„Лица на револуцијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/litsa-na-revolutsijata/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Oct 2023 09:46:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Лица на револуцијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/litsa-na-revolutsijata/ 32 32 Изложбата „Лица на револуцијата“ на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски отворена во Гевегелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-litsa-na-revolutsijata-na-dime-ratajkoski-i-dushko-apostoloski-otvorena-vo-gevegelija/ Tue, 17 Oct 2023 09:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=692004

Во Домот на Културата во Гевгелија вчеравечер беше премиерно отворена изложбата „Лица на револуцијата: Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 – 1934 година“, од авторите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Изложбата прикажува досега необјавени портрети на македонски револуционери од илинденскиот и постилинденскиот период, како и од периодот меѓу двете светски војни, се до официјалната забрана на Внатрешната македонска ревовлуционерна организација во 1934 година. Во основата на оваа изложба лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски.

Авторите ја потенцираа важноста на фотографијата во дигиталната ера, каде што секој момент може веднаш да се долови и сподели, „вредноста на старите фотографии како складишта на културната и историската меморија никогаш не била подлабока. Во ова време на брзи промени, старите фотографии се издвојуваат како неми сведоци на историјата, потсетувајќи нè каде сме биле, кои сме и каде би можеле да одиме.“

Културата на сеќавањето е основна претпоставка за односите меѓу луѓето, за нивното меѓусебно разбирање или нивното меѓусебно конфронтирање. Невозможна мисија е да креираме заедничка визија за иднината без заедничка визија за минатото, како неизбежна содржина на секоја општествено-интегративна мисла, идеја и замисла! Колку визијата за минатото е променлива и нестабила, толку визијата за иднината е непредвидлива и несигурна! Секој добар социолог и културолог ќе ви потврдат дека, колку консензусот за континуитетот на една заедница или народ е поширок и посеопфатен, толку мобилизациската моќ на таа колективна слика од минатото и визијата за иднината- помоќна!“ – истакна Васко Шутаров, универзитетски професор и експерт за културна дипломатија, кој ја отвори изложбата пред гевгелиската публика.

Изложбата прикажува внимателно селектирани и врамени 40 фотографии, кои ги доловуваат лицата и приказните на дел од македонските револуционери кои одиграле клучна улога во обликувањето на македонското револуционерно движење. „Покрај културниот аспект, големо внимание треба да се обрати и на образовната компонента којашто произлегува од собраниот материјал, како историска граѓа која ќе и служи првенствено на научната јавност.“ – изјави промоторот на изложбата, актерот Зоран Љутков.

Едукативната и истражувачката вредност на овие стари фотографии е неизмерна. Тие нудат визуелни докази и историски контекст, поедноставувајќи ги сложените наративи од минатото, правејќи ги подостапни за студентите и научниците. Тие не се само слики; тие се прозорци кон минатото и клучеви за разбирање на еволуцијата на македонското општеството, културата и историја, истакна Љутков.

„Додека се движиме низ сложеноста на сегашноста и гледаме во неизвесниот хоризонт на иднината, станува сè поважно да се сеќаваме и учиме од нашето минато. Но и да умееме да го конзервираме, реставрираме и соодветно да го презентираме нашето историско и пред сè културно богатство.“ – изјави Ивона Опетческа Татарческа од Управата за заштита на културното наследство, притоа потенцирајќи дека „овие фотогографии како дел од поголема и многу вредна колекција на авторите Апостолоски и Ратајкоски, се првата приватна колекција во Македонија која ги поминала сите фази од комплексниот процес на заштита, пред да биде изложена во јавноста. Тоа подразбира стручна идентификација и валоризација од самите сопственици, кои како историчари со компетентно знаење ги откриле вредностите на содржините на овие фотографии.“

Изложбата „Лица на револуцијата: Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 – 1934 година“ патува за Битола, каде што на 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе биде прикажана пред битолската публика.

 

The post Изложбата „Лица на револуцијата“ на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски отворена во Гевегелија appeared first on Република.

]]>

Во Домот на Културата во Гевгелија вчеравечер беше премиерно отворена изложбата „Лица на револуцијата: Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 – 1934 година“, од авторите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Изложбата прикажува досега необјавени портрети на македонски револуционери од илинденскиот и постилинденскиот период, како и од периодот меѓу двете светски војни, се до официјалната забрана на Внатрешната македонска ревовлуционерна организација во 1934 година. Во основата на оваа изложба лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Авторите ја потенцираа важноста на фотографијата во дигиталната ера, каде што секој момент може веднаш да се долови и сподели, „вредноста на старите фотографии како складишта на културната и историската меморија никогаш не била подлабока. Во ова време на брзи промени, старите фотографии се издвојуваат како неми сведоци на историјата, потсетувајќи нè каде сме биле, кои сме и каде би можеле да одиме.“
Културата на сеќавањето е основна претпоставка за односите меѓу луѓето, за нивното меѓусебно разбирање или нивното меѓусебно конфронтирање. Невозможна мисија е да креираме заедничка визија за иднината без заедничка визија за минатото, како неизбежна содржина на секоја општествено-интегративна мисла, идеја и замисла! Колку визијата за минатото е променлива и нестабила, толку визијата за иднината е непредвидлива и несигурна! Секој добар социолог и културолог ќе ви потврдат дека, колку консензусот за континуитетот на една заедница или народ е поширок и посеопфатен, толку мобилизациската моќ на таа колективна слика од минатото и визијата за иднината- помоќна!“ – истакна Васко Шутаров, универзитетски професор и експерт за културна дипломатија, кој ја отвори изложбата пред гевгелиската публика.
Изложбата прикажува внимателно селектирани и врамени 40 фотографии, кои ги доловуваат лицата и приказните на дел од македонските револуционери кои одиграле клучна улога во обликувањето на македонското револуционерно движење. „Покрај културниот аспект, големо внимание треба да се обрати и на образовната компонента којашто произлегува од собраниот материјал, како историска граѓа која ќе и служи првенствено на научната јавност.“ – изјави промоторот на изложбата, актерот Зоран Љутков.
Едукативната и истражувачката вредност на овие стари фотографии е неизмерна. Тие нудат визуелни докази и историски контекст, поедноставувајќи ги сложените наративи од минатото, правејќи ги подостапни за студентите и научниците. Тие не се само слики; тие се прозорци кон минатото и клучеви за разбирање на еволуцијата на македонското општеството, културата и историја, истакна Љутков.
„Додека се движиме низ сложеноста на сегашноста и гледаме во неизвесниот хоризонт на иднината, станува сè поважно да се сеќаваме и учиме од нашето минато. Но и да умееме да го конзервираме, реставрираме и соодветно да го презентираме нашето историско и пред сè културно богатство.“ – изјави Ивона Опетческа Татарческа од Управата за заштита на културното наследство, притоа потенцирајќи дека „овие фотогографии како дел од поголема и многу вредна колекција на авторите Апостолоски и Ратајкоски, се првата приватна колекција во Македонија која ги поминала сите фази од комплексниот процес на заштита, пред да биде изложена во јавноста. Тоа подразбира стручна идентификација и валоризација од самите сопственици, кои како историчари со компетентно знаење ги откриле вредностите на содржините на овие фотографии.“ Изложбата „Лица на револуцијата: Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 – 1934 година“ патува за Битола, каде што на 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе биде прикажана пред битолската публика.  

The post Изложбата „Лица на револуцијата“ на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски отворена во Гевегелија appeared first on Република.

]]>
Изложба на досега необјавени фотографии – „Лица на револуцијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izlozhba-na-dosega-neobjaveni-fotografii-litsa-na-revolutsijata/ Sat, 30 Sep 2023 12:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=686608

Вечерва во галерискиот простор во МАНУ се отвора авторската изложба „Лица на револуцијата: Внатрешната Македонска Револуционерна Организација низ фотографии, 1893 – 1934“. Изложбата во својата поставка опфаќа над 40 одбрани фотографии на македонски револуционери, дејци, интелектуалци во македонското револуционерно движење, комитски чети и семејства на македонски револуционери од крајот на XIX и првите декади на XX век. Автори на изложбата се Диме Ратајкоски и Душко Апостолски.

Најголем дел од фотографиите се објавуваат за првпат пред очите на македонската културна, научна и општествена јавност и се резултат на долгогодишни истражувања и макотрпна колекционерска работа.

Изложбата „Лица на револуцијата“ е во чест на одбележувањето на трите значајни јубилеи од револуционерната борба на македонскиот народ: 130 години од основањето на Внатрешната Македонската Револуционерна Организација, 120 години од смртта на Гоце Делчев и 120 години од Илинденското востание.

Старите фотографии нè потсетуваат и сведочат за значењето и зачувувањето на историјата и за приказните што се наоѓаат во секоја рамка и се дел од колективната меморија. „Лицата на револуцијата“ не е само изложба, таа е доказ за посветеноста на колекционерите, потсетник за значењето на старите фотографии и интимно патување во срцето на трајниот дух на македонската нација.

The post Изложба на досега необјавени фотографии – „Лица на револуцијата“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во галерискиот простор во МАНУ се отвора авторската изложба „Лица на револуцијата: Внатрешната Македонска Револуционерна Организација низ фотографии, 1893 – 1934“. Изложбата во својата поставка опфаќа над 40 одбрани фотографии на македонски револуционери, дејци, интелектуалци во македонското револуционерно движење, комитски чети и семејства на македонски револуционери од крајот на XIX и првите декади на XX век. Автори на изложбата се Диме Ратајкоски и Душко Апостолски. Најголем дел од фотографиите се објавуваат за првпат пред очите на македонската културна, научна и општествена јавност и се резултат на долгогодишни истражувања и макотрпна колекционерска работа. Изложбата „Лица на револуцијата“ е во чест на одбележувањето на трите значајни јубилеи од револуционерната борба на македонскиот народ: 130 години од основањето на Внатрешната Македонската Револуционерна Организација, 120 години од смртта на Гоце Делчев и 120 години од Илинденското востание. Старите фотографии нè потсетуваат и сведочат за значењето и зачувувањето на историјата и за приказните што се наоѓаат во секоја рамка и се дел од колективната меморија. „Лицата на револуцијата“ не е само изложба, таа е доказ за посветеноста на колекционерите, потсетник за значењето на старите фотографии и интимно патување во срцето на трајниот дух на македонската нација.

The post Изложба на досега необјавени фотографии – „Лица на револуцијата“ appeared first on Република.

]]>
„Лица на револуцијата“ – ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/litsa-na-revolutsijata-ekskluzivna-patuvachka-izlozhba-na-neobjaveni-fotografii-od-makedonski-revolutsioneri/ Thu, 28 Sep 2023 12:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=686057

Во годината кога се одбележуваат три значајни јубилеи, од кои секој е клучен и значаен за македонското ослободително движење: 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонската револуционерна организација, Комисијата за култура на ВМРО - ДПМНЕ организира ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери.

Изложбата „Лица на револуцијата“ која ќе патува низ пет македонски града свечено ќе биде отворена в сабота, на 30 септември во 19 часот во галеријата на МАНУ, а свеченото затворање ќе биде во Битола на 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

„Лица на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“ е изложба која со својот прониклив наслов ветува дека ќе биде повеќе од патување низ минатото. Станува збор за револуционерно истражување на едно клучно поглавје во македонската историја со досега необјавени фотографии од илинденската епопеја кои за првпат ќе ѝ бидат откриени на јавноста.

Во основата на оваа изложба лежи една цела ризница ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски.

Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научната јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век.

Она што ја издвојува оваа изложба е ексклузивноста по однос на понудениот фотографски материјал пред публиката, внимателно селектирани и врамени 40 фотографии, кои ги доловуваат лицата и приказните на дел од македонските револуционери кои одиграле клучна улога во обликувањето на македонското револуционерно движење. Од предилинденскиот период, преку Илинденското востание, до постстилинденската ера (1893 - 1903 - 1934), овие фотографии ги оживуваат личностите и историските настани кои ја дефинираат македонската борба за слобода.

„Лицата на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“, нуди единствена можност за првпат во македонската историја да се погледнат и доживеат оригинални фотографии, индивидуални и групни портрети, кои прикажуваат револуционери од различни движења и струи во рамките на македонското револуционерно движење.

Освен портрети на револуционерни икони како Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Христо Батанџиев, Христо Чернопеев итн., изложбата содржи и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни 1912/13, Првата светска војна 1915/18, како и портрети од меѓувоениот период.

Ова ексклузивно претставување на досега необјавени фотографии е покана да зачекориме низ историјата, да се поврземе со личностите кои ја обликувале македонската нација.

The post „Лица на револуцијата“ – ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери appeared first on Република.

]]>

Во годината кога се одбележуваат три значајни јубилеи, од кои секој е клучен и значаен за македонското ослободително движење: 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонската револуционерна организација, Комисијата за култура на ВМРО - ДПМНЕ организира ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери. Изложбата „Лица на револуцијата“ која ќе патува низ пет македонски града свечено ќе биде отворена в сабота, на 30 септември во 19 часот во галеријата на МАНУ, а свеченото затворање ќе биде во Битола на 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба. „Лица на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“ е изложба која со својот прониклив наслов ветува дека ќе биде повеќе од патување низ минатото. Станува збор за револуционерно истражување на едно клучно поглавје во македонската историја со досега необјавени фотографии од илинденската епопеја кои за првпат ќе ѝ бидат откриени на јавноста. Во основата на оваа изложба лежи една цела ризница ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научната јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век. Она што ја издвојува оваа изложба е ексклузивноста по однос на понудениот фотографски материјал пред публиката, внимателно селектирани и врамени 40 фотографии, кои ги доловуваат лицата и приказните на дел од македонските револуционери кои одиграле клучна улога во обликувањето на македонското револуционерно движење. Од предилинденскиот период, преку Илинденското востание, до постстилинденската ера (1893 - 1903 - 1934), овие фотографии ги оживуваат личностите и историските настани кои ја дефинираат македонската борба за слобода. „Лицата на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“, нуди единствена можност за првпат во македонската историја да се погледнат и доживеат оригинални фотографии, индивидуални и групни портрети, кои прикажуваат револуционери од различни движења и струи во рамките на македонското револуционерно движење. Освен портрети на револуционерни икони како Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Христо Батанџиев, Христо Чернопеев итн., изложбата содржи и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни 1912/13, Првата светска војна 1915/18, како и портрети од меѓувоениот период. Ова ексклузивно претставување на досега необјавени фотографии е покана да зачекориме низ историјата, да се поврземе со личностите кои ја обликувале македонската нација.

The post „Лица на револуцијата“ – ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери appeared first on Република.

]]>