Ливадиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/livadishte/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 08:18:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ливадиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/livadishte/ 32 32 Се реновира еден од најубавите автокампови – Ливадишта кај Радожда https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/se-renovira-eden-od-najubavite-avtokampovi-livadishta-kaj-radozhda/ Sun, 31 Mar 2024 13:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=760591

ЕСМ Молика почна со целосна реконструкција на автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Како што соопштија од ЕСМ Молика, активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското Езеро.

Како што посочуваат од претпријатието, целта е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди.

За првпат по 50 години од изградбата на автокампот Ливадишта, се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и капатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија. Сите постоечки градежни парцели во автокампот ќе бидат реконструирани. Функционалните камп приколки во одморалиштето ќе бидат репарирани, а оние што веќе не можат да овозможат квалитетно сместување ќе бидат отстранети. Реновирани ќе бидат и сите бунгалови во кампот, а ќе се изградат нови парцели за трејлери и шатори, се наведува во соопштението.

Темелна реконструкција ќе претрпи и ресторанот во Автокампот, санитарните јазли и пропратните простории во рамките на објектот. Во ресторантската кујна ќе бидат обновени сите простории и површини согласно стандардите за безбедност на храната, а ќе бидат воведени и новини кои ќе ја збогатат понудата за уште поголемо гастрономско уживање покрај Охридското Езеро.

Плажата во Автокампот Ливадишта ќе добие нов, ситен песок, просторот во целиот автокамп ќе биде партерно уреден, а спортските терени ќе бидат, исто така, реновирани. Најмладите летувалци во Ливадишта ќе добијат соодветен простор за детска забава и анимација.

Почитувајќи ги обврските кон закупците на простор во Автокампот Ливадишта, од ЕСМ Молика информираат дека ги известиле за градежно-занаетчиските работи кои се почнати во одморалиштето со надеж дека до почетокот на летото активностите ќе бидат завршени.

По целосната реконструкција на хотелот Молика, прва по 30 години од неговата изградба, реконструкцијата на Автокампот Ливадишта е вториот голем проект кој го реализира Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика.

The post Се реновира еден од најубавите автокампови – Ливадишта кај Радожда appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Молика почна со целосна реконструкција на автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Како што соопштија од ЕСМ Молика, активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското Езеро. Како што посочуваат од претпријатието, целта е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди.
За првпат по 50 години од изградбата на автокампот Ливадишта, се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и капатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија. Сите постоечки градежни парцели во автокампот ќе бидат реконструирани. Функционалните камп приколки во одморалиштето ќе бидат репарирани, а оние што веќе не можат да овозможат квалитетно сместување ќе бидат отстранети. Реновирани ќе бидат и сите бунгалови во кампот, а ќе се изградат нови парцели за трејлери и шатори, се наведува во соопштението.
Темелна реконструкција ќе претрпи и ресторанот во Автокампот, санитарните јазли и пропратните простории во рамките на објектот. Во ресторантската кујна ќе бидат обновени сите простории и површини согласно стандардите за безбедност на храната, а ќе бидат воведени и новини кои ќе ја збогатат понудата за уште поголемо гастрономско уживање покрај Охридското Езеро. Плажата во Автокампот Ливадишта ќе добие нов, ситен песок, просторот во целиот автокамп ќе биде партерно уреден, а спортските терени ќе бидат, исто така, реновирани. Најмладите летувалци во Ливадишта ќе добијат соодветен простор за детска забава и анимација. Почитувајќи ги обврските кон закупците на простор во Автокампот Ливадишта, од ЕСМ Молика информираат дека ги известиле за градежно-занаетчиските работи кои се почнати во одморалиштето со надеж дека до почетокот на летото активностите ќе бидат завршени. По целосната реконструкција на хотелот Молика, прва по 30 години од неговата изградба, реконструкцијата на Автокампот Ливадишта е вториот голем проект кој го реализира Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика.

The post Се реновира еден од најубавите автокампови – Ливадишта кај Радожда appeared first on Република.

]]>