лондон како гостивар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/london-kako-gostivar/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Dec 2022 16:11:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лондон како гостивар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/london-kako-gostivar/ 32 32 Британскиот министер за емиграција бара да им се забрани на Албанците да аплицираат за азил во Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskiot-minister-za-emigracija-bara-da-im-se-zabrani-na-albancite-da-apliciraat-za-azil-vo-velika-britanija/ Sun, 04 Dec 2022 16:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=581701

На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од „навидум безбедна земја“,  изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик.

Тој предупредил дека илегалната миграција најверојатно ќе биде проблем во следните неколку години.

Џенерик додаде дека таквите поединци треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи сегашното ниво на миграција во Обединетото кралство е неодржливо.

Тој наведува дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 40.000 мигранти, кои во првите девет месеци од годинава пристигнале во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш и нагласи дека тие претставуваат „приоритет број еден“.

Неговите коментари уследија откако британското Министерство за внатрешни работи одби да ги коментира наводите на „Сандеј тајмс“ дека министрите работат на законодавство што би можело да ги спречи барателите на азил, кои нелегално влегуваат да се населат во Велика Британија.

Министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, претходно побарала од премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите за спречување илегални мигранти по пристигнувањето.

Британската Влада е под голем притисок од пратениците од Конзервативната партија да се справи со трговците на луѓе кои користат мали чамци за да ги пренесат мигрантите преку Каналот.

The post Британскиот министер за емиграција бара да им се забрани на Албанците да аплицираат за азил во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од „навидум безбедна земја“,  изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик. Тој предупредил дека илегалната миграција најверојатно ќе биде проблем во следните неколку години. Џенерик додаде дека таквите поединци треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи сегашното ниво на миграција во Обединетото кралство е неодржливо. Тој наведува дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 40.000 мигранти, кои во првите девет месеци од годинава пристигнале во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш и нагласи дека тие претставуваат „приоритет број еден“. Неговите коментари уследија откако британското Министерство за внатрешни работи одби да ги коментира наводите на „Сандеј тајмс“ дека министрите работат на законодавство што би можело да ги спречи барателите на азил, кои нелегално влегуваат да се населат во Велика Британија. Министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, претходно побарала од премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите за спречување илегални мигранти по пристигнувањето. Британската Влада е под голем притисок од пратениците од Конзервативната партија да се справи со трговците на луѓе кои користат мали чамци за да ги пренесат мигрантите преку Каналот.

The post Британскиот министер за емиграција бара да им се забрани на Албанците да аплицираат за азил во Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Албанци го блокираа Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanci-go-blokiraa-london/ Tue, 29 Nov 2022 20:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=579783

Голем број Албанци синоќа излегоа на улиците на Лондон за да го прослават Денот на знамето на нивната земја. На бројни видеа од центарот на Лондон се гледаат мажи и жени во скапи автомобили како веат албански знамиња додека полицајците бараат од нив да престанат да го блокираат сообраќајот.

Полицијата е известена дека на одредени патишта се собира поголема група возила. Нашите припадници веднаш излегле на терен со цел да се минимизира можноста за нарушување на сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата. Оттаму додаваат дека при полициската акција е приведено едно лице.„Додека мажите во автомобили свиреа и дрифтаа, девојчињата во народни носии изведуваа традиционални народни ора, а беа фрлани и петарди. Видеата и фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции кај другите лондончани“, пишува Дејли мејл.

„Албанците во Лондон кои го славеа Денот на независноста себично ги блокираа плоштадите Странд и Трафалгар додека луѓето го напуштаа киното во 22 часот“, се налути еден корисник на Твитер.

„Една од причините што ми требаше толку долго да се вратам дома вчера“, додаде друг корисник.

Свој коментар даде и Најџел Фараж, британски политичар и еден од најпознатите поддржувачи на брегзит. „Ова се случуваше синоќа во Лондон. Господ нека ни е на помош“, напиша Фараж на својот твитер-профил.

The post Албанци го блокираа Лондон appeared first on Република.

]]>

Голем број Албанци синоќа излегоа на улиците на Лондон за да го прослават Денот на знамето на нивната земја. На бројни видеа од центарот на Лондон се гледаат мажи и жени во скапи автомобили како веат албански знамиња додека полицајците бараат од нив да престанат да го блокираат сообраќајот.
Полицијата е известена дека на одредени патишта се собира поголема група возила. Нашите припадници веднаш излегле на терен со цел да се минимизира можноста за нарушување на сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата. Оттаму додаваат дека при полициската акција е приведено едно лице.„Додека мажите во автомобили свиреа и дрифтаа, девојчињата во народни носии изведуваа традиционални народни ора, а беа фрлани и петарди. Видеата и фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции кај другите лондончани“, пишува Дејли мејл.
„Албанците во Лондон кои го славеа Денот на независноста себично ги блокираа плоштадите Странд и Трафалгар додека луѓето го напуштаа киното во 22 часот“, се налути еден корисник на Твитер. „Една од причините што ми требаше толку долго да се вратам дома вчера“, додаде друг корисник. Свој коментар даде и Најџел Фараж, британски политичар и еден од најпознатите поддржувачи на брегзит. „Ова се случуваше синоќа во Лондон. Господ нека ни е на помош“, напиша Фараж на својот твитер-профил.

The post Албанци го блокираа Лондон appeared first on Република.

]]>