Љупчо Коцарев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljupcho-kocarev/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 08:46:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љупчо Коцарев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljupcho-kocarev/ 32 32 Промоција на „Слова за македонскиот непокор“ од академик Љупчо Коцарев https://arhiva3.republika.mk/vesti/promotsija-na-slova-za-makedonskiot-nepokor-od-akademik-lupcho-kotsarev/ Tue, 15 Oct 2024 08:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=826975

Во мултимедијалниот центар „Матица Ексклузив“ денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Слова за македонскиот непокор“ од академик Љупчо Коцарев, во која се застапени шеесет и девет есеи објавени во периодот од 2021 до 2023 година.

Како што информира издавачката куќа „Матица македонска“, авторот во есеите пишува за македонските национални премрежиња. Изданието ќе го промовира писателот Ефтим Клетников.

Како и во претходната негова книга „За македонските работи“, која предизвика голем интерес кај македонските читатели, Коцарев е конзистентен, аналитичен и ги поставува прашањата: „ Што понатаму?“ и „Кои се нашите предизвици?“, што зборува, од една страна, за неговата загриженост поврзана со повеќедецениската криза во Македонија и, од друга страна, за неговиот обид за изнаоѓање решенија за излез од кризата и за опстојбата на Македонија, соопшти „Матица македонска“.

Љупчо Коцарев (1955, Скопје) е поранешен претседател на Македонската академија на науките и уметностите (јануари 2020 – декември 2023). Работел на универзитетите: УКИМ во Скопје, на универзитетот Калифорнија во Беркли и универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

Автор е на над 200 научни трудови објавени во педесет водечки светски списанија со фактор на влијание во природно-математичките науки, техничко-технолошките науки, општествените науки и во хуманистичките науки.

Тој е дел од водечките два процента светски научници од сите научни области на сите времиња, согласно тимот на Универзитетот Станфорд во САД (од 2020 година до денес). Добитник е на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката. Академик Коцарев е изумител на шест патенти, одобрени и патентирани во Америка и во Европа. Неговите истражувања се финансирани од повеќе научни агенции во Америка (NSF, AFOSR, DoE, NIH, ONR), Европската Унија (TEMPUS, FP6, FP7, Horizon 2020), Германија (DAAD, DFG), Кина (Кинеска академија на науките), како и од индустријата (STMicroelectronics), информира „Матица македонска“.

The post Промоција на „Слова за македонскиот непокор“ од академик Љупчо Коцарев appeared first on Република.

]]>

Во мултимедијалниот центар „Матица Ексклузив“ денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Слова за македонскиот непокор“ од академик Љупчо Коцарев, во која се застапени шеесет и девет есеи објавени во периодот од 2021 до 2023 година. Како што информира издавачката куќа „Матица македонска“, авторот во есеите пишува за македонските национални премрежиња. Изданието ќе го промовира писателот Ефтим Клетников.
Како и во претходната негова книга „За македонските работи“, која предизвика голем интерес кај македонските читатели, Коцарев е конзистентен, аналитичен и ги поставува прашањата: „ Што понатаму?“ и „Кои се нашите предизвици?“, што зборува, од една страна, за неговата загриженост поврзана со повеќедецениската криза во Македонија и, од друга страна, за неговиот обид за изнаоѓање решенија за излез од кризата и за опстојбата на Македонија, соопшти „Матица македонска“.
Љупчо Коцарев (1955, Скопје) е поранешен претседател на Македонската академија на науките и уметностите (јануари 2020 – декември 2023). Работел на универзитетите: УКИМ во Скопје, на универзитетот Калифорнија во Беркли и универзитетот Калифорнија во Сан Диего. Автор е на над 200 научни трудови објавени во педесет водечки светски списанија со фактор на влијание во природно-математичките науки, техничко-технолошките науки, општествените науки и во хуманистичките науки.
Тој е дел од водечките два процента светски научници од сите научни области на сите времиња, согласно тимот на Универзитетот Станфорд во САД (од 2020 година до денес). Добитник е на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката. Академик Коцарев е изумител на шест патенти, одобрени и патентирани во Америка и во Европа. Неговите истражувања се финансирани од повеќе научни агенции во Америка (NSF, AFOSR, DoE, NIH, ONR), Европската Унија (TEMPUS, FP6, FP7, Horizon 2020), Германија (DAAD, DFG), Кина (Кинеска академија на науките), како и од индустријата (STMicroelectronics), информира „Матица македонска“.

The post Промоција на „Слова за македонскиот непокор“ од академик Љупчо Коцарев appeared first on Република.

]]>
Koцарев: Враќањето на името „Македонија“ е единствениот исправен пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-vrakaneto-na-imeto-makedonija-e-edinstveniot-ispraven-pat/ Thu, 10 Oct 2024 09:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=825149

„Остварување на македонското национално единство и враќање на името Македонија се единствениот исправен пат, по кој треба да зачекорат денешнава генерација Македонци и македонски политичари. Договорите со Грција и со Бугарија означуваат дека Македонија веќе денес е без минато, без сегашност и без иднина. Тие два договора го ништат, го искоренуваат колективниот македонски идентитет“, вели академик Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки и уметности во својата колумна со наслов „Еден народ е народ преку другите народи“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Ќе ја парафразирам Катица Ќулавкова дека „нашиот јужен сосед, кога ја формирал својата национална држава, точно пред два века, имал слобода да го избира“ својот колективен идентитет – тие во мај 1827 го одбраа грчкиот колективен, а не македонскиот колективен идентитет како свој. Тоа што денес во Грција неколку милиони нејзини граѓани избираат нивниот личен идентитет да биде македонски, не значи дека нашиот колективен идентитет не може да биде македонски. Напротив! Оттука, потреба од враќањето на името Македонија.

Македонскиот национализам се обидува да ги спаси македонската култура, јазик и историја, а национализмите на некои наши соседи, оживотворени во нивната официјална државна политика, ги водат Македонците директно во духовни „гасни“ комори – во нивен идентитетски геноцид.

До 2018 година колективниот македонски идентитет беше признаен од повеќе од 130 земји, вклучувајќи ги сите десет најнаселени земји во светот: Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил, Пакистан, Нигерија, Бангладеш, Русија, Мексико. А, денес? Македонскиот просторно-временски јазично-дијалектен континуум е сѐ уште е реалност за повеќето, можеби за сите, држави, освен за Бугарија. Сепак, ние уште понизно живуркаме воопшто не помислувајќи да го раскинеме Договорот со Бугарија и така ги поддржуваме бесмислените уцени на Бугарија.

Внесувањето на македонскиот јазик во ООН, иако во референтниот документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите – се користи кратенката UNTERM, за разлика од 2022 година, веќе не постои податокот „македонски јазик“! Значи, всушност има само признавање на литературниот (државниот) македонски јазик, но не и признавање на македонскиот просторно-временски јазично-дијалектен континуум.

Не само Илинден, туку и 11 Октомври е „семакедонско ‘Свето тројство’, затоа што поврзува неколку слоја на колективната меморија на Македонците: митскиот, христијанскиот, историскиот, политичкиот и културниот слој“ (Катица Ќулавкова).

Мице Козар, Крсте Црвенковски, Благоја Корубин, Коле Чашуле, Душко Наумоски и другите борци на Прилепскиот партизански одред, задоени со слободарски идеи и со љубов за Македонија, започнаа да го реализираат сонот на македонскиот народ за сопствена држава, што доведе, неколку години подоцна, до возобновување на духовните, научните, образовните, политичките, општествените, социјалните и културните институции на Република Македонија.

The post Koцарев: Враќањето на името „Македонија“ е единствениот исправен пат appeared first on Република.

]]>

„Остварување на македонското национално единство и враќање на името Македонија се единствениот исправен пат, по кој треба да зачекорат денешнава генерација Македонци и македонски политичари. Договорите со Грција и со Бугарија означуваат дека Македонија веќе денес е без минато, без сегашност и без иднина. Тие два договора го ништат, го искоренуваат колективниот македонски идентитет“, вели академик Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки и уметности во својата колумна со наслов „Еден народ е народ преку другите народи“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Ќе ја парафразирам Катица Ќулавкова дека „нашиот јужен сосед, кога ја формирал својата национална држава, точно пред два века, имал слобода да го избира“ својот колективен идентитет – тие во мај 1827 го одбраа грчкиот колективен, а не македонскиот колективен идентитет како свој. Тоа што денес во Грција неколку милиони нејзини граѓани избираат нивниот личен идентитет да биде македонски, не значи дека нашиот колективен идентитет не може да биде македонски. Напротив! Оттука, потреба од враќањето на името Македонија.
Македонскиот национализам се обидува да ги спаси македонската култура, јазик и историја, а национализмите на некои наши соседи, оживотворени во нивната официјална државна политика, ги водат Македонците директно во духовни „гасни“ комори – во нивен идентитетски геноцид. До 2018 година колективниот македонски идентитет беше признаен од повеќе од 130 земји, вклучувајќи ги сите десет најнаселени земји во светот: Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил, Пакистан, Нигерија, Бангладеш, Русија, Мексико. А, денес? Македонскиот просторно-временски јазично-дијалектен континуум е сѐ уште е реалност за повеќето, можеби за сите, држави, освен за Бугарија. Сепак, ние уште понизно живуркаме воопшто не помислувајќи да го раскинеме Договорот со Бугарија и така ги поддржуваме бесмислените уцени на Бугарија.
Внесувањето на македонскиот јазик во ООН, иако во референтниот документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите – се користи кратенката UNTERM, за разлика од 2022 година, веќе не постои податокот „македонски јазик“! Значи, всушност има само признавање на литературниот (државниот) македонски јазик, но не и признавање на македонскиот просторно-временски јазично-дијалектен континуум.
Не само Илинден, туку и 11 Октомври е „семакедонско ‘Свето тројство’, затоа што поврзува неколку слоја на колективната меморија на Македонците: митскиот, христијанскиот, историскиот, политичкиот и културниот слој“ (Катица Ќулавкова). Мице Козар, Крсте Црвенковски, Благоја Корубин, Коле Чашуле, Душко Наумоски и другите борци на Прилепскиот партизански одред, задоени со слободарски идеи и со љубов за Македонија, започнаа да го реализираат сонот на македонскиот народ за сопствена држава, што доведе, неколку години подоцна, до возобновување на духовните, научните, образовните, политичките, општествените, социјалните и културните институции на Република Македонија.

The post Koцарев: Враќањето на името „Македонија“ е единствениот исправен пат appeared first on Република.

]]>
Претседателот на МАНУ: Дали раскинување на Договорот со Бугарија е единствено решение за Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-manu-dali-raskinuvane-na-dogovorot-so-bugarija-e-edinstveno-reshenie-za-makedonija/ Wed, 11 Oct 2023 11:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=690135

Во 2017-тата и во 2018-тата година, три настани ја одредија иднината на Македонија, потенцира претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во интервју на ТВ Алфа во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски.

Првиот, потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на 1 август 2017 г., од премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев, во Скопје. Вториот, потпишувањето на Договорот со Грција (или Договорот од Преспа), на 17 јуни 2018 година, во селото Нивици, Егејска Македонија, на Преспанското Езеро, од министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името на Македонија, Метју Нимиц. Третиот, Референдумот за Договорот со Грција, одржан на 29 и 30 септември 2018 година. Од вкупниот број гласачи, на Референдумот гласале 36,91 процент, додека 33,76 проценти од населението гласала „ЗА“ цени академик Коцарев.

Според него, ако се зборува за спроведување на Договорот со Бугарија и обврските во протоколите, тогаш неопходно е да се има предвид и Рамковната позиција на Бугарија во однос на процесот за стабилизација и асоцијација на Македонија и на Албанија – документ усвоен во Собранието на Република Бугарија, на денешен ден пред 4 години, поточно, на 10 октомври 2019 година, документ во кој се вели: „Треба да биде јасно дека јазичната норма прогласена за уставен јазик во Република Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во поранешната југословенска република, по нивната кодификација во 1944 година. Ниту еден документ/изјава во процесот на пристапување не може да се смета за признавање од страна на бугарската страна на постоењето на т.н. ’македонски јазик‘, одвоен од бугарскиот“.

Ненаучниот став на Владата на Република Бугарија во однос на македонскиот јазик е јасен и непроменет од 1949 година (по раскинувањето на Бледскиот договор) дека: на територијата на денешна Република Македонија, до 1944 година, се зборувало бугарски јазик, којшто потоа се нарекол македонски јазик, тогаш голем дел од жителите на Македонија, според овој став, до 1944 година, биле Бугари, за потоа, по 1944 година, да се преименуваат во Македонци?!“ посочува претседателот на МАНУ.

Во овој контекст, наведува академик Коцарев, треба да се посочи и на Соопштението на Бугарската академија на науките, со кое таа ги поддржува напорите на бугарската влада да ја интегрира Република Македонија во вредностите на Европската Унија и во кое се изразува нејзиниот став за неприфаќање на тековно предложената рамка за преговори за Република Македонија пред Европската комисија, изразувајќи го својот цврст став за одбрана на историската вистина за минатото на историско-географскиот регион на Македонија, вклучително и на бугарската национална и културна припадност на мнозинството од нејзините жители.

Оттука, ако другата страна, во овој случај Бугарија, не ги признава македонскиот јазик, историја и идентитет, независно од постоењето на бугарскиот јазик, историја и идентитет, тогаш прашањата: дали треба воопшто да се водат преговори со таа страна, дали треба да се потпишуваат договори за пријателство, добрососедство и соработка или дали треба да се менува Уставот на Македонија по нивно барање, зар не ви се чини дека се бесмислени, нелогични и неправедни? Зар тоа е пријателство, добрососедство и соработка? Дали, можеби, во таков случај, единствено решение за Македонија е раскинување на Договорот со Бугарија?“ јавно прашува првиот човек на МАНУ во интервјуто за „За или против“.

The post Претседателот на МАНУ: Дали раскинување на Договорот со Бугарија е единствено решение за Македонија? appeared first on Република.

Се залагам Македонија да биде дел од ЕУ, нo пристапот на Владата е грешен и срамен и веднаш треба да се напушти, рече претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-zalagam-makedonija-da-bide-del-od-eu-no-pristapot-na-vladata-e-greshen-i-sramen-i-vednash-treba-da-se-napushti-reche-pretsedatelot-na-manu-lupcho-kotsarev/ Mon, 09 Oct 2023 11:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=689543

Предизвиците со кои се соочуваме денес се од духовна и од економска сфера. На државата и е потребен фундаментален документ, којшто ќе биде изработен под водство на МАНУ, заедно со универзитетите и стопанските комори, без учество на извршната власт. Но, не е доволно само да се изработи ваков документ, туку потребна е негова имплементација во континуитет, посочи претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев.

Тој денеска во своето обраќање по повод 56 години од постоење на МАНУ, рече дека првиот предизвик што го има државата се однесува на сфаќањето на дел од македонските политичари, интелектуалци и граѓани дека нам ни треба некој однадвор за да се воспостави ред и владеење на правото, за да се имплементираат демократските принципи внатре во државата.

Предлагам и се залагам Македонија да биде дел од Европската Унија, но пристапот во кој доминираат понизноста, сервилноста, недостоинственоста, па дури и нечовечноста, што тековната Влада го избрала како единствен пат за пристапување во ЕУ, е грешен и срамен, па затоа треба веднаш да се напушти, рече Коцарев.

Во однос на економијата, рече дека светската, европската и македонската економија ги очекува период на висока инфлација, висока задолженост на приватниот и на јавниот сектор, нарушени синџири на снабдување и енергетска криза.

Во вакви бурни економски времиња, патот што го одбра Македонија, пат без континуитет, пат по кој секоја Влада одново се враќа на почетната позиција, е погрешен и непродуктивен и води кон пропаст, рече Коцарев.

Коцарев во своето обраќање подвлече дека МАНУ има потреба од отворање на расправа за формирање на Одделение за хуманистички науки за што, како што посочи, потребна е општа расправа во Собранието на МАНУ за овој предлог.

Според Коцарев, време е МАНУ да се приспособи на современите научни текови кога станува збор за класификација на науките.

The post Се залагам Македонија да биде дел од ЕУ, нo пристапот на Владата е грешен и срамен и веднаш треба да се напушти, рече претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев appeared first on Република.

]]>

Предизвиците со кои се соочуваме денес се од духовна и од економска сфера. На државата и е потребен фундаментален документ, којшто ќе биде изработен под водство на МАНУ, заедно со универзитетите и стопанските комори, без учество на извршната власт. Но, не е доволно само да се изработи ваков документ, туку потребна е негова имплементација во континуитет, посочи претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев. Тој денеска во своето обраќање по повод 56 години од постоење на МАНУ, рече дека првиот предизвик што го има државата се однесува на сфаќањето на дел од македонските политичари, интелектуалци и граѓани дека нам ни треба некој однадвор за да се воспостави ред и владеење на правото, за да се имплементираат демократските принципи внатре во државата.
Предлагам и се залагам Македонија да биде дел од Европската Унија, но пристапот во кој доминираат понизноста, сервилноста, недостоинственоста, па дури и нечовечноста, што тековната Влада го избрала како единствен пат за пристапување во ЕУ, е грешен и срамен, па затоа треба веднаш да се напушти, рече Коцарев.
Во однос на економијата, рече дека светската, европската и македонската економија ги очекува период на висока инфлација, висока задолженост на приватниот и на јавниот сектор, нарушени синџири на снабдување и енергетска криза.
Во вакви бурни економски времиња, патот што го одбра Македонија, пат без континуитет, пат по кој секоја Влада одново се враќа на почетната позиција, е погрешен и непродуктивен и води кон пропаст, рече Коцарев.
Коцарев во своето обраќање подвлече дека МАНУ има потреба од отворање на расправа за формирање на Одделение за хуманистички науки за што, како што посочи, потребна е општа расправа во Собранието на МАНУ за овој предлог. Според Коцарев, време е МАНУ да се приспособи на современите научни текови кога станува збор за класификација на науките.  

The post Се залагам Македонија да биде дел од ЕУ, нo пристапот на Владата е грешен и срамен и веднаш треба да се напушти, рече претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев appeared first on Република.

]]>
Коцарев: Дали има излез од оваа состојба? Да! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-dali-ima-izlez-od-ovaa-sostojba-da/ Fri, 18 Aug 2023 17:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=673400

За Македонците, културен геноцид се сите документи во кои не научно, туку со политички притисок, се бара од нив самите да се откажат од македонството, од своите македонски корени, да се откажеме самите од себеси, од Македонците во Пирин и во Егеј, да се откажеме од македонскиот просторен и временски јазичен континуум, што постои илјадници години и продолжува да постои и денес, во Македонија, во сите соседни држави и насекаде каде што живеат Македонците, вели во својата колумна за „Нова Македонија“ претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

Срцевината на проблемите во ЕУ е неуспехот на концептот „секој граѓанин станува наднационален, космополит, граѓанин на светот“. Тоа е и единствена причина за смртта на Македонија: граѓанскиот концепт на државата соочен со национализмот на соседите, особено на ЕУ-членките, придонесе, за што исклучиво се виновни (дел од) македонските политичари, Македонија да се откаже од Македонците. Дали има излез од оваа состојба? Да – овој мој позитивен пристап ќе го поткрепам повторно со стихови: „Тука најсилно со векови / Ѕвонат црквите македонски“, па затоа „Ѕвонете со камбаните кои сè уште можат да ѕвонат / Заборавете на вашата совршена понуда“, заборавете на лажната и недостоинствена ЕУ понуда – „Во сè има пукнатина / Така влегува светлината“… така за навек влегува светлината на македонството, пишува тој.

Целата колумна на „Нова Македонија

The post Коцарев: Дали има излез од оваа состојба? Да! appeared first on Република.

Коцарев: Насушно ни треба трет Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-nasushno-ni-treba-tret-ilinden/ Tue, 01 Aug 2023 15:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=667706

Македонската државност почива на темелите на Илинденската револуција. Почива на двата Илиндена, а македонскиот народ има своја историја и содржина во двете востанија – 1903-тата и 1944-тата. Секој обид за минимизирање, е негирање на македонството, беше истакнато на денешната прва научна конференција организирана од Матицата на иселениците од Македонија во Крушево, во пресрет на големиот празник Илинден. Научната конференција е насловена „120 години од Илинденското востание“.

Се знае, македонската државност почива на темелите на Илинденското востание, на Илинденската револуција, и ако сакате прецизно-на двата Илиндена, од 1903-тата и од 1944-тата година. Конференцијата е во чест на 120 години национална меморија за Илинденското востание и ние им се оддолжуваме на сите оние кои нас не задолжија ние да имаме слободна држава. Темелот е, буквално овде, во Крушево. Илинденското востание и АСНОМ-ските решенија на идните генерации им го даваат чувството на припадност и ние им пркосиме на сите кои сакаат тоа да го избришат. Македонија не е и нема да биде држава за поткусурување - изјави Катерина Тодороска, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје.

Илинденското востание има свое значење во сите периоди: и во 1903-тата, во 1944-тата и во поново време кога ја оствариме македонската државност.-Востанието е темелот на македонската државност. Ако ги анализираме Илинден 1903-тата и Илинден 1944-тата кога на АСНОМ се донесени државотворните акти, тоа значи дека македонскиот народ има своја историја, своја содржина во двете востанија, во двата Илиндена. Тоа е врвен чин, не само на слободарските пориви на македонскиот народ, бидејќи Вапцаров е прв кој вели дека со Илинденското востание внесовме народна содржина, со крвта на народот. Тоа значи дека македонскиот народ создава своја историја кога е дел од македонската колективна меморија. Обидот да не се прослават или одбележат овие два моменти, значајни од македонската историја, да се негираат научноста или македонската меморија, одат во насока да се опонира или избрише македонството. Македонскиот народ создаваше своја историја. Народот ја создаде целокупната меморија за двата Илиндена, рече Наташа Котлар Трајкова, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје.

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев смета дека е потребен трет Илинден.

Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд. А за тоа се исклучиво виновни дел од македонските политичари кои во изминативе 30 години поддржувајќи лукративни, сервилни и недостоинствени форми на владеење, поточно би рекол дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна во поробена земја. Идентитетството не смее да се доведе во прашање. Нам насушно ни треба трет Илинден. Нам ни треба, јас сум длабоко уверен, расчистување со лажните државотворци - рече Коцарев.

Македонското малцинство во Бугарија ги продолжува своите настојувања за признавање.

Ние бараме поддршка од македонската влада да застане зад нас и во Бугарија да нè признаат како Македонци. И покрај сите одговори од Судот за човекови права од Стразбур, ништо не е променето, вели Стојан Герасимов, Македонец од Бугарија.

Илинденско Крушево сака да ги зацврсти врските со дијаспората, но и да го реши најголемиот проблем на денешното време – иселувањето.

Општина Крушево како општествено одговорна институција, а и јас, како претседател на Научно културните средби „10 дена Крушевска република“, се грижиме за своите иселеници. Ги негуваме традицијата, историјата, културата. Токму Крушево е град на традиција, историја и на култура. Сме во насока на унапредување на врските со дијаспората. Општина Крушево секогаш е отворена за соработка и да ги засилиме врските со дијаспората и татковината. А во ова време, да ја запреме најголемата болка, иселувањето - рече крушевскиот градоначалник Томе Христоски.

На конференцијата е промовиран и зборникот на трудови на 11 еминентни научници и историчари за прашањето за значењето на Илинденското востание. Поддржувачи на научната конференција за Илинден се општините на Крушево, Карпош, Куманово, Прилеп и Битола.

The post Коцарев: Насушно ни треба трет Илинден appeared first on Република.

]]>

Македонската државност почива на темелите на Илинденската револуција. Почива на двата Илиндена, а македонскиот народ има своја историја и содржина во двете востанија – 1903-тата и 1944-тата. Секој обид за минимизирање, е негирање на македонството, беше истакнато на денешната прва научна конференција организирана од Матицата на иселениците од Македонија во Крушево, во пресрет на големиот празник Илинден. Научната конференција е насловена „120 години од Илинденското востание“.
Се знае, македонската државност почива на темелите на Илинденското востание, на Илинденската револуција, и ако сакате прецизно-на двата Илиндена, од 1903-тата и од 1944-тата година. Конференцијата е во чест на 120 години национална меморија за Илинденското востание и ние им се оддолжуваме на сите оние кои нас не задолжија ние да имаме слободна држава. Темелот е, буквално овде, во Крушево. Илинденското востание и АСНОМ-ските решенија на идните генерации им го даваат чувството на припадност и ние им пркосиме на сите кои сакаат тоа да го избришат. Македонија не е и нема да биде држава за поткусурување - изјави Катерина Тодороска, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје.
Илинденското востание има свое значење во сите периоди: и во 1903-тата, во 1944-тата и во поново време кога ја оствариме македонската државност.-Востанието е темелот на македонската државност. Ако ги анализираме Илинден 1903-тата и Илинден 1944-тата кога на АСНОМ се донесени државотворните акти, тоа значи дека македонскиот народ има своја историја, своја содржина во двете востанија, во двата Илиндена. Тоа е врвен чин, не само на слободарските пориви на македонскиот народ, бидејќи Вапцаров е прв кој вели дека со Илинденското востание внесовме народна содржина, со крвта на народот. Тоа значи дека македонскиот народ создава своја историја кога е дел од македонската колективна меморија. Обидот да не се прослават или одбележат овие два моменти, значајни од македонската историја, да се негираат научноста или македонската меморија, одат во насока да се опонира или избрише македонството. Македонскиот народ создаваше своја историја. Народот ја создаде целокупната меморија за двата Илиндена, рече Наташа Котлар Трајкова, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје. Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев смета дека е потребен трет Илинден.
Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд. А за тоа се исклучиво виновни дел од македонските политичари кои во изминативе 30 години поддржувајќи лукративни, сервилни и недостоинствени форми на владеење, поточно би рекол дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна во поробена земја. Идентитетството не смее да се доведе во прашање. Нам насушно ни треба трет Илинден. Нам ни треба, јас сум длабоко уверен, расчистување со лажните државотворци - рече Коцарев.
Македонското малцинство во Бугарија ги продолжува своите настојувања за признавање. Ние бараме поддршка од македонската влада да застане зад нас и во Бугарија да нè признаат како Македонци. И покрај сите одговори од Судот за човекови права од Стразбур, ништо не е променето, вели Стојан Герасимов, Македонец од Бугарија. Илинденско Крушево сака да ги зацврсти врските со дијаспората, но и да го реши најголемиот проблем на денешното време – иселувањето.
Општина Крушево како општествено одговорна институција, а и јас, како претседател на Научно културните средби „10 дена Крушевска република“, се грижиме за своите иселеници. Ги негуваме традицијата, историјата, културата. Токму Крушево е град на традиција, историја и на култура. Сме во насока на унапредување на врските со дијаспората. Општина Крушево секогаш е отворена за соработка и да ги засилиме врските со дијаспората и татковината. А во ова време, да ја запреме најголемата болка, иселувањето - рече крушевскиот градоначалник Томе Христоски.
На конференцијата е промовиран и зборникот на трудови на 11 еминентни научници и историчари за прашањето за значењето на Илинденското востание. Поддржувачи на научната конференција за Илинден се општините на Крушево, Карпош, Куманово, Прилеп и Битола.

The post Коцарев: Насушно ни треба трет Илинден appeared first on Република.

]]>
Коцарев: Македонци, потребен ни е трет Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-makedontsi-potreben-ni-e-tret-ilinden/ Tue, 01 Aug 2023 13:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=667677

Во пресрет на Илинден, најголемиот национален и државен празник за Македонците – празникот што претставува симбол на непокорот на македонскиот народ, ве повикувам заедно да упатиме молитва за Македонија, за Македонците, а притоа да не заборавиме дека зборот „Македонија“ подразбира, прво, просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ и, второ, македонскиот национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, во соседството и низ целиот свет, пишува академик Љупчо Коцарев, претседателот на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „И словата за Словото треперат: Илинден, сто дваесет години подоцна“ за весникот „Нова Македонија“.

Темни облаци надвиснале над Македонија и само Илија Громовникот може да ги растера. Првиот Илинден: Илинденското востание од 1903 година, ги симболизира слободата, еднаквоста и братството (liberté, égalité, fraternité), додека, пак, Вториот Илинден означува, според зборовите на Панко Брашнаров, сведок и на Првиот и на Вториот Илинден, дека Вториот Илинден е „последниот Илинден на неслободна Македонија“, па, така, со него се градат „темелите на македонската држава“. Зборовите „последниот Илинден на неслободна Македонија“ одекнуваат, татнат со невидена жестина, особено зборот ПОСЛЕДНИОТ, но, за жал, сведоци сме дека, денес, триесетина години од прогласувањето на својата независност, Македонија е повторно поробена земја: протекторат, вазал, банана-држава, неоколонијален феуд – изберете кој било од овие термини и нема да погрешите. А за тоа исклучиво се виновни македонските политичари, кои во минатите триесетина години, поддржувајќи лукративни, сервилни, недостоинствени форми на владеење, хм…, поточно, на дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна земја во поробена земја, во која целосно се суспендираат македонскиот уставен поредок и правен систем.

Оттука, во мојата молитва му се обраќам на Илија Громовникот – нам насушно ни треба Трет Илинден.

Целата колумна на „Нова Македонија“

The post Коцарев: Македонци, потребен ни е трет Илинден appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на Илинден, најголемиот национален и државен празник за Македонците – празникот што претставува симбол на непокорот на македонскиот народ, ве повикувам заедно да упатиме молитва за Македонија, за Македонците, а притоа да не заборавиме дека зборот „Македонија“ подразбира, прво, просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ и, второ, македонскиот национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, во соседството и низ целиот свет, пишува академик Љупчо Коцарев, претседателот на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „И словата за Словото треперат: Илинден, сто дваесет години подоцна“ за весникот „Нова Македонија“. Темни облаци надвиснале над Македонија и само Илија Громовникот може да ги растера. Првиот Илинден: Илинденското востание од 1903 година, ги симболизира слободата, еднаквоста и братството (liberté, égalité, fraternité), додека, пак, Вториот Илинден означува, според зборовите на Панко Брашнаров, сведок и на Првиот и на Вториот Илинден, дека Вториот Илинден е „последниот Илинден на неслободна Македонија“, па, така, со него се градат „темелите на македонската држава“. Зборовите „последниот Илинден на неслободна Македонија“ одекнуваат, татнат со невидена жестина, особено зборот ПОСЛЕДНИОТ, но, за жал, сведоци сме дека, денес, триесетина години од прогласувањето на својата независност, Македонија е повторно поробена земја: протекторат, вазал, банана-држава, неоколонијален феуд – изберете кој било од овие термини и нема да погрешите. А за тоа исклучиво се виновни македонските политичари, кои во минатите триесетина години, поддржувајќи лукративни, сервилни, недостоинствени форми на владеење, хм…, поточно, на дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна земја во поробена земја, во која целосно се суспендираат македонскиот уставен поредок и правен систем. Оттука, во мојата молитва му се обраќам на Илија Громовникот – нам насушно ни треба Трет Илинден. Целата колумна на „Нова Македонија“

The post Коцарев: Македонци, потребен ни е трет Илинден appeared first on Република.

]]>
Академик Коцарев: Да не дозволиме да се промени Уставот и Македонија да исчезне https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-da-ne-dozvolime-da-se-promeni-ustavot-i-makedonija-da-ischezne/ Wed, 19 Apr 2023 17:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=632209

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во интервју за порталот „Експрес“ ги повикува македонските политички партии да дејствуваат против исчезнувањето, партизацијата и демакедонизацијата на Македонија, бидејќи како што вели, само така можат да ги спречат поморот на македонскиот род, бришењето на македонското име, дерогирањето на македонскиот јазик и дезавуирањето на се што е македонско.

Коцарев ги повикува сите пратеници во Собранието едногласно да се изјаснат против уставните измени и против внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Според него, препораките на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања треба да се маргинализираат со образложение дека, иако Македонија е за ЕУ и посветено работи на почнување на пристапните преговори, досегашните препораки, сепак, немаат научен, туку содржат уценувачки предзнак.

Прашањето „за или против ЕУ“ е бесмислено, но секогаш кога претседателот на МАНУ или некои членови на Академијата аргументирано ќе ги оспорат договорите со Грција и со Бугарија, веднаш Академијата ја добива етикетата „антиевропска“. Повеќе пати сум пишувал и говорел, а верувам и дека сите членови на МАНУ ќе се согласат со мене, дека МАНУ не е против ЕУ, туку напротив, МАНУ е за ЕУ, но за Унија во која Македонците ќе бидат рамноправен и достоинствен народ со сите други народи во ЕУ, вели академик Коцарев.

The post Академик Коцарев: Да не дозволиме да се промени Уставот и Македонија да исчезне appeared first on Република.

]]>

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во интервју за порталот „Експрес“ ги повикува македонските политички партии да дејствуваат против исчезнувањето, партизацијата и демакедонизацијата на Македонија, бидејќи како што вели, само така можат да ги спречат поморот на македонскиот род, бришењето на македонското име, дерогирањето на македонскиот јазик и дезавуирањето на се што е македонско. Коцарев ги повикува сите пратеници во Собранието едногласно да се изјаснат против уставните измени и против внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Според него, препораките на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања треба да се маргинализираат со образложение дека, иако Македонија е за ЕУ и посветено работи на почнување на пристапните преговори, досегашните препораки, сепак, немаат научен, туку содржат уценувачки предзнак.
Прашањето „за или против ЕУ“ е бесмислено, но секогаш кога претседателот на МАНУ или некои членови на Академијата аргументирано ќе ги оспорат договорите со Грција и со Бугарија, веднаш Академијата ја добива етикетата „антиевропска“. Повеќе пати сум пишувал и говорел, а верувам и дека сите членови на МАНУ ќе се согласат со мене, дека МАНУ не е против ЕУ, туку напротив, МАНУ е за ЕУ, но за Унија во која Македонците ќе бидат рамноправен и достоинствен народ со сите други народи во ЕУ, вели академик Коцарев.

The post Академик Коцарев: Да не дозволиме да се промени Уставот и Македонија да исчезне appeared first on Република.

]]>
Претседателот на МАНУ ќе има илинденско обраќање во Трново https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-manu-kje-ima-ilindensko-obrakjanje-vo-trnovo/ Sat, 30 Jul 2022 09:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=535029

Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев на 2 август, на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија – Илинден, ќе има илинденско обраќање во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, во потпелистерското село Трново.

На прес-конференција во Битола претседателот на Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Љупчо Јаневски, истакна дека годинава во Трново со посебна програма ќе биде одбележан голем јубилеј, половина век од традиционалното организирање на Светската Македонска иселеничка средба.

„Семакедонската средба почнува во 10.30 часот, а за битолчани обезбедивме бесплатен автобуски превоз со почетни станици за тргнување од пред местата ‘Шехеразада’ и ‘Јавор’ во Битола. На големиот сенароден собир ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и други поканети гости кои ќе изразат желба да го поздрават собирот на кој ќе присуствуваат и архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец Пале Колефски, претседателот на единствената македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила“, истакна Јаневски.

Организаторот најави богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД „Гоце Делчев“ од Битола, македонски играорни групи од соседните држави, а македонски народни песни ќе исполни Дамјан Стојановски.

The post Претседателот на МАНУ ќе има илинденско обраќање во Трново appeared first on Република.

]]>

Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев на 2 август, на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија – Илинден, ќе има илинденско обраќање во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, во потпелистерското село Трново. На прес-конференција во Битола претседателот на Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Љупчо Јаневски, истакна дека годинава во Трново со посебна програма ќе биде одбележан голем јубилеј, половина век од традиционалното организирање на Светската Македонска иселеничка средба.
„Семакедонската средба почнува во 10.30 часот, а за битолчани обезбедивме бесплатен автобуски превоз со почетни станици за тргнување од пред местата ‘Шехеразада’ и ‘Јавор’ во Битола. На големиот сенароден собир ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и други поканети гости кои ќе изразат желба да го поздрават собирот на кој ќе присуствуваат и архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец Пале Колефски, претседателот на единствената македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила“, истакна Јаневски.
Организаторот најави богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД „Гоце Делчев“ од Битола, македонски играорни групи од соседните држави, а македонски народни песни ќе исполни Дамјан Стојановски.

The post Претседателот на МАНУ ќе има илинденско обраќање во Трново appeared first on Република.

]]>
Коцарев: Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, значат разнебитување на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kocarev-site-dokumenti-shto-ne-se-konzistentni-so-osnovnite-premisi-na-makedonizmot-znachat-raznebituvanje-na-makedonija/ Thu, 21 Jul 2022 11:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=531801

Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се и Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија, вели академик Љупчо Коцарев, во анализа за „Нова Македонија“ што целосно треба да биде објавена утре.

Тоа, пак, води до констатацијата дека ако не ги раскинеме двата документи, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија но не и Македонците. Трагично е, но мора да се прифати фактот дека со двата документи, Договорот и Спогодбата, Македонија всушност, свесно или несвесно, изврши геноцид на Македонците во Егеј и Пирин.

Затоа, во септември треба да почнеме мудро и спокојно со процесот на разрешување на состојбата во која дојдовме заради неуките, недокваканите и алчни (за власт, слава и пари) политичари. Време е за промени, а интелектуалците треба да бидат предводници на овие промени - смета академик Коцарев.

The post Коцарев: Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, значат разнебитување на Македонија appeared first on Република.

]]>

Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се и Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија, вели академик Љупчо Коцарев, во анализа за „Нова Македонија“ што целосно треба да биде објавена утре.
Тоа, пак, води до констатацијата дека ако не ги раскинеме двата документи, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија но не и Македонците. Трагично е, но мора да се прифати фактот дека со двата документи, Договорот и Спогодбата, Македонија всушност, свесно или несвесно, изврши геноцид на Македонците во Егеј и Пирин.   Затоа, во септември треба да почнеме мудро и спокојно со процесот на разрешување на состојбата во која дојдовме заради неуките, недокваканите и алчни (за власт, слава и пари) политичари. Време е за промени, а интелектуалците треба да бидат предводници на овие промени - смета академик Коцарев.

The post Коцарев: Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, значат разнебитување на Македонија appeared first on Република.

]]>
Академик Коцарев: Македонизмот подразбира автохтоност на македонскиот народ и на неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademik-kocarev-makedonizmot-podrazbira-avtohtonost-na-makedonskiot-narod-i-na-negoviot-istoriski-jazichen-kulturen-i-religiski-kontinuitet/ Wed, 04 May 2022 15:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=497467

Во денешниот број на весникот „Нова Македонија“ е објавен целиот текст од вчерашното обраќање на академик Љупчо Коцарев на вчерашната научна конференција посветена на 150-годишнината од раѓањето на апостолот на македонската револу ционерна борба, Гоце Делчев, што во организација на Институтот за национална историја се одржа спроти 119-годишнината од неговата погибија.

Текстот го пренесуваме во целост.

Оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на најголемиот македонски син, легендарниот револуционер и народен предводник Гоце Делчев. За Гоце Делчев се кажани, изречени, напишани толку многу беседи, слова, текстови што секој обид за ново видување и толкување на неговиот лик и неговото дело претставува вистински предизвик. Тоа ме поттикна, сепак да се обидам, овој мој денешен текст да го обликувам на малку поинаков начин, задржувајќи се на местото и улогата на историската наука за иднината на Македонија и на планетата Земја. Ќе започнам со воведните реченици на „Манифестот на Комунистичката партија“ (на англиски The Communist Manifesto) – дело првпат објавено во 1848 година: „Сениште кружи низ Европа – сеништето на комунизмот. Сите сили на старата Европа направија сојуз за света војна против тоа сениште: римскиот папа и рускиот цар, Метерних и Гизо, француските радикали и германските полицајци.“ Не се случајни насловот и почетниот параграф на една друга книга објавена во 2014 години од двајца еминентни професори по историја во САД, Гулди и Армитич. Книгата насловена “The History Manifesto”, или во слободен превод „Манифест на историската наука“, започнува со: „Сениште го прогонува нашето време: сеништето на краткиот рок. Живееме во момент на забрзана криза што се карактеризира со недостиг од долгорочно размислување.“

Историската наука во последните неколку децении доживеа бурни промени, па, така, во научната дисциплина историја на историската наука може да се воочат неколку тенденции. Првата тенденција се однесува на временскиот опсег на историските истражувања. Во книгата „Манифест на историската наука“, авторите се против истражувањата што опфаќаат кратки временски периоди и се залагаат за враќање на концептот „долго траење“ (на француски longue durée) – термин поврзан со револуцијата во историографија што се случи во Франција помеѓу 30-тите и 60-тите од 20 век и појавата на списанието „Анали за економската и социјалната историја“ (Annales d’histoire économique et sociale). Во последните две децении, терминот „долго траење“ се прошири од векови до времиња поврзани од настанувањето на универзумот, Земјата или човечката раса до денес.

Втората тенденција: ирелевантност, подразбира, според Гулди и Армитич, дека историчарите сѐ повеќе избегнуваат, од една страна, да се соочат со авторитетите – да ја кажат вистината, а од друга страна, избегнуваат да се обидат да изречат мислења за иднината врз основа на минатите трендови. Повикот кон релевантноста, особено кога станува збор за Македонија, е добредојден, потсетувајќи се дека Historia est Magistra Vitae (Цицерон) и повикувајќи се на тоа дека историчарите треба да имаат поголемо чувство за етичка одговорност, особено заради гласот на починатите и обврската за заштита на минатото од мешање и манипулација. Третата тенденција – банализација и релативизација на дел од историските настани, подразбира справување со товарот од минатото и се реализира користејќи обиди да се заборави и манипулира минатото. Историчарите и политичарите имаат тенденција да ги простат, заборават и банализираат дури и најголемите злосторства. Додека историчарот Розенфелд, во една неодамнешна книга, укажа на релативизацијата на нацистичкото минато во современата култура, а филозофот сер Ајзаја Берлин е загрижен дека идните историчари нема да ги осудат злобниците на историјата, за жал, кај нас, апсурдно и погубно, докажани фашистички злосторници се чествуваат од водечките државници.

Во Македонија музата Клио има многу непријатели – најмногу меѓу историчарите и политичарите. Лично, посакувам историчарите да се обединат барем околу клучните прашања и да престанат да им бидат слуги на политичарите, со надеж дека работите, можеби, ќе добијат друг тек. Од овие причини, сто и педесетгодишниот јубилеј од раѓањето на Гоце Делчев треба, според мое мислење, да претставува повик за две иницијативи. Прво, одново да се осудат сите зла направени врз Македонците, но и светските зла, кои во светот на геноциди, геополитички игри, неукост и неконтролирана алчност треба да бидат исто толку убедлива причина за осуда, како што некогаш беа за нашите предци. Второ, да се стори сѐ – а тука клучна улога имаат историчарите – да не се заборават страдањата на Македонците во Егеј, Пирин и за време на фашистичката бугарска окупација во Втората светска војна.

Меѓутоа, времето го прави неизбежното – постепено нѐ напуштаат непосредните сведоци на тие страдање. Гутенберговата галаксија (печатените книги) и дигиталниот свет (компјутерите) ќе помогнат, но тие не се доволни – треба да се помни однатре, со душа. Сократ се жали на ефектите што писмото ги има врз помнењето и душата на ученикот. Во дијалогот со Федар, забележан од Платон, Сократ раскажува како Там го прекорува богот на пишувањето Тот за неговиот пронајдок – буквите: „…во душата на оние што ќе ги научат, тие знаци ќе раѓаат заборав поради невежбањето на паметењето, зашто луѓето, надевајќи се на писмото, сеќавањето ќе го предизвикуваат однадвор, со помошта на туѓи знаци, a нема да се сеќаваат однатре, во самите себеси“. Така, пишувањето ќе „им овозможивте на вашите студенти привид на мудрост, не вистинска мудрост“. Можеби пораката на професорот по историја Чакрабарти ќе може да биде водилка во однос на ова прашање. Според него, „хуманистичките истории се истории што произведуваат смисла, значење, објаснување преку барање не само да се реконструира туку и да се регенерира во умовите искуството од минатото“.

Сениште кружи низ Македонија – сеништето на македонизмот. Многу сили во Македонија направија сојуз за света војна против македонизмот – тој сојуз е притаен, добро воден, меѓусебно оркестриран и синхронизиран, медиумски сестрано помогнат, а во исто време, за да се намалат неговата видливост и снага, во Македонија се промовираат бесмисленост, апсурд, неукост, алчност, апатија, од една страна, додека, пак, сите што барем малку ќе проговорат за македонизмот се етикетираат за националисти, предавници и лажговци, од друга страна. За кого и зошто македонизмот е сениште? Што е тоа македонизам?
Македонизмот подразбира две работи. Прво, автохтоност на македонскиот народ и на неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, нагласувајќи, за што пишував и говорев често во изминатите две години, дека македонскиот јазик, како, впрочем, и сите други јазици, не само словенските, има свој просторен и свој временски, да бидам прецизен – милениумски континуитет. Второ, македонскиот национален супстрат го претставуваат Македонците што живеат во државата Македонија, но и оние во соседството (како државјани на соседните земји, вклучувајќи ги тука и Грција и Бугарија), како и низ целиот свет. Овие две клучни карактеристики за македонизмот се факти признаени од светската наука.

Вака разбран македонизмот подразбира дека сите документи, пишувања, говори, резолуции, прокламации што не се конзистентни со двете основни премиси на македонизмот, а такви се, на пример, и Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија. Оттука станува јасно за кого и зошто македонизмот е сениште, бауч.
Овој текст ќе го завршам со две пораки. Прво. Во однос на предизвиците со коишто се соочува човештвото, во однос на прашањето какво место нашите деца ќе именуваат за свој дом, Гулди и Армитич сугерираат во споменатата книга дека „обновувањето на врската помеѓу минатото и иднината и користењето на минатото за критичко размислување за она што доаѓа се алатките што ни се потребни сега. Историчарите се оние што најдобро можат да ги обезбедат.“ Тука, сепак, би додал, за што сум пишувал повеќепати досега, дека предизвиците на човештвото треба да бидат адресирани во синергија меѓу математиката, природните, медицинските и техничките науки, од една страна, и уметноста, општествените и хуманистичките науки, вклучувајќи ги етиката и моралните вредностите, од друга страна. Во спротивно, човештвото нема да се движи во вистински правец.

Второ. Во однос на Македонија, ќе подвлечам дека сегашниот однос на дел од политичарите, па дури и на историчарите, спрема македонизмот предизвика вознемиреност затоа што таквиот однос ја исклучува иднината од минатото, ставајќи ја таквата иднина надвор од историскиот сензибилитет. Дисциплината историја постои под претпоставка дека нашето минато, сегашност и иднина се поврзани преку одреден континуитет на човечки искуства. Оттука, иднината може да се замисли со помош на истите способности, капацитети, моќи што овозможуваат да го замислиме минатото. Македонија денес се наоѓа во противречна и конфузна положба – за европска иднина за нас треба да замислиме иднина без нас. Во книгата со наслов „Светот без нас“, авторот Ален Вајсман нуди оригинален пристап кон прашањата за влијанието на човештвото врз планетата: тој бара од нас да ја замислиме планетата Земја без нас. Меѓутоа, никако не можам да ја замислам Македонија без Македонците, па затоа посакувам Македонците да се обединат околу градењето достоинствена иднина, во која македонизмот ќе биде нашето битисување, а Гоце Делчев нашиот корифеј

The post Академик Коцарев: Македонизмот подразбира автохтоност на македонскиот народ и на неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет appeared first on Република.

]]>

Во денешниот број на весникот „Нова Македонија“ е објавен целиот текст од вчерашното обраќање на академик Љупчо Коцарев на вчерашната научна конференција посветена на 150-годишнината од раѓањето на апостолот на македонската револу ционерна борба, Гоце Делчев, што во организација на Институтот за национална историја се одржа спроти 119-годишнината од неговата погибија. Текстот го пренесуваме во целост. Оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на најголемиот македонски син, легендарниот револуционер и народен предводник Гоце Делчев. За Гоце Делчев се кажани, изречени, напишани толку многу беседи, слова, текстови што секој обид за ново видување и толкување на неговиот лик и неговото дело претставува вистински предизвик. Тоа ме поттикна, сепак да се обидам, овој мој денешен текст да го обликувам на малку поинаков начин, задржувајќи се на местото и улогата на историската наука за иднината на Македонија и на планетата Земја. Ќе започнам со воведните реченици на „Манифестот на Комунистичката партија“ (на англиски The Communist Manifesto) – дело првпат објавено во 1848 година: „Сениште кружи низ Европа – сеништето на комунизмот. Сите сили на старата Европа направија сојуз за света војна против тоа сениште: римскиот папа и рускиот цар, Метерних и Гизо, француските радикали и германските полицајци.“ Не се случајни насловот и почетниот параграф на една друга книга објавена во 2014 години од двајца еминентни професори по историја во САД, Гулди и Армитич. Книгата насловена “The History Manifesto”, или во слободен превод „Манифест на историската наука“, започнува со: „Сениште го прогонува нашето време: сеништето на краткиот рок. Живееме во момент на забрзана криза што се карактеризира со недостиг од долгорочно размислување.“ Историската наука во последните неколку децении доживеа бурни промени, па, така, во научната дисциплина историја на историската наука може да се воочат неколку тенденции. Првата тенденција се однесува на временскиот опсег на историските истражувања. Во книгата „Манифест на историската наука“, авторите се против истражувањата што опфаќаат кратки временски периоди и се залагаат за враќање на концептот „долго траење“ (на француски longue durée) – термин поврзан со револуцијата во историографија што се случи во Франција помеѓу 30-тите и 60-тите од 20 век и појавата на списанието „Анали за економската и социјалната историја“ (Annales d’histoire économique et sociale). Во последните две децении, терминот „долго траење“ се прошири од векови до времиња поврзани од настанувањето на универзумот, Земјата или човечката раса до денес.
Втората тенденција: ирелевантност, подразбира, според Гулди и Армитич, дека историчарите сѐ повеќе избегнуваат, од една страна, да се соочат со авторитетите – да ја кажат вистината, а од друга страна, избегнуваат да се обидат да изречат мислења за иднината врз основа на минатите трендови. Повикот кон релевантноста, особено кога станува збор за Македонија, е добредојден, потсетувајќи се дека Historia est Magistra Vitae (Цицерон) и повикувајќи се на тоа дека историчарите треба да имаат поголемо чувство за етичка одговорност, особено заради гласот на починатите и обврската за заштита на минатото од мешање и манипулација. Третата тенденција – банализација и релативизација на дел од историските настани, подразбира справување со товарот од минатото и се реализира користејќи обиди да се заборави и манипулира минатото. Историчарите и политичарите имаат тенденција да ги простат, заборават и банализираат дури и најголемите злосторства. Додека историчарот Розенфелд, во една неодамнешна книга, укажа на релативизацијата на нацистичкото минато во современата култура, а филозофот сер Ајзаја Берлин е загрижен дека идните историчари нема да ги осудат злобниците на историјата, за жал, кај нас, апсурдно и погубно, докажани фашистички злосторници се чествуваат од водечките државници.
Во Македонија музата Клио има многу непријатели – најмногу меѓу историчарите и политичарите. Лично, посакувам историчарите да се обединат барем околу клучните прашања и да престанат да им бидат слуги на политичарите, со надеж дека работите, можеби, ќе добијат друг тек. Од овие причини, сто и педесетгодишниот јубилеј од раѓањето на Гоце Делчев треба, според мое мислење, да претставува повик за две иницијативи. Прво, одново да се осудат сите зла направени врз Македонците, но и светските зла, кои во светот на геноциди, геополитички игри, неукост и неконтролирана алчност треба да бидат исто толку убедлива причина за осуда, како што некогаш беа за нашите предци. Второ, да се стори сѐ – а тука клучна улога имаат историчарите – да не се заборават страдањата на Македонците во Егеј, Пирин и за време на фашистичката бугарска окупација во Втората светска војна.

Меѓутоа, времето го прави неизбежното – постепено нѐ напуштаат непосредните сведоци на тие страдање. Гутенберговата галаксија (печатените книги) и дигиталниот свет (компјутерите) ќе помогнат, но тие не се доволни – треба да се помни однатре, со душа. Сократ се жали на ефектите што писмото ги има врз помнењето и душата на ученикот. Во дијалогот со Федар, забележан од Платон, Сократ раскажува како Там го прекорува богот на пишувањето Тот за неговиот пронајдок – буквите: „…во душата на оние што ќе ги научат, тие знаци ќе раѓаат заборав поради невежбањето на паметењето, зашто луѓето, надевајќи се на писмото, сеќавањето ќе го предизвикуваат однадвор, со помошта на туѓи знаци, a нема да се сеќаваат однатре, во самите себеси“. Така, пишувањето ќе „им овозможивте на вашите студенти привид на мудрост, не вистинска мудрост“. Можеби пораката на професорот по историја Чакрабарти ќе може да биде водилка во однос на ова прашање. Според него, „хуманистичките истории се истории што произведуваат смисла, значење, објаснување преку барање не само да се реконструира туку и да се регенерира во умовите искуството од минатото“.

Сениште кружи низ Македонија – сеништето на македонизмот. Многу сили во Македонија направија сојуз за света војна против македонизмот – тој сојуз е притаен, добро воден, меѓусебно оркестриран и синхронизиран, медиумски сестрано помогнат, а во исто време, за да се намалат неговата видливост и снага, во Македонија се промовираат бесмисленост, апсурд, неукост, алчност, апатија, од една страна, додека, пак, сите што барем малку ќе проговорат за македонизмот се етикетираат за националисти, предавници и лажговци, од друга страна. За кого и зошто македонизмот е сениште? Што е тоа македонизам? Македонизмот подразбира две работи. Прво, автохтоност на македонскиот народ и на неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, нагласувајќи, за што пишував и говорев често во изминатите две години, дека македонскиот јазик, како, впрочем, и сите други јазици, не само словенските, има свој просторен и свој временски, да бидам прецизен – милениумски континуитет. Второ, македонскиот национален супстрат го претставуваат Македонците што живеат во државата Македонија, но и оние во соседството (како државјани на соседните земји, вклучувајќи ги тука и Грција и Бугарија), како и низ целиот свет. Овие две клучни карактеристики за македонизмот се факти признаени од светската наука. Вака разбран македонизмот подразбира дека сите документи, пишувања, говори, резолуции, прокламации што не се конзистентни со двете основни премиси на македонизмот, а такви се, на пример, и Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија. Оттука станува јасно за кого и зошто македонизмот е сениште, бауч. Овој текст ќе го завршам со две пораки. Прво. Во однос на предизвиците со коишто се соочува човештвото, во однос на прашањето какво место нашите деца ќе именуваат за свој дом, Гулди и Армитич сугерираат во споменатата книга дека „обновувањето на врската помеѓу минатото и иднината и користењето на минатото за критичко размислување за она што доаѓа се алатките што ни се потребни сега. Историчарите се оние што најдобро можат да ги обезбедат.“ Тука, сепак, би додал, за што сум пишувал повеќепати досега, дека предизвиците на човештвото треба да бидат адресирани во синергија меѓу математиката, природните, медицинските и техничките науки, од една страна, и уметноста, општествените и хуманистичките науки, вклучувајќи ги етиката и моралните вредностите, од друга страна. Во спротивно, човештвото нема да се движи во вистински правец.
Второ. Во однос на Македонија, ќе подвлечам дека сегашниот однос на дел од политичарите, па дури и на историчарите, спрема македонизмот предизвика вознемиреност затоа што таквиот однос ја исклучува иднината од минатото, ставајќи ја таквата иднина надвор од историскиот сензибилитет. Дисциплината историја постои под претпоставка дека нашето минато, сегашност и иднина се поврзани преку одреден континуитет на човечки искуства. Оттука, иднината може да се замисли со помош на истите способности, капацитети, моќи што овозможуваат да го замислиме минатото. Македонија денес се наоѓа во противречна и конфузна положба – за европска иднина за нас треба да замислиме иднина без нас. Во книгата со наслов „Светот без нас“, авторот Ален Вајсман нуди оригинален пристап кон прашањата за влијанието на човештвото врз планетата: тој бара од нас да ја замислиме планетата Земја без нас. Меѓутоа, никако не можам да ја замислам Македонија без Македонците, па затоа посакувам Македонците да се обединат околу градењето достоинствена иднина, во која македонизмот ќе биде нашето битисување, а Гоце Делчев нашиот корифеј

The post Академик Коцарев: Македонизмот подразбира автохтоност на македонскиот народ и на неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет appeared first on Република.

]]>
Коцарев: Договорот со Бугарија, Преспанската спогодба и промената на Уставот заедно претставуваат извор на нестабилност во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kocarev-dogovorot-so-bugarija-prespanskata-spogodba-i-promenata-na-ustavot-zaedno-pretstavuvaat-izvor-na-nestabilnost-vo-regionot/ Wed, 23 Feb 2022 13:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=462475

Извор на сите наши витални проблеми се сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанската спогодба, рече претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев, во своето експозе на Годишното собрание на МАНУ, за кое рече дека е авторски текст во кое изнесува негови лични ставови и наведе три предизвици за земјава – македонскиот опстој, ЕУ-интеграцијата и иднината на државата.

Според првиот човек на Академијата, Договорот со Бугарија, Преспанската спогодба и промената на Уставот заедно претставуваат извор на нестабилност во регионот, затоа што, рече тој, „секоја држава што својата иднина ја гради врз нелегални или недостоинствени документи, а такви се трите документи од геополитичките игри на големите сили, е осудена на пропаст“.

Република Македонија во 2018 година, рече Коцарев, под тоа име била призната од над 130 земји од 193 членки на Обединетите нации или речиси од 80 проценти од жителите на планетата Земја, вклучувајќи ги трите суперсили Кина, Русија и САД. Преспанската спогодба не само што ги избришала тие факти, рече претседателот на Академијата, туку покажала дека „САД се подготвени да жртвуваат еден неважен пион за поголем геополитички интерес, дури и ако тоа значи соочување со сеништата од минатото на нашите соседи, што може да доведе до распаѓање на Македонија и до обновување на регионалниот поредок“.

Според мое мислење, токму заради македонското опстојување, а имајќи го предвид мултиполарниот поредок во светот, геостратегискиот светоглед на Македонија треба да вклучува негување на принципиелен и достоинствен однос кон трите суперсили, рече Коцарев.

Зборувајќи за евроинтеграциските процеси, претседателот на МАНУ рече дека веќе подолго време ЕУ демонстрира непринципиелност и немање желба за проширување, праќајќи, како што рече, јасни сигнали за Македонија, но и за други балкански држави, дека полноправното членство во ЕУ ќе остане, според многу аналитичари, неоставрен сон.

Ако ЕУ преку ветото на една своја членка, како услов за почнување на преговорите, бара од Македонија не само да избрише дел од својата историја поврзана со борбата за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор, туку и да ја ревидира синтагмата „фашистички окупатор“ што, за жал, е поддржано од дел од македонските политичари, но и од македонските квазиисторичари, зар тоа не придонесува за разнебитувањето на македонската држава. Поради тоа, се поставува прашањето: која е пораката што ЕУ и ја праќа на Македонија? Дали, всушност, вратата на ЕУ семејството за Македонија ќе биде затворена многу долг период или засекогаш?, рече Коцарев во експозето.

Во однос на третиот предизвик на државата – нејзината иднина, претседателот на Академијата смета дека основна премиса за градење просперитетна Македонија е промена на изборниот модел односно една изборна единица и промена на моделот на формирање на извршната власт.

Ако Македонија е граѓанска држава, треба засекогаш да го напуштиме сегашнот хибриден модел на владеење, мешавина на етномнозинска и консоцијална демократија, и да го замениме со граѓанска консенсуална демократија. Во консенсуалната или пропорционалната демократија, партиите учествуваат во формирање на Владата процентуално со добиените изборни гласови. Македонските влади, главно, но посебно во изминатата деценија, се резултат од пазарења и уцени, тие се партиско-етнички, некомпетенти, корумпирани и нефункционални, што резултира со подредена улога на Парламентот, институциите и правосудниот систем, оцени Коцарев, според кого е неопходно слабеење на позициите на извршната власт на централно и на локално ниво.

Во заклучокот на експозето претседателот на МАНУ порача дека македонскиот опстој е нераскинливо врзан со науката и уметноста и ги повика политичарите, како што рече – заради иднината на Македонија и заради благосостојбата на нејзините жители, „засекогаш да престанат со нивното арогантно, ненаучно и нарцисоидно чекорење во иднината“, уверен дека „конечно ќе најдеме сили наместо партиските и личните интереси, науката да прерасне во вистинскиот водич на нашата иднина“.

The post Коцарев: Договорот со Бугарија, Преспанската спогодба и промената на Уставот заедно претставуваат извор на нестабилност во регионот appeared first on Република.

]]>

Извор на сите наши витални проблеми се сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанската спогодба, рече претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев, во своето експозе на Годишното собрание на МАНУ, за кое рече дека е авторски текст во кое изнесува негови лични ставови и наведе три предизвици за земјава – македонскиот опстој, ЕУ-интеграцијата и иднината на државата. Според првиот човек на Академијата, Договорот со Бугарија, Преспанската спогодба и промената на Уставот заедно претставуваат извор на нестабилност во регионот, затоа што, рече тој, „секоја држава што својата иднина ја гради врз нелегални или недостоинствени документи, а такви се трите документи од геополитичките игри на големите сили, е осудена на пропаст“. Република Македонија во 2018 година, рече Коцарев, под тоа име била призната од над 130 земји од 193 членки на Обединетите нации или речиси од 80 проценти од жителите на планетата Земја, вклучувајќи ги трите суперсили Кина, Русија и САД. Преспанската спогодба не само што ги избришала тие факти, рече претседателот на Академијата, туку покажала дека „САД се подготвени да жртвуваат еден неважен пион за поголем геополитички интерес, дури и ако тоа значи соочување со сеништата од минатото на нашите соседи, што може да доведе до распаѓање на Македонија и до обновување на регионалниот поредок“.