Љуботенски бачила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubotenski-bachila/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Aug 2024 10:14:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љуботенски бачила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubotenski-bachila/ 32 32 Во Ѓорче Петров одбележани 23 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-gorche-petrov-odbelezhani-23-godini-od-zaginuvaneto-na-branitelite-kaj-lubotenski-bachila/ Sat, 10 Aug 2024 10:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=805151

На споменикот подигнат во чест на бранителите во Волково-Општина Ѓорче Петров, беа одбележани 23 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила на 10 август 2001 година, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Пред 23 години во воениот конфликт кај Љуботенски Бачила загинаа Томе Бадаревски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000-та година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.

Делегации, заедно со членови на семејствата на загинатите, положија цвеќе на споменикот. Делегацијата на Општина Ѓорче Петров ја предводеше градоначалникот Александар Стојкоски, кој во обраќање пред присутните рече дека со започнувањето на секој август од 2001 година па до денеска, не може, а да не се помисли на изгубените животи на македонските храбри бранители.

Овие македонски синови зрачеа со ентузијазам дека доаѓаат подобри времиња за Република Македонија. Оставија цели семејства со мисла дека ќе се вратат и оти земјата ја чекаат добри денови. Времињата се мирни сега, но загубените човечки животи во сите нас прават немири. Ги поминаа нивните последни денови храбро по рововите на македонските планини, бодрејќи се еден со друг и штитејќи ја земјата со последните нивни сили. Патриоти, чесни и храбри македонски јунаци, рече Стојкоски.

Тој им се обрати лично на семејствата на бранителите и истакна дека тие се вистински херои.

Вие сте херои, почитувани мои сограѓани. Вие и вашите храбри синови, браќа, нашите македонски браќа, кои тргнаа во битка за слободна Македонија, не колебајќи се ниту минута, свесни за суровоста на воениот конфликт. Вие сте нашата гордост и гордост на целата држава. Ви се обраќам со посебно внимание и со должна почит и секогаш ќе бидам на ваша страна, истакна градоначалникот.

Стојкоски уште еднаш ја изрази поддршката од Општина Ѓорче Петров за семејствата на бранителите.

И самите знаете дека како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ да ви излеземе в пресрет и ви го олесниле секојдневието. Чест ми што во мојот мандат успеавме да обезбедиме за потомците на бранителите бесплатно школување и бесплатна градинка, и приоритет на нивните поколенија при упис во претшколска установа. Тие се целосно ослободени и од сите трошоци што ги опфаќа школувањето, подвлече Стојкоски.

Високи делегации, заедно со делегациите на Општина Ѓорче Петров и Советот на Општината, претходно положија цвеќе и на спомен-обележјето на Томислав Настевски, а по централната манифестација во Волково, го посетија и Споменикот на Бранителите во реонскиот парк.

The post Во Ѓорче Петров одбележани 23 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>

На споменикот подигнат во чест на бранителите во Волково-Општина Ѓорче Петров, беа одбележани 23 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила на 10 август 2001 година, информираат од Општина Ѓорче Петров. Пред 23 години во воениот конфликт кај Љуботенски Бачила загинаа Томе Бадаревски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000-та година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола. Делегации, заедно со членови на семејствата на загинатите, положија цвеќе на споменикот. Делегацијата на Општина Ѓорче Петров ја предводеше градоначалникот Александар Стојкоски, кој во обраќање пред присутните рече дека со започнувањето на секој август од 2001 година па до денеска, не може, а да не се помисли на изгубените животи на македонските храбри бранители.
Овие македонски синови зрачеа со ентузијазам дека доаѓаат подобри времиња за Република Македонија. Оставија цели семејства со мисла дека ќе се вратат и оти земјата ја чекаат добри денови. Времињата се мирни сега, но загубените човечки животи во сите нас прават немири. Ги поминаа нивните последни денови храбро по рововите на македонските планини, бодрејќи се еден со друг и штитејќи ја земјата со последните нивни сили. Патриоти, чесни и храбри македонски јунаци, рече Стојкоски.
Тој им се обрати лично на семејствата на бранителите и истакна дека тие се вистински херои.
Вие сте херои, почитувани мои сограѓани. Вие и вашите храбри синови, браќа, нашите македонски браќа, кои тргнаа во битка за слободна Македонија, не колебајќи се ниту минута, свесни за суровоста на воениот конфликт. Вие сте нашата гордост и гордост на целата држава. Ви се обраќам со посебно внимание и со должна почит и секогаш ќе бидам на ваша страна, истакна градоначалникот.
Стојкоски уште еднаш ја изрази поддршката од Општина Ѓорче Петров за семејствата на бранителите.
И самите знаете дека како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ да ви излеземе в пресрет и ви го олесниле секојдневието. Чест ми што во мојот мандат успеавме да обезбедиме за потомците на бранителите бесплатно школување и бесплатна градинка, и приоритет на нивните поколенија при упис во претшколска установа. Тие се целосно ослободени и од сите трошоци што ги опфаќа школувањето, подвлече Стојкоски.
Високи делегации, заедно со делегациите на Општина Ѓорче Петров и Советот на Општината, претходно положија цвеќе и на спомен-обележјето на Томислав Настевски, а по централната манифестација во Волково, го посетија и Споменикот на Бранителите во реонскиот парк.

The post Во Ѓорче Петров одбележани 23 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: 23 години непребол, 23 години болка и сеќавање, 23 години од тој кобен ден кога Македонија изгуби уште осум свои синови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-23-godini-neprebol-23-godini-bolka-i-sekavane-23-godini-od-toj-koben-den-koga-makedonija-izgubi-ushte-osum-svoi-sinovi/ Sat, 10 Aug 2024 09:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=805132

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, објави порака во чест на загинатите македонски бранители кај Љуботенски бачила.

23 години непребол, 23 години болка и сеќавање, 23 години од тој кобен ден кога Македонија изгуби уште осум свои синови, херои, бранители.

Во спомен на:

Томе Бадаровски,

Гоце Чанкуловски,

Бранко Јанев,

Томислав Настевски,

Марјанчо Бошковски,

Ивица Златевски,

Томе Димоски,

Раде Јанковски,

припадници на резервниот состав на Армијата кои во 2001 година ги положија своите животи за Македонија, кај месноста Љуботенски бачила.

Вечна слава херои!, порачува Мисајловски.

The post Мисајловски: 23 години непребол, 23 години болка и сеќавање, 23 години од тој кобен ден кога Македонија изгуби уште осум свои синови appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, објави порака во чест на загинатите македонски бранители кај Љуботенски бачила.
23 години непребол, 23 години болка и сеќавање, 23 години од тој кобен ден кога Македонија изгуби уште осум свои синови, херои, бранители.   Во спомен на:   Томе Бадаровски,   Гоце Чанкуловски,   Бранко Јанев,   Томислав Настевски,   Марјанчо Бошковски,   Ивица Златевски,   Томе Димоски,   Раде Јанковски,   припадници на резервниот состав на Армијата кои во 2001 година ги положија своите животи за Македонија, кај месноста Љуботенски бачила.   Вечна слава херои!, порачува Мисајловски.

The post Мисајловски: 23 години непребол, 23 години болка и сеќавање, 23 години од тој кобен ден кога Македонија изгуби уште осум свои синови appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за загинатите кај Љуботенски бачила: Овие херои со своите животи ја бранеа нашата слобода, вечна слава на јунаците! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-zaginatite-kaj-lubotenski-bachila-ovie-heroi-so-svoite-zhivoti-ja-branea-nashata-sloboda-vechna-slava-na-junatsite/ Sat, 10 Aug 2024 08:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=805107

Премиерот Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави порака во чест на 23 годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила.

Денеска се одбележува 23 годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила.

Овие херои со своите животи ја бранеа нашата слобода.

Вечна слава на јунаците!, напиша Мицкоски.

The post Мицкоски за загинатите кај Љуботенски бачила: Овие херои со своите животи ја бранеа нашата слобода, вечна слава на јунаците! appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави порака во чест на 23 годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила.
Денеска се одбележува 23 годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила. Овие херои со своите животи ја бранеа нашата слобода. Вечна слава на јунаците!, напиша Мицкоски.

The post Мицкоски за загинатите кај Љуботенски бачила: Овие херои со своите животи ја бранеа нашата слобода, вечна слава на јунаците! appeared first on Република.

]]>
Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvaeset-i-tri-godini-od-zaginuvaneto-na-branitelite-kaj-lubotenski-bachila/ Sat, 10 Aug 2024 07:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=805082

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на осуммтемина припадници на резервниот состав на Армијата, кај месноста Љуботенски Бачила.

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе положат венци со цвеќе на спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров, а потоа и на спомениците на паднатите бранители во Волково, Љубанци и во касарната „Илинден“.

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: Каролина Насковска и Благој Бочварски, ќе положи цвеќе во во селото Љубанци.

Почит на загинатите бранители ќе им биде оддадена и од Општина Ѓорче Петров, пред споменикот во нивна чест поставен кај кружниот тек во Волково.

На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

The post Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на осуммтемина припадници на резервниот состав на Армијата, кај месноста Љуботенски Бачила. Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе положат венци со цвеќе на спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров, а потоа и на спомениците на паднатите бранители во Волково, Љубанци и во касарната „Илинден“. Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: Каролина Насковска и Благој Бочварски, ќе положи цвеќе во во селото Љубанци. Почит на загинатите бранители ќе им биде оддадена и од Општина Ѓорче Петров, пред споменикот во нивна чест поставен кај кружниот тек во Волково. На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

The post Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>
Општина Ѓорче Петров со иницијатива за именување пет улици по бранителите кои загинаа кај Љуботенски Бачила https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-gorche-petrov-so-initsijativa-za-imenuvane-pet-ulitsi-po-branitelite-koi-zaginaa-kaj-lubotenski-bachila/ Thu, 10 Aug 2023 13:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=670785

Општина Ѓорче Петров во соработка со Армијата денеска со положување цвеќе на три спомени одбележа 22 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила во конфликтот од 2001 година.

Како што соопштија од Општината, централниот настан се одржа на споменикот на бранителите од Ѓорче Петров во Волково каде цвеќе положија бројни високи државни, партиски и делегации на здруженија, а обраќање имаше и градоначалникот на Општината Александар Стојкоски.

Нивната жртва е испишана во историјата, а нашите поколенија учат за нивното дело, рече Стојкоски истакнувајќи дека сите се гордеат со херојствата на овие македонски синови.

Тој информираше дека Општина Ѓорче Петров му предложила на Советот на Град Скопје пет улици во општината да бидат именувани со имињата на овие македонски херои, во најголем дел улиците на кои се наоѓаат нивните семејни куќи.

Ова е само дел од нашите заложби во нивна чест. Жалам и секогаш ќе жалам. Сите заедно изгубивме едно брдо херојство. Тажно за нашата Македонија. Вечна слава на Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томе Димоски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски и на сите македонски бранители кои одлучно застанаа во одбрана на својата земја и го положија животот за Република Македонија, додаде Стојкоски.

Во своето обраќање, Стојкоски истакна дека нивното херојство и жртва со сопствениот живот е љубов кон татковината за почит и заслужува поклон до земја за јунаштвото.

Во рамки на одбележување на годишнината од загинувањето, денеска беа посетени и спомен-чешмата во чест на Томислав Настевски-Бумбар, како и споменикот на сите бранители во реонскиот парк, каде исто така, беше положено цвеќе во чест на бранителите.

The post Општина Ѓорче Петров со иницијатива за именување пет улици по бранителите кои загинаа кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>

Општина Ѓорче Петров во соработка со Армијата денеска со положување цвеќе на три спомени одбележа 22 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила во конфликтот од 2001 година. Како што соопштија од Општината, централниот настан се одржа на споменикот на бранителите од Ѓорче Петров во Волково каде цвеќе положија бројни високи државни, партиски и делегации на здруженија, а обраќање имаше и градоначалникот на Општината Александар Стојкоски.
Нивната жртва е испишана во историјата, а нашите поколенија учат за нивното дело, рече Стојкоски истакнувајќи дека сите се гордеат со херојствата на овие македонски синови.
Тој информираше дека Општина Ѓорче Петров му предложила на Советот на Град Скопје пет улици во општината да бидат именувани со имињата на овие македонски херои, во најголем дел улиците на кои се наоѓаат нивните семејни куќи.
Ова е само дел од нашите заложби во нивна чест. Жалам и секогаш ќе жалам. Сите заедно изгубивме едно брдо херојство. Тажно за нашата Македонија. Вечна слава на Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томе Димоски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски и на сите македонски бранители кои одлучно застанаа во одбрана на својата земја и го положија животот за Република Македонија, додаде Стојкоски.
Во своето обраќање, Стојкоски истакна дека нивното херојство и жртва со сопствениот живот е љубов кон татковината за почит и заслужува поклон до земја за јунаштвото. Во рамки на одбележување на годишнината од загинувањето, денеска беа посетени и спомен-чешмата во чест на Томислав Настевски-Бумбар, како и споменикот на сите бранители во реонскиот парк, каде исто така, беше положено цвеќе во чест на бранителите.

The post Општина Ѓорче Петров со иницијатива за именување пет улици по бранителите кои загинаа кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>
Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-od-kabinetot-na-pretsedatelot-oddade-pochit-na-osumtemina-armiski-rezervisti-zaginati-kaj-lubotenski-bachila/ Thu, 10 Aug 2023 10:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=670723

Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, по повод 22-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред споменикот на Томислав Настевски во Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во Волково, пред спомен-обележјето во Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

The post Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила appeared first on Република.

Мицкоски за загинатите кај Љуботенски Бачила: Хероите живеат вечно, нивната жртва нема да биде заборавена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-zaginatite-kaj-lubotenski-bachila-heroite-zhiveat-vechno-nivnata-zhrtva-nema-da-bide-zaboravena/ Thu, 10 Aug 2023 10:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=670722

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија, кај месноста Љуботенски Бачила.

На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

Дека хероите живеат вечно денес порача и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„22 години од погибието на бранителите кај Љуботенски бачила. Хероите живеат вечно. Нивната жртва нема да биде заборавена. Слава им“ – порача Мицкоски!

The post Мицкоски за загинатите кај Љуботенски Бачила: Хероите живеат вечно, нивната жртва нема да биде заборавена appeared first on Република.

]]>

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија, кај месноста Љуботенски Бачила. На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата. Дека хероите живеат вечно денес порача и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „22 години од погибието на бранителите кај Љуботенски бачила. Хероите живеат вечно. Нивната жртва нема да биде заборавена. Слава им“ – порача Мицкоски!

The post Мицкоски за загинатите кај Љуботенски Бачила: Хероите живеат вечно, нивната жртва нема да биде заборавена appeared first on Република.

]]>
Дваесет и две години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvaeset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-branitelite-kaj-lubotenski-bachila/ Thu, 10 Aug 2023 09:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=670682

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија, кај месноста Љуботенски Бачила.

Делегации на Армијата и на Министерството за одбрана предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, цвеќе ќе положат пред спомен - обележјето на бранителот Томислав Настевски во Општината Ѓорче Петров, на споменикот на бранителите во село Волково и пред спомен - обележјата во село Љубанци.

Делегација од Министерството за одбрана и од Армијата која ќе ја предводи министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе положат цвеќе на спомен обележјето во касарната „Илинден“.

На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

The post Дваесет и две години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија, кај месноста Љуботенски Бачила. Делегации на Армијата и на Министерството за одбрана предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, цвеќе ќе положат пред спомен - обележјето на бранителот Томислав Настевски во Општината Ѓорче Петров, на споменикот на бранителите во село Волково и пред спомен - обележјата во село Љубанци. Делегација од Министерството за одбрана и од Армијата која ќе ја предводи министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе положат цвеќе на спомен обележјето во касарната „Илинден“. На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

The post Дваесет и две години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>
Почит за загинатите кај Љуботенски Бачила, а не беше заборавен ни Ацо Ангеловски, кој загина во Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochit-za-zaginatite-kaj-ljubotenski-bachila-a-ne-beshe-zaboraven-ni-aco-angelovski-koj-zagina-vo-arachinovo/ Wed, 10 Aug 2022 12:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=538725

Општините Ѓорче Петров и Бутел ја одбележаа 21-годишнината од масакрот кај Љуботенски Бачила.

Денес одбележавме 21 година од згаснувањето на животите на македонските бранители од Ѓорче Петров.

На три локации во општина Ѓорче Петров, Спомен-чешмата „Томислав Настевски-Бумбар“ во Ѓорче Петров, Споменикот на бранителите во Волково и Споменикот на сите загинати бранители од Ѓорче Петров во реонскиот парк, оддадовме почит на жртвата која ја дадоа Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Томислав Настевски кај Љуботенски бачила, како и прерано згаснатиот живот на Ацо Ангеловски, кој е една од првите жртви на конфликтот, кој загина во Арачиново.
Паднатите херои чие дело го чествуваме го претставуваат ликот на македонската нација која има долга историја на патриотизам, пожртвуваност и чест. Ова е нација која се бореше во многу битки за да ја задржи земјата слободна и ослободена од закани.
Ние Македонците сме симбол за непокор. Оваа земја помина и надмина илјадници тешки и трагични премрежја, страдни времиња. Но, оваа земја даде и големи јунаци.
Им благодарам на семејствата за овие херои – херои на нашето време.
Вечно сме ви должни.
Нека им е вечна слава на храбрите бранители.
Загинаа за Македонија

21 ГОДИНА ОД НЕМИЛИОТ ЧИН ВО КОЈ ЗАГИНАА МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ❗️
Денес им оддаваме почит на македонските бранители кои го положија својот живот за одбрана на Република Македонија.
Поминаа 21 години од загинувањето на нашите бранители, 21 година тага во нашите срца.
Трагичен настан кој остави длабоки траги во нашата меморија и нераскинлив дел од нашата сегашност и иднина.
Пред 21 година ги изгубивме Бадаровски Томе, Чанкуловски Гоце, Бошковски Марјанчо, Димовски Томе, Златевски Ивица, Јанев Бранко, Јанковски Раде и Настевски Томислав кои го дадоа својот живот за својата држава и тоа никогаш нема да го заборавиме.
Оддаваме почит на нивното херојско дело како дел од македонска историја и да испратиме порака дека вечно ќе живеат во нашите срца.
Слава им!

На денешен ден во 2001 година во 8 часот наутро воено товарно возило со припадници на безбедносните сили на АРМ нагази две противтенковски мини кај месноста Љуботенски бачила, при што загинуваат осум припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. Покрај осуммина убиени имаше и осуммина повредени.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

The post Почит за загинатите кај Љуботенски Бачила, а не беше заборавен ни Ацо Ангеловски, кој загина во Арачиново appeared first on Република.

]]>

Општините Ѓорче Петров и Бутел ја одбележаа 21-годишнината од масакрот кај Љуботенски Бачила. Денес одбележавме 21 година од згаснувањето на животите на македонските бранители од Ѓорче Петров. На три локации во општина Ѓорче Петров, Спомен-чешмата „Томислав Настевски-Бумбар“ во Ѓорче Петров, Споменикот на бранителите во Волково и Споменикот на сите загинати бранители од Ѓорче Петров во реонскиот парк, оддадовме почит на жртвата која ја дадоа Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Томислав Настевски кај Љуботенски бачила, како и прерано згаснатиот живот на Ацо Ангеловски, кој е една од првите жртви на конфликтот, кој загина во Арачиново. Паднатите херои чие дело го чествуваме го претставуваат ликот на македонската нација која има долга историја на патриотизам, пожртвуваност и чест. Ова е нација која се бореше во многу битки за да ја задржи земјата слободна и ослободена од закани. Ние Македонците сме симбол за непокор. Оваа земја помина и надмина илјадници тешки и трагични премрежја, страдни времиња. Но, оваа земја даде и големи јунаци. Им благодарам на семејствата за овие херои – херои на нашето време. Вечно сме ви должни. Нека им е вечна слава на храбрите бранители. Загинаа за Македонија 21 ГОДИНА ОД НЕМИЛИОТ ЧИН ВО КОЈ ЗАГИНАА МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ❗️ Денес им оддаваме почит на македонските бранители кои го положија својот живот за одбрана на Република Македонија. Поминаа 21 години од загинувањето на нашите бранители, 21 година тага во нашите срца. Трагичен настан кој остави длабоки траги во нашата меморија и нераскинлив дел од нашата сегашност и иднина. Пред 21 година ги изгубивме Бадаровски Томе, Чанкуловски Гоце, Бошковски Марјанчо, Димовски Томе, Златевски Ивица, Јанев Бранко, Јанковски Раде и Настевски Томислав кои го дадоа својот живот за својата држава и тоа никогаш нема да го заборавиме. Оддаваме почит на нивното херојско дело како дел од македонска историја и да испратиме порака дека вечно ќе живеат во нашите срца. Слава им! На денешен ден во 2001 година во 8 часот наутро воено товарно возило со припадници на безбедносните сили на АРМ нагази две противтенковски мини кај месноста Љуботенски бачила, при што загинуваат осум припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. Покрај осуммина убиени имаше и осуммина повредени. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

The post Почит за загинатите кај Љуботенски Бачила, а не беше заборавен ни Ацо Ангеловски, кој загина во Арачиново appeared first on Република.

]]>
„Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија“: 21 година од масакрот на бранителите кај Љуботенски Бачила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-mi-e-zal-shto-kje-umram-zaginav-za-makedonija-21-godina-od-masakrot-na-branitelite-kaj-ljubotenski-bachila/ Wed, 10 Aug 2022 07:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=538563

На денешен ден во 2001 година во 8 часот наутро воено товарно возило со припадници на безбедносните сили на АРМ нагази две противтенковски мини кај месноста Љуботенски бачила, при што загинуваат осум припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. Покрај осуммина убиени имаше и осуммина повредени.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Веднаш по нападот почнува неколкучасовна престрелка меѓу ОНА и втората чета на Третиот баталјон, од каде што се и загинатите војници. Во текот на престрелката е извршен воздушен напад врз формацијата на ОНА со хеликоптери „ми-24“ и тие се повлекуваат.

На три локации во општина Ѓорче Петров денеска ќе биде одбелжана 21 година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила.

Цвеќе ќе биде положено на Спомен-чешма на Томислав Настевски-Бумбар, на Споменикот на бранителите во Волково, каде ќе биде и централната манифестација, и на Споменикот на бранителите во реонскиот парк.

Кој е Марјанчо Бошковски?

Марјанчо Бошковски е роден на 14 јуни 1973 година во скопската населба Бутел. Најблиските го опишуваат Марјанчо како човек многу го красеше дружељубивоста, работливоста и хуманоста. Марјанчо е момчето од спотот „За доброто на сите“. Режисерот веројатно, кога го зел за снимање, сметал на неговиот ведар лик и постојаната насмевка што го красела неговото лице. Впрочем, поради оптимизмот и позитивната енергија што зрачале од него, Бошковски бил омилен меѓу сите во населбата. Бутел е со мешовито население, а Марјан се дружел со сите: Македонци, Срби, Албанци, Роми и Бошњаци. Тоа го потврдуваше и неговиот погреб. Марјанчо во својот кус живот работеше се и сешто. Од Ѓорче Петров до Драчево и од Водно до Топанско Поле, во изминатите години работеше во повеќе перални за возила и во повеќе колонијални продавници. Ниту еден од сопствениците не го избрка заради неодговорност или поткрадување. По неколку месеци работа во некој дуќан, тој сам си заминуваше. Други, што случајно ќе се запознеше со нив, му ветуваа подобри услови и заминуваше. Му здосадуваше иста работа и бесперпективност и затоа трагаше по попристојна работа и надеж дека еден ден ќе дојде до сопствена работа. Се го интересираше и во многу работи се разбираше. Три години пред да започне конфликот во Македонија починал таткото на Марјанчо.

Бошковски бил гардист во АРМ. Подоцна неколку пати бил земан на вежба. Последен пат е мобилизиран на 19 март 2001 година. Оттогаш до денот на загинувањето, 10 август, со мошне куси прекини, постојано бил по рововите на Скопска Црна Гора. Поради лоша координираност и евиденција, во времето додека бил мобилизиран од АРМ, го барала и полицијата. Луѓето од полициската станица „Бит-пазар“ телефонски го барале неколку пати. Мајка му или сестра му одговарале дека Марјан одамна е мобилизиран во АРМ. По едно навраќање дома, мајка му кажувала на Марјанчо за настанот. Тој пак се насмеал и само одговорил: Не е битно. Можеби некои момчиња се кријат, но ако сите се криеме, кој ќе ја брани татковината? Не се грижете, ќе поминам во станицата и ќе се разбереме. Во текот на војната 2001 година, Бошковски на секого од другарите од рововите барем еднаш му го спасил животот. Во врска со јулскиот земјотрес во Кумановско, соборците велат дека не биле точни радио информациите дека имало посилен земјотрес. Тој ден биле во близина на Матејче. Марјанчо тогаш открил огромен склад за оружје и муниција. Отиде сам и го крена складот во воздух. Долго потоа земјата се тресеше и одекнуваа подземни детонации. Кога се враќале на позициите, претпоставените веќе знаеја кој го сторил тоа, и од милост, Марјанчо го прекрстија во „Рамбо“.

На 8 август 2001 година требаше да се раздолжи и да се врати дома. Веќе му беше подготвено решението за редовен работен однос во АРМ. Бидејќи не беше дојдена комплетната смена, Марјанчо и неговите соборци остануваат уште два дена, до кобниот 10 август, каде што ќе загине кај Љуботенски Бачила. На враќање од позициите, камиончето застанало пред чешмата, се напиле вода и наполниле шишиња. Потоа, само што тргнале, експлозијата го разнела возилото. Десетина, петнаесет метри од патот, имало терористичка заседна со пет до шест вооружени терористи. Тие ги активирале експлозивите, а и припукувале на камиончето. Тогаш од позициите повисоко на планината дотрчал војник пукајќи со автомат да ги заштити настраданите. Терористите се разбегале и немале можност да ги дотепуваат настраданите. Марјанчо починал на патот кон болницата.

Во текот на транспортот, Марјанчо имал кус дијалог со лекарот што бил во екипата за извлекување на ранетите и убиените кај Љуботенски Бачила. „Докторе, однесете ме дома“, му рекол на лекарот. „Стрпи се уште малку и се ке биде во ред“, му одговорил лекарот.

Марјанчо пак, му вели: „Знам дека тука ми е крајот. Однесете ме дома само да ги видам сестра ми и мајка ми. Само да ги видам. Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија”

Марјанчо Бошковски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија. Бошковски остана неженет и без деца.

Случајот Љуботенски бачила не е сосема расветлен.

The post „Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија“: 21 година од масакрот на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 2001 година во 8 часот наутро воено товарно возило со припадници на безбедносните сили на АРМ нагази две противтенковски мини кај месноста Љуботенски бачила, при што загинуваат осум припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. Покрај осуммина убиени имаше и осуммина повредени. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Веднаш по нападот почнува неколкучасовна престрелка меѓу ОНА и втората чета на Третиот баталјон, од каде што се и загинатите војници. Во текот на престрелката е извршен воздушен напад врз формацијата на ОНА со хеликоптери „ми-24“ и тие се повлекуваат.
На три локации во општина Ѓорче Петров денеска ќе биде одбелжана 21 година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила. Цвеќе ќе биде положено на Спомен-чешма на Томислав Настевски-Бумбар, на Споменикот на бранителите во Волково, каде ќе биде и централната манифестација, и на Споменикот на бранителите во реонскиот парк.

Кој е Марјанчо Бошковски?

Марјанчо Бошковски е роден на 14 јуни 1973 година во скопската населба Бутел. Најблиските го опишуваат Марјанчо како човек многу го красеше дружељубивоста, работливоста и хуманоста. Марјанчо е момчето од спотот „За доброто на сите“. Режисерот веројатно, кога го зел за снимање, сметал на неговиот ведар лик и постојаната насмевка што го красела неговото лице. Впрочем, поради оптимизмот и позитивната енергија што зрачале од него, Бошковски бил омилен меѓу сите во населбата. Бутел е со мешовито население, а Марјан се дружел со сите: Македонци, Срби, Албанци, Роми и Бошњаци. Тоа го потврдуваше и неговиот погреб. Марјанчо во својот кус живот работеше се и сешто. Од Ѓорче Петров до Драчево и од Водно до Топанско Поле, во изминатите години работеше во повеќе перални за возила и во повеќе колонијални продавници. Ниту еден од сопствениците не го избрка заради неодговорност или поткрадување. По неколку месеци работа во некој дуќан, тој сам си заминуваше. Други, што случајно ќе се запознеше со нив, му ветуваа подобри услови и заминуваше. Му здосадуваше иста работа и бесперпективност и затоа трагаше по попристојна работа и надеж дека еден ден ќе дојде до сопствена работа. Се го интересираше и во многу работи се разбираше. Три години пред да започне конфликот во Македонија починал таткото на Марјанчо. Бошковски бил гардист во АРМ. Подоцна неколку пати бил земан на вежба. Последен пат е мобилизиран на 19 март 2001 година. Оттогаш до денот на загинувањето, 10 август, со мошне куси прекини, постојано бил по рововите на Скопска Црна Гора. Поради лоша координираност и евиденција, во времето додека бил мобилизиран од АРМ, го барала и полицијата. Луѓето од полициската станица „Бит-пазар“ телефонски го барале неколку пати. Мајка му или сестра му одговарале дека Марјан одамна е мобилизиран во АРМ. По едно навраќање дома, мајка му кажувала на Марјанчо за настанот. Тој пак се насмеал и само одговорил: Не е битно. Можеби некои момчиња се кријат, но ако сите се криеме, кој ќе ја брани татковината? Не се грижете, ќе поминам во станицата и ќе се разбереме. Во текот на војната 2001 година, Бошковски на секого од другарите од рововите барем еднаш му го спасил животот. Во врска со јулскиот земјотрес во Кумановско, соборците велат дека не биле точни радио информациите дека имало посилен земјотрес. Тој ден биле во близина на Матејче. Марјанчо тогаш открил огромен склад за оружје и муниција. Отиде сам и го крена складот во воздух. Долго потоа земјата се тресеше и одекнуваа подземни детонации. Кога се враќале на позициите, претпоставените веќе знаеја кој го сторил тоа, и од милост, Марјанчо го прекрстија во „Рамбо“. На 8 август 2001 година требаше да се раздолжи и да се врати дома. Веќе му беше подготвено решението за редовен работен однос во АРМ. Бидејќи не беше дојдена комплетната смена, Марјанчо и неговите соборци остануваат уште два дена, до кобниот 10 август, каде што ќе загине кај Љуботенски Бачила. На враќање од позициите, камиончето застанало пред чешмата, се напиле вода и наполниле шишиња. Потоа, само што тргнале, експлозијата го разнела возилото. Десетина, петнаесет метри од патот, имало терористичка заседна со пет до шест вооружени терористи. Тие ги активирале експлозивите, а и припукувале на камиончето. Тогаш од позициите повисоко на планината дотрчал војник пукајќи со автомат да ги заштити настраданите. Терористите се разбегале и немале можност да ги дотепуваат настраданите. Марјанчо починал на патот кон болницата. Во текот на транспортот, Марјанчо имал кус дијалог со лекарот што бил во екипата за извлекување на ранетите и убиените кај Љуботенски Бачила. „Докторе, однесете ме дома“, му рекол на лекарот. „Стрпи се уште малку и се ке биде во ред“, му одговорил лекарот. Марјанчо пак, му вели: „Знам дека тука ми е крајот. Однесете ме дома само да ги видам сестра ми и мајка ми. Само да ги видам. Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија” Марјанчо Бошковски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија. Бошковски остана неженет и без деца. Случајот Љуботенски бачила не е сосема расветлен.

The post „Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија“: 21 година од масакрот на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>