Ливорно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/livorno/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 17:49:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ливорно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/livorno/ 32 32 Тројца Албанци фатени со 148 килограми кокаин во Ливорно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojtsa-albantsi-fateni-so-148-kilogrami-kokain-vo-livorno/ Mon, 12 Aug 2024 18:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=805932

Во италијанското пристаниште Ливорно уапсени се тројца Албанци и запленети 148 килограми кокаин, прошверцуван од Еквадор.

Дрогата била скриена во пратка со банани наменета за Швајцарија. Уапсените Албанци, од кои двајца се браќа, илегално влегле во индустриското пристаниште во тосканскиот град за да ја „соберат“ наркотикот скриен во контејнер кој пристигнувал од пристаништето Гвајакил во Еквадор, јавија албанските медиуми.

Италијанските власти дејствувале  врз основа на дојави споделени со Царинската агенција.

Скенер идентификувал 139 пакети во контејнерот, по што полицијата  се позиционирала и чекала неколку часа за да ги фатат лицата кои ќе дојдат по стоката во контејнерот. Тројцата уапсени не дале отпор. Тие не се жители на Италија, немале документи и било тешко да се идентификуваат, додаваат медиуми.

Судот во Ливорно ги потврди заплената и апсењата. Запленетата дрога е најголемата заплена на кокаин во последните години во ова пристаниште.

The post Тројца Албанци фатени со 148 килограми кокаин во Ливорно appeared first on Република.

]]>

Во италијанското пристаниште Ливорно уапсени се тројца Албанци и запленети 148 килограми кокаин, прошверцуван од Еквадор. Дрогата била скриена во пратка со банани наменета за Швајцарија. Уапсените Албанци, од кои двајца се браќа, илегално влегле во индустриското пристаниште во тосканскиот град за да ја „соберат“ наркотикот скриен во контејнер кој пристигнувал од пристаништето Гвајакил во Еквадор, јавија албанските медиуми. Италијанските власти дејствувале  врз основа на дојави споделени со Царинската агенција. Скенер идентификувал 139 пакети во контејнерот, по што полицијата  се позиционирала и чекала неколку часа за да ги фатат лицата кои ќе дојдат по стоката во контејнерот. Тројцата уапсени не дале отпор. Тие не се жители на Италија, немале документи и било тешко да се идентификуваат, додаваат медиуми. Судот во Ливорно ги потврди заплената и апсењата. Запленетата дрога е најголемата заплена на кокаин во последните години во ова пристаниште.

The post Тројца Албанци фатени со 148 килограми кокаин во Ливорно appeared first on Република.

]]>