Љубомир Цуцуловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubomir-cuculovski/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Aug 2022 11:56:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љубомир Цуцуловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubomir-cuculovski/ 32 32 Цуцуловски за министерката за култура: Размислила ли каква е таа слобода на која ѝ се поставуваат граници, меѓи, услови, упатства? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cuculovski-za-ministerkata-za-kultura-razmislila-li-kakva-e-taa-sloboda-na-koja-se-postavuvaat-granici-megji-uslovi-upatstva/ Sat, 06 Aug 2022 11:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=537388

ЖДАНОВИЗАМ. Андреј Жданов, по кого е именуван идеолошко-цензорскиот феномен ждановизам, бил интересно човече. Жданов бил своевиден советски пандан на нацистот Гебелс. Близок до Сталин, негова животна, би можело да се рече дури и божествена задача била да контролира кој како мисли/твори и за што мисли/твори. Во прво време се контролирала само уметноста. Потоа, и секоја област од творештвото/создавањето, вклучувајќи ја и науката. Особено општествената. Во уметноста требало да дојде до израз т.н. социјалистички реализам, познат и како соц-реализам. Според оваа доктрина секој уметник/творец трабало советската стварност, како и „социјализмот“ воопшто, да ги глорифицира и прикажува во што е можно поубава светлина, за да не се случи (не дај Боже!) моралот на советскиот човек да клапне и да дојде до сеопшта депресија меѓу граѓаните. Непослушните творци (значи оние кои не постапувале според директивите на Жданов и Партијата) биле казнувани, дури и апсени, додека послушните биле штедро наградувани. На тој начин, целото општество било заразено со неумерена агитација и пропаганда. Скратено, агит-проп! По извесно време, советската стварност била толку многу разубавувана, што соц-реализмот, како официјална доктрина на СССР, преминал во соц-иделизам, т.е. во социјалистички идеализам, во кој не можело ништо да се препознае од правата, вистинската стварност. Илузијата станала стварност, стварноста илузија.
Денес, во времето кога се наметнува проектот за северизација на Македонија, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска излезе со упатства како би требало да се пишува/твори. Што значи, како да не се пишува. Уметноста не би требало да ја вознемирува јавноста, туку да создава оптимистички, ведри чувства. Или, како што самата изјави: „Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката.“ Значи, на уметниците им се дозволува слободно да творат, но (sic!) само ако... Размислила ли министерката каква е таа слобода на која ѝ се поставуваат граници, меѓи, услови, упатства? Дали некогаш чула за Жданов, како и за неговата доктрина не ми е познато, ниту тоа ме интересира. Сепак, она за кое се залага е отворен ждановизам, повторно појавен/повампирен скоро век после смртта на Жданов.
Ако и преку ова се помине, ако јавноста (уметничка, научна, граѓанска...) на време не прогледа/се опули или соодветно не рагира (што е, во основа, исто) секое накнадно опулување/освестување ќе биде задоцнето, како што се и голем број на сегашни реакции/опулувања, кои наместо да се појавеа навреме, се јавуваат накнадно – post factum. На тој начин, слободата и Македонија, исто така, можат да станат post factum феномени, пишува на Фејсбук, професорот Љубомир Цуцуловски.

The post Цуцуловски за министерката за култура: Размислила ли каква е таа слобода на која ѝ се поставуваат граници, меѓи, услови, упатства? appeared first on Република.

]]>

ЖДАНОВИЗАМ. Андреј Жданов, по кого е именуван идеолошко-цензорскиот феномен ждановизам, бил интересно човече. Жданов бил своевиден советски пандан на нацистот Гебелс. Близок до Сталин, негова животна, би можело да се рече дури и божествена задача била да контролира кој како мисли/твори и за што мисли/твори. Во прво време се контролирала само уметноста. Потоа, и секоја област од творештвото/создавањето, вклучувајќи ја и науката. Особено општествената. Во уметноста требало да дојде до израз т.н. социјалистички реализам, познат и како соц-реализам. Според оваа доктрина секој уметник/творец трабало советската стварност, како и „социјализмот“ воопшто, да ги глорифицира и прикажува во што е можно поубава светлина, за да не се случи (не дај Боже!) моралот на советскиот човек да клапне и да дојде до сеопшта депресија меѓу граѓаните. Непослушните творци (значи оние кои не постапувале според директивите на Жданов и Партијата) биле казнувани, дури и апсени, додека послушните биле штедро наградувани. На тој начин, целото општество било заразено со неумерена агитација и пропаганда. Скратено, агит-проп! По извесно време, советската стварност била толку многу разубавувана, што соц-реализмот, како официјална доктрина на СССР, преминал во соц-иделизам, т.е. во социјалистички идеализам, во кој не можело ништо да се препознае од правата, вистинската стварност. Илузијата станала стварност, стварноста илузија. Денес, во времето кога се наметнува проектот за северизација на Македонија, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска излезе со упатства како би требало да се пишува/твори. Што значи, како да не се пишува. Уметноста не би требало да ја вознемирува јавноста, туку да создава оптимистички, ведри чувства. Или, како што самата изјави: „Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката.“ Значи, на уметниците им се дозволува слободно да творат, но (sic!) само ако... Размислила ли министерката каква е таа слобода на која ѝ се поставуваат граници, меѓи, услови, упатства? Дали некогаш чула за Жданов, како и за неговата доктрина не ми е познато, ниту тоа ме интересира. Сепак, она за кое се залага е отворен ждановизам, повторно појавен/повампирен скоро век после смртта на Жданов. Ако и преку ова се помине, ако јавноста (уметничка, научна, граѓанска...) на време не прогледа/се опули или соодветно не рагира (што е, во основа, исто) секое накнадно опулување/освестување ќе биде задоцнето, како што се и голем број на сегашни реакции/опулувања, кои наместо да се појавеа навреме, се јавуваат накнадно – post factum. На тој начин, слободата и Македонија, исто така, можат да станат post factum феномени, пишува на Фејсбук, професорот Љубомир Цуцуловски.

The post Цуцуловски за министерката за култура: Размислила ли каква е таа слобода на која ѝ се поставуваат граници, меѓи, услови, упатства? appeared first on Република.

]]>
Цуцуловски: Со овие измени што ги бараат Бугарите, Македонија ќе стане племенска заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cuculovski-so-ovie-izmeni-shto-gi-baraat-bugarite-makedonija-kje-stane-plemenska-zaednica/ Sat, 07 May 2022 09:31:15 +0000 https://republika.mk/?p=498940

Според професорот Љубомир Цуцуловски, менувањето на Уставот за во него да се внесат и Бугарите, ќе има несогледливи последици по целото македонско општество. „Наместо да се оди кон постепено менување на Републиката во правец на граѓански концепирана држава, таа сѐ повеќе и повеќе се етнизира/трибилизира/племенизира“, вели Цуцуловски.

ПАРЦИЈАЛИЗАЦИЈА. Нормална и разбирлива е можноста секој припадник на бугарското малцинство во Република Македонија да може слободно да ја изразува својата етничка припадност, без да има какви било последици за тоа. Меѓутоа, сосема неразбирливо е ова малцинство да влезе како конститутивен елемент во Уставот, на кое (под некакви услови) се сеглосува претседателот на Државата Стево Пендаровски, така и претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бидејќи последиците од ваквата одлука ќе имаат несогледливи димензии за целото македонско општество. Наместо да се оди кон постепено менување на Републиката во правец на граѓански концепирана држава, таа сѐ повеќе и повеќе се етнизира/трибилизира/племенизира. Конечниот резултат, суштински гледано, ќе биде исчезнување на категоријата граѓанин, без која не е можна современа, демократска и ефикасна држава во секој поглед. На дело е, за жал, парцилизација на Република Македонија, процес на кој скоро никој не му се спротивставува, вели професорот.

The post Цуцуловски: Со овие измени што ги бараат Бугарите, Македонија ќе стане племенска заедница appeared first on Република.