литературен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/literaturen/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Feb 2022 12:06:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png литературен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/literaturen/ 32 32 „Арс Ламина“ организира литературен, ликовен и фото конкурс на тема Хари Потер https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ars-lamina-organizira-literaturen-likoven-i-foto-konkurs-na-tema-hari-poter/ Tue, 22 Feb 2022 12:05:14 +0000 https://republika.mk/?p=461914

Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 18 февруари до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на овој серијал.

Тие ќе се натпреваруваат во неколку категории, поделени по возраст, а најдобрите творби ќе бидат наградени. Победниците ќе бидат соопштени на почетокот на април 2022 година, а наградите ќе бидат врачени на посебен настан.

Наградниот фонд се состои од дипломи, книги и подароци со ликовите од „Хари Потер“.
Tворбитe инспирирани од Хари Потер се испраќаат на следната е-адреса: konkurs@arslamina.com.

При конкурирањето се потребни овие податоци: име и презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт (од родител за помладите учесници).

Во светски рамки во 2022 година се одбележуваат два значајни јубилеја поврзани со Хари Потер – 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од премиерата на истоимениот филм.

По тој повод, „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, се приклучува кон глобалното одбележување, а една од активностите е овој креативен конкурс.
„Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега ги има објавено „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“ и „Хари Потер и Редот на фениксот“. Во текот на оваа година се очекуваат и следните делови.

The post „Арс Ламина“ организира литературен, ликовен и фото конкурс на тема Хари Потер appeared first on Република.

]]>

Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 18 февруари до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на овој серијал. Тие ќе се натпреваруваат во неколку категории, поделени по возраст, а најдобрите творби ќе бидат наградени. Победниците ќе бидат соопштени на почетокот на април 2022 година, а наградите ќе бидат врачени на посебен настан. Наградниот фонд се состои од дипломи, книги и подароци со ликовите од „Хари Потер“. Tворбитe инспирирани од Хари Потер се испраќаат на следната е-адреса: konkurs@arslamina.com. При конкурирањето се потребни овие податоци: име и презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт (од родител за помладите учесници). Во светски рамки во 2022 година се одбележуваат два значајни јубилеја поврзани со Хари Потер – 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од премиерата на истоимениот филм. По тој повод, „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, се приклучува кон глобалното одбележување, а една од активностите е овој креативен конкурс. „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега ги има објавено „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“ и „Хари Потер и Редот на фениксот“. Во текот на оваа година се очекуваат и следните делови.

The post „Арс Ламина“ организира литературен, ликовен и фото конкурс на тема Хари Потер appeared first on Република.

]]>