Локарно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lokarno/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Aug 2023 19:26:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Локарно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lokarno/ 32 32 „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ награден на фестивалот во Локарно https://arhiva3.republika.mk/scena/film/chuvari-na-formulata-na-dragan-bjelogrlik-nagraden-na-festivalot-vo-lokarno/ Sat, 12 Aug 2023 20:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=671502

Филмот „Чувари на формулата“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ освои награда на фестивалот во Локарно. Во Србија е познат и како „Српскиот Опенхајмер“. Се работи за инцидент со радијација во 1950-те во југословенскиот Нуклеарен институт Винча.

Филмот ја освои наградата „Пардо верде“ за која се квалификуваат сите филмови прикажани на фестивалот што на публиката ѝ нудат нови интерпретации кои инспирираат промени во свеста за иднина која ќе има поголема одржливост.

Филмот на Бјелогрлиќ се прикажуваше на програмата Пјаца Гранде во најголемото кино на отворено во центарот на Локарно. Филмот е поддржан од Еуримаж е е копродукција меѓу Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија, која преку Агенцијата за филм го поддржа на конкурсот во 2016.

„Критична зона“ на иранскиот режисер Али Ахмаџадех победи во главната конкуренција за награди. Го сними без дозвола на властите во Иран и беше опишан како еден вид на химна на слободата и отпорот во земјата. Поради тоа ирранските власти го забранија и се обидоа да го спречат да се прикаже во Локарно.

Приказната го следи животот на човек кој вози низ подземјето на Техеран со своето куче, продава дрога и исцелува вознемирени души. Ова е четврти филм на Ахмаџадех, чии филмови ја прикажуваат бунтовничката младина во Иран и нивната конфронтација со теократијата во земјата.

На Ахмаџадех и официјално му е забрането да работи како филмски режисер во Иран. Специјална награда на жирито освои романскиот „Не очекувај премногу од крајот на светот“ на Раду Жуде.

The post „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ награден на фестивалот во Локарно appeared first on Република.

]]>

Филмот „Чувари на формулата“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ освои награда на фестивалот во Локарно. Во Србија е познат и како „Српскиот Опенхајмер“. Се работи за инцидент со радијација во 1950-те во југословенскиот Нуклеарен институт Винча.
Филмот ја освои наградата „Пардо верде“ за која се квалификуваат сите филмови прикажани на фестивалот што на публиката ѝ нудат нови интерпретации кои инспирираат промени во свеста за иднина која ќе има поголема одржливост. Филмот на Бјелогрлиќ се прикажуваше на програмата Пјаца Гранде во најголемото кино на отворено во центарот на Локарно. Филмот е поддржан од Еуримаж е е копродукција меѓу Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија, која преку Агенцијата за филм го поддржа на конкурсот во 2016. „Критична зона“ на иранскиот режисер Али Ахмаџадех победи во главната конкуренција за награди. Го сними без дозвола на властите во Иран и беше опишан како еден вид на химна на слободата и отпорот во земјата. Поради тоа ирранските власти го забранија и се обидоа да го спречат да се прикаже во Локарно. Приказната го следи животот на човек кој вози низ подземјето на Техеран со своето куче, продава дрога и исцелува вознемирени души. Ова е четврти филм на Ахмаџадех, чии филмови ја прикажуваат бунтовничката младина во Иран и нивната конфронтација со теократијата во земјата. На Ахмаџадех и официјално му е забрането да работи како филмски режисер во Иран. Специјална награда на жирито освои романскиот „Не очекувај премногу од крајот на светот“ на Раду Жуде.

The post „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ награден на фестивалот во Локарно appeared first on Република.

]]>
Овации за „Чувари на формулата“ на Бјелогрлиќ на фестивалот во Локарно, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/ovatsii-za-chuvari-na-formulata-na-bjelogrlik-na-festivalot-vo-lokarno-go-narekuvaat-srpski-openhajmer/ Mon, 07 Aug 2023 09:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=669505

На најголемиот европски отворен филмски фестивал во Локарно,Швајцарија, синоќа пред речиси 8.000 гледачи премиерно беше прикажан новиот филм на Драган Бјелогрлиќ „Чувари на формулата“.

Пред самиот почеток, на црвениот килим прошета филмската екипа предводена од режисерот, како и француските актерски ѕвезди Алексис Маненти и Ана Сера. На премиерата присуствуваше и професорот Горан Милашиновиќ, автор на романот „Случајот Винча“, според кој сценаристот Вук Ршумовиќ ја адаптираше оваа филмска приказна. Филмот како дел од престижната програма „Пјака Гранде“ е и прв балкански филм кој беше прикажан во селекцијата на овој дел од фестивалската програма во Локарно.

Вчерашната премиера беше голем настан, не само за нас, авторите на филмот, туку и за српската кинематографија воопшто. За прв пат во најголемото кино на отворено пред 8.000 луѓе беше прикажан филм од нашите простори. Според реакциите на публиката, според тоа како го следеле и дишеле со филмот, мислам дека со многу оптимизам можеме да се надеваме дека оваа заборавена приказна од нашата, но и светска историја, ќе си го најде патот до публиката околу светот, и јас сум многу среќен поради тоа,  изјави Драган Бјелогрлиќ по вчерашната светска премиера.

Пред тоа, познатиот актер и режисер на прес-конференцијата изјави дека кога почнале да го пишуваат сценариото за овој филм – сите го нарекувале „Српски Чернобил“, а сега кога излезе, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“.

Иако во суштина постои тема која е слична на двете, нашиот филм нема никаква врска со ниту едно од овие две извонредни остварувања. Филм кој многу го сакам и ме инспирираше, „Животите на другите“, исто така започна со „Пјаца Гранде“ и доби Оскар. Спајк Ли започна со овој фестивал пред три години и доби Оскар. Нема да го расипувам, но подобар почеток на филмот не можевме да замислиме – изјави Бјелогрлиќ пред премиерата.

По повод светската премиера во Локарно, Филмскиот центар на Србија организираше коктел на филмскиот плоштад за посетителите на овој фестивал, со цел да се запознаат со локалната кинематографија и проектите реализирани благодарение на ФЦС.

По премиерата во Локарно, „Чувари на формулата“ ќе биде прикажан на 15 август како дел од главната програма на 29. Сараевски филмски фестивал, а од средината на ноември може да го очекуваме во кината во Србија и во целиот регион.

The post Овации за „Чувари на формулата“ на Бјелогрлиќ на фестивалот во Локарно, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“ appeared first on Република.

]]>

На најголемиот европски отворен филмски фестивал во Локарно,Швајцарија, синоќа пред речиси 8.000 гледачи премиерно беше прикажан новиот филм на Драган Бјелогрлиќ „Чувари на формулата“. Пред самиот почеток, на црвениот килим прошета филмската екипа предводена од режисерот, како и француските актерски ѕвезди Алексис Маненти и Ана Сера. На премиерата присуствуваше и професорот Горан Милашиновиќ, автор на романот „Случајот Винча“, според кој сценаристот Вук Ршумовиќ ја адаптираше оваа филмска приказна. Филмот како дел од престижната програма „Пјака Гранде“ е и прв балкански филм кој беше прикажан во селекцијата на овој дел од фестивалската програма во Локарно.
Вчерашната премиера беше голем настан, не само за нас, авторите на филмот, туку и за српската кинематографија воопшто. За прв пат во најголемото кино на отворено пред 8.000 луѓе беше прикажан филм од нашите простори. Според реакциите на публиката, според тоа како го следеле и дишеле со филмот, мислам дека со многу оптимизам можеме да се надеваме дека оваа заборавена приказна од нашата, но и светска историја, ќе си го најде патот до публиката околу светот, и јас сум многу среќен поради тоа,  изјави Драган Бјелогрлиќ по вчерашната светска премиера.
Пред тоа, познатиот актер и режисер на прес-конференцијата изјави дека кога почнале да го пишуваат сценариото за овој филм – сите го нарекувале „Српски Чернобил“, а сега кога излезе, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“.
Иако во суштина постои тема која е слична на двете, нашиот филм нема никаква врска со ниту едно од овие две извонредни остварувања. Филм кој многу го сакам и ме инспирираше, „Животите на другите“, исто така започна со „Пјаца Гранде“ и доби Оскар. Спајк Ли започна со овој фестивал пред три години и доби Оскар. Нема да го расипувам, но подобар почеток на филмот не можевме да замислиме – изјави Бјелогрлиќ пред премиерата.
По повод светската премиера во Локарно, Филмскиот центар на Србија организираше коктел на филмскиот плоштад за посетителите на овој фестивал, со цел да се запознаат со локалната кинематографија и проектите реализирани благодарение на ФЦС. По премиерата во Локарно, „Чувари на формулата“ ќе биде прикажан на 15 август како дел од главната програма на 29. Сараевски филмски фестивал, а од средината на ноември може да го очекуваме во кината во Србија и во целиот регион.

The post Овации за „Чувари на формулата“ на Бјелогрлиќ на фестивалот во Локарно, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“ appeared first on Република.

]]>