љубовна врска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubovna-vrska/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 19:34:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png љубовна врска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubovna-vrska/ 32 32 Пет работи што ги прават мажите кога навистина им значите https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/pet-raboti-shto-gi-pravat-mazite-koga-navistina-im-znachite/ Thu, 17 Mar 2022 22:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=474649

Ви откриваме што прават и преземаат мажите кога навистина се грижат за некоја жена

Откако ќе го прегледате овој список, нема да имате повеќе дилеми.

Љубовта не може и не треба да има дефиниција. Луѓето ги покажуваат своите чувства на различни начини. Во денешниот свет, кога сè се одвива и менува премногу брзо, се обидуваме да ја најдеме таа една личност што најдобро ќе нè разбере.

Често се губиме во сопствените мисли и анализи и запаѓаме во дилеми. Дали мажот што сме го одбрале е вистинскиот, дали тој навистина се грижи за нас? Речиси секоја жена барем еднаш си го поставува ова прашање. Без разлика колку сме различни, постојат некои шеми на однесување што секој маж ги следи кога некоја жена навистина му значи.

1. Ја покажува својата ранлива страна

Голем дел од машката популација нема туку-така да откријат што ги мачи, што ги прави несигурни и ранливи. Ако вашиот партнер сака да ги сподели со вас и неговите тешки моменти, тоа е добар знак. Мажите обично се поврзуваат со стереотипот дека тие се „посилниот“ пол, дека не плачат, не покажуваат емоции и слично. Ако мажот што сте го одбрале, без проблем зборува за своите стравови и за тоа што го мачи, бидете сигурни дека многу му значите.

2. Сака да ве направи среќна

Сите сме донекаде себични. Кога навистина не се грижиме за некого, свесно или несвесно, не сакаме да вложиме повеќе труд во односот. Но ако вашиот партнер е подготвен да се „жртвува“ за вие да се чувствувате подобро, тоа е сигурен знак за неговата вистинска посветеност. И не заборавајте на ситниците – секоја количина на вложен труд или жртвување е израз на љубов. Бидете реални кон себе и не барајте изговори за мажите кои никако не наоѓаат време за вас и кои воопшто не се посветени.

3. Ви дава поддршка

Мажот што ве сака никако нема да ве гледа како конкуренција и никогаш нема да ве потценува. Кога партнерот навистина се грижи за вас, тој ќе биде горд на секој успех што ќе го постигнете. Важно е да имате на ум дека тој можеби нема целосно да ве разбере вас или чекорите што сте ги презеле, но ако вам ви е тоа важно, тој ќе ви даде поддршка.

4. Обрнува внимание на детали

Ако му значите, нема да заборави ниту еден детаљ за вас и ќе ги памети сите ситници што ве радуваат. Ќе го користи секој момент за да ве израдува и да го запомни тоа што му го кажувате. Сето тоа што вие го сметате за ситница, за него ќе биде многу важно.

5. Се бори за врската

Секоја врска може да наиде на пречки, лоши периоди или тешкотии. Откажувањето од сè и заминувањето и избор на мажот кому не му е доволно грижа. Врската изискува вложување напор и труд и ако вашиот партнер не е подготвен за тоа, преиспитајте колку навистина му значи вашата врска.

The post Пет работи што ги прават мажите кога навистина им значите appeared first on Република.

]]>

Ви откриваме што прават и преземаат мажите кога навистина се грижат за некоја жена Откако ќе го прегледате овој список, нема да имате повеќе дилеми. Љубовта не може и не треба да има дефиниција. Луѓето ги покажуваат своите чувства на различни начини. Во денешниот свет, кога сè се одвива и менува премногу брзо, се обидуваме да ја најдеме таа една личност што најдобро ќе нè разбере. Често се губиме во сопствените мисли и анализи и запаѓаме во дилеми. Дали мажот што сме го одбрале е вистинскиот, дали тој навистина се грижи за нас? Речиси секоја жена барем еднаш си го поставува ова прашање. Без разлика колку сме различни, постојат некои шеми на однесување што секој маж ги следи кога некоја жена навистина му значи. 1. Ја покажува својата ранлива страна Голем дел од машката популација нема туку-така да откријат што ги мачи, што ги прави несигурни и ранливи. Ако вашиот партнер сака да ги сподели со вас и неговите тешки моменти, тоа е добар знак. Мажите обично се поврзуваат со стереотипот дека тие се „посилниот“ пол, дека не плачат, не покажуваат емоции и слично. Ако мажот што сте го одбрале, без проблем зборува за своите стравови и за тоа што го мачи, бидете сигурни дека многу му значите. 2. Сака да ве направи среќна Сите сме донекаде себични. Кога навистина не се грижиме за некого, свесно или несвесно, не сакаме да вложиме повеќе труд во односот. Но ако вашиот партнер е подготвен да се „жртвува“ за вие да се чувствувате подобро, тоа е сигурен знак за неговата вистинска посветеност. И не заборавајте на ситниците – секоја количина на вложен труд или жртвување е израз на љубов. Бидете реални кон себе и не барајте изговори за мажите кои никако не наоѓаат време за вас и кои воопшто не се посветени. 3. Ви дава поддршка Мажот што ве сака никако нема да ве гледа како конкуренција и никогаш нема да ве потценува. Кога партнерот навистина се грижи за вас, тој ќе биде горд на секој успех што ќе го постигнете. Важно е да имате на ум дека тој можеби нема целосно да ве разбере вас или чекорите што сте ги презеле, но ако вам ви е тоа важно, тој ќе ви даде поддршка. 4. Обрнува внимание на детали Ако му значите, нема да заборави ниту еден детаљ за вас и ќе ги памети сите ситници што ве радуваат. Ќе го користи секој момент за да ве израдува и да го запомни тоа што му го кажувате. Сето тоа што вие го сметате за ситница, за него ќе биде многу важно. 5. Се бори за врската Секоја врска може да наиде на пречки, лоши периоди или тешкотии. Откажувањето од сè и заминувањето и избор на мажот кому не му е доволно грижа. Врската изискува вложување напор и труд и ако вашиот партнер не е подготвен за тоа, преиспитајте колку навистина му значи вашата врска.

The post Пет работи што ги прават мажите кога навистина им значите appeared first on Република.

]]>
Осум години по разводот, Ани Малинкова првпат не е сингл https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/osum-godini-po-razvodot-ani-malinkova-prvpat-ne-e-singl/ Sat, 19 Feb 2022 09:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=460741

Фолк пејачката Ани Малникова не е веќе сингл, пишува „Убавина и здравје“, откривајќи дека осум години по разводот, фолкерката е во сериозна љубовна врска.

Нејзиниот актуелен партнер Ѓорѓи Тренески објави дека е во љубовна врска со а на фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи се гледа колку двојката е вљубена.

Од првиот брак Малинкова има две ќерки, од кои постарата ќерка е втора година на факултет, а помалата е бруцош.

The post Осум години по разводот, Ани Малинкова првпат не е сингл appeared first on Република.

]]>

Фолк пејачката Ани Малникова не е веќе сингл, пишува „Убавина и здравје“, откривајќи дека осум години по разводот, фолкерката е во сериозна љубовна врска. Нејзиниот актуелен партнер Ѓорѓи Тренески објави дека е во љубовна врска со а на фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи се гледа колку двојката е вљубена. Од првиот брак Малинкова има две ќерки, од кои постарата ќерка е втора година на факултет, а помалата е бруцош.

The post Осум години по разводот, Ани Малинкова првпат не е сингл appeared first on Република.

]]>
Неколку совети: Навиките на среќните парови – предуслов за стабилна врска https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/nekolku-soveti-navikite-na-sreknite-parovi-preduslov-za-stabilna-vrska/ Sat, 01 Jan 2022 21:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=591160

Здравите односи во романтичните врски не се случуваат случајно, тие бараат посветеност на двајца што се сакаат. Овие навики ќе ви помогнат да ја изградите или зајакнете вашата врска и да спречите раскинување, а некои од нив можат да бидат корисни и во други односи, како на пример пријателствата.

За почеток, секогаш внимавајте што се зборува. Комуникацијата е клучна за здрава врска. Не го игнорирајте партнерот со тоа што ќе бидете зафатени на телефон додека сте заедно. Со овој гест вашите партнери ќе почувствуваат дека ги почитувате.

Едно важно правило е да му се додворувате на вашиот партнер. Без разлика дали сте долго во врска или сте во брак, неважно е кога е додворувањето во прашање. Потсетете го партнерот дека сè уште го сакате исто како на почетокот на вашата врска. Среќните парови никогаш не престануваат да си кажуваат убави и романтични зборови.

Погрижете се да обрнете внимание на вашата сакана личност со тоа што ќе забележите мали промени, како нова фризура или нова облека. Дајте му комплименти на партнерот како допрва да треба да го освоите.

Друга навика на среќните парови е одржувањето мали ритуали како на почеток на врска. Бакнеж за добра ноќ или добро утро е одлична навика која ќе ви обезбеди да останете поврзани и среќни. Со гестови како држење за рака во јавност, покажувате наклонетост кон вашиот партнер.

Конфликтните ситуации се неизбежни во секоја врска, па затоа внимавајте да не кажувате зборови за кои ќе зажалите. Секогаш партнерот гледајте го од попозитивна перспектива, ова ќе ви помогне да запомните зошто ја сакате токму таа личност.

Бидете првата личност што ќе го поддржи вашиот партнер во неговите соништа. Почитувајте ги неговите желби и мотивирајте го да успее во своите цели. Среќните парови се слушаат и се охрабруваат во тешки моменти.

Исто така, простувањето во врските е многу важно. Секој може да греши, па би било добро секој да научи да простува и да продолжи понатаму. Лутината може само да ја ослаби вашата врска и да доведе до раскинување.

Обрнете внимание на квалитетот на вашиот однос. Важно е како ги поминувате заедничките моменти. Затоа, одлично би било да се фокусирате на заеднички активности кои бараат комуникација.

И на крај, најважно е да правите работи што ве забавуваат подеднакво. Можете да патувате, да играте друштвени игри, да гледате филмови или едноставно да направите вечера за време на која ќе поставувате невообичаени прашања.

Има многу опции, а на вас е да ги изберете оние кои ве прават среќни вас и вашиот партнер/ка.

The post Неколку совети: Навиките на среќните парови – предуслов за стабилна врска appeared first on Република.

]]>

Здравите односи во романтичните врски не се случуваат случајно, тие бараат посветеност на двајца што се сакаат. Овие навики ќе ви помогнат да ја изградите или зајакнете вашата врска и да спречите раскинување, а некои од нив можат да бидат корисни и во други односи, како на пример пријателствата. За почеток, секогаш внимавајте што се зборува. Комуникацијата е клучна за здрава врска. Не го игнорирајте партнерот со тоа што ќе бидете зафатени на телефон додека сте заедно. Со овој гест вашите партнери ќе почувствуваат дека ги почитувате. Едно важно правило е да му се додворувате на вашиот партнер. Без разлика дали сте долго во врска или сте во брак, неважно е кога е додворувањето во прашање. Потсетете го партнерот дека сè уште го сакате исто како на почетокот на вашата врска. Среќните парови никогаш не престануваат да си кажуваат убави и романтични зборови. Погрижете се да обрнете внимание на вашата сакана личност со тоа што ќе забележите мали промени, како нова фризура или нова облека. Дајте му комплименти на партнерот како допрва да треба да го освоите. Друга навика на среќните парови е одржувањето мали ритуали како на почеток на врска. Бакнеж за добра ноќ или добро утро е одлична навика која ќе ви обезбеди да останете поврзани и среќни. Со гестови како држење за рака во јавност, покажувате наклонетост кон вашиот партнер. Конфликтните ситуации се неизбежни во секоја врска, па затоа внимавајте да не кажувате зборови за кои ќе зажалите. Секогаш партнерот гледајте го од попозитивна перспектива, ова ќе ви помогне да запомните зошто ја сакате токму таа личност. Бидете првата личност што ќе го поддржи вашиот партнер во неговите соништа. Почитувајте ги неговите желби и мотивирајте го да успее во своите цели. Среќните парови се слушаат и се охрабруваат во тешки моменти. Исто така, простувањето во врските е многу важно. Секој може да греши, па би било добро секој да научи да простува и да продолжи понатаму. Лутината може само да ја ослаби вашата врска и да доведе до раскинување. Обрнете внимание на квалитетот на вашиот однос. Важно е како ги поминувате заедничките моменти. Затоа, одлично би било да се фокусирате на заеднички активности кои бараат комуникација. И на крај, најважно е да правите работи што ве забавуваат подеднакво. Можете да патувате, да играте друштвени игри, да гледате филмови или едноставно да направите вечера за време на која ќе поставувате невообичаени прашања. Има многу опции, а на вас е да ги изберете оние кои ве прават среќни вас и вашиот партнер/ка.

The post Неколку совети: Навиките на среќните парови – предуслов за стабилна врска appeared first on Република.

]]>