љупчо јаневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljupcho-janevski/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Dec 2023 20:22:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png љупчо јаневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljupcho-janevski/ 32 32 Блажевски: Јаневски е разрешен од директорската позиција, не е дека сам си понел оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blazhevski-janevski-e-razreshen-od-direktorskata-pozitsija-ne-e-deka-sam-si-ponel-ostavka/ Fri, 29 Dec 2023 13:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=727905

Саемскиот директор за туризам е “разрешен”, но како и за сѐ останато излажа дека не е сменет, туку наводно сам си дал оставка. Ова не е точно, разрешен е за што потврдува и претседателката на неговата партија, а зошто разрешуваат некого на 6 месеци пред промена на власт, проценете сами, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Слободан Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неколку пати избега од јавен ТВ дуел каде што се плашеше да ги соочиме аргументите за сите сомнителни работења во Агенцијата за Промоција и Поддршка на туризмот, како и сите криминалии што се направени во изминативе 6 години директорување. Секој кој мисли дека ќе избега од одговорност сега, верувајте народот нема да дозволи да се бега од одговорност после 8-ми Мај кога Владата и Туризмот ќе претрпат сериозни реформи и конечно ќе се постават здрави темели на функционирање.

ПС Има еден факт – ВМРО кога ја предводи власта туризмот цвета, СДСМ кога ја предводи, криминалот во туризмот цвета, пишува Блажевски во својата објава.

The post Блажевски: Јаневски е разрешен од директорската позиција, не е дека сам си понел оставка appeared first on Република.

]]>

Саемскиот директор за туризам е “разрешен”, но како и за сѐ останато излажа дека не е сменет, туку наводно сам си дал оставка. Ова не е точно, разрешен е за што потврдува и претседателката на неговата партија, а зошто разрешуваат некого на 6 месеци пред промена на власт, проценете сами, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Слободан Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ. Неколку пати избега од јавен ТВ дуел каде што се плашеше да ги соочиме аргументите за сите сомнителни работења во Агенцијата за Промоција и Поддршка на туризмот, како и сите криминалии што се направени во изминативе 6 години директорување. Секој кој мисли дека ќе избега од одговорност сега, верувајте народот нема да дозволи да се бега од одговорност после 8-ми Мај кога Владата и Туризмот ќе претрпат сериозни реформи и конечно ќе се постават здрави темели на функционирање. ПС Има еден факт – ВМРО кога ја предводи власта туризмот цвета, СДСМ кога ја предводи, криминалот во туризмот цвета, пишува Блажевски во својата објава.

The post Блажевски: Јаневски е разрешен од директорската позиција, не е дека сам си понел оставка appeared first on Република.

]]>
Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevski-podnese-ostavka-od-funktsijata-direktor-na-agentsijata-za-turizam/ Thu, 28 Dec 2023 09:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=727401

Љупчо Јаневски вчера поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Како што изјави Јаневски за МИА, оставката е поднесена од лични причини.

Им заблагодарувам на вработените во Агенцијата и на туристичкиот сектор за соработката во изминатите пет и пол години. Мислам дека успеавме од заборавена Агенција да изградиме институција со реноме во години со голем број предизвици. Секогаш сум се залагал за професионални кадри на вистински места и тоа сум го покажувал со сопствен пример, преку мојата работа, труд и залагање. Македонија мора да оди напред зашто,каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме, истакна Јаневски.

Љупчо Јаневски стапи на функцијата директор во АППТ во февруари 2018 година.

The post Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам appeared first on Република.

]]>

Љупчо Јаневски вчера поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Како што изјави Јаневски за МИА, оставката е поднесена од лични причини.
Им заблагодарувам на вработените во Агенцијата и на туристичкиот сектор за соработката во изминатите пет и пол години. Мислам дека успеавме од заборавена Агенција да изградиме институција со реноме во години со голем број предизвици. Секогаш сум се залагал за професионални кадри на вистински места и тоа сум го покажувал со сопствен пример, преку мојата работа, труд и залагање. Македонија мора да оди напред зашто,каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме, истакна Јаневски.
Љупчо Јаневски стапи на функцијата директор во АППТ во февруари 2018 година.

The post Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам appeared first on Република.

]]>
Кој дозволува странски кустоси на наши локалитети на туристите да им раскажуваат нивна верзија на историјата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koj-dozvoluva-stranski-kustosi-na-nashi-lokaliteti-na-turistite-da-im-raskazhuvaat-nivna-verzija-na-istorijata/ Fri, 21 Jul 2023 13:52:23 +0000 https://republika.mk/?p=663986

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски денеска, на средба со новинарите, рече дека во нашите музеи и локалитети нема доволно кустоси, поради што, многу често, странски водичи на туристичките групи им раскажуваат поинаква историја.

Во археолошките и други локалитети треба да имаме кустоси кои ќе ги пречекаат туристите и ќе им ја кажат историјата на вистински, автентичен начин. Недозволиво е тоа да го прават туристики работници од други земји кои ја извртуваат историјата. Еден до првите мотиви за посета на земјава е културното и историското богатство кои го имаме во изобилство и по кое сме прочуени во светски рамки. Но, се почесто и се повеќе се случува во нашите музеи и археолошки места туристите да не бидат пречекани од кустос или овластен водич, туку историјата е извртена и кажана од страна на водич што ја води групата. По правило, секој музеј или археолошки локалитет треба да има кустос кој на одреден јазик ќе ја раскаже историјата на местото и тоа по закон треба да биде така, истакна Јаневски.

Во овој момент нема бројка колку кустоси недостасуваат зашто музеите и локалитетите се под Министертсвото за култура.

Културата и туризмот се комплементарни дејности, голем број земји веќе имаат препознаено можност да се има министерство за култура, но и министерство за туризам кое се грижи за културното наследство, ни и овозможува негово соодветно и правилно презентирање. Туристичката дипломатија овозможува презентирање на земјата, градење културни мостови и промоција на културното, историското и етно богатството, нагласи директорот.

АППТ се обратила до Министертвото за култура кое во текот на летните месеци ангажира кустоси, со договор на дело, во поголем дел од локалитетите, центрите и музеите.

Сметам дека треба да бидат ангажирани поголем број кустоси, посебно сега, кога е зголемен бројот на туристи и групи. Се надевам дека тоа многу брзо ќе се сервисира зашто, сепак, некои локалитети и историски места немаат потреба од кустоси во текот на целата година, рече Јаневски.

Тој најави дека Агенцијата догодина, како дел од Стратегијата за култура, ќе изработи неколку апликативни решенија за 50-те најпосетувани музеи и етнографски колекции.

Ќе почнеме голем проект во соработка со Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците, ќе создадеме виртуелни тури за нашето историско и културно богатство. Ќе овозможиме туристите, преку виртуелна реалност, да се запознаат со тоа каков бил животот во тоа време на тоа одредено место или локалитет, информира Јаневски

The post Кој дозволува странски кустоси на наши локалитети на туристите да им раскажуваат нивна верзија на историјата? appeared first on Република.

Како да го ставиме Скопје на туристичката мапа, кога на 22 декември не знаеме ни дали ќе има прослава https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kako-da-go-stavime-skopje-na-turistichkata-mapa-koga-na-22-dekemvri-ne-znaeme-ni-dali-kje-ima-proslava/ Thu, 22 Dec 2022 20:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=588857

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година Градот Скопје не е доволно конкурентен со останатите метрополи и поголеми градови во регионот, оцени денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

Во 2022 година недостасуваат организираните тури, но и поголема не само промоција на Скопје како главен град, туку како бизнис центар кој треба да функционира во текот на 12 месеци. Има и недостаток на манифестации и на јасна програма за пречек на Новата година и кои ѕвезди ќе настапат. Поради тоа нашите туроператори беа оневозможени да го промовираат и да го стават Скопје во нашата програма за пречек на 2023 година, рече Јаневски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Нагласи дека доколку се направи компарација со Ниш може да се согледа дека Ниш уште во ноември знаеше кој ќе биде на плоштадот за Нова година, која е програмата и, како што посочи, уште на крајот на ноември беа распродадени комплетните сместувачки капацитети.

Голем број на домашни туристи ќе останеа во главниот град и во другите наши туристички центри доколку ги имавме програмите за пречек на 2023 година. На ваков начин ќе имаме одлив на домашни туристи и многу помал број на странски туристи за пречекот на Новата година, потенцира Јаневски.

Укажа дека Охрид има посолидна програма за пречекот на Новата 2023 година затоа што е веќе објавена на нивниот сајт и туристите можат да видат што и како ги очекува за новогодишната ноќ.

Во иднина очекувам многу порано да ги знаеме ѕвездите кои ќе настапуваат, многу појасно да бидат третирани, а туристичките сектори во локалниот економски развој да имаат презентации пред туроператорите што нуди градот за новогодишните празници. Ги охрабрувам се повеќе и повеќе да создаваат манифестации кои ќе третираат регионални и европски сегменти на туристичка понуда. Ако Скопје го има Скопскиот маратон треба да имаме ефект од тоа во туристичката индустрија и секоја година да расте и да стане брендирана манифестација. Тоа исто треба да се случува и со останатите спортски манифестации и настани од културен карактер, потенцира Јаневски.

The post Како да го ставиме Скопје на туристичката мапа, кога на 22 декември не знаеме ни дали ќе има прослава appeared first on Република.

Во 2022 година се живеело од туризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-2022-godina-se-ziveelo-od-turizam/ Thu, 22 Dec 2022 19:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=588808

Со веќе остварените 2,6 милиони ноќевања во првите 10 месеци од годинава, туристичкиот сектор успеа да ја постигне поставената цел за 2022 година, а до крајот на годинава се очекува да има повеќе од 2,8 милиони ноќевања, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Во првите три квартали од 2022 година девизниот прилив од туристички промет е 376,48 милиони долари, што е за 25 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Се очекува вкупниот туристички промет за 2022 година да изнесува 430 милиони долари, рече Јаневски на денешната прес-конференција.

Со тоа, како што истакна тој, нашата земја е во првите 10 дестинации според девизниот прилив од туризмот, согласно податоците од Светската туристичка организација (УНВТО). Јаневски нагласи дека бројот на домашни туристи е во континуиран пораст и во 2022 година изнесува 45 отсто. Најголем број на странските туристи, дури 32 отсто, пак, доаѓа од целните групи на АППТ, односно од Србија, Албанија, Косово, Турција, Бугарија, Хрватска и Полска.

За да успееме треба да бидеме многу повеќе од упорни, оваа година ја заокружуваме со 90,5 отстотна реализација на програмските активности на Агенцијата за туризам. Ме радуваат новите авионски линии, Белград – Охрид, Измир – Скопје, Анкара – Скопје, Манчестер – Охрид, Тел Авив – Скопје, Тел Авив – Охрид, Варшава – Охрид, Минхен, Франкфурт и Берлин – Скопје. Ова значи дополнителен раст на бројот на туристи и одличен почеток на 2023 година, но туризмот не е спринт на 100 метри, туку маратон, посочи Јаневски.

Како што нагласи тој, една од целите на македонскиот туристички сектор за 2023 година е бројот на ноќевања од стратешки важните туристички пазари да биде поголем отколку во претпандемиската 2019 година.

Првиот квартал од 2023 година е значаен во насока на зајакната промоција и саемско претставување на државава. Интернационалните саемски манифестации Фитур – Мадрид, ЕМИТ – Истанбул и ИТБ – Берлин се место каде се договараат информативни патувања, нови авионски линии, бизнис средби кои се отскочна даска за понатамошна соработка и развивање и практикување на нови форми на туристичка понуда и промоција, рече Јаневски.

Македонскиот туристички потенцијал, со акцент на активниот туризам и локации кои се доволно атрактивни за да привлечат што повеќе туристи, во наредната 2023 година, додаде тој, ќе се промовираат преку новите видеа и брошури, кои Агенцијата за туризам ги реализираше како концепт кој има влијание во туристичката промоција.

Изработени се брошури и видео материјали за ТОП 20 туристички атракции во земјава и материјали за Национални паркови и заштитени подрачја, како и за локации погодни за дигитални номади, луѓе со авантуристички дух, кои сакаат да запознаваат нови места и култури, сакаат да патуваат, посочи Јаневски.

Како проблем за поголемо и подобро туристичко претставување на земјава го истакна континуираното намалување на буџетот на АППТ. Поради ограничени средства, потенцира Јаневски, АППТ следната година ќе ја промовира земјава само на саемите во Мадрид, Истанбул и Берлин, а нема да учествува на осум други саеми меѓу кои и саемот во Белград иако во последниве години бројот на српски туристи годишно се зголемува за околу 30 отсто.

Крајно време, како што рече тој, е во земјава да се формира туристичка инспекција и туристичка полиција по примерот на развиените туристички дестинации.

The post Во 2022 година се живеело од туризам appeared first on Република.

]]>

Со веќе остварените 2,6 милиони ноќевања во првите 10 месеци од годинава, туристичкиот сектор успеа да ја постигне поставената цел за 2022 година, а до крајот на годинава се очекува да има повеќе од 2,8 милиони ноќевања, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.
Во првите три квартали од 2022 година девизниот прилив од туристички промет е 376,48 милиони долари, што е за 25 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Се очекува вкупниот туристички промет за 2022 година да изнесува 430 милиони долари, рече Јаневски на денешната прес-конференција.
Со тоа, како што истакна тој, нашата земја е во првите 10 дестинации според девизниот прилив од туризмот, согласно податоците од Светската туристичка организација (УНВТО). Јаневски нагласи дека бројот на домашни туристи е во континуиран пораст и во 2022 година изнесува 45 отсто. Најголем број на странските туристи, дури 32 отсто, пак, доаѓа од целните групи на АППТ, односно од Србија, Албанија, Косово, Турција, Бугарија, Хрватска и Полска.
За да успееме треба да бидеме многу повеќе од упорни, оваа година ја заокружуваме со 90,5 отстотна реализација на програмските активности на Агенцијата за туризам. Ме радуваат новите авионски линии, Белград – Охрид, Измир – Скопје, Анкара – Скопје, Манчестер – Охрид, Тел Авив – Скопје, Тел Авив – Охрид, Варшава – Охрид, Минхен, Франкфурт и Берлин – Скопје. Ова значи дополнителен раст на бројот на туристи и одличен почеток на 2023 година, но туризмот не е спринт на 100 метри, туку маратон, посочи Јаневски.
Како што нагласи тој, една од целите на македонскиот туристички сектор за 2023 година е бројот на ноќевања од стратешки важните туристички пазари да биде поголем отколку во претпандемиската 2019 година.
Првиот квартал од 2023 година е значаен во насока на зајакната промоција и саемско претставување на државава. Интернационалните саемски манифестации Фитур – Мадрид, ЕМИТ – Истанбул и ИТБ – Берлин се место каде се договараат информативни патувања, нови авионски линии, бизнис средби кои се отскочна даска за понатамошна соработка и развивање и практикување на нови форми на туристичка понуда и промоција, рече Јаневски.
Македонскиот туристички потенцијал, со акцент на активниот туризам и локации кои се доволно атрактивни за да привлечат што повеќе туристи, во наредната 2023 година, додаде тој, ќе се промовираат преку новите видеа и брошури, кои Агенцијата за туризам ги реализираше како концепт кој има влијание во туристичката промоција.
Изработени се брошури и видео материјали за ТОП 20 туристички атракции во земјава и материјали за Национални паркови и заштитени подрачја, како и за локации погодни за дигитални номади, луѓе со авантуристички дух, кои сакаат да запознаваат нови места и култури, сакаат да патуваат, посочи Јаневски.
Како проблем за поголемо и подобро туристичко претставување на земјава го истакна континуираното намалување на буџетот на АППТ. Поради ограничени средства, потенцира Јаневски, АППТ следната година ќе ја промовира земјава само на саемите во Мадрид, Истанбул и Берлин, а нема да учествува на осум други саеми меѓу кои и саемот во Белград иако во последниве години бројот на српски туристи годишно се зголемува за околу 30 отсто. Крајно време, како што рече тој, е во земјава да се формира туристичка инспекција и туристичка полиција по примерот на развиените туристички дестинации.

The post Во 2022 година се живеело од туризам appeared first on Република.

]]>
Само три отсто од домашните туристички агенции ја продаваат Македонија како дестинација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/samo-tri-otsto-od-domashnite-turistichki-agencii-ja-prodavaat-makedonija-kako-destinacija/ Fri, 09 Sep 2022 07:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=548949

Агенцијата за поддршка на туризмот (АППТ) предлага нов модел за субвенции во домашниот туризам кој наредните две до три години ќе генерира повеќе од половина милион ноќевања. Моделот базира на категоризација на сместувачките капацитети.

Еден од предлозите на Агенцијата за да се достигне бројката од 500.000 до 700.000 ноќевања, е и на сите вработени во земјава да им се исплаќа К-15 како ваучер за одмор (сместување) во домашните туристички капацитети, а тие потоа да се пребиваат со данокот на добивка или некој друг данок.

Според директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, домашниот пазар се покажа многу значаен и во изминатите три години е во постојан пораст. Ако се погледнат резултатите од првата половина на 2022-ра, се забележува зголемување за 20 до 25 отсто во споредба со лани, што е континуитет од 2020 година. Но, само три отсто од домашните тур-оператори ја продаваат земјава како дестинација.

За него, како што вели, начинот на кој во овој момент се поставени субвенциите е неодржлив, а треба да се проанализира и ефектот од ваучерите и начинот на кој тие се издаваа.

Субвенционирањето е краткорочна мерка која треба да го зајакне стопанството, да овозможи негов раст, а дополнително и да ги охрабри инвеститорите кои понатаму ќе вложуваат во дестинацијата. Во 2019 година го предложивме новиот модел кој требаше да отвори дебата. Базиран е на категоризација, на плаќање во и вон сезона, на различна сума субвенции и на изедначување на пазарите, на типовите аранжмани и ги опфаќа сите типови сместувачки капацитети, но по различна скала на плаќање. Аранжманите ББ (ноќевање со појадок) во хотелите со пет ѕвездички треба да добиваат најголема субвенција за разлика од аранжманите во хотели со три ѕведички, а приватното сместување во кое и вложувањата се различни, треба да има 50 отсто пониска субвенција од хотелите со три ѕвездички - смета Јаневски.

Тој оценува дека на овој начин ќе се овозможи дополнителна конкурентност на дестинацијата, вложување на странските тур-оператори, но и на домашните инвеститори и менаџери во подобрување на условите, како и реална, објективна категоризација која вистински ќе ја отсликува состојбата во хотелите.

Во 2021 година АППТ до вицепремиерот Фатмир Битиќи достави систем на субвенционирање за домашните тур-оператори со кој директно ќе се овозможи вон сезона да понудат аранжмани во нашите туристички места. За сите викенд пакети да има дополнителна услуга. До три ноќевања со појадок да има една субвенција, над три ноќевања дополнителна, друга субвенција. На ваков начин цениме дека во наредните две до ти години домашните тур-оператори ќе се охрабрат во и вон сезона што повеќе да ја продаваат земјава како туристичка дестинација на домашните туристи, да се овозможи генерирање над половина милион ноќевања - објаснува директорот, посочувајќи дека „надвор од сезона“ значи сезона за нашите ски центри.

Јаневски најавува дека догодина Агенцијата ќе иницира широка дебата со истражувања. Сепак, тој не може да прецизира која би била висината на субвенциите.

Целта е 2024 година да ја дочекаме со нов, едноставен правилник за субвенционирање и дополнително регулирање на пазарот. Идејата е, практично, стимул за домашните тур-оператори што повеќе да ја продаваат нашата дестинација. За комплетен ефект во 2024-та, догодина ќе се овозможи и широка дебата за начинот на субвенционирање на странските тур-оператори кој ќе биде насочен кој развој на квалитетот - дополнува директорот на АППТ.

Моделите за субвенционирање во други земји се различини и краткорочни. Како што укажува Јаневски, траат меѓу една до три години и имаат конкретни, тергетирани цели. Еден од успешните примери е Хрватска која пред десетина години воведе модел за субвенционирање рурални домаќинства и тоа, како што потенцира Јаневски, дало максимален ефект.

The post Само три отсто од домашните туристички агенции ја продаваат Македонија како дестинација appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за поддршка на туризмот (АППТ) предлага нов модел за субвенции во домашниот туризам кој наредните две до три години ќе генерира повеќе од половина милион ноќевања. Моделот базира на категоризација на сместувачките капацитети. Еден од предлозите на Агенцијата за да се достигне бројката од 500.000 до 700.000 ноќевања, е и на сите вработени во земјава да им се исплаќа К-15 како ваучер за одмор (сместување) во домашните туристички капацитети, а тие потоа да се пребиваат со данокот на добивка или некој друг данок. Според директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, домашниот пазар се покажа многу значаен и во изминатите три години е во постојан пораст. Ако се погледнат резултатите од првата половина на 2022-ра, се забележува зголемување за 20 до 25 отсто во споредба со лани, што е континуитет од 2020 година. Но, само три отсто од домашните тур-оператори ја продаваат земјава како дестинација. За него, како што вели, начинот на кој во овој момент се поставени субвенциите е неодржлив, а треба да се проанализира и ефектот од ваучерите и начинот на кој тие се издаваа.
Субвенционирањето е краткорочна мерка која треба да го зајакне стопанството, да овозможи негов раст, а дополнително и да ги охрабри инвеститорите кои понатаму ќе вложуваат во дестинацијата. Во 2019 година го предложивме новиот модел кој требаше да отвори дебата. Базиран е на категоризација, на плаќање во и вон сезона, на различна сума субвенции и на изедначување на пазарите, на типовите аранжмани и ги опфаќа сите типови сместувачки капацитети, но по различна скала на плаќање. Аранжманите ББ (ноќевање со појадок) во хотелите со пет ѕвездички треба да добиваат најголема субвенција за разлика од аранжманите во хотели со три ѕведички, а приватното сместување во кое и вложувањата се различни, треба да има 50 отсто пониска субвенција од хотелите со три ѕвездички - смета Јаневски.
Тој оценува дека на овој начин ќе се овозможи дополнителна конкурентност на дестинацијата, вложување на странските тур-оператори, но и на домашните инвеститори и менаџери во подобрување на условите, како и реална, објективна категоризација која вистински ќе ја отсликува состојбата во хотелите.
Во 2021 година АППТ до вицепремиерот Фатмир Битиќи достави систем на субвенционирање за домашните тур-оператори со кој директно ќе се овозможи вон сезона да понудат аранжмани во нашите туристички места. За сите викенд пакети да има дополнителна услуга. До три ноќевања со појадок да има една субвенција, над три ноќевања дополнителна, друга субвенција. На ваков начин цениме дека во наредните две до ти години домашните тур-оператори ќе се охрабрат во и вон сезона што повеќе да ја продаваат земјава како туристичка дестинација на домашните туристи, да се овозможи генерирање над половина милион ноќевања - објаснува директорот, посочувајќи дека „надвор од сезона“ значи сезона за нашите ски центри.
Јаневски најавува дека догодина Агенцијата ќе иницира широка дебата со истражувања. Сепак, тој не може да прецизира која би била висината на субвенциите.
Целта е 2024 година да ја дочекаме со нов, едноставен правилник за субвенционирање и дополнително регулирање на пазарот. Идејата е, практично, стимул за домашните тур-оператори што повеќе да ја продаваат нашата дестинација. За комплетен ефект во 2024-та, догодина ќе се овозможи и широка дебата за начинот на субвенционирање на странските тур-оператори кој ќе биде насочен кој развој на квалитетот - дополнува директорот на АППТ.
Моделите за субвенционирање во други земји се различини и краткорочни. Како што укажува Јаневски, траат меѓу една до три години и имаат конкретни, тергетирани цели. Еден од успешните примери е Хрватска која пред десетина години воведе модел за субвенционирање рурални домаќинства и тоа, како што потенцира Јаневски, дало максимален ефект.

The post Само три отсто од домашните туристички агенции ја продаваат Македонија како дестинација appeared first on Република.

]]>
Јаневски: На Кокино се наплаќа под круша, на парагон-блокче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevski-na-kokino-se-naplakja-pod-krusha-na-paragon-blokche/ Mon, 29 Aug 2022 09:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=545178

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски вели дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман на голем број наши атракции и локалитети. Една од нив е и опсерваторијата Кокино, каде што, како што нагласува, влезницата се наплаќа буквално под круша, на парагон, без да се издава фискална сметка.

Јаневски смета дека институциите под кои е Кокино треба да преземат мерки.

Во Кокино се наплаќа влез буквално под круша, на парагон-блок. Фискална белешка нема.Со влезот не добивате ништо, одите по каллив и прашлив пат, без туристички водич. Не добивате ниту некакви дополнителни инфорамции, истакнува Јаневски за МИА.

Според него, на ваков начин не треба да се тертираат нашите атракции.

Зборуваме за опсерваторија признаена од НАСА и една од ретките чуда во светот. Мислам дека институциите под кои е Кокино треба да преземат повеќе мерки, да ги следат позитивните практики од други вакви или слични локалитети во регионот. Треба да овозможиме достојно претставување на нашите атракции, потенцира Јаневски.

The post Јаневски: На Кокино се наплаќа под круша, на парагон-блокче appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски вели дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман на голем број наши атракции и локалитети. Една од нив е и опсерваторијата Кокино, каде што, како што нагласува, влезницата се наплаќа буквално под круша, на парагон, без да се издава фискална сметка. Јаневски смета дека институциите под кои е Кокино треба да преземат мерки.
Во Кокино се наплаќа влез буквално под круша, на парагон-блок. Фискална белешка нема.Со влезот не добивате ништо, одите по каллив и прашлив пат, без туристички водич. Не добивате ниту некакви дополнителни инфорамции, истакнува Јаневски за МИА.
Според него, на ваков начин не треба да се тертираат нашите атракции.
Зборуваме за опсерваторија признаена од НАСА и една од ретките чуда во светот. Мислам дека институциите под кои е Кокино треба да преземат повеќе мерки, да ги следат позитивните практики од други вакви или слични локалитети во регионот. Треба да овозможиме достојно претставување на нашите атракции, потенцира Јаневски.
 
The post Јаневски: На Кокино се наплаќа под круша, на парагон-блокче appeared first on Република.

]]>
Јаневски: Неопходна е авионска врска помеѓу Белград и Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/janevski-neophodna-e-avionska-vrska-pomegju-belgrad-i-ohrid/ Mon, 31 Jan 2022 11:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=451916

Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега. При самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува.

Јаневски во интервјуто за Политика вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен турисзам, оносно еко-туризам и различни облизи на рурален туризам кој е огромен потенцијал за Балканот, кој треба да се промвира како една туристичка дестинација.

Инфраструктурно поврзување е неопходно за засилување на регионот како туристичка дестинација. Има позитивна клима во односите на РС Македонија и Бугарија, а се работи и на воспоставување на авионска линија Софија – Скопје, која ќе вроди со плод и верувам дека за кратко ќе се наметне потребата од сезонска авионска линија Софија – Охрид, изјави Јаневски. Туризмот гради мостови, вели тој и додава дека обсервацијата и промовирањето на регионот како туристичка дестинација ќе допринесе и иницијативата “Отворен Балкан”.

The post Јаневски: Неопходна е авионска врска помеѓу Белград и Охрид appeared first on Република.

]]>

Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега. При самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува. Јаневски во интервјуто за Политика вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен турисзам, оносно еко-туризам и различни облизи на рурален туризам кој е огромен потенцијал за Балканот, кој треба да се промвира како една туристичка дестинација. Инфраструктурно поврзување е неопходно за засилување на регионот како туристичка дестинација. Има позитивна клима во односите на РС Македонија и Бугарија, а се работи и на воспоставување на авионска линија Софија – Скопје, која ќе вроди со плод и верувам дека за кратко ќе се наметне потребата од сезонска авионска линија Софија – Охрид, изјави Јаневски. Туризмот гради мостови, вели тој и додава дека обсервацијата и промовирањето на регионот како туристичка дестинација ќе допринесе и иницијативата “Отворен Балкан”.