љубовница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubovnica/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Mar 2024 19:23:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png љубовница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubovnica/ 32 32 За „исчезнатата“ Кејт виновна ли е љубовницата на Вилијам: Која е фаталната маркиза Сара? https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/za-ischeznatata-kejt-vinovna-e-lubovnitsata-na-vilijam-koja-e-fatalnata-markiza-sara/ Wed, 13 Mar 2024 21:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=754539

Сите велат дека љубовницата на принцот Вилијам е виновна што британската принцеза Кејт ја нема во јавноста подолго време, а се шпекулира дека токму таа била мистериозната жена забележана во автомобил со престолонаследникот. Која е богатата маркиза Сара Роуз и дали му е љубовница на Вилијам? Таа живее во замок со 106 соби, предизвикува восхит со нејзниот стил, а се појави и на свадбата на принцот и принцезата, пишува „Индепендент“.

Гласината дека Роуз, маркизата од Чолмондели е причина што Кејт веќе неколку месеци не е во јавноста брзо се шири во Велика Британија. Дури, луѓето на социјалните мрежи тврдат дека има информации дека вчера таа била во автомобилот со Вилијам, а не принцезата Кејт. Не постојат докази за оваa шпекулација.


Родителите на Сара се Тимоти Ханбери, веб-дизајнер и Ема Ханбери, моден дизајнер. Сара е поранешна манекенка и има 39 години. Работела за конзервативниот пратеник Мајкл Гоув, но сега го води имотот на нејзиниот сопруг, Дејвид Роксавиџ, седми маркиз од Чолмондели. Двојката има три деца – близнаците Александар и Оливер, кои имаат 15 години, и осумгодишната ќерка Ајрис. Семејството живее во Хоутон Хол во Норфолк.  Замокот изграден од првиот британски премиер, Сер Роберт Волпол, во 1720 година, Хотон Хол се наоѓа во простран парк со заградена градина и раскошен ентериер, дело на познатиот англиски архитект Вилијам Кент.

Сара Роуз го запознала својот сопруг, 23 години постар од неа, на одмор во Италија во 2003 година. Тие ја објавиле свршувачката шест години подоцна, а се венчале во Челзи во 2009 година.

Нејзините врски со кралското семејство се воспоставени уште од дамнина. Нејзината баба Лејди Елизабет Ламберт беше една од осумте деверици на свадбата на покојната кралица Елизабета Втора со војводата од Единбург. Завршила училиште во Бакингемшир, каде годишната школарина е околу 38.000 фунти, потпишала договор со врвната агенција за модели Сторм и е позната по откривањето на Кејт Мос.

Во последниве години, таа беше во центарот на вниманието поради нејзините гламурозни тоалети на кралските настани, вклучувајќи го и банкетот во Бакингемската палата во 2017 година, каде што седеше до принцот Хари.


Таа присуствуваше и на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила во мај минатата година, каде што носеше бел фустан со црни детали и црн лак на вратот, кој го спои со лента за глава, штикли, дијамантски обетки и брош.

The post За „исчезнатата“ Кејт виновна ли е љубовницата на Вилијам: Која е фаталната маркиза Сара? appeared first on Република.

]]>

Сите велат дека љубовницата на принцот Вилијам е виновна што британската принцеза Кејт ја нема во јавноста подолго време, а се шпекулира дека токму таа била мистериозната жена забележана во автомобил со престолонаследникот. Која е богатата маркиза Сара Роуз и дали му е љубовница на Вилијам? Таа живее во замок со 106 соби, предизвикува восхит со нејзниот стил, а се појави и на свадбата на принцот и принцезата, пишува „Индепендент“. Гласината дека Роуз, маркизата од Чолмондели е причина што Кејт веќе неколку месеци не е во јавноста брзо се шири во Велика Британија. Дури, луѓето на социјалните мрежи тврдат дека има информации дека вчера таа била во автомобилот со Вилијам, а не принцезата Кејт. Не постојат докази за оваa шпекулација. Родителите на Сара се Тимоти Ханбери, веб-дизајнер и Ема Ханбери, моден дизајнер. Сара е поранешна манекенка и има 39 години. Работела за конзервативниот пратеник Мајкл Гоув, но сега го води имотот на нејзиниот сопруг, Дејвид Роксавиџ, седми маркиз од Чолмондели. Двојката има три деца – близнаците Александар и Оливер, кои имаат 15 години, и осумгодишната ќерка Ајрис. Семејството живее во Хоутон Хол во Норфолк.  Замокот изграден од првиот британски премиер, Сер Роберт Волпол, во 1720 година, Хотон Хол се наоѓа во простран парк со заградена градина и раскошен ентериер, дело на познатиот англиски архитект Вилијам Кент. Сара Роуз го запознала својот сопруг, 23 години постар од неа, на одмор во Италија во 2003 година. Тие ја објавиле свршувачката шест години подоцна, а се венчале во Челзи во 2009 година. Нејзините врски со кралското семејство се воспоставени уште од дамнина. Нејзината баба Лејди Елизабет Ламберт беше една од осумте деверици на свадбата на покојната кралица Елизабета Втора со војводата од Единбург. Завршила училиште во Бакингемшир, каде годишната школарина е околу 38.000 фунти, потпишала договор со врвната агенција за модели Сторм и е позната по откривањето на Кејт Мос.
Во последниве години, таа беше во центарот на вниманието поради нејзините гламурозни тоалети на кралските настани, вклучувајќи го и банкетот во Бакингемската палата во 2017 година, каде што седеше до принцот Хари. Таа присуствуваше и на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила во мај минатата година, каде што носеше бел фустан со црни детали и црн лак на вратот, кој го спои со лента за глава, штикли, дијамантски обетки и брош.

The post За „исчезнатата“ Кејт виновна ли е љубовницата на Вилијам: Која е фаталната маркиза Сара? appeared first on Република.

]]>
Љубовницата-полицајка му открила на Сулејмановиќ каде се крие бившата сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lubovnitsata-politsajka-mu-otkrila-na-sulejmanovik-kade-se-krie-bivshata-sopruga/ Mon, 14 Aug 2023 19:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=672138

Во тек е истрага кој од вработените во Министерството за внатрешни работи во БиХ го известил Немрин Сулејмановиќ каде се наоѓа  неговата поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ, која се криела кај нејзината тетка и каква улога Џенана Селимовиќ, полицајка на ПУ Градачац има во случајот со крвавиот пир на бодибилдерот кој во живо на Инстаграм уби три лица, рани тројца, а потоа по повеќечасовна потрага се самоуби.

Како што неофицијално дознава „Аваз“, Сулејмановиќ бил во љубовна врска со полицајката Селимовиќ, која е осомничена дека му дала информации од истрагата и наводно ја пријавила локацијата каде се кријат Низама и нејзината ќерка.

На Селимовиќ, која моментално е надвор од границите на БиХ, поточно на одмор во Италија, засега ѝ се заканува само суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзиното сведочење.

Сулејмановиќ е осудуван за разни кривични дела, меѓу другото, пред околу 15 години осуден е за обид за убиство, за што Џенана Селимовиќ знаела.

Има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста, имал пријави за семејно насилство, се работи за лице со повеќекратни пресуди, соопштија претходно од Обвинителството ТК.

Селимовиќ како полицаец била во врска со него, но сега се истражува нејзината улога во овој случај.

Како што дознава „Аваз“, полицијата и Обвинителството истражуваат уште еден полицаец, кој исто така имал контакти со Сулејмановиќ.

The post Љубовницата-полицајка му открила на Сулејмановиќ каде се крие бившата сопруга appeared first on Република.

]]>

Во тек е истрага кој од вработените во Министерството за внатрешни работи во БиХ го известил Немрин Сулејмановиќ каде се наоѓа  неговата поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ, која се криела кај нејзината тетка и каква улога Џенана Селимовиќ, полицајка на ПУ Градачац има во случајот со крвавиот пир на бодибилдерот кој во живо на Инстаграм уби три лица, рани тројца, а потоа по повеќечасовна потрага се самоуби. Како што неофицијално дознава „Аваз“, Сулејмановиќ бил во љубовна врска со полицајката Селимовиќ, која е осомничена дека му дала информации од истрагата и наводно ја пријавила локацијата каде се кријат Низама и нејзината ќерка. На Селимовиќ, која моментално е надвор од границите на БиХ, поточно на одмор во Италија, засега ѝ се заканува само суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзиното сведочење. Сулејмановиќ е осудуван за разни кривични дела, меѓу другото, пред околу 15 години осуден е за обид за убиство, за што Џенана Селимовиќ знаела.
Има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста, имал пријави за семејно насилство, се работи за лице со повеќекратни пресуди, соопштија претходно од Обвинителството ТК.
Селимовиќ како полицаец била во врска со него, но сега се истражува нејзината улога во овој случај. Како што дознава „Аваз“, полицијата и Обвинителството истражуваат уште еден полицаец, кој исто така имал контакти со Сулејмановиќ.

The post Љубовницата-полицајка му открила на Сулејмановиќ каде се крие бившата сопруга appeared first on Република.

]]>
Ѝ пишувала дека е грда и дебела: Љубовница осудена за вознемирување на сопругата, а мажот со години криел дека имаат две деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pishuvala-deka-e-grda-i-debela-lubovnitsa-osudena-za-voznemiruvane-na-soprugata-a-mazhot-so-godini-kriel-deka-imaat-dve-detsa/ Tue, 01 Aug 2023 08:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=667510

Tриесетгодишната Хрватка Кристина е прогласена за виновна и осудена за наметливо однесување кон сопругата и таткото на нејзиниот љубовник, пренесува „Даница.хр“.

Според пресудата, таа минатата година од февруари до септември во Загреб често испраќала пораки до сопругата на мажот со кој била во врска и „ја навредувала дека е грда, дебела, дека мајка ѝ е виновна за нејзиниот изглед, дека е мизерна и ѝ испраќала смс-пораки со заканувачка содржина“ како „ќе види што следи, следи Трета светска војна".

Покрај тоа, таа испратила фотографии од порнографски содржини со својот љубовник до сопругата и нејзината мајка, доаѓала во зградата каде што живеат нејзините родители, а еднаш дури и дошла на влезната врата од нивниот стан, каде што се обидела да разговара со нејзиниот татко, кој ја избркал.

Таа ѝ се претставила на мајката како сопруга на сопругот на нејзината ќерка, им се јавила и на останатите членови од семејството и испратила неколку смс-пораки до нејзината сестра. Ова кај сопругата предизвикало чувство на страв за сопствената и безбедноста на членовите на нејзиното семејство, како и чувство на вознемиреност и тешкотија.

Кристина од февруари до мај во Загреб често испраќала навредливи смс-пораки и до таткото на својот љубовник, во кои „го навредувала него, неговата сопруга и нивниот син, а на улицата каде што живеел и во околните улици закачувала флаери на кои пишувала дека неговиот син има вонбрачни деца“.

Кристина во текот на истрагата признала сè, но се правдала со тоа дека нејзиниот љубовник „е татко на нејзините две деца, кои никогаш не ги признал, па отишле на ДНК анализа, а тој не плаќа алиментација ниту за нив“.

Таа беше прогласена за виновна и осудена на една година условна казна. Пресудата е неправосилна и Кристина, која инаку е самохрана и невработена мајка, може да поднесе жалба.

The post Ѝ пишувала дека е грда и дебела: Љубовница осудена за вознемирување на сопругата, а мажот со години криел дека имаат две деца appeared first on Република.

]]>

Tриесетгодишната Хрватка Кристина е прогласена за виновна и осудена за наметливо однесување кон сопругата и таткото на нејзиниот љубовник, пренесува „Даница.хр“. Според пресудата, таа минатата година од февруари до септември во Загреб често испраќала пораки до сопругата на мажот со кој била во врска и „ја навредувала дека е грда, дебела, дека мајка ѝ е виновна за нејзиниот изглед, дека е мизерна и ѝ испраќала смс-пораки со заканувачка содржина“ како „ќе види што следи, следи Трета светска војна". Покрај тоа, таа испратила фотографии од порнографски содржини со својот љубовник до сопругата и нејзината мајка, доаѓала во зградата каде што живеат нејзините родители, а еднаш дури и дошла на влезната врата од нивниот стан, каде што се обидела да разговара со нејзиниот татко, кој ја избркал. Таа ѝ се претставила на мајката како сопруга на сопругот на нејзината ќерка, им се јавила и на останатите членови од семејството и испратила неколку смс-пораки до нејзината сестра. Ова кај сопругата предизвикало чувство на страв за сопствената и безбедноста на членовите на нејзиното семејство, како и чувство на вознемиреност и тешкотија. Кристина од февруари до мај во Загреб често испраќала навредливи смс-пораки и до таткото на својот љубовник, во кои „го навредувала него, неговата сопруга и нивниот син, а на улицата каде што живеел и во околните улици закачувала флаери на кои пишувала дека неговиот син има вонбрачни деца“. Кристина во текот на истрагата признала сè, но се правдала со тоа дека нејзиниот љубовник „е татко на нејзините две деца, кои никогаш не ги признал, па отишле на ДНК анализа, а тој не плаќа алиментација ниту за нив“. Таа беше прогласена за виновна и осудена на една година условна казна. Пресудата е неправосилна и Кристина, која инаку е самохрана и невработена мајка, може да поднесе жалба.

The post Ѝ пишувала дека е грда и дебела: Љубовница осудена за вознемирување на сопругата, а мажот со години криел дека имаат две деца appeared first on Република.

]]>
22-годишна украинска бегалка го исполни она од што сите жени низ Европа се плашеа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/primile-22-godishna-begalka-od-ukraina-mazot-za-nea-si-gi-ostavil-soprugata-i-decata/ Tue, 24 May 2022 12:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=505435

Татко на две деца од Велика Британија ја напуштил својата партнерка откако се заљубил во 22-годишна украинска бегалка, на која ѝ понудиле привремено сместување. Тони Гарнет (29) и неговата партнерка Лорна (28) ја примија Софија Каркадим во нивниот дом на почетокот на мај, но само 10 дена подоцна, нивниот навидум среќен брак пропадна откако Тони побегна со бегалката.

Гарнет, кој рабти како обезбедување, признал дека се заљубил во 22-годишната девојка и дека сака да го помине остатокот од животот со неа. Софија, која побегна од Лавов, рекла дека ѝ се допаднал Тони на прв поглед и дека сега ја живеат својата љубовна приказна.

Тони вели дека е свесен дека со оваа постапка ѝ нанел голема болка на сопругата Лорна, но тврди дека со Софија „открил врска каква што никогаш досега немал“, додавајќи дека тие двајцата „чувствуваат дека ова е во ред“.

Семејството ја прифатило Софија која побегна од руската инвазија. Таа била првата личност што ги контактирала преку Фејсбук страница на која понудиле сместување за украинските бегалци.

Софија, која по професија е менаџер во ИТ фирма,слетала во Манчестер на 4 мај, откако неколку недели во Берлин чекала виза за Англија. Тони за тамошните медиуми откри дека веднаш кликнале, а Софија им се допаднала и на неговите ќерки, кои имаат три и шест години. Но, на неговата партнерка, со која Тони беше заедно 10 години, Софија не ѝ се допаднала. Сега е јасно зошто...

image

Тони и Софија комуницирале на украински и на словачки, кои се доста слични, па лесно можеле да се разберат. Меѓутоа, Лорна не разбрирала што зборуваат.

Одлично се согласувавме, но во тоа време немаше ништо повеќе меѓу нас - иако сега гледам зошто Лорна почна да биде љубоморна и лута на неа, рече Тони.

Како што минувале деновите, Софија му се придружила на Тони во неговата теретана, па често долго разговарале во неговиот автомобил на враќање. Тогаш почнале и повеќе да се зближуваат.

Дома сфатив дека наоѓаме изговори да се допираме или гибаме, имаше многу флерт, но ништо повеќе од тоа не се случи во таа фаза. Иако се беше прилично невино, тоа предизвика кавги. Можам да го разберам тоа. Кога се враќав дома навечер, Софија беше таа што ми го подготвуваше вечера, вели Тони.

Како што двајцата се зближувале, неговата партнерка станувала сè пољубоморна и почнала да прашува зошто Софија цело време го следи.

Атмосферата стана навистина лоша и Софија ми рече дека не знае дали би можела да продолжи да живее со нас под тие околности. Лорна никогаш не била претерано ентузијастичка да примиме бегалци во нашиот дом, бидејќи тоа значеше дека нашите ќерки мора да спијат во една соба, вели Тони.

Работите се вжештиле по жестоката кавга меѓу Лорна и Софија, кога Украинката му рекла повеќе не може да живее во иста куќа со Лорна.

Тони вели дека тогаш „нешто му кликнало во главата“ и ѝ рекол на Лорна - „ако таа оди, одам и јас“.

Двајцата ги спакувале куферите и се преселиле кај родителите на Тони, а моментално бараат место за да се вселат.

Откако нивната 10-годишна врска заврши за само 10 дена, Тони вели дека се чувствува лошо поради тоа и дека Лорна не е виновна за ништо.

Многу ми е жал за она низ што минува Лорна сега, не беше таа виновна и не е дека згрешила нешто. Но никогаш немавме намера да го направиме тоа, не беше планирано и не сакавме никого да повредиме, заклучува заљубениот Тони.

 

The post 22-годишна украинска бегалка го исполни она од што сите жени низ Европа се плашеа appeared first on Република.

]]>

Татко на две деца од Велика Британија ја напуштил својата партнерка откако се заљубил во 22-годишна украинска бегалка, на која ѝ понудиле привремено сместување. Тони Гарнет (29) и неговата партнерка Лорна (28) ја примија Софија Каркадим во нивниот дом на почетокот на мај, но само 10 дена подоцна, нивниот навидум среќен брак пропадна откако Тони побегна со бегалката. Гарнет, кој рабти како обезбедување, признал дека се заљубил во 22-годишната девојка и дека сака да го помине остатокот од животот со неа. Софија, која побегна од Лавов, рекла дека ѝ се допаднал Тони на прв поглед и дека сега ја живеат својата љубовна приказна. Тони вели дека е свесен дека со оваа постапка ѝ нанел голема болка на сопругата Лорна, но тврди дека со Софија „открил врска каква што никогаш досега немал“, додавајќи дека тие двајцата „чувствуваат дека ова е во ред“. Семејството ја прифатило Софија која побегна од руската инвазија. Таа била првата личност што ги контактирала преку Фејсбук страница на која понудиле сместување за украинските бегалци. Софија, која по професија е менаџер во ИТ фирма,слетала во Манчестер на 4 мај, откако неколку недели во Берлин чекала виза за Англија. Тони за тамошните медиуми откри дека веднаш кликнале, а Софија им се допаднала и на неговите ќерки, кои имаат три и шест години. Но, на неговата партнерка, со која Тони беше заедно 10 години, Софија не ѝ се допаднала. Сега е јасно зошто... image Тони и Софија комуницирале на украински и на словачки, кои се доста слични, па лесно можеле да се разберат. Меѓутоа, Лорна не разбрирала што зборуваат.
Одлично се согласувавме, но во тоа време немаше ништо повеќе меѓу нас - иако сега гледам зошто Лорна почна да биде љубоморна и лута на неа, рече Тони.
Како што минувале деновите, Софија му се придружила на Тони во неговата теретана, па често долго разговарале во неговиот автомобил на враќање. Тогаш почнале и повеќе да се зближуваат.
Дома сфатив дека наоѓаме изговори да се допираме или гибаме, имаше многу флерт, но ништо повеќе од тоа не се случи во таа фаза. Иако се беше прилично невино, тоа предизвика кавги. Можам да го разберам тоа. Кога се враќав дома навечер, Софија беше таа што ми го подготвуваше вечера, вели Тони.
Како што двајцата се зближувале, неговата партнерка станувала сè пољубоморна и почнала да прашува зошто Софија цело време го следи.
Атмосферата стана навистина лоша и Софија ми рече дека не знае дали би можела да продолжи да живее со нас под тие околности. Лорна никогаш не била претерано ентузијастичка да примиме бегалци во нашиот дом, бидејќи тоа значеше дека нашите ќерки мора да спијат во една соба, вели Тони.
Работите се вжештиле по жестоката кавга меѓу Лорна и Софија, кога Украинката му рекла повеќе не може да живее во иста куќа со Лорна. Тони вели дека тогаш „нешто му кликнало во главата“ и ѝ рекол на Лорна - „ако таа оди, одам и јас“. Двајцата ги спакувале куферите и се преселиле кај родителите на Тони, а моментално бараат место за да се вселат. Откако нивната 10-годишна врска заврши за само 10 дена, Тони вели дека се чувствува лошо поради тоа и дека Лорна не е виновна за ништо.
Многу ми е жал за она низ што минува Лорна сега, не беше таа виновна и не е дека згрешила нешто. Но никогаш немавме намера да го направиме тоа, не беше планирано и не сакавме никого да повредиме, заклучува заљубениот Тони.
 

The post 22-годишна украинска бегалка го исполни она од што сите жени низ Европа се плашеа appeared first on Република.

]]>
Ако ти го кажува ова веројатно те изневерува: Професионална љубовница ги разоткрива машките лаги кога се со друга жена https://arhiva3.republika.mk/intima/ako-ti-go-kazuva-ova-verojatno-te-izneveruva-profesionalna-ljubovnica-gi-razotkriva-mashkite-lagi-koga-se-so-druga-zena/ Tue, 22 Mar 2022 10:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=476494

Жена која излегува исклучиво со оженети мажи, открива кои реченици мажите најмногу им ги соопштуваат на своите сопруги кога ги изневеруваат.

Ејми Капс (32) од Северна Каролина излегува исклучиво со оженети мажи, а како што открива, таквата одлука ја донела кога дознала дека сопругот ја изневерува. Според неа, постарите мажи, кои се чувствуваат запоставено од своите сопруги, се повеќе склони кон романса и „диви“ сексуални односи.

Тие што вртшат неверство се возбудени во креветот, најмногу затоа што не се среќни со години, па се подготвени да направат се што е потребно за да ме возбудат. Ми се допаѓаат мажи во доцните 30-ти или 40-ти, бидејќи се многу поромантични, финансиски стабилна и поискусни во кревет - вели Ејми и додава дека туѓите сопрузи трошат повеќе на неа отколку на своите сопруги.

Ејми не крие дека ужива во подароците и парите што и ги даваат оженетите мажи. Таа вели дека месечно добива по околу 45 илјади евра подароци и дека не жали што има афери со нив. Според неа, најчеста причина зошто мажите изневеруваат е сексот, а потоа вели дека сопругите самите се виновни затоа што не успеале да го „одржат задоволството во спалната соба“.

Оженетите мажи сакаат да ја пополнат празнината што не ја добиваат од сегашната партнерка и тоа многу ме возбудува. Мислам дека никој не треба да го изневерува својот сопружник, но кога љубовта ќе заврши, ќе заврши. Понекогаш сакаат да зборуваат за работи и лелекаат, па плачат. Честопати се чувствувам како терапевт. Понекогаш ги советувам дека ако нивната врска е толку нездрава што изневеруваат, во ред е да продолжат понатаму - вели таа.

Сепак, затоа што и самата била жртва на неверство, Ејми вели дека одлучила да ги разоткрие мажите кои изневеруваат, поради што, ги објавува речениците коишто се најчест машки изговор кога се со друга жена.

* Вечерва се среќавам со другар на кратка пијачка, но не ме чекај, можеби ќе се задржам.

* Имам закажано и/или патување цела недела поради работа.

* Имам нова кредитна картичка, но таа ми е од работа.

* Не ми се јавувајте на службениот телефон, газдата ќе се нервира ако одговорам на лични повици.

Ејми вели дека кога мажите кажуваат дека остануваат на пијачка, на тој начин се сигурни дека можат да се вратат дома кога сакаат. Доколку вашиот партнер не патува, обрнете особено внимание на „ненадејните патувања“. Новата кредитна картичка најверојатно е наменета само за љубовницата, а доколку не смеете да му се јавите на сопругот додека „работи“, тогаш имате аларм за предупредување.

The post Ако ти го кажува ова веројатно те изневерува: Професионална љубовница ги разоткрива машките лаги кога се со друга жена appeared first on Република.

]]>

Жена која излегува исклучиво со оженети мажи, открива кои реченици мажите најмногу им ги соопштуваат на своите сопруги кога ги изневеруваат. Ејми Капс (32) од Северна Каролина излегува исклучиво со оженети мажи, а како што открива, таквата одлука ја донела кога дознала дека сопругот ја изневерува. Според неа, постарите мажи, кои се чувствуваат запоставено од своите сопруги, се повеќе склони кон романса и „диви“ сексуални односи.
Тие што вртшат неверство се возбудени во креветот, најмногу затоа што не се среќни со години, па се подготвени да направат се што е потребно за да ме возбудат. Ми се допаѓаат мажи во доцните 30-ти или 40-ти, бидејќи се многу поромантични, финансиски стабилна и поискусни во кревет - вели Ејми и додава дека туѓите сопрузи трошат повеќе на неа отколку на своите сопруги.
Ејми не крие дека ужива во подароците и парите што и ги даваат оженетите мажи. Таа вели дека месечно добива по околу 45 илјади евра подароци и дека не жали што има афери со нив. Според неа, најчеста причина зошто мажите изневеруваат е сексот, а потоа вели дека сопругите самите се виновни затоа што не успеале да го „одржат задоволството во спалната соба“.
Оженетите мажи сакаат да ја пополнат празнината што не ја добиваат од сегашната партнерка и тоа многу ме возбудува. Мислам дека никој не треба да го изневерува својот сопружник, но кога љубовта ќе заврши, ќе заврши. Понекогаш сакаат да зборуваат за работи и лелекаат, па плачат. Честопати се чувствувам како терапевт. Понекогаш ги советувам дека ако нивната врска е толку нездрава што изневеруваат, во ред е да продолжат понатаму - вели таа.
Сепак, затоа што и самата била жртва на неверство, Ејми вели дека одлучила да ги разоткрие мажите кои изневеруваат, поради што, ги објавува речениците коишто се најчест машки изговор кога се со друга жена. * Вечерва се среќавам со другар на кратка пијачка, но не ме чекај, можеби ќе се задржам. * Имам закажано и/или патување цела недела поради работа. * Имам нова кредитна картичка, но таа ми е од работа. * Не ми се јавувајте на службениот телефон, газдата ќе се нервира ако одговорам на лични повици. Ејми вели дека кога мажите кажуваат дека остануваат на пијачка, на тој начин се сигурни дека можат да се вратат дома кога сакаат. Доколку вашиот партнер не патува, обрнете особено внимание на „ненадејните патувања“. Новата кредитна картичка најверојатно е наменета само за љубовницата, а доколку не смеете да му се јавите на сопругот додека „работи“, тогаш имате аларм за предупредување.

The post Ако ти го кажува ова веројатно те изневерува: Професионална љубовница ги разоткрива машките лаги кога се со друга жена appeared first on Република.

]]>