Љупчо Илиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljupcho-ilievski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 08:16:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љупчо Илиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljupcho-ilievski/ 32 32 „Сеќавање за трагачот по убавината“ омаж во чест на фотографот Љупчо Илиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sekjavanje-za-tragachot-po-ubavinata-omaz-vo-chest-na-fotografot-ljupcho-ilievski/ Fri, 02 Dec 2022 08:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=580728

„Сеќавање за трагачот по убавината“ е насловен омажот што ќе се одржи вечерва со почеток од 19 часот во објектот Мала Станица во чест на фотографот Љупчо Илиевски, во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент.

Како што информираат од Дирекцијата за култура и уметност, на омажот ќе бидат изложени триесетина фотографии, избор од творештвото на Илиевски, а куратор на изложбата ќе биде фотографот Александар Кондев.

Љупчо Илиевски (1955 – 2022) спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи, кој негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. Засега е единствениот фотограф од земјава чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“.

Илиевски е автор на преку 10 самостојни изложби, а како член на „Фото-клуб 25“ учествувал и на повеќе групни изложби. Присутен е на повеќе филмски фестивали, а неговиот потпис стои и под поштенските марки со тема – Теракотни икони и Кокино.

 

The post „Сеќавање за трагачот по убавината“ омаж во чест на фотографот Љупчо Илиевски appeared first on Република.

]]>

„Сеќавање за трагачот по убавината“ е насловен омажот што ќе се одржи вечерва со почеток од 19 часот во објектот Мала Станица во чест на фотографот Љупчо Илиевски, во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент. Како што информираат од Дирекцијата за култура и уметност, на омажот ќе бидат изложени триесетина фотографии, избор од творештвото на Илиевски, а куратор на изложбата ќе биде фотографот Александар Кондев. Љупчо Илиевски (1955 – 2022) спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи, кој негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. Засега е единствениот фотограф од земјава чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“. Илиевски е автор на преку 10 самостојни изложби, а како член на „Фото-клуб 25“ учествувал и на повеќе групни изложби. Присутен е на повеќе филмски фестивали, а неговиот потпис стои и под поштенските марки со тема – Теракотни икони и Кокино.  

The post „Сеќавање за трагачот по убавината“ омаж во чест на фотографот Љупчо Илиевски appeared first on Република.

]]>
Омаж во Мала Станица во чест на фотографот Љупчо Илиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omaz-vo-mala-stanica-vo-chest-na-fotografot-ljupcho-ilievski/ Tue, 29 Nov 2022 15:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=579660

В петок, на втори декември во 19 часот во објектот Мала Станица ќе се одржи омаж во чест на фотографот Љупчо Илиевски насловен „Сеќавање за трагачот по убавината“ во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент.

На омажот ќе бидат изложени триесетина фотографии, избор од неговото богато творештво, а куратор на изложбата е фотографот Александар Кондев.

Свое обраќање ќе имаат кураторот Александар Кондев и Гоце Ристовски- новинар, рецензент, сценарист.

Љупчо Илиевски (30 јули 1955 – 2022) спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи,кој негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. Засега, е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“.

Роден е во Прилеп. Со фотографија се занимава од 1980, а од 1987 е вработен во ЈП-МРТ, како камерман-снимател. За себе вели дека не фотографира, туку дека пишува и документира со светлината. Негува посебен интерес за театарската фотографија, која во себе носи креативна драматичност и игра на сенки. Обземеноста од лустерот од Офицерскиот дом траеше цели 11 години,а по многу собрани податоци и истражувања, проектот е заокружен со мултумејална изложба. Годинава одбележува 25 години од изложбата и повторна на јавноста ќе ја прикажа исконската љубов и носталгија кон светкавиот кристал. Приказната за Кокино, раскажана преку записот на Илиевски, резултираше со изложба, која предизвика подеднаков восхит и кај публиката и кај критиката..

Илиевски е автор на преку 10 самостојни изложби, а како член на “Фото-клуб 25“ учествувал и на повеќе групни изложби. Присутен е на повеќе филмски фестивали, неговиот потпис стои и под поштенските марки со тема - Теракотни икони и Кокино.

The post Омаж во Мала Станица во чест на фотографот Љупчо Илиевски appeared first on Република.

]]>

В петок, на втори декември во 19 часот во објектот Мала Станица ќе се одржи омаж во чест на фотографот Љупчо Илиевски насловен „Сеќавање за трагачот по убавината“ во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент. На омажот ќе бидат изложени триесетина фотографии, избор од неговото богато творештво, а куратор на изложбата е фотографот Александар Кондев. Свое обраќање ќе имаат кураторот Александар Кондев и Гоце Ристовски- новинар, рецензент, сценарист. Љупчо Илиевски (30 јули 1955 – 2022) спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи,кој негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. Засега, е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“. Роден е во Прилеп. Со фотографија се занимава од 1980, а од 1987 е вработен во ЈП-МРТ, како камерман-снимател. За себе вели дека не фотографира, туку дека пишува и документира со светлината. Негува посебен интерес за театарската фотографија, која во себе носи креативна драматичност и игра на сенки. Обземеноста од лустерот од Офицерскиот дом траеше цели 11 години,а по многу собрани податоци и истражувања, проектот е заокружен со мултумејална изложба. Годинава одбележува 25 години од изложбата и повторна на јавноста ќе ја прикажа исконската љубов и носталгија кон светкавиот кристал. Приказната за Кокино, раскажана преку записот на Илиевски, резултираше со изложба, која предизвика подеднаков восхит и кај публиката и кај критиката.. Илиевски е автор на преку 10 самостојни изложби, а како член на “Фото-клуб 25“ учествувал и на повеќе групни изложби. Присутен е на повеќе филмски фестивали, неговиот потпис стои и под поштенските марки со тема - Теракотни икони и Кокино.

The post Омаж во Мала Станица во чест на фотографот Љупчо Илиевски appeared first on Република.

]]>