ЛОИ во Париз 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loi-vo-pariz-2024/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 09:54:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЛОИ во Париз 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loi-vo-pariz-2024/ 32 32 Oва се тројцата македонски таеквондисти кои досега успеале да совладаат олимписки шампиони https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ova-se-trojtsata-makedonski-taekvondisti-koi-dosega-uspeale-da-sovladaat-olimpiski-shampioni/ Fri, 09 Aug 2024 09:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=804888

Од Македонската таеквондо федерација потсетуваат кои тројца македонски таеквондисти до сега успеале да совладаат олимписки шампиони.

Дејан Георгиевски го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан на квалификации пред ЛОИ во Токио.

Филип Додевски го совлада олимпискиот шампион Чеик Сисе од Брегот на слоновата коска на Г1 турнир во Албанија.

Мила Релиќ ја совлада олимписката шампионка Џејд Џонс од Британија на ЛОИ во Париз.

Сепак, додаваат од МТФ водечка круна останува олимпиското сребро од Токио како најголем спортски резултат во независна Македонија.

Во иднина се надеваме на слични или поголеми резултати од македонското олимписко таеквондо.
Македонското олимписко таеквондо како носечки државен спорт има уште многу што да каже, потенцираат тие.

The post Oва се тројцата македонски таеквондисти кои досега успеале да совладаат олимписки шампиони appeared first on Република.

]]>

Од Македонската таеквондо федерација потсетуваат кои тројца македонски таеквондисти до сега успеале да совладаат олимписки шампиони.
Дејан Георгиевски го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан на квалификации пред ЛОИ во Токио. Филип Додевски го совлада олимпискиот шампион Чеик Сисе од Брегот на слоновата коска на Г1 турнир во Албанија. Мила Релиќ ја совлада олимписката шампионка Џејд Џонс од Британија на ЛОИ во Париз.
Сепак, додаваат од МТФ водечка круна останува олимпиското сребро од Токио како најголем спортски резултат во независна Македонија.
Во иднина се надеваме на слични или поголеми резултати од македонското олимписко таеквондо. Македонското олимписко таеквондо како носечки државен спорт има уште многу што да каже, потенцираат тие.

The post Oва се тројцата македонски таеквондисти кои досега успеале да совладаат олимписки шампиони appeared first on Република.

]]>
Светот допрва ќе слуша за неа: Која е Милијана Рељиќ, македонската гордост на Олимпијадата во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/svetot-doprva-ke-slusha-za-nea-koja-e-milijana-relik-makedonskata-gordost-na-olimpijadata-vo-pariz/ Thu, 08 Aug 2024 13:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=804583

Македонската претставничка во таеквондо денеска на нејзиниот деби настап на Олимписките игри во Париз ја елиминираше десет години постарата шампионка Џејд Џонс од Велика Британија, која зад себе има 36 медали од кои 19 златни.

Затоа сме сигурни дека спортскиот свет уште многу ќе слуша за 21-годишната Милијана Рељиќ од Скопје. Родена и израсната во Гази Баба, таа повеќе од осум години е член на таеквондо клубот „Тигри“, од кои четири функционира како професионалец.

На последното Европското клупско првенство во таеквондо таа освои златен медал во сениорки -62кг со 4 победи и без изгубена рунда. Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои брознен медал.

Како што објаснуваат од Општиан Гази Баба, љубовта кон овој спорт ја има изградено во вистински борец – тренинзите ѝ се комбинација од кондициони (пет пати неделно) и таеквондо техники и тактики (шест пати неделно). Се разбира, тренинзите без спаринг се недоволни и затоа повремено патува надвор од Македонија или поканува професионалци со цел да ја одржи својата форма на највисоко ниво.

На прес-конференцијата на која го најави нејзиното прво учество на Олимписките игри, младата спортистка вети дека ќе даде сè од себе за успешен настап и медал.

Ова се мои први Олимписки игри. Се вративме од 15-деневен тренинг камп, очекувам да го дадам мојот максимум, да бидам фокусирана, да се борам до крајот и со добра ждрепка да стигнам до медал, рече Рељиќ.

За формата на Македонката говореше и нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Формата на Рељиќ е на извонредно ниво, таа има седум медали на последните големи турнири. Златото на последното Европско клупско првенство го зголемува оптимизмот дека можеме до медал, додаде Ефтимов.

Попладнево Рељиќ ќе се соочи со Летиција Ајуд од Либан во четвртфиналето. Навиваме од 15.45 часот за таа да е чекор поблиску до медал. Напред наши!

The post Светот допрва ќе слуша за неа: Која е Милијана Рељиќ, македонската гордост на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонската претставничка во таеквондо денеска на нејзиниот деби настап на Олимписките игри во Париз ја елиминираше десет години постарата шампионка Џејд Џонс од Велика Британија, која зад себе има 36 медали од кои 19 златни. Затоа сме сигурни дека спортскиот свет уште многу ќе слуша за 21-годишната Милијана Рељиќ од Скопје. Родена и израсната во Гази Баба, таа повеќе од осум години е член на таеквондо клубот „Тигри“, од кои четири функционира како професионалец. На последното Европското клупско првенство во таеквондо таа освои златен медал во сениорки -62кг со 4 победи и без изгубена рунда. Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои брознен медал. Како што објаснуваат од Општиан Гази Баба, љубовта кон овој спорт ја има изградено во вистински борец – тренинзите ѝ се комбинација од кондициони (пет пати неделно) и таеквондо техники и тактики (шест пати неделно). Се разбира, тренинзите без спаринг се недоволни и затоа повремено патува надвор од Македонија или поканува професионалци со цел да ја одржи својата форма на највисоко ниво.
На прес-конференцијата на која го најави нејзиното прво учество на Олимписките игри, младата спортистка вети дека ќе даде сè од себе за успешен настап и медал.
Ова се мои први Олимписки игри. Се вративме од 15-деневен тренинг камп, очекувам да го дадам мојот максимум, да бидам фокусирана, да се борам до крајот и со добра ждрепка да стигнам до медал, рече Рељиќ.
За формата на Македонката говореше и нејзиниот тренер Александар Ефтимов. Формата на Рељиќ е на извонредно ниво, таа има седум медали на последните големи турнири. Златото на последното Европско клупско првенство го зголемува оптимизмот дека можеме до медал, додаде Ефтимов.
Попладнево Рељиќ ќе се соочи со Летиција Ајуд од Либан во четвртфиналето. Навиваме од 15.45 часот за таа да е чекор поблиску до медал. Напред наши!

The post Светот допрва ќе слуша за неа: Која е Милијана Рељиќ, македонската гордост на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Рекордерот Гирма хоспитализиран откако падна и ја удри главата на 300 метри до целта https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/rekorderot-girma-hospitaliziran-otkako-padna-i-ja-udri-glavata-na-300-metri-do-tselta/ Thu, 08 Aug 2024 07:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=804414

Етиопскиот атлетичар Ламеха Гирма е пренесен во болница откако падна на Олимпијадата во Париз.

Гирма е светски рекордер на 3.000 метри стиплчез. Тој на олимписката трка на оваа делница падна при прескокнување на пречката на 300 метри до целта. Тркачот се сопна на пречката, падна и удри со главата на патеката, по што лежеше неподвижен. Лекарите кои влегоа на патеката, му го фиксираа вратот и на носилки го изнесоа надвор од арената.

Од таборот на етиопската репрезентација подоцна потврдија дека Гирма се освестил и дека е контактибилиен.

Дваесет и тригодишниот Гирма освои сребро на Олимписките игри во 2020 година, а има и три сребра на светските првенства.

The post Рекордерот Гирма хоспитализиран откако падна и ја удри главата на 300 метри до целта appeared first on Република.

]]>

Етиопскиот атлетичар Ламеха Гирма е пренесен во болница откако падна на Олимпијадата во Париз. Гирма е светски рекордер на 3.000 метри стиплчез. Тој на олимписката трка на оваа делница падна при прескокнување на пречката на 300 метри до целта. Тркачот се сопна на пречката, падна и удри со главата на патеката, по што лежеше неподвижен. Лекарите кои влегоа на патеката, му го фиксираа вратот и на носилки го изнесоа надвор од арената. Од таборот на етиопската репрезентација подоцна потврдија дека Гирма се освестил и дека е контактибилиен. Дваесет и тригодишниот Гирма освои сребро на Олимписките игри во 2020 година, а има и три сребра на светските првенства.

The post Рекордерот Гирма хоспитализиран откако падна и ја удри главата на 300 метри до целта appeared first on Република.

]]>
Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zakachija-infektsija-gnasnite-vodi-na-sena-prerano-go-zavrshija-olimpiskiot-son-za-dvajtsa-triatlontsi-od-shvajtsarija/ Mon, 05 Aug 2024 06:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=803358

Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман нема да учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет.

Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот.

Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена.

На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета.

The post Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман нема да учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет. Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот. Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена. На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета.

The post Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Историски прв олимписки медал за тимот на бегалците https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/istoriski-prv-olimpiski-medal-za-timot-na-begaltsite/ Sun, 04 Aug 2024 16:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=803284

Боксерката Синди Нгамба го обезбеди првиот медал за репрезентацијата на бегалците на Олимпијадата во Париз.

Таа во четвртфиналето во категоријата до 75 килограми ја победи Французинката Давина Мишел.

Синди Нгамба сега е сигурна дека во најлош случај ќе си замине од Париз со бронзен медал.

Бегалскиот тим постои од Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

The post Историски прв олимписки медал за тимот на бегалците appeared first on Република.

]]>

Боксерката Синди Нгамба го обезбеди првиот медал за репрезентацијата на бегалците на Олимпијадата во Париз. Таа во четвртфиналето во категоријата до 75 килограми ја победи Французинката Давина Мишел. Синди Нгамба сега е сигурна дека во најлош случај ќе си замине од Париз со бронзен медал. Бегалскиот тим постои од Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

The post Историски прв олимписки медал за тимот на бегалците appeared first on Република.

]]>
„Србијо, успеавме! Ве сакам“, порача Ноле по историската победа на ЛОИ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/srbijo-uspeavme-ve-sakam-poracha-nole-po-istoriskata-pobeda-na-loi/ Sun, 04 Aug 2024 16:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=803282

По два брејка и речиси три часа борба, Новак Ѓоковиќ го освои олимпиското злато, откако во финалето на натпреварувањето во Париз го совлада Карлос Алкараз.

Српскиот тенисер на тој начин го освои единствениот трофеј што му недостигаше во кариерата, потврдувајќи го епитетот најголем во историјата на овој спорт и дека повредата на коленото која му направи големи проблеми на Вимблдон сега е зад него.

Победничкиот поен дојде во тај-брејк. Алкараз ги однесе двата сета во 13. гем, но Ѓоковиќ беше поприсебен во двата наврати. Така, по две децении и дури пет учества на Олимписки игри, Ѓоковиќ го освои долгоочекуваното злато.

Не знам што да кажам, во целосен шок сум од емоции, се... Целта ми беше полуфинале и медал за Србија, а кога се пласирав играв поопуштено. Сите го сакаа златото , тоа го посакував и јас. Убедливо загубив од него на Вимблдон и тој пораз многу ми помогна во подготовката на овој меч. Таму не можев да играм полошо. Овој пат беше можно подобро. Одев на се или ништо во решавачките моменти, палев форхендови како тој. Не знам... Милијарда емоции будат во мене. Пресреќен сум и премногу горд. Златото за Србија е можеби мојот најголем успех во кариерата, изјави емотивниот Новак Ѓоковиќ по натпреварот.

На „Инстаграм“ тенисерот порача:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

The post „Србијо, успеавме! Ве сакам“, порача Ноле по историската победа на ЛОИ appeared first on Република.

]]>

По два брејка и речиси три часа борба, Новак Ѓоковиќ го освои олимпиското злато, откако во финалето на натпреварувањето во Париз го совлада Карлос Алкараз. Српскиот тенисер на тој начин го освои единствениот трофеј што му недостигаше во кариерата, потврдувајќи го епитетот најголем во историјата на овој спорт и дека повредата на коленото која му направи големи проблеми на Вимблдон сега е зад него. Победничкиот поен дојде во тај-брејк. Алкараз ги однесе двата сета во 13. гем, но Ѓоковиќ беше поприсебен во двата наврати. Така, по две децении и дури пет учества на Олимписки игри, Ѓоковиќ го освои долгоочекуваното злато.
Не знам што да кажам, во целосен шок сум од емоции, се... Целта ми беше полуфинале и медал за Србија, а кога се пласирав играв поопуштено. Сите го сакаа златото , тоа го посакував и јас. Убедливо загубив од него на Вимблдон и тој пораз многу ми помогна во подготовката на овој меч. Таму не можев да играм полошо. Овој пат беше можно подобро. Одев на се или ништо во решавачките моменти, палев форхендови како тој. Не знам... Милијарда емоции будат во мене. Пресреќен сум и премногу горд. Златото за Србија е можеби мојот најголем успех во кариерата, изјави емотивниот Новак Ѓоковиќ по натпреварот.
На „Инстаграм“ тенисерот порача:
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

The post „Србијо, успеавме! Ве сакам“, порача Ноле по историската победа на ЛОИ appeared first on Република.

]]>
Успеа! Ѓоковиќ освои олимписко злато https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/uspea-gokovik-osvoi-olimpisko-zlato/ Sun, 04 Aug 2024 15:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=803274

Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион! Во големото финале во Париз, српскиот тенисер го надигра Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).

Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ. Први во кои играше финале. И оние каде што го оствари сонот за златен медал.

Како најстар финалист во историјата на олимпискиот турнир, во неделата го победи најмладиот финалист - Карлос Алкараз, во борбата за најголемото одличје.

The post Успеа! Ѓоковиќ освои олимписко злато appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион! Во големото финале во Париз, српскиот тенисер го надигра Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ. Први во кои играше финале. И оние каде што го оствари сонот за златен медал. Како најстар финалист во историјата на олимпискиот турнир, во неделата го победи најмладиот финалист - Карлос Алкараз, во борбата за најголемото одличје.

The post Успеа! Ѓоковиќ освои олимписко злато appeared first on Република.

]]>
Што има во торбата за добредојде на спортистите во Олимпиското село? https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shto-ima-vo-torbata-za-dobredojde-na-sportistite-vo-olimpiskoto-selo/ Sun, 04 Aug 2024 15:16:09 +0000 https://republika.mk/?p=803265

Данската ракометарка Елтија Рајнхарт на „Тик ток“ сподели што сè им подготвија спонзорите на спортистите кои се наптреваруваат на овогодинешните Олимписки игри во Париз, а се сметстени во Олимпиското село.

Во торбата со олимпиското лого има ваучер, несесер полн производи, специјално шише и термос.

Највредниот подарок е нов телефон Samsung Z Flip6 од ограничена серија, украсен со олимпиското лого. Доаѓа со E-SIM со 100 GB интернет, како и неограничени повици и пораки.

@altheareinhardt Thank you @paris2024 #olympics #olympian #paris2024 #olympicunboxing #denmark #olympicspirit #handballplayer ♬ Get Ready - Steve Aoki Vocal Radio Edit - 2 Unlimited

The post Што има во торбата за добредојде на спортистите во Олимпиското село? appeared first on Република.

]]>

Данската ракометарка Елтија Рајнхарт на „Тик ток“ сподели што сè им подготвија спонзорите на спортистите кои се наптреваруваат на овогодинешните Олимписки игри во Париз, а се сметстени во Олимпиското село. Во торбата со олимпиското лого има ваучер, несесер полн производи, специјално шише и термос. Највредниот подарок е нов телефон Samsung Z Flip6 од ограничена серија, украсен со олимпиското лого. Доаѓа со E-SIM со 100 GB интернет, како и неограничени повици и пораки.
@altheareinhardt Thank you @paris2024 #olympics #olympian #paris2024 #olympicunboxing #denmark #olympicspirit #handballplayer ♬ Get Ready - Steve Aoki Vocal Radio Edit - 2 Unlimited

The post Што има во торбата за добредојде на спортистите во Олимпиското село? appeared first on Република.

]]>
Се истепаа фудбалерите на Аргентина и на Франција https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/se-istepaa-fudbalerite-na-argentina-i-na-frantsija/ Sat, 03 Aug 2024 09:05:41 +0000 https://republika.mk/?p=802993

Фудбалскиот турнир на Олимписките игри стигна во завршна фаза, а познати се и полуфиналните двојки. За финалето ќе се борат Мароко и Шпанија или Египет и Франција, а двата натпревари се закажани за в понеделник.

Французите стигнаа до полуфиналето со победата против Аргентина во меч кој го одбележаа бројни инциденти. Раниот гол, веќе во петтата минута, беше доволен за домаќините да слават против „гаучосите“.

За Французите, кои од клупата ги предводи Тиери Анри, стрелец беше Жан-Филип Матета, напаѓач на Кристал Палас. Сепак, она за што се пишува и зборува повеќе од самиот натпревар е она што се случи по натпреварот. Веднаш по неговиот крај, дојде до физичка пресметка меѓу играчите.

Сè траеше околу две-три минути пред играчите да бидат разделени. Инцидентот се случил и во тунелот што води кон соблекувалните. Пред, за време и по натпреварот, домашната публика ги исвиркуваше фудбалерите на Аргентина и нивниот селектор.

Се претпоставува дека за се е виновен расистичкиот испад на некои играчи на аргентинската репрезентација по освојувањето на Копа Америка. Тогаш „излезе на површина“ видео на кое се гледа како играчите на сениорската аргентинска репрезентација пеат дека француските репрезентативци се „од Ангола“ и дека имаат „мајки Нигеријки“ и „татковци од Камерун“.

The post Се истепаа фудбалерите на Аргентина и на Франција appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот турнир на Олимписките игри стигна во завршна фаза, а познати се и полуфиналните двојки. За финалето ќе се борат Мароко и Шпанија или Египет и Франција, а двата натпревари се закажани за в понеделник. Французите стигнаа до полуфиналето со победата против Аргентина во меч кој го одбележаа бројни инциденти. Раниот гол, веќе во петтата минута, беше доволен за домаќините да слават против „гаучосите“. За Французите, кои од клупата ги предводи Тиери Анри, стрелец беше Жан-Филип Матета, напаѓач на Кристал Палас. Сепак, она за што се пишува и зборува повеќе од самиот натпревар е она што се случи по натпреварот. Веднаш по неговиот крај, дојде до физичка пресметка меѓу играчите. Сè траеше околу две-три минути пред играчите да бидат разделени. Инцидентот се случил и во тунелот што води кон соблекувалните. Пред, за време и по натпреварот, домашната публика ги исвиркуваше фудбалерите на Аргентина и нивниот селектор. Се претпоставува дека за се е виновен расистичкиот испад на некои играчи на аргентинската репрезентација по освојувањето на Копа Америка. Тогаш „излезе на површина“ видео на кое се гледа како играчите на сениорската аргентинска репрезентација пеат дека француските репрезентативци се „од Ангола“ и дека имаат „мајки Нигеријки“ и „татковци од Камерун“.

The post Се истепаа фудбалерите на Аргентина и на Франција appeared first on Република.

]]>
Чептеги ја потврди доминацијата на 10.000 метри и постави нов рекорд https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/cheptegi-ja-potvrdi-dominatsijata-na-10-000-metri-i-postavi-nov-rekord/ Sat, 03 Aug 2024 08:40:08 +0000 https://republika.mk/?p=802982

Олимписките игри полека влегуваат во втората натпреварувачка недела, што значи дека атлетиката е актуелна. Џошуа Чептеги, атлетичар од Уганда го освои златниот медал на трката на 10.000 метри на Олимписките игри во Париз.

Светскиот рекордер до златното одличје стигна со време од 26:43,14 минути и со тоа постави нов олимписки рекорд.

Сребрениот медал го освои Етиопјанецот Бериху Арегави со време од 26:43.44 минути, а сребрениот му припадна на Американецот Грент Фишер (26:43.46).

Арегави дојде до среброто благодарение на одличната завршница.

The post Чептеги ја потврди доминацијата на 10.000 метри и постави нов рекорд appeared first on Република.

]]>

Олимписките игри полека влегуваат во втората натпреварувачка недела, што значи дека атлетиката е актуелна. Џошуа Чептеги, атлетичар од Уганда го освои златниот медал на трката на 10.000 метри на Олимписките игри во Париз. Светскиот рекордер до златното одличје стигна со време од 26:43,14 минути и со тоа постави нов олимписки рекорд. Сребрениот медал го освои Етиопјанецот Бериху Арегави со време од 26:43.44 минути, а сребрениот му припадна на Американецот Грент Фишер (26:43.46). Арегави дојде до среброто благодарение на одличната завршница.

The post Чептеги ја потврди доминацијата на 10.000 метри и постави нов рекорд appeared first on Република.

]]>
Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/slovachka-plivachka-kolabira-po-uchestvoto-vo-serijata-na-200-metri-meshano/ Fri, 02 Aug 2024 13:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=802813

Словачката Тамара Поточка беше ставена под медицински надзор откако колабираше по натпревар на 200 метри мешано на Олимписките игри во Париз.

Поточка (21) заврши на претпоследното седмо место на третата трка со време од 2:14.20 минути, 4.30 секунди зад победничката Самер Мекинтош од Канада.

Набргу по излегувањето од базенот, Поточка падна, поради што беше потребна интервенција на лекарскиот тим во „Дифенс Арена“.

Пливачката беше ставена на носилка со маска за кислород и однесен во блиската болница на дополнителни тестови.

Според организаторите, Поточка била при свест кога била пренесена со Брза помош.

The post Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано appeared first on Република.

]]>

Словачката Тамара Поточка беше ставена под медицински надзор откако колабираше по натпревар на 200 метри мешано на Олимписките игри во Париз. Поточка (21) заврши на претпоследното седмо место на третата трка со време од 2:14.20 минути, 4.30 секунди зад победничката Самер Мекинтош од Канада. Набргу по излегувањето од базенот, Поточка падна, поради што беше потребна интервенција на лекарскиот тим во „Дифенс Арена“. Пливачката беше ставена на носилка со маска за кислород и однесен во блиската болница на дополнителни тестови. Според организаторите, Поточка била при свест кога била пренесена со Брза помош.

The post Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано appeared first on Република.

]]>
Женг ја совлада Швјонтек за олимписко финале https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zheng-ja-sovlada-shvjontek-za-olimpisko-finale/ Thu, 01 Aug 2024 12:35:33 +0000 https://republika.mk/?p=802371

Кинеската тенисерка Кинвен Женг е првата финалистка на олимпискиот турнир во Париз, откако попладнево забележа сензационална победа над најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска со 2-0 во сетови (6-2, 7-5).

Женг ѝ нанесе неочекуван пораз на Швјонтек на теренот на кој полската тенисерка освои четири грен – слем титули на Ролан Гарос и беше апсолутна фаворитка за златниот медал на Игрите во Париз.

За Женг ова е второ големо финале оваа година, откако во јануари загуби во дуелот за титулата на Австралија Опен од Белорусинката Арина Сабаленка.

Кинеската тенисерка во финалето ќе игра против победничката од второто олимписко полуфинале меѓу Дона Векиќ од Хрватска и Ана Каролина Шмиедлова од Словачка.

The post Женг ја совлада Швјонтек за олимписко финале appeared first on Република.

]]>

Кинеската тенисерка Кинвен Женг е првата финалистка на олимпискиот турнир во Париз, откако попладнево забележа сензационална победа над најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска со 2-0 во сетови (6-2, 7-5). Женг ѝ нанесе неочекуван пораз на Швјонтек на теренот на кој полската тенисерка освои четири грен – слем титули на Ролан Гарос и беше апсолутна фаворитка за златниот медал на Игрите во Париз. За Женг ова е второ големо финале оваа година, откако во јануари загуби во дуелот за титулата на Австралија Опен од Белорусинката Арина Сабаленка. Кинеската тенисерка во финалето ќе игра против победничката од второто олимписко полуфинале меѓу Дона Векиќ од Хрватска и Ана Каролина Шмиедлова од Словачка.

The post Женг ја совлада Швјонтек за олимписко финале appeared first on Република.

]]>
Докторка во 7-ми месец од бременоста победи во мечување на Олиписките игри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/doktorka-vo-7-mi-mesets-od-bremenosta-pobedi-vo-mechuvane-na-olipiskite-igri/ Tue, 30 Jul 2024 11:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=801658

Египќанката Нада Хафез (26), инаку доктор по Патологија, ја постигна првата победа во мечување на Олимписките игри во дисциплината сабја за жени, по што откри дека наскоро ќе стане мајка и дека е во седмиот месец од бременоста.

Она што ви изгледа како двајца спортисти на подиумот, всушност се тројца. Јас, мојот противник и моето бебе кое наскоро ќе се роди. Го пишувам овој пост за да изразам колку сум горда што го обезбедив своето место во осминафиналето. Оваа конкретна Олимпијада беше различна за мене. Трикратна олимпијка, но овој пат носам и мала олимпијка!, напиша Нада Хафез, која победата ја посвети на сите храбри и силни Египќанки.

Ова ѝ се трети Олимписки игри на кои настапува, но прва победа.

The post Докторка во 7-ми месец од бременоста победи во мечување на Олиписките игри appeared first on Република.

]]>

Египќанката Нада Хафез (26), инаку доктор по Патологија, ја постигна првата победа во мечување на Олимписките игри во дисциплината сабја за жени, по што откри дека наскоро ќе стане мајка и дека е во седмиот месец од бременоста. Она што ви изгледа како двајца спортисти на подиумот, всушност се тројца. Јас, мојот противник и моето бебе кое наскоро ќе се роди. Го пишувам овој пост за да изразам колку сум горда што го обезбедив своето место во осминафиналето. Оваа конкретна Олимпијада беше различна за мене. Трикратна олимпијка, но овој пат носам и мала олимпијка!, напиша Нада Хафез, која победата ја посвети на сите храбри и силни Египќанки. Ова ѝ се трети Олимписки игри на кои настапува, но прва победа.

The post Докторка во 7-ми месец од бременоста победи во мечување на Олиписките игри appeared first on Република.

]]>
Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/srbija-go-osvoi-prvoto-zlato-na-olimpiskite-igri-vo-pariz/ Tue, 30 Jul 2024 10:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=801609

Српскиот тим победи во конкуренција на мешани двојки во стрелање со воздушен пиштол на далечина од 10 метри. Зорана Аруновиќ и Дамир Микец го победија турскиот тим со резултат 16:14.

Ова злато беше прво за Србија на Игрите во 2024 година.

Пласман на најдобрите три двојки:
1. Србија (Зорана Аруновиќ, Дамир Микец)
2. Турција (Севал Илајда Тархан, Јусуф Дикеш)
3. Индија (Ману Бакер, Анируд Синг).

The post Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>

Српскиот тим победи во конкуренција на мешани двојки во стрелање со воздушен пиштол на далечина од 10 метри. Зорана Аруновиќ и Дамир Микец го победија турскиот тим со резултат 16:14. Ова злато беше прво за Србија на Игрите во 2024 година. Пласман на најдобрите три двојки: 1. Србија (Зорана Аруновиќ, Дамир Микец) 2. Турција (Севал Илајда Тархан, Јусуф Дикеш) 3. Индија (Ману Бакер, Анируд Синг).

The post Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>
Лош старт за олимписките шампиони: Француските ракометари го претрпеа вториот пораз https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/losh-start-za-olimpiskite-shampioni-frantsuskite-rakometari-go-pretrpea-vtoriot-poraz/ Mon, 29 Jul 2024 20:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=801466

Француските ракометари го претрпеа вториот пораз на Олимписките игри во Париз. Подобра од нив беше Норвешка 27:22 (16:11).

Норвежаните од старт играа во ритам кој очигледно повеќе им одговараше. Веќе по 12 минути игра имаа +4, додека противникот намали на само два гола за споменатиот период. Предноста во првото полувреме беше и до +7, но домаќинот на Игрите некако успеа да ја намали негативата до крајот на полувремето.

Се чинеше дека одморот им одговараше на Французите, кои на стартот од вториот дел се доближија на негатива од три гола, но Норвешка повторно ја стегна одбраната и дојде до недостижно водство.

Ова е втор пораз на актуелниот олимписки шампион. На Франција сега и претстои дуели со Аргентина, Египет и Унгарија. Во случај на пораз на еден од тие натпревари, шансите Франција да оди во следната фаза би биле минимални.

The post Лош старт за олимписките шампиони: Француските ракометари го претрпеа вториот пораз appeared first on Република.

]]>

Француските ракометари го претрпеа вториот пораз на Олимписките игри во Париз. Подобра од нив беше Норвешка 27:22 (16:11). Норвежаните од старт играа во ритам кој очигледно повеќе им одговараше. Веќе по 12 минути игра имаа +4, додека противникот намали на само два гола за споменатиот период. Предноста во првото полувреме беше и до +7, но домаќинот на Игрите некако успеа да ја намали негативата до крајот на полувремето. Се чинеше дека одморот им одговараше на Французите, кои на стартот од вториот дел се доближија на негатива од три гола, но Норвешка повторно ја стегна одбраната и дојде до недостижно водство. Ова е втор пораз на актуелниот олимписки шампион. На Франција сега и претстои дуели со Аргентина, Египет и Унгарија. Во случај на пораз на еден од тие натпревари, шансите Франција да оди во следната фаза би биле минимални.

The post Лош старт за олимписките шампиони: Француските ракометари го претрпеа вториот пораз appeared first on Република.

]]>
ОИ 2024: Повредата на гимнастичарката Симон Бајлс не е загрижувачка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-2024-povredata-na-gimnasticharkata-simon-bajls-ne-e-zagrizhuvachka/ Mon, 29 Jul 2024 16:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=801390

Гимнастичарката Симон Бајлс, која доминираше во квалификациите со женскиот тим на САД на Олимписките игри во Париз во неделата, изјави дека има проблем со мускулот на левата нога. Ова стана јасно за време на директниот пренос на натпреварот од салата Берси.

Селекторот на САД, Сесил Ланди, кратко изјави дека повредата на Бајлс е мала.

Според информациите, гимнастичарката има полесна повреда која ја мачи веќе неколку недели, а нема коментар за повлекувањето на седумкратната олимписка медалистка.

Навистина сум горда на неа и низ што поминала и што му покажува на светот и за што е способна, сподели Ленди.

Бајлс се враќа на олимписката сцена во екипното финале во вторник, она што го пропушти во Токио поради проблем со менталното здравје.

Индивидуалниот повеќебој е во четврток, кога Бајлс и колешката Суниса Ли - освојувач на златен медал во Токио - ќе станат првата двојка олимписки шампиони во повеќебој што ќе се натпреваруваат во финале во ова натпреварување.

The post ОИ 2024: Повредата на гимнастичарката Симон Бајлс не е загрижувачка appeared first on Република.

]]>

Гимнастичарката Симон Бајлс, која доминираше во квалификациите со женскиот тим на САД на Олимписките игри во Париз во неделата, изјави дека има проблем со мускулот на левата нога. Ова стана јасно за време на директниот пренос на натпреварот од салата Берси. Селекторот на САД, Сесил Ланди, кратко изјави дека повредата на Бајлс е мала. Според информациите, гимнастичарката има полесна повреда која ја мачи веќе неколку недели, а нема коментар за повлекувањето на седумкратната олимписка медалистка.
Навистина сум горда на неа и низ што поминала и што му покажува на светот и за што е способна, сподели Ленди.
Бајлс се враќа на олимписката сцена во екипното финале во вторник, она што го пропушти во Токио поради проблем со менталното здравје. Индивидуалниот повеќебој е во четврток, кога Бајлс и колешката Суниса Ли - освојувач на златен медал во Токио - ќе станат првата двојка олимписки шампиони во повеќебој што ќе се натпреваруваат во финале во ова натпреварување.

The post ОИ 2024: Повредата на гимнастичарката Симон Бајлс не е загрижувачка appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ убедливо против Надал, се избори за осминафинале https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-ubedlivo-protiv-nadal-se-izbori-za-osminafinale/ Mon, 29 Jul 2024 14:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=801359

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 и се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Париз.

Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го славеше со 6:1.

Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф.

Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.

The post Ѓоковиќ убедливо против Надал, се избори за осминафинале appeared first on Република.

]]>

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 и се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Париз. Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го славеше со 6:1. Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф. Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.

The post Ѓоковиќ убедливо против Надал, се избори за осминафинале appeared first on Република.

]]>
Македонските спортисти пристигна во олимпиското село во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-sportisti-pristigna-vo-olimpiskoto-selo-vo-pariz/ Wed, 24 Jul 2024 06:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=799710

Македонската делегација составена од спортисти, тренери и службени лица веќе е во Париз и од денес започнуваат со подготовки за своите настапи на ЛОИ 2024.

На Олимпијадата што ќе се одржи од 26 јули до 11 август ќе учествуваат шест Македонци.

Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски (атлетика, маратон) и Мила Рељиќ (таеквондо).

Покрај нив боите на Македонија ќе ги бранат и: Владимир Егоров (борење), Никола Ѓуретановиќ (пливање), Анастасија Мојсовска (стрелаштво) и Еди Шерифовски (џудо).

The post Македонските спортисти пристигна во олимпиското село во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонската делегација составена од спортисти, тренери и службени лица веќе е во Париз и од денес започнуваат со подготовки за своите настапи на ЛОИ 2024. На Олимпијадата што ќе се одржи од 26 јули до 11 август ќе учествуваат шест Македонци. Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски (атлетика, маратон) и Мила Рељиќ (таеквондо). Покрај нив боите на Македонија ќе ги бранат и: Владимир Егоров (борење), Никола Ѓуретановиќ (пливање), Анастасија Мојсовска (стрелаштво) и Еди Шерифовски (џудо).

The post Македонските спортисти пристигна во олимпиското село во Париз appeared first on Република.

]]>
Мбапе нема да игра на Олимпијадата во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mbape-nema-da-igra-na-olimpijadata-vo-pariz/ Wed, 22 May 2024 06:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=780666

- Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе нема да игра на Олимписките игри во Париз, објави „COPE“.

Според шпанското радио, Реал Мадрид, кој има намера да го ангажира 25-годишниот Французин, смета на напаѓачот во август и нема да го пушти на Игрите во 2024 година.

На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24.

Олимписките игри 2024 година во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

The post Мбапе нема да игра на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

- Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе нема да игра на Олимписките игри во Париз, објави „COPE“. Според шпанското радио, Реал Мадрид, кој има намера да го ангажира 25-годишниот Французин, смета на напаѓачот во август и нема да го пушти на Игрите во 2024 година. На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24. Олимписките игри 2024 година во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

The post Мбапе нема да игра на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Милијана Релјиќ не успеа да се квалификува за ЛОИ во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/milijana-reljik-ne-uspea-da-se-kvalifikuva-za-loi-vo-pariz/ Sun, 10 Mar 2024 15:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=753353

Милијана Релијќ, која се натпреварува во такевондо, не успеа да обезбеди норма за настап на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 година. Најдобрата млада спортистка на Македонија за 2023 година беше поразена во својата прва борба од Холанѓанката Ами Минк со 2-0 во рунди.

Претходно, на европските квалификации кои се одржуваат во Софија, Бугарија, и Дејан Георгиевски исто така беше поразен и не успеа да се пласира на ЛОИ во Париз. Тој на претходните Игри во Токио го освои сребрениот медал.

 

The post Милијана Релјиќ не успеа да се квалификува за ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

Милијана Релијќ, која се натпреварува во такевондо, не успеа да обезбеди норма за настап на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 година. Најдобрата млада спортистка на Македонија за 2023 година беше поразена во својата прва борба од Холанѓанката Ами Минк со 2-0 во рунди. Претходно, на европските квалификации кои се одржуваат во Софија, Бугарија, и Дејан Георгиевски исто така беше поразен и не успеа да се пласира на ЛОИ во Париз. Тој на претходните Игри во Токио го освои сребрениот медал.  

The post Милијана Релјиќ не успеа да се квалификува за ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>