Љубица Георгиевска-Исмаил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubica-georgievska-ismail/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 08:05:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љубица Георгиевска-Исмаил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljubica-georgievska-ismail/ 32 32 Доктор Марија Ралева: Лекарите во пензија, здравството едвај преживува https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/doktor-marija-raleva-lekarite-vo-penzija-zdravstvoto-edvaj-prezivuva/ Mon, 13 Jun 2022 08:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=514330

Марија Ралева е член и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје на Катедра за психијатрија и медицинска психологија и дел од Клиниката за психијатрија.

Во отворено писмо до медиумите таа го споделува својот став за состојбата на Факултетот и во здравствените установи.

Во врска со пензионирањето на здравстевените работници кои навршуваат 64 години, а меѓу нив и голем број професори на Медицинскиот факултет при УКИМ, вели дека тоа ја прелило чашата во долготрајниот процес на уништувањето на јавно здравствениот систем и најстариот универзитет во земјава.

Универзитетот би требало да биде независен од политиката, но долги години наназад се случува спротивното. Актуелно, вмешувањето на политиката во високото образование и здравството е кулминација на ваквите тенденции со иницијативата која доаѓа од Министерството за здравство да се интервенира во законот за пензионирање, со наложување здравствените работници, поточно лекарите и наставниците на Медицинскиот факултет со веќе навршени 64 г. да заминат во пензија за да се вработат млади кадри, вели Ралева во своето обраќање до јавноста.

И таа перспектива е оправдана и потребна, додава таа, но ако се случува обмислено и постепено, со едукација на младите, нивно формирање и постепено преземање на стручната и наставно-научната дејност.

Но, процесите во тек на повеќе децении не се такви, бидејќи добро знаеме дека новите вработувања се одвиваат мошне контролирано, со централизирано донесување одлуки на Министерството за здравство, со малку или никаква можност да се влијае или да се селектира кадар според принципот на извонредност и афинитет за одредено подрачје, истакнува Ралева во писмото.

Впрочем, цифрите зборуваат појасно од секое образложување.

https://republika.mk/zivot/zdravje/kolez-na-intelektualci/

На трите државни медицински факултети во 2021 г. на УКИМ дипломирале 179 студенти; на УГД (Штип) 297; а на Тетовскиот универзитет 350 студенти.

Соодносот на наставниот кадар на секој од трите медицински факултети е обратно пропорционален во поглед на продукцијата на доктори на секој од факултетите.

За споредба, само на Медицински факултет, Скопје има 142 редовни професори, а на Медицински факултет во Штип вкупниот број наставници во сите звања се 95, а на Медицинскиот факултет во Тетово, 32 се со редовно вработување, а 184 со договор на дело.

Постои тотална несразмерност во однос на распределба на финансиски средства, квалитет на обука, и квантитет на произведен кадар, потенцира таа и прашува за каков принцип на извонредност и квалитет можеме да зборуваме? И колку е потребно да се изгради солидно образован и стручен доктор на медицина, а потоа и да добие и специјалистичка надградба?

Дури и да е целта да се згрижат овие продуцирани млади кадри, или да се задржат во земјата, за сметка на искусните лекари, тие нема да бидат во состојба да ја надоместат работата, бидејќи значително се намалува, а во некои области и се прекинува процесот на нивната специјалистичка едукација. За тоа веројатно треба да се обмисли многу посериозно, затоа што последиците кои произлегуваат од краткорочно донесените решенија се несогледливи по здравјето на граѓаните, како впрочем и целокупната политика на вработување на младите кадри, истакнува професорката во писмото до медиумите и јавноста.

Ралева е член и редовен професор е Катедра за психијатрија и медицинска психологија, при Медицинскиот факултете во Скопје.

Во моментот постојат 3 различни специјализации коишто се одвиваат на Универзитетската клиника за психијатрија: клиничка психијатрија, детска и адолесцентна психијатрија и медицинска психологија. Специјализацијата по детска и адолесцентна психијатрија отпочна 2015 г. бидејќи потребата од детски психијатри стана горечка поради малиот број на вакви специјалисти (т.е. субспецијалисти), чиј број во моментот во нашата земја едвај изнесува 7. Од нив на единственото Одделение за детска и адолесцентна психијатрија при Клиниката за психијатрија во земјава работат 4. Ниту една државна специјализација од оваа област не е доделена до сега, а само 2 доктори завршиле приватна специјализација. Со интервенцијата на министерот за здравство, во пензија треба да заминат 2 супспецијалисти (детски психијатри), од кои еден наставник. Тоа значи дека целата специјализација од оваа област ќе остане без ментор, без едукатори и ќе треба да згасне. Тоа ќе се одрази и на другите специјализации кои се изведуваат на Катедрата, што долгорочно ќе се рефлектира врз севкупната грижа за менталното здравје на децата и младите, врз семејствата и врз самите пациенти, додава таа.

На крајот заклучува дека соочени сме со епидемија на ментално-здравствени проблеми кај децата и младите, бидејќи општествените проблеми директно се одразуваат врз менталното здравје на граѓаните, особено на најмладите, пред сѐ децата и младите во социјален ризик, децата изложени на насилство и злоупотреба, децата со невроразвојни растројства и особено растројствата од аутистичниот спектар, како и други состојби кои се одразуваат врз менталното здравје на најмладите, при што постои огромен јаз помеѓу потребите и достапноста на службите.

Со згаснувањето на специјалистичките и едукативните програми за оваа област уште повеќе ќе се опустоши дејноста во наредната деценија и апелира на преиспитување на одлуката, реална анализа на состојбата и предвидување на последиците што произлегуваат од овој чекор, затоа што тоа може дополнително да го разурне здравствениот систем и да придонесе за натамошно детериорирање на кревкото здравје на нашите граѓани.

Да не заборавиме дека просечниот животен век на нашите граѓани во последните години е намален за неколку години (за мажи изнесува 71.6 години, за жени 75.3 години) во однос на просекот од 2018 г. (76,7 години) и просекот во ЕУ којшто изнесува 81 години, вели на крајот професор Марија Ралева.

The post Доктор Марија Ралева: Лекарите во пензија, здравството едвај преживува appeared first on Република.

]]>

Марија Ралева е член и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје на Катедра за психијатрија и медицинска психологија и дел од Клиниката за психијатрија. Во отворено писмо до медиумите таа го споделува својот став за состојбата на Факултетот и во здравствените установи. Во врска со пензионирањето на здравстевените работници кои навршуваат 64 години, а меѓу нив и голем број професори на Медицинскиот факултет при УКИМ, вели дека тоа ја прелило чашата во долготрајниот процес на уништувањето на јавно здравствениот систем и најстариот универзитет во земјава.
Универзитетот би требало да биде независен од политиката, но долги години наназад се случува спротивното. Актуелно, вмешувањето на политиката во високото образование и здравството е кулминација на ваквите тенденции со иницијативата која доаѓа од Министерството за здравство да се интервенира во законот за пензионирање, со наложување здравствените работници, поточно лекарите и наставниците на Медицинскиот факултет со веќе навршени 64 г. да заминат во пензија за да се вработат млади кадри, вели Ралева во своето обраќање до јавноста.
И таа перспектива е оправдана и потребна, додава таа, но ако се случува обмислено и постепено, со едукација на младите, нивно формирање и постепено преземање на стручната и наставно-научната дејност.
Но, процесите во тек на повеќе децении не се такви, бидејќи добро знаеме дека новите вработувања се одвиваат мошне контролирано, со централизирано донесување одлуки на Министерството за здравство, со малку или никаква можност да се влијае или да се селектира кадар според принципот на извонредност и афинитет за одредено подрачје, истакнува Ралева во писмото.
Впрочем, цифрите зборуваат појасно од секое образложување. https://republika.mk/zivot/zdravje/kolez-na-intelektualci/ На трите државни медицински факултети во 2021 г. на УКИМ дипломирале 179 студенти; на УГД (Штип) 297; а на Тетовскиот универзитет 350 студенти. Соодносот на наставниот кадар на секој од трите медицински факултети е обратно пропорционален во поглед на продукцијата на доктори на секој од факултетите. За споредба, само на Медицински факултет, Скопје има 142 редовни професори, а на Медицински факултет во Штип вкупниот број наставници во сите звања се 95, а на Медицинскиот факултет во Тетово, 32 се со редовно вработување, а 184 со договор на дело. Постои тотална несразмерност во однос на распределба на финансиски средства, квалитет на обука, и квантитет на произведен кадар, потенцира таа и прашува за каков принцип на извонредност и квалитет можеме да зборуваме? И колку е потребно да се изгради солидно образован и стручен доктор на медицина, а потоа и да добие и специјалистичка надградба?
Дури и да е целта да се згрижат овие продуцирани млади кадри, или да се задржат во земјата, за сметка на искусните лекари, тие нема да бидат во состојба да ја надоместат работата, бидејќи значително се намалува, а во некои области и се прекинува процесот на нивната специјалистичка едукација. За тоа веројатно треба да се обмисли многу посериозно, затоа што последиците кои произлегуваат од краткорочно донесените решенија се несогледливи по здравјето на граѓаните, како впрочем и целокупната политика на вработување на младите кадри, истакнува професорката во писмото до медиумите и јавноста.
Ралева е член и редовен професор е Катедра за психијатрија и медицинска психологија, при Медицинскиот факултете во Скопје.
Во моментот постојат 3 различни специјализации коишто се одвиваат на Универзитетската клиника за психијатрија: клиничка психијатрија, детска и адолесцентна психијатрија и медицинска психологија. Специјализацијата по детска и адолесцентна психијатрија отпочна 2015 г. бидејќи потребата од детски психијатри стана горечка поради малиот број на вакви специјалисти (т.е. субспецијалисти), чиј број во моментот во нашата земја едвај изнесува 7. Од нив на единственото Одделение за детска и адолесцентна психијатрија при Клиниката за психијатрија во земјава работат 4. Ниту една државна специјализација од оваа област не е доделена до сега, а само 2 доктори завршиле приватна специјализација. Со интервенцијата на министерот за здравство, во пензија треба да заминат 2 супспецијалисти (детски психијатри), од кои еден наставник. Тоа значи дека целата специјализација од оваа област ќе остане без ментор, без едукатори и ќе треба да згасне. Тоа ќе се одрази и на другите специјализации кои се изведуваат на Катедрата, што долгорочно ќе се рефлектира врз севкупната грижа за менталното здравје на децата и младите, врз семејствата и врз самите пациенти, додава таа.
На крајот заклучува дека соочени сме со епидемија на ментално-здравствени проблеми кај децата и младите, бидејќи општествените проблеми директно се одразуваат врз менталното здравје на граѓаните, особено на најмладите, пред сѐ децата и младите во социјален ризик, децата изложени на насилство и злоупотреба, децата со невроразвојни растројства и особено растројствата од аутистичниот спектар, како и други состојби кои се одразуваат врз менталното здравје на најмладите, при што постои огромен јаз помеѓу потребите и достапноста на службите. Со згаснувањето на специјалистичките и едукативните програми за оваа област уште повеќе ќе се опустоши дејноста во наредната деценија и апелира на преиспитување на одлуката, реална анализа на состојбата и предвидување на последиците што произлегуваат од овој чекор, затоа што тоа може дополнително да го разурне здравствениот систем и да придонесе за натамошно детериорирање на кревкото здравје на нашите граѓани.
Да не заборавиме дека просечниот животен век на нашите граѓани во последните години е намален за неколку години (за мажи изнесува 71.6 години, за жени 75.3 години) во однос на просекот од 2018 г. (76,7 години) и просекот во ЕУ којшто изнесува 81 години, вели на крајот професор Марија Ралева.

The post Доктор Марија Ралева: Лекарите во пензија, здравството едвај преживува appeared first on Република.

]]>
Во здравството се случува колеж на интелектуалци, но Лекарската комора на чело со Гривчева-Старделова молчи и не се грижи за лекарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zdravstvoto-se-sluchuva-kolez-na-intelektualci-no-lekarskata-komora-molchi-i-ne-se-grizi-za-lekarite/ Wed, 08 Jun 2022 09:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=512251

Здравството веќе подолг период е во исклучително лоша ситуација. Континуирано има недостаток на кадар, а оние медицински лица кои работат, се исцрпени. Со години пацинетите сами си купуваат гази, фластери, лекови за болничко и амбулантско лекување. Пандемијата само ја потсили сликата и ги истакна недостатоците таложени о години.

Еснафското здружение Лекарската комора на Македонија, која е одговорна и за функционирањето на јавните здравствени установи, не покажува грижа за носителите на здравствената дејност - медицинските лица, а убав приказ на тоа е и случајот кој ја бранува фелата деновиве.

Ова излезе на виделина по последните случувања во здравството кога на искусни лекари и професори по навршувањето на годините за пензионирање не им се дозволува да продолжат со работа, случај кој во јавноста го изнесе професор-доктор Љубица Георгиевска - Исмаил од Клиниката за кардиологија.

Овој случај е дотолку интересен што освен деканката на Медицинскиот факултет никој од Лекарската комора не се заинтересира и не застана во одбрана на правата на лекарите.

https://republika.mk/zivot/zdravje/kolez-na-intelektualci/

 

Докторката Георгиевска-Исмаил во јануари наполнила 64 години и според Законот за здравствена заштита поднела изјава дека сака да го продолжи работниот однос до 67 години. Во истата ситуација се повеќе лекари.

Мојот здравствен директор НЕ САКА да донесе позитивна Одлука што е еклатантна демонстрација на мобинг и желба да нема доктор-професор кој ќе ги потсетува него и тие околу него колку знаат/не знаат и колку се стручно и научно инфериорни. Во сета оваа работа и на оние професори од другите клиники на кои директорите им потпишале, министерот за здравство согласно ЗЗЗ, НЕ САКА на Одлуките од директорите да даде согласност и вели... „според мене тие треба да одат во пензија?!“, пишува докторката Исмаил.

Ова според неа е „катастрофално за здравството, специјализациите, субспецијализациите, едукацијата и здравствена практика во целост“.

Според докторката Исмаил, лекари со над 35 годишно искуство, со специјализации, субспецијализации да бидат испратени во пензија се испраќаат во пензија, а младите лекари без искуство се ставаат на првата линија на фронотот.

Од разговори со колегите не можеме да дефинираме што стои во заднината и што е во заднината на овој пеколен план. Кога ќе не прашаат кој може да профитира од вакви професионалци, веднаш се наметнува одговорот – приватното здравство. Дали моменталните приватни клиники или некои во основање што би ги привлекле овие реномирани лекари и професори, изјави професорката Исмаил на едно медиумско гостување деновиве.

Таа додаде дека нејзината реакција и на колегите не се однесува на тоа дека во здравството не треба да се вработуваат и млади лекарски кадри, но потребно е и искуство за добра здравствена нега на пациентите.

Сепак, во нејзиниот случај се работи и за лична пресметка.

Некаде нема недостаток на кадри, а во некои клиники има слободни места за млади кадри. Непојмлива е оваа гротесктна промена на генерациите, во пензија да испратите луѓе со 36 и повеќе години искуство, а да задржите некој кој нема факсимил да се потпише и да ги лекува пациентите. Значи не е проблем да се вработуваат младите, има место за такви луѓе еве и на мојата клиника. Но тој млад лекар за да ја практикува медицината соодветно, а ние сме обврзани за тоа со Службен весник, да практикуваме медицината базирана на докази која се темели на искуството на докторот, вели докторката Исмаил.

The post Во здравството се случува колеж на интелектуалци, но Лекарската комора на чело со Гривчева-Старделова молчи и не се грижи за лекарите appeared first on Република.

]]>

Здравството веќе подолг период е во исклучително лоша ситуација. Континуирано има недостаток на кадар, а оние медицински лица кои работат, се исцрпени. Со години пацинетите сами си купуваат гази, фластери, лекови за болничко и амбулантско лекување. Пандемијата само ја потсили сликата и ги истакна недостатоците таложени о години. Еснафското здружение Лекарската комора на Македонија, која е одговорна и за функционирањето на јавните здравствени установи, не покажува грижа за носителите на здравствената дејност - медицинските лица, а убав приказ на тоа е и случајот кој ја бранува фелата деновиве. Ова излезе на виделина по последните случувања во здравството кога на искусни лекари и професори по навршувањето на годините за пензионирање не им се дозволува да продолжат со работа, случај кој во јавноста го изнесе професор-доктор Љубица Георгиевска - Исмаил од Клиниката за кардиологија. Овој случај е дотолку интересен што освен деканката на Медицинскиот факултет никој од Лекарската комора не се заинтересира и не застана во одбрана на правата на лекарите. https://republika.mk/zivot/zdravje/kolez-na-intelektualci/   Докторката Георгиевска-Исмаил во јануари наполнила 64 години и според Законот за здравствена заштита поднела изјава дека сака да го продолжи работниот однос до 67 години. Во истата ситуација се повеќе лекари.
Мојот здравствен директор НЕ САКА да донесе позитивна Одлука што е еклатантна демонстрација на мобинг и желба да нема доктор-професор кој ќе ги потсетува него и тие околу него колку знаат/не знаат и колку се стручно и научно инфериорни. Во сета оваа работа и на оние професори од другите клиники на кои директорите им потпишале, министерот за здравство согласно ЗЗЗ, НЕ САКА на Одлуките од директорите да даде согласност и вели... „според мене тие треба да одат во пензија?!“, пишува докторката Исмаил.
Ова според неа е „катастрофално за здравството, специјализациите, субспецијализациите, едукацијата и здравствена практика во целост“. Според докторката Исмаил, лекари со над 35 годишно искуство, со специјализации, субспецијализации да бидат испратени во пензија се испраќаат во пензија, а младите лекари без искуство се ставаат на првата линија на фронотот.
Од разговори со колегите не можеме да дефинираме што стои во заднината и што е во заднината на овој пеколен план. Кога ќе не прашаат кој може да профитира од вакви професионалци, веднаш се наметнува одговорот – приватното здравство. Дали моменталните приватни клиники или некои во основање што би ги привлекле овие реномирани лекари и професори, изјави професорката Исмаил на едно медиумско гостување деновиве.
Таа додаде дека нејзината реакција и на колегите не се однесува на тоа дека во здравството не треба да се вработуваат и млади лекарски кадри, но потребно е и искуство за добра здравствена нега на пациентите. Сепак, во нејзиниот случај се работи и за лична пресметка.
Некаде нема недостаток на кадри, а во некои клиники има слободни места за млади кадри. Непојмлива е оваа гротесктна промена на генерациите, во пензија да испратите луѓе со 36 и повеќе години искуство, а да задржите некој кој нема факсимил да се потпише и да ги лекува пациентите. Значи не е проблем да се вработуваат младите, има место за такви луѓе еве и на мојата клиника. Но тој млад лекар за да ја практикува медицината соодветно, а ние сме обврзани за тоа со Службен весник, да практикуваме медицината базирана на докази која се темели на искуството на докторот, вели докторката Исмаил.

The post Во здравството се случува колеж на интелектуалци, но Лекарската комора на чело со Гривчева-Старделова молчи и не се грижи за лекарите appeared first on Република.

]]>
Колеж на интелектуалци https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kolez-na-intelektualci/ Wed, 08 Jun 2022 09:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=512549

Почитувани,

Би сакала да ја информирам јавноста за следново:

Јас во јануари наполнив 64 години и според Законнот за Здравствена Заштита (ЗЗЗ) поднесов изјава дека сакам да го продолжам работниот однос до 67 години колку што законот ми овозможува. Но, мојот здравствен директор (д-р Зимбаков) НЕ САКА да донесе позитивна Одлука што е еклатантна демонстрација на мобинг и желба да нема доктор-професор кој ќе ги потсетува него и тие околу него колку знаат/не знаат и колку  се стручно и научно инфериорни. Во сета оваа работа и на оние професори од другите клиники на кои директорите им потпишале, министерот за здравство согласно ЗЗЗ, НЕ САКА на Одлуките од директорите да даде согласност и вели..„ според мене тие треба да одат во пензија??!!“ (сепак, изгледа не бил доследен и најверојатно за некои е дадена согласност).  Страшно, катастрофално за здравството, специјализациите, субспецијализациите, едукацијата и здравствена практика во целост. Јас се наоѓам во незавидна позиција, пациентите ме бараат за контроли, а јас им велам не можам, незнам дали ќе ме отераат во пензија што е универзално образложение на сите нас кои сме затекнати во ваква позиција.

Зад ваквата позиција на министерот за здравство застанати се доктори на кои им пречиме и здравствени директори од други клиники кои се веројатно автори на  оваа идеја, а очигледно наидуваат на поддршка на министерот, неговиот заменик (кој е лекар-наставник) и други кругови од владата. На ова веќе реагираше деканката на Медицински факултет со усмено објаснување и писмен допис до министерот со образложенија и листа на професори на кои Наставничиот совет на факултетот им дал одобрување за продолжување на работа. Таа мораше да ги замрзне конкурсите за специјализации и субспецијализации кои зависат од оваа бројка на професори!! Го извести и ректорот на УКИМ кој е исто така опфатен со ова и кој бил затекнат од информацијата.

Понатаму, значајно е што не станува збор само за професори, туку и за други лекари и не само во клинички центар, туку и во цела држава, проблем кој не се однесува само на професорите од Медицински факултет, УКИМ, туку на сериозна бројка на лекари низ клиничкиот центар и низ републиката.

И уште поважно, ако се дозволи ова да се случи во здравството по аналогија сиот универзитетски кадар на возраст помеѓу 64 и 67 години ќе биде опфатен со оваа безумна политика. Во историјата на оваа независна држава откако постои, не е забележан поголем „колеж на интелектуалци“. Не можам да не мислам дека е ова политичко слепило, затоа што искажаните предупредувања и аргументи изгледа до „татковците“ на ова безумие не допираат.

Проф. д-р Љубица Георгиевска-Исмаил, FESC

The post Колеж на интелектуалци appeared first on Република.

]]>

Почитувани, Би сакала да ја информирам јавноста за следново: Јас во јануари наполнив 64 години и според Законнот за Здравствена Заштита (ЗЗЗ) поднесов изјава дека сакам да го продолжам работниот однос до 67 години колку што законот ми овозможува. Но, мојот здравствен директор (д-р Зимбаков) НЕ САКА да донесе позитивна Одлука што е еклатантна демонстрација на мобинг и желба да нема доктор-професор кој ќе ги потсетува него и тие околу него колку знаат/не знаат и колку  се стручно и научно инфериорни. Во сета оваа работа и на оние професори од другите клиники на кои директорите им потпишале, министерот за здравство согласно ЗЗЗ, НЕ САКА на Одлуките од директорите да даде согласност и вели..„ според мене тие треба да одат во пензија??!!“ (сепак, изгледа не бил доследен и најверојатно за некои е дадена согласност).  Страшно, катастрофално за здравството, специјализациите, субспецијализациите, едукацијата и здравствена практика во целост. Јас се наоѓам во незавидна позиција, пациентите ме бараат за контроли, а јас им велам не можам, незнам дали ќе ме отераат во пензија што е универзално образложение на сите нас кои сме затекнати во ваква позиција. Зад ваквата позиција на министерот за здравство застанати се доктори на кои им пречиме и здравствени директори од други клиники кои се веројатно автори на  оваа идеја, а очигледно наидуваат на поддршка на министерот, неговиот заменик (кој е лекар-наставник) и други кругови од владата. На ова веќе реагираше деканката на Медицински факултет со усмено објаснување и писмен допис до министерот со образложенија и листа на професори на кои Наставничиот совет на факултетот им дал одобрување за продолжување на работа. Таа мораше да ги замрзне конкурсите за специјализации и субспецијализации кои зависат од оваа бројка на професори!! Го извести и ректорот на УКИМ кој е исто така опфатен со ова и кој бил затекнат од информацијата. Понатаму, значајно е што не станува збор само за професори, туку и за други лекари и не само во клинички центар, туку и во цела држава, проблем кој не се однесува само на професорите од Медицински факултет, УКИМ, туку на сериозна бројка на лекари низ клиничкиот центар и низ републиката. И уште поважно, ако се дозволи ова да се случи во здравството по аналогија сиот универзитетски кадар на возраст помеѓу 64 и 67 години ќе биде опфатен со оваа безумна политика. Во историјата на оваа независна држава откако постои, не е забележан поголем „колеж на интелектуалци“. Не можам да не мислам дека е ова политичко слепило, затоа што искажаните предупредувања и аргументи изгледа до „татковците“ на ова безумие не допираат. Проф. д-р Љубица Георгиевска-Исмаил, FESC

The post Колеж на интелектуалци appeared first on Република.

]]>