локална самоуправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lokalna-samouprava/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 18:26:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png локална самоуправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lokalna-samouprava/ 32 32 Перински: Повикот за финансирање проекти не е предизборен поткуп, сите градоначалници имаат можност да добијат средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/perinski-povikot-za-finansirane-proekti-ne-e-predizboren-potkup-site-gradonachalnitsi-imaat-mozhnost-da-dobijat-sredstva/ Thu, 05 Sep 2024 18:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=813630

Повикот за финансирање проекти на општините не може да се дефинира како предизборен поткуп, затоа што сите градоначалници имаат можност да аплицираат и да добијат средства, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Гостувајќи на телевизија „Сител“, тој додаде дека и Градот Скопје може да аплицира за проекти. Но, запрашан што ако добијат проект за набавка на 250 нови автобуси, тој подвлече дека тоа не е инфраструктурен капитален проект што градоначалничката Данела Арсовска не може сама да го исфинансира.

Бидејќи на средбата во Владата, рече дека Градот е во финансиска консолидирана состојба, истакна Перински.

Околу најавеното комплетно менување на Законот за локална самоуправа, Перински образложи дека „скопјани се сведоци на едно, за кое може да каже, недолично однесување од стана на еден од градоначалниците“.

Сметаме дека Законот не треба да го овозможи тој комфор да не може да биде променет градоначалник. Нашата интенција е да донесеме модерно издржано решение решение согласно модерните времиња во кое функционираат општините, рече Перински.

Според него, има потреба од измена на Законот, но тоа, како што посочи, не треба да биде од денес за утре, туку со широка дебата во која ќе бидат вклучени експерти и единиците на локалната самоуправа.

The post Перински: Повикот за финансирање проекти не е предизборен поткуп, сите градоначалници имаат можност да добијат средства appeared first on Република.

]]>

Повикот за финансирање проекти на општините не може да се дефинира како предизборен поткуп, затоа што сите градоначалници имаат можност да аплицираат и да добијат средства, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Златко Перински. Гостувајќи на телевизија „Сител“, тој додаде дека и Градот Скопје може да аплицира за проекти. Но, запрашан што ако добијат проект за набавка на 250 нови автобуси, тој подвлече дека тоа не е инфраструктурен капитален проект што градоначалничката Данела Арсовска не може сама да го исфинансира.
Бидејќи на средбата во Владата, рече дека Градот е во финансиска консолидирана состојба, истакна Перински.
Околу најавеното комплетно менување на Законот за локална самоуправа, Перински образложи дека „скопјани се сведоци на едно, за кое може да каже, недолично однесување од стана на еден од градоначалниците“.
Сметаме дека Законот не треба да го овозможи тој комфор да не може да биде променет градоначалник. Нашата интенција е да донесеме модерно издржано решение решение согласно модерните времиња во кое функционираат општините, рече Перински.
Според него, има потреба од измена на Законот, но тоа, како што посочи, не треба да биде од денес за утре, туку со широка дебата во која ќе бидат вклучени експерти и единиците на локалната самоуправа.

The post Перински: Повикот за финансирање проекти не е предизборен поткуп, сите градоначалници имаат можност да добијат средства appeared first on Република.

]]>
Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-perinski-so-gradonachalnitsite-od-poloshkiot-planski-region-mnogu-prioritetni-prashana-vo-opshtinite-chekaat-na-finansiskata-poddrshka-od-vladata-potrebite-na-graganite-se-najvazhni/ Wed, 24 Jul 2024 14:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=799897

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Полошкиот плански регион.

На состанокот беше констатирано дека општините имаат потреба од финансиска поддршка од Владата за реализација на поголеми капитални проекти. И покрај вонредните напори од страна на локалните власти, со дополнителните средства од Владата многу важни прашања за граѓаните ќе бидат решени многу побрзо.

Министерот за локална самоуправа Перински ги информираше градоначалниците дека првите сто милиони евра ќе можат да се реализираат веќе од септември, но важно е што финансиската поддршка ќе биде уште поголема и континуирана во наредните години. „Потребно е да се посветите на изработка на проекти и проектна документација за да се осигура брза и квалитетна изведба на инфраструктурните проекти“, рече министерот Перински. Перински истакна дека постапката на проверка на проектите и на проектната документација ќе ја спроведе Министерството за локална самоуправа, но во следната фаза ќе се врши и редовен надзор над реализацијата на средствата и на квалитетот на изведување на проектите од страна на општините.

На состанокот беше истакнато дека јавниот повик ќе биде отворен за сите општини, сите имаат еднакви шанси, се ќе зависи од квалитетот на проектите со кои што општините ќе аплицираат. „Ќе бидеме најзадоволни доколку има многу и издржани проекти кои ќе ги апсорбираат сите расположливи средства и кои што ќе гарантираат брза реализација и брзо решавање на потребите на граѓаните“, рече министерот Перински.

Општините најавија дека ќе учествуваат на повикот со апликации за различни капитални инвестиции, како што се изградба на основно и средно училиште во Општина Тетово, реконструкција на булеварот Браќа Ѓиновски и реконструкција на шеталиште во Гостивар и бројни други проекти во другите општини. Овие проекти по завршувањето на повикот ќе бидат евалуирани од страна на комисија и одобрените ќе почнат да се финансираат.

The post Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Полошкиот плански регион. На состанокот беше констатирано дека општините имаат потреба од финансиска поддршка од Владата за реализација на поголеми капитални проекти. И покрај вонредните напори од страна на локалните власти, со дополнителните средства од Владата многу важни прашања за граѓаните ќе бидат решени многу побрзо. Министерот за локална самоуправа Перински ги информираше градоначалниците дека првите сто милиони евра ќе можат да се реализираат веќе од септември, но важно е што финансиската поддршка ќе биде уште поголема и континуирана во наредните години. „Потребно е да се посветите на изработка на проекти и проектна документација за да се осигура брза и квалитетна изведба на инфраструктурните проекти“, рече министерот Перински. Перински истакна дека постапката на проверка на проектите и на проектната документација ќе ја спроведе Министерството за локална самоуправа, но во следната фаза ќе се врши и редовен надзор над реализацијата на средствата и на квалитетот на изведување на проектите од страна на општините. На состанокот беше истакнато дека јавниот повик ќе биде отворен за сите општини, сите имаат еднакви шанси, се ќе зависи од квалитетот на проектите со кои што општините ќе аплицираат. „Ќе бидеме најзадоволни доколку има многу и издржани проекти кои ќе ги апсорбираат сите расположливи средства и кои што ќе гарантираат брза реализација и брзо решавање на потребите на граѓаните“, рече министерот Перински. Општините најавија дека ќе учествуваат на повикот со апликации за различни капитални инвестиции, како што се изградба на основно и средно училиште во Општина Тетово, реконструкција на булеварот Браќа Ѓиновски и реконструкција на шеталиште во Гостивар и бројни други проекти во другите општини. Овие проекти по завршувањето на повикот ќе бидат евалуирани од страна на комисија и одобрените ќе почнат да се финансираат.  

The post Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни appeared first on Република.

]]>
Перински на состанок со градоначалниците од Вардарски плански регион: Приоритетите на општините за нас се на прво место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/perinski-na-sostanok-so-gradonachalnitsite-od-vardarski-planski-region-prioritetite-na-opshtinite-za-nas-se-na-prvo-mesto/ Mon, 22 Jul 2024 15:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=799263

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска во редовниот термин за состанок со градоначалниците имаше средба со градоначалниците на општините од Вардарскиот плански регион. Министерот Перински истакна дека приоритет е ефикасно, одговорно и праведно да се завршуваат работите затоа што граѓаните очекуваат решенија за нивните приоритетни потреби во општините.

Министерот Перински на состанокот обрна внимание дека општините треба да ги финализираат проектите со кои што ќе аплицираат за средства од Владата на јавниот повик што ќе биде објавен наскоро.

Министерот за локална самоуправа ги информираше градоначалниците дека целата постапка на проверка и рангирање ќе ја спроведува Министерството за локална самоуправа. Перински истакна дека постапката ќе биде регулирана со посебен акт и ќе биде спроведена на транспарентен и праведен начин.

Целта е да бидат финансирани најголемиот број на проекти, кои што се целосни и добро подготвени. Исто така е важно со нив да се решаваат прашања кои што се приоритетни за граѓаните, а проектите треба да се реализираат ефикасно но и квалитетно, а градоначалниците треба да бидат свесни дека паралелно ќе има надзор и на трошењето на буџетските пари, но и на квалитетот на изведбата, рече Перински.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, од стапувањето на функцијата секој понеделник и среда има состаноци со градоначалници. Оваа активност ќе остане на неговата агенда со поинтензивни и теренски посети, особено во периодот на имплементација на капиталните проекти, што ќе бидат финансирани од буџетот на државата. Министерството за локална самоуправа е во постојана комуникација со општините и со локалните власти, но и со граѓаните со кои што гради партнерски однос, во решавањето на сите приоритетни прашања од локална надлежност.

Во рамки на средбата градоначалниците од вардарскиот плански регион, изразија подготвеност да учествуваат во јавниот повик со свои проекти, при што беше истакнато дека најголемиот дел од нив ќе бидат од сферата на комуналната инфраструктура. Градоначалникот на општина Неготино го издвои проектот за комплетирање на комуналната инфраструктура, водовод, канализација и пат во урбана заеница 5.1.

Општина Свети Николе ја истакна потребата од завршување на реконструкцијата и изградбата на неколку улици и изградбата на водоводот и канализација во населба Кнежински Пат, а општина Велес го издвои проектот за изградба на подземна катна гаража и плоштад, како проекти со кои ќе учествуваат во јавниот повик на министерството за локална самоуправа.

The post Перински на состанок со градоначалниците од Вардарски плански регион: Приоритетите на општините за нас се на прво место appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска во редовниот термин за состанок со градоначалниците имаше средба со градоначалниците на општините од Вардарскиот плански регион. Министерот Перински истакна дека приоритет е ефикасно, одговорно и праведно да се завршуваат работите затоа што граѓаните очекуваат решенија за нивните приоритетни потреби во општините. Министерот Перински на состанокот обрна внимание дека општините треба да ги финализираат проектите со кои што ќе аплицираат за средства од Владата на јавниот повик што ќе биде објавен наскоро. Министерот за локална самоуправа ги информираше градоначалниците дека целата постапка на проверка и рангирање ќе ја спроведува Министерството за локална самоуправа. Перински истакна дека постапката ќе биде регулирана со посебен акт и ќе биде спроведена на транспарентен и праведен начин.
Целта е да бидат финансирани најголемиот број на проекти, кои што се целосни и добро подготвени. Исто така е важно со нив да се решаваат прашања кои што се приоритетни за граѓаните, а проектите треба да се реализираат ефикасно но и квалитетно, а градоначалниците треба да бидат свесни дека паралелно ќе има надзор и на трошењето на буџетските пари, но и на квалитетот на изведбата, рече Перински.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински, од стапувањето на функцијата секој понеделник и среда има состаноци со градоначалници. Оваа активност ќе остане на неговата агенда со поинтензивни и теренски посети, особено во периодот на имплементација на капиталните проекти, што ќе бидат финансирани од буџетот на државата. Министерството за локална самоуправа е во постојана комуникација со општините и со локалните власти, но и со граѓаните со кои што гради партнерски однос, во решавањето на сите приоритетни прашања од локална надлежност. Во рамки на средбата градоначалниците од вардарскиот плански регион, изразија подготвеност да учествуваат во јавниот повик со свои проекти, при што беше истакнато дека најголемиот дел од нив ќе бидат од сферата на комуналната инфраструктура. Градоначалникот на општина Неготино го издвои проектот за комплетирање на комуналната инфраструктура, водовод, канализација и пат во урбана заеница 5.1. Општина Свети Николе ја истакна потребата од завршување на реконструкцијата и изградбата на неколку улици и изградбата на водоводот и канализација во населба Кнежински Пат, а општина Велес го издвои проектот за изградба на подземна катна гаража и плоштад, како проекти со кои ќе учествуваат во јавниот повик на министерството за локална самоуправа.  

The post Перински на состанок со градоначалниците од Вардарски плански регион: Приоритетите на општините за нас се на прво место appeared first on Република.

]]>
Мицкоски најави една милијарда евра за општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-najavi-edna-milijara-evra-za-opshtinite/ Thu, 11 Apr 2024 11:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=764930

Имаме политики во економијата кои ќе носат развој и прогрес. Ако е општ заклучок на граѓаните дека Македонија за жал денеска е нефункционална држава, ние мораме мораме најпрвин политички да ја направиме функционална држава, бидејќи бизнисот и политиката се два процеси кои еден без друг не можат, и тоа е така и во развиени демократии, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со Стопанската Комора за Информатички Технологии – МАСИТ, одговарајќи на новинарско прашање.

– Политиката е таа која има задача да ја направи Македонија функционална држава, тука пред се мислам на држава во која ќе владејат законите за сите подеднакво, каде ќе има јасни, предвидливи и однапред дефинирани политики во консултации со бизнисот, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води јасна и предвидлива даночна политика, да нема осцилации, како досега рамен, па прогресивен данок итн.

– Мора да имаме институции кои ќе бидат ослободени од криминал и корупција. Луѓето кои ќе ги водат тие институции да бидат чесни со визија и план како да ги управуваат, а не прострујува во јавноста основано сомневање за криминал и корупција. Во делот на проектите како ВМРО-ДПМНЕ имаме силни адути кои се дел од нашата програма Платформа  1198, имаме јасни политики и јасни проекти кои ги презентиравме, така што еден од проектите е инвестиции кои ги планираме во делот на децентрализација на средства од буџетот кон единиците на локална самоуправа, 250 милиони евра годишно или 1 милијарда евра во еден 4 годишен мандат, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека кога ветувате и кога излегувате пред граѓаните мора да се внимателни затоа што ако ветувањата ако не ги реализирате тие продуцираат разочарувања.

Гледаме денеска дека се празни државата затоа што луѓето не гледаат иднина. Ние не сме чудотворци, но имаме програма која нуди развој и држава средена у функционална, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски најави една милијарда евра за општините appeared first on Република.

]]>

Имаме политики во економијата кои ќе носат развој и прогрес. Ако е општ заклучок на граѓаните дека Македонија за жал денеска е нефункционална држава, ние мораме мораме најпрвин политички да ја направиме функционална држава, бидејќи бизнисот и политиката се два процеси кои еден без друг не можат, и тоа е така и во развиени демократии, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со Стопанската Комора за Информатички Технологии – МАСИТ, одговарајќи на новинарско прашање.
– Политиката е таа која има задача да ја направи Македонија функционална држава, тука пред се мислам на држава во која ќе владејат законите за сите подеднакво, каде ќе има јасни, предвидливи и однапред дефинирани политики во консултации со бизнисот, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води јасна и предвидлива даночна политика, да нема осцилации, како досега рамен, па прогресивен данок итн.
– Мора да имаме институции кои ќе бидат ослободени од криминал и корупција. Луѓето кои ќе ги водат тие институции да бидат чесни со визија и план како да ги управуваат, а не прострујува во јавноста основано сомневање за криминал и корупција. Во делот на проектите како ВМРО-ДПМНЕ имаме силни адути кои се дел од нашата програма Платформа  1198, имаме јасни политики и јасни проекти кои ги презентиравме, така што еден од проектите е инвестиции кои ги планираме во делот на децентрализација на средства од буџетот кон единиците на локална самоуправа, 250 милиони евра годишно или 1 милијарда евра во еден 4 годишен мандат, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека кога ветувате и кога излегувате пред граѓаните мора да се внимателни затоа што ако ветувањата ако не ги реализирате тие продуцираат разочарувања. Гледаме денеска дека се празни државата затоа што луѓето не гледаат иднина. Ние не сме чудотворци, но имаме програма која нуди развој и држава средена у функционална, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски најави една милијарда евра за општините appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат проблеми со централната власт од политички причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnitsite-na-vmro-dpmne-imaat-problemi-so-tsentralnata-vlast-od-politichki-prichini/ Fri, 03 Mar 2023 07:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=615309

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески ги пренесе поплаките на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат проблеми со централната власт. И тој како и градоначалникот на Кумамново, Максим Димитриевски, се согласува со констатацијата дека власта треба да биде слепа за политичката определба.

Проблемите, објаснува Славески, доаѓаат на различни нивоа, а посебно го истакна попречувањето на идејата за општински обврзници.

Централната власт, која е помоќна, треба на некој начин да биде слепа, да не прави разлика на политичката провиниенција на градоначалниците, рече Славески во емисијата „Вин вин“  на телевизија Телма.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsentralnata-vlast-svesno-gi-zapushta-opshtinite-koi-gi-smeta-za-politichki-nepodobni/

Славески се осврна на пречките во функционирање кои ги имаат општините.

Проблемот е прво кадровски. Со доделените средства општините не се атрактивни за електроинженерите, програмерите, архитектите, добрите правници. Второто прашање е и политичко, распределба на надлежностите, вели Славески.

Според Славески критериумот за баланс на распределба на средствата меѓу локално и централно ниво треба да биде, ако се делегираат надлежности треба да се обезбедат средства.

Не сакам да бидам адвокат ниту на централната ниту на локалната власт. Оттука ќе кажам парите ги нема од два аспекти, затоа што имаме високи буџетски дефицити, зборувам за централниот буџет, и затоа што сме релативно сиромашна држава, посочи Славески.

The post Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат проблеми со централната власт од политички причини appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески ги пренесе поплаките на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат проблеми со централната власт. И тој како и градоначалникот на Кумамново, Максим Димитриевски, се согласува со констатацијата дека власта треба да биде слепа за политичката определба. Проблемите, објаснува Славески, доаѓаат на различни нивоа, а посебно го истакна попречувањето на идејата за општински обврзници.
Централната власт, која е помоќна, треба на некој начин да биде слепа, да не прави разлика на политичката провиниенција на градоначалниците, рече Славески во емисијата „Вин вин“  на телевизија Телма.
https://republika.mk/vesti/makedonija/tsentralnata-vlast-svesno-gi-zapushta-opshtinite-koi-gi-smeta-za-politichki-nepodobni/ Славески се осврна на пречките во функционирање кои ги имаат општините.
Проблемот е прво кадровски. Со доделените средства општините не се атрактивни за електроинженерите, програмерите, архитектите, добрите правници. Второто прашање е и политичко, распределба на надлежностите, вели Славески.
Според Славески критериумот за баланс на распределба на средствата меѓу локално и централно ниво треба да биде, ако се делегираат надлежности треба да се обезбедат средства.
Не сакам да бидам адвокат ниту на централната ниту на локалната власт. Оттука ќе кажам парите ги нема од два аспекти, затоа што имаме високи буџетски дефицити, зборувам за централниот буџет, и затоа што сме релативно сиромашна држава, посочи Славески.

The post Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат проблеми со централната власт од политички причини appeared first on Република.

]]>
Ристо Пенов прифати да биде министер за локална самоуправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risto-penov-prifati-da-bide-minister-za-lokalna-samouprava/ Tue, 27 Sep 2022 15:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=554884 Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во владата на премиерот Димитар...

The post Ристо Пенов прифати да биде министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во владата на премиерот Димитар Ковачевски. Лично Пенов за „360 степени“ потврди дека по консултациите во изминатите денови решил да и се врати активно на политиката и да го води ресорот што и припаѓа на неговата матична Либерланодемократска партија (ЛДП).

Ако Пенов и официјално биде предложен за министер и Собранието го потврди неговиот избор, тој ќе го наследи се уште актулниот лидер на ЛДП, Горан Милевски, кој даде оставка.

The post Ристо Пенов прифати да биде министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Бесими: Отсега повеќе пари и одговорности за општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-otsega-povekje-pari-i-odgovornosti-za-opshtinite/ Wed, 27 Jul 2022 15:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=533946

Стартува реформата за унапредување на фискалната децентрализација. Законските измени и дополнувања, на кои работеше Министерството за финансии, денеска добија зелено светло од Собранието.

Реформата се состои од три столба: подобрување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на нивните приходи, зголемување на фискалната дисциплина на општините и зголемување на нивната транспарентност и отчетност.

– Владата на Република Македонија продолжува со процесот на децентрализација, во насока на поголема демократизација, подобри јавни услуги и засилен локален развој во интерес на граѓаните. Општините се надлежни за многу важни области директно поврзани со животот на граѓаните, како образованието, социјалната заштита, животната средина, комуналните услуги и затоа е клучно да имаат стабилни финансии. Оттаму, со оваа реформа значително се засилува нивниот фискален капацитет, но и истовремено се задолжуваат на поголема фискална дисциплина, отчетно и транспарентно работење. Односно, како и секаде, со поголема моќ, доаѓа и поголема одговорност, посочува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Со донесените измени и дополнувања, општините ќе добијат поголем удел од приходите собрани преку данокот на личен доход и данокот на додадена вредност, односно приходите на општините од данокот на личен доход кои досега изнесуваа 3 проценти, до крајот на 2022 година ќе се зголемат на 4 проценти, во 2023 на 5 проценти и во 2024 година на 6 проценти. Приходите од данокот на додадена вредност, пак, се зголемуваат од сегашните 4,5 на 5 проценти, потоа на 5,5 проценти во 2023 година за да во 2024 година е достигнат 6 проценти.

Планирано е формирање два фонда – Фонд за перформанси и Фонд за воедначување. Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но кои покажуваат добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

– Проценките се дека двојно ќе се зголемат средствата за општините што ги добиваат по овие два основа, односно од сегашните 2,8 милијарди денари ќе се зголемат на над 5 милијарди денари до 2024 година. Она што е исклучително значајно да се спомне е дека реформата почнува веднаш, односно растот на зафаќањето од наплатените даноци ќе започне од годинава, со што општините ќе добијат повеќе средства во време кога се соочуваме со предизвиците кои ги донесе енергетската и ценовната криза, велат од Министерството за финансии.

Вториот столб од реформата е насочен кон зголемување на финансиската дисциплина на општините. За тоа се предвидени активности кои треба да водат кон реално планирање на приходите и расходите на општините, редовно сервисирање на долговите и поголема финансиска дисциплина, како и прогласување финансиска нестабилност на општините по сила на закон. Преку 10-годишна структурна обврзница, општините ќе можат да направат репрограмирање за надминување на проблемите со доспеаните, а неплатени обврски. Општините кои ќе прогласат финансиска нестабилност ќе може да користат и условен кредит од Министерството за финансии и да издадат општинска обврзница за познат купувач, односно Министерството за финансии. бак/

The post Бесими: Отсега повеќе пари и одговорности за општините appeared first on Република.

]]>

Стартува реформата за унапредување на фискалната децентрализација. Законските измени и дополнувања, на кои работеше Министерството за финансии, денеска добија зелено светло од Собранието. Реформата се состои од три столба: подобрување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на нивните приходи, зголемување на фискалната дисциплина на општините и зголемување на нивната транспарентност и отчетност.
– Владата на Република Македонија продолжува со процесот на децентрализација, во насока на поголема демократизација, подобри јавни услуги и засилен локален развој во интерес на граѓаните. Општините се надлежни за многу важни области директно поврзани со животот на граѓаните, како образованието, социјалната заштита, животната средина, комуналните услуги и затоа е клучно да имаат стабилни финансии. Оттаму, со оваа реформа значително се засилува нивниот фискален капацитет, но и истовремено се задолжуваат на поголема фискална дисциплина, отчетно и транспарентно работење. Односно, како и секаде, со поголема моќ, доаѓа и поголема одговорност, посочува министерот за финансии Фатмир Бесими.
Со донесените измени и дополнувања, општините ќе добијат поголем удел од приходите собрани преку данокот на личен доход и данокот на додадена вредност, односно приходите на општините од данокот на личен доход кои досега изнесуваа 3 проценти, до крајот на 2022 година ќе се зголемат на 4 проценти, во 2023 на 5 проценти и во 2024 година на 6 проценти. Приходите од данокот на додадена вредност, пак, се зголемуваат од сегашните 4,5 на 5 проценти, потоа на 5,5 проценти во 2023 година за да во 2024 година е достигнат 6 проценти. Планирано е формирање два фонда – Фонд за перформанси и Фонд за воедначување. Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но кои покажуваат добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.
– Проценките се дека двојно ќе се зголемат средствата за општините што ги добиваат по овие два основа, односно од сегашните 2,8 милијарди денари ќе се зголемат на над 5 милијарди денари до 2024 година. Она што е исклучително значајно да се спомне е дека реформата почнува веднаш, односно растот на зафаќањето од наплатените даноци ќе започне од годинава, со што општините ќе добијат повеќе средства во време кога се соочуваме со предизвиците кои ги донесе енергетската и ценовната криза, велат од Министерството за финансии.
Вториот столб од реформата е насочен кон зголемување на финансиската дисциплина на општините. За тоа се предвидени активности кои треба да водат кон реално планирање на приходите и расходите на општините, редовно сервисирање на долговите и поголема финансиска дисциплина, како и прогласување финансиска нестабилност на општините по сила на закон. Преку 10-годишна структурна обврзница, општините ќе можат да направат репрограмирање за надминување на проблемите со доспеаните, а неплатени обврски. Општините кои ќе прогласат финансиска нестабилност ќе може да користат и условен кредит од Министерството за финансии и да издадат општинска обврзница за познат купувач, односно Министерството за финансии. бак/

The post Бесими: Отсега повеќе пари и одговорности за општините appeared first on Република.

]]>
Локалната самоуправа преку стартапи ќе ги задржува младите во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lokalnata-samouprava-preku-startapi-kje-gi-zadrzuva-mladite-vo-ohrid/ Fri, 04 Mar 2022 14:26:00 +0000 https://republika.mk/?p=467835

Просторот кај поранешната касарна во Охрид има потенцијал за млади луѓе, кои ќе воспостават нови стартапи, со нови иновативни идеи, заклучи професорот Мајкл Мизрахи основач на Старт ап центар во Ерусалим.

По денешната посета на објектот, како дел од проектот „Охрид ГО“, сподели дел од своето искуство за преадаптација на просторот во стартап центар.

Голем дел од нашите девелопери се вклучени во вакви стартапи и тука има огромен потенцијал. Зошто и вие како место со ваков потенцијал од областа на ИТ, да не бидете следните што ќе работат на такви идеи и иновации, со кои ќе се поддржи локалната економија, рече Мизрахи.

Нагласи дека 25 отсто од економијата му припаѓа токму на овој сектор, посочувајќи дека доколку се изреализира проектот ќе придонесе многу за локалната економија.

Луѓето кои работат во ИТ секторот придонесуваат и за локалните бизниси, плаќаат даноци, посетуваат ресторани, ја промовираат заедницата, изјави Мизрахи.

Ѓоко Апостолов од Секторот за локален и скономски развој при Општина Охрид смета дека е значајно искуството од експерти во оваа област во целиот свет.

Целта ни е да ги задржиме младите луѓе тука, да ги вклучиме, односно мобилизираме со тоа што ќе им овозможиме одлични услови за работа во Старт ап центарот или во Иновативниот Хаб, изјави Апостолов.

Општината, посочи, сака да овозможи услови за нивна работа и да придонесе за поврзување преку гостување на експерти, насочени кон обуки за оние кои сакаат да творат да ја искористат креативноста и желбата за работа, но и да се вмрежат за натамошно надградување на нивните идеи.

The post Локалната самоуправа преку стартапи ќе ги задржува младите во Охрид appeared first on Република.

]]>

Просторот кај поранешната касарна во Охрид има потенцијал за млади луѓе, кои ќе воспостават нови стартапи, со нови иновативни идеи, заклучи професорот Мајкл Мизрахи основач на Старт ап центар во Ерусалим. По денешната посета на објектот, како дел од проектот „Охрид ГО“, сподели дел од своето искуство за преадаптација на просторот во стартап центар.
Голем дел од нашите девелопери се вклучени во вакви стартапи и тука има огромен потенцијал. Зошто и вие како место со ваков потенцијал од областа на ИТ, да не бидете следните што ќе работат на такви идеи и иновации, со кои ќе се поддржи локалната економија, рече Мизрахи.
Нагласи дека 25 отсто од економијата му припаѓа токму на овој сектор, посочувајќи дека доколку се изреализира проектот ќе придонесе многу за локалната економија.
Луѓето кои работат во ИТ секторот придонесуваат и за локалните бизниси, плаќаат даноци, посетуваат ресторани, ја промовираат заедницата, изјави Мизрахи.
Ѓоко Апостолов од Секторот за локален и скономски развој при Општина Охрид смета дека е значајно искуството од експерти во оваа област во целиот свет.
Целта ни е да ги задржиме младите луѓе тука, да ги вклучиме, односно мобилизираме со тоа што ќе им овозможиме одлични услови за работа во Старт ап центарот или во Иновативниот Хаб, изјави Апостолов.
Општината, посочи, сака да овозможи услови за нивна работа и да придонесе за поврзување преку гостување на експерти, насочени кон обуки за оние кои сакаат да творат да ја искористат креативноста и желбата за работа, но и да се вмрежат за натамошно надградување на нивните идеи.

The post Локалната самоуправа преку стартапи ќе ги задржува младите во Охрид appeared first on Република.

]]>
Се оствари стравот на јавните претпријатија – добиле 4 пати повисоки сметки за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-ostvari-stravot-na-javnite-pretprijatija-dobile-4-pati-povisoki-smetki-za-struja/ Thu, 10 Feb 2022 19:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=456926

Се оствари најцрното сценарио кое го предвидуваа јавните препријатија по најавата за покачување на цената на електричната енергија. Сметката за струја за месец јануари на ЈП „Исар“ од Штип е покачена за 4 пати и изнесува 19 милиони денари, а вкупниот месечен приход од наплата на водни и комунални услуги изнесува 17 милиони денари.

Тоа значи дека сметката за струја е за 2 милиони денари поголема од нашите максимални приходи кои ги остваруваме во еден месец. Жално е што досега, иако апелиравме повеќе пати зошто се знаеше дека ова ќе се случи, од институциите немаше никаква реакција - вели Трајче Здравков, директор на ЈП „Исар“ - Штип.

„ИСАР“ веќе должи 30 милиони денари за неплатени фактури за 6 месеци.

Приватниот добавувач кој го раскина договорот покрена постапка против нас, си ги бара своите пари, така што дополнително и овие средства јавното претпријатие и општината немаат механизам со кој што би обезбедиле толку пари за да ги платат овие сметки - додава Здравков.

Финансиската состојба е уште по критична во малите рурални општини. Во Општина Чешиново – Облешево месечно за струја во просек плаќале по 150 000 денари, а сега фактурата е скоро 6 пати поголема.

Ние работиме со блокирана сметка, со наследени долгови од 36 милиони денари, дополнително сметка од 850 000 денари само по основ на електрична енергија, верувајте дека тоа е многу -  вели Далибор Ангелов, градоначалник на О.Чешиново - Облешево.

Општинарите стравуваат дека, доколку централната власт не преземе итни мерки, претпријатија ќе заглават во долгови.

The post Се оствари стравот на јавните претпријатија – добиле 4 пати повисоки сметки за струја appeared first on Република.