Лонид Индов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lonid-indov/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 11:38:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лонид Индов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lonid-indov/ 32 32 Случаите со Леонид Индов и Јани Иванов не се единствени, ФЗОМ не им овозможува третман, а нивната состојба се влошува, вели Андоновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sluchaite-so-leonid-indov-i-jani-ivanov-ne-se-edinstveni-fzom-ne-im-ovozmozhuva-tretman-a-nivnata-sostojba-se-vloshuva-veli-andonovski/ Mon, 26 Feb 2024 11:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=748482

Заменик омбудсманот на Македонија Јован Андоновски одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов најави дека оваа недела ќе почне да се работи на иницијатива со која се предвидуваат измени на законски и подзаконски акти на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), кои ќе бидат во насока да се цени секој случај индивидуално, а не да се категоризираат предметите.

Тој посочи дека засега немаат никаква реакција од Фондот, во врска со најавената иницијатива.

Засега немаме никаква реакција од страна на ФЗОРСМ. Ние најавиме иницијатива. На таа иницијатива ќе почне да се работи оваа недела. Со неа предвидуваме измени на Законот и на подзаконските акти, особено на подзаконските акти на ФЗОМ коишто се застарени и антидатирани. Измените би биле во насока на тоа да се цени секој случај индивидуално, значи не може да се категоризираат предметите само дали станува збор за лекување или рехабилитација, особено за оние случаи кога станува збор за животозагрозувачка состојба на пациентите, изјави денеска Андоновски по учество на конференцијата „Украина – две години хероизам“ во Скопје.

Тој потврди дека случаите со Леонид Индов и Јани Иванов од Неготино не се единствени, туку постојат повеќе случаи на кои ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман.

Од нашето практично работење, можам да кажам дека не е само случајот Леонид Индов или Јани Иванов од Неготино. Станува збор за дузина случаи со коишто ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман, а притоа нивната состојба или останува иста или се влошува, за жал, додаде Андоновски.

Андоновски посочи дека на семејството на Леонид им е даден правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепена комисија и очекува дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното барање.

Ние стапивме во контакт со семејството на Леонид, им дадовме правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепената комисија и навистина очекувам дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното очекување и барање, додаде Андоновски.

Претходно првостепената комисија на ФЗОРСМ го одбила барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство „медицинска рехабилитација“ не е на товар на Фондот. По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција. На 6-ти овој месец тој беше транспортиран со хеликоптер во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на неговото семејство.

The post Случаите со Леонид Индов и Јани Иванов не се единствени, ФЗОМ не им овозможува третман, а нивната состојба се влошува, вели Андоновски appeared first on Република.

]]>

Заменик омбудсманот на Македонија Јован Андоновски одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов најави дека оваа недела ќе почне да се работи на иницијатива со која се предвидуваат измени на законски и подзаконски акти на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), кои ќе бидат во насока да се цени секој случај индивидуално, а не да се категоризираат предметите. Тој посочи дека засега немаат никаква реакција од Фондот, во врска со најавената иницијатива.