ЛОИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loi/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 07:50:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЛОИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loi/ 32 32 Славел злато, па добил срцев удар: Избегната трагедија на ЛОИ во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/slavel-zlato-pa-dobil-srtsev-udar-izbegnata-tragedija-na-loi-vo-pariz/ Mon, 12 Aug 2024 07:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=805677

Узбекистанецот Тулкин Киличев доживеал срцев удар и за малку ќе починел на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои синоќа свечено беа затворени во Париз. Како што пишуваат медиумите, животот му го спасиле колегите од бртанскиот тим.

Во четвртокот на 8 август Хасанбој Дусматов стана олимписки шампион, а Тулкин Киличев за малку ќе умрел. На селекторот Киличев за време на прославата му се слошило, имал инфаркт, а животот му го спасиле колегите тренери од британската боксерска репрезентација.

Се се случувало во просториите на тенискиот центар Ролан Гарос, каде се одржуваше турнирот во бокс на ОИ во Париз.

Британците навремено реагирале, му пружиле прва помош и веднаш повикале лекарска екипа.

The post Славел злато, па добил срцев удар: Избегната трагедија на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

Узбекистанецот Тулкин Киличев доживеал срцев удар и за малку ќе починел на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои синоќа свечено беа затворени во Париз. Како што пишуваат медиумите, животот му го спасиле колегите од бртанскиот тим. Во четвртокот на 8 август Хасанбој Дусматов стана олимписки шампион, а Тулкин Киличев за малку ќе умрел. На селекторот Киличев за време на прославата му се слошило, имал инфаркт, а животот му го спасиле колегите тренери од британската боксерска репрезентација. Се се случувало во просториите на тенискиот центар Ролан Гарос, каде се одржуваше турнирот во бокс на ОИ во Париз. Британците навремено реагирале, му пружиле прва помош и веднаш повикале лекарска екипа.

The post Славел злато, па добил срцев удар: Избегната трагедија на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>
Македонија ќе има уште еден претставник на ЛОИ во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-ke-ima-ushte-eden-pretstavnik-na-loi-vo-pariz/ Thu, 27 Jun 2024 20:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=791397

Македонскиот борач Владимир Егоров доби вајлд карта за да учествува на Олимписките игри ова лето, што значи дека добиваме уште еден македонски претставник на големото случување во Париз.

Егоров загуби во полуфиналето на тунирот во месец април и за жал остана на дофат на олимписка виза, но речиси три месеци подоцна добива најдобра вест, која денеска со големо задоволство ја пренесе Македонскиот Олимписки комитет.

– Оваа извонредна вест значи дека уште еден македонски спортист, овој пат со “А“ олимписка норма ќе настапи на Олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 Јули до 11 Август 2024 година. Честитки до Владимир Егоров и сигурни сме дека во Париз ќе го покаже и ќе го даде своето најдобро, – гласи објавата на МОК.

The post Македонија ќе има уште еден претставник на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонскиот борач Владимир Егоров доби вајлд карта за да учествува на Олимписките игри ова лето, што значи дека добиваме уште еден македонски претставник на големото случување во Париз. Егоров загуби во полуфиналето на тунирот во месец април и за жал остана на дофат на олимписка виза, но речиси три месеци подоцна добива најдобра вест, која денеска со големо задоволство ја пренесе Македонскиот Олимписки комитет.
– Оваа извонредна вест значи дека уште еден македонски спортист, овој пат со “А“ олимписка норма ќе настапи на Олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 Јули до 11 Август 2024 година. Честитки до Владимир Егоров и сигурни сме дека во Париз ќе го покаже и ќе го даде своето најдобро, – гласи објавата на МОК.

The post Македонија ќе има уште еден претставник на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ ќе настапува на ЛОИ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-ke-nastapuva-na-loi/ Tue, 18 Jun 2024 18:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=788873

Нема повеќе дилеми, најдобриот тенисер досега Новак Ѓоковиќ ќе игра на претстојните Олимписки игри.

И покрај повредата која неодамна ја заработи, Ѓоковиќ потврди дека заминува во Париз.

Оваа информација ја пренесе Олимпискиот комитет на Србија, кој имаше рок од неколку дена да потврди дека четворица наши тенисери ( Новак Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ, Ласло Ѓере и Миомир Кечмановиќ ) ќе играат во Париз.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ поради повреда на коленото мораше да се повлече од Ролан Гарос, по што беше опериран.

Многумина се плашеа, сите ги интересираше дали Ѓоковиќ ќе успее да се подготви за Париз, а сега пристигнаа и најдобрите можни вести.

The post Ѓоковиќ ќе настапува на ЛОИ appeared first on Република.

]]>

Нема повеќе дилеми, најдобриот тенисер досега Новак Ѓоковиќ ќе игра на претстојните Олимписки игри. И покрај повредата која неодамна ја заработи, Ѓоковиќ потврди дека заминува во Париз. Оваа информација ја пренесе Олимпискиот комитет на Србија, кој имаше рок од неколку дена да потврди дека четворица наши тенисери ( Новак Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ, Ласло Ѓере и Миомир Кечмановиќ ) ќе играат во Париз. Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ поради повреда на коленото мораше да се повлече од Ролан Гарос, по што беше опериран. Многумина се плашеа, сите ги интересираше дали Ѓоковиќ ќе успее да се подготви за Париз, а сега пристигнаа и најдобрите можни вести.

The post Ѓоковиќ ќе настапува на ЛОИ appeared first on Република.

]]>
Германската влада ќе им плати отштета на семејствата на жртвите од масакрот во Минхен 1972 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/germanskata-vlada-kje-im-plati-otshteta-na-semejstvata-na-zrtvite-od-masakrot-vo-minhen-1972/ Wed, 27 Jul 2022 16:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=533948

Германската влада денеска соопшти дека ќе плати дополнителна отштета на семејствата на 11 израелски спортисти кои беа убиени од палестинската терористичка група „Црн септември“ за време на Летните олимписки игри во Минхен во 1972 година.

Семејствата на убиените спортисти долго време го критикуваат начинот на кој германските власти го третирале нападот, а германското МВР соопшти дека преговара со семејствата и оти би требало повторно да се изврши проценка на последиците од овој масакр за „преживеаните кои биле издржувани од жртвите“ во нематеријална и материјална смисла.

Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи за „Зидојче Цајтунг“ изјави дека Министерството, заедно со сојузната покраина Баварија и градот Минхен, планираат да платат отштета за да ги „артикулираат сериозните последици за преживеаните“, додава Политико.

Не е позната висината на отштетата што Германија планира да ја плати, а „Зидојче Цајтунг“, повикувајќи се на информации од Израел, пишува дека се работи за 10 милиони евра, што, како што се наведува, не е доволно за семејствата.

Најавата за исплата на отштета доаѓа во пресрет на одбележувањето на 50-годишнината од масакрот во Минхен.

На 5 септември 1972 година, палестински терористи од организацијата „Црн септември“ упаднаа во олимпиското село и земаа израелски спортисти како заложници, со цел да обезбедат ослободување на затворениците во Израел и двајца левичарски екстремисти во Западна Германија.

За време на нападот и спасувачката операција загинаа 11 Израелци и еден полицаец од Западна Германија.

Веднаш по нападот, Германија на семејствата на жртвите им исплатила сума од околу два милиони евра, покажуваат податоците на германското МВР.

Членовите на семејството добиле уште три милиони евра во 2002 година, пренесува ДПА.

The post Германската влада ќе им плати отштета на семејствата на жртвите од масакрот во Минхен 1972 appeared first on Република.

]]>

Германската влада денеска соопшти дека ќе плати дополнителна отштета на семејствата на 11 израелски спортисти кои беа убиени од палестинската терористичка група „Црн септември“ за време на Летните олимписки игри во Минхен во 1972 година. Семејствата на убиените спортисти долго време го критикуваат начинот на кој германските власти го третирале нападот, а германското МВР соопшти дека преговара со семејствата и оти би требало повторно да се изврши проценка на последиците од овој масакр за „преживеаните кои биле издржувани од жртвите“ во нематеријална и материјална смисла. Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи за „Зидојче Цајтунг“ изјави дека Министерството, заедно со сојузната покраина Баварија и градот Минхен, планираат да платат отштета за да ги „артикулираат сериозните последици за преживеаните“, додава Политико. Не е позната висината на отштетата што Германија планира да ја плати, а „Зидојче Цајтунг“, повикувајќи се на информации од Израел, пишува дека се работи за 10 милиони евра, што, како што се наведува, не е доволно за семејствата. Најавата за исплата на отштета доаѓа во пресрет на одбележувањето на 50-годишнината од масакрот во Минхен. На 5 септември 1972 година, палестински терористи од организацијата „Црн септември“ упаднаа во олимпиското село и земаа израелски спортисти како заложници, со цел да обезбедат ослободување на затворениците во Израел и двајца левичарски екстремисти во Западна Германија. За време на нападот и спасувачката операција загинаа 11 Израелци и еден полицаец од Западна Германија. Веднаш по нападот, Германија на семејствата на жртвите им исплатила сума од околу два милиони евра, покажуваат податоците на германското МВР. Членовите на семејството добиле уште три милиони евра во 2002 година, пренесува ДПА.

The post Германската влада ќе им плати отштета на семејствата на жртвите од масакрот во Минхен 1972 appeared first on Република.

]]>