лиз трас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/liz-tras/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Dec 2022 16:51:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лиз трас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/liz-tras/ 32 32 Гардијан: Траги од кокаин откриени во домот на поранешната британска премиерка Лиз Трас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gardijan-tragi-od-kokain-otkrieni-vo-domot-na-poraneshnata-britanska-premierka-liz-tras/ Sat, 17 Dec 2022 16:51:18 +0000 https://republika.mk/?p=586941

Траги од дрога биле пронајдени во домот на британската политичарка Лиз Трас по забавите на кои присуствувале нејзините политички сојузници, објави Гардијан.

Според изворите, белиот прав бил откриен на имотот минатото лето во деновите пред Трас да победи во трката за лидер на Ториевците и да стане премиерка на Велика Британија.

Еден член на персоналот тврдел дека го тестирал прашокот со помош на брис што ја менува бојата кога е во контакт со кокаин, а тоа укажувало на присуство на дрога. Поседувањето кокаин е кривично дело кое може да доведе до затвор до седум години или неограничена парична казна, посочува Гардијан.

Одделни извори опишуваат дека биле пронајдени слични траги во канцелариите на Даунинг стрит бр. 10 по две забави одржани кога Борис Џонсон беше премиер.

Лицата кои работеле на имотот на Трас рекоа дека двапати пронашле траги од бел прав на страничната маса во собата за билијард, каде што е познато дека Трас ги забавувала гостите во домот во Кент.

Трас, тогашна министерка за надворешни работи, беше домаќин на собир во домот од 17 век за време на викендот од 19 до 21 август, кога нејзината лидерска кампања беше во полн ек. Во текот на викендот од 2 до 4 септември се одржа уште еден собир. На двата викенда присуствуваа голем број политички сојузници, додава Гардијан.

The post Гардијан: Траги од кокаин откриени во домот на поранешната британска премиерка Лиз Трас appeared first on Република.

]]>

Траги од дрога биле пронајдени во домот на британската политичарка Лиз Трас по забавите на кои присуствувале нејзините политички сојузници, објави Гардијан. Според изворите, белиот прав бил откриен на имотот минатото лето во деновите пред Трас да победи во трката за лидер на Ториевците и да стане премиерка на Велика Британија.
Еден член на персоналот тврдел дека го тестирал прашокот со помош на брис што ја менува бојата кога е во контакт со кокаин, а тоа укажувало на присуство на дрога. Поседувањето кокаин е кривично дело кое може да доведе до затвор до седум години или неограничена парична казна, посочува Гардијан.
Одделни извори опишуваат дека биле пронајдени слични траги во канцелариите на Даунинг стрит бр. 10 по две забави одржани кога Борис Џонсон беше премиер. Лицата кои работеле на имотот на Трас рекоа дека двапати пронашле траги од бел прав на страничната маса во собата за билијард, каде што е познато дека Трас ги забавувала гостите во домот во Кент. Трас, тогашна министерка за надворешни работи, беше домаќин на собир во домот од 17 век за време на викендот од 19 до 21 август, кога нејзината лидерска кампања беше во полн ек. Во текот на викендот од 2 до 4 септември се одржа уште еден собир. На двата викенда присуствуваа голем број политички сојузници, додава Гардијан.

The post Гардијан: Траги од кокаин откриени во домот на поранешната британска премиерка Лиз Трас appeared first on Република.

]]>
Телефонот на Лиз Трас бил хакиран додека била шефица на британската дипломатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/telefonot-na-liz-tras-bil-hakiran-dodeka-bila-shefica-na-britanskata-diplomatija/ Sun, 30 Oct 2022 09:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=567325

Британската Влада е повикана да отвори истрага, за тврдењата дека телефонот на поранешната премиерка Лиз Трас бил хакиран, додека таа ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи, јави Би-би-си.

Дејли мејл објави за приватни пораки меѓу Трас и странски личности на високи функции, меѓу другото и за војната во Украина, што завршиле во рацете на лица однадвор.

Хакирањето е откриено за време на летната кампања на ториевците за лидер, но, веста беше потисната, пишуваат британските медиуми.

Владата уверуваше дека има „цврста“ заштита од кибер напади.

Портпаролот додаде оти Владата „не ги коментирала безбедносните аранжмани на поединци“.

Дејли мејл наведува дека приватни пораки разменети меѓу Трас и Кваси Квартенг, нејзиниот близок пријател кој таа го именуваше на функција кога стана премиерка, исто така биле откриени со наводниот хакерски напад.

Постојат сомневања дека зад наводниот хакерски напад стојат агенти, за кои се верува оти работат за Русија. Би-би-си не успеа да ги потврди овие сомнежи

The post Телефонот на Лиз Трас бил хакиран додека била шефица на британската дипломатија appeared first on Република.

]]>

Британската Влада е повикана да отвори истрага, за тврдењата дека телефонот на поранешната премиерка Лиз Трас бил хакиран, додека таа ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи, јави Би-би-си. Дејли мејл објави за приватни пораки меѓу Трас и странски личности на високи функции, меѓу другото и за војната во Украина, што завршиле во рацете на лица однадвор. Хакирањето е откриено за време на летната кампања на ториевците за лидер, но, веста беше потисната, пишуваат британските медиуми. Владата уверуваше дека има „цврста“ заштита од кибер напади. Портпаролот додаде оти Владата „не ги коментирала безбедносните аранжмани на поединци“. Дејли мејл наведува дека приватни пораки разменети меѓу Трас и Кваси Квартенг, нејзиниот близок пријател кој таа го именуваше на функција кога стана премиерка, исто така биле откриени со наводниот хакерски напад. Постојат сомневања дека зад наводниот хакерски напад стојат агенти, за кои се верува оти работат за Русија. Би-би-си не успеа да ги потврди овие сомнежи

The post Телефонот на Лиз Трас бил хакиран додека била шефица на британската дипломатија appeared first on Република.

]]>
Трас беше на власт 45 дена, до крајот на животот ќе добива 115.000 фунти годишно од државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tras-beshe-na-vlast-45-dena-do-krajot-na-zivotot-kje-dobiva-115-000-funti-godishno-od-drzavata/ Fri, 21 Oct 2022 07:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=563881

По само 45 дена на функцијата како премиерка на Велика Британија, Лиз Трас ги исполнува условите за годишен надомест од 115.000 фунти до крајот на својот живот.

Според владата, на сите поранешни премиери им е обезбеден годишен надоместок од наведениот износ.

За да ги исполнувате условите за надоместокот, само треба да се биде поранешен премиер, што значи дека Трас ги исполнува условите, и покрај тоа што е премиер со најкраток стаж во историјата на земјата.

Таа вчера поднесе оставка од функцијата британски премиер по само 45 дена.

Трас имаше најкраток мандат – втор најкраток мандат го имал Џорџ Канинг, чија премиерска функција траела 118 дена пред да почине ненадејно во 1827 година.

The post Трас беше на власт 45 дена, до крајот на животот ќе добива 115.000 фунти годишно од државата appeared first on Република.

]]>

По само 45 дена на функцијата како премиерка на Велика Британија, Лиз Трас ги исполнува условите за годишен надомест од 115.000 фунти до крајот на својот живот. Според владата, на сите поранешни премиери им е обезбеден годишен надоместок од наведениот износ. За да ги исполнувате условите за надоместокот, само треба да се биде поранешен премиер, што значи дека Трас ги исполнува условите, и покрај тоа што е премиер со најкраток стаж во историјата на земјата. Таа вчера поднесе оставка од функцијата британски премиер по само 45 дена. Трас имаше најкраток мандат – втор најкраток мандат го имал Џорџ Канинг, чија премиерска функција траела 118 дена пред да почине ненадејно во 1827 година.

The post Трас беше на власт 45 дена, до крајот на животот ќе добива 115.000 фунти годишно од државата appeared first on Република.

]]>
Неколку кандидати за наследник на Трас – Сунак, Мордоунт, Хант, но и Борис Џонсон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nekolku-kandidati-za-naslednik-na-tras-sunak-mordount-hant-no-i-boris-dzonson/ Thu, 20 Oct 2022 13:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=563626

Оставката на британската премиерка и лидерка на Конзервативната партија, Лиз Трас, е голем удар за партијата која под водство на нејзиниот претходник Борис Џонсон, извојува убедлива победа на изборите во декември 2019 година.

Нови партиски избори меѓу ториевците ќе се оддржат многу брзо, а Трас при соопштувањето на оставката, денеска, најави дека конзервативците веќе следната недела ќе имаат нов лидер.

Меѓу луѓето кои би можеле да се кандидираат се Риши Сунак и Пени Мордоунт, противници кои загубија токму од Трас на последните внатрепартиски избори, како и Џереми Хант, актуелниот министер за финансии кој на функцијата дојде минатиот петок.

Не и исклучено ниту потенцијалното враќање на Борис Џонсон во политиката, а некои од неговите сојузници во партијата во последните недели тврдеа дека неговата смена била грешка.

The post Неколку кандидати за наследник на Трас – Сунак, Мордоунт, Хант, но и Борис Џонсон appeared first on Република.

]]>

Оставката на британската премиерка и лидерка на Конзервативната партија, Лиз Трас, е голем удар за партијата која под водство на нејзиниот претходник Борис Џонсон, извојува убедлива победа на изборите во декември 2019 година. Нови партиски избори меѓу ториевците ќе се оддржат многу брзо, а Трас при соопштувањето на оставката, денеска, најави дека конзервативците веќе следната недела ќе имаат нов лидер. Меѓу луѓето кои би можеле да се кандидираат се Риши Сунак и Пени Мордоунт, противници кои загубија токму од Трас на последните внатрепартиски избори, како и Џереми Хант, актуелниот министер за финансии кој на функцијата дојде минатиот петок. Не и исклучено ниту потенцијалното враќање на Борис Џонсон во политиката, а некои од неговите сојузници во партијата во последните недели тврдеа дека неговата смена била грешка.

The post Неколку кандидати за наследник на Трас – Сунак, Мордоунт, Хант, но и Борис Џонсон appeared first on Република.

]]>
Издржа само 45 дена: Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izdrza-samo-45-dena-britanskata-premierka-liz-tras-podnese-ostavka/ Thu, 20 Oct 2022 12:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=563613

Лиз Трас поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија, јавува Би-Би-Си.

Пред десетици новинари пред Даунинг стрит бр. 10 Трас рече дека ја презела функцијата во време на „голема економска и меѓународна нестабилност“.

Таа на местото премиерка била нешто повеќе од еден месец.

Трас рекла дека изборите за лидер на Конзервативната партија ќе бидат одржани наредната седмица, а дека ќе остане на местото премиер додека не се избере наследник.

Таа на местото премиер го наследи Борис Џонсон.

 

The post Издржа само 45 дена: Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Лиз Трас поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија, јавува Би-Би-Си. Пред десетици новинари пред Даунинг стрит бр. 10 Трас рече дека ја презела функцијата во време на „голема економска и меѓународна нестабилност“. Таа на местото премиерка била нешто повеќе од еден месец. Трас рекла дека изборите за лидер на Конзервативната партија ќе бидат одржани наредната седмица, а дека ќе остане на местото премиер додека не се избере наследник. Таа на местото премиер го наследи Борис Џонсон.  

The post Издржа само 45 дена: Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Лиз Трас- од триуф до дебакл за шест недели https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liz-tras-od-triuf-do-debakl-za-shest-nedeli/ Mon, 17 Oct 2022 07:05:42 +0000 https://republika.mk/?p=561873

Откако нејзината либертаријанска економска политика предизвика финансиска криза и итна интервенција на централната банка, британската премиерка Лиз Трас сега се соочува со бунт во сопствената партија што може да ја чини функцијата.

Кога Лиз Трас се кандидираше за премиер на Велика Британија ова лето, еден сојузник предвиде дека нејзините први недели на функцијата ќе бидат турбулентни. Сепак, малкумина беа подготвени за волку врева и бес – најмалку Лиз Трас. За само шест недели, либертаријанската економска политика на премиерката предизвика финансиска криза, итна интервенција на централната банка, бројни пресврти и разрешување на нејзиниот министер за финансии, посочува агенцијата Асошиетед прес, пренесува Вијести Сега Трас се соочува со бунт во владејачката Конзервативна партија што сериозно го загрозува нејзиното останување на функцијата.

Конзервативниот пратеник Роберт Халфон вчера налутено рече дека во изминатите неколку недели „следат хорор приказни една по друга“. „Владата изгледа како либертаријански џихадисти и ја третира целата земја како некој вид лабораториски глушец врз кој може да спроведе експерименти на ултра, ултра слободниот пазар, изјави тој за Скај Њуз.

Сепак, не може да се каже дека конзервативците не биле предупредени, посочува АП и додава дека летово, пред гласањето за лидер на партијата, Трас себеси се нарече „нарушувач“ која ќе ја доведе во прашање „ортодоксната“ економија. Таа вети дека ќе ги намали даноците и бирократијата и ќе го поттикне растот на забавената британска економија.

Нејзиниот ривал, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, тврдеше дека би било несовесно веднаш да се намалат даноците поради економските шокови предизвикани од пандемијата и војната во Украина.

Сепак, 172.000 членови на Конзервативната партија – кои се главно постари и побогати – ја претпочитаа визијата за раст презентирана од Лиз Трас. Таа освои 57 отсто од гласовите и на 5 септември стана лидер на владејачката партија. Следниот ден, таа беше назначена за премиер од страна на кралицата Елизабета Втора, во една од нејзините последни должности пред да почине на 8 септември.

Првите денови на Лиз Трас како премиерка беа засенети од националната жалост поради смртта на кралицата. Потоа, на 23 септември, министерот за финансии Кваси Квартенг го објави економскиот план што тој и Трас го подготвија. Вклучуваше 45 милијарди фунти даночни намалувања – вклучително и даночни намалувања за оние кои заработуваат најмногу – без придружна проценка за тоа како владата ќе плати за тоа.

Трас всушност го направи она што таа и нејзините сојузници го најавија. Шефот на Либертаријанскиот истражувачки центар, Марк Литлвуд, предвиде дека летово ќе има „искра“ бидејќи новиот премиер инсистира на економски реформи со „апсолутно вроглава брзина“. Сепак, обемот на објавата ги изненади финансиските пазари и политичките експерти.

– Многумина од нас погрешно очекуваа таа да забави по победата, како што прават многу претседатели, изјави за АП Тим Бејл, професор по политички науки во Лондон. – Сепак, таа не го направи тоа. Таа навистина мислеше сè што зборуваше“.

Фунтата падна на рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар, а трошоците за задолжување на државата се зголемија. Банката на Англија беше принудена да се вклучи за да купи државни обврзници и да спречи финансиската криза да се прелее во пошироката економија. Централната банка, исто така, предупреди дека каматните стапки ќе треба да се зголемат уште побрзо од очекуваното за да се запре инфлацијата, која се движи на околу 10 проценти, оставајќи милиони сопственици на имоти да се соочат со зголемен хипотекарен долг.

Џил Ратер од Институтот за влада рече дека Трас и Квартенг направиле серија „неиспровоцирани грешки“ во нивниот економски пакет. „Тие не требаше толку јасно да го покажат својот презир кон финансиските институции“, рече таа. „Мислам дека можеа да ги следат советите. Мислам и дека една од работите каде што згрешија е што најавија еден дел од пакетот, намалување на данокот – без трошење, што би било другата страна на равенката“.

Како што реакцијата стануваше посилна, Трас почна да исфрла делови од пакетот во обид да ги смири партијата и пазарите. Даночните намалувања за оние кои заработуваат најмногу беа напуштени за време на годишната конференција на Конзервативната партија кога партијата се побуни. Тоа не беше доволно. Во петокот, Трас го разреши Квартенг, нејзиниот долгогодишен пријател и сојузник, и го назначи Џереми Хант, кој беше секретар за здравство и министер за надворешни работи во конзервативните влади на Дејвид Камерон и Тереза ​​Меј.

Премиерката на кратката прес-конференција призна дека дејствијата на „нашиот мини-буџет отишле подалеку и побрзо отколку што очекуваа пазарите“. Таа го промени планираното намалување на корпоративниот данок, со цел да ги „воведе пазарите во нашата фискална дисциплина“.

Трас останува премиер по функција, но владината моќ се префрли на Хант, кој навести дека планира да укине голем дел од нејзиниот преостанат економски план кога ќе го достави својот буџетски извештај на 31 октомври. Тој рече дека зголемувањето на даноците и намалувањето на јавната потрошувачка ќе бидат неопходни за да се врати фискалниот кредибилитет на владата. Сепак, Хант вчера инсистираше: „Премиерката и натаму е главна“.

– Таа слуша. Таа се смени. Таа е подготвена да го направи најтешкото нешто во политиката, а тоа е да го промени правецот, изјави Хант за Би-Би-Си.

Конзервативната партија има големо мнозинство во парламентот и теоретски има две години до парламентарните избори. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека конзервативците ќе бидат „збришани“ на изборите и дека Лабуристичката партија ќе освои големо мнозинство.

Конзервативните пратеници се обидуваат да одлучат дали ќе се обидат да го сменат лидерот по втор пат во една година. Во јули, партијата го разреши премиерот Борис Џонсон, кој ги доведе до изборна победа во 2019 година.

Сега многумина од нив жалат за изборот на неговата замена. Агенцијата АП потсетува дека според партиските правила, Трас е безбедна од смена од партијата една година, но некои конзервативни пратеници сметаат дека таа може да биде принудена да поднесе оставка доколку партијата се договори за наследник, пренесува Вијести. Поразениот ривал Сунак, лидерот на Долниот дом Пени Мордант и популарниот секретар за одбрана Бен Валас се меѓу кандидатите споменати како потенцијални замени. И Џонсон, кој остана пратеник, има свои поддржувачи.

Заменик-министерот за финансии Ендрју Грифит вчера изјави дека на Трас треба да и се даде шанса да се обиде да го врати редот.

– Ова е време кога ни треба стабилност, изјави тој за Скај Њуз. – Луѓето дома си ја корнат косата поради неизвесноста. Сакаат компетентна влада која си ја врши работата, заклучи Грифит.

The post Лиз Трас- од триуф до дебакл за шест недели appeared first on Република.

]]>

Откако нејзината либертаријанска економска политика предизвика финансиска криза и итна интервенција на централната банка, британската премиерка Лиз Трас сега се соочува со бунт во сопствената партија што може да ја чини функцијата. Кога Лиз Трас се кандидираше за премиер на Велика Британија ова лето, еден сојузник предвиде дека нејзините први недели на функцијата ќе бидат турбулентни. Сепак, малкумина беа подготвени за волку врева и бес – најмалку Лиз Трас. За само шест недели, либертаријанската економска политика на премиерката предизвика финансиска криза, итна интервенција на централната банка, бројни пресврти и разрешување на нејзиниот министер за финансии, посочува агенцијата Асошиетед прес, пренесува Вијести Сега Трас се соочува со бунт во владејачката Конзервативна партија што сериозно го загрозува нејзиното останување на функцијата. Конзервативниот пратеник Роберт Халфон вчера налутено рече дека во изминатите неколку недели „следат хорор приказни една по друга“. „Владата изгледа како либертаријански џихадисти и ја третира целата земја како некој вид лабораториски глушец врз кој може да спроведе експерименти на ултра, ултра слободниот пазар, изјави тој за Скај Њуз. Сепак, не може да се каже дека конзервативците не биле предупредени, посочува АП и додава дека летово, пред гласањето за лидер на партијата, Трас себеси се нарече „нарушувач“ која ќе ја доведе во прашање „ортодоксната“ економија. Таа вети дека ќе ги намали даноците и бирократијата и ќе го поттикне растот на забавената британска економија. Нејзиниот ривал, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, тврдеше дека би било несовесно веднаш да се намалат даноците поради економските шокови предизвикани од пандемијата и војната во Украина. Сепак, 172.000 членови на Конзервативната партија – кои се главно постари и побогати – ја претпочитаа визијата за раст презентирана од Лиз Трас. Таа освои 57 отсто од гласовите и на 5 септември стана лидер на владејачката партија. Следниот ден, таа беше назначена за премиер од страна на кралицата Елизабета Втора, во една од нејзините последни должности пред да почине на 8 септември. Првите денови на Лиз Трас како премиерка беа засенети од националната жалост поради смртта на кралицата. Потоа, на 23 септември, министерот за финансии Кваси Квартенг го објави економскиот план што тој и Трас го подготвија. Вклучуваше 45 милијарди фунти даночни намалувања – вклучително и даночни намалувања за оние кои заработуваат најмногу – без придружна проценка за тоа како владата ќе плати за тоа. Трас всушност го направи она што таа и нејзините сојузници го најавија. Шефот на Либертаријанскиот истражувачки центар, Марк Литлвуд, предвиде дека летово ќе има „искра“ бидејќи новиот премиер инсистира на економски реформи со „апсолутно вроглава брзина“. Сепак, обемот на објавата ги изненади финансиските пазари и политичките експерти. – Многумина од нас погрешно очекуваа таа да забави по победата, како што прават многу претседатели, изјави за АП Тим Бејл, професор по политички науки во Лондон. – Сепак, таа не го направи тоа. Таа навистина мислеше сè што зборуваше“. Фунтата падна на рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар, а трошоците за задолжување на државата се зголемија. Банката на Англија беше принудена да се вклучи за да купи државни обврзници и да спречи финансиската криза да се прелее во пошироката економија. Централната банка, исто така, предупреди дека каматните стапки ќе треба да се зголемат уште побрзо од очекуваното за да се запре инфлацијата, која се движи на околу 10 проценти, оставајќи милиони сопственици на имоти да се соочат со зголемен хипотекарен долг. Џил Ратер од Институтот за влада рече дека Трас и Квартенг направиле серија „неиспровоцирани грешки“ во нивниот економски пакет. „Тие не требаше толку јасно да го покажат својот презир кон финансиските институции“, рече таа. „Мислам дека можеа да ги следат советите. Мислам и дека една од работите каде што згрешија е што најавија еден дел од пакетот, намалување на данокот – без трошење, што би било другата страна на равенката“. Како што реакцијата стануваше посилна, Трас почна да исфрла делови од пакетот во обид да ги смири партијата и пазарите. Даночните намалувања за оние кои заработуваат најмногу беа напуштени за време на годишната конференција на Конзервативната партија кога партијата се побуни. Тоа не беше доволно. Во петокот, Трас го разреши Квартенг, нејзиниот долгогодишен пријател и сојузник, и го назначи Џереми Хант, кој беше секретар за здравство и министер за надворешни работи во конзервативните влади на Дејвид Камерон и Тереза ​​Меј. Премиерката на кратката прес-конференција призна дека дејствијата на „нашиот мини-буџет отишле подалеку и побрзо отколку што очекуваа пазарите“. Таа го промени планираното намалување на корпоративниот данок, со цел да ги „воведе пазарите во нашата фискална дисциплина“. Трас останува премиер по функција, но владината моќ се префрли на Хант, кој навести дека планира да укине голем дел од нејзиниот преостанат економски план кога ќе го достави својот буџетски извештај на 31 октомври. Тој рече дека зголемувањето на даноците и намалувањето на јавната потрошувачка ќе бидат неопходни за да се врати фискалниот кредибилитет на владата. Сепак, Хант вчера инсистираше: „Премиерката и натаму е главна“. – Таа слуша. Таа се смени. Таа е подготвена да го направи најтешкото нешто во политиката, а тоа е да го промени правецот, изјави Хант за Би-Би-Си. Конзервативната партија има големо мнозинство во парламентот и теоретски има две години до парламентарните избори. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека конзервативците ќе бидат „збришани“ на изборите и дека Лабуристичката партија ќе освои големо мнозинство. Конзервативните пратеници се обидуваат да одлучат дали ќе се обидат да го сменат лидерот по втор пат во една година. Во јули, партијата го разреши премиерот Борис Џонсон, кој ги доведе до изборна победа во 2019 година. Сега многумина од нив жалат за изборот на неговата замена. Агенцијата АП потсетува дека според партиските правила, Трас е безбедна од смена од партијата една година, но некои конзервативни пратеници сметаат дека таа може да биде принудена да поднесе оставка доколку партијата се договори за наследник, пренесува Вијести. Поразениот ривал Сунак, лидерот на Долниот дом Пени Мордант и популарниот секретар за одбрана Бен Валас се меѓу кандидатите споменати како потенцијални замени. И Џонсон, кој остана пратеник, има свои поддржувачи. Заменик-министерот за финансии Ендрју Грифит вчера изјави дека на Трас треба да и се даде шанса да се обиде да го врати редот. – Ова е време кога ни треба стабилност, изјави тој за Скај Њуз. – Луѓето дома си ја корнат косата поради неизвесноста. Сакаат компетентна влада која си ја врши работата, заклучи Грифит.

The post Лиз Трас- од триуф до дебакл за шест недели appeared first on Република.

]]>
Лиз Трас смени министер оти недолично се однесувал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liz-tras-smeni-minister-oti-nedolichno-se-odnesuval/ Fri, 07 Oct 2022 21:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=558562

Британската премиерка Лиз Трас го смени министерот за трговија Конор Барнс од функцијата, откако против него беше поднесена жалба за сериозно недолично однесување, изјави портпаролот на Даунинг стрит. Одлуката на Трас стапува на сила веднаш.

Портпаролот на Даунинг стрит не појасни за што е обвинет Барнс. Според некои медиуми, тој имал непримерно однесување за време на конференцијата на британските конзервативци во Бирмингем.

Барнс беше министер за прашања поврзани со Ирска во претходната влада на Борис Џонсон и беше опишан како сојузник на претходникот на Трас.

The post Лиз Трас смени министер оти недолично се однесувал appeared first on Република.

]]>

Британската премиерка Лиз Трас го смени министерот за трговија Конор Барнс од функцијата, откако против него беше поднесена жалба за сериозно недолично однесување, изјави портпаролот на Даунинг стрит. Одлуката на Трас стапува на сила веднаш. Портпаролот на Даунинг стрит не појасни за што е обвинет Барнс. Според некои медиуми, тој имал непримерно однесување за време на конференцијата на британските конзервативци во Бирмингем. Барнс беше министер за прашања поврзани со Ирска во претходната влада на Борис Џонсон и беше опишан како сојузник на претходникот на Трас.

The post Лиз Трас смени министер оти недолично се однесувал appeared first on Република.

]]>
Активисти на Гринпис извршија упад и го прекинаа говорот на британската премиерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aktivisti-na-grinpis-izvrshija-upad-i-go-prekinaa-govorot-na-britanskata-premierka/ Wed, 05 Oct 2022 19:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=557704

Активистите на меѓународната еколошка организација Гринпис накратко го прекинаа говорот на британската премиерка Лиз Трас на Конгресот на Конзервативната партија во Бирмингем.

Активистите истакнаа транспарент на кој пишуваше „Кој гласаше за ова?“. Активистите за кратко време биле отстранети од салата.

Трас денеска вети дека Велика Британија ќе ги надмине тешките времиња и дека „сите ќе имаат корист“ од резултатите на нејзината економска политика.

Во овие тешки моменти мораме да дејствуваме. Одлучна сум да ја придвижам Велика Британија напред, да се извлечеме од бурата - посочи Трас.

https://twitter.com/GreenpeaceUK/status/1577651755562766339?cxt=HHwWhsC42bb6-OQrAAAA

Таа вети дека ќе го заврши периодот на „високи даноци и низок раст“.

По инцидентот, Гринпис на Твитер објави дека активистите сакале да привлечат внимание на фактот дека премиерката не го исполнила ветувањето на ветувањата на Конзервативната партија од 2019 година.

Според активистите, премиерката се откажува од силна акција за климата и водечката улога во заштитата на животната средина во светот.

The post Активисти на Гринпис извршија упад и го прекинаа говорот на британската премиерка appeared first on Република.

]]>

Активистите на меѓународната еколошка организација Гринпис накратко го прекинаа говорот на британската премиерка Лиз Трас на Конгресот на Конзервативната партија во Бирмингем. Активистите истакнаа транспарент на кој пишуваше „Кој гласаше за ова?“. Активистите за кратко време биле отстранети од салата. Трас денеска вети дека Велика Британија ќе ги надмине тешките времиња и дека „сите ќе имаат корист“ од резултатите на нејзината економска политика.
Во овие тешки моменти мораме да дејствуваме. Одлучна сум да ја придвижам Велика Британија напред, да се извлечеме од бурата - посочи Трас.
https://twitter.com/GreenpeaceUK/status/1577651755562766339?cxt=HHwWhsC42bb6-OQrAAAA Таа вети дека ќе го заврши периодот на „високи даноци и низок раст“. По инцидентот, Гринпис на Твитер објави дека активистите сакале да привлечат внимание на фактот дека премиерката не го исполнила ветувањето на ветувањата на Конзервативната партија од 2019 година. Според активистите, премиерката се откажува од силна акција за климата и водечката улога во заштитата на животната средина во светот.

The post Активисти на Гринпис извршија упад и го прекинаа говорот на британската премиерка appeared first on Република.

]]>
Трас: Велика Британија никогаш нема да ја прифати руската анексија на четирите украински региони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tras-velika-britanija-nikogash-nema-da-ja-prifati-ruskata-aneksija-na-chetirite-ukrainski-regioni/ Fri, 30 Sep 2022 10:21:16 +0000 https://republika.mk/?p=555917

Велика Британија никогаш нема да ја прифати руската анексија на четирите украински региони, изјави денеска британската премиерка Лиз Трас.

Таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека насила сака да ги смени меѓународните граници.

Велика Британија никогаш нема да ја игнорира суверената волја на овие народи и никогаш нема да ги прифатиме регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје како што било друго, освен како украинска територија, подвлече Трас.

Британската премиерка истакна дека не може да се дозволи „Путин насила да ги смени меѓународните граници“.

Ќе се погрижиме да ја изгуби оваа нелегална војна, нагласи Трас.

The post Трас: Велика Британија никогаш нема да ја прифати руската анексија на четирите украински региони appeared first on Република.

]]>

Велика Британија никогаш нема да ја прифати руската анексија на четирите украински региони, изјави денеска британската премиерка Лиз Трас. Таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека насила сака да ги смени меѓународните граници. Велика Британија никогаш нема да ја игнорира суверената волја на овие народи и никогаш нема да ги прифатиме регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје како што било друго, освен како украинска територија, подвлече Трас. Британската премиерка истакна дека не може да се дозволи „Путин насила да ги смени меѓународните граници“. Ќе се погрижиме да ја изгуби оваа нелегална војна, нагласи Трас.

The post Трас: Велика Британија никогаш нема да ја прифати руската анексија на четирите украински региони appeared first on Република.

]]>
Погледнете го првиот говор на Лиз Трас како британска премиерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poglednete-go-prviot-govor-na-liz-tras-kako-britanska-premierka/ Tue, 06 Sep 2022 21:57:14 +0000 https://republika.mk/?p=548113

Новоизбраната британска премиерка Лиз Трaс, во својот прв официјален говор по преземањето на премиерската функција, вети дека ќе го изведе Обединетото Кралство од бурата и најави дека нејзините три приоритети ќе бидат економијата, енергетската криза и јавното здравје.

Трас се обрати од пред Даунинг стрит 10 по враќањето од Шкотска, каде што беше официјално назначена на функцијата од страна на британската кралица Елизабета Втора.

Трас вети раст на економијата и давање приоритет на производите произведени во Обединетото Кралство, но призна дека земјата се соочува со предизвици произлезени од пандемијата на Ковид и војната во Украина.

https://www.youtube.com/watch?v=VZjeKcx2v28&feature=emb_title

Велика Британија ја доживува најголемата ценовна криза во последните децении. Инфлацијата е над 10 проценти, а цените на енергенсите растат и за бизнисите и за домаќинствата.

Прво ќе ја натерам Британија повторно да работи. Имам храбар план за економски раст преку даночни намалувања и реформи. Ќе ги намалам даноците за да ја наградам напорната работа и да го поттикнам растот и инвестициите предводени од бизнисот. Ќе испорачам реформи за мојата мисија да постигнам Обединетото Кралство повторно да работи, да гради и повторно да расте - порача Трус.

Таа увери дека ќе ги вложи сите можни напори за да се осигура дека луѓето не мора да плаќаат сметки за енергија што не можат да си ги дозволат.

Трас, исто така, вети дека ќе изгради болници, патишта, училишта и широкопојасен интернет пристап.

 

The post Погледнете го првиот говор на Лиз Трас како британска премиерка appeared first on Република.

]]>

Новоизбраната британска премиерка Лиз Трaс, во својот прв официјален говор по преземањето на премиерската функција, вети дека ќе го изведе Обединетото Кралство од бурата и најави дека нејзините три приоритети ќе бидат економијата, енергетската криза и јавното здравје. Трас се обрати од пред Даунинг стрит 10 по враќањето од Шкотска, каде што беше официјално назначена на функцијата од страна на британската кралица Елизабета Втора. Трас вети раст на економијата и давање приоритет на производите произведени во Обединетото Кралство, но призна дека земјата се соочува со предизвици произлезени од пандемијата на Ковид и војната во Украина. https://www.youtube.com/watch?v=VZjeKcx2v28&feature=emb_title Велика Британија ја доживува најголемата ценовна криза во последните децении. Инфлацијата е над 10 проценти, а цените на енергенсите растат и за бизнисите и за домаќинствата.
Прво ќе ја натерам Британија повторно да работи. Имам храбар план за економски раст преку даночни намалувања и реформи. Ќе ги намалам даноците за да ја наградам напорната работа и да го поттикнам растот и инвестициите предводени од бизнисот. Ќе испорачам реформи за мојата мисија да постигнам Обединетото Кралство повторно да работи, да гради и повторно да расте - порача Трус.
Таа увери дека ќе ги вложи сите можни напори за да се осигура дека луѓето не мора да плаќаат сметки за енергија што не можат да си ги дозволат. Трас, исто така, вети дека ќе изгради болници, патишта, училишта и широкопојасен интернет пристап.  

The post Погледнете го првиот говор на Лиз Трас како британска премиерка appeared first on Република.

]]>
Која е новата британска премиерка, Лиз Трас: Неколкупати ги менуваше ставовите, сака да стане новата Челична дама https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koja-e-novata-britanska-premierka-liz-tras-nekolkupati-gi-menuvashe-stavovite-saka-da-stane-novata-chelichna-dama/ Mon, 05 Sep 2022 13:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=539737

На седумгодишна возраст, Лиз Трас ја играше Маргарет Тачер на лажни избори во нејзиното училиште. Но, за разлика од премиерката, која победи со убедливо мнозинство во 1983 година, таа не беше успешна.

Многу години подоцна Трас се сеќава:

„Ја искористив можноста и одржав говор од срце на изборите, но на крајот не освоив ниту еден глас. Јас дури и не гласав за себе“.

Триесет и девет години подоцна, таа ја користи можноста вистински да ги следи стапките на Челичната Лејди и стана лидер на Конзервативната партија и премиер, откако помина години градејќи односи со здруженијата на нејзините изборни единици и остана лојална на Борис Џонсон во најтемните денови од неговото владеење.

На многу начини, таа не е конвенционален ториевец.

Како девојче, нејзината мајка ја однела на протести поради Кампањата за нуклеарно разоружување, организација која остро се спротивстави на одлуката на владата на Маргарет Тачер да дозволи стационирање на американски нуклеарни боеви глави во воздушната база Гренхам Комон, западно од Лондон.

Нејзиното семејство се преселило во Пејсли, западно од Глазгов, кога Трас имал четири години.

Зборувајќи за Би-Би-Си Радио 4, нејзиниот брат изјавил дека семејството уживало играјќи игри на табла, но дека младата Трас не сака да губи и честопати едноставно исчезнувала наместо да ризикува да не победи.

Семејството подоцна се преселило во Лидс, каде што учела во државното средно училиште, Раундеј.

Таа опиша дека за време на нејзиниот престој таму видела „неуспешни деца кои биле изневерени од малите очекувања“.

Некои од врсниците на Лиз Трас во Раундеј го побиваат нејзиниот опис на училиштето, како новинарот на Гардијан, Мартин Пенгели.

Таа можеби селективно се сеќава на своето детство и безгрижно го озборува сопственото училиште и наставниците кои ја учеле за едноставна политичка корист - напиша новинарот.

Без оглед на нејзиното претходно образование, Трас потоа го посетувала Универзитетот во Оксфорд, каде студирала филозофија, политика и економија и била активна во студентската политика, првично за либералдемократите.

На партиската конференција во 1994 година, таа зборуваше за укинување на монархијата, велејќи им на делегатите во Брајтон: „Ние либералдемократите веруваме во еднакви можности за сите. Не веруваме дека луѓето се родени да владеат“.

Во Оксфорд, Трас се префрли кај конзервативците.

По дипломирањето, таа работеше како сметководител за „Shell и Cable & Wireless“, а се омажи за колегата сметководител Хју О'Лири во 2000 година. Имаат две деца.

Трас беше кандидат на ториевците за Хемсворт, Западен Јоркшир, на општите избори во 2001 година, но загуби.

Таа претрпе нов пораз во долината Калдер, исто така во Западен Јоркшир, во 2005 година.

Но, со непоколебливи политички амбиции, таа беше избрана за советничка во Гринич, во југоисточен Лондон, во 2006 година, а од 2008 година работи и за централно-десничарскиот тинк-тенк „Реформ“.

Конзервативниот лидер Дејвид Камерон ја стави Трас на неговата „А-листа“ на приоритетни кандидати за изборите во 2010 година и таа беше избрана да се бори за безбедното место во Југозападен Норфолк.

Меѓутоа, многу брзо таа се соочи со битка против повлекувањето на кандидатурата на ториевската асоцијација од изборната единица, откако беше откриено дека неколку години претходно имала афера со пратеникот од ториевците Марк Филд.

Иницијативата за нејзина смена пропадна и Трас на крајот го освои пратеничкото место со повеќе од 13.000 гласови разлика.

Таа, со уште четворица конзервативни пратеници избрани во 2010 година, беше коавтор на книгата „Британија без окови“ која препорача укинување на државната регулатива за да се подобри позицијата на Обединетото Кралство во светот, означувајќи ја како истакнат застапник на политиките на слободен пазар во редовите на ториевците.

За време на лидерска дебата на Би-Би-Си, таа беше прашана за коментар за „Британија без окови“, во која британските работници се нарекуваат „едни од најлошите мрзливи во светот“.

Таа тврдеше дека не го напишала тоа.

Потоа во 2012 година, само две години откако стана пратеник, таа влезе во владата како министер за образование, додека во 2014 година беше промовирана во министерка за животна средина.

На Конзервативната конференција во 2015 година, Трас беше исмејувана поради говорот во кој таа со глас без емоции изјави: „Ние увезуваме две третини од сирењето во земјата. Тоа. Е. Срамота“.

Само една година подоцна, следеше веројатно најголемиот политички настан на генерацијата - референдумот за ЕУ.

Трас беше активна во кампањата „Remain“, пишувајќи во дневниот весник Сан дека Брегзит ќе биде „тројна трагедија - повеќе регулативи, повеќе форми и повеќе одложувања во трговијата со ЕУ“.

Меѓутоа, откако нејзината страна загуби, таа се предомисли, тврдејќи дека Брегзит нуди можност да го „размрда начинот на кој работите моментално функционираат“.

За време на премиерката Тереза ​​Меј, таа беше најпрвин министер за правда, пред да стане главен секретар на Министерството за финансии.

Кога Борис Џонсон стана премиер во 2019 година, Трас ја презеде функцијата министер за меѓународна трговија - работа што вклучуваше средби со глобални политички и деловни лидери за промовирање на трговските интереси на Британија.

Потоа, во 2021 година, на 46-годишна возраст, таа доби една од највисоките функции во владата, преземајќи го Министерството за надворешни работи од Доминик Раб.

Таму, таа се обиде да го реши заплетканото прашање на протоколот за Cеверна Ирска со едноставно укинување на делови од договорот за Брегзит меѓу ЕУ и ОК - потег што ЕУ силно го критикуваше.

Таа издејствува ослободување на двајца британско-ирански државјани кои беа уапсени и држени во притвор.

Кога Русија ја почна воената операција во Украина во февруари, таа зазеде цврст став, барајќи сите сили на Владимир Путин да бидат истиснати од земјата.

Сепак, таа се соочи со критики кога ги поддржа луѓето од Велика Британија кои сакаат да се борат во Украина.

Кампањата на Лиз Трас за раководството на партијата не помина без контроверзии.

Притисната за тоа како ќе се бори со кризата на трошоците за живот, таа рече дека ќе ги насочи сите свои напори на „намалување на даночниот товар, а не на делење милостина“.

Таа беше принудена да се откаже од планот за поврзување на платите во јавниот сектор со регионалните животни трошоци поради реакцијата од високите ториевци кои тврдеа дека тоа би значело намалување на платите за милиони работници надвор од Лондон.

Таа, исто така, ја нарече шкотската премиерка Никола Старџен дека „бара внимание“ и порача дека е најдобро таа да се „игнорира“.

Некои сугерираат дека Трас се обидува да имитира друга миленичка од ториевците - Маргарет Тачер - со облекување во крзнена капа и бела машна.

Трас ги отфрли тврдењата, велејќи за „GB News“: „Многу е фрустрирачки што жените политичарки секогаш се споредуваат со Маргарет Тачер, а мажите политичари никогаш не се споредуваат со Тед Хит“.

Но, ваквите споредби можеби не се хендикеп кога станува збор за добивање поддршка од членовите на Конзервативната партија.

Ивор Би-би-си.

The post Која е новата британска премиерка, Лиз Трас: Неколкупати ги менуваше ставовите, сака да стане новата Челична дама appeared first on Република.

]]>

На седумгодишна возраст, Лиз Трас ја играше Маргарет Тачер на лажни избори во нејзиното училиште. Но, за разлика од премиерката, која победи со убедливо мнозинство во 1983 година, таа не беше успешна. Многу години подоцна Трас се сеќава:
„Ја искористив можноста и одржав говор од срце на изборите, но на крајот не освоив ниту еден глас. Јас дури и не гласав за себе“.
Триесет и девет години подоцна, таа ја користи можноста вистински да ги следи стапките на Челичната Лејди и стана лидер на Конзервативната партија и премиер, откако помина години градејќи односи со здруженијата на нејзините изборни единици и остана лојална на Борис Џонсон во најтемните денови од неговото владеење. На многу начини, таа не е конвенционален ториевец. Како девојче, нејзината мајка ја однела на протести поради Кампањата за нуклеарно разоружување, организација која остро се спротивстави на одлуката на владата на Маргарет Тачер да дозволи стационирање на американски нуклеарни боеви глави во воздушната база Гренхам Комон, западно од Лондон. Нејзиното семејство се преселило во Пејсли, западно од Глазгов, кога Трас имал четири години. Зборувајќи за Би-Би-Си Радио 4, нејзиниот брат изјавил дека семејството уживало играјќи игри на табла, но дека младата Трас не сака да губи и честопати едноставно исчезнувала наместо да ризикува да не победи. Семејството подоцна се преселило во Лидс, каде што учела во државното средно училиште, Раундеј. Таа опиша дека за време на нејзиниот престој таму видела „неуспешни деца кои биле изневерени од малите очекувања“. Некои од врсниците на Лиз Трас во Раундеј го побиваат нејзиниот опис на училиштето, како новинарот на Гардијан, Мартин Пенгели.
Таа можеби селективно се сеќава на своето детство и безгрижно го озборува сопственото училиште и наставниците кои ја учеле за едноставна политичка корист - напиша новинарот.
Без оглед на нејзиното претходно образование, Трас потоа го посетувала Универзитетот во Оксфорд, каде студирала филозофија, политика и економија и била активна во студентската политика, првично за либералдемократите. На партиската конференција во 1994 година, таа зборуваше за укинување на монархијата, велејќи им на делегатите во Брајтон: „Ние либералдемократите веруваме во еднакви можности за сите. Не веруваме дека луѓето се родени да владеат“. Во Оксфорд, Трас се префрли кај конзервативците. По дипломирањето, таа работеше како сметководител за „Shell и Cable & Wireless“, а се омажи за колегата сметководител Хју О'Лири во 2000 година. Имаат две деца. Трас беше кандидат на ториевците за Хемсворт, Западен Јоркшир, на општите избори во 2001 година, но загуби. Таа претрпе нов пораз во долината Калдер, исто така во Западен Јоркшир, во 2005 година. Но, со непоколебливи политички амбиции, таа беше избрана за советничка во Гринич, во југоисточен Лондон, во 2006 година, а од 2008 година работи и за централно-десничарскиот тинк-тенк „Реформ“. Конзервативниот лидер Дејвид Камерон ја стави Трас на неговата „А-листа“ на приоритетни кандидати за изборите во 2010 година и таа беше избрана да се бори за безбедното место во Југозападен Норфолк. Меѓутоа, многу брзо таа се соочи со битка против повлекувањето на кандидатурата на ториевската асоцијација од изборната единица, откако беше откриено дека неколку години претходно имала афера со пратеникот од ториевците Марк Филд. Иницијативата за нејзина смена пропадна и Трас на крајот го освои пратеничкото место со повеќе од 13.000 гласови разлика. Таа, со уште четворица конзервативни пратеници избрани во 2010 година, беше коавтор на книгата „Британија без окови“ која препорача укинување на државната регулатива за да се подобри позицијата на Обединетото Кралство во светот, означувајќи ја како истакнат застапник на политиките на слободен пазар во редовите на ториевците. За време на лидерска дебата на Би-Би-Си, таа беше прашана за коментар за „Британија без окови“, во која британските работници се нарекуваат „едни од најлошите мрзливи во светот“. Таа тврдеше дека не го напишала тоа. Потоа во 2012 година, само две години откако стана пратеник, таа влезе во владата како министер за образование, додека во 2014 година беше промовирана во министерка за животна средина. На Конзервативната конференција во 2015 година, Трас беше исмејувана поради говорот во кој таа со глас без емоции изјави: „Ние увезуваме две третини од сирењето во земјата. Тоа. Е. Срамота“. Само една година подоцна, следеше веројатно најголемиот политички настан на генерацијата - референдумот за ЕУ. Трас беше активна во кампањата „Remain“, пишувајќи во дневниот весник Сан дека Брегзит ќе биде „тројна трагедија - повеќе регулативи, повеќе форми и повеќе одложувања во трговијата со ЕУ“. Меѓутоа, откако нејзината страна загуби, таа се предомисли, тврдејќи дека Брегзит нуди можност да го „размрда начинот на кој работите моментално функционираат“. За време на премиерката Тереза ​​Меј, таа беше најпрвин министер за правда, пред да стане главен секретар на Министерството за финансии. Кога Борис Џонсон стана премиер во 2019 година, Трас ја презеде функцијата министер за меѓународна трговија - работа што вклучуваше средби со глобални политички и деловни лидери за промовирање на трговските интереси на Британија. Потоа, во 2021 година, на 46-годишна возраст, таа доби една од највисоките функции во владата, преземајќи го Министерството за надворешни работи од Доминик Раб. Таму, таа се обиде да го реши заплетканото прашање на протоколот за Cеверна Ирска со едноставно укинување на делови од договорот за Брегзит меѓу ЕУ и ОК - потег што ЕУ силно го критикуваше. Таа издејствува ослободување на двајца британско-ирански државјани кои беа уапсени и држени во притвор. Кога Русија ја почна воената операција во Украина во февруари, таа зазеде цврст став, барајќи сите сили на Владимир Путин да бидат истиснати од земјата. Сепак, таа се соочи со критики кога ги поддржа луѓето од Велика Британија кои сакаат да се борат во Украина. Кампањата на Лиз Трас за раководството на партијата не помина без контроверзии. Притисната за тоа како ќе се бори со кризата на трошоците за живот, таа рече дека ќе ги насочи сите свои напори на „намалување на даночниот товар, а не на делење милостина“. Таа беше принудена да се откаже од планот за поврзување на платите во јавниот сектор со регионалните животни трошоци поради реакцијата од високите ториевци кои тврдеа дека тоа би значело намалување на платите за милиони работници надвор од Лондон. Таа, исто така, ја нарече шкотската премиерка Никола Старџен дека „бара внимание“ и порача дека е најдобро таа да се „игнорира“. Некои сугерираат дека Трас се обидува да имитира друга миленичка од ториевците - Маргарет Тачер - со облекување во крзнена капа и бела машна. Трас ги отфрли тврдењата, велејќи за „GB News“: „Многу е фрустрирачки што жените политичарки секогаш се споредуваат со Маргарет Тачер, а мажите политичари никогаш не се споредуваат со Тед Хит“. Но, ваквите споредби можеби не се хендикеп кога станува збор за добивање поддршка од членовите на Конзервативната партија. Ивор Би-би-си.

The post Која е новата британска премиерка, Лиз Трас: Неколкупати ги менуваше ставовите, сака да стане новата Челична дама appeared first on Република.

]]>
Британија доби премиерка, Лиз Трас победи на внатрепартиските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-dobi-premierka-liz-tras-pobedi-na-vnatrepartiskite-izbori/ Mon, 05 Sep 2022 12:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=547637

Обединетото Кралство доби наследникот на Борис Џонсон, однсоно на премиерската функција. Лиз Трас е избрана за лидер на британската конзервативна партија.

Трас беше фаворит да го наследи Борис Џонсон и да ја преземе власта додека земјата се бори со растечката криза на вртоглаво зголемените животни трошоци.

Министерката за надворешни работи Трас и нејзиниот ривал, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, го поминаа летото собирајќи поддршка меѓу членовите на Конзервативната партија, кои ја донесоа конечната одлука на гласањето.

Трас (47) со тоа ќе стане третата британска премиерка, по Тереза ​​Меј и Маргарет Тачер.

Таа постојано беше пред Сунак (42) во анкетите меѓу околу 200.000 ториевци со право на глас.

Трката за лидерство започна во јули, откако Џонсон ја објави својата оставка по серијата скандали и оставки на неговите владини претставници.

Гласањето по пошта и онлајн беше затворено во петокот по осум недели кампања, што Трас го опиша за Би-Би-Си како „најдолгото интервју за работа во историјата“.

Сепак, гласањето може да не го одразува општото јавно мислење.

Анкетата на YouGov на крајот на август покажа дека 52 отсто сметаат дека Трас ќе стане „лош“ или „страшен“ премиер.

Четириесет и три отсто рекле дека „воопшто не и веруваат“ дека ќе успее да се справи со актуелното прашање за зголемените трошоци за живот.

Сандеј тајмс пишува дека идниот шеф на британската влада ќе се соочи со „најлошата ситуација за нов премиер од Тачер“.

Британија е погодена од најлошата криза на трошоците за живот во последните генерации, со двоцифрена инфлација и скок на цените на енергијата поради руската војна во Украина.

Милиони Британци велат дека ќе се соочат со болен избор помеѓу храна и греење оваа зима, при што сметките ќе се зголемат за 80 отсто од октомври, а уште повеќе од јануари, според анкетите.

Ако бидам избран за премиер, веднаш ќе постапам по сметките и снабдувањето со енергија - изјави Трас за Би-Би-Си во неделата, одбивајќи да даде детали.

Таа потоа додаде дека во рок од една недела ќе се погрижи да објави како ќе се справи со проблемот.

Трас водеше кампања за ветување дека ќе ги намали даноците и ќе даде приоритет на економскиот раст, исто како што се предвидува дека Британија ќе влезе во рецесија подоцна оваа година.

Во неделата, таа рече дека „во рок од еден месец ќе претстави целосен план за тоа како ќе ги намалиме даноците“ и „ќе ја поттикне британската економија“.

Анкетите покажуваат јавна поддршка за предвремени општи избори и конзервативците се соочуваат со се поголем предизвик да го задржат своето 12-годишно владеење.

Трас стана министер за надворешни работи пред една година, откако имаше низа високи функции во министерствата, вклучително и образованието, меѓународната трговија и правдата.

Таа го почна своето политичко патување како тинејџерка, членка на центристичките либералдемократи, пред да се префрли на десничарските конзервативци.

Во 2016 година, таа водеше кампања за Обединетото Кралство да остане во Европската унија, но брзо ја смени лојалноста кога Британците го поддржаа Брегзит.

Нејзиното чувство за облекување и склоноста кон фотографирање - позирајќи во тенк во Естонија и носејќи крзнено капа во Москва - ја доведоа нејзината споредба со иконата на ториевците Тачер.

Нејзиниот понекогаш вкочанет стил стана значително поопуштен, а сојузниците се обидоа да и го ублажат имиџот, откривајќи ја нејзината љубов кон караокето и дружењето.

Најавата на функционерите на Конзервативната партија за тоа кој ќе го преземе раководството покренува низа настани.

Во вторник Џонсон ќе одржи проштален говор во Даунинг стрит.

Потоа и официјално ќе поднесе оставка до кралицата Елизабета Втора, по што таа ќе го покани неговиот наследник да формира нова влада.

За прв пат во своето владеење, 96-годишната кралица ќе назначи премиер во своето шкотско седиште Балморал, наместо во Бакингемската палата во Лондон.

Тоа е затоа што кралицата имаше проблеми со подвижноста и беше принудена да откаже бројни јавни настапи.

Следниот премиер ќе и биде 15-ти откако кралицата го презеде тронот.

The post Британија доби премиерка, Лиз Трас победи на внатрепартиските избори appeared first on Република.

]]>

Обединетото Кралство доби наследникот на Борис Џонсон, однсоно на премиерската функција. Лиз Трас е избрана за лидер на британската конзервативна партија. Трас беше фаворит да го наследи Борис Џонсон и да ја преземе власта додека земјата се бори со растечката криза на вртоглаво зголемените животни трошоци. Министерката за надворешни работи Трас и нејзиниот ривал, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, го поминаа летото собирајќи поддршка меѓу членовите на Конзервативната партија, кои ја донесоа конечната одлука на гласањето. Трас (47) со тоа ќе стане третата британска премиерка, по Тереза ​​Меј и Маргарет Тачер. Таа постојано беше пред Сунак (42) во анкетите меѓу околу 200.000 ториевци со право на глас. Трката за лидерство започна во јули, откако Џонсон ја објави својата оставка по серијата скандали и оставки на неговите владини претставници. Гласањето по пошта и онлајн беше затворено во петокот по осум недели кампања, што Трас го опиша за Би-Би-Си како „најдолгото интервју за работа во историјата“. Сепак, гласањето може да не го одразува општото јавно мислење. Анкетата на YouGov на крајот на август покажа дека 52 отсто сметаат дека Трас ќе стане „лош“ или „страшен“ премиер. Четириесет и три отсто рекле дека „воопшто не и веруваат“ дека ќе успее да се справи со актуелното прашање за зголемените трошоци за живот. Сандеј тајмс пишува дека идниот шеф на британската влада ќе се соочи со „најлошата ситуација за нов премиер од Тачер“. Британија е погодена од најлошата криза на трошоците за живот во последните генерации, со двоцифрена инфлација и скок на цените на енергијата поради руската војна во Украина. Милиони Британци велат дека ќе се соочат со болен избор помеѓу храна и греење оваа зима, при што сметките ќе се зголемат за 80 отсто од октомври, а уште повеќе од јануари, според анкетите.
Ако бидам избран за премиер, веднаш ќе постапам по сметките и снабдувањето со енергија - изјави Трас за Би-Би-Си во неделата, одбивајќи да даде детали.
Таа потоа додаде дека во рок од една недела ќе се погрижи да објави како ќе се справи со проблемот. Трас водеше кампања за ветување дека ќе ги намали даноците и ќе даде приоритет на економскиот раст, исто како што се предвидува дека Британија ќе влезе во рецесија подоцна оваа година. Во неделата, таа рече дека „во рок од еден месец ќе претстави целосен план за тоа како ќе ги намалиме даноците“ и „ќе ја поттикне британската економија“. Анкетите покажуваат јавна поддршка за предвремени општи избори и конзервативците се соочуваат со се поголем предизвик да го задржат своето 12-годишно владеење. Трас стана министер за надворешни работи пред една година, откако имаше низа високи функции во министерствата, вклучително и образованието, меѓународната трговија и правдата. Таа го почна своето политичко патување како тинејџерка, членка на центристичките либералдемократи, пред да се префрли на десничарските конзервативци. Во 2016 година, таа водеше кампања за Обединетото Кралство да остане во Европската унија, но брзо ја смени лојалноста кога Британците го поддржаа Брегзит. Нејзиното чувство за облекување и склоноста кон фотографирање - позирајќи во тенк во Естонија и носејќи крзнено капа во Москва - ја доведоа нејзината споредба со иконата на ториевците Тачер. Нејзиниот понекогаш вкочанет стил стана значително поопуштен, а сојузниците се обидоа да и го ублажат имиџот, откривајќи ја нејзината љубов кон караокето и дружењето. Најавата на функционерите на Конзервативната партија за тоа кој ќе го преземе раководството покренува низа настани. Во вторник Џонсон ќе одржи проштален говор во Даунинг стрит. Потоа и официјално ќе поднесе оставка до кралицата Елизабета Втора, по што таа ќе го покани неговиот наследник да формира нова влада. За прв пат во своето владеење, 96-годишната кралица ќе назначи премиер во своето шкотско седиште Балморал, наместо во Бакингемската палата во Лондон. Тоа е затоа што кралицата имаше проблеми со подвижноста и беше принудена да откаже бројни јавни настапи. Следниот премиер ќе и биде 15-ти откако кралицата го презеде тронот.

The post Британија доби премиерка, Лиз Трас победи на внатрепартиските избори appeared first on Република.

]]>
Неизвесна трка за нов британски премиер: Трас во блага предност пред Риши Сунак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/neizvesna-trka-za-nov-britanski-premier-tras-vo-blaga-prednost-pred-rishi-sunak/ Wed, 03 Aug 2022 08:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=536306

Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, која е фаворитка за наследник на Борис Џонсон на позицијата британски премиер, има многу потесна предност пред нејзиниот ривал, министерот за финансии, Риши Сунак отколку што првично се мислеше.

Резултатите од анкета за гласањето на членството на Конзервативната партија, спроведена од италијанската агенција „Техне“ од 19 до 27 јули врз 807 партиски членови, покажуваат дека Трас има поддршка од 48 отсто од членовите на Конзервативната партија во споредба со 43 отсто за поранешниот министер за финансии.

Тоа укажува на многу понеизвесна трка отколку во претходната анкета на членовите на Конзервативната партија, спроведена од „ЈуГов“ (YouGov) од 20 до 21 јули, која покажа дека Трас води со 24 отсто пред Сунак.

Сунак и Трус се натпреваруваат во летната турнеја низ Британија за гласовите на околу 200.000 членови на Конзервативната партија кои ќе го изберат следниот премиер, а победникот се очекува да биде објавен на 5 септември.

The post Неизвесна трка за нов британски премиер: Трас во блага предност пред Риши Сунак appeared first on Република.

]]>

Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, која е фаворитка за наследник на Борис Џонсон на позицијата британски премиер, има многу потесна предност пред нејзиниот ривал, министерот за финансии, Риши Сунак отколку што првично се мислеше. Резултатите од анкета за гласањето на членството на Конзервативната партија, спроведена од италијанската агенција „Техне“ од 19 до 27 јули врз 807 партиски членови, покажуваат дека Трас има поддршка од 48 отсто од членовите на Конзервативната партија во споредба со 43 отсто за поранешниот министер за финансии. Тоа укажува на многу понеизвесна трка отколку во претходната анкета на членовите на Конзервативната партија, спроведена од „ЈуГов“ (YouGov) од 20 до 21 јули, која покажа дека Трас води со 24 отсто пред Сунак. Сунак и Трус се натпреваруваат во летната турнеја низ Британија за гласовите на околу 200.000 членови на Конзервативната партија кои ќе го изберат следниот премиер, а победникот се очекува да биде објавен на 5 септември.

The post Неизвесна трка за нов британски премиер: Трас во блага предност пред Риши Сунак appeared first on Република.

]]>
Трас: Ако Путин успее, ќе имаме невидена беда низ Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tras-ako-putin-uspee-kje-imame-nevidena-beda-niz-evropa/ Wed, 27 Jul 2022 18:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=533989

Шефицата на британската дипломатијата Лиз Трас, која е и фаворит за наследник на Борис Џонсон, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи рускиот гас за да го држи во заложништво целиот свет.

На новинарско прашање дали таа верува дека „Владимир Путин практично го држи остатокот од светот како заложник со драстичното намалување на испораката на гас за Германија“, Трас одговори: „Токму тоа го прави. Исклучително е важно да останеме силни во борбата против неговата застрашувачка агресија“.

– Ако дозволиме Владимир Путин да успее, тоа ќе предизвика невидена беда низ Европа, рече Трас.

– Знаеме дека Путин нема да застане само на Украина. Тој и се заканува на цела Источна Европа и демократијата, изјави шефицата на британската дипломатија.

The post Трас: Ако Путин успее, ќе имаме невидена беда низ Европа appeared first on Република.

]]>

Шефицата на британската дипломатијата Лиз Трас, која е и фаворит за наследник на Борис Џонсон, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи рускиот гас за да го држи во заложништво целиот свет. На новинарско прашање дали таа верува дека „Владимир Путин практично го држи остатокот од светот како заложник со драстичното намалување на испораката на гас за Германија“, Трас одговори: „Токму тоа го прави. Исклучително е важно да останеме силни во борбата против неговата застрашувачка агресија“.
– Ако дозволиме Владимир Путин да успее, тоа ќе предизвика невидена беда низ Европа, рече Трас. – Знаеме дека Путин нема да застане само на Украина. Тој и се заканува на цела Источна Европа и демократијата, изјави шефицата на британската дипломатија.

The post Трас: Ако Путин успее, ќе имаме невидена беда низ Европа appeared first on Република.

]]>
Трас: Ќе направиме се што е потребно за ослободување на осудените Британци во Донбас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tras-kje-napravime-se-shto-e-potrebno-za-osloboduvanje-na-osudenite-britanci-vo-donbas/ Tue, 14 Jun 2022 10:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=514963

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека ќе направи се што е потребно за да обезбеди ослободување на двајца британски државјани кои властите во Донбас ги осудија на смрт.

Прашана дали е подготвена директно да преговара со лидерите на самопрогласената Доњецка Народна Република Доњецк, Трас одби да одговори експлицитно, но за „Би-Би-Си“ изјави дека „ќе направи се што е потребно за да обезбеди нивно ослободување“, пренесува „Ројтерс“.

The post Трас: Ќе направиме се што е потребно за ослободување на осудените Британци во Донбас appeared first on Република.

]]>

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека ќе направи се што е потребно за да обезбеди ослободување на двајца британски државјани кои властите во Донбас ги осудија на смрт. Прашана дали е подготвена директно да преговара со лидерите на самопрогласената Доњецка Народна Република Доњецк, Трас одби да одговори експлицитно, но за „Би-Би-Си“ изјави дека „ќе направи се што е потребно за да обезбеди нивно ослободување“, пренесува „Ројтерс“.

The post Трас: Ќе направиме се што е потребно за ослободување на осудените Британци во Донбас appeared first on Република.

]]>
Британија и се закани на Кина ако не ги следи „глобалните правила“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-i-se-zakani-na-kina-ako-ne-gi-sledi-globalnite-pravila/ Thu, 28 Apr 2022 11:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=494688

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, ја предупреди Кина дека ако не постапува според глобалните правила, ќе запре нејзиниот подем како суперсила.

Во исто време, Трас порача дека Западот треба да се погрижи Тајван да може да се брани од каков било напад, пренесе Ројтерс.

Повторувајќи го повикот за зајакнување на НАТО, Трас изјави дека земјите мора да ги почитуваат правилата, а тоа ја вклучува и Кина.

Таа истакна дека понатамошниот подем на Кина не е несомнен.

Тие нема да продолжат да растат ако не се почитуваат правилата. На Кина и треба трговија со Г7. Ние од групата Г7 претставуваме околу половина од глобалната економија и имаме избор.

Во случајот со Русија, покажавме какви избори сме подготвени да направиме кога ќе се прекршат меѓународните прописи - изјави британската министерка.

The post Британија и се закани на Кина ако не ги следи „глобалните правила“ appeared first on Република.

]]>

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, ја предупреди Кина дека ако не постапува според глобалните правила, ќе запре нејзиниот подем како суперсила. Во исто време, Трас порача дека Западот треба да се погрижи Тајван да може да се брани од каков било напад, пренесе Ројтерс. Повторувајќи го повикот за зајакнување на НАТО, Трас изјави дека земјите мора да ги почитуваат правилата, а тоа ја вклучува и Кина. Таа истакна дека понатамошниот подем на Кина не е несомнен. Тие нема да продолжат да растат ако не се почитуваат правилата. На Кина и треба трговија со Г7. Ние од групата Г7 претставуваме околу половина од глобалната економија и имаме избор.
Во случајот со Русија, покажавме какви избори сме подготвени да направиме кога ќе се прекршат меѓународните прописи - изјави британската министерка.

The post Британија и се закани на Кина ако не ги следи „глобалните правила“ appeared first on Република.

]]>
Велика Британија најави дека наскоро ќе има нов пакет остри санкции за Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-najavi-deka-naskoro-kje-ima-nov-paket-ostri-sankcii-za-moskva/ Mon, 04 Apr 2022 21:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=483337

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека Велика Британија ќе се погрижи сторителите на злосторствата во Украина да бидат изведени пред лицето на правдата, а Лондон ќе работи со своите сојузници на нови санкции против Москва, со цел да се запре руската офанзива.

Во заедничкото обраќање со украинскиот колега Дмитро Кулеба за време на нејзината посета на Варшава, Трас,нагласи дека Британија наскоро ќе објави „нов пакет строги санкции“ кон Русија, пренесува Би-Би-Си.

Трас објасни дека ќе соработува со сојузниците за забрана за пристап на руските бродови во западните пристаништа, за построги казни за руските банки и ќе се согласи на, како што рече, „јасен временски распоред за укинување на увозот на руска нафта, гас и јаглен“, пишува британски Гардијан.

Реалност е дека парите од Запад сè уште течат во воената машина на Путин и тоа мора да престане - истакна шефицата на британската дипломатија.

Таа додаде дека не треба да има разговори за укинување на санкциите кон Москва се додека руските војници се во Украина.

Путин мора да загуби во Украина. Тоа значи повеќе оружје и повеќе санкции - нагласи Трас.

Британската министерка, исто така, оцени дека е неопходно да се натера Русија да ги повлече своите трупи и да се запре способноста на Москва за натамошна агресија.

Истовремено, еврокомесарот за економија Паоло Џентилони најави дека новите европски санкции може да го опфатат и рускиот енергетски сектор.

Сите опции се на маса. Тоа денес стои повеќе од кога било досега - изјави Џентилони пред состанокот со министрите за финансии на еврозоната на кој ќе се разговара за новите санкции.

Министрите за надворешни работи на Г7 и НАТО ќе се сретнат подоцна оваа недела, каде се очекува да бидат објавени новите санкции против Русија, пишува Гардијан.

The post Велика Британија најави дека наскоро ќе има нов пакет остри санкции за Москва appeared first on Република.

]]>

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека Велика Британија ќе се погрижи сторителите на злосторствата во Украина да бидат изведени пред лицето на правдата, а Лондон ќе работи со своите сојузници на нови санкции против Москва, со цел да се запре руската офанзива. Во заедничкото обраќање со украинскиот колега Дмитро Кулеба за време на нејзината посета на Варшава, Трас,нагласи дека Британија наскоро ќе објави „нов пакет строги санкции“ кон Русија, пренесува Би-Би-Си. Трас објасни дека ќе соработува со сојузниците за забрана за пристап на руските бродови во западните пристаништа, за построги казни за руските банки и ќе се согласи на, како што рече, „јасен временски распоред за укинување на увозот на руска нафта, гас и јаглен“, пишува британски Гардијан.
Реалност е дека парите од Запад сè уште течат во воената машина на Путин и тоа мора да престане - истакна шефицата на британската дипломатија.
Таа додаде дека не треба да има разговори за укинување на санкциите кон Москва се додека руските војници се во Украина.
Путин мора да загуби во Украина. Тоа значи повеќе оружје и повеќе санкции - нагласи Трас.
Британската министерка, исто така, оцени дека е неопходно да се натера Русија да ги повлече своите трупи и да се запре способноста на Москва за натамошна агресија. Истовремено, еврокомесарот за економија Паоло Џентилони најави дека новите европски санкции може да го опфатат и рускиот енергетски сектор.
Сите опции се на маса. Тоа денес стои повеќе од кога било досега - изјави Џентилони пред состанокот со министрите за финансии на еврозоната на кој ќе се разговара за новите санкции.
Министрите за надворешни работи на Г7 и НАТО ќе се сретнат подоцна оваа недела, каде се очекува да бидат објавени новите санкции против Русија, пишува Гардијан.

The post Велика Британија најави дека наскоро ќе има нов пакет остри санкции за Москва appeared first on Република.

]]>
Велика Британија сака Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-saka-rusija-da-bide-suspendirana-od-sovetot-za-chovekovi-prava-na-on/ Mon, 04 Apr 2022 18:35:00 +0000 https://republika.mk/?p=483279

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека Русија мора да биде суспендирана од Советот за човекови права на Обединетите нации.

Со оглед на веродостојните докази за воени злосторства, вклучително и извештаите за масовни гробници во Буча, Русија не може да остане членка на Советот за човекови права на ОН - напиша Трас на Твитер.

https://twitter.com/trussliz/status/1510991144179671047?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet

Украинските власти вчера соопштија дека истражуваат можни злосторства на руските сили откако, како што тврдат, по повлекувањето на руските сили од таа област пронашле стотина тела расфрлани во градовите, меѓу кои и Буча.

The post Велика Британија сака Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека Русија мора да биде суспендирана од Советот за човекови права на Обединетите нации.
Со оглед на веродостојните докази за воени злосторства, вклучително и извештаите за масовни гробници во Буча, Русија не може да остане членка на Советот за човекови права на ОН - напиша Трас на Твитер.
https://twitter.com/trussliz/status/1510991144179671047?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet Украинските власти вчера соопштија дека истражуваат можни злосторства на руските сили откако, како што тврдат, по повлекувањето на руските сили од таа област пронашле стотина тела расфрлани во градовите, меѓу кои и Буча.

The post Велика Британија сака Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>
Британската министерка не сака да му дозволи на Путин да излезе како победник од оваа војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskata-ministerka-ne-saka-da-mu-dozvoli-na-putin-da-izleze-kako-pobednik-od-ovaa-voja/ Mon, 28 Mar 2022 18:20:22 +0000 https://republika.mk/?p=480021

Украина не смее да биде продадена во мировните преговори со Русија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас.

– Мораме да обезбедиме идните разговори да не завршат со продажба на Украина или со повторување на грешките од минатото, рече Трас пред британските пратеници и потсети на „непријатната спогодба од 2014 година, која не успеа да обезбеди трајна безбедност за Украина“.

– Путин штотуку се врати по повеќе. Затоа не можеме да дозволиме да извлече победа од оваа страшна агресија, рече таа

The post Британската министерка не сака да му дозволи на Путин да излезе како победник од оваа војна appeared first on Република.

]]>

Украина не смее да биде продадена во мировните преговори со Русија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас. – Мораме да обезбедиме идните разговори да не завршат со продажба на Украина или со повторување на грешките од минатото, рече Трас пред британските пратеници и потсети на „непријатната спогодба од 2014 година, која не успеа да обезбеди трајна безбедност за Украина“. – Путин штотуку се врати по повеќе. Затоа не можеме да дозволиме да извлече победа од оваа страшна агресија, рече таа

The post Британската министерка не сака да му дозволи на Путин да излезе како победник од оваа војна appeared first on Република.

]]>
Велика Британија: Не може да се преговара додека руските трупи не ја напуштат Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-ne-moze-da-se-pregovara-dodeka-ruskite-trupi-ne-ja-napushtat-ukraina/ Sun, 27 Feb 2022 10:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=464645

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека не може да има разговори со Русија за Украина додека има руски војници на украинска територија.

Доколку Русите се сериозни за преговори треба да ги повлечат своите војници од Украина. Не може да преговараат со вперен пиштол на главата на Украинците…Искрено не верувам во овие таканаречени напори за преговори.

 

Се плашам дека ова ќе трае долг период, ова може да трае неколку години. Русија има силни сили, но знаеме дека Украинците се храбри. Тие се решени да застанат во одбрана на нивниот суверенитет и територијален интегритет и решени се да се борат - изјави Трас.

The post Велика Британија: Не може да се преговара додека руските трупи не ја напуштат Украина appeared first on Република.

]]>

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека не може да има разговори со Русија за Украина додека има руски војници на украинска територија.
Доколку Русите се сериозни за преговори треба да ги повлечат своите војници од Украина. Не може да преговараат со вперен пиштол на главата на Украинците…Искрено не верувам во овие таканаречени напори за преговори.   Се плашам дека ова ќе трае долг период, ова може да трае неколку години. Русија има силни сили, но знаеме дека Украинците се храбри. Тие се решени да застанат во одбрана на нивниот суверенитет и територијален интегритет и решени се да се борат - изјави Трас.

The post Велика Британија: Не може да се преговара додека руските трупи не ја напуштат Украина appeared first on Република.

]]>