лоранс бун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lorans-bun/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jul 2023 16:33:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лоранс бун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lorans-bun/ 32 32 Бун уверува: По уставните измени нема да има нови барања од Бугарија, ниту од друга земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bun-uveruva-po-ustavnite-izmeni-nema-da-ima-novi-barana-od-bugarija-nitu-od-druga-zemja/ Mon, 17 Jul 2023 16:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=662411

Македонија припаѓа на семејството на ЕУ, одлуката е во ваши раце, сега треба да се направи чекорот, се трите конкретни пораки што ги упати денеска државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун на заедничката прес-конференција по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и останатите претставници од „Вајмарската тројка“, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за ЕУ на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

Таа напомена дека дискусијата околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, туку, како што рече, Македонија потоа автоматски ќе се најде на патеката на пристапување.

Нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја, но има барања за ревизија на Уставот, порача Бун.

Според државната секретарка, 2030 година е реална цел за македонското членство во ЕУ. Нејзина оценка е дека Македонија има се за да напредува кон Унијата и наскоро да се приклучи кон ЕУ.

Имам три пораки за вас. Првата е дека припаѓате на семејството на ЕУ. Втората е дека одлуката сега се наоѓа во ваши раце, а третата порака е како што посочи вицепремиерот дека сега треба да се направи чекорот поради импулсот на сила што го имаме за проширување на ЕУ. Можеби уште една работа што сакам да ја кажам од наша страна е дека оваа дискусија околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, автоматски земјата ќе се најде на патеката на пристапување потоа. Значи, нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја. Меѓутоа, има барања за ревизија на Уставот да се заврши тоа секако и повторно автоматски ќе влезете во следната фаза на процесот на пристапување и исто така го спомнавте тоа вицепремиере во сферата на владеењето на правото, правдата и економската сигурност и реформите кои треба сама да ги направите сами за себе, истакна Бун.

Таа се наврати на деведесетите години и случајот со Полска.

Во 1990-ите мои претходници сакаа да и помогнат на Полска за пристапување кон ЕУ и гледате колку е успешна Полска и сметаме дека тоа е исто така можно и за вас. Македонија има апсолутно се за да напредува во ЕУ и наскоро да се приклучи кон ЕУ и за нас и за вас има конкретни придобивки, секако нови работни места, слободно движење за сите и вклучувајќи ја безбедноста и стабилноста на ЕУ, рече Бун.

Се осврна и на првата Меѓувладина конференција во Брисел.

Пред една година се одржа првата Меѓувладина конференција во Брисел каде што со задоволство го запознав премиерот и вицепремиерот првпат и имаше многу ентузијазам и сакаме да видиме ист таков ентузијазам повторно, така што овде сме да го изразиме тоа и да ја изразиме поддршка за ова. Светот се промени. Геополитичките тензии и она што се случува на нашиот континент го прави проширувањето неопходност за ЕУ, како и поддрпка за Украина и Молдавија има нова методологија за проширувања која што ќе го направи проширувањето подинамично и се надеваме побрзо. Мислам дека тоа е важно. И за рокот, го кажав на почетокот и уште еднаш ќе повторам многу јасно дека сакаме да биде што поскоро. Францускиот претседател рече во Братислава – прашањето за проширување не е ако, ниту кога, тоа е веднаш што поскоро, туку како. Повторно 2030 година како цел е доста реална и овде сме да ја испратиме пораката на пријателство пред се, пораката на поддршка и пораката на увереност дека веруваме дека Македонија ќе успее. Трите земји, вклучувајќи и Франција, сметаат колку е важно за вас толку и за европското семејство и ќе дадеме се од себе да ви помогнеме на патот кон ЕУ, подвлече државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун.

The post Бун уверува: По уставните измени нема да има нови барања од Бугарија, ниту од друга земја appeared first on Република.

]]>

Македонија припаѓа на семејството на ЕУ, одлуката е во ваши раце, сега треба да се направи чекорот, се трите конкретни пораки што ги упати денеска државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун на заедничката прес-конференција по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и останатите претставници од „Вајмарската тројка“, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за ЕУ на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк. Таа напомена дека дискусијата околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, туку, како што рече, Македонија потоа автоматски ќе се најде на патеката на пристапување.
Нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја, но има барања за ревизија на Уставот, порача Бун.
Според државната секретарка, 2030 година е реална цел за македонското членство во ЕУ. Нејзина оценка е дека Македонија има се за да напредува кон Унијата и наскоро да се приклучи кон ЕУ.
Имам три пораки за вас. Првата е дека припаѓате на семејството на ЕУ. Втората е дека одлуката сега се наоѓа во ваши раце, а третата порака е како што посочи вицепремиерот дека сега треба да се направи чекорот поради импулсот на сила што го имаме за проширување на ЕУ. Можеби уште една работа што сакам да ја кажам од наша страна е дека оваа дискусија околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, автоматски земјата ќе се најде на патеката на пристапување потоа. Значи, нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја. Меѓутоа, има барања за ревизија на Уставот да се заврши тоа секако и повторно автоматски ќе влезете во следната фаза на процесот на пристапување и исто така го спомнавте тоа вицепремиере во сферата на владеењето на правото, правдата и економската сигурност и реформите кои треба сама да ги направите сами за себе, истакна Бун.
Таа се наврати на деведесетите години и случајот со Полска.
Во 1990-ите мои претходници сакаа да и помогнат на Полска за пристапување кон ЕУ и гледате колку е успешна Полска и сметаме дека тоа е исто така можно и за вас. Македонија има апсолутно се за да напредува во ЕУ и наскоро да се приклучи кон ЕУ и за нас и за вас има конкретни придобивки, секако нови работни места, слободно движење за сите и вклучувајќи ја безбедноста и стабилноста на ЕУ, рече Бун.
Се осврна и на првата Меѓувладина конференција во Брисел.
Пред една година се одржа првата Меѓувладина конференција во Брисел каде што со задоволство го запознав премиерот и вицепремиерот првпат и имаше многу ентузијазам и сакаме да видиме ист таков ентузијазам повторно, така што овде сме да го изразиме тоа и да ја изразиме поддршка за ова. Светот се промени. Геополитичките тензии и она што се случува на нашиот континент го прави проширувањето неопходност за ЕУ, како и поддрпка за Украина и Молдавија има нова методологија за проширувања која што ќе го направи проширувањето подинамично и се надеваме побрзо. Мислам дека тоа е важно. И за рокот, го кажав на почетокот и уште еднаш ќе повторам многу јасно дека сакаме да биде што поскоро. Францускиот претседател рече во Братислава – прашањето за проширување не е ако, ниту кога, тоа е веднаш што поскоро, туку како. Повторно 2030 година како цел е доста реална и овде сме да ја испратиме пораката на пријателство пред се, пораката на поддршка и пораката на увереност дека веруваме дека Македонија ќе успее. Трите земји, вклучувајќи и Франција, сметаат колку е важно за вас толку и за европското семејство и ќе дадеме се од себе да ви помогнеме на патот кон ЕУ, подвлече државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун.

The post Бун уверува: По уставните измени нема да има нови барања од Бугарија, ниту од друга земја appeared first on Република.

]]>
Бун: Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална за полноправно членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bun-godinata-2030-e-ambiciozna-no-ne-e-nerealna-za-polnopravno-chlenstvo-vo-eu-2/ Wed, 16 Nov 2022 12:09:27 +0000 https://republika.mk/?p=574479

Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална затоа што видовме дека Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун, одговарајќи на новинарско колку години ќе и требаат на земјава за да стане членка на ЕУ.

На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Бун, исто така, нагласи дека постои и наредниот чекор, кој како што спомнал и премиерот, уставните измени коишто се важни, коишто се дел од европскиот договор, но и сите реформи коишто ќе треба да се спроведат понатака.

Постоеше таа реформа за проширувањето во поглед на вашата земја и ЕУ и таа реформа на проширување е токму во прилог на фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата која што ги спроведува реформите да биде подинамично, да има повеќе смисла за да има поголема корист отколку претходната методологија. Затоа Франција има доверба и во амбицијата и во крајната цел на премиерот и на македонската Влада, изјави Бун, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Француската државна секретарка за Европа Бун, повтори дека овде се да ѝ помогнат на Македонија и дека тоа е цел која што е остварлива.

Прашан дали гледа промена во позициите на Франција, премиерот Ковачевски, рече дека точено е оти Франција пред три години беше земја која што имаше различен став од голем број други држави во однос на проширувањето, но три години подоцна Франција беше државата која што практично го водеше процесот на продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

И на вашето прашање конкретно дали е промената позицијата – да, таа е променета и самото присуство денес на државниот секретар Бун на Cеверна Македонија, на сите контакти коишто јас ги имав со претседателот Макрон, прво при подготвувањето на европскиот предлог за време на француското претседателство, второ на сите напори коишто ги направи членовите на неговиот кабинет на коишто исто така сакам да им изразам почит и благодарност и еден поздрав од Скопје истото тоа го потврдија и целата поддршка која што ја добиваме во моментов во текот на скрининг процесот во Брисел, а во којшто се вклучени сите 27 членки и ние како држава која што ги отпочна преговорите само го потврдуваат тоа што го кажав дека позицијата на Франција во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан во моментов е на ниво на држава која што е еден од предводниците на тој процес, изјави Ковачевски.

The post Бун: Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална за полноправно членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална затоа што видовме дека Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун, одговарајќи на новинарско колку години ќе и требаат на земјава за да стане членка на ЕУ. На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Бун, исто така, нагласи дека постои и наредниот чекор, кој како што спомнал и премиерот, уставните измени коишто се важни, коишто се дел од европскиот договор, но и сите реформи коишто ќе треба да се спроведат понатака.
Постоеше таа реформа за проширувањето во поглед на вашата земја и ЕУ и таа реформа на проширување е токму во прилог на фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата која што ги спроведува реформите да биде подинамично, да има повеќе смисла за да има поголема корист отколку претходната методологија. Затоа Франција има доверба и во амбицијата и во крајната цел на премиерот и на македонската Влада, изјави Бун, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.
Француската државна секретарка за Европа Бун, повтори дека овде се да ѝ помогнат на Македонија и дека тоа е цел која што е остварлива. Прашан дали гледа промена во позициите на Франција, премиерот Ковачевски, рече дека точено е оти Франција пред три години беше земја која што имаше различен став од голем број други држави во однос на проширувањето, но три години подоцна Франција беше државата која што практично го водеше процесот на продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.