лоши политики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loshi-politiki/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 17:14:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лоши политики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loshi-politiki/ 32 32 Трипуновски: Зелката ќе остане неоткупена заради лошите политики на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-zelkata-ke-ostane-neotkupena-zaradi-loshite-politiki-na-sdsm/ Mon, 15 Apr 2024 17:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=766397

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на два откупни центри за зелка во Струмичкиот регион каде што во моментов актуелен е откупот на зелката.

Откупот тече споро, има побарувања од странскиот пазар, но Министерството и Владата заради незаинтересираност не го следи процесот на откуп со што директно се оштетени земјоделците. Ова е резултат на лошите земјоделски политики на СДС кои наместо да обезбедат извоз, тие се насочија кон увоз на земјоделски производи, изјави Трипуновски.

Градинарите од Република Македонија пред извесен период се пожалија за ниската откупна цена на зелката која во моментов се движи околу 15тина денари за килограм.

ВМРО-ДПМНЕ одговорно и посветено ќе работи во интерес на земјоделците, бидејќи ние навистина се грижиме за нив, тие ќе имаат сигурен партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заврши Трипуновски.

 

The post Трипуновски: Зелката ќе остане неоткупена заради лошите политики на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на два откупни центри за зелка во Струмичкиот регион каде што во моментов актуелен е откупот на зелката.
Откупот тече споро, има побарувања од странскиот пазар, но Министерството и Владата заради незаинтересираност не го следи процесот на откуп со што директно се оштетени земјоделците. Ова е резултат на лошите земјоделски политики на СДС кои наместо да обезбедат извоз, тие се насочија кон увоз на земјоделски производи, изјави Трипуновски.
Градинарите од Република Македонија пред извесен период се пожалија за ниската откупна цена на зелката која во моментов се движи околу 15тина денари за килограм.
ВМРО-ДПМНЕ одговорно и посветено ќе работи во интерес на земјоделците, бидејќи ние навистина се грижиме за нив, тие ќе имаат сигурен партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заврши Трипуновски.
 

The post Трипуновски: Зелката ќе остане неоткупена заради лошите политики на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Зошто граѓаните секогаш ќе ги плаќаат сметките за лошите политики на властите? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/zoshto-gragjanite-sekogash-kje-gi-plakjaat-smetkite-za-loshite-politiki-na-vlastite/ Thu, 13 Jan 2022 13:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=444175

Александра Честоева

Сведоци сме на една економска криза од невидени размери која ја погодија нашата земја.

Земајќи го во предвид поскапувањето на основните продукти пред некој месец како и горивото, постепено дојдовме и до енергетската криза која се одрази на секое семејство.

Поскапувањето на електричната енергија ја доведе во прашање егзистенцијата на многу семејства, на кои примањата им се сведувааат на минималец, а преживувањето стана фактор еден за борба.

Исто така се почесто се соочуваме и со приказни каде семејства молат за парче леб, за облека на нивните деца и основни продукти за преживување во овие ладни денови. Неизбежно е а да не сме сведоци барем на една ваква приказна во која ни еден човек неможе да остане имун.

За иронијата да биде поголема, токму и празничните денови голем број на скопски жители ги поминаа без парно греење. Одговорните по овие случувања се изјаснија дека немаат доволно количина на гас и бараат помош од државата за домовите да не останат со ладни радијатори на минусните температури кои ни следуваат.

Зошто покрај сите информации одбивавме да се соочиме со кризата која ни се закануваше?

Зошто граѓаните секогаш ќе ги плаќаат сметките за лошите политики на властите?

Иако сме свесни дека со покачувањето на електричната и топлинската енергија, веќе имаме покачување и на голем дел продукти и намирници кои се основни за сите нас, зошто не се превзема ништо во делот на примањата како би можело секое просечно семејство да има основни ресурси за живот.

Со префрлувањето на одговорноста од една институција на друга, освен што изгубивме време кое можеше да биде посветено во ублажување на кризата, денес се соочуваме со зголемени проблеми кои можеа да не не пресретнат доколку се реагираше на време со мерки како што направија и голем број на власти во многу држави.

Вистината е дека се почесто и ќе се соочуваме со криза и во другите делови од економските сегменти, но потребно е да се најде решение од претпоставените власти како би се спречила голготата во која живее денешниот народ.

И по објавениот јавен повик во кој над 7 500 домаќинства кои имаат ниски приходи ќе добијат намалување на сметките за струја во вредност од 600-800 денари, каде по пат на прв дојден-прв услужен како ограничена субвенција во вкупна вредност од 60 милиони денари ќе се прави избор за тоа кој ќе има право на овој надомест.

Ако земеме во предвид покрај првичното покачување од 9.48 %, и укинувањето на дневната ефтина тарифа која беше навистина од огромно значење за сите семејства, ограничените субвенции нема да ја променат генералната тешка слика со која се соочуваат сите пред се ранливите категории.

Исто така свесни сме и за престојниот период во кој данокот на додадена вредност за потрошената електрична енергија ќе се врати повторно од 5% на 18% и треба да бидеме подготвени за навистина скап живот кога ќе ги ставиме на вага приходите на поголемиот број граѓани.

И голем број на приватни компании го изразија својот револт каде посочија дека неизбежно е покачување на продуктите кои тие ги продаваат поради зголемувањето на цените, и понуден е предлог за субвенционирање и на нивна страна како би можело да се одржи некоја линија на прифатливи цени со која граѓаните ќе ги задоволат своите основни потреби.

Покрај нив, исто така и општините се погодени во овој дел каде плаќаат пет пати поголеми сметки за електрична енергија и се поголем е повикот и од нивна страна за помош како не би останале празни и нивнте каси. Меѓутоа и јавните претпријатија како едни од најпогодените во овој сегмент непрекинато бараат помош од надлежните како не би се соочиле со момент за раскинување на договор за снабдување со електрична енергија што би значело отежнато работење на истото.

Но, за апсурдот да биде по голем во оваа тешка економска, електрична криза како и целокупната слика со пандемијата од Ковид-19 во која се соочуваме со огромен пораст во број на заболени, властите сепак сметаат дека може да се потрошат 37 илјади евра пари на нашите граѓани за луксузен прибор.

Зарем навистина моралот повеќе и да не постои?

Дали за време на оваа криза со која се соочуваме години, сега е време парите на граѓаните да се трошат во луксузирање додека навистина имаме потреба од насочување на истите во категориите кои се под знак прашање при нивната егзистенција.

Не треба да се игнорира гласот на народот, и потребно е разумно да се направи економска стратегија во која средствата на граѓаните ќе служат пред се да им се помогне на нив а потоа и за се останато кое што би било потребно.

Исто така, потребно е да се упати апел и до надлежните за зголемување на примањата на сите семејства како би можело да се направи урамнотежување на ценовниот шок, а со самото тоа да се намали сиромаштијата за која сме свесни дека е се почесто присутна околу нас.

Доколку на време ја прифатевме ситуацијата која во тој момент ни престојуваше и превентивно се најдеше начин за нејзино ублажување, сега не би се соочувале со криза за која сме свесни дека ќе расте во наредниот период, а со самото тоа и прашањето за езгистенција на нашите граѓани.

Закаснетите одлуки носат свои последици, но постојат низа економски решенија кои можат да се спроведат во едно вакво време-невреме.

Нека оваа година биде поттик за сите нас во изнаоѓање на нови начини за подобро утро како би можеле да ставиме крај на една епидемиолошка криза, а воедно со тоа и економска за секој граѓанин да има доволно за просечен живот како за него така и за неговото семејство.

The post Зошто граѓаните секогаш ќе ги плаќаат сметките за лошите политики на властите? appeared first on Република.

]]>

Александра Честоева

Сведоци сме на една економска криза од невидени размери која ја погодија нашата земја. Земајќи го во предвид поскапувањето на основните продукти пред некој месец како и горивото, постепено дојдовме и до енергетската криза која се одрази на секое семејство. Поскапувањето на електричната енергија ја доведе во прашање егзистенцијата на многу семејства, на кои примањата им се сведувааат на минималец, а преживувањето стана фактор еден за борба. Исто така се почесто се соочуваме и со приказни каде семејства молат за парче леб, за облека на нивните деца и основни продукти за преживување во овие ладни денови. Неизбежно е а да не сме сведоци барем на една ваква приказна во која ни еден човек неможе да остане имун. За иронијата да биде поголема, токму и празничните денови голем број на скопски жители ги поминаа без парно греење. Одговорните по овие случувања се изјаснија дека немаат доволно количина на гас и бараат помош од државата за домовите да не останат со ладни радијатори на минусните температури кои ни следуваат. Зошто покрај сите информации одбивавме да се соочиме со кризата која ни се закануваше? Зошто граѓаните секогаш ќе ги плаќаат сметките за лошите политики на властите? Иако сме свесни дека со покачувањето на електричната и топлинската енергија, веќе имаме покачување и на голем дел продукти и намирници кои се основни за сите нас, зошто не се превзема ништо во делот на примањата како би можело секое просечно семејство да има основни ресурси за живот. Со префрлувањето на одговорноста од една институција на друга, освен што изгубивме време кое можеше да биде посветено во ублажување на кризата, денес се соочуваме со зголемени проблеми кои можеа да не не пресретнат доколку се реагираше на време со мерки како што направија и голем број на власти во многу држави. Вистината е дека се почесто и ќе се соочуваме со криза и во другите делови од економските сегменти, но потребно е да се најде решение од претпоставените власти како би се спречила голготата во која живее денешниот народ. И по објавениот јавен повик во кој над 7 500 домаќинства кои имаат ниски приходи ќе добијат намалување на сметките за струја во вредност од 600-800 денари, каде по пат на прв дојден-прв услужен како ограничена субвенција во вкупна вредност од 60 милиони денари ќе се прави избор за тоа кој ќе има право на овој надомест. Ако земеме во предвид покрај првичното покачување од 9.48 %, и укинувањето на дневната ефтина тарифа која беше навистина од огромно значење за сите семејства, ограничените субвенции нема да ја променат генералната тешка слика со која се соочуваат сите пред се ранливите категории. Исто така свесни сме и за престојниот период во кој данокот на додадена вредност за потрошената електрична енергија ќе се врати повторно од 5% на 18% и треба да бидеме подготвени за навистина скап живот кога ќе ги ставиме на вага приходите на поголемиот број граѓани. И голем број на приватни компании го изразија својот револт каде посочија дека неизбежно е покачување на продуктите кои тие ги продаваат поради зголемувањето на цените, и понуден е предлог за субвенционирање и на нивна страна како би можело да се одржи некоја линија на прифатливи цени со која граѓаните ќе ги задоволат своите основни потреби. Покрај нив, исто така и општините се погодени во овој дел каде плаќаат пет пати поголеми сметки за електрична енергија и се поголем е повикот и од нивна страна за помош како не би останале празни и нивнте каси. Меѓутоа и јавните претпријатија како едни од најпогодените во овој сегмент непрекинато бараат помош од надлежните како не би се соочиле со момент за раскинување на договор за снабдување со електрична енергија што би значело отежнато работење на истото. Но, за апсурдот да биде по голем во оваа тешка економска, електрична криза како и целокупната слика со пандемијата од Ковид-19 во која се соочуваме со огромен пораст во број на заболени, властите сепак сметаат дека може да се потрошат 37 илјади евра пари на нашите граѓани за луксузен прибор. Зарем навистина моралот повеќе и да не постои? Дали за време на оваа криза со која се соочуваме години, сега е време парите на граѓаните да се трошат во луксузирање додека навистина имаме потреба од насочување на истите во категориите кои се под знак прашање при нивната егзистенција. Не треба да се игнорира гласот на народот, и потребно е разумно да се направи економска стратегија во која средствата на граѓаните ќе служат пред се да им се помогне на нив а потоа и за се останато кое што би било потребно. Исто така, потребно е да се упати апел и до надлежните за зголемување на примањата на сите семејства како би можело да се направи урамнотежување на ценовниот шок, а со самото тоа да се намали сиромаштијата за која сме свесни дека е се почесто присутна околу нас. Доколку на време ја прифатевме ситуацијата која во тој момент ни престојуваше и превентивно се најдеше начин за нејзино ублажување, сега не би се соочувале со криза за која сме свесни дека ќе расте во наредниот период, а со самото тоа и прашањето за езгистенција на нашите граѓани. Закаснетите одлуки носат свои последици, но постојат низа економски решенија кои можат да се спроведат во едно вакво време-невреме. Нека оваа година биде поттик за сите нас во изнаоѓање на нови начини за подобро утро како би можеле да ставиме крај на една епидемиолошка криза, а воедно со тоа и економска за секој граѓанин да има доволно за просечен живот како за него така и за неговото семејство.

The post Зошто граѓаните секогаш ќе ги плаќаат сметките за лошите политики на властите? appeared first on Република.

]]>