ЛОИ 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loi-2024/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 11:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЛОИ 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loi-2024/ 32 32 Отворена изложбата „Со заеднички елан: од игри до дипломатија“ на УКИМ по повод 50 години Француски институт, а во чест на ОИ 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-izlozhbata-so-zaednichki-elan-od-igri-do-diplomatija-na-ukim-po-povod-50-godini-frantsuski-institut-a-vo-chest-na-oi-2024/ Mon, 04 Nov 2024 11:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=833962

Амбасадата на Франција во Скопје и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во петокот, 1 ноември, ја отворија изложбата „Со заеднички елан: од игри до дипломатија“, којашто е поставена на оградата на универзитетскиот кампус, а истата се прикажува низ повеќе земји во светот.

Изложбата ја отворија Иго Бештел, Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и Директор на Францускиот инстут во Скопје, и проф. д-р Александар Скепаровски, Проректор за меѓународна соработка при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во присуство на професорите по француски јазик при Филолошкиот фактитет „Блаже Конески“ во Скопје.

Тие поразговараа за универзитетската соработка помеѓу македонските и француските универзитети, а потоа ја разгледаа изложбата, којашто е поставена во чест на Олимписките и Параолимписките игри, коишто летово се одржаа во Париз.

Целта на изложбата е да се истакнат заедничките вложување за мир во политиката и во спортот на некои од најзначајните светски дипломати, кои биле дел од Олимписките игри низ годините.
Тие испраќаат јазни пораки за мир, за почитување на Правата на Човекот, за еднаквост и за солидарност.

Изложбата ќе биде поставена на УКИМ до крајот на годината.

The post Отворена изложбата „Со заеднички елан: од игри до дипломатија“ на УКИМ по повод 50 години Француски институт, а во чест на ОИ 2024 appeared first on Република.

]]>

Шоу на Том Круз на затворањето на ЛОИ во Париз, скокна од покривот на стадионот „Сен Дени“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shou-na-tom-kruz-na-zatvoraneto-na-loi-vo-pariz-skokna-od-pokrivot-na-stadionot-sen-deni/ Mon, 12 Aug 2024 06:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=805620

Синоќа, доцна во ноќта, официјално беше ставен крај на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, а ѕвезда на вечерта беше Том Круз.

Симболично, олимпиското знаме беше предадено на градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас која ќе биде домаќин на следните ЛОИ кои ќе се одржат во 2028 година во ЛА, но спектакулрното шоу му припадна на славниот холивудски актер. Круз скокна од покривот на стадионот „Сен Дени“ меѓу насобраните спортисти и навивачи и предизвика одушевување кај публиката.

Веднаш потоа со знамето отиде до својот мотор и се упати кон Холивуд, односно Лос Анџелес.

Во церемонијата на затворањето на Игрите беа вклучени повеќе од 100 танчери, циркуски уметници и други изведувачи.

Уметничкиот директор Томас Џоли откри дека церемонијата на затворање била замислена како „комбинација на чудо и дистопија“, а како дел од церемонијата, Златниот патник се спуштил на стадионот за да ги води гледачите низ историјата на Олимписките игри, додека акробатите ги обновија и ги подигнаа познатите пет прстени на Игрите.

Светски познатиот француски бенд „Phoenix“ направи музички спектакл и со своите хитови ја крена публиката на нозе.

На свеченото затворање настапи и францускиот бенд „Air“, кој го отвори настапот со хит песната „Playground Love“.

На свеченото затворање настапи и бендот „Red Hot Chilli Peppers“ со песната „Can’t Stop“ и Били Ајлиш.

Прикажан е и настапот на најголемата вирална ѕвезда на овие Игри, раперот Снуп Дог и Др. Дре, кој беше еден од последните носители на олимпискиот факел низ Париз на свеченото отворање.

Олимписките игри во Париз беа затворени со песната „My Way“.

https://youtu.be/49u3TrRwpOE?si=s78OcylXcSkGFDPF

The post Шоу на Том Круз на затворањето на ЛОИ во Париз, скокна од покривот на стадионот „Сен Дени“ appeared first on Република.

]]>

Синоќа, доцна во ноќта, официјално беше ставен крај на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, а ѕвезда на вечерта беше Том Круз. Симболично, олимпиското знаме беше предадено на градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас која ќе биде домаќин на следните ЛОИ кои ќе се одржат во 2028 година во ЛА, но спектакулрното шоу му припадна на славниот холивудски актер. Круз скокна од покривот на стадионот „Сен Дени“ меѓу насобраните спортисти и навивачи и предизвика одушевување кај публиката. Веднаш потоа со знамето отиде до својот мотор и се упати кон Холивуд, односно Лос Анџелес. Во церемонијата на затворањето на Игрите беа вклучени повеќе од 100 танчери, циркуски уметници и други изведувачи. Уметничкиот директор Томас Џоли откри дека церемонијата на затворање била замислена како „комбинација на чудо и дистопија“, а како дел од церемонијата, Златниот патник се спуштил на стадионот за да ги води гледачите низ историјата на Олимписките игри, додека акробатите ги обновија и ги подигнаа познатите пет прстени на Игрите. Светски познатиот француски бенд „Phoenix“ направи музички спектакл и со своите хитови ја крена публиката на нозе. На свеченото затворање настапи и францускиот бенд „Air“, кој го отвори настапот со хит песната „Playground Love“. На свеченото затворање настапи и бендот „Red Hot Chilli Peppers“ со песната „Can’t Stop“ и Били Ајлиш. Прикажан е и настапот на најголемата вирална ѕвезда на овие Игри, раперот Снуп Дог и Др. Дре, кој беше еден од последните носители на олимпискиот факел низ Париз на свеченото отворање. Олимписките игри во Париз беа затворени со песната „My Way“. https://youtu.be/49u3TrRwpOE?si=s78OcylXcSkGFDPF

The post Шоу на Том Круз на затворањето на ЛОИ во Париз, скокна од покривот на стадионот „Сен Дени“ appeared first on Република.

]]>