Љубен Лапе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljuben-lape/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 15:08:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љубен Лапе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ljuben-lape/ 32 32 Општина Аеродром бара од Град Скопје итно да постави семафори на крстосницата кај ООУ „Љубен Лапе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-bara-od-grad-skopje-itno-da-postavi-semafori-na-krstosnitsata-kaj-oou-luben-lape/ Tue, 03 Sep 2024 14:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=812188

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на крстосницата што се наоѓа на улицата „Коста Новаковиќ“ кај ООУ „Љубен Лапе“.

Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот.

Утрово на посочената локација излегоа в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и командирот на полициската станица во Аеродром,Тони Петровски, заедно со тим од полицијата со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот.

Во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице што ќе врши регулирање на возилата и пешаците пред почетокот на првиот училиштен час, но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем.

Општина Аеродром, во соработка со МВР, вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта, со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, како и да се подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот.

The post Општина Аеродром бара од Град Скопје итно да постави семафори на крстосницата кај ООУ „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на крстосницата што се наоѓа на улицата „Коста Новаковиќ“ кај ООУ „Љубен Лапе“. Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот. Утрово на посочената локација излегоа в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и командирот на полициската станица во Аеродром,Тони Петровски, заедно со тим од полицијата со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот. Во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице што ќе врши регулирање на возилата и пешаците пред почетокот на првиот училиштен час, но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем. Општина Аеродром, во соработка со МВР, вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта, со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, како и да се подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот.

The post Општина Аеродром бара од Град Скопје итно да постави семафори на крстосницата кај ООУ „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>
Прекинат е бојкотот на наставата во ОУ „Љубен Лапе“, најден е заменски наставник по математика https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prekinat-e-bojkotot-na-nastavata-vo-ou-ljuben-lape-najden-e-zamenski-nastavnik-po-matematika/ Wed, 16 Feb 2022 08:23:06 +0000 https://republika.mk/?p=459116

Бојкотот во ООУ Љубен Лапе од Скопје од вчера е официјално прекинат, соопштија од Советот на родители. Причината за прекинот на бојкотот е отпочнување на разрешување на целиот случај со наставничката за која се бараше замена.

Како што сме информирани обезбеден е заменски наставник по предметот математика од друго училиште, а во врска со проблемот со претходната наставничка Анета Костоска, училиштето презема активности и постапува согласно дадени насоки од Државниот просветен инспекторат (по поднесени пријави од родители и од Советот на родители) и оттука за било какви детални податоци во однос на целиот случај да ги обезбедите преку раководството и стручните соработници на училиштето. Би сакале да ја искористиме оваа можност искрено на сите медиуми да се заблагодариме за поддршката и интересот за нашиот проблем, во однос на објективно, транспарентно и непристрасно информирање на јавноста. Убедени сме дека без Вас, ќе беше отежната нашата „битка" за разрешување на овој долгогодишен и континуиран проблем со кој се соочуваа родителите и учениците, се вели во соопштението од Советот на родители.

Од таму додаваат дека ги охрабруваат родителите и наставниците редовно да ги пријавуваат сите девијантни појави кои се сѐ повеќе присутни во училиштата, а ние како Совет на родители нема да останеме неми на ниту еден проблем кој ги засегнува учениците, наставниците или родителите од нашето училиште.

Бојкотот на наставата по предметот математика во три паралелки од шесто одделение во основното училиште „Љубен Лапе" беше поради барање да се најде замена за наставничката Анета Костоска, поради чие однесување со децата незадоволството на родителите прерасна во организирано барање до надлежните за итно решение.

Ние не бараме наставничката Костоска да биде избркана од работа, таа е самохран родител, туку предлагаме надлежните да ѝ најдат соодветна работа врз основа на нејзиното образование и стручност. Слушаме дека се работи за квалитетен математичар. Проблемот е во нејзиниот однос кон децата, каков што е недозволив за една воспитнообразовна институција. Мора на надлежните во прв план да им бидат децата, изјави претходно родител.

 

The post Прекинат е бојкотот на наставата во ОУ „Љубен Лапе“, најден е заменски наставник по математика appeared first on Република.

]]>

Бојкотот во ООУ Љубен Лапе од Скопје од вчера е официјално прекинат, соопштија од Советот на родители. Причината за прекинот на бојкотот е отпочнување на разрешување на целиот случај со наставничката за која се бараше замена.
Како што сме информирани обезбеден е заменски наставник по предметот математика од друго училиште, а во врска со проблемот со претходната наставничка Анета Костоска, училиштето презема активности и постапува согласно дадени насоки од Државниот просветен инспекторат (по поднесени пријави од родители и од Советот на родители) и оттука за било какви детални податоци во однос на целиот случај да ги обезбедите преку раководството и стручните соработници на училиштето. Би сакале да ја искористиме оваа можност искрено на сите медиуми да се заблагодариме за поддршката и интересот за нашиот проблем, во однос на објективно, транспарентно и непристрасно информирање на јавноста. Убедени сме дека без Вас, ќе беше отежната нашата „битка" за разрешување на овој долгогодишен и континуиран проблем со кој се соочуваа родителите и учениците, се вели во соопштението од Советот на родители.
Од таму додаваат дека ги охрабруваат родителите и наставниците редовно да ги пријавуваат сите девијантни појави кои се сѐ повеќе присутни во училиштата, а ние како Совет на родители нема да останеме неми на ниту еден проблем кој ги засегнува учениците, наставниците или родителите од нашето училиште. Бојкотот на наставата по предметот математика во три паралелки од шесто одделение во основното училиште „Љубен Лапе" беше поради барање да се најде замена за наставничката Анета Костоска, поради чие однесување со децата незадоволството на родителите прерасна во организирано барање до надлежните за итно решение.
Ние не бараме наставничката Костоска да биде избркана од работа, таа е самохран родител, туку предлагаме надлежните да ѝ најдат соодветна работа врз основа на нејзиното образование и стручност. Слушаме дека се работи за квалитетен математичар. Проблемот е во нејзиниот однос кон децата, каков што е недозволив за една воспитнообразовна институција. Мора на надлежните во прв план да им бидат децата, изјави претходно родител.
 

The post Прекинат е бојкотот на наставата во ОУ „Љубен Лапе“, најден е заменски наставник по математика appeared first on Република.

]]>
Новата наставничка по математика повикала полиција во училиштето „Љубен Лапе“ во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/novata-nastavnichka-po-matematika-povikala-policija-vo-uchilishteto-ljuben-lape-vo-aerodrom/ Fri, 04 Feb 2022 08:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=453940

Полиција интервенирала во основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром, откако новоназначената наставничка по математика во шестите одделенија, не дозволувала родител да седи на часовите.

Откако родителите на учениците од шестите одделенија од ова училиште преку Советот на родители реагираа на однесувањето на дотогашната наставничка по математика, со цел таа да биде сменета, денеска соопштија дека било договорено родител да седи на часовите по математика, кои ги одржува друга наставничка.

Но, таа викнала полиција.

Денес, 3 февруари 2022 година, за време на бојкотот на часовите од страна на учениците од VI-2, VI-4 и VI-5 одделение кој е уредно најавен на училиштето, на класните раководители и стручната служба на училиштето и одобрен со согласност од сите родители на учениците од претходно наведените одделенија, друг предметен наставник по математика, колешка на наставничката против која е поведена постапка (а која е член на дисциплинската комисија), од неразбирливи причини за нас, а можеби познати за неа, свесно го попречи бојкотот, обраќајќи се на висок тон со упатување закани кон родителот кој бил уредно овластен од сите“, соопштија од Советот на родители од ова училиште.

По реакцијата на родителите на однесувањето на наставничката по математика која, според нив ги навредувала децата, оставка поднесе директорката Марјана Панчевска, најавен беше и инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат и поставувен беше нов в.д. директор.

Родителите, сепак, одлучиле бојкотот на наставата/часовите по математика да продолжи сѐ додека дотогашната наставничка по математика целосно се изземе од часовите. Одлучиле, како што велат, во соработка со надлежните родител да биде присутен со децата во просториите на училиштето завреме на бојкотот.

Сепак, колешката наставничка која е назначена да ги одржува часовите по математика, според нивните наводи, „истапувајќи надвор од нејзините ингеренции и должности, без одобрение на директорот и стручната служба на училиштето, не почитувајќи ја хиерархиската поставеност на работа и одлучување, повикала полиција на интервенција за што по пријавата е уредно составен
записник од страна на службени лица на МВР“.

Ваквото постапување е надвор од нејзините ингеренции, односно тоа е законска и статутарна обврска на директорот и стручните служби, согласно хиерархиската поставеност на одлучување во училиштето, а притоа оваа наставничка и нивниот работен процес не е попречен, ниту загрозен, ниту пак е упатено и направено било какво лично обраќање кон неа и одлуката на родителите не ја засегаат лично како наставник, но очигледно ја засега ‘грижата’ и ‘заштита’ на неодговорното и против законско постапување на нејзината друга колешка по математика, а воедно и правење на своевиден притисок и заплашување кон родителите, велат од Советот.

По инцидентот утрово одржана е средба со ново именуваната в.д. директорка и двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат.

Родителите укажуваат дека проблемот со наставничката по математика во ова училиште трае пет години и сметаат дека неправично е да се тврди дека училиштето направило сѐ што е во негова можност да се надмине проблемот.

The post Новата наставничка по математика повикала полиција во училиштето „Љубен Лапе“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Полиција интервенирала во основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром, откако новоназначената наставничка по математика во шестите одделенија, не дозволувала родител да седи на часовите. Откако родителите на учениците од шестите одделенија од ова училиште преку Советот на родители реагираа на однесувањето на дотогашната наставничка по математика, со цел таа да биде сменета, денеска соопштија дека било договорено родител да седи на часовите по математика, кои ги одржува друга наставничка. Но, таа викнала полиција.
Денес, 3 февруари 2022 година, за време на бојкотот на часовите од страна на учениците од VI-2, VI-4 и VI-5 одделение кој е уредно најавен на училиштето, на класните раководители и стручната служба на училиштето и одобрен со согласност од сите родители на учениците од претходно наведените одделенија, друг предметен наставник по математика, колешка на наставничката против која е поведена постапка (а која е член на дисциплинската комисија), од неразбирливи причини за нас, а можеби познати за неа, свесно го попречи бојкотот, обраќајќи се на висок тон со упатување закани кон родителот кој бил уредно овластен од сите“, соопштија од Советот на родители од ова училиште.
По реакцијата на родителите на однесувањето на наставничката по математика која, според нив ги навредувала децата, оставка поднесе директорката Марјана Панчевска, најавен беше и инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат и поставувен беше нов в.д. директор. Родителите, сепак, одлучиле бојкотот на наставата/часовите по математика да продолжи сѐ додека дотогашната наставничка по математика целосно се изземе од часовите. Одлучиле, како што велат, во соработка со надлежните родител да биде присутен со децата во просториите на училиштето завреме на бојкотот. Сепак, колешката наставничка која е назначена да ги одржува часовите по математика, според нивните наводи, „истапувајќи надвор од нејзините ингеренции и должности, без одобрение на директорот и стручната служба на училиштето, не почитувајќи ја хиерархиската поставеност на работа и одлучување, повикала полиција на интервенција за што по пријавата е уредно составен записник од страна на службени лица на МВР“.
Ваквото постапување е надвор од нејзините ингеренции, односно тоа е законска и статутарна обврска на директорот и стручните служби, согласно хиерархиската поставеност на одлучување во училиштето, а притоа оваа наставничка и нивниот работен процес не е попречен, ниту загрозен, ниту пак е упатено и направено било какво лично обраќање кон неа и одлуката на родителите не ја засегаат лично како наставник, но очигледно ја засега ‘грижата’ и ‘заштита’ на неодговорното и против законско постапување на нејзината друга колешка по математика, а воедно и правење на своевиден притисок и заплашување кон родителите, велат од Советот.
По инцидентот утрово одржана е средба со ново именуваната в.д. директорка и двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат. Родителите укажуваат дека проблемот со наставничката по математика во ова училиште трае пет години и сметаат дека неправично е да се тврди дека училиштето направило сѐ што е во негова можност да се надмине проблемот.

The post Новата наставничка по математика повикала полиција во училиштето „Љубен Лапе“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Просветни инспектори влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prosvetni-inspektori-vlegoa-vo-osnovnoto-uchilishte-ljuben-lape/ Thu, 03 Feb 2022 14:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=453669

Просветни инспектори денес влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром, откако ученици и родители на вториот ден од второто полугодие ја бојкотираа наставата незадоволни од односот на наставничка по математика кон децата.

Родителите на шестоодделенците од три класа од ова училиште тврдат дека наставничката ги омаловажувала, навредувала и психички малтретирала учениците. Тие бараат разрешување на наставничката, а во спротивно нема да дозволат нивните деца да одат на училиште.

Од Министерството за образование и наука ни одговорија дека согласно информациите од Државниот просветен инспекторат, врз основа на доставена претставка за работата на наставник во посоченото училиште, денес ќе биде извршен инспекциски надзор, по што ќе бидат споделени повеќе информации во јавноста.

Според претседателот на Советот на родители, пак, прекршени се сите професионални стандарди и кодексот за држење настава.

Прекршени се сите правилници и професионални страндарди за наставници и етички кодекс. Но сожалувањето и колегијалноста се ставаат пред интересот на децата и квалитетот на нивната настава. Она што сите треба да го сфатат е дека образованието во настава почнува со квалитетен однос на наставниците, а тоа тука се игнорира“.

Инаку, сега веќе поранешната директорка на училиштето Марјана Панчевска поради овој случај поднесе оставка до градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, кој именуваше в.д. директор.

Според Муцунски, тоа што се случувало досега е недозволиво, а првиот приоритет на новиот в.д. директор ќе му биде да ја разреши оваа состојба во училиштето за наставниот процес да се нормализира. Тој додаде дека децата мора да имаат редовна и квалитетна настава.

The post Просветни инспектори влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>

Просветни инспектори денес влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром, откако ученици и родители на вториот ден од второто полугодие ја бојкотираа наставата незадоволни од односот на наставничка по математика кон децата. Родителите на шестоодделенците од три класа од ова училиште тврдат дека наставничката ги омаловажувала, навредувала и психички малтретирала учениците. Тие бараат разрешување на наставничката, а во спротивно нема да дозволат нивните деца да одат на училиште. Од Министерството за образование и наука ни одговорија дека согласно информациите од Државниот просветен инспекторат, врз основа на доставена претставка за работата на наставник во посоченото училиште, денес ќе биде извршен инспекциски надзор, по што ќе бидат споделени повеќе информации во јавноста. Според претседателот на Советот на родители, пак, прекршени се сите професионални стандарди и кодексот за држење настава.
Прекршени се сите правилници и професионални страндарди за наставници и етички кодекс. Но сожалувањето и колегијалноста се ставаат пред интересот на децата и квалитетот на нивната настава. Она што сите треба да го сфатат е дека образованието во настава почнува со квалитетен однос на наставниците, а тоа тука се игнорира“.
Инаку, сега веќе поранешната директорка на училиштето Марјана Панчевска поради овој случај поднесе оставка до градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, кој именуваше в.д. директор. Според Муцунски, тоа што се случувало досега е недозволиво, а првиот приоритет на новиот в.д. директор ќе му биде да ја разреши оваа состојба во училиштето за наставниот процес да се нормализира. Тој додаде дека децата мора да имаат редовна и квалитетна настава.

The post Просветни инспектори влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>