литија во Струга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/litija-vo-struga/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 17:32:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png литија во Струга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/litija-vo-struga/ 32 32 Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/litija-so-moshtite-na-sveti-georgij-pobedonosets-vo-struga-2/ Tue, 07 May 2024 18:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=775080

На раскошно украсени епитафи и со традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска повторно ќе ја осветат Струга.

Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба тргнаа од храмот „Свети Георгиј“ и поминуваат низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата придружувани од голем број верници.

И годинава поворката ја води церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката држи палмова гранка како симбол на мирот, има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

На чело на Еордијата е член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица - Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња - моштите на светецот во раскошно украсен епитаф.

Моштите и овој пат се носени од четворица видни граѓани, придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите оди сејменската гарда, чии членови, исто така, се облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

Овој ден за стружани, според нивниот сограѓанин Марко, кој е и дел од сејменската гарда, претставува радост, среќа и сплотеност не само за Струга,  туку и за регионот и за цела Македонија.

- Многу ми е мило што сум тука и што ја носам оваа Мијалка носија, што сум дел од Мијачката гарда, вели Марко.

Верничка, учесничка на литијата, вели дека посакува секој Македонец, секој христијанин да биде дел од овој ден кога Свети Георгиј чекори по струшките улици.

Сестра Ефимија од женскиот манастир Рајчица вели дека пораката за Христовото воскресение, за Христовата победа над сите состојби, кои од дамнина го измачуваат човештвото, како што може да се види во Струга се уште е многу свежа и силна.

- Ова торжество што се случува денеска тука  културолошки најавтентично ја изразува традицијата, духот  и идентитетот на нашата православна црква и на нашата држава пред целиот свет е едно од најбогатите сведоштва за таа победа. Силно посакувам оваа пасхална радост, оваа убавина да биде перманентен израз на македонскиот народ, порачува сестра Ефимија.

The post Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга appeared first on Република.

]]>

На раскошно украсени епитафи и со традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска повторно ќе ја осветат Струга. Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба тргнаа од храмот „Свети Георгиј“ и поминуваат низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата придружувани од голем број верници. И годинава поворката ја води церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката држи палмова гранка како симбол на мирот, има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. На чело на Еордијата е член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица - Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња - моштите на светецот во раскошно украсен епитаф. Моштите и овој пат се носени од четворица видни граѓани, придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите оди сејменската гарда, чии членови, исто така, се облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец. Овој ден за стружани, според нивниот сограѓанин Марко, кој е и дел од сејменската гарда, претставува радост, среќа и сплотеност не само за Струга,  туку и за регионот и за цела Македонија. - Многу ми е мило што сум тука и што ја носам оваа Мијалка носија, што сум дел од Мијачката гарда, вели Марко. Верничка, учесничка на литијата, вели дека посакува секој Македонец, секој христијанин да биде дел од овој ден кога Свети Георгиј чекори по струшките улици. Сестра Ефимија од женскиот манастир Рајчица вели дека пораката за Христовото воскресение, за Христовата победа над сите состојби, кои од дамнина го измачуваат човештвото, како што може да се види во Струга се уште е многу свежа и силна. - Ова торжество што се случува денеска тука  културолошки најавтентично ја изразува традицијата, духот  и идентитетот на нашата православна црква и на нашата држава пред целиот свет е едно од најбогатите сведоштва за таа победа. Силно посакувам оваа пасхална радост, оваа убавина да биде перманентен израз на македонскиот народ, порачува сестра Ефимија.

The post Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга appeared first on Република.

]]>
В сабота низ улиците во Струга ќе се одржи традиционалната струшка литија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/v-sabota-niz-ulicite-vo-struga-kje-se-odrzi-tradicionalnata-strushka-litija/ Tue, 03 May 2022 16:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=496851

Со учество на локалното свештенство, братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, верници и добронамерници, и со традиционалните торжества, на 7 мај во Струга ќе се одржи познатата струшка литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.

На Еордијата, како што информира сестра Ефимија, од женскиот манастир во Рајчица, ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста.

– Меѓу возилото и литијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. На чело на Еордијата (литијата) ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворните иконите на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот раскошно украсениот епитаф, појасни сестра Ефимија за МИА.

Моштите, додаде, ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во раскошната традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние што неможат да се вклучат во Литијата поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечиња во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресе – Навистина воскресе“ и фрлање цветни ливчиња.

– Го покануваме целиот народ да земе учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чии што свети мошти и чудотворна икона, збогатени со благословот на Пресвета Богородица преку нејзината чудотворна икона Крнинска, се главно обележје на големиот сенароден настан, истакна сестра Ефимија.

Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј“ во Струга. Според најавата од Бигорскиот манастир, во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, проследена со молитвената литија, која почнува да се движи низ Струшките улици по вечерната богослужба во 17 часот. Молитвената поворка од храмот на светителот, според тардицијата, ќе оди низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се враќа во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.

По завршувањето на свечената литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец”, во Струга со своја културно-уметничка програма ќе настапи ансамблот „Македонија“ со чуварите на македонската народна музика и фолклор.

The post В сабота низ улиците во Струга ќе се одржи традиционалната струшка литија appeared first on Република.

]]>

Со учество на локалното свештенство, братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, верници и добронамерници, и со традиционалните торжества, на 7 мај во Струга ќе се одржи познатата струшка литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. На Еордијата, како што информира сестра Ефимија, од женскиот манастир во Рајчица, ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. – Меѓу возилото и литијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. На чело на Еордијата (литијата) ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворните иконите на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот раскошно украсениот епитаф, појасни сестра Ефимија за МИА. Моштите, додаде, ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во раскошната традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец. Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние што неможат да се вклучат во Литијата поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечиња во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресе – Навистина воскресе“ и фрлање цветни ливчиња. – Го покануваме целиот народ да земе учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чии што свети мошти и чудотворна икона, збогатени со благословот на Пресвета Богородица преку нејзината чудотворна икона Крнинска, се главно обележје на големиот сенароден настан, истакна сестра Ефимија. Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј“ во Струга. Според најавата од Бигорскиот манастир, во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, проследена со молитвената литија, која почнува да се движи низ Струшките улици по вечерната богослужба во 17 часот. Молитвената поворка од храмот на светителот, според тардицијата, ќе оди низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се враќа во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј. По завршувањето на свечената литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец”, во Струга со своја културно-уметничка програма ќе настапи ансамблот „Македонија“ со чуварите на македонската народна музика и фолклор.

The post В сабота низ улиците во Струга ќе се одржи традиционалната струшка литија appeared first on Република.

]]>