логара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/logara/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 09:54:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png логара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/logara/ 32 32 Побргу до албанските плажи: Oтворен за сообраќај големиот тунел Логaра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pobrgu-do-albanskite-plazhi-otvoren-za-soobrakaj-golemiot-tunel-logara/ Sat, 06 Jul 2024 10:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=793988

Тунелот Логaра, еден од најголемите јавни проекти во Албанија, во јужниот дел од државата, што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, денеска е пуштен за сообраќај.

Се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона, во должина е од 5,9 километри, во чија изградба вложени се 139,6 милиони евра, а кој според албански медиуми, има директно влијание врз целата албанска економија.

Главниот тунел е широк 7,70 метри и висок 4,70 метри, со тротоари од двете страни широки по 1,17 метри, и е опремен со вентилација, дренажен систем и систем против пожар и чад.

Тунелот е поврзан и со новиот пат Орикум-Дукат, што овозможува инфраструктурата кон југот на земјата да го скрати растојанието во очекување на рекордни бројки од туризмот годинава. Отворањето на тунелот првично ќе биде етапно за патнички моторни возила и автобуси, а не за тешки товарни возила, објавија медиумите.

Додаваат дека церемонијата на свеченото пуштање била празнична, исполнета со песни и со ора.

Тунелот Логара, едно од историските дела што засекогаш ќе го промени патувањето кон југот, напиша премиерот Еди Рама во објава на Фејсбук.

Вицепремиерката и министерка за енергетика и инфраструктура, Белинда Балуку, во емисија на „Топ чанел“, ноќеска објасни дека годинава минувањето преку тунелот ќе биде бесплатно, но во наредните години ќе чини околу 5 евра.

https://www.youtube.com/live/TSzdDdIcEbU?si=D-3vB6SC0TZD3Jv6

The post Побргу до албанските плажи: Oтворен за сообраќај големиот тунел Логaра appeared first on Република.

]]>

Тунелот Логaра, еден од најголемите јавни проекти во Албанија, во јужниот дел од државата, што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, денеска е пуштен за сообраќај. Се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона, во должина е од 5,9 километри, во чија изградба вложени се 139,6 милиони евра, а кој според албански медиуми, има директно влијание врз целата албанска економија. Главниот тунел е широк 7,70 метри и висок 4,70 метри, со тротоари од двете страни широки по 1,17 метри, и е опремен со вентилација, дренажен систем и систем против пожар и чад.
Тунелот е поврзан и со новиот пат Орикум-Дукат, што овозможува инфраструктурата кон југот на земјата да го скрати растојанието во очекување на рекордни бројки од туризмот годинава. Отворањето на тунелот првично ќе биде етапно за патнички моторни возила и автобуси, а не за тешки товарни возила, објавија медиумите.
Додаваат дека церемонијата на свеченото пуштање била празнична, исполнета со песни и со ора.
Тунелот Логара, едно од историските дела што засекогаш ќе го промени патувањето кон југот, напиша премиерот Еди Рама во објава на Фејсбук.
Вицепремиерката и министерка за енергетика и инфраструктура, Белинда Балуку, во емисија на „Топ чанел“, ноќеска објасни дека годинава минувањето преку тунелот ќе биде бесплатно, но во наредните години ќе чини околу 5 евра. https://www.youtube.com/live/TSzdDdIcEbU?si=D-3vB6SC0TZD3Jv6

The post Побргу до албанските плажи: Oтворен за сообраќај големиот тунел Логaра appeared first on Република.

]]>