Љупчо Папазов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljupcho-papazov/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Aug 2023 17:51:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љупчо Папазов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljupcho-papazov/ 32 32 Мицкоски: Нема кривична за Мерко, кој за директор на училиште назначил средношколка, а има за Папазов, кој именувал директор кој не е по кејф на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nema-krivichna-za-merko-koj-za-direktor-na-uchilishte-naznachil-srednoshkolka-a-ima-za-papazov-koj-imenuval-direktor-koj-ne-e-po-kejf-na-vlasta/ Mon, 07 Aug 2023 17:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=669743

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира поднесувањето криувична пријава против градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Читам денес МВР на Спасовски и Ковачевски обелодениле „голем“ криминал. На градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, му поднеле кривична пријава зошто го именувал единствениот кандидат кој се пријавил на огласот за директор на Основното училиште. Значи не е тендер, не е договор во четири очи, туку одлука за именување на директор кој не бил по кејфот на власта.

Патем да напоменам нема кривична пријава за Мерко кој назначил за директор на училиште средношколка. Нормално нема кривична пријава зашто зелените од ДУИ ќе се налутат на СДСМ.

Со ваква власт, нема зима за криминалците. А, Папазов е силен, и добро знае дека колку тие посилно притискаат, толку пожестоко ќе бидат поразени. Е, потоа ќе има вистинска одговорност за вистинските криминали, пишува Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема кривична за Мерко, кој за директор на училиште назначил средношколка, а има за Папазов, кој именувал директор кој не е по кејф на власта appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира поднесувањето криувична пријава против градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, за злоупотреба на службената положба и овластување.
Читам денес МВР на Спасовски и Ковачевски обелодениле „голем“ криминал. На градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, му поднеле кривична пријава зошто го именувал единствениот кандидат кој се пријавил на огласот за директор на Основното училиште. Значи не е тендер, не е договор во четири очи, туку одлука за именување на директор кој не бил по кејфот на власта.   Патем да напоменам нема кривична пријава за Мерко кој назначил за директор на училиште средношколка. Нормално нема кривична пријава зашто зелените од ДУИ ќе се налутат на СДСМ.   Со ваква власт, нема зима за криминалците. А, Папазов е силен, и добро знае дека колку тие посилно притискаат, толку пожестоко ќе бидат поразени. Е, потоа ќе има вистинска одговорност за вистинските криминали, пишува Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема кривична за Мерко, кој за директор на училиште назначил средношколка, а има за Папазов, кој именувал директор кој не е по кејф на власта appeared first on Република.

]]>
Мицкоски и Папазов извршија увид на реконструкцијата на улица во центарот на Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-papazov-izvrshija-uvid-na-rekonstruktsijata-na-ulitsa-vo-tsentarot-na-kochani/ Thu, 08 Jun 2023 14:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=649308

Во рамки на активноста „Ова е Македонија за сите“ што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, партискиот претседател Христијан Мицкоски и кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов денеска извршија увид во реконструкцијата на улицата „Браќа Ставреви“ во централното градско подрачје на Кочани.

Градежните работи во сообраќајната и комуналната инфраструктура треба да се комплетираат во текот на оваа година, а ќе бидат опфатени и населени места во општината.

Во тек е замена на работниците, поставување на тротоарската површина, а во последната фаза ќе следи гребење на стариот асфалтен слој од коловозот и поставување нов. Исто така, завршен е проект за изградба на колектор од три километри на терцијарната канализациска мрежа, со што се решава децениски проблем за жителите на селото Тркање. Ќе следат уште два проекта, реконструкција на Споменикот на слободата во Кочани, за што наскоро ќе има тендерска постапка за избор на изведувач, како и изградба на канализациска мрежа во населбата Оризари, во вредност до околу седум милиони денари. Во наредниот период ќе се реконструираат и улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“ во Кочани со средства од Светска банка, во висина од 500 илјади евра - истакна градоначалникот Папазов.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски упати честитки за успешната реализација на инфраструктурните зафати, без разлика на предизвиците со кои во изминатиот период се соочила локалната власт во Кочани.

И покрај притисоците и кочењата од страна на централната власт, јас им честитам на градоначалникот Папазов и советниците за сето она што го прават. Убеден сум дека овој бран на инвестиции, оваа офанзива ќе продолжи сè додека трае градежната сезона и дека жителите на Кочани ќе можат да направат разлика дека не се сите исти, односно додека во централната власт се поврзани со сомнежи за криминали и крадења, во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата зборуваме само за градење и ги охрабрувам така да продолжат - истакна Мицкоски.

На средбата со партискиот лидер, градоначалникот Папазов информираше дека за да се намалат трошоците за електрична енергија во јавното комунално претпријатие „Водовод“, ќе се постави фотоволтаична централа во станицата за пречистување на отпадните води. За таа намена е обезбеден грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија во висина од над 220 илјади евра, а уште толку ќе кофинансира Општина Кочани.

The post Мицкоски и Папазов извршија увид на реконструкцијата на улица во центарот на Кочани appeared first on Република.

]]>

Во рамки на активноста „Ова е Македонија за сите“ што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, партискиот претседател Христијан Мицкоски и кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов денеска извршија увид во реконструкцијата на улицата „Браќа Ставреви“ во централното градско подрачје на Кочани. Градежните работи во сообраќајната и комуналната инфраструктура треба да се комплетираат во текот на оваа година, а ќе бидат опфатени и населени места во општината.
Во тек е замена на работниците, поставување на тротоарската површина, а во последната фаза ќе следи гребење на стариот асфалтен слој од коловозот и поставување нов. Исто така, завршен е проект за изградба на колектор од три километри на терцијарната канализациска мрежа, со што се решава децениски проблем за жителите на селото Тркање. Ќе следат уште два проекта, реконструкција на Споменикот на слободата во Кочани, за што наскоро ќе има тендерска постапка за избор на изведувач, како и изградба на канализациска мрежа во населбата Оризари, во вредност до околу седум милиони денари. Во наредниот период ќе се реконструираат и улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“ во Кочани со средства од Светска банка, во висина од 500 илјади евра - истакна градоначалникот Папазов.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски упати честитки за успешната реализација на инфраструктурните зафати, без разлика на предизвиците со кои во изминатиот период се соочила локалната власт во Кочани.
И покрај притисоците и кочењата од страна на централната власт, јас им честитам на градоначалникот Папазов и советниците за сето она што го прават. Убеден сум дека овој бран на инвестиции, оваа офанзива ќе продолжи сè додека трае градежната сезона и дека жителите на Кочани ќе можат да направат разлика дека не се сите исти, односно додека во централната власт се поврзани со сомнежи за криминали и крадења, во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата зборуваме само за градење и ги охрабрувам така да продолжат - истакна Мицкоски.
На средбата со партискиот лидер, градоначалникот Папазов информираше дека за да се намалат трошоците за електрична енергија во јавното комунално претпријатие „Водовод“, ќе се постави фотоволтаична централа во станицата за пречистување на отпадните води. За таа намена е обезбеден грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија во висина од над 220 илјади евра, а уште толку ќе кофинансира Општина Кочани.

The post Мицкоски и Папазов извршија увид на реконструкцијата на улица во центарот на Кочани appeared first on Република.

]]>
Папазов: Општина Кочани доби потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од 44.5 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/papazov-opshtina-kochani-dobi-potisen-cevkovod-vo-dolzina-od-2-2-kilometri-vo-vrednost-od-44-5-milioni-denari/ Mon, 11 Apr 2022 11:28:19 +0000 https://republika.mk/?p=486725

Општина Кочани доби потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од 44.5 милиони денари, изјави денеска кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов.

Се наоѓаме во комплексот Бунарски систем на комуналното јавно претпријатие Водовод – Кочани, каде го објавуваме завршувањето на проектот за изградба и реконструкција на главниот потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од околу 44 ипол милиони денари. Со што добиваме еден стабилен систем за водоснабдување, ги намалуваме загубите и во делот на можноста за земјоделците да пристапат до своите земјоделски површини со почеток на сезоната за наводнување, се покриени со датумот за извршување на нивните активности, рече Папазов.

Папазов очекува бенефитите од овој проект да ги почувствуваат граѓаните, комуналното јавно претпријатие Водовод, како и општината Кочани.

Обврската на Општина Кочани беше да ја спроведе постапката на експропријација на трасата по која се изведуваше овој проект, и обврска ќе биде заедно со изведувачот на работите да се вратат парцелите во првобитната состојба. Ваква проекција се реализира еднаш во 50 години и очекувам бенефитите да ги почувствува и комуналното јавно претпријатие Водовод, општината Кочани и граѓаните на општина Кочани, додаде Папазов.

https://youtu.be/bWtpFs7WRH4

The post Папазов: Општина Кочани доби потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од 44.5 милиони денари appeared first on Република.

Папазов: Зад нас се 100 дена работа во Општина Кочани одбележани со труд, чесност и средби со граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/papazov-zad-nas-se-100-dena-rabota-vo-opshtina-kochani-odbelezani-so-trud-chesnost-i-sredbi-so-gragjanite/ Tue, 15 Feb 2022 12:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=458862

Зад нас се 100 дена работа во Општина Кочани. 100 дена одбележани со труд, чесност, многу средби со граѓаните, анализирање и завршување на веќе затекнатите состојби и започнување на новите проекти, ова денеска го истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов на настанот „100 дена локална власт- отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ организиран во Кочани

Папазов во неговиот говор наведе и низа на реализирани проекти во првите 100 дена на градоначалничката функција.

Во периодот на преземањето на градоначалничката функција ја затекнав состојбата со реализација на проектот за изградба и поставување на атмосферска канализација на ул. Стево Теодосиевски во должина од 270 метри со 16 шахти и 6 собирни решетки. Реконструкцијата на градскиот парк ќе продолжи со уредување на делот од летната сцена и детскиот парк со нови реквизити опрема и нов под. Со реконструкцијата на ул. Роза Петрова, кракот и паркиралиштето се доби функционален простор со површина од 3000 квадратни метри, обезбеден сообраќаен пристап за станарите до објектите за колективно домување, се обезбеди паркиралиште за нови 90 места и добивме еден километар асфалтирана површина од ул. Роза Петрова, а во исто време на десната страна од истата улица ново тротоарско решение за безбедно и слободно движење на пешаците, истакна Папазов.

Тој додаде дека за овие 100 дена се работело интензивно и во насока на решавање на проблемот со отпадот во градот преку поставување на контејнери и чистење на повеќе диви депонии во околината на Кочани.

Во централното градско подрачје на четири платформи се поставија контејнери за собирање на комуналниот отпад и во исто време селекција на останатиот отпад. Два контејнери се за комуналниот отпад, еден за пластика еден за хартија. Со ова ги избегнавме лошите и непријатни миризби на овие локации, расфрлањето на отпадот околу контејнерите, поместување на истите, а се обезбеди и заштита на јавниот простор. Комуналното јавно претпријатие беше ангажирано и во санирањето на голем број депонии во околината на Кочани. Беа исчистени и уредени, просторот околу фабриката за вода, повеќенаменското игралиште и антената во Трајаново Трло, депонијата во Прибачево и голем број останати депонии на територијата на Општина Кочани, потенцираше Папазов.

Папазов исто така истакна дека Општина Кочани грижата за животната средина ја манифестира преку учество во проектот за изработка на катастар на загадувачи на почвата, водата и воздухот, со што ќе се дефинираат истите и ќе се одредат превентивните и репресивните мерки за решавање на ваквите состојби.

The post Папазов: Зад нас се 100 дена работа во Општина Кочани одбележани со труд, чесност и средби со граѓаните appeared first on Република.

]]>

Зад нас се 100 дена работа во Општина Кочани. 100 дена одбележани со труд, чесност, многу средби со граѓаните, анализирање и завршување на веќе затекнатите состојби и започнување на новите проекти, ова денеска го истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов на настанот „100 дена локална власт- отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ организиран во Кочани Папазов во неговиот говор наведе и низа на реализирани проекти во првите 100 дена на градоначалничката функција.