Љутков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljutkov/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 15:12:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љутков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljutkov/ 32 32 Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kreativnite-industrii-mozhat-da-bidat-dvigatel-na-ekonomijata-tvrdat-vrvni-profesionaltsi-od-velika-britanija/ Tue, 26 Nov 2024 17:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=842007

„Форум Скопје – Секторски консултации“ во Јавна соба: Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија

Креативните индустрии се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, рече Даниел Филер, заменик амбасадор на Велика Британија во земјава.

Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, и пренесе дел од неговото огромно искуство кое придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари.

Креативниот потенција кој го поседува Македонија, доколку е добро организиран може да биде еден од водечките двигатели на економијата, а потребно да се оформи добра стратегија со помош на интерактивно делување меѓу креативците и државата, беа клучните воведни зборови со кои беше отворен „Форум Скопје – Секторски консултации“ - во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии - УМПАКИ.

Форумот го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека креативните индустрии, во последните години во глобални рамки се покажаа како исклучително продуктивна и профитабилна област која нуди широк простор за презентирање на вештината, имагинацијата и талентот на креативците и нивно соодветно валоризирање на пазарот.

“Министерството за култура и туризам во рамки на преземените активности во фаза е формирање е Совет за креативни индустрии составен од стручни лица, кои ќе изработат Национална стратегија за развој на креативните индустрии со Акциски план, а се преземаат подготвителни активности за изработка на ново мапирање на креативните индустрии во РМ, по што ќе го објавиме и Конкурсот за финансирање проекти од оваа област. Од тие причини верувам дека токму денешниот настан ќе биде одлична можност за размена на мислења, знаења и искуства за реализација на различни проекти кои ќе го зголемат влијанието на креативната економија и ќе ја збогатат културната понуда во земјава. Сето тоа ќе отвори нови можности за културна размена и соработка, ќе придонесе за подобрување на културниот дијалог и развој на локалната културна сцена, ќе им овозможи на уметниците и дејците да се поврзат, да разменуваат идеи и да учествуваат во меѓународни проекти.“, рече Љутков.

Заменик амбасадор на ОК, Даниел Филер, рече дека искуството на Велика Британија покажува дека креативната индустрија од маргинализирана, сега е еден од петте водечки двигатели на економијата.

-Веќе неколку дена во Скопје разговараме за оваа важна тема за секоја држава и се радувам на соработката со Министерството за култура, бидејќи има сензибилитет за развој на креативните индустрии. Колку за пример Велика Британија во 2022 година во севкупната економија инкасираше 124 милјарди фунти со што стана една од петте водечки индустрии, и натаму бележи раст. Креативните индустрии бележат двојно побрз раст на економијата од сите останати индустрии. Тие се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, и се атрактивни за туризмот. Се надевам дека ќе продолжиме со соработката и во иднина вашата држава ќе покаже многу резултат, со оглед на троа што има голем креативен потенцијал, рече Филер.

Кирил Ѓозев од Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии - УМПАКИ. Како претставник на УМПАКИ, истакна дека заедничката визија за развој на креативните индустрии се доближува кон својата цел и се надева дека со креативците заедно ќе се изградат мостови со нови партнери.

-Благодарен сум на можноста да разговараме за унапредување на креативната економија. Како организација наша задача е да обезбедиме дека гласовите на креативците ќе бидат слушнати, а со заедничко дејствување ќе ја обликуваме нашата економија и нашето општество, рече Ѓозев.

Во присуство на претставници на креативните индустрии, медиумите и останати заинтересирани посетители на форумот, Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, по што следуваа дискусии за издвојување на 10 приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци дискутираат со своите колеги на следниве теми: Градење нов идентитет преку големи културни настани; Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа); Образование за креативни кариери; Подобрување на условите за креативна продукција;

Брајдон е обучен антрополог чија специјалност е културно позиционирање на ниво на град, на регион и на хипер-локално ниво. Тој е признат и искусен културен стратег, директор на фестивали и големи настани, едукатор како и уметнички продуцент. Има освоено престижни национални награди во Англија и Шкотска. Неговото огромно искуство придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари.

Покрај него во Скопје е и Сузан Финеган, комерцијален директор на секторот култура во Ливерпул, која има над 20 годишно искуство во менаџмент на настани, стратегија на дестинација, и бренд активација. Таа е дел од тимот кој стои зад успехот на Ливерпул - град на културата во 2008 година и Ливерпул - домаќин на Евровизија во 2023. Нејзината работа е признаена и преку низа национални награди и признанија.

Покрај овие искусни професионалци во рамки на „Форумoт за креативни индустрии“, свои искуства пренесоа и: Хејли Пеплер, Раководител на Култура, Креативни индустрии и дигитална патоказна стратегија - West Midlands Combined Authority, како и Лејла Конвеј, Раководител на образование, кариера и вклучување на младите - London Legacy Development Corporation

Овој форум е континуитет на конференцијата за развој на креативниот туризам која се одржа за време на Skopje Design Week 2024 и беше прва јавна дискусија по спојувањето на Министерството за култура со секторот туризам.

The post Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија appeared first on Република.

]]>

„Форум Скопје – Секторски консултации“ во Јавна соба: Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија Креативните индустрии се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, рече Даниел Филер, заменик амбасадор на Велика Британија во земјава. Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, и пренесе дел од неговото огромно искуство кое придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари. Креативниот потенција кој го поседува Македонија, доколку е добро организиран може да биде еден од водечките двигатели на економијата, а потребно да се оформи добра стратегија со помош на интерактивно делување меѓу креативците и државата, беа клучните воведни зборови со кои беше отворен „Форум Скопје – Секторски консултации“ - во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии - УМПАКИ. Форумот го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека креативните индустрии, во последните години во глобални рамки се покажаа како исклучително продуктивна и профитабилна област која нуди широк простор за презентирање на вештината, имагинацијата и талентот на креативците и нивно соодветно валоризирање на пазарот. “Министерството за култура и туризам во рамки на преземените активности во фаза е формирање е Совет за креативни индустрии составен од стручни лица, кои ќе изработат Национална стратегија за развој на креативните индустрии со Акциски план, а се преземаат подготвителни активности за изработка на ново мапирање на креативните индустрии во РМ, по што ќе го објавиме и Конкурсот за финансирање проекти од оваа област. Од тие причини верувам дека токму денешниот настан ќе биде одлична можност за размена на мислења, знаења и искуства за реализација на различни проекти кои ќе го зголемат влијанието на креативната економија и ќе ја збогатат културната понуда во земјава. Сето тоа ќе отвори нови можности за културна размена и соработка, ќе придонесе за подобрување на културниот дијалог и развој на локалната културна сцена, ќе им овозможи на уметниците и дејците да се поврзат, да разменуваат идеи и да учествуваат во меѓународни проекти.“, рече Љутков. Заменик амбасадор на ОК, Даниел Филер, рече дека искуството на Велика Британија покажува дека креативната индустрија од маргинализирана, сега е еден од петте водечки двигатели на економијата. -Веќе неколку дена во Скопје разговараме за оваа важна тема за секоја држава и се радувам на соработката со Министерството за култура, бидејќи има сензибилитет за развој на креативните индустрии. Колку за пример Велика Британија во 2022 година во севкупната економија инкасираше 124 милјарди фунти со што стана една од петте водечки индустрии, и натаму бележи раст. Креативните индустрии бележат двојно побрз раст на економијата од сите останати индустрии. Тие се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, и се атрактивни за туризмот. Се надевам дека ќе продолжиме со соработката и во иднина вашата држава ќе покаже многу резултат, со оглед на троа што има голем креативен потенцијал, рече Филер. Кирил Ѓозев од Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии - УМПАКИ. Како претставник на УМПАКИ, истакна дека заедничката визија за развој на креативните индустрии се доближува кон својата цел и се надева дека со креативците заедно ќе се изградат мостови со нови партнери. -Благодарен сум на можноста да разговараме за унапредување на креативната економија. Како организација наша задача е да обезбедиме дека гласовите на креативците ќе бидат слушнати, а со заедничко дејствување ќе ја обликуваме нашата економија и нашето општество, рече Ѓозев. Во присуство на претставници на креативните индустрии, медиумите и останати заинтересирани посетители на форумот, Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, по што следуваа дискусии за издвојување на 10 приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци дискутираат со своите колеги на следниве теми: Градење нов идентитет преку големи културни настани; Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа); Образование за креативни кариери; Подобрување на условите за креативна продукција; Брајдон е обучен антрополог чија специјалност е културно позиционирање на ниво на град, на регион и на хипер-локално ниво. Тој е признат и искусен културен стратег, директор на фестивали и големи настани, едукатор како и уметнички продуцент. Има освоено престижни национални награди во Англија и Шкотска. Неговото огромно искуство придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари. Покрај него во Скопје е и Сузан Финеган, комерцијален директор на секторот култура во Ливерпул, која има над 20 годишно искуство во менаџмент на настани, стратегија на дестинација, и бренд активација. Таа е дел од тимот кој стои зад успехот на Ливерпул - град на културата во 2008 година и Ливерпул - домаќин на Евровизија во 2023. Нејзината работа е признаена и преку низа национални награди и признанија. Покрај овие искусни професионалци во рамки на „Форумoт за креативни индустрии“, свои искуства пренесоа и: Хејли Пеплер, Раководител на Култура, Креативни индустрии и дигитална патоказна стратегија - West Midlands Combined Authority, како и Лејла Конвеј, Раководител на образование, кариера и вклучување на младите - London Legacy Development Corporation Овој форум е континуитет на конференцијата за развој на креативниот туризам која се одржа за време на Skopje Design Week 2024 и беше прва јавна дискусија по спојувањето на Министерството за култура со секторот туризам.

The post Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-i-komesarot-tokura-preku-memorandumot-za-sorabotka-gi-zblizhuvame-makedonskata-i-japonskata-kultura-2/ Tue, 26 Nov 2024 16:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=841993

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Владата оствари билатерална средба со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава. По средбатаЉутков и Токура потпишаа Меморандум за соработка во областа на културатакој е прв билатерален документ во оваа сфера меѓу двете држави.

Во изјавата за медиумите, министерот Љутков посетата на јапонскиот комесар за култура ја оцени како историска, бидејќи, како што нагласи, сите наши заложби за продлабочување на блиските и пријателски односи со Јапонија, во оваа година кога се одбележува 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи, се материјализираат со потпишувањето на Меморандумот за културна соработка.

Министерот за култура и туризам изрази очекување дека директната комуникација ќе овозможи реципрочни гостувања на ансамбли и репродуктивни уметници од музичко-сценската и театарската дејност, соработка меѓу музеите, галериите и уметничките центри, како и размена на искуства во управувањето на локалитетите кои се впишани на Листата на светското наследство на УНЕСКО, со оглед на тоа што Јапонија има впишано вкупно 26 локалитети.

Љутков ја нагласи можноста за соработка и во филмската дејност, имајќи го предвид фактот дека во Токио секоја година се одржува големиот филмски фестивал чиј еден од програмските директори е и Андријана Цветковиќ, на која ѝ упати благодарност за нејзиниот целокупен ангажман во реализацијата на оваа посета, но и за нејзиниот влог во градењето на односите меѓу двете држави, како прв резидентен амбасадор во Јапонија.

Упатувајќи благодарност за целокупната јапонска помош за нашата држава преку различни донации, грантови и проекти што го стимулираат нашиот економски, социјален и културен развој, министерот Љутков изрази уверување дека и во иднина ќе се реализираат уште многу иницијативи и проекти кои ќе ги унапредат нашите односи.

На средбата, министерот Љутков го запозна комесарот Токура и со претстојното претставување на нашата држава во рамките на  EXPO OSAKA 2025 година, каде што во чест на одбележувањето на 60-годишнината од проектот на големиот Кензо Танге за реконструкција на централното подрачје на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во Јапонија ќе биде презентирана и изложбена поставка која ќе ги претстави особеностите на овој проект, а ќе има и други значајни програмски содржини, настапи на нашите реномирани уметници.

Јапонскиот комесар за културни врски, Токура, во изјавата за медиумите потенцираше дека потпишувањето на Меморандумот во година кога се одбележуваат три децении од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји претставува огромен поттик за развој на соработката која ги покрива сите сфери од културата и уметноста.

За време на работната посета на нашата држава, комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, ќе ја посети и Филхармонијата, каде што ќе се сретне со репродуктивни уметници, а во текот на утрешниот ден ќе ги посети и Музејот на македонската борба за самостојност и Старата скопска чаршија, каде што во Даут-пашиниот амам ќе ја разгледа изложбата на македонскиот сликар Вангел Коџоман. Денеска во 18 часот во Македонскиот народен театар, министерот Љутков и комесарот Токура ќе присуствуваат на концерт на Оркестарот за џез-музика, во чест на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Јапонија.

The post Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура appeared first on Република.

Љутков: Иако имало обезбедено средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-iako-imalo-obezbedeno-sredstva-za-popravki-toa-ne-se-sluchilo-vo-ovie-sedum-godini-vo-mnt/ Thu, 14 Nov 2024 13:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=837732

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска го посети МНТ и рече дека затекнал две состојби, од едната е пресреќен, откако ги видел пробите за неколку претстави во тек, а од другата е ужаснат и шокиран.

Оваа ситуација, со овој распаднат театар трае веќе 7, 8 години. Иако се знаеле позициите дека некаде капе, дека има проблем, иако имало обезбедувано средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години. И можам да заклучам дека со тенденција се држел Македонскиот народен театар да биде во ваква очајна состојба. Тој е изграден со многу љубов, не велам дека немало пропусти при изградбата, можеби имало. Во однос на буџетот, имало години кога имале по 20 милиони денари за продукција. Во 2017 имало 14 милиони денари, а денес имаме 4 милиони денари, рече Љутков.

На новинарско прашање дали ќе побара одговорност за ваквата состојба, министерот рече дека состојбите за театарот најдобро ги знае директорот, како се правени постапките и зошто е правено и оти се надева оти ќе се најде кривецот.

Не може сега да се очекува од нас, дека во рок од шест месеци ќе можеме да направиме чудо. Но, јас ветувам дека од година во година и во делот на инвестициите, но и во делот на програмите, со менаџери какви што ги имаме денес, ќе го разбудиме „заспаниот џин легнат покрај реката Вардар“. Ќе им го вратиме сјајот на институциите. Можеби ќе оди побавно, но ќе биде квалитетно, додаде Љутков.

Тој потенцираше дека се детектирани неколку точки коишто се најпроблематични, тоа се балконите од левата и десна страна. Додаде дека со еден проект може да се средат клучните точки, и за ова не е потребно некоја претерано голема сума за инвестирање.

Вие можете да ги затворите тие балкони, да ги застаклите и да го забраните дотокот на вода, таа е помала инвестиција. Поголемата инвестиција е во однос на штетата што е предизвикана од тоа што не било интервенирало на време. Затоа ќе одиме фаза по фаза, рече Љутков.

The post Љутков: Иако имало обезбедено средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години во МНТ appeared first on Република.

Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ekskluzivnite-naodi-od-pred-2-iljadi-i-petstotini-godini-go-zatsvrstuvaat-mestoto-na-makedonskata-arheologija-vo-svetot/ Fri, 08 Nov 2024 13:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=835600

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион.

На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на нашата земја, туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство.

Пред нас и пред целата јавност денеска ексклузивно ги презентираме вредните наоди  откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион. Истражуваниот локалитет на ова место претставува некропола од архајскиот период (6 век пр. Христа), која  по многу нешта наликува на далеку попознатата Требенишка некропола која е во непосредна близина.  Во рамките на гробната целина регистрирани се околу 80 наоди, од кои дел се пред нас. Откритијата се резултат на последните археолошки ископувања кои го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание се и понатаму значајни за нашето разбирање на историскиот контекст, рече министерот Љутков.

Тој информираше дека археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј, што се  одвиваат на локалитетот Расница во атарот на с. Корошишта, Струшко. Се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на с. Корошишта, Струшко  открива бронзен шлем кој потоа го предава во Завод и музеј Охрид.

Министерот изрази голема благодарност за одговорниот  пристап кон културното наследство и за несебичната помош и соработка.

Зачувувањето на нашето културно наследство, не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија, не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на  регионалната, балканската и европската археолошка сцена, рече Љутков.

Археологот Перо Арџанлиев раководител на истражувањата информираше дека во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања.

Во рамки на гробната целина откриени се бронзен шлем; златни прстени, килибарни и стаклени перли; златни фолии со различни форми и декорација; сребрени игли; бронзен сад за вино; сребрен кантарос; бронзени чинии и др кои подоцна ќе бидат конзервирани и претставени пред јавноста.  Овие наоди се од посебно значење за научниот и културниот аспект на истражувањата туку тие ја надополнуваат и сликата за нашето познавање за културно-историските и општествени прилики во овој регион, рече Арџанлиев.

Инаку во  Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број на некрополи од архајскиот период, со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на високо организирана социјална елита на овој простор во тоа време.

На прес-конференцијата на која беа изложени ексклузивно дел од пронајдоците присуствуваа и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, НУ Археолошкиот музеј од Скопје и на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински од Струга,  Горан Патчев, Славица Бабамова и Цветлана Василевска како и археологот Перо Арџанлиев со дел од тимот археолози.

The post Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот appeared first on Република.

Следете во живо: Министерот Љутков на конференција за развој на креативниот туризам во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sledete-vo-zhivo-ministerot-lutkov-na-konferentsija-za-razvoj-na-kreativniot-turizam-vo-makedonija/ Tue, 05 Nov 2024 09:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=834263

Првата јавна дискусија која има за цел да ги расчлени и расветли сегментите кои се однесуваат на обединување на културата и туризмот која е востановена неодамна во ресорот на Министерството за култура и туризам. Воедно таа има за цел да ги обедини сите чинители кои со своите искуства можат да допринесат во насока на раст и одржлив развој на оваа тема. Конференцијата за развој на креативен туризам ја организира Skopje Design week 2024 во соработка со Министерството за култура.

Конференцијата се одржува денес (5 ноември) со почеток во 10 часот на која воведно излагање ќе има министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

The post Следете во живо: Министерот Љутков на конференција за развој на креативниот туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>

Првата јавна дискусија која има за цел да ги расчлени и расветли сегментите кои се однесуваат на обединување на културата и туризмот која е востановена неодамна во ресорот на Министерството за култура и туризам. Воедно таа има за цел да ги обедини сите чинители кои со своите искуства можат да допринесат во насока на раст и одржлив развој на оваа тема. Конференцијата за развој на креативен туризам ја организира Skopje Design week 2024 во соработка со Министерството за култура. Конференцијата се одржува денес (5 ноември) со почеток во 10 часот на која воведно излагање ќе има министерот за култура и туризам Зоран Љутков.  

The post Следете во живо: Министерот Љутков на конференција за развој на креативниот туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>
Љутков: Констатирани се бројни прекршувања на позитивните законски прописи и во постапката за преземање на реконструкцијата на Универзална сала и во постапките на спроведување на јавните набавки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lutkov-konstatirani-se-brojni-prekrshuvana-na-pozitivnite-zakonski-propisi-i-vo-postapkata-za-prezemane-na-rekonstruktsijata-na-univerzalna-sala-i-vo-postapkite-na-sproveduvane-na-javnite-nabavki/ Mon, 14 Oct 2024 11:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=826577

Како што најавив, на денешната прес-конференција јавно и транспарентно ќе споделам дел од наодите кои се констатирани во Извештајот на Работната група за вршење на увид во документацијата од постапката на преземање на документацијата од град Скопје за објектот Универзална сала во Министерството за култура и туризам, рече денеска министерот за култура и тузирам, Зоран Љутков.

По темелно и стручно прегледување на целокупната документација, процес кој траеше два месеци, Извештајот е готов и фактите потврдени од професионалци и искусни правници, вработени во Министерството за култура и туризам, говорат дека Универзална сала е преземена од град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони.
Моја должност е да го исправиме сето ова, за да можеме да продолжиме, во интерес на еден толку значаен објект како што е Универзална сала,а во интерес на граѓаните на нашата држава.
Сега ќе се осврнам на дел од наодите од Извештајот на работната група, кои се однесуваат што сме затекнале, каков процес сме затекнале, кои се последиците од таквото незаконско преземање и кои ќе бидат брзите чекори за повторно ставање во функција и отпочнување со градење на Универзална сала.
Констатирани се бројни прекршувања на позитивните законски прописи и во постапката за преземање на реконструкцијата на Универзална сала и во постапките на спроведување на јавните набавки.
• Постапката е започната со Одлуката на Град Скопје како постапка за промена на инвеститор согласно член 70 од Законот за градењето.ж
• Склучениот договор од страна на Министерство за култура и Град Скопје, содржи контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи таксативно кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава.
• Исто така Договорот помеѓу Градот Скопје и Министерствоот за култура, како и Решението за реконструкција од 22.03.2024 година издадено од општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности, односно во јавната книга во која се врши запишување на правото на сопственост и на други стварни права на недвижностите.
• Постапката понатака продолжува како промена на инвеститор но со низа недостатоци и со недефинирани преземени права и обврски, и продолжува со поднесување на барање за реконструкција (а не со барање за промена на инвеститор како што предвиува законот и постаппката во електронскиот систем за е-градежна дозвола). Постапката завршува со издавање на Решение за реконструкција каде како соинвеститори се наведени Град Скопје и Министерството за култура.
• Во оваа постапка преземена е проектна документација директно од правно лице за проектирање, а не од претходниот инвеститор односно од Градот Скопје како што налага Законот за градење. Ниту во Договорот ниту во Записникот од примопредавањето на документација помеѓу Град Скопје и Министерството за култура, не е опфатена ниту примопредадена целокупната документација која била потребна за да се продолжи со реконструкцијата на Универзална сала.
• Не е донесена одлука за престанок и за давање на користење на недвишната ствар – објектот на Универзална сала.
• Согласно ова, на Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон (за втора фаза од реконструкцијата).
• Министерството за култура и туризам условно исполнил само еден од двата кумулативни законски услови предвидени во член 70 од Законот за градење, за да може да се стекне со статус на инвеститор, а тоа е: со склучување на посебен договор помеѓу претходниот и новиот инвеститор, да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го исполнил и вториот законски услов, а тоа е да биде носител на правото на градење.
• Постапките по јавни набавки кои се распишани и спроведени во меѓувреме од страна на поранешното раководство на Министерството за култура и туризам, а се однесуваат за објектот на Универзална сала Скопје, имајќи ги во предвид констатираните недостатоци и пропусти во постапката Министерството за култура да има статус на инвеститор на реконструкцијата, се поништени.
Почитувани новинари,
Ова е накусо состојбата која ја затекнавме. Веднаш по моето стапување на должност министер за култура и туризам, на 3 јули годинава поднесовме барање до Државниот завод за ревизија за спроведување на постапка на ревизија над постапката на превземање на реконструкцијата за објектот Универзална сала од Град Скопје во Министерството за култура и туризам, а на први август поднесовме и барање до Министерството за транспорт и врски како надлежен орган согласно Законот за градењето за вршење на управен надзор над постапката за издавање на решението за реконструкција донесено од Општина Центар.
Целокупната документација е предадена во Јавното обвинителство затоа сега нема многу да навлегуваме во детали се до произнесувањето на надлежните државни органи.
Исто така, во соработка со досегашните учесници во градбата (управител на градба, стручен надзор и со правен субјект за вештачење) во тек е подготовка на стручен извештај со податоци односно пресек на извршени и незавршени градежни работи на објектот, исплатени и неисплатени позиции од градежни работи по времени ситуации, (за градежни работи кои се пријавени и кои останале непријавени од претходен инвеститор и изведувач) како и од евентуална потреба од изведување на дополнителни и непредвидени градежни работи кои се предизвикани од немилиот настан (пожар) од првата фаза на објектот на Универзална сала во Скопје.
Со оглед на немилиот настан (пожар) констатирано е дека изработената техничка документација за реконструкција на Универзална сала се преиспитува дали постојната состојба има потреба од изработка на нова техничка документација.
Министерството за култура и туризам во меѓувреме достави до Владата на РСМ измени и дополнувања на постојниот Закон за културата со кои ќе се нормира надлежноста на МКТ да го врши правото на реконструкција и над објекти, кои се во општинска сопственост.
На крајот ќе потеницирам, Министерството за култура и туризам не е тука да руши или да ја одолговлекува изградбата на Универзална сала, или кој било друг објект.
Нашата цел е да биде изградена Универзалната сала, објект кој е во нашата меморија како граѓани, сцена каде сме виделе или се доживеале прекрасни културни настани.
Универзална сала ќе биде изградена, но исклучиво во постапка која е легална и која ги почитува сите законски норми, во интерес на македонските граѓани.

The post Љутков: Констатирани се бројни прекршувања на позитивните законски прописи и во постапката за преземање на реконструкцијата на Универзална сала и во постапките на спроведување на јавните набавки appeared first on Република.

]]>

Како што најавив, на денешната прес-конференција јавно и транспарентно ќе споделам дел од наодите кои се констатирани во Извештајот на Работната група за вршење на увид во документацијата од постапката на преземање на документацијата од град Скопје за објектот Универзална сала во Министерството за култура и туризам, рече денеска министерот за култура и тузирам, Зоран Љутков.
По темелно и стручно прегледување на целокупната документација, процес кој траеше два месеци, Извештајот е готов и фактите потврдени од професионалци и искусни правници, вработени во Министерството за култура и туризам, говорат дека Универзална сала е преземена од град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони. Моја должност е да го исправиме сето ова, за да можеме да продолжиме, во интерес на еден толку значаен објект како што е Универзална сала,а во интерес на граѓаните на нашата држава. Сега ќе се осврнам на дел од наодите од Извештајот на работната група, кои се однесуваат што сме затекнале, каков процес сме затекнале, кои се последиците од таквото незаконско преземање и кои ќе бидат брзите чекори за повторно ставање во функција и отпочнување со градење на Универзална сала. Констатирани се бројни прекршувања на позитивните законски прописи и во постапката за преземање на реконструкцијата на Универзална сала и во постапките на спроведување на јавните набавки. • Постапката е започната со Одлуката на Град Скопје како постапка за промена на инвеститор согласно член 70 од Законот за градењето.ж • Склучениот договор од страна на Министерство за култура и Град Скопје, содржи контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи таксативно кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава. • Исто така Договорот помеѓу Градот Скопје и Министерствоот за култура, како и Решението за реконструкција од 22.03.2024 година издадено од општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности, односно во јавната книга во која се врши запишување на правото на сопственост и на други стварни права на недвижностите. • Постапката понатака продолжува како промена на инвеститор но со низа недостатоци и со недефинирани преземени права и обврски, и продолжува со поднесување на барање за реконструкција (а не со барање за промена на инвеститор како што предвиува законот и постаппката во електронскиот систем за е-градежна дозвола). Постапката завршува со издавање на Решение за реконструкција каде како соинвеститори се наведени Град Скопје и Министерството за култура. • Во оваа постапка преземена е проектна документација директно од правно лице за проектирање, а не од претходниот инвеститор односно од Градот Скопје како што налага Законот за градење. Ниту во Договорот ниту во Записникот од примопредавањето на документација помеѓу Град Скопје и Министерството за култура, не е опфатена ниту примопредадена целокупната документација која била потребна за да се продолжи со реконструкцијата на Универзална сала. • Не е донесена одлука за престанок и за давање на користење на недвишната ствар – објектот на Универзална сала. • Согласно ова, на Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон (за втора фаза од реконструкцијата). • Министерството за култура и туризам условно исполнил само еден од двата кумулативни законски услови предвидени во член 70 од Законот за градење, за да може да се стекне со статус на инвеститор, а тоа е: со склучување на посебен договор помеѓу претходниот и новиот инвеститор, да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го исполнил и вториот законски услов, а тоа е да биде носител на правото на градење. • Постапките по јавни набавки кои се распишани и спроведени во меѓувреме од страна на поранешното раководство на Министерството за култура и туризам, а се однесуваат за објектот на Универзална сала Скопје, имајќи ги во предвид констатираните недостатоци и пропусти во постапката Министерството за култура да има статус на инвеститор на реконструкцијата, се поништени. Почитувани новинари, Ова е накусо состојбата која ја затекнавме. Веднаш по моето стапување на должност министер за култура и туризам, на 3 јули годинава поднесовме барање до Државниот завод за ревизија за спроведување на постапка на ревизија над постапката на превземање на реконструкцијата за објектот Универзална сала од Град Скопје во Министерството за култура и туризам, а на први август поднесовме и барање до Министерството за транспорт и врски како надлежен орган согласно Законот за градењето за вршење на управен надзор над постапката за издавање на решението за реконструкција донесено од Општина Центар. Целокупната документација е предадена во Јавното обвинителство затоа сега нема многу да навлегуваме во детали се до произнесувањето на надлежните државни органи. Исто така, во соработка со досегашните учесници во градбата (управител на градба, стручен надзор и со правен субјект за вештачење) во тек е подготовка на стручен извештај со податоци односно пресек на извршени и незавршени градежни работи на објектот, исплатени и неисплатени позиции од градежни работи по времени ситуации, (за градежни работи кои се пријавени и кои останале непријавени од претходен инвеститор и изведувач) како и од евентуална потреба од изведување на дополнителни и непредвидени градежни работи кои се предизвикани од немилиот настан (пожар) од првата фаза на објектот на Универзална сала во Скопје. Со оглед на немилиот настан (пожар) констатирано е дека изработената техничка документација за реконструкција на Универзална сала се преиспитува дали постојната состојба има потреба од изработка на нова техничка документација. Министерството за култура и туризам во меѓувреме достави до Владата на РСМ измени и дополнувања на постојниот Закон за културата со кои ќе се нормира надлежноста на МКТ да го врши правото на реконструкција и над објекти, кои се во општинска сопственост. На крајот ќе потеницирам, Министерството за култура и туризам не е тука да руши или да ја одолговлекува изградбата на Универзална сала, или кој било друг објект. Нашата цел е да биде изградена Универзалната сала, објект кој е во нашата меморија како граѓани, сцена каде сме виделе или се доживеале прекрасни културни настани. Универзална сала ќе биде изградена, но исклучиво во постапка која е легална и која ги почитува сите законски норми, во интерес на македонските граѓани.
 
The post Љутков: Констатирани се бројни прекршувања на позитивните законски прописи и во постапката за преземање на реконструкцијата на Универзална сала и во постапките на спроведување на јавните набавки appeared first on Република.

]]>
Љутков: Ќе се повтори постапката за преземање на Универзалната сала и до крајот на 2028 година, кога Скопје е Европска престолнина на културата, ќе измаме здрав современ објект https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lutkov-ke-se-povtori-postapkata-okolu-prevzemaneto-na-univerzalna-sala-i-do-krajot-na-2028-godina-koga-skopje-e-evropska-prestolnina-na-kulturata-ke-izmame-zdrav-sovremen-objekt/ Thu, 05 Sep 2024 12:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=813533

Ќе се ревидира постапката за преземење на Универзалната сала од Град Скопје, најави денеска од Штип министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој по посетата на културните институции одговараше на новинарско прашање до каде е постапката околу преземањето на салата под надлежност на Министерството за култура и туризам.

Министерот за култура Љутков истакна дека првата фаза, односно нејзината изградба, си тече.

Тоа што е реално проблематично и јас како министер за култура не сум во состојба да ставам потпис на било кој документ, бидејќи во оваа фаза мене ми изгледа како, реално и нелегален објект, како да работиме нешто нелегално. Затоа го ставив во мирување целиот овој процес, се разбира првата фаза си тече постапката, се гради. Но, во делот на втората фаза запрена е постапката, ќе ја ревидираме постапката, ќе ја повториме, за биде законски, изјави Љутков.

Тој додаде дека изградбата на Универзална сала во Скопје ќе продолжи и, како што, вели „ве уверувам дека до крајот на 2028 година, кога Скопје е Европска престолнина на културата, ќе измаме здрав современ објект, според сите стандарди“.

The post Љутков: Ќе се повтори постапката за преземање на Универзалната сала и до крајот на 2028 година, кога Скопје е Европска престолнина на културата, ќе измаме здрав современ објект appeared first on Република.

]]>

Ќе се ревидира постапката за преземење на Универзалната сала од Град Скопје, најави денеска од Штип министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој по посетата на културните институции одговараше на новинарско прашање до каде е постапката околу преземањето на салата под надлежност на Министерството за култура и туризам. Министерот за култура Љутков истакна дека првата фаза, односно нејзината изградба, си тече.
Тоа што е реално проблематично и јас како министер за култура не сум во состојба да ставам потпис на било кој документ, бидејќи во оваа фаза мене ми изгледа како, реално и нелегален објект, како да работиме нешто нелегално. Затоа го ставив во мирување целиот овој процес, се разбира првата фаза си тече постапката, се гради. Но, во делот на втората фаза запрена е постапката, ќе ја ревидираме постапката, ќе ја повториме, за биде законски, изјави Љутков.
Тој додаде дека изградбата на Универзална сала во Скопје ќе продолжи и, како што, вели „ве уверувам дека до крајот на 2028 година, кога Скопје е Европска престолнина на културата, ќе измаме здрав современ објект, според сите стандарди“.

The post Љутков: Ќе се повтори постапката за преземање на Универзалната сала и до крајот на 2028 година, кога Скопје е Европска престолнина на културата, ќе измаме здрав современ објект appeared first on Република.

]]>
Љутков: Ќе дадеме силна поддршка за локалитетот „Билазора“ да го добие местото што го заслужува https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ke-dademe-silna-poddrshka-za-lokalitetot-bilazora-da-go-dobie-mestoto-shto-go-zasluzhuva/ Wed, 21 Aug 2024 16:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=808735

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на археолошкиот локалитет Градиште – Билазора кој се наоѓа кај селото Кнежје, Светиниколско, истакна дека еден од најголемите и најзначајни раноантички градови во внатрешноста на Балканот има големо културно и научно значење и неискористен потенцијал за развивање културен туризам и затоа во наредниот период Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка за „Билазора“ да го добие местото што го заслужува.

– Археолошкиот локалитет „Билазора“ е еден од неколкуте најзначајни бисери на македонската археолошка мапа, затоа сакам да потсетам дека од 2008 до 2017 година овде се вршеа континуирани арехолошки истражувања, кои извесен период беа во категоријата капитални проекти како што прилега на еден локалитет каков што е „Билазора“, најголемиот град на Пајонците, еден од најстарите и најразвиени балкански народи – потенцираше Љутков, најавувајќи дека овие многу значајни истражувања ќе бидат довршени со поддршка од Министерството за култура и туризам, со што овој локалитет со огромни културни, научни и туристички потенцијали конечно ќе се стави во вистинска функција.

– Со реализирањето на последната фаза од истражувањата на кралската палата со  конзервацијата на откриените архитектонски остатоци на локалитетот ќе се отворат вратите за целосно афирмирање на „Билазора“  како еден од најзначајните археолошки, културни и туристички пунктови од раната антика на Балканот –  истакна министерот Љутков.

За време на посетата, министерот Љутков се сретна со директорот на Музејот на Свети Николе, Александар Нацев, со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, како и проф.д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје и проф. д-р Драги Митревски, раководител на стручната екипа што ги реализира археолошките истражувања на овој локалитет, со кои се договори да ги разгледаат сите можности и сериозно да се обрне внимание на промоција на културното наследство на „Билазора“ во туристички цели.

При посетата беше потенцирано дека во наредниот период ќе се работи на заживување и збогатување на локалитетот со придружни културни, едукативни и комерцијални содржини, со цел поквалитетна промоција на културното наследство и поттикнување одржлив економски развој преку организирање театарски, филмски и литературни фестивали, ликовни колонии и концерти.

Од буџетот на Министерството за култура и туризам во 2024 година за локалитетот „Билазора“ се издвоени 844 000 денари. Годинашните систематски археолошки истражувања на „Билазора“, за кои се обезбедени се 304 000 денари, ќе се реализираат во септември, а во тек е непосредната заштита на пронајдените археолошки предмети, за што се издвоени 240 000 денари.

Во Музејот на Свети Николе веќе е изложена постојана археолошка поставка посветена на „Билазора“ каде што може да се видат сите движни наоди откриени на локалитетот и да се добијат сите информации за неговото значење.

The post Љутков: Ќе дадеме силна поддршка за локалитетот „Билазора“ да го добие местото што го заслужува appeared first on Република.

Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-od-krushevo-so-kultura-i-traditsija-go-chuvame-amanetot-za-slobodna-i-demokratska-drzhava-2/ Fri, 02 Aug 2024 16:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=802850

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во херојскиот град кој е израз на македонскиот непокор и ризница на македонската култура и традиција.

Пред големиот аудиториум, во духот на идејата за слобода на својата држава на хероите од Илинденското востание и од Народноослободителната борба, министерот Љутков рече: „ Денеска, во пресрет на Илинден, повторно му кажуваме на светот дека Македонија не беше и не ќе биде јалова грутка, за да ја поткршува кој најде и кој ќе стигне. Денеска, на страниците на светското паметење, со гордост запишуваме дека пред сто дваесет и една и пред точно осумдесет години, ние ги избравме и ги испративме најдобрите синови први да ги огрее сонцето на слободата“.

Тој говореше за храброста и за визионерството на војводите и на партизаните додавајќи дека тие, кои биле благословени од Свети Илија, „силно удрија по темнината за да се разбистри погледот пред вечноста и да се види до каде е Македонија“.

„Хероите од Мечкин Камен и од Слива, ни покажаа како се чува слободата, тој најскап идеал на човекот, а ние сме онаа генерација на која ѝ е оставен аманетот – со убавината на сопствената култура и традиција, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност, како скапоцен влог во мозаикот на светската цивилизација“, рече Љутков, споменувајќи ги сите културни институции што градот Крушево ги има како одек на минатото и потврда за непроценливото богатство на нашата држава.

Честитајќи го Денот на Републиката, министерот Љутков порача: „Силно верувам дека предвидената програма на манифестацијата ’Десет дена Крушевска Република‘ ќе биде нов културен светилник на Балканот, за кој долго ќе се зборува и по кој светот ќе нè препознава, како град и земја што задолжително и со восхит треба да бидат посетени“.

Свеченото отворање на манифестацијата започна традиционално со формирање поворка и доаѓање на коњицата пред столбот на Крушевската Република. Свежо цвеќе беше положено пред бистата на Веле Марков, како и на вечните почивалишта на Питу Гули и на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта и пред Криптата на илинденските востаници.

По церемонијата на читање на Крушевскиот манифест и подигнување на бајракот на Крушевската Република, по свечените обраќања на министерот Љутков, градоначалникот Томе Христоски и пукањето со црешово топче, вечерта продолжи со настапите на „Танец“ и на „Некст тајм“.

Централните настани за празнување на 2 Август се денеска на Мечкин Камен, а манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август со програма која опфаќа содржини за сите возрасти – претстави и концерти за најмладите, изложби, поетско читање, драмска и филмска програма, концерти од сите жанрови, како и научна конференција со учесници од Институтот за национална историја.

The post Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во херојскиот град кој е израз на македонскиот непокор и ризница на македонската култура и традиција. Пред големиот аудиториум, во духот на идејата за слобода на својата држава на хероите од Илинденското востание и од Народноослободителната борба, министерот Љутков рече: „ Денеска, во пресрет на Илинден, повторно му кажуваме на светот дека Македонија не беше и не ќе биде јалова грутка, за да ја поткршува кој најде и кој ќе стигне. Денеска, на страниците на светското паметење, со гордост запишуваме дека пред сто дваесет и една и пред точно осумдесет години, ние ги избравме и ги испративме најдобрите синови први да ги огрее сонцето на слободата“. Тој говореше за храброста и за визионерството на војводите и на партизаните додавајќи дека тие, кои биле благословени од Свети Илија, „силно удрија по темнината за да се разбистри погледот пред вечноста и да се види до каде е Македонија“. „Хероите од Мечкин Камен и од Слива, ни покажаа како се чува слободата, тој најскап идеал на човекот, а ние сме онаа генерација на која ѝ е оставен аманетот – со убавината на сопствената култура и традиција, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност, како скапоцен влог во мозаикот на светската цивилизација“, рече Љутков, споменувајќи ги сите културни институции што градот Крушево ги има како одек на минатото и потврда за непроценливото богатство на нашата држава. Честитајќи го Денот на Републиката, министерот Љутков порача: „Силно верувам дека предвидената програма на манифестацијата ’Десет дена Крушевска Република‘ ќе биде нов културен светилник на Балканот, за кој долго ќе се зборува и по кој светот ќе нè препознава, како град и земја што задолжително и со восхит треба да бидат посетени“. Свеченото отворање на манифестацијата започна традиционално со формирање поворка и доаѓање на коњицата пред столбот на Крушевската Република. Свежо цвеќе беше положено пред бистата на Веле Марков, како и на вечните почивалишта на Питу Гули и на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта и пред Криптата на илинденските востаници. По церемонијата на читање на Крушевскиот манифест и подигнување на бајракот на Крушевската Република, по свечените обраќања на министерот Љутков, градоначалникот Томе Христоски и пукањето со црешово топче, вечерта продолжи со настапите на „Танец“ и на „Некст тајм“. Централните настани за празнување на 2 Август се денеска на Мечкин Камен, а манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август со програма која опфаќа содржини за сите возрасти – претстави и концерти за најмладите, изложби, поетско читање, драмска и филмска програма, концерти од сите жанрови, како и научна конференција со учесници од Институтот за национална историја.  

The post Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава appeared first on Република.

]]>
Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ilindenskite-denovi-vo-bitola-se-ogledalo-na-multikulturnata-raznovidnost/ Sat, 27 Jul 2024 11:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=800740

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, се обрати на свеченото отворање на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
„Деновиве цела Битола е една огромна сцена, празнична, колоритна и дотерана, во која еднакво бликаат надежта од ʼкомитскотоʻ и драматиката на ʼтешкотоʻ оро, во слава на македонскиот идентитет, историја и култура, а седумосминскиот такт татни во слава на различностите од целиот свет, кои нè обединуваат, поврзуваат и зближуваат“, истакна министерот Љутков.
Тој дополни дека посетата на уметниците од повеќе земји од светот, само потврдува дека во пресрет на Илинден, Битола е главниот град на културната разновидност, од која до светот се испраќаат искрените пораки за  заедништво и културен натпревар меѓу народите.
Истакнувајќи дека „Илинденските денови во Битола со години се мост на автентично поврзување на вековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурна разновидност“, министерот Љутков потенцираше дека „се и своевиден поттик и инспирација за младите кон традиционалните културни вредности“.

Од име на Министерството за култура и туризам и лично, министерот Љутков изрази уверување дека во годините пред нас значително ќе се зголеми финансиската поддршка за фолклорните ансамбли во градовите низ државава и ќе се обезбедат средства за нивно успешно функционирање и промоција.
Придружната програма на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ започна на 19 јули, а на официјалното отворање се одржа традиционалното фолклорно дефиле низ Широк сокак. На вечерта посветена на традиционалната музика и игра, КУД „Илинден“ од Битола го изведе орото „Комитско“. Се одржа и Саем на книги инспирирани од македонската традиција и култура и промоција на македонски автори, а, меѓу другото, свечено беше отворена и 5. конференција: „Етномузикологијата и етнокореологијата и практикувањето на фолклорот на Балканот“.

The post Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, се обрати на свеченото отворање на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. „Деновиве цела Битола е една огромна сцена, празнична, колоритна и дотерана, во која еднакво бликаат надежта од ʼкомитскотоʻ и драматиката на ʼтешкотоʻ оро, во слава на македонскиот идентитет, историја и култура, а седумосминскиот такт татни во слава на различностите од целиот свет, кои нè обединуваат, поврзуваат и зближуваат“, истакна министерот Љутков. Тој дополни дека посетата на уметниците од повеќе земји од светот, само потврдува дека во пресрет на Илинден, Битола е главниот град на културната разновидност, од која до светот се испраќаат искрените пораки за  заедништво и културен натпревар меѓу народите. Истакнувајќи дека „Илинденските денови во Битола со години се мост на автентично поврзување на вековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурна разновидност“, министерот Љутков потенцираше дека „се и своевиден поттик и инспирација за младите кон традиционалните културни вредности“. Од име на Министерството за култура и туризам и лично, министерот Љутков изрази уверување дека во годините пред нас значително ќе се зголеми финансиската поддршка за фолклорните ансамбли во градовите низ државава и ќе се обезбедат средства за нивно успешно функционирање и промоција. Придружната програма на 54. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ започна на 19 јули, а на официјалното отворање се одржа традиционалното фолклорно дефиле низ Широк сокак. На вечерта посветена на традиционалната музика и игра, КУД „Илинден“ од Битола го изведе орото „Комитско“. Се одржа и Саем на книги инспирирани од македонската традиција и култура и промоција на македонски автори, а, меѓу другото, свечено беше отворена и 5. конференција: „Етномузикологијата и етнокореологијата и практикувањето на фолклорот на Балканот“.

The post Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност appeared first on Република.

]]>
Љутков: Со регионална соработка против недозволената трговија со културни добра https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-so-regionalna-sorabotka-protiv-nedozvolenata-trgovija-so-kulturni-dobra/ Mon, 08 Jul 2024 11:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=794571

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на настанот посветен на борбата против недозволената трговија со културното наследство во Западен Балкан, во организација на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција и на неговата канцеларија „Антена“ во Сараево.

– Недозволената трговија со културни добра е глобален проблем кој бара глобален одговор, но, исто така, бара и силна регионална соработка, особено во Западен Балкан, каде што културното наследство е богато и разновидно. Затоа, неопходно е сите земји од регионот заеднички, со сите расположливи капацитети да се обединиме и да соработуваме во активностите за спротивставување и враќање на украдените и нелегално изнесени предмети – рече министерот Љутков на работилницата која започна во Музејот на македонската борба.

Во своето обраќање пред присутните претставници од УНЕСКО, професори, експерти и предавачи од меѓународни и од домашни организации и институции, министерот Љутков потенцираше дека за Владата и за него како министер за култура и туризам заштитата и зачувувањето на културните добра на нашата земја се врвен приоритет.

Во тој контекст, тој потсети на соработката со Р Албанија кога благодарение на професионалниот и координиран пристап на двете држави успешно беше реализирано враќањето на 20 незаконски изнесени икони од македонските цркви и манастири, кои по децениското патешествие се вратени таму каде што припаѓаат.

– Ова е одлична можност да се разговара за различните аспекти на борбата против недозволената трговија со културното наследство, да се разгледаат правните рамки и регулативи што ги имаат нашите земји, да се разменат искуства и најдобри практики, со акцент на важноста на меѓународната соработка, на улогата на технологијата, како и на подигнувањето на јавната свест за вредноста на културното наследство и за штетата што ја предизвикува недозволената трговија – рече Љутков.

Свесни сме, додаде тој, дека треба уште многу да се работи на зајакнувањето на законодавната рамка и на поефективна координација меѓу државните институции, локалните заедници и меѓународните партнери, како и на подобри алатки за идентификација, следење и враќање на културните добра.

Министерот Љуткав изрази убедување дека само на тој начин може да се заштити и да се зачува културното наследство за идните генерации.

Присутните ги поздравија и Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа.

Шешум порача дека само со структурна и трајна соработка во борбата против нелегалната трговија со културни добра се спречуваат криминалните активности не само врз културното наследство туку и врз идентитетите на заедниците и државите во целина.

Според Росети, пак, настанот може да послужи и како платформа за зацврстување на дијалогот и на соработката во Европа и е одлична можност заедно да учиме и да работиме за да станеме подобри чувари на нашето културно наследство.

На петдневниот настан, своите знаења и искуства со учесниците ќе ги споделат предавачи и обучувачи од: УНЕСКО, Европската комисија, УНИДРОИТ (UNIDROIT), Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC), Светската организација за царина (WCO), Меѓународниот совет на музеите (ICOM), INTERPOL, EUROPOL, EUROJUST и Советот на Европа, како и од специјализираните полициски сили и други агенции, вклучувајќи ја и Kомандата на карабинерите за заштита на културните добра (Италија), Главната канцеларија за борба против нелегалната трговија со културните добра – OCBC (Франција), Турската национална полиција, Guardia Civil и Шпанското обвинителство.

The post Љутков: Со регионална соработка против недозволената трговија со културни добра appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на настанот посветен на борбата против недозволената трговија со културното наследство во Западен Балкан, во организација на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција и на неговата канцеларија „Антена“ во Сараево. – Недозволената трговија со културни добра е глобален проблем кој бара глобален одговор, но, исто така, бара и силна регионална соработка, особено во Западен Балкан, каде што културното наследство е богато и разновидно. Затоа, неопходно е сите земји од регионот заеднички, со сите расположливи капацитети да се обединиме и да соработуваме во активностите за спротивставување и враќање на украдените и нелегално изнесени предмети – рече министерот Љутков на работилницата која започна во Музејот на македонската борба. Во своето обраќање пред присутните претставници од УНЕСКО, професори, експерти и предавачи од меѓународни и од домашни организации и институции, министерот Љутков потенцираше дека за Владата и за него како министер за култура и туризам заштитата и зачувувањето на културните добра на нашата земја се врвен приоритет. Во тој контекст, тој потсети на соработката со Р Албанија кога благодарение на професионалниот и координиран пристап на двете држави успешно беше реализирано враќањето на 20 незаконски изнесени икони од македонските цркви и манастири, кои по децениското патешествие се вратени таму каде што припаѓаат. – Ова е одлична можност да се разговара за различните аспекти на борбата против недозволената трговија со културното наследство, да се разгледаат правните рамки и регулативи што ги имаат нашите земји, да се разменат искуства и најдобри практики, со акцент на важноста на меѓународната соработка, на улогата на технологијата, како и на подигнувањето на јавната свест за вредноста на културното наследство и за штетата што ја предизвикува недозволената трговија – рече Љутков. Свесни сме, додаде тој, дека треба уште многу да се работи на зајакнувањето на законодавната рамка и на поефективна координација меѓу државните институции, локалните заедници и меѓународните партнери, како и на подобри алатки за идентификација, следење и враќање на културните добра. Министерот Љуткав изрази убедување дека само на тој начин може да се заштити и да се зачува културното наследство за идните генерации. Присутните ги поздравија и Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа. Шешум порача дека само со структурна и трајна соработка во борбата против нелегалната трговија со културни добра се спречуваат криминалните активности не само врз културното наследство туку и врз идентитетите на заедниците и државите во целина. Според Росети, пак, настанот може да послужи и како платформа за зацврстување на дијалогот и на соработката во Европа и е одлична можност заедно да учиме и да работиме за да станеме подобри чувари на нашето културно наследство. На петдневниот настан, своите знаења и искуства со учесниците ќе ги споделат предавачи и обучувачи од: УНЕСКО, Европската комисија, УНИДРОИТ (UNIDROIT), Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC), Светската организација за царина (WCO), Меѓународниот совет на музеите (ICOM), INTERPOL, EUROPOL, EUROJUST и Советот на Европа, како и од специјализираните полициски сили и други агенции, вклучувајќи ја и Kомандата на карабинерите за заштита на културните добра (Италија), Главната канцеларија за борба против нелегалната трговија со културните добра – OCBC (Франција), Турската национална полиција, Guardia Civil и Шпанското обвинителство.

The post Љутков: Со регионална соработка против недозволената трговија со културни добра appeared first on Република.

]]>
Љутков: Не ја знаеме точната бројка колку е одвоено само за програми, ќе треба да истражиме проект по проект колку точно се одвоени https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ne-ja-znaeme-tochnata-brojka-kolku-e-odvoeno-samo-za-programi-ke-treba-da-istrazhime-proekt-po-proekt-kolku-tochno-se-odvoeni/ Thu, 15 Feb 2024 14:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=744461

Власта ја уништи културата, а буџетот на скоро сите институции е намален за програмските активности за околу 10 проценти и процентот на средства за култура е 1,34 од буџетот што е  најнизок во изминатите години, кажа Зоран Љутков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ 24.

Власта ја уништи културата, кога ќе видите во капиталните инвестиции во националните установи за култура има негрижа, не се одржуваат комплетно. Она што зборуваат дека е 14 милиони обезбедени за програмите тоа всушност не е така бидејќи во тие 14 милиони влегуваат и материјалните трошоци. Како што се договорите на дело, средствата за обезбедување но тоа не е јавно објавено и ние не ја знаеме точната бројка колку е одвоено само за програми. Ќе треба да истражиме проект по проект колку точно се одвоени. Претходно сите  се ставале одвоено за капитални инвестиции за установи за материјални трошоци не се ставеле во купот на програми. Во националните установи ако велат дека е зголемена сумата зошто тогаш секоја институција посебно кога ќе ја видите разликата од 2023  и 2024 година му е намален буџетот за скоро 10 проценти, истакна Љутков.

Љутков посочи дека буџетот на скоро сите институции е намален за програмските активности.

Во 2017 година буџет на драмски театар бил 8-9 милиони лани во 2023 година бил 3 милиони и 200 за програми а оваа година е 3 милиони. Како тоа ние зборуваме за покачување на сумата во програмските активности кога секоја институција посебно објавува дека им се намалени средствата. Вкупната сума е зголемена затоа што многу пари им се дадени на другите корисници, на физички лица, на партиски членови, на новоформирани здруженија и фирми кои што не знам ни како го поминале филтерот на бодување, нагласи Љутков.

Љутков посочи дека процентот на средства за култура е 1,34 од буџетот и најнизок во изминатите години.

Генералниот буџет на државата се зголемува ако лани бил 4,5 милијарди оваа година го прогнозирале 5,5 милијарди. Процентот за култура е 1,34. На 4,5 милијарди е една сума 1,34, на 5,5 милијарди е друга сума. Во 2014 година процентот за култура од генералниот буџет кој што се издвојува бил 2,5%, 2,2% 2.0% варирал но секогаш бил над 2%. Ние оваа година имаме 1,34 % средства за култура. Самата агенција за филм имала 7-8 милиони за продукција сега има едвај 2,5 милиони. Да бидеме искрени и чесни и да зборуваме за точни работи и суми кои што се видливи. Само во драмската дејност околу 15-16 милиони се намалени средствата, нагласи Љутков.

The post Љутков: Не ја знаеме точната бројка колку е одвоено само за програми, ќе треба да истражиме проект по проект колку точно се одвоени appeared first on Република.

Единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани преку 42 милиони евра и кој, замислете уште не е готов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/edinstveniot-proekt-na-ovaa-vlada-na-dui-koj-teche-neprecheno-kako-dupka-bez-dno-e-tetovskiot-teatar-za-koj-za-8-godini-se-odleani-preku-42-milioni-evra-i-koj-zamislete-ushte-ne-e-gotov/ Tue, 13 Feb 2024 14:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=743670

И конечно зошто чесно и отворено не им кажете на граѓаните дека единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани преку 42 милиони евра. И кој, замислете уште не е готов исто како и патот Кичево - Охрид, пишува Љутков на фејсбук во обраќањето до министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Она кое на сите ни е јасно, дека оваа Влада не уназади, идентитетски не обезличи, не ограби, задолжи и не опустоши во секоја смисла на зборот!!!

Одговорност ќе има!

The post Единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани преку 42 милиони евра и кој, замислете уште не е готов appeared first on Република.

Љутков до Костадиновска-Стојчевска: Зошто конкретно не им кажавте на граѓаните која фирма ја избравте за изведувач на Универзална сала и како? Кој е и како го избравте надзорот? И каде се објавени безбедените 120.000.000 денари? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lutkov-do-kostadinovska-stojchevska-zoshto-konkretno-ne-im-kazhavte-na-graganite-koja-firma-ja-izbravte-za-izveduvach-na-univerzalna-sala-i-kako-koj-e-i-kako-go-izbravte-nadzorot-i-kade-se-objaveni-be/ Tue, 13 Feb 2024 13:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=743666

Министерке, престанете да манипулирате со јавноста, сфаќате ли дека Вие должите одговори како прв и најповикан човек во културата, не јас!, пишува меѓудругото на својот фејсбук профил Зоран Љутков, член на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се жестите во јавните настапи, глумејќи дека сте обезправено нападнати, зошто конкретно не им кажавте на граѓаните која фирма ја избравте за изведувач на Универзална сала и како? Кој е и како го избравте надзорот? И каде се објавени безбедените 120.000.000 денари?

The post Љутков до Костадиновска-Стојчевска: Зошто конкретно не им кажавте на граѓаните која фирма ја избравте за изведувач на Универзална сала и како? Кој е и како го избравте надзорот? И каде се објавени безбедените 120.000.000 денари? appeared first on Република.

Љутков: Граѓаните на Петровец се разочарани од централната власт и со нетрпение чекаат да ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lutkov-graganite-na-petrovets-se-razocharani-od-tsentralnata-vlast-i-so-netrpenie-chekaat-da-ja-dadat-poddrshkata-za-vmro-dpmne/ Sun, 04 Jun 2023 19:23:30 +0000 https://republika.mk/?p=647744

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите” ги посети населените места Чифлик, Долно Коњари и Средно Коњари во општина Петровец, од каде истакна дека поддршката за градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ во овие населени места е огромна , но е голема разочараноста од централната власт.
„Не е големо изненадување колкава голема е поддршката на градоначалникот Борче овдека во оваа населено место и со каква позитивна енергија зборуваат, но тоа никогаш не било ни прашање колку тие го поддржуваат градоначалникот Борче, но прашање е секогаш колку малку централната власт дава поддршка во општина Петровец во последниве две години”, истакна Љутков.

Тој додаде дека разочараноста на граѓаните од овие населени места доаѓа поради однесувањето на централната власт и одбивањето на сите амандмани во Собранието за поддршка на оваа општина.
„Критиките постојано се за она што се случува за централно ниво, критиките се зошто пратениците во Собранието кога поднесуваат амандмани за поддршка на општина Петровец, тие амандмани секогаш се одбивани”, потенцираше Љутков и додаде дека поради ваквата состојба граѓаните со нетрпение ги чекаат изборите за својата поддршка да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните во општина Петровец ја даваат огромната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, ги чекаат изборите да дојдат и сакаат да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи знаат дека и во минатото, сите проекти, сѐ што е направено во ова населено место Чифлиг е направено со помош на ВМРО-ДПМНЕ”, подвлече Љутков.

https://www.youtube.com/watch?v=n_MPiTxMNcI

The post Љутков: Граѓаните на Петровец се разочарани од централната власт и со нетрпение чекаат да ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите” ги посети населените места Чифлик, Долно Коњари и Средно Коњари во општина Петровец, од каде истакна дека поддршката за градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ во овие населени места е огромна , но е голема разочараноста од централната власт. „Не е големо изненадување колкава голема е поддршката на градоначалникот Борче овдека во оваа населено место и со каква позитивна енергија зборуваат, но тоа никогаш не било ни прашање колку тие го поддржуваат градоначалникот Борче, но прашање е секогаш колку малку централната власт дава поддршка во општина Петровец во последниве две години”, истакна Љутков. Тој додаде дека разочараноста на граѓаните од овие населени места доаѓа поради однесувањето на централната власт и одбивањето на сите амандмани во Собранието за поддршка на оваа општина. „Критиките постојано се за она што се случува за централно ниво, критиките се зошто пратениците во Собранието кога поднесуваат амандмани за поддршка на општина Петровец, тие амандмани секогаш се одбивани”, потенцираше Љутков и додаде дека поради ваквата состојба граѓаните со нетрпение ги чекаат изборите за својата поддршка да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ. „Граѓаните во општина Петровец ја даваат огромната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, ги чекаат изборите да дојдат и сакаат да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи знаат дека и во минатото, сите проекти, сѐ што е направено во ова населено место Чифлиг е направено со помош на ВМРО-ДПМНЕ”, подвлече Љутков. https://www.youtube.com/watch?v=n_MPiTxMNcI

The post Љутков: Граѓаните на Петровец се разочарани од централната власт и со нетрпение чекаат да ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Љутков: Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи државата е девастирана по сите основи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ljutkov-vleguvanjeto-vo-politikata-na-kvalitetni-lugje-stana-nuznost-bidejkji-drzavata-e-devastirana-po-site-osnovi/ Sat, 05 Nov 2022 13:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=570027

Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи ние сме сега во состојба во девастирана држава по сите основи. Во однос на здравство, економија и социјален статус на државата. Нас ни е сега должност да се вклучиме што помасовно во политиката сите кои имаме добри намери за да придонесеме што повеќе, изјави Претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков на денешниот политички саем „Саем на промени што носат иднина“.

Тој додаде дека тргнале со силен елан и мотивација да работат и со многу добра програма.

Една од важните работи со која тргнавме како мото и во предизборието е тоа дека влеговме храбро, смело и со еден слоган во кој се вели не ветувам нешто што не можам да реализирам. Ние тргнавме со една таква идеја дека ќе бидеме транспарентни и отчетни што можеме повеќе да ги запознаваме граѓаните, рече Љутков.

И во предизборието ги поминавме сите урбани заедници, месни заедници и разговаравме со граѓаните, ги видовме нивните потреби и тоа го преточивме во програмите. Така и сега ни е должност секоја година наесен повторно да ги посетуваме и повторно да ги вклучуваме граѓаните во донесувањето на одлуките за новите програми кои ќе се носат за 2023 година, потенцираше Љутков.

Љутков изјави дека општината е во многу добра финансиска состојба, и има дури 4 пати повеќе обезбедено приходи за разлика од претходниот градоначалник во претходната година. Она што сега е фокус се нацрт програмите, инфраструктурата и да го оправдаат сето она што го ветиле во програмата за наредните четири години.

The post Љутков: Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи државата е девастирана по сите основи appeared first on Република.

]]>

Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи ние сме сега во состојба во девастирана држава по сите основи. Во однос на здравство, економија и социјален статус на државата. Нас ни е сега должност да се вклучиме што помасовно во политиката сите кои имаме добри намери за да придонесеме што повеќе, изјави Претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков на денешниот политички саем „Саем на промени што носат иднина“. Тој додаде дека тргнале со силен елан и мотивација да работат и со многу добра програма.
Една од важните работи со која тргнавме како мото и во предизборието е тоа дека влеговме храбро, смело и со еден слоган во кој се вели не ветувам нешто што не можам да реализирам. Ние тргнавме со една таква идеја дека ќе бидеме транспарентни и отчетни што можеме повеќе да ги запознаваме граѓаните, рече Љутков. И во предизборието ги поминавме сите урбани заедници, месни заедници и разговаравме со граѓаните, ги видовме нивните потреби и тоа го преточивме во програмите. Така и сега ни е должност секоја година наесен повторно да ги посетуваме и повторно да ги вклучуваме граѓаните во донесувањето на одлуките за новите програми кои ќе се носат за 2023 година, потенцираше Љутков.
Љутков изјави дека општината е во многу добра финансиска состојба, и има дури 4 пати повеќе обезбедено приходи за разлика од претходниот градоначалник во претходната година. Она што сега е фокус се нацрт програмите, инфраструктурата и да го оправдаат сето она што го ветиле во програмата за наредните четири години.

The post Љутков: Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи државата е девастирана по сите основи appeared first on Република.

]]>
Љутков: Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ljutkov-vladata-prizna-deka-e-neseriozna-i-deka-nitu-ja-pochituva-kulturata-nitu-gi-pochituva-kulturnite-rabotnici/ Thu, 31 Mar 2022 12:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=481422

Културата е столбот на државата и на идентитетот, а вработените во културата не смеат да трпат заради неспособноста на власта којашто не размислува за последиците од своите популистички мерки, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници. Дописот од Министерството за култура е јавно признание дека владата нема пари, дека не води грижа и дека не испланирала во буџетот исполнување на законската обврската за зголемување на платите согласно Колективниот договор.

Ќе нагласам – владата во допис до синдикатот признава дека нема пари во буџетот за плати во културата според Колективен договор.

Уште повеќе, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, признава дека доколку ја исполни обврската од Колективниот договор, тоа ќе биде на штета на проектите и ја префрла вината врз вработените.

Ова е срамен допис, срамно признание. Без никаква почит кон вработените во културата, Министерката бара измени во Колективниот договор за културата на штета на вработените и фактички откажување од законскиот раст на плата во услови на енормно поскапување на трошоците за живот.

Притоа, дописот содржи скриена закана дека доколку вработените и синдикатите не го прифатат овој предлог, владата ќе ги скрати, укине парите за програмските активности и капиталните инвестиции во културата.

Повикуваме на разум и повлекување на ваквиот срамен предлог. Дописот со ваква содржина создава атмосфера на притисок и нездрави односи меѓу раководствата и вработените во институциите, односно се создава атмосфера на притисок од страна на директорите врз дел од вработените да бидат прифатени неприфатливи решенија на своја штета.

Наместо притисок и закани кон вработените и синдикатите во културата министерката, доколку навистина себе се гледа како министер за култура, да насочи притисок кон министерството за финансии и да обезбеди финансии за исплата на платите согласно Колективниот договор и Членот 65, без притоа да биде прекинат ниеден проект или капитална инвестиција во културата. (се разбира доколку имале намера да ги реализираат веќе 5 години по ред најавуваните инвестиции).

Доколку министерката не успева да ги заштити интересите на вработените во културата и културата воопшто, нека си поднесе оставка. И онака власта во последните 5 години смени 5 министри за култура, со што се покажува целосна негрижа, безидејност и немање национална стратегија за културата.

Министерството за култура и министерката имаат должност и законска обврска да го почитуваат Колективниот договор, се останато не неприфатливо.

Вработените во културата, културните институции, столбот на државата повеќе не смее да ги трпи ваквите самоволијата на политичките епизодисти од СДСМ и ДУИ, подвлекува Љутков.

The post Љутков: Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници appeared first on Република.

]]>

Културата е столбот на државата и на идентитетот, а вработените во културата не смеат да трпат заради неспособноста на власта којашто не размислува за последиците од своите популистички мерки, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници. Дописот од Министерството за култура е јавно признание дека владата нема пари, дека не води грижа и дека не испланирала во буџетот исполнување на законската обврската за зголемување на платите согласно Колективниот договор. Ќе нагласам – владата во допис до синдикатот признава дека нема пари во буџетот за плати во културата според Колективен договор. Уште повеќе, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, признава дека доколку ја исполни обврската од Колективниот договор, тоа ќе биде на штета на проектите и ја префрла вината врз вработените. Ова е срамен допис, срамно признание. Без никаква почит кон вработените во културата, Министерката бара измени во Колективниот договор за културата на штета на вработените и фактички откажување од законскиот раст на плата во услови на енормно поскапување на трошоците за живот. Притоа, дописот содржи скриена закана дека доколку вработените и синдикатите не го прифатат овој предлог, владата ќе ги скрати, укине парите за програмските активности и капиталните инвестиции во културата. Повикуваме на разум и повлекување на ваквиот срамен предлог. Дописот со ваква содржина создава атмосфера на притисок и нездрави односи меѓу раководствата и вработените во институциите, односно се создава атмосфера на притисок од страна на директорите врз дел од вработените да бидат прифатени неприфатливи решенија на своја штета. Наместо притисок и закани кон вработените и синдикатите во културата министерката, доколку навистина себе се гледа како министер за култура, да насочи притисок кон министерството за финансии и да обезбеди финансии за исплата на платите согласно Колективниот договор и Членот 65, без притоа да биде прекинат ниеден проект или капитална инвестиција во културата. (се разбира доколку имале намера да ги реализираат веќе 5 години по ред најавуваните инвестиции). Доколку министерката не успева да ги заштити интересите на вработените во културата и културата воопшто, нека си поднесе оставка. И онака власта во последните 5 години смени 5 министри за култура, со што се покажува целосна негрижа, безидејност и немање национална стратегија за културата. Министерството за култура и министерката имаат должност и законска обврска да го почитуваат Колективниот договор, се останато не неприфатливо. Вработените во културата, културните институции, столбот на државата повеќе не смее да ги трпи ваквите самоволијата на политичките епизодисти од СДСМ и ДУИ, подвлекува Љутков.

The post Љутков: Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници appeared first on Република.

]]>