Љубојна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubojna/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 09:04:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љубојна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubojna/ 32 32 Матија Дедиќ, „Љубојна“, Горан Бојчевски … на Битолско културно лето https://arhiva3.republika.mk/scena/matija-dedik-lubojna-goran-bojchevski-na-bitolsko-kulturno-leto/ Wed, 31 Jul 2024 09:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=801621

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“.

Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски.

На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос.

Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот.

За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје.

Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи

И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова.

Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август.

Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи.

Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post Матија Дедиќ, „Љубојна“, Горан Бојчевски … на Битолско културно лето appeared first on Република.

]]>

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“. Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски. На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос. Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот. За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје. Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова. Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август. Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи. Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post Матија Дедиќ, „Љубојна“, Горан Бојчевски … на Битолско културно лето appeared first on Република.

]]>
„Љубојна“ на Фестивал во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ljubojna-na-festival-vo-tirana/ Thu, 09 Jun 2022 07:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=512914

Македонскиот состав „Љубојна“ настапи на фестивалот „Cloud rea“ во Тирана. Концертот беше во коорганизација со Фестивалот и Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, со поддршка од Општина Тирана.

Пред многубројна публика во центарот на Тирана се случи вистинско чудо, луѓето, слушајќи ја нивната музика, цели два часа играа во транс. Се редеа разновидни македонски и балкански мелодии, публиката и после два часа не сакаше да го напушти местото каде што се одржуваше концертот“, информират од македонскиот КИЦ.

По концертот, групата „Љубојна“, имаше средба и џем-сешн со музичарите од „Tirana Tirona, all stars“, позната група од Тирана.

The post „Љубојна“ на Фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>

Македонскиот состав „Љубојна“ настапи на фестивалот „Cloud rea“ во Тирана. Концертот беше во коорганизација со Фестивалот и Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, со поддршка од Општина Тирана.
Пред многубројна публика во центарот на Тирана се случи вистинско чудо, луѓето, слушајќи ја нивната музика, цели два часа играа во транс. Се редеа разновидни македонски и балкански мелодии, публиката и после два часа не сакаше да го напушти местото каде што се одржуваше концертот“, информират од македонскиот КИЦ.
По концертот, групата „Љубојна“, имаше средба и џем-сешн со музичарите од „Tirana Tirona, all stars“, позната група од Тирана.

The post „Љубојна“ на Фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>