Лога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loga/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 12:21:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/loga/ 32 32 Граѓаните на мирен протест бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-na-miren-protest-baraat-izvrshitelite-da-gi-pochituvaat-zakonskite-izmeni-so-koi-dolgovite-zastaruvaat/ Mon, 11 Mar 2024 12:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=753628

Повеќе граѓани денеска поднесоа писмени барања до Министерот за правда, Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови.

Според нив, не се применуваат измените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот.

„Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“ беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа мирен протест за Законот за облигациони односи пред да отпочнат со поднесувањето на барањата.

– Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.

Тие бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат.

– Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот сѐ застарува, па камо ли овде, рече таа.

Самка Ибраимовски, македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд.

– Ни ветивте дека ако Уставноиот суд ја отфрли иницијативата, ќе ни излезете во пресрет и ќе дејствувате, рече тој, и воедно информираше дека има 220 илјади блокирани сметки.

Марјан Ристески, активист и синдикалец, рече дека има сомнеж дека во прашање е криминал.

– Зошто не функционира откако го донесоа законот, се јавија олгаарсите и кога видоа дека се работи за огромна сум за пари останува кај нас сомнеж дека криминалот е во прашање, бидејќи се работи за голема сум за пари, рече тој.

Ненов Марјан од „Но Пасаран“ побара да се блокира Министерството за правда бидејќи, според нив, како што рече, „Не ни треба“.

The post Граѓаните на мирен протест бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат appeared first on Република.

]]>

Повеќе граѓани денеска поднесоа писмени барања до Министерот за правда, Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови. Според нив, не се применуваат измените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот. „Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“ беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа мирен протест за Законот за облигациони односи пред да отпочнат со поднесувањето на барањата. – Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“. Тие бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат. – Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот сѐ застарува, па камо ли овде, рече таа. Самка Ибраимовски, македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд. – Ни ветивте дека ако Уставноиот суд ја отфрли иницијативата, ќе ни излезете во пресрет и ќе дејствувате, рече тој, и воедно информираше дека има 220 илјади блокирани сметки. Марјан Ристески, активист и синдикалец, рече дека има сомнеж дека во прашање е криминал. – Зошто не функционира откако го донесоа законот, се јавија олгаарсите и кога видоа дека се работи за огромна сум за пари останува кај нас сомнеж дека криминалот е во прашање, бидејќи се работи за голема сум за пари, рече тој. Ненов Марјан од „Но Пасаран“ побара да се блокира Министерството за правда бидејќи, според нив, како што рече, „Не ни треба“.

The post Граѓаните на мирен протест бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат appeared first on Република.

]]>
Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-protsesot-na-ekstraditsija-na-palevski-e-vo-tek-i-s-e-kako-shto-treba/ Tue, 19 Dec 2023 11:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=724516

По сите барања постапуваме веднаш и е одговорено. Процесот на екстрадиција е во тек и сѐ е како што треба, изјави министерот за правда Кренар Лога, во врска со екстрадицијата на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, кој е во притвор во Турција.

Во изјава за медиуми по завршувањето на денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, министерот Лога информираше дека за екстрадицијата нема дополнителни нови информации од она што е досега објавено.

- Досега, освен тоа што е објавено од наша страна, нема дополнително нешто друго. Кога и да имаме благовремено ќе бидете известени, рече министерот.

Од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда, претходно на брифинг со медиумите, појаснија дека барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски и дека вчера стигнало известување од Турција дека е примено. Појаснија дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Брифираа дека е мала можноста за Палевски да побара азил, бидејќи, како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

По две недели од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција.

За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември

The post Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба appeared first on Република.

]]>

По сите барања постапуваме веднаш и е одговорено. Процесот на екстрадиција е во тек и сѐ е како што треба, изјави министерот за правда Кренар Лога, во врска со екстрадицијата на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, кој е во притвор во Турција. Во изјава за медиуми по завршувањето на денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, министерот Лога информираше дека за екстрадицијата нема дополнителни нови информации од она што е досега објавено.
- Досега, освен тоа што е објавено од наша страна, нема дополнително нешто друго. Кога и да имаме благовремено ќе бидете известени, рече министерот.
Од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда, претходно на брифинг со медиумите, појаснија дека барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски и дека вчера стигнало известување од Турција дека е примено. Појаснија дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Брифираа дека е мала можноста за Палевски да побара азил, бидејќи, како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата. По две недели од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември

The post Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба appeared first on Република.

]]>
Лога порачува дека функционери нема да бидат дел од амнестијата: „Од затвор не излегуваат академци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-porachuva-deka-funktsioneri-nema-da-bidat-del-od-amnestijata-od-zatvor-ne-izleguvaat-akademtsi/ Thu, 28 Sep 2023 12:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=686053

Министерот за правда, Кренар Лога денеска го поздрави тоа што предлог-законот за амнестија ќе се најде пред пратениците. Според него, останува на сила истиот закон од 2018 година, но додадени се делата кои нема да се амнестираат, врзани со коруптивните дела.

Лога тврди дека ниту еден избран функционер нема да биде дел од оваа амнестија. Исто така дел од амнестијата нема да бидат и предметите со семејно насилство.

Министерот очекува поддршка од сите политички партии, бидејќи вели ова не е за секојдневна политичка агенда.

Законот не влегува во конкретни предмети. Повикувам да не се игра со имиња и со емоции. Од таму не излегуваат академци, туку се знае – затвореници кои се осудени за кривични дела. Само во ВМРО-ДПМНЕ се случува да влегува затвореник како криминалец, а да излегува како академик и да се пречекува во Белата палата како некој јунак во државата, кажа Лога на брифинг со медиумите.

Додаде дека сите предмети што ќе бидат опфатени со законот, ќе важат.

Доколку биде блокиран законот во Собрание, Лога вели дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ и другите партии ќе треба да се демантираат себеси за законот од 2018 година. Тоа е ист закон, повтори министерот.

Освен албуми со слики од условите во затворот во Идризово, пратениците од мене ќе добијат и огледало, за да се прашаат себеси дали ќе дозволат обични граѓани во земјава со помали кривични дела да се враќаат дома како насилници. Да не се злоупотребува ова прашање, посочува Лога што ќе се случи доколку не помине законот.

The post Лога порачува дека функционери нема да бидат дел од амнестијата: „Од затвор не излегуваат академци“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Кренар Лога денеска го поздрави тоа што предлог-законот за амнестија ќе се најде пред пратениците. Според него, останува на сила истиот закон од 2018 година, но додадени се делата кои нема да се амнестираат, врзани со коруптивните дела. Лога тврди дека ниту еден избран функционер нема да биде дел од оваа амнестија. Исто така дел од амнестијата нема да бидат и предметите со семејно насилство. Министерот очекува поддршка од сите политички партии, бидејќи вели ова не е за секојдневна политичка агенда.
Законот не влегува во конкретни предмети. Повикувам да не се игра со имиња и со емоции. Од таму не излегуваат академци, туку се знае – затвореници кои се осудени за кривични дела. Само во ВМРО-ДПМНЕ се случува да влегува затвореник како криминалец, а да излегува како академик и да се пречекува во Белата палата како некој јунак во државата, кажа Лога на брифинг со медиумите.
Додаде дека сите предмети што ќе бидат опфатени со законот, ќе важат. Доколку биде блокиран законот во Собрание, Лога вели дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ и другите партии ќе треба да се демантираат себеси за законот од 2018 година. Тоа е ист закон, повтори министерот.
Освен албуми со слики од условите во затворот во Идризово, пратениците од мене ќе добијат и огледало, за да се прашаат себеси дали ќе дозволат обични граѓани во земјава со помали кривични дела да се враќаат дома како насилници. Да не се злоупотребува ова прашање, посочува Лога што ќе се случи доколку не помине законот.

The post Лога порачува дека функционери нема да бидат дел од амнестијата: „Од затвор не излегуваат академци“ appeared first on Република.

]]>
Министерот Лога ја поздрави одлуката на Уставниот суд и очекува судот да постапува ажурно и за останатите прописи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-loga-ja-pozdravi-odlukata-na-ustavniot-sud-i-ochekuva-sudot-da-postapuva-azhurno-i-za-ostanatite-propisi/ Wed, 27 Sep 2023 17:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=685760

Министерот за правда Кренар Лога ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се укинува Упаството за водење на матичните книги и порача дека очекува „судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи“.

Ваквата реакција од министерот Лога доаѓа откако на седница Уставниот суд, со мнозинство гласови го поништи Упатството за водење матични книги потпишано од него во мај годинава, ценејќи дека одлуката е спротивна на Уставот. Според Уставниот суд, не бил испочитуван законски утврдениот рок за објавување во службен весник.

Министерот за правда Кренар Лога ја поздравува одлуката на Уставен суд и очекува судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи каде што е прекршен уставниот рок за објавување во Службен весник, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Уставниот суд на седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда.

Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на прес-конференција информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник.

Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска.

Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство.

Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.

The post Министерот Лога ја поздрави одлуката на Уставниот суд и очекува судот да постапува ажурно и за останатите прописи appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се укинува Упаството за водење на матичните книги и порача дека очекува „судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи“. Ваквата реакција од министерот Лога доаѓа откако на седница Уставниот суд, со мнозинство гласови го поништи Упатството за водење матични книги потпишано од него во мај годинава, ценејќи дека одлуката е спротивна на Уставот. Според Уставниот суд, не бил испочитуван законски утврдениот рок за објавување во службен весник.
Министерот за правда Кренар Лога ја поздравува одлуката на Уставен суд и очекува судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи каде што е прекршен уставниот рок за објавување во Службен весник, се вели во соопштението од Министерството за правда.
Уставниот суд на седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда. Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на прес-конференција информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник.
Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска.
Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство. Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.

The post Министерот Лога ја поздрави одлуката на Уставниот суд и очекува судот да постапува ажурно и за останатите прописи appeared first on Република.

]]>
Лога и Адеми не го известуваат Судскиот совет за отсуства од седниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-i-ademi-ne-go-izvestuvaat-sudskiot-sovet-za-otsustva-od-sednitsite/ Wed, 30 Aug 2023 09:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=677241

Министерот за правда Кренар Лога и претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, кои се членови по функција на Судскиот совет на Република Македонија, иако уредно поканети за денешната 452 седница, не се присутни и не го известиле советот за нивното отсуство.

Останатите членови на Судскиот совет констатираа дека членовите по функција, иако се уредно поканети, не присуствуваат и не известуваат за своето отсуство на седниците. Тоа, како што посочија, е пракса подолго време.

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, посочи дека присуството на членовите по функција на седниците, особено може да биде значајно за разгледување и изнаоѓање решенија за состојбите во правосудството, за разлика од тоа за некои работи повечќ да се комуницира преку медиумите.

Членот на Советот Ивица Николовски, предложи Претседателот на Судски совет да побара информација за нивното отсуство, посочувајќи дека треба да се прекине праксата, само да се констатира дека се отсутни.

Според членот Селим Адеми, тие се уредно поканети и Советот не може да констатира оправдано или неоправдано.

Тања Чачарова-Илиевска, рече дека тоа што станува збор за членови на Судски совет по функција, не ги оправдува за нивното отсуство и дека можеби треба да се стави забелешка на делот каде е констатирано дека се отсутни, дека не доставиле известување и за претходните седници за кои ќе се утврди дека не доставиле известување.

Советот го прифати предлогот на членот Антоанета Димовска, дека е доволно почнувајќи со денешната само да констатираат на записник дека не го известиле Судскиот совет за нивното отсуство, без да навлегуваат дали е оправдано или неоправдано нивното отсуство.

The post Лога и Адеми не го известуваат Судскиот совет за отсуства од седниците appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога и претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, кои се членови по функција на Судскиот совет на Република Македонија, иако уредно поканети за денешната 452 седница, не се присутни и не го известиле советот за нивното отсуство. Останатите членови на Судскиот совет констатираа дека членовите по функција, иако се уредно поканети, не присуствуваат и не известуваат за своето отсуство на седниците. Тоа, како што посочија, е пракса подолго време. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, посочи дека присуството на членовите по функција на седниците, особено може да биде значајно за разгледување и изнаоѓање решенија за состојбите во правосудството, за разлика од тоа за некои работи повечќ да се комуницира преку медиумите. Членот на Советот Ивица Николовски, предложи Претседателот на Судски совет да побара информација за нивното отсуство, посочувајќи дека треба да се прекине праксата, само да се констатира дека се отсутни. Според членот Селим Адеми, тие се уредно поканети и Советот не може да констатира оправдано или неоправдано. Тања Чачарова-Илиевска, рече дека тоа што станува збор за членови на Судски совет по функција, не ги оправдува за нивното отсуство и дека можеби треба да се стави забелешка на делот каде е констатирано дека се отсутни, дека не доставиле известување и за претходните седници за кои ќе се утврди дека не доставиле известување. Советот го прифати предлогот на членот Антоанета Димовска, дека е доволно почнувајќи со денешната само да констатираат на записник дека не го известиле Судскиот совет за нивното отсуство, без да навлегуваат дали е оправдано или неоправдано нивното отсуство.

The post Лога и Адеми не го известуваат Судскиот совет за отсуства од седниците appeared first on Република.

]]>
Лога разговарал со швајцарскиот обвинител Блатлер за јакнење на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-razgovaral-so-shvajtsarskiot-obvinitel-blatler-za-jaknene-na-kapatsitetite-vo-borbata-protiv-kriminalot-i-koruptsijata/ Sun, 27 Aug 2023 15:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=676355

Министерот за правда Кренар Лога денеска разговорал со државниот обвинител на Швајцарија, Стефан Блатлер во насока на зајакнување на капацитетите за борба против криминалот и корупцијата.

Лога за разговорот информира преку објава на Фејсбук, што ја пренесе Министерството за правда.

-Ги зајакнуваме капацитетите за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, користејќи ја поддршката и искуството на нашите пријатели. Во исто време, отвораме нов прозорец на државни и професионални односи со швајцарските тела за кривично гонење, благодарение на нашата проактивна улога. Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија, г. Стефан Блатлер. Борба против организираниот криминал, валканите пари на политичарите и олигарсите, помош за реформа на правосудниот систем итн,. Прозорецот за соработка останува отворен за понатамошни состаноци на високо ниво со мојот швајцарски колега, наскоро, наведува Лога.

The post Лога разговарал со швајцарскиот обвинител Блатлер за јакнење на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога денеска разговорал со државниот обвинител на Швајцарија, Стефан Блатлер во насока на зајакнување на капацитетите за борба против криминалот и корупцијата. Лога за разговорот информира преку објава на Фејсбук, што ја пренесе Министерството за правда. -Ги зајакнуваме капацитетите за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, користејќи ја поддршката и искуството на нашите пријатели. Во исто време, отвораме нов прозорец на државни и професионални односи со швајцарските тела за кривично гонење, благодарение на нашата проактивна улога. Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија, г. Стефан Блатлер. Борба против организираниот криминал, валканите пари на политичарите и олигарсите, помош за реформа на правосудниот систем итн,. Прозорецот за соработка останува отворен за понатамошни состаноци на високо ниво со мојот швајцарски колега, наскоро, наведува Лога.

The post Лога разговарал со швајцарскиот обвинител Блатлер за јакнење на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>
Лога: Распуштањето на Судскиот совет ќе оди преку институциите, оглас за нов републички јавен обвинител во септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-raspushtaneto-na-sudskiot-sovet-ke-odi-preku-institutsiite-oglas-za-nov-republichki-javen-obvinitel-vo-septemvri-2/ Tue, 22 Aug 2023 12:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=674613

Распуштањето на Судскиот совет, останува како можност и тоа ќе се одвива постепено преку институциите на системот и не наеднаш, рече министерот за правда, Кренар Лога во одговорот на новинарско прашање во врска со неговиот став за распуштање на актуелниот состав.

Ставот и можноста за распуштање остануваат. Но тоа нема да биде трауматичен процес, туку постепено кој треба да биде обезбеден од институциите, рече Лога.

Во врска со смената на првиот човек на државното обвинителство, министерот Лога појасни дека имал разговор во вторникот со премиерот на кој го информирал за истекување на мандатот на актуелниот обвинител и објавувањето на оглас.

Со оглед дека мандатот му истекува во декември, верувам дека во септември ќе ја почнеме постапката за избор на нов републички јавен обвинител, рече Лога.

На новинарското прашање во врска со Судскиот совет и дали е најдено решение во услови кога ЕУ го проверува работењето на Судскиот совет, министерот појасни дека имал средба со претставник на ЕУа а доуредувањето на законот е опфатено во Стратегијата 23-27.

Предвидено е како се избираат и кому одговараат и даваат отчет членовите на Судски совет. Нацртот е пуштен и до ВМРО-ДПМНЕ и ние бараме од нив да се изјаснат, бидејќи ова е процес што бара двотретинско мнозинство. Не за назначување или за разрешување членовите, така што верувам дека заедно и со процесот што го предвидува ЕУ со оценувачката мисија ќе имаме решение за тоа како ќе се движиме, подвлече министерот за правда Кренар Лога.

Во врска со случајот за модуларната болница во Тетово, министерот имал средба со обвинителот Љубомир Јовески. На средбата бил информиран за тоа колку предмети се отворени и како се водат.

- Како што веќе знаете има еден предмет во Основен суд во Тетово кој ја има добиено првата пресуда, вториот предмет е во ОЈО ГОКК во Скопје. Имав средба и со шефот на тоа јавно обвинителство и е во предистражна постапка и верувам дека во следните денови и недели ќе имаме и за тоа разрешница, како што ме информираше јавниот обвинител и обвинителот од ОЈО ГОКК имаат некои постапки што верувам дека за неколку недели ќе имаме разрешница, рече Лога

The post Лога: Распуштањето на Судскиот совет ќе оди преку институциите, оглас за нов републички јавен обвинител во септември appeared first on Република.

]]>

Распуштањето на Судскиот совет, останува како можност и тоа ќе се одвива постепено преку институциите на системот и не наеднаш, рече министерот за правда, Кренар Лога во одговорот на новинарско прашање во врска со неговиот став за распуштање на актуелниот состав.
Ставот и можноста за распуштање остануваат. Но тоа нема да биде трауматичен процес, туку постепено кој треба да биде обезбеден од институциите, рече Лога.
Во врска со смената на првиот човек на државното обвинителство, министерот Лога појасни дека имал разговор во вторникот со премиерот на кој го информирал за истекување на мандатот на актуелниот обвинител и објавувањето на оглас.
Со оглед дека мандатот му истекува во декември, верувам дека во септември ќе ја почнеме постапката за избор на нов републички јавен обвинител, рече Лога.
На новинарското прашање во врска со Судскиот совет и дали е најдено решение во услови кога ЕУ го проверува работењето на Судскиот совет, министерот појасни дека имал средба со претставник на ЕУа а доуредувањето на законот е опфатено во Стратегијата 23-27.
Предвидено е како се избираат и кому одговараат и даваат отчет членовите на Судски совет. Нацртот е пуштен и до ВМРО-ДПМНЕ и ние бараме од нив да се изјаснат, бидејќи ова е процес што бара двотретинско мнозинство. Не за назначување или за разрешување членовите, така што верувам дека заедно и со процесот што го предвидува ЕУ со оценувачката мисија ќе имаме решение за тоа како ќе се движиме, подвлече министерот за правда Кренар Лога.
Во врска со случајот за модуларната болница во Тетово, министерот имал средба со обвинителот Љубомир Јовески. На средбата бил информиран за тоа колку предмети се отворени и како се водат. - Како што веќе знаете има еден предмет во Основен суд во Тетово кој ја има добиено првата пресуда, вториот предмет е во ОЈО ГОКК во Скопје. Имав средба и со шефот на тоа јавно обвинителство и е во предистражна постапка и верувам дека во следните денови и недели ќе имаме и за тоа разрешница, како што ме информираше јавниот обвинител и обвинителот од ОЈО ГОКК имаат некои постапки што верувам дека за неколку недели ќе имаме разрешница, рече Лога

The post Лога: Распуштањето на Судскиот совет ќе оди преку институциите, оглас за нов републички јавен обвинител во септември appeared first on Република.

]]>
Лога на албански јазик одговори на повеќе прашања, а за медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик не сака да зборува надвор од темата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-na-albanski-jazik-odgovori-na-poveke-prashana-a-za-medumite-koi-postavuvaa-prashana-na-makedonski-jazik-ne-saka-da-zboruva-nadvor-od-temata/ Thu, 20 Jul 2023 11:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=663488

Откако на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и уставните измени, министерот за правда, Кренар Лога на медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот, објави Макфакс

Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Боговиње.

Претходно Лога, околу седум минути одговараше на разни прашања поставени од медиумите на албански јазик, а на македонски јазик одговор даде само на прашањето дали се размислува за нови законски измени затоа што Законот за матична евиденција е оспорен пред Уставен суд. Изрази очекувања дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и законот ќе биде во сила понатаму.

Веднаш потоа беше прашан за дигитализацијата на матичните книги, но одби да одговори, коментирајќи дека не сакал да го злоупотребува настанот за други прашања.

По инсистирањето на новинарот да каже што може да се преземе, со цел поголема заштита при пренесување на податоците во дигитална форма, министерот само ги упати да се обратат до директорот на управата за матични книги бидејки тој немал такви информации.

The post Лога на албански јазик одговори на повеќе прашања, а за медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик не сака да зборува надвор од темата appeared first on Република.

]]>

Откако на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и уставните измени, министерот за правда, Кренар Лога на медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот, објави Макфакс
Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Боговиње. Претходно Лога, околу седум минути одговараше на разни прашања поставени од медиумите на албански јазик, а на македонски јазик одговор даде само на прашањето дали се размислува за нови законски измени затоа што Законот за матична евиденција е оспорен пред Уставен суд. Изрази очекувања дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и законот ќе биде во сила понатаму. Веднаш потоа беше прашан за дигитализацијата на матичните книги, но одби да одговори, коментирајќи дека не сакал да го злоупотребува настанот за други прашања. По инсистирањето на новинарот да каже што може да се преземе, со цел поголема заштита при пренесување на податоците во дигитална форма, министерот само ги упати да се обратат до директорот на управата за матични книги бидејки тој немал такви информации.

The post Лога на албански јазик одговори на повеќе прашања, а за медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик не сака да зборува надвор од темата appeared first on Република.

]]>
Уставен одлучи: Графа за етничка припадност во изводите привремено нема да важи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/upatstvoto-na-loga-za-grafa-za-etnichka-pripadnost-vo-izvodite-privremeno-nema-da-vazhi/ Wed, 05 Jul 2023 10:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=658303

Упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое вметна графа за етничка припадност во изводите, привремено нема да важи. Ова е одлуката донесена од уставните судии донесена со пет гласа „за“ и два „против“,

Расправата траеше повеќе од еден и пол час, а ја следеше Лога од публика.

Одлучија постапката за упатството да продолжи, а до конечна одлука да има привремена мерка за упатството да не се применува. Глас „против“ постапката да продолжи имаше од Насер Ајдари и од Фатмир Скендер.

По ваквата одлука, Лога рече дека сега се отвора Пандорината кутија бидејќи, според него, во многу наврати не било почитувано вметнување графа за етничка припадност.

Главната теза за поведување на постапка е пречекорување на рокот за потпишување – од потпишување, до објава во Службен весник.

Упатството на Лога предизвика бурни реакции во јавноста, која се сомневаше дека министерот, заобиколувајќи ги законите, носи одлука која е противуставна.

По упатството, бугарски организации бараа од Македонците да извадат извади каде во графата на етничка припадност ќе стои дека се Бугари, за да полесно дојдат до бугарски пасош.

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, инаку професорка по уставно право, оцени дека одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото Упатство за матични книги во кое има графа за националност е добра вест.

Според неа, новото упатство треба да се поништи. Таа наведува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност, сексуалната ориентација не смеат да се најдат во документ, туку само во матичната книга, затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците.

Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас, напиша Дескоска.

Постапката за Упатството продолжува во Уставен суд.

The post Уставен одлучи: Графа за етничка припадност во изводите привремено нема да важи appeared first on Република.

]]>

Упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое вметна графа за етничка припадност во изводите, привремено нема да важи. Ова е одлуката донесена од уставните судии донесена со пет гласа „за“ и два „против“, Расправата траеше повеќе од еден и пол час, а ја следеше Лога од публика. Одлучија постапката за упатството да продолжи, а до конечна одлука да има привремена мерка за упатството да не се применува. Глас „против“ постапката да продолжи имаше од Насер Ајдари и од Фатмир Скендер. По ваквата одлука, Лога рече дека сега се отвора Пандорината кутија бидејќи, според него, во многу наврати не било почитувано вметнување графа за етничка припадност. Главната теза за поведување на постапка е пречекорување на рокот за потпишување – од потпишување, до објава во Службен весник. Упатството на Лога предизвика бурни реакции во јавноста, која се сомневаше дека министерот, заобиколувајќи ги законите, носи одлука која е противуставна. По упатството, бугарски организации бараа од Македонците да извадат извади каде во графата на етничка припадност ќе стои дека се Бугари, за да полесно дојдат до бугарски пасош. Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, инаку професорка по уставно право, оцени дека одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото Упатство за матични книги во кое има графа за националност е добра вест. Според неа, новото упатство треба да се поништи. Таа наведува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност, сексуалната ориентација не смеат да се најдат во документ, туку само во матичната книга, затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците.
Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас, напиша Дескоска.
Постапката за Упатството продолжува во Уставен суд.

The post Уставен одлучи: Графа за етничка припадност во изводите привремено нема да важи appeared first on Република.

]]>
Лога: Едно од можните решенија е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-edno-od-mozhnite-reshenija-e-so-zakonski-preodni-odredbi-da-imame-prestanok-na-mandatot-na-segashniot-sostav-na-sudskiot-sovet/ Mon, 19 Jun 2023 10:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=653063

Тоа што се случи во Судски совет сите не загрижува и го осудуваме тоа. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија, за кои разговарам и со политичките партии и со власта, е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело, изјави министерот за правда Кренар Лога.

Повеќе информации, посочи Лога, ќе добиеме во следните денови, откако ќе разговарам и со опозицијата во Собранието.

Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите кои што може ние да ги имаме како решение, појасни Лога.

Одговарајќи на новинарски прашања за резултатите од анкетата на ОБСЕ за негативните оценки за судскиот систем, Лога посочи дека при крај е Стратегијата за 2023-2027 година, во чија работна група се дел од институциите, истакнати професори, академци, кои, како што посочи, ќе кажат како да се справиме со овој голем предизвик во судството.

Загрижен сум за истите бројки и податоци, кои ги кажува не само извештајот на ОБСЕ, туку и сите други институции во државата и меѓународната заедница, изјави Лога, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на канцеларија за бесплатна правна помош во општина Шуто Оризари.

Прашан дали ги добил сите записници од седниците на Судскиот совет, Лога рече дека се уште го немаат добиено записникот кој го барале, како и дека не добиле ниту објаснување за тоа.

За жал записникот што ние го бараме, до ден денеска не е доставен до Министерството, изјави Лога.

The post Лога: Едно од можните решенија е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>

Тоа што се случи во Судски совет сите не загрижува и го осудуваме тоа. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија, за кои разговарам и со политичките партии и со власта, е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело, изјави министерот за правда Кренар Лога. Повеќе информации, посочи Лога, ќе добиеме во следните денови, откако ќе разговарам и со опозицијата во Собранието.
Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите кои што може ние да ги имаме како решение, појасни Лога.
Одговарајќи на новинарски прашања за резултатите од анкетата на ОБСЕ за негативните оценки за судскиот систем, Лога посочи дека при крај е Стратегијата за 2023-2027 година, во чија работна група се дел од институциите, истакнати професори, академци, кои, како што посочи, ќе кажат како да се справиме со овој голем предизвик во судството.
Загрижен сум за истите бројки и податоци, кои ги кажува не само извештајот на ОБСЕ, туку и сите други институции во државата и меѓународната заедница, изјави Лога, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на канцеларија за бесплатна правна помош во општина Шуто Оризари.
Прашан дали ги добил сите записници од седниците на Судскиот совет, Лога рече дека се уште го немаат добиено записникот кој го барале, како и дека не добиле ниту објаснување за тоа.
За жал записникот што ние го бараме, до ден денеска не е доставен до Министерството, изјави Лога.

The post Лога: Едно од можните решенија е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>
Етничката припадност ќе се најде на изводите на родени, венчани и починати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/etnichkata-pripadnost-ke-se-najde-na-izvodite-na-rodeni-venchani-i-pochinati-2/ Mon, 29 May 2023 09:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=645672

Со новото упатство за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати, Министерството за правда има за цел да се справи со проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување. Министерот Кренар Лога во понеделник ќе го потпише новото упатство. Тој претходно за Алсат го потврди ова, додавајќи дека нема потреба од други законски измени за да се избегне злоупотреба.

„Со ова ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ. За секоја можна злоупотреба на етничката припадност може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување. И странките во постапката (во случај на вработување) можат да поднесат претставка но и тужба за злоупотреба, во случај институцијата да избегне службени документи“, рече Лога.

Можноста граѓаните да се изјаснуваат за етничката припадност без да се има документ за потврда, остави простор за злоупотреба при вработување во државните институции. Во случаи кога балансерот пресметал дека во одредена институција, за да се постигне правична етничка застапеност, треба да се вработат лица од одредена етничка припадност, апликантите за тоа работно место лажно се декларираа дека имаат одредена етничка припадност за да се прилагодат на конкурсот. Со ова на местата резервирани за Албанци, Роми, Турци и сл., се вработуваа Македонци или обратно. Алсат информираше за десетици вакви случаи, а последен е оној со вработување на осум Македонци во општина Куманово, кои при вработувањето се изјасниле како Албанци. Поради ваквите манипулации, сомнителни се бројките за правична етничка застапеност што Народниот правобранител ги објавува секоја година, а кои покажуваат континуиран пораст на вработеноста на Албанците, Турците, Ромите и етничките малцинства во државните институции. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу пред неколку недели за Алсат изјави дека не верува оти оваа злоупотреба е честа.

„Можеби имате име кое е прогласен како Албанец и може да е од друга националност или обратно, во овој поглед верувам дека овие бројки не се многу точни, не се бројки што ни даваат голема точност. Но, злоупотребата верувам, сакам да верувам, не е повеќе од, да речеме, 0,5%, туку помалку“, рече Алиу.

Балансерот како механизам за обезбедување правична етничка застапеност во институциите беше резултат на Охридскиот договор. Нејзините злоупотреби започнаа во последните години и решението беше ветувано неколку пати но досега не беше постигнато.

The post Етничката припадност ќе се најде на изводите на родени, венчани и починати appeared first on Република.

]]>

Со новото упатство за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати, Министерството за правда има за цел да се справи со проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување. Министерот Кренар Лога во понеделник ќе го потпише новото упатство. Тој претходно за Алсат го потврди ова, додавајќи дека нема потреба од други законски измени за да се избегне злоупотреба. „Со ова ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ. За секоја можна злоупотреба на етничката припадност може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување. И странките во постапката (во случај на вработување) можат да поднесат претставка но и тужба за злоупотреба, во случај институцијата да избегне службени документи“, рече Лога. Можноста граѓаните да се изјаснуваат за етничката припадност без да се има документ за потврда, остави простор за злоупотреба при вработување во државните институции. Во случаи кога балансерот пресметал дека во одредена институција, за да се постигне правична етничка застапеност, треба да се вработат лица од одредена етничка припадност, апликантите за тоа работно место лажно се декларираа дека имаат одредена етничка припадност за да се прилагодат на конкурсот. Со ова на местата резервирани за Албанци, Роми, Турци и сл., се вработуваа Македонци или обратно. Алсат информираше за десетици вакви случаи, а последен е оној со вработување на осум Македонци во општина Куманово, кои при вработувањето се изјасниле како Албанци. Поради ваквите манипулации, сомнителни се бројките за правична етничка застапеност што Народниот правобранител ги објавува секоја година, а кои покажуваат континуиран пораст на вработеноста на Албанците, Турците, Ромите и етничките малцинства во државните институции. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу пред неколку недели за Алсат изјави дека не верува оти оваа злоупотреба е честа. „Можеби имате име кое е прогласен како Албанец и може да е од друга националност или обратно, во овој поглед верувам дека овие бројки не се многу точни, не се бројки што ни даваат голема точност. Но, злоупотребата верувам, сакам да верувам, не е повеќе од, да речеме, 0,5%, туку помалку“, рече Алиу. Балансерот како механизам за обезбедување правична етничка застапеност во институциите беше резултат на Охридскиот договор. Нејзините злоупотреби започнаа во последните години и решението беше ветувано неколку пати но досега не беше постигнато.

The post Етничката припадност ќе се најде на изводите на родени, венчани и починати appeared first on Република.

]]>
Министерот за правда Лога во Хаг оствари средба со претседателот на Европравда, Хамран https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-loga-vo-hag-ostvari-sredba-so-pretsedatelot-na-evropravda-hamran/ Mon, 15 May 2023 17:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=641091

Соработката меѓу Македонија и Европравда ќе се интензивира и продлабочи во наредниот период. Министерот за правда Кренар Лога кој е во работна посета на Хаг, оствари билатерална средба со Претседателот на Европравда, Ладислав Хамран.

Како што соопшти Министерство за правда, Хамран го истакна задоволството од присуството на министерот за правда Кренар Лога на Конференцијата со која се означува почетокот на Проектот за Западен Балкан и неговата заложба за исполнување на обврските, што ќе придонесат за искористување на поддршката која ја нуди Европравда од аспект на упатување на обвинител за врска од Македонија во Хаг што ќе доведе до видливо зголемување на резултатите во справувањето со прекуграничниот криминал, имајќи ги предвид позитивните искуства во регионот како и градење на националните капацитети.

Лога од своја страна истакна дека е запознаен со досегашната соработка со Европравда како и важноста од исполнувањето на обврските кои не се реализирани од аспект на пристапниот процес.

Министерот ги презентираше активностите кои се преземаат во судството, јавното обвинителство, процесот на дигитализација и носењето на одржливи решенија.

На покана на министерот за правда беше договорено претседателот на Европравда Хамран да ја посети државава.

The post Министерот за правда Лога во Хаг оствари средба со претседателот на Европравда, Хамран appeared first on Република.

]]>

Соработката меѓу Македонија и Европравда ќе се интензивира и продлабочи во наредниот период. Министерот за правда Кренар Лога кој е во работна посета на Хаг, оствари билатерална средба со Претседателот на Европравда, Ладислав Хамран. Како што соопшти Министерство за правда, Хамран го истакна задоволството од присуството на министерот за правда Кренар Лога на Конференцијата со која се означува почетокот на Проектот за Западен Балкан и неговата заложба за исполнување на обврските, што ќе придонесат за искористување на поддршката која ја нуди Европравда од аспект на упатување на обвинител за врска од Македонија во Хаг што ќе доведе до видливо зголемување на резултатите во справувањето со прекуграничниот криминал, имајќи ги предвид позитивните искуства во регионот како и градење на националните капацитети. Лога од своја страна истакна дека е запознаен со досегашната соработка со Европравда како и важноста од исполнувањето на обврските кои не се реализирани од аспект на пристапниот процес. Министерот ги презентираше активностите кои се преземаат во судството, јавното обвинителство, процесот на дигитализација и носењето на одржливи решенија. На покана на министерот за правда беше договорено претседателот на Европравда Хамран да ја посети државава.

The post Министерот за правда Лога во Хаг оствари средба со претседателот на Европравда, Хамран appeared first on Република.

]]>
Откако ќе се комплетира документацијата, ќе се размислува за можно префрлање во Косово на осудените во „Диво насеље“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-ke-se-kompletira-dokumentatsijata-ke-se-razmisluva-za-mozhno-prefrlane-vo-kosovo-na-osudenite-vo-divo-nasele/ Thu, 11 May 2023 13:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=639773

Косовските власти прво треба да ги признаат пресудите на нашите судови. Документацијата се уште не е комплетирана. Откако ќе се комплетира, ќе се размислува за можните варијанти и во координација со МВР и косовските власти ќе се утврдува дали постои можност за такво нешто, наведуваат од Министерството за правда по пишувањата во дел од медиумите дека не е исклучена можноста 13-те затвореници од т.н. Кумановска група за случајот „Диво насеље“ од „Идризово“ да бидат префрлени на Косово.

Косовска „Коха“, го пренесува интервјуто на министерот за правда Кренар Лога за косовскиот сервис за „Радио Слободна Европа“, во кое, како што пишува, истакнал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.

Она што го добив од предметната документација и на која се повикаа вработените во администрацијата во рамките на министерството е дека дел од барањата не се целосни. Започнавме со процесот на комплетирање на документацијата, потоа една по една почнуваат фазите кои течат до моментот кога мора да се изврши нивното префрлање во затворите на Косово, рекол Лога за РСЕ, пренесува косовска „Коха“. 

The post Откако ќе се комплетира документацијата, ќе се размислува за можно префрлање во Косово на осудените во „Диво насеље“ appeared first on Република.

]]>

Косовските власти прво треба да ги признаат пресудите на нашите судови. Документацијата се уште не е комплетирана. Откако ќе се комплетира, ќе се размислува за можните варијанти и во координација со МВР и косовските власти ќе се утврдува дали постои можност за такво нешто, наведуваат од Министерството за правда по пишувањата во дел од медиумите дека не е исклучена можноста 13-те затвореници од т.н. Кумановска група за случајот „Диво насеље“ од „Идризово“ да бидат префрлени на Косово. Косовска „Коха“, го пренесува интервјуто на министерот за правда Кренар Лога за косовскиот сервис за „Радио Слободна Европа“, во кое, како што пишува, истакнал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.
Она што го добив од предметната документација и на која се повикаа вработените во администрацијата во рамките на министерството е дека дел од барањата не се целосни. Започнавме со процесот на комплетирање на документацијата, потоа една по една почнуваат фазите кои течат до моментот кога мора да се изврши нивното префрлање во затворите на Косово, рекол Лога за РСЕ, пренесува косовска „Коха“. 

The post Откако ќе се комплетира документацијата, ќе се размислува за можно префрлање во Косово на осудените во „Диво насеље“ appeared first on Република.

]]>