметките на „Мега Милиоинс“ ако добитникот одлучи да ја земе сумата во готовина, тогаш паушалот би изнесувал 780 милиони долари, при што голем дел од средствата ќе бидат исплатени за даноци.

Ова е трета по големина награда во историјата на лотото во САД.

Првата беше извлечена во 2016 година во друга национална лотарија – „Пауер бал“, кога 1,8 милијарди долари беа поделени меѓу тројца добитници. Втората по големина, повторно кај „Мега милионс“, беше извлечена во 2018 година, со само еден победник кој тогаш ќари 1.5 милијарди долари.

Во последното извлекување имаше и неколку погодоци на пет бројки, сопствениците на тие ливчиња добиваат по еден или два милиони долари за секој, зависно од тоа каква игра избрале.

Интересно е тоа што околу половина милион долари добива и продавницата каде се продало главното ливче, овојпат тоа бензинска станица во Дес Плејн, Илионис.

The post Американец на лото доби над 1,3 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Шесте магични бројки на лотото „Мега милиионс“ овојпат, за разлика од претходните извлекувања, беа погодени, со една од најголемите награди во историјата на САД во висина од 1,3 милијарди долари. Синоќа се дозна дека добитното ливче е извлечено во сојузната држава Илионис, идентитетот на среќникот не е утврден. Добитникот може да ќари неколку стотици милиони долари во готовина за погодените шест бројки – 13, 36, 45, 57, 67 и 14 што беа извлечени во петокот доцна навечер. Сумата од 1,3 милијарди долари е вкупната сума доколку победникот избере да ја добива на рати еднаш годишно во текот на 30 години. Според пресметките на „Мега Милиоинс“ ако добитникот одлучи да ја земе сумата во готовина, тогаш паушалот би изнесувал 780 милиони долари, при што голем дел од средствата ќе бидат исплатени за даноци. Ова е трета по големина награда во историјата на лотото во САД. Првата беше извлечена во 2016 година во друга национална лотарија – „Пауер бал“, кога 1,8 милијарди долари беа поделени меѓу тројца добитници. Втората по големина, повторно кај „Мега милионс“, беше извлечена во 2018 година, со само еден победник кој тогаш ќари 1.5 милијарди долари. Во последното извлекување имаше и неколку погодоци на пет бројки, сопствениците на тие ливчиња добиваат по еден или два милиони долари за секој, зависно од тоа каква игра избрале. Интересно е тоа што околу половина милион долари добива и продавницата каде се продало главното ливче, овојпат тоа бензинска станица во Дес Плејн, Илионис.

The post Американец на лото доби над 1,3 милијарди долари appeared first on Република.

]]>