Литера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/litera/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 08:44:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Литера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/litera/ 32 32 Изложбата на илустрации од „Литера“ се пресели во Рамстор мол https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-na-ilustratsii-od-litera-se-preseli-vo-ramstor-mol/ Wed, 22 May 2024 08:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=780737

Изложбата која беше дел од „Литера“, меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца, се пресели во Рамстор мол во Центар.

Посетителите на Рамстор мол ќе можат да ги видат илустрациите од реномираните турски автори: Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, како и од домашната минатогодишна наградена илустраторка Наташа Андонова. Изложбата ќе биде отворена во Рамстор мол до средината на јуни.


Овој потег ќе им овозможи на многу повеќе посетители да уживаат во прекрасните илустрации и да се запознаат со работата на овие извонредни уметници. Преселувањето на изложбата во Рамстор мол ќе ја приближи уметноста до јавноста овозможувајќи им на сите љубители на уметноста, но и на оние кои случајно ќе се најдат во молот, да се инспирираат и да уживаат во оваа уникатна поставка. Оваа изложба е ретка можност да се видат дела од странски и домашни автори на едно место, при што посетителите ќе можат да ги почувствуваат различните стилови и пристапи во илустрацијата.

„Литера“ е меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца кој се одржува во Скопје. Секоја година тој го претставува најдоброто од книжевноста и уметноста за деца, создавајќи простор за оригинален концепциски израз.

Шестото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ се одржа од 15 до 18 мај, во Младински културен центар во Скопје. Со претставување на работата на тројца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја беше во фокусот на 6. фестивалско издание. Во рамките на „Литера“ беше организиран и Саем на литература за деца, на кој повеќе македонски издавачи ги претставија своите најнови изданија, а организираа и средби со автори и промотивни настани.

Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Димитар Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле Фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

The post Изложбата на илустрации од „Литера“ се пресели во Рамстор мол appeared first on Република.

]]>

Изложбата која беше дел од „Литера“, меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца, се пресели во Рамстор мол во Центар. Посетителите на Рамстор мол ќе можат да ги видат илустрациите од реномираните турски автори: Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, како и од домашната минатогодишна наградена илустраторка Наташа Андонова. Изложбата ќе биде отворена во Рамстор мол до средината на јуни. Овој потег ќе им овозможи на многу повеќе посетители да уживаат во прекрасните илустрации и да се запознаат со работата на овие извонредни уметници. Преселувањето на изложбата во Рамстор мол ќе ја приближи уметноста до јавноста овозможувајќи им на сите љубители на уметноста, но и на оние кои случајно ќе се најдат во молот, да се инспирираат и да уживаат во оваа уникатна поставка. Оваа изложба е ретка можност да се видат дела од странски и домашни автори на едно место, при што посетителите ќе можат да ги почувствуваат различните стилови и пристапи во илустрацијата. „Литера“ е меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца кој се одржува во Скопје. Секоја година тој го претставува најдоброто од книжевноста и уметноста за деца, создавајќи простор за оригинален концепциски израз. Шестото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ се одржа од 15 до 18 мај, во Младински културен центар во Скопје. Со претставување на работата на тројца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја беше во фокусот на 6. фестивалско издание. Во рамките на „Литера“ беше организиран и Саем на литература за деца, на кој повеќе македонски издавачи ги претставија своите најнови изданија, а организираа и средби со автори и промотивни настани. Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Димитар Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле Фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

The post Изложбата на илустрации од „Литера“ се пресели во Рамстор мол appeared first on Република.

]]>
Доделени наградите Литера 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dodeleni-nagradite-litera-2024/ Sun, 19 May 2024 08:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=779739

Вчерашниот, последниот ден на Литера помина во знакот на две работилници за деца и тоа со двете реномирани илустраторки, Наташа Андонова и Наталија Лукомска, како и со работилница со Ена Абјаниќ Чаусидис која за најмалите подготви соодветни активности. Со перформансот на учениците од средното интернационално училиште Мариф, „Јас сум човек“ завршија настаните кои беа предвидени за годинешното издание на Литера и на крајот од фестивалот традиционално беа доделени наградите за најдобри книжевни и визуелни остварувања од областа на литературата за деца.

 

Награда за најдобра илустрација

„Си беше еднаш… Најубавите бајки на сите времиња“ илустрација Наталија Лукомска, адаптација на текст Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс ламина“

 

Во ова дело Наталија Лукомска ни ги отвора портите на најубавите бајки во светот преку еден поинаков, нејзин свет. Добро познатите ликови од приказните ни ги претсатвува преку чисти форми и јасен ликовен израз. Преку нив таа ги изразува емоциите на ликовите и карактерите на поедноставен начин нè воведува во комплексен свет. Користи фигурација со убава стилизација и геометризација. Текстурите се убави, потсетуваат на старите приказни на источноевропските уметници, но со еден исклучително свеж и модерен приказ. Илустрацијата се движи со убава динамика низ приказните, особено преку впечатливиот контраст, иако е ограничена палетата на секоја илустрација. Стилот е задржан низ целата книга во една исклучителна хармонија.

 

Награда за најдобар текст

текст Живко Грозданоски, илустрации Воскресија Андреевска, издание на „Чудна шума“

 

„Белите глувчиња / Страшната наезда на зелените вошки / Црните овци“ се три поединечни, но поврзани приказни. На многу автентичен, интересен начин ù се приближува на детската публика, нудејќи неверојатен хумор што може да го разберат и најмалите.

Ова издание е подеднакво интересно и забавно и за возрасната публика. Грозданоски се навраќа на старите добри поговорки и им дава своја интерпретација. Тој ги прави разбирливи и адаптирани за децата, а ќе ве засмеат и вам читајќи им ги на децата. Го издвоивме текстот на оваа сликовница затоа што е посебен, различен, оригинален и се навраќа на слатката детска рима.

 

Награда за сликовница во целина

„Ѕуница“, текст Бранислав Николов, илустрации Иванка Ниба, едиција „Светулка 2“, издание на „Арт & Арт студио Батев“

 

Ова е приказната за снежната земја во која сè е црно и бело, каде четирите другари, Бојана, Птицата, Зајчето и Мендо трагаат по Сонцето за да им ја врати пролетта и боите. Бранислав Николовски низ поетската сказна, во одличен ритам и рима, со внимателно избрани зборови ја втурнал дружината во смела авантура – да ја вратат бојата во својот свет. Иванка Ниба во чекор го следи, на почеток со црно-белиот цртеж каде ни ги открива полека карактерите во сликовницата. Таа умешно ги користи контрастите на позадината со илустративните елементи. На почеток користи чисти и едноставни геометризирани форми, кои полека прераснуваат во површини исполнети со форми, наместа неуредни елементи кои добро функционираат во комбинација со геометризацијата, за повторно да добие смирен ритам во кој полека се внесува боја. Круна на двата елемента, текстот и илустрацијата кои одлично се надополнуваат, е пораката за другарство во книгата која на децата им пренесува моќна порака на преубав начин.

 

 

Признание за СОС Детско село за вложување во креативни изданија што промовираат инклузивност.

 

Признание за Халкбанк А.Д Скопје, како општествено-одговорна компанија за поттикнување на развојот на визуелната култура кај децата преку ликот на Халки.

 

Софија Семенпеева Трајановска, директорка на фестивалот, иа крајот истакна дека со секоја следна Литера целиот тим што работи на него е збогатен со нови искуства и знаења кои ги применува во следните изданија. Се заблагодари на сите кои беа дел од Литера, особено на детската публика заради која Литера е формирана. Таа потенцира дека во 2025 Наталија Лукомска како добитничка за најдобра илустрација ќе има изложба на нејзини илустрации во рамки на седмото издание на Литера.

The post Доделени наградите Литера 2024 appeared first on Република.

]]>

Вчерашниот, последниот ден на Литера помина во знакот на две работилници за деца и тоа со двете реномирани илустраторки, Наташа Андонова и Наталија Лукомска, како и со работилница со Ена Абјаниќ Чаусидис која за најмалите подготви соодветни активности. Со перформансот на учениците од средното интернационално училиште Мариф, „Јас сум човек“ завршија настаните кои беа предвидени за годинешното издание на Литера и на крајот од фестивалот традиционално беа доделени наградите за најдобри книжевни и визуелни остварувања од областа на литературата за деца.   Награда за најдобра илустрација „Си беше еднаш… Најубавите бајки на сите времиња“ илустрација Наталија Лукомска, адаптација на текст Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс ламина“   Во ова дело Наталија Лукомска ни ги отвора портите на најубавите бајки во светот преку еден поинаков, нејзин свет. Добро познатите ликови од приказните ни ги претсатвува преку чисти форми и јасен ликовен израз. Преку нив таа ги изразува емоциите на ликовите и карактерите на поедноставен начин нè воведува во комплексен свет. Користи фигурација со убава стилизација и геометризација. Текстурите се убави, потсетуваат на старите приказни на источноевропските уметници, но со еден исклучително свеж и модерен приказ. Илустрацијата се движи со убава динамика низ приказните, особено преку впечатливиот контраст, иако е ограничена палетата на секоја илустрација. Стилот е задржан низ целата книга во една исклучителна хармонија.   Награда за најдобар текст текст Живко Грозданоски, илустрации Воскресија Андреевска, издание на „Чудна шума“   „Белите глувчиња / Страшната наезда на зелените вошки / Црните овци“ се три поединечни, но поврзани приказни. На многу автентичен, интересен начин ù се приближува на детската публика, нудејќи неверојатен хумор што може да го разберат и најмалите. Ова издание е подеднакво интересно и забавно и за возрасната публика. Грозданоски се навраќа на старите добри поговорки и им дава своја интерпретација. Тој ги прави разбирливи и адаптирани за децата, а ќе ве засмеат и вам читајќи им ги на децата. Го издвоивме текстот на оваа сликовница затоа што е посебен, различен, оригинален и се навраќа на слатката детска рима.   Награда за сликовница во целина „Ѕуница“, текст Бранислав Николов, илустрации Иванка Ниба, едиција „Светулка 2“, издание на „Арт & Арт студио Батев“   Ова е приказната за снежната земја во која сè е црно и бело, каде четирите другари, Бојана, Птицата, Зајчето и Мендо трагаат по Сонцето за да им ја врати пролетта и боите. Бранислав Николовски низ поетската сказна, во одличен ритам и рима, со внимателно избрани зборови ја втурнал дружината во смела авантура – да ја вратат бојата во својот свет. Иванка Ниба во чекор го следи, на почеток со црно-белиот цртеж каде ни ги открива полека карактерите во сликовницата. Таа умешно ги користи контрастите на позадината со илустративните елементи. На почеток користи чисти и едноставни геометризирани форми, кои полека прераснуваат во површини исполнети со форми, наместа неуредни елементи кои добро функционираат во комбинација со геометризацијата, за повторно да добие смирен ритам во кој полека се внесува боја. Круна на двата елемента, текстот и илустрацијата кои одлично се надополнуваат, е пораката за другарство во книгата која на децата им пренесува моќна порака на преубав начин.     Признание за СОС Детско село за вложување во креативни изданија што промовираат инклузивност.   Признание за Халкбанк А.Д Скопје, како општествено-одговорна компанија за поттикнување на развојот на визуелната култура кај децата преку ликот на Халки.   Софија Семенпеева Трајановска, директорка на фестивалот, иа крајот истакна дека со секоја следна Литера целиот тим што работи на него е збогатен со нови искуства и знаења кои ги применува во следните изданија. Се заблагодари на сите кои беа дел од Литера, особено на детската публика заради која Литера е формирана. Таа потенцира дека во 2025 Наталија Лукомска како добитничка за најдобра илустрација ќе има изложба на нејзини илустрации во рамки на седмото издание на Литера.

The post Доделени наградите Литера 2024 appeared first on Република.

]]>
Четири креативни работилници за деца, Саем на книга и доделување награди на „Литера 2024“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chetiri-kreativni-rabotilnitsi-za-detsa-saem-na-kniga-i-dodeluvane-nagradi-na-litera-2024/ Sat, 18 May 2024 09:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=779444

Co ликовната работилница за деца „Летаме заедно“ што ќе ја води илустраторката Наташа Андонова, денеска во Младинскиот културен центар во Скопје почнува последниот ден од 6. Меѓународен литературен фестивал „Литера“.

Во 12 часот ќе се одржи работилницата „Си беше еднаш“ со илустраторката Наталија Лукомскa, а за 13 часот е закажана промоција и работилница за едиција „Неуредните“ – Мависол Јенер (Бата прес). Потоа е предвидено потпишување книги и средба со писатели, а во 14 часот ќе бидат доделени наградите на „Литера 2024“ со што ќе биде затворен фестивалот.

На „Литера“ вчера работилница за студенти и илустратори одржа турскиот илустратор Мурат Калкаван. Тој ги претстави своите илустрации и анимации, а студентите се интересираа за начинот како ги креира ликовите, колку време му треба да заврши одреден проект и слично. Во фоајето на МКЦ беше промовирана сликовницата „Здраво, јас сум Досада“ на авторката Гаје Г. Оздамар, и илустраторката Шејда Унал, од Турција.

Покровител на настанот е македонското Министерство за култура.

The post Четири креативни работилници за деца, Саем на книга и доделување награди на „Литера 2024“ appeared first on Република.

]]>

Co ликовната работилница за деца „Летаме заедно“ што ќе ја води илустраторката Наташа Андонова, денеска во Младинскиот културен центар во Скопје почнува последниот ден од 6. Меѓународен литературен фестивал „Литера“. Во 12 часот ќе се одржи работилницата „Си беше еднаш“ со илустраторката Наталија Лукомскa, а за 13 часот е закажана промоција и работилница за едиција „Неуредните“ – Мависол Јенер (Бата прес). Потоа е предвидено потпишување книги и средба со писатели, а во 14 часот ќе бидат доделени наградите на „Литера 2024“ со што ќе биде затворен фестивалот. На „Литера“ вчера работилница за студенти и илустратори одржа турскиот илустратор Мурат Калкаван. Тој ги претстави своите илустрации и анимации, а студентите се интересираа за начинот како ги креира ликовите, колку време му треба да заврши одреден проект и слично. Во фоајето на МКЦ беше промовирана сликовницата „Здраво, јас сум Досада“ на авторката Гаје Г. Оздамар, и илустраторката Шејда Унал, од Турција. Покровител на настанот е македонското Министерство за култура.

The post Четири креативни работилници за деца, Саем на книга и доделување награди на „Литера 2024“ appeared first on Република.

]]>
Денеска на „Литера“ трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-na-litera-tribina-na-tema-golemi-prikazni-od-mali-zemji-sredba-so-pisatelkata-zejnep-sevde/ Thu, 16 May 2024 08:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=778622

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6. Меѓународен фестивал за литература и илустрација „Литера“, што беше отворен синоќа во Младинскиот културен центар. Денот ќе започне со мастерклас посветен на Гизем Ѓозде Учар, наменета за илустратори и студенти. Два часа подоцна ќе следува средба со писателката за деца Зејнеп Севде од Турција.

[caption id="attachment_778633" align="alignnone" width="750"] Турската писателка за деца Зејнеп Севде[/caption]

Во 13 часот авторката Александра Тодоровиќ ќе одржи две работилници со наслов „Мистериозниот град под калето“, наменети за деца од 8 до 10 години. Ќе следува работилница за 2Д-анимација.

Богата програма ќе следува и во попладневните часови. Во „Експо зоната“ на фестивалот, во 17 часот авторот Никола Маџиров ќе се сретне со својата публика и ќе разговара за неговата прва книга за деца - „Рокчето“.

Во 18 часот следуваат две работилници за деца. Едната е на тема „Летаме заедно со Бони и неговата волшебна торба“ со специјален едукатор и рехабилитатор м-р Катерина Димова во Креативниот корнер на фестивалот, а другата, во организација на „Арс ламина“ е работилница инспирирана од серијалите „Мирабела“ и „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер.

Во секое издание на „Литера“ организираме и тркалезни маси на одредена тема што е важна за издаваштвото за деца и за илустрацијата. Овојпат во 19 часот ќе разговараме на темата „Големи приказни од мали земји“. Трибината ќе ја модерира Сребра Ѓорѓијевска, а учествуваат: Никола Маџиров, Јулијана Величковска, Живко Грозданоски и Гоце Наумов.

Веднаш потоа, од 20 часот во рамките на ОФФ програмата на фестивалот следува креативна работилница за возрасни, што ќе ја види актерката Ангела Стојановска.

 

 

The post Денеска на „Литера“ трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде appeared first on Република.

]]>

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6. Меѓународен фестивал за литература и илустрација „Литера“, што беше отворен синоќа во Младинскиот културен центар. Денот ќе започне со мастерклас посветен на Гизем Ѓозде Учар, наменета за илустратори и студенти. Два часа подоцна ќе следува средба со писателката за деца Зејнеп Севде од Турција. [caption id="attachment_778633" align="alignnone" width="750"] Турската писателка за деца Зејнеп Севде[/caption] Во 13 часот авторката Александра Тодоровиќ ќе одржи две работилници со наслов „Мистериозниот град под калето“, наменети за деца од 8 до 10 години. Ќе следува работилница за 2Д-анимација. Богата програма ќе следува и во попладневните часови. Во „Експо зоната“ на фестивалот, во 17 часот авторот Никола Маџиров ќе се сретне со својата публика и ќе разговара за неговата прва книга за деца - „Рокчето“. Во 18 часот следуваат две работилници за деца. Едната е на тема „Летаме заедно со Бони и неговата волшебна торба“ со специјален едукатор и рехабилитатор м-р Катерина Димова во Креативниот корнер на фестивалот, а другата, во организација на „Арс ламина“ е работилница инспирирана од серијалите „Мирабела“ и „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер. Во секое издание на „Литера“ организираме и тркалезни маси на одредена тема што е важна за издаваштвото за деца и за илустрацијата. Овојпат во 19 часот ќе разговараме на темата „Големи приказни од мали земји“. Трибината ќе ја модерира Сребра Ѓорѓијевска, а учествуваат: Никола Маџиров, Јулијана Величковска, Живко Грозданоски и Гоце Наумов. Веднаш потоа, од 20 часот во рамките на ОФФ програмата на фестивалот следува креативна работилница за возрасни, што ќе ја види актерката Ангела Стојановска.    

The post Денеска на „Литера“ трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде appeared first on Република.

]]>
„Литера“ на Скопје му носи културна свежина, препознатливост и пред сè квалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/litera-na-skopje-mu-nosi-kulturna-svezhina-prepoznatlivost-i-pred-se-kvalitet/ Wed, 15 May 2024 09:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=778181

„Литера“ е на сите, на публиката, на уметниците, на издавачите и на секој кој има што да покаже и каже во областа, вели Софија Семенпеева - Трајановска, основач и директор на фестивалот за литература и илустрација за деца и млади „Литера“, кој почнува денеска и ќе трае до 18 мај во Скопје. Настаните ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар (МКЦ), а Турција е земја во фокусот.

Од „Литера“ најавуваат изложби на гостите илустратори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и разговор со авторката Зејнеп Севде Паксу. Ќе се организира и изложба во чест на претходниот добитник на наградата „Литера“, на која ќе биде претставен илустраторскиот опус на Наташа Андонова, која е авторка на плакатот на годинашното издание на „Литера“. Првпат ќе се одржи и Саем на сликовници и литература за деца и млади...

„Литера“ станува сериозен бренд на градот Скопје. Со тоа и обврските се сè поголеми и организациски и финасиски, вели во интервју за „Република“ Семенпеева- Трајановска, која е графички дизајнер со долгогодишно професионално искуство во делот на маркетингот и визулените комуникации.

Има работено на голем број корпоративни проекти, како и на проекти од областа на културата и општествената одговорност. Особено значајни за изградба на нејзиното професионално искуство и портфолио е ангажманот на проекти како ИФФК „Браќа Манаки“, фестивалот МакеДокс и креирањето маркетинг кампањи за познати домашни компании. Како основач и сопственик на Центарот за визулени комуникации Ефектива, таа е идеен творец и двигател на повеќе проекти како „Литера“, Skopje Street Music Festival, серијата настани „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ и други.

Пред нас е шестото издание на Меѓународниот фестивал за Литература и илустрација за деца „Литера“ Кога ќе погледнете назад, дали сте задоволни од она што досега го сработивте?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Кога нешто создавате од почеток со секој следен чекор се учи, така и ние. „Литера“ е фестивал кој од година во година станува сè подобар и поуспешен. Станува сериозен бренд на градот Скопје. Со тоа и обврските се сè поголеми и организациски и финасиски. Се бориме да создадеме сериозен фестивал. Тимот на „Литера“ го става „срцето на терен“ сите имаме ентузијазам и се трудиме да го покажеме во најдобро светло и најважно делата погласно зборуваат од нас. Тоа е суштината. Задоволна сум и презадоволна, секогаш може подобро, ама со оглед на тоа што го имаме, ентузијазмот и посветеноста не доведоа до шестото издание на „Литера“. Се додека имаме љубов во себе за да создаваме големи работи кои обединуваат култура, уметност, ќе креираме оригинални концепти и содржини на можеби единствениот од ваков тип фестивал кај нас и во регионот. Имаме визија, имаме сериозна мисија и чекориме. Некогаш по стрмни угорнини, некогаш по лесни патеки, но тоа е процесот на создавањето.

Секое издание на „Литера“ е богато со промоции, работилиници, изложби. За оваа година најавувате Саем на литература за деца на кој македонските издавачи ќе ги претстават своите изданија. Колку време ви беше потребно да го реализирате Саемот? 

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Самот на сликовница е од самиот почеток ни ставен во концептот. Немавме искуство и некако се плашевме низ годините да се впуштиме во оваа приказна. Годинава храбро зачекоривме, можеби скромно, но со тенденција да расте и да се развива. На фестивалот му се потребни издавачите, сакаме да сме сите на едно место во одерено време во годината. „Литера“ е на сите, на публиката, на уметниците, на издавачите и на секој кој има што да покаже и каже во областа.

Штом има Саем, значи има и издавачи на литература за деца. Какво е вашето мислење за литературата за деца која се издава во Македонија?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Имаме сериозни дела. Годинава не случајно одиме со слоганот „Летаме заедно“, сметам дека ни фали заедништво, ни фали поголема меѓусебна соработка. Некако натпреварувањето не нè носи до поголеми цели. Многу малку треба за да се обединиме со иста цел. Литературата за деца станува побогата секоја година, се пишува, се твори, на сцена излегуваат постојано нови имиња и сè што можам да кажам е дека Македонија има квалитетни имиња кои заслужуваат да излезат и надвор од границите, да бидат преведувани на светски јазици и конечно авторите и воопшто уметниците да бидат валоризирани како што доликува. Македонија е земја богата историја, традиција, култура која заслужува да биде раскажувана и прераскажувана. Најубавите приказни доаѓаат од малите земји. Верувам дека доаѓаат се подобри времиња кога е во прашање литературата за деца и млади.

Ако литературата за деца кај нас доживува ренесанса, може ли да говориме дека Саемот кој го организирате оваа година може и би требало да стане традиционален? Верувам дека сте го посетиле и оттаму црпите и идеи од Саемот за книги за деца во Болоња.

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Не би рекла дека литературата за деца доживува ренесанса, имало и досега квалитетна литературата во корелација со генерациите и времето во која се објавувала. Сега на овие генрации им се потребни можеби поинакви формати на приказни, меѓутоа суштината е иста, сепак истите вредности остануваат да важат и да едуцираат. Околу визуелниот дел, тој се менува во однос на стиловите кои преовладуваат во определен период. Секое време си носи и свои визуелен печат. Болоња е наша инспирација, тоа е она кон кое што се стремиме. На едно место да донесеме издавачи, автори, илустратори, графичари, преведувачи од целиот регион, па и од Европа е цел која би сакале да ја реализираме во блиска иднина. Фестивалот допрва ќе расте и ќе се развива, имаме огромен потенцијал, штета е да не се искористи тоа.

[caption id="attachment_778190" align="alignnone" width="516"] Литературата за деца станува побогата секоја година, вели Семенппеева - Трајановска[/caption]

Што е она што може да се издвои од македонската литературата за деца во однос на останатите? Тука, секако мислам и на македонските илустратори, што може ние да му понудиме на светот?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Македонската литературата е навистина автентична, во голем дел се приклонува на културното наследство од кое црпи инспирација и тоа е еден добар правец кон кој треба да се држиме, како што тоа го прави и светот. Секогаш кога остануваш доследен на корените и на она што те формира е сигурен пат до успехот, не можеш да промашиш. Илустрацијата и уметноста може да се носи рамо до рамо со светски имиња од оваа област. Уметноста ни е запишана во гените, ако ги погледнеме материјалните докази од пред неколку векови, од изработка на носии, колорит, дезени, ако ги погледнеме современите книги за деца гледаме дека ни малку не изостануваме пред светот. Оваа земја е лулка на културата, врз која почиваат и многу други.

Често истакнувате дека илустрацијата е клучот за градење на визулената култура. Вложувате многу напор организирајќи ја „Литера“ со цел уметноста да ја доближите до децата кои го посетиле Фестивалот. Макар и едно од нив еден ден да стане писателл или илустратор сте ја постигнале целта. Како Вие ја дожувавате „Литера“?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Градењето на идна публика, развивање на читателски вештини, развојот на креативноста кај децата од мали е нозе се точки на кои посветуваме големо внимание. Многу труд вложуваме во децата. Важно е со каква визуелна култура ги растеме децата, важно е да има критериуми за квалитетна илустрација. Тоа е првиот допир на детето со визуелното. Илустрацијата како медиум најмногу допира до децата, до младите генерации и токму затоа ја потенцирам нејзината важност, како клучна за градење на визуелната култура. Важноста на визуелната комуникација во денешно време е од огромно значење. Живееме во ера кога визуелните приказни се единствените приказни на кои реагираат младите и нивната генерација. Опкружени сме со голем број визуелни информации и многу е важен квалитетот. Како маркетинг агенција секогаш се стремиме на компаниите да им објаснеме дека клучот е во квалитетна визуелна комуникација. Сите тие слики ја градат големата слика за нашето општество. Сите заедно креираат визуелна култура на нашата држава. Наше брендирање внатре, но и сликата за надвор.

Оваа година земја во фокусот на „Литера“ е Турција, а гости на Фестивалот ќе бидат Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Зејнеп Севде, современи автори и илустратори за деца. За пошироката поублика можеби помалку познати, но за оние кои се бават со оваа уметност, знаат дека Турицја има голем потенцијал и пазар за литература за деца. Што ќе им понудат тие на посетитетите?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Гизем Ѓозде Учар и Зејнеп Севде доаѓаат како специјални гости од Турција на „Литера“. Тие во склоп на фестивалот ќе одржат мастеркласови, работилници и посетителите ќе имаат можност да поразговараат со нив, да се запознаат со нивната работа и да научат нешто околу илустрацијата. Гизем Ѓозде Учар ќе одржи мастерклас на 16 мај со почеток во 10 часот во МКЦ, каде се одвива целиот фестивал. На мастеркласот таа ќе покаже како се раскажува приказна преку цртежи. Зејнеп Севде истиот ден во 12 часот ќе раскаже за нејзината работа и за книгите кои ги пишува.

Темата годинава е „Летаме заедно“, авторка на плакатот е Наташа Андонова, добитничка на наградата за најдобра илустрација на ланското издание на „Литера“. Колку што можам за забележам во фокусот, освен книгата и е градот Скопје. Дали сметате дека „Литера“ станува бренд на Скопје?

СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: „Литера“ на Скопје му носи културна свежина, му носи препознатливост и му носи пред сè квалитет. „Литера“ гради мостови со различни култури, токму затоа е и меѓународен фестивал кој секоја година има различна земја во фокус со цел да се запознае македонската публика со други култури, литература и илустрација. Темата и пораката на годинашниот плакат е навистина суштинска и значајна. Сакаме секој да си ја протолкува на свој начин, но и сите да разбереме дека суштина лежи во заедништвото и меѓусебната почит и поддршка. Да изградиме слика и време кои ќе остават трага на заедништво и почит. Нашите деца да учат од нашите примери за вистински вредности.

Разговараше Александра М. Бундалевска

The post „Литера“ на Скопје му носи културна свежина, препознатливост и пред сè квалитет appeared first on Република.

]]>

„Литера“ е на сите, на публиката, на уметниците, на издавачите и на секој кој има што да покаже и каже во областа, вели Софија Семенпеева - Трајановска, основач и директор на фестивалот за литература и илустрација за деца и млади „Литера“, кој почнува денеска и ќе трае до 18 мај во Скопје. Настаните ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар (МКЦ), а Турција е земја во фокусот. Од „Литера“ најавуваат изложби на гостите илустратори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и разговор со авторката Зејнеп Севде Паксу. Ќе се организира и изложба во чест на претходниот добитник на наградата „Литера“, на која ќе биде претставен илустраторскиот опус на Наташа Андонова, која е авторка на плакатот на годинашното издание на „Литера“. Првпат ќе се одржи и Саем на сликовници и литература за деца и млади...
„Литера“ станува сериозен бренд на градот Скопје. Со тоа и обврските се сè поголеми и организациски и финасиски, вели во интервју за „Република“ Семенпеева- Трајановска, која е графички дизајнер со долгогодишно професионално искуство во делот на маркетингот и визулените комуникации.
Има работено на голем број корпоративни проекти, како и на проекти од областа на културата и општествената одговорност. Особено значајни за изградба на нејзиното професионално искуство и портфолио е ангажманот на проекти како ИФФК „Браќа Манаки“, фестивалот МакеДокс и креирањето маркетинг кампањи за познати домашни компании. Како основач и сопственик на Центарот за визулени комуникации Ефектива, таа е идеен творец и двигател на повеќе проекти како „Литера“, Skopje Street Music Festival, серијата настани „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ и други. Пред нас е шестото издание на Меѓународниот фестивал за Литература и илустрација за деца „Литера“ Кога ќе погледнете назад, дали сте задоволни од она што досега го сработивте? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Кога нешто создавате од почеток со секој следен чекор се учи, така и ние. „Литера“ е фестивал кој од година во година станува сè подобар и поуспешен. Станува сериозен бренд на градот Скопје. Со тоа и обврските се сè поголеми и организациски и финасиски. Се бориме да создадеме сериозен фестивал. Тимот на „Литера“ го става „срцето на терен“ сите имаме ентузијазам и се трудиме да го покажеме во најдобро светло и најважно делата погласно зборуваат од нас. Тоа е суштината. Задоволна сум и презадоволна, секогаш може подобро, ама со оглед на тоа што го имаме, ентузијазмот и посветеноста не доведоа до шестото издание на „Литера“. Се додека имаме љубов во себе за да создаваме големи работи кои обединуваат култура, уметност, ќе креираме оригинални концепти и содржини на можеби единствениот од ваков тип фестивал кај нас и во регионот. Имаме визија, имаме сериозна мисија и чекориме. Некогаш по стрмни угорнини, некогаш по лесни патеки, но тоа е процесот на создавањето. Секое издание на „Литера“ е богато со промоции, работилиници, изложби. За оваа година најавувате Саем на литература за деца на кој македонските издавачи ќе ги претстават своите изданија. Колку време ви беше потребно да го реализирате Саемот?  СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Самот на сликовница е од самиот почеток ни ставен во концептот. Немавме искуство и некако се плашевме низ годините да се впуштиме во оваа приказна. Годинава храбро зачекоривме, можеби скромно, но со тенденција да расте и да се развива. На фестивалот му се потребни издавачите, сакаме да сме сите на едно место во одерено време во годината. „Литера“ е на сите, на публиката, на уметниците, на издавачите и на секој кој има што да покаже и каже во областа. Штом има Саем, значи има и издавачи на литература за деца. Какво е вашето мислење за литературата за деца која се издава во Македонија? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Имаме сериозни дела. Годинава не случајно одиме со слоганот „Летаме заедно“, сметам дека ни фали заедништво, ни фали поголема меѓусебна соработка. Некако натпреварувањето не нè носи до поголеми цели. Многу малку треба за да се обединиме со иста цел. Литературата за деца станува побогата секоја година, се пишува, се твори, на сцена излегуваат постојано нови имиња и сè што можам да кажам е дека Македонија има квалитетни имиња кои заслужуваат да излезат и надвор од границите, да бидат преведувани на светски јазици и конечно авторите и воопшто уметниците да бидат валоризирани како што доликува. Македонија е земја богата историја, традиција, култура која заслужува да биде раскажувана и прераскажувана. Најубавите приказни доаѓаат од малите земји. Верувам дека доаѓаат се подобри времиња кога е во прашање литературата за деца и млади. Ако литературата за деца кај нас доживува ренесанса, може ли да говориме дека Саемот кој го организирате оваа година може и би требало да стане традиционален? Верувам дека сте го посетиле и оттаму црпите и идеи од Саемот за книги за деца во Болоња. СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Не би рекла дека литературата за деца доживува ренесанса, имало и досега квалитетна литературата во корелација со генерациите и времето во која се објавувала. Сега на овие генрации им се потребни можеби поинакви формати на приказни, меѓутоа суштината е иста, сепак истите вредности остануваат да важат и да едуцираат. Околу визуелниот дел, тој се менува во однос на стиловите кои преовладуваат во определен период. Секое време си носи и свои визуелен печат. Болоња е наша инспирација, тоа е она кон кое што се стремиме. На едно место да донесеме издавачи, автори, илустратори, графичари, преведувачи од целиот регион, па и од Европа е цел која би сакале да ја реализираме во блиска иднина. Фестивалот допрва ќе расте и ќе се развива, имаме огромен потенцијал, штета е да не се искористи тоа. [caption id="attachment_778190" align="alignnone" width="516"] Литературата за деца станува побогата секоја година, вели Семенппеева - Трајановска[/caption] Што е она што може да се издвои од македонската литературата за деца во однос на останатите? Тука, секако мислам и на македонските илустратори, што може ние да му понудиме на светот? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Македонската литературата е навистина автентична, во голем дел се приклонува на културното наследство од кое црпи инспирација и тоа е еден добар правец кон кој треба да се држиме, како што тоа го прави и светот. Секогаш кога остануваш доследен на корените и на она што те формира е сигурен пат до успехот, не можеш да промашиш. Илустрацијата и уметноста може да се носи рамо до рамо со светски имиња од оваа област. Уметноста ни е запишана во гените, ако ги погледнеме материјалните докази од пред неколку векови, од изработка на носии, колорит, дезени, ако ги погледнеме современите книги за деца гледаме дека ни малку не изостануваме пред светот. Оваа земја е лулка на културата, врз која почиваат и многу други. Често истакнувате дека илустрацијата е клучот за градење на визулената култура. Вложувате многу напор организирајќи ја „Литера“ со цел уметноста да ја доближите до децата кои го посетиле Фестивалот. Макар и едно од нив еден ден да стане писателл или илустратор сте ја постигнале целта. Како Вие ја дожувавате „Литера“? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Градењето на идна публика, развивање на читателски вештини, развојот на креативноста кај децата од мали е нозе се точки на кои посветуваме големо внимание. Многу труд вложуваме во децата. Важно е со каква визуелна култура ги растеме децата, важно е да има критериуми за квалитетна илустрација. Тоа е првиот допир на детето со визуелното. Илустрацијата како медиум најмногу допира до децата, до младите генерации и токму затоа ја потенцирам нејзината важност, како клучна за градење на визуелната култура. Важноста на визуелната комуникација во денешно време е од огромно значење. Живееме во ера кога визуелните приказни се единствените приказни на кои реагираат младите и нивната генерација. Опкружени сме со голем број визуелни информации и многу е важен квалитетот. Како маркетинг агенција секогаш се стремиме на компаниите да им објаснеме дека клучот е во квалитетна визуелна комуникација. Сите тие слики ја градат големата слика за нашето општество. Сите заедно креираат визуелна култура на нашата држава. Наше брендирање внатре, но и сликата за надвор. Оваа година земја во фокусот на „Литера“ е Турција, а гости на Фестивалот ќе бидат Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Зејнеп Севде, современи автори и илустратори за деца. За пошироката поублика можеби помалку познати, но за оние кои се бават со оваа уметност, знаат дека Турицја има голем потенцијал и пазар за литература за деца. Што ќе им понудат тие на посетитетите? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: Гизем Ѓозде Учар и Зејнеп Севде доаѓаат како специјални гости од Турција на „Литера“. Тие во склоп на фестивалот ќе одржат мастеркласови, работилници и посетителите ќе имаат можност да поразговараат со нив, да се запознаат со нивната работа и да научат нешто околу илустрацијата. Гизем Ѓозде Учар ќе одржи мастерклас на 16 мај со почеток во 10 часот во МКЦ, каде се одвива целиот фестивал. На мастеркласот таа ќе покаже како се раскажува приказна преку цртежи. Зејнеп Севде истиот ден во 12 часот ќе раскаже за нејзината работа и за книгите кои ги пишува. Темата годинава е „Летаме заедно“, авторка на плакатот е Наташа Андонова, добитничка на наградата за најдобра илустрација на ланското издание на „Литера“. Колку што можам за забележам во фокусот, освен книгата и е градот Скопје. Дали сметате дека „Литера“ станува бренд на Скопје? СЕМЕНПЕЕВА - ТРАЈАНОВСКА: „Литера“ на Скопје му носи културна свежина, му носи препознатливост и му носи пред сè квалитет. „Литера“ гради мостови со различни култури, токму затоа е и меѓународен фестивал кој секоја година има различна земја во фокус со цел да се запознае македонската публика со други култури, литература и илустрација. Темата и пораката на годинашниот плакат е навистина суштинска и значајна. Сакаме секој да си ја протолкува на свој начин, но и сите да разбереме дека суштина лежи во заедништвото и меѓусебната почит и поддршка. Да изградиме слика и време кои ќе остават трага на заедништво и почит. Нашите деца да учат од нашите примери за вистински вредности. Разговараше Александра М. Бундалевска

The post „Литера“ на Скопје му носи културна свежина, препознатливост и пред сè квалитет appeared first on Република.

]]>
Под мотото „Летаме заедно“ 6. издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ од 15-18 мај во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pod-mototo-letame-zaedno-6-izdanie-na-festivalot-za-literatura-i-ilustratsija-za-detsa-litera-od-15-18-maj-vo-mkts/ Mon, 13 May 2024 12:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=777607

Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера” ќе се одржи од 15 до 18 мај под мотото „Летаме заедно'“ во Младински културен центар.

Во среда (15 мај) напладне ќе биде отворен саемскиот дел на Фестивалот, а свеченото отворање е закажано за 19 часот, по кое следува музичка програма.

Оваа година земја во фокус на Литера ќе биде Турција, од каде како гости на Фестивалот доаѓаат Гизем Ѓозде Учар, Зејнеп Севде Паксу, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, илустратори и автори на книги за деца. Гизем Ѓозде Учар во четврток ( 16 мај) ќе одржи мастер клас во 10 часот, а два часа подоцна е закажана средба со авторката Зејнеп Севде Паксу, чија домаќина ќе биде Александра Тодоровиќ . Во петок (17 мај) во 10 часот работилница за илустрација ќе одржи Серхат Албамја, а два часа подоцна ќе биде претставено творештвото на Мурат Калкаван, кој истиот ден во 18 часот ќе одржи работилница за деца од 8-12 годишна возраст.

Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Нејзините книги не само што забавуваат туку и ги образуваат малите умови, поттикнувајќи ги на креативност и размислување. Со долгогодишно искуство и многу книги во нејзиното портфолио, Гизем Ѓозде Учар претставува еден од најзначајните современи гласови во литературата за деца. Таа ќе одржи мастерклас на 16 мај во 10 часот наменет за илустратори и студенти.

Серхат Албамја е роден во Бурса во 1985 година. Илустрирал детски книги и цртал за месечни детски списанија. Откако имал одредено искуство во изработка на содржини за детски медиуми, напишал и режирал неколку анимирани проекти. Homur & Gumur се емитуваше во различни земји, а некои од неговите книги беа преведени на различни јазици. Сега работи во компанија за мобилни игри и пишува нови приказни за деца.

Мурат Калкаван, илустратор и уметник, роден е во Истанбул во 1983 година. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Мармара, тој се занимава со илустрација за проекти за рекламни агенции, брендови и издавачи на детски книги.Работел како уметнички директор за многу независни проекти за игри и произведувал визуелни слики кои го изразуваат неговиот стил.Калкаван го изразува својот свет нагласувајќи ги живописните бои и хумористичните елементи во неговите илустрации и го комбинира овој пристап со различни техники и уникатни карактери. Продолжува да работи од неговото студио во Скопје. Неговото творештво ќе биде промовирано на 17 мај во 12 часот. Гостинка на фестивалот ќе биде и турската писателка за деца Зејнеп Севде, со која публиката ќе може да се сретне на 16 мај во 12 часот.

Ние сме многу горди што стигнавме до шестото издание на Литера, проект кој го започнавме група ентузијасти во 2018 година. Овој фестивал е израз на нашата преданост кон креативноста и културното наследство, а оваа година ние го прославуваме во Младинскиот Културен Центар, каде овој настан најмногу припаѓа, на младите. За прв пат, во рамките на Литера, навистина сме возбудени да најавиме и Меѓународно Биенале на илустрација што ќе се одржи следната година. Освен тоа, во склоп на годинешната Литера ќе има и Саем на литература за деца, една идеја што природно се вклопува во концепцијата на фестивалот, бидејќи публиката го бара тоа.“ - изјави Софија Семенпеева Трајановска, директор на фестивалот.

Организаторите на Фестивалот, соопштија дека годинава за  прв пат во рамките на фестивалот ќе биде организиран Саем на литература за деца, каде македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа ќе се организираат средби со автори, промотивни активности, работилници, мастеркласови и панел дискусии на интересни теми.

Наташа Андонова, уметница и илустраторка на книги за деца, која ја доби наградата за најдобра илустрација на „Литера“ минатата година, се потпишува зад креацијата на плакатот за шестото издание на „Литера”.

Таа ќе има самостојна изложба на илустрации, како уметник кој учествувал во создавањето на повеќе книги за деца. Андонова, со својата уникатна техника и визија, претставува извонреден пример за креативност и талент. Нејзините илустрации за деца се вистински визуелни поетски дела, кои ги оживуваат приказните и ги претвораат во вистинско литературно патување.

 

 

 

The post Под мотото „Летаме заедно“ 6. издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ од 15-18 мај во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера” ќе се одржи од 15 до 18 мај под мотото „Летаме заедно'“ во Младински културен центар. Во среда (15 мај) напладне ќе биде отворен саемскиот дел на Фестивалот, а свеченото отворање е закажано за 19 часот, по кое следува музичка програма. Оваа година земја во фокус на Литера ќе биде Турција, од каде како гости на Фестивалот доаѓаат Гизем Ѓозде Учар, Зејнеп Севде Паксу, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, илустратори и автори на книги за деца. Гизем Ѓозде Учар во четврток ( 16 мај) ќе одржи мастер клас во 10 часот, а два часа подоцна е закажана средба со авторката Зејнеп Севде Паксу, чија домаќина ќе биде Александра Тодоровиќ . Во петок (17 мај) во 10 часот работилница за илустрација ќе одржи Серхат Албамја, а два часа подоцна ќе биде претставено творештвото на Мурат Калкаван, кој истиот ден во 18 часот ќе одржи работилница за деца од 8-12 годишна возраст.

Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Нејзините книги не само што забавуваат туку и ги образуваат малите умови, поттикнувајќи ги на креативност и размислување. Со долгогодишно искуство и многу книги во нејзиното портфолио, Гизем Ѓозде Учар претставува еден од најзначајните современи гласови во литературата за деца. Таа ќе одржи мастерклас на 16 мај во 10 часот наменет за илустратори и студенти.

Серхат Албамја е роден во Бурса во 1985 година. Илустрирал детски книги и цртал за месечни детски списанија. Откако имал одредено искуство во изработка на содржини за детски медиуми, напишал и режирал неколку анимирани проекти. Homur & Gumur се емитуваше во различни земји, а некои од неговите книги беа преведени на различни јазици. Сега работи во компанија за мобилни игри и пишува нови приказни за деца.

Мурат Калкаван, илустратор и уметник, роден е во Истанбул во 1983 година. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Мармара, тој се занимава со илустрација за проекти за рекламни агенции, брендови и издавачи на детски книги.Работел како уметнички директор за многу независни проекти за игри и произведувал визуелни слики кои го изразуваат неговиот стил.Калкаван го изразува својот свет нагласувајќи ги живописните бои и хумористичните елементи во неговите илустрации и го комбинира овој пристап со различни техники и уникатни карактери. Продолжува да работи од неговото студио во Скопје. Неговото творештво ќе биде промовирано на 17 мај во 12 часот. Гостинка на фестивалот ќе биде и турската писателка за деца Зејнеп Севде, со која публиката ќе може да се сретне на 16 мај во 12 часот.

Ние сме многу горди што стигнавме до шестото издание на Литера, проект кој го започнавме група ентузијасти во 2018 година. Овој фестивал е израз на нашата преданост кон креативноста и културното наследство, а оваа година ние го прославуваме во Младинскиот Културен Центар, каде овој настан најмногу припаѓа, на младите. За прв пат, во рамките на Литера, навистина сме возбудени да најавиме и Меѓународно Биенале на илустрација што ќе се одржи следната година. Освен тоа, во склоп на годинешната Литера ќе има и Саем на литература за деца, една идеја што природно се вклопува во концепцијата на фестивалот, бидејќи публиката го бара тоа.“ - изјави Софија Семенпеева Трајановска, директор на фестивалот.

Организаторите на Фестивалот, соопштија дека годинава за  прв пат во рамките на фестивалот ќе биде организиран Саем на литература за деца, каде македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа ќе се организираат средби со автори, промотивни активности, работилници, мастеркласови и панел дискусии на интересни теми. Наташа Андонова, уметница и илустраторка на книги за деца, која ја доби наградата за најдобра илустрација на „Литера“ минатата година, се потпишува зад креацијата на плакатот за шестото издание на „Литера”. Таа ќе има самостојна изложба на илустрации, како уметник кој учествувал во создавањето на повеќе книги за деца. Андонова, со својата уникатна техника и визија, претставува извонреден пример за креативност и талент. Нејзините илустрации за деца се вистински визуелни поетски дела, кои ги оживуваат приказните и ги претвораат во вистинско литературно патување.      

The post Под мотото „Летаме заедно“ 6. издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ од 15-18 мај во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Водечката турска авторка на книги за деца Зејнеп Севде Паксу гостинка на „Литера“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vodechkata-turska-avtorka-na-knigi-za-detsa-zejnep-sevde-paksu-gostinka-na-litera/ Wed, 08 May 2024 06:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=775183

Оваа година на Фестивалот „Литера“ ќе гостува Зејнеп Севде Паксу, водечка турска авторка на книги за деца и сопственичка на издавачката куќа „Тазе китап“.

Со нејзиниот впечатлив талент и страст за литературата за деца, Паксу ќе биде специјален гостин на Фестивалот, заедно со илустраторите и автори Угур Алтун и Гизем Ѓозде Учар, најави организаоторт.

Фестивалот „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Во светот на литературата за деца, Зејнеп Севде Паксу е препозната како креативна сила која го збогатува и развива ова поле со своите високо оценети приказни. Нејзината сликовница „Коалата што не можеше да заспие“, во превод на Анета Матовска, во издание на „Прозарт медија“, е објавена на македонски јазик. Автор на илустрациите е Серхат Албамја.

Зејнеп Севде Паксу ја истакнува важноста на развивањето на литературата за деца преку инвестирање во образованието и креирање на оригинални содржини што ги вплетуваат традициите и вредностите на Истокот. Нејзината посветеност на ова поле ја прават идеална гостинка за Фестивалот „Литера“, каде што ќе имаме можност да разговараме за нејзиниот влијателен работен процес и водечката улога во развојот на литературата за деца во Турција и пошироко. Македонската читателска публика ќе ја запознае Паксу на специјален книжевен настан, закажан за 16 мај во Експо зона во МКЦ, со почеток од 12 часот, каде што ќе имаат можност и присутните да се вклучат во разговорот со неа.

Ви гарантираме дека присуството на Зејнеп Севде Паксу на Фестивалот „Литера“ ќе биде вистинска мотивација и инспирација за сите љубители на литературата за деца. Не пропуштајте го датумот кога таа ќе има свое обраќање пред македонската публика и ќе разговара за нејзината работа и она што ја води во процесот – велат организаторите.

Кариерата ја започнува во 2001 година. Работи како известувач, уредник, преведувач, директор на издаваштво, автор на книги за деца и референт за авторски права во различни медиуми. Нејзината прва книга за деца е издадена во 2009 година. Досега има објавено над 15 книги за деца.

Во рамките на „Литера“, од 15 до 18 мај, ќе биде организиран и Саем на литература за деца, на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе се организираат средби со автори и промотивни настани.

Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Димитар Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

The post Водечката турска авторка на книги за деца Зејнеп Севде Паксу гостинка на „Литера“ appeared first on Република.

]]>

Оваа година на Фестивалот „Литера“ ќе гостува Зејнеп Севде Паксу, водечка турска авторка на книги за деца и сопственичка на издавачката куќа „Тазе китап“.
Со нејзиниот впечатлив талент и страст за литературата за деца, Паксу ќе биде специјален гостин на Фестивалот, заедно со илустраторите и автори Угур Алтун и Гизем Ѓозде Учар, најави организаоторт.
Фестивалот „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младинскиот културен центар во Скопје. Во светот на литературата за деца, Зејнеп Севде Паксу е препозната како креативна сила која го збогатува и развива ова поле со своите високо оценети приказни. Нејзината сликовница „Коалата што не можеше да заспие“, во превод на Анета Матовска, во издание на „Прозарт медија“, е објавена на македонски јазик. Автор на илустрациите е Серхат Албамја. Зејнеп Севде Паксу ја истакнува важноста на развивањето на литературата за деца преку инвестирање во образованието и креирање на оригинални содржини што ги вплетуваат традициите и вредностите на Истокот. Нејзината посветеност на ова поле ја прават идеална гостинка за Фестивалот „Литера“, каде што ќе имаме можност да разговараме за нејзиниот влијателен работен процес и водечката улога во развојот на литературата за деца во Турција и пошироко. Македонската читателска публика ќе ја запознае Паксу на специјален книжевен настан, закажан за 16 мај во Експо зона во МКЦ, со почеток од 12 часот, каде што ќе имаат можност и присутните да се вклучат во разговорот со неа.
Ви гарантираме дека присуството на Зејнеп Севде Паксу на Фестивалот „Литера“ ќе биде вистинска мотивација и инспирација за сите љубители на литературата за деца. Не пропуштајте го датумот кога таа ќе има свое обраќање пред македонската публика и ќе разговара за нејзината работа и она што ја води во процесот – велат организаторите.
Кариерата ја започнува во 2001 година. Работи како известувач, уредник, преведувач, директор на издаваштво, автор на книги за деца и референт за авторски права во различни медиуми. Нејзината прва книга за деца е издадена во 2009 година. Досега има објавено над 15 книги за деца. Во рамките на „Литера“, од 15 до 18 мај, ќе биде организиран и Саем на литература за деца, на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе се организираат средби со автори и промотивни настани. Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Димитар Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

The post Водечката турска авторка на книги за деца Зејнеп Севде Паксу гостинка на „Литера“ appeared first on Република.

]]>
Автори и илустратори за деца од Турција, гости на „Литера 2024“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/avtori-i-ilustratori-za-detsa-od-turtsija-gosti-na-litera-2024/ Fri, 26 Apr 2024 10:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=771327

Гизем Ѓозде Учар и Угур Алтун, современи автори и илустратори за деца од Турција, ќе бидат гости на претстојното 6. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Гизем Ѓозде Учар, е авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Нејзините книги не само што забавуваат туку и ги образуваат малите умови, поттикнувајќи ги на креативност и размислување. Со долгогодишно искуство и многу книги во нејзиното портфолио, Гизем Ѓозде Учар претставува еден од најзначајните современи гласови во литературата за деца.

Илустрациите на Угур Алтун не само што ги красат страниците, туку и ги оживуваат. Неговиот талент внесува магија во книгите за деца создавајќи светови кои им оставаат длабоки впечатоци на младите читатели. Награден и признат во целиот свет, Угур Алтун со својата уметност и визија ќе го збогати Фестивалот за литература и илустрација за деца.

Оваа година фестивалот „Литера“ ќе биде почестен со присуството на овие двајца исклучителни таленти, чија работа ќе биде во центарот на вниманието. Дел од нивните дела ќе бидат изложени за време на фестивалот, а тие ќе одржат и работилници, што ќе биде одлична можност за размена на идеи и искуства со македонските автори и илустратори за деца.

Во рамките на „Литера“, од 15 до 18 мај, ќе биде организиран и Саем на литература за деца, на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе се организираат средби со автори и промотивни настани.

Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

The post Автори и илустратори за деца од Турција, гости на „Литера 2024“ appeared first on Република.

]]>

Гизем Ѓозде Учар и Угур Алтун, современи автори и илустратори за деца од Турција, ќе бидат гости на претстојното 6. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младинскиот културен центар во Скопје. Гизем Ѓозде Учар, е авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Нејзините книги не само што забавуваат туку и ги образуваат малите умови, поттикнувајќи ги на креативност и размислување. Со долгогодишно искуство и многу книги во нејзиното портфолио, Гизем Ѓозде Учар претставува еден од најзначајните современи гласови во литературата за деца. Илустрациите на Угур Алтун не само што ги красат страниците, туку и ги оживуваат. Неговиот талент внесува магија во книгите за деца создавајќи светови кои им оставаат длабоки впечатоци на младите читатели. Награден и признат во целиот свет, Угур Алтун со својата уметност и визија ќе го збогати Фестивалот за литература и илустрација за деца. Оваа година фестивалот „Литера“ ќе биде почестен со присуството на овие двајца исклучителни таленти, чија работа ќе биде во центарот на вниманието. Дел од нивните дела ќе бидат изложени за време на фестивалот, а тие ќе одржат и работилници, што ќе биде одлична можност за размена на идеи и искуства со македонските автори и илустратори за деца. Во рамките на „Литера“, од 15 до 18 мај, ќе биде организиран и Саем на литература за деца, на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе се организираат средби со автори и промотивни настани. Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

The post Автори и илустратори за деца од Турција, гости на „Литера 2024“ appeared first on Република.

]]>
Турција е земја во фокусот на шестото издание на „Литера“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/turtsija-e-zemja-vo-fokusot-na-shestoto-izdanie-na-litera/ Tue, 16 Apr 2024 11:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=766690

Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младински културен центар. Со претставување на двајца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја ќе биде во фокусот на шестата „Литера“. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран Саем на литература за деца, на кој македонски издавачи ќе ги претстават своите најнови изданија, а ќе организираат и средби со автори и промотивни настани.

Наташа Андонова, уметница и илустраторка на книги за деца, се потпишува зад креацијата на плакатот за шестото издание на „Литера“. Таа во рамките на „Литера“, годинава, ќе има самостојна изложба на илустрации, како уметник кој учествувал во создавањето на повеќе книги за деца. Андонова, со својата уникатна техника и визија, претставува извонреден пример за креативност и талент. Нејзините илустрации за деца се вистински визуелни поетски дела, кои ги оживуваат приказните и ги претвораат во вистинско литературно патување. Таа беше добитничка на наградата за најдобра илустрација на 5. издание на фестивалот „Литера“.

Плакатот треба да служи на намената и да го задржи вниманието на гледачот, особено денес, тоа внимание се сведува на минимум од неколку секунди. Секако треба да повика на љубопитност и со своите ликовни елементи да понуди една целина која ќе има во фокусот доминанта што ќе ја носи нарацијата. Бидејќи темата на 6. издание на „Литера“ е „Летаме зедно” која ни се обраќа на сите нас , на читателите, на децата , ја сместив оваа порака во град, и тоа не кој било град.. Во Скопје, со минимално претставување на модерната архитектура која е идентификациски код на градот, на тој начин одредувајќи ја локацијата на фестивалот, но истовремено да упати дека нам, баш нам, ни е наменета пораката, „Летаме над градот“, како што пееја Екатерина Велика. Носител на нарацијата е девојчето пилот кое имитира фигура на авионче или позиција на полетување. Интерпретацијата на ликот и нејзиното милениче може да биде различна, но секако мојата идеја беше дека највисоката кула во градот е книгата. Истовремено книгата и не е многу различна од една зграда, (дури и по форма!), бидејќи во неа има жители, има толку многу кондензиран живот, автентичен, силен и бучен како и во еден град – вели Андонова.

Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, како и изложбата на Кондовски, до бројните странски илустратори кои го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ постојано ja поддржува и промовира квалитетната литература и илустрација за деца. Сите автори, илустратори и уметници ќе ги збогатат доживувањата на сите посетители на Литера 2024.

Бидете и вие дел од оваа уникатна приказна и почувствувајте ја магијата на литературата и уметноста за деца - повикува тимот на „Литера“.

 

 

The post Турција е земја во фокусот на шестото издание на „Литера“ appeared first on Република.

]]>

Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младински културен центар. Со претставување на двајца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја ќе биде во фокусот на шестата „Литера“. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран Саем на литература за деца, на кој македонски издавачи ќе ги претстават своите најнови изданија, а ќе организираат и средби со автори и промотивни настани. Наташа Андонова, уметница и илустраторка на книги за деца, се потпишува зад креацијата на плакатот за шестото издание на „Литера“. Таа во рамките на „Литера“, годинава, ќе има самостојна изложба на илустрации, како уметник кој учествувал во создавањето на повеќе книги за деца. Андонова, со својата уникатна техника и визија, претставува извонреден пример за креативност и талент. Нејзините илустрации за деца се вистински визуелни поетски дела, кои ги оживуваат приказните и ги претвораат во вистинско литературно патување. Таа беше добитничка на наградата за најдобра илустрација на 5. издание на фестивалот „Литера“.
Плакатот треба да служи на намената и да го задржи вниманието на гледачот, особено денес, тоа внимание се сведува на минимум од неколку секунди. Секако треба да повика на љубопитност и со своите ликовни елементи да понуди една целина која ќе има во фокусот доминанта што ќе ја носи нарацијата. Бидејќи темата на 6. издание на „Литера“ е „Летаме зедно” која ни се обраќа на сите нас , на читателите, на децата , ја сместив оваа порака во град, и тоа не кој било град.. Во Скопје, со минимално претставување на модерната архитектура која е идентификациски код на градот, на тој начин одредувајќи ја локацијата на фестивалот, но истовремено да упати дека нам, баш нам, ни е наменета пораката, „Летаме над градот“, како што пееја Екатерина Велика. Носител на нарацијата е девојчето пилот кое имитира фигура на авионче или позиција на полетување. Интерпретацијата на ликот и нејзиното милениче може да биде различна, но секако мојата идеја беше дека највисоката кула во градот е книгата. Истовремено книгата и не е многу различна од една зграда, (дури и по форма!), бидејќи во неа има жители, има толку многу кондензиран живот, автентичен, силен и бучен како и во еден град – вели Андонова.
Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, како и изложбата на Кондовски, до бројните странски илустратори кои го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ постојано ja поддржува и промовира квалитетната литература и илустрација за деца. Сите автори, илустратори и уметници ќе ги збогатат доживувањата на сите посетители на Литера 2024.
Бидете и вие дел од оваа уникатна приказна и почувствувајте ја магијата на литературата и уметноста за деца - повикува тимот на „Литера“.
   

The post Турција е земја во фокусот на шестото издание на „Литера“ appeared first on Република.

]]>
Турција – земја во фокус на 6. фестивал за илустрација и литература за деца „Литера“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/turtsija-zemja-vo-fokus-na-6-festival-za-ilustratsija-i-literatura-za-detsa-litera/ Tue, 12 Mar 2024 16:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=754111

Под слоганот „Летаме заедно“, шестото издание на Меѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца, „Литера“, ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младинскиот културен центар во Скопје.

Како што соопштуваат организаторите, фестивалот ќе понуди многу настани, активности и креативни изрази во едукативна и забавна атмосфера за малите и големите.

Годинава фестивалот „Литера“ го става акцентот на Турција како земја во фокус, а публиката ќе има можност да ги истражи културата, литературата и уметничките дела од оваа богата земја. Двајца исклучително талентирани илустратори од оваа земја ќе бидат гости на фестивалот и ќе го споделат нивното богато меѓународно искуство со нашите илустратори и автори. Нивните дела ги освоија срцата на публиката ширум светот и се сметаат за меѓународно признати професионалци во својата област.

Исто така, за прв пат, фестивалот ќе организира и Саем за литература за деца, што ќе им овозможи на посетителите да откријат нови наслови и автори во светот на литературата за деца. „Литера“ предвидува бројни активности и настани, вклучувајќи работилници, мастеркласови, литературни читања, книжевни и многу други забавни и едукативни активности за децата и возрасните. Овие настани не само што ги поттикнуваат децата да се вклучат во литературата и уметноста, туку и создаваат основа за понатамошни соработки и пријателства.

The post Турција – земја во фокус на 6. фестивал за илустрација и литература за деца „Литера“ appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Летаме заедно“, шестото издание на Меѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца, „Литера“, ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младинскиот културен центар во Скопје. Како што соопштуваат организаторите, фестивалот ќе понуди многу настани, активности и креативни изрази во едукативна и забавна атмосфера за малите и големите. Годинава фестивалот „Литера“ го става акцентот на Турција како земја во фокус, а публиката ќе има можност да ги истражи културата, литературата и уметничките дела од оваа богата земја. Двајца исклучително талентирани илустратори од оваа земја ќе бидат гости на фестивалот и ќе го споделат нивното богато меѓународно искуство со нашите илустратори и автори. Нивните дела ги освоија срцата на публиката ширум светот и се сметаат за меѓународно признати професионалци во својата област. Исто така, за прв пат, фестивалот ќе организира и Саем за литература за деца, што ќе им овозможи на посетителите да откријат нови наслови и автори во светот на литературата за деца. „Литера“ предвидува бројни активности и настани, вклучувајќи работилници, мастеркласови, литературни читања, книжевни и многу други забавни и едукативни активности за децата и возрасните. Овие настани не само што ги поттикнуваат децата да се вклучат во литературата и уметноста, туку и создаваат основа за понатамошни соработки и пријателства.

The post Турција – земја во фокус на 6. фестивал за илустрација и литература за деца „Литера“ appeared first on Република.

]]>
„Литера“ ги додели признанијата за најдобри изданија за деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/litera-gi-dodeli-priznanijata-za-najdobri-izdanija-za-detsa/ Mon, 29 May 2023 07:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=645558

Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ги додели признанијата за најдобри изданија во изминатите две години и со тоа го заокружи своето петто издание, што годинава се реализираше од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје.

Наградата за најдобра сликовница го доби „Невидлива куќа“ по текст на Билјана Црвенковска, со илустрации на Ване Костуранов, во издание на „Чудна шума“ од 2021 година. Признанието за најдобра илустрација го доби сликовницата „Страшна ноќ“ на Наташа Андонова, работена по текст на Славко Јаневски, издание на „Темплум“.

Признание за најдобар текст доби „Ведра“ на Јулијана Величковска, со илустрации на Марио Каев, издание на „ПНВ Публикации“. За најиновативно издание е прогласена „Ветерната приказна“, графичка новела по текст на Ника Гавровска, со илустрации на Наташа Андонова, издание на „Гаврош“.

„Литера“ е на прагот на шестото издание и прераснува во зрел фестивал кој дава шанса за литературата за деца и за илустрацијата во Македонија – истакна новинарката Ана Зафирова.

Софија Семенпеева, идеен креатор на фестивалот им се заблагодари на гостите од Хрватска, илустраторите Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ-Врачар и Бранка Холингсворт-Нара и рече дека се надева дека тие дома ќе однесат и парче од „Литера“. Таа им додели признанија и на децата што учествуваа на Летниот креативен камп на „Литера“ кој лани се одржа во Богданци, а чии дела беа изложени на фестивалот.

Уметниците-добитници на признанијата беа пријатно изненадени.

Наташа Андонова рече:

Останав без зборови. Има многу сликовници со одлични илустрации и сите може да бидат најдобри – рече таа.

За Јулијана Величковска признанието е стимулација. Таа се надева дека „Ведра“ ќе им се допадне и на многу други деца. Ника Гавровска рече дека која ја пишувала книгата воопшто не мислела дека ќе влезе во категорија иновативно издание. За соработката со илустраторката Наташа Андонова вели дека се нашле на интуинтивно, женско ниво. Ване Костуранов вели дека е предизвик да се направи добро дело, а задоволството е големо што „Невидлива куќа“ добива награди.

Признанија за учеството на „Литера 2023“ добија и македонските илустратори Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калипои Трпчева и Сања Симоска, чии дела наесен ќе бидат изложени во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб.

Фестивалот „Литера 2023“ се одржа од 23 до 27 мај, а покрај големата изложба на илустрации се одржа и конференција, професионални работилници за илустрација, за деца, читања сликовници, промоции. Фестивалот го посетија многу граѓани и странски туристи, а се одра со поддршка од Министерството за култура, Халкбанк, Ефектива, Органик нар, Умно.мк , Скопска пивара и други.

Фестивалот го поддржа Министерството за култура, Халкбанк, Ефектива, Органик нар, Умно.мк и други.

 

The post „Литера“ ги додели признанијата за најдобри изданија за деца appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ги додели признанијата за најдобри изданија во изминатите две години и со тоа го заокружи своето петто издание, што годинава се реализираше од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје. Наградата за најдобра сликовница го доби „Невидлива куќа“ по текст на Билјана Црвенковска, со илустрации на Ване Костуранов, во издание на „Чудна шума“ од 2021 година. Признанието за најдобра илустрација го доби сликовницата „Страшна ноќ“ на Наташа Андонова, работена по текст на Славко Јаневски, издание на „Темплум“. Признание за најдобар текст доби „Ведра“ на Јулијана Величковска, со илустрации на Марио Каев, издание на „ПНВ Публикации“. За најиновативно издание е прогласена „Ветерната приказна“, графичка новела по текст на Ника Гавровска, со илустрации на Наташа Андонова, издание на „Гаврош“.
„Литера“ е на прагот на шестото издание и прераснува во зрел фестивал кој дава шанса за литературата за деца и за илустрацијата во Македонија – истакна новинарката Ана Зафирова.
Софија Семенпеева, идеен креатор на фестивалот им се заблагодари на гостите од Хрватска, илустраторите Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ-Врачар и Бранка Холингсворт-Нара и рече дека се надева дека тие дома ќе однесат и парче од „Литера“. Таа им додели признанија и на децата што учествуваа на Летниот креативен камп на „Литера“ кој лани се одржа во Богданци, а чии дела беа изложени на фестивалот. Уметниците-добитници на признанијата беа пријатно изненадени. Наташа Андонова рече:
Останав без зборови. Има многу сликовници со одлични илустрации и сите може да бидат најдобри – рече таа.
За Јулијана Величковска признанието е стимулација. Таа се надева дека „Ведра“ ќе им се допадне и на многу други деца. Ника Гавровска рече дека која ја пишувала книгата воопшто не мислела дека ќе влезе во категорија иновативно издание. За соработката со илустраторката Наташа Андонова вели дека се нашле на интуинтивно, женско ниво. Ване Костуранов вели дека е предизвик да се направи добро дело, а задоволството е големо што „Невидлива куќа“ добива награди. Признанија за учеството на „Литера 2023“ добија и македонските илустратори Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калипои Трпчева и Сања Симоска, чии дела наесен ќе бидат изложени во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб. Фестивалот „Литера 2023“ се одржа од 23 до 27 мај, а покрај големата изложба на илустрации се одржа и конференција, професионални работилници за илустрација, за деца, читања сликовници, промоции. Фестивалот го посетија многу граѓани и странски туристи, а се одра со поддршка од Министерството за култура, Халкбанк, Ефектива, Органик нар, Умно.мк , Скопска пивара и други. Фестивалот го поддржа Министерството за култура, Халкбанк, Ефектива, Органик нар, Умно.мк и други.  

The post „Литера“ ги додели признанијата за најдобри изданија за деца appeared first on Република.

]]>
5. издание на „Литера“: Повеќе од 200 илустрации изложени во Музејот на град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/5-izdanie-na-litera-poveke-od-200-ilustratsii-izlozheni-vo-muzejot-na-grad-skopje/ Mon, 22 May 2023 09:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=643538

Повеќе од 200 илустрации ќе бидат изложени на 5. Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023 кое утревечер (23 мај) во 19 часот ќе биде отворен во Музејот на град Скопје. Фестивалот годинава ќе се одржи под мотото „Свет со љубов“, а свечено ќе го отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во рамките на петдневната богата програма, Музејот на град Скопје до сабота (27 мај) ќе биде епицентар каде ќе се одржуваат мастеркласови, работилници за професионалци и за деца, промоции, читање сликовници и многу други настани. Н 25 мај (четврток) ќе се одржи и конференција на темата „Македонска современа сликовица“, што ќе започне на пладне.

На ЛИТЕРА 2023 гостуваат тројца врвни илустратори од Хрватска: Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ Врачар и Бранка Холингсворт Нара. Ним им се придружуваат петтемина академски уметници од нашата земја Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калиопи Трпчева и Сања Симоска кои се пријавија на конкурсот на фестивалот и беа селектирани за големата изложба. За поддршка на македонската илустрација фестивалот ќе им откупи по едно дело.

Од тимот на ЛИТЕРА 2023 велат дека овој мал јубилеј на фестивалот ќе го одбележат со петдневно славење на професиoналната илустрација наменета за деца, сликовниците и литературата за деца.

- Во тоа ќе ни помогнат тројцата врвни илустратори и креативци од Хрватска. Нивното присуство на фестивалот е особено важно бидејќи преку мастеркласови и предавања своето искуство ќе го пренесат на младите илустратори и сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја. Особено ни е важно да ги поддржиме македонските професионални илустратори. Нè радува интересот на авторите кои учествуваа на конкурсот. Тоа е знак дека постои интерес за илустрацијата, но треба да им се даде вистинско место на авторите – велат од тимот на ЛИТЕРА 2023.
Фестивалот „Литера“ е фокусиран на новите генерации. Преку квалитетна илустрација за деца ја развиваме визуелната култура на децата. Концептот на фестивалот е од отворен тип. Повелете во Музејот на град Скопје да ја славиме литература и илустрацијата за деца.

The post 5. издание на „Литера“: Повеќе од 200 илустрации изложени во Музејот на град Скопје appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 200 илустрации ќе бидат изложени на 5. Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023 кое утревечер (23 мај) во 19 часот ќе биде отворен во Музејот на град Скопје. Фестивалот годинава ќе се одржи под мотото „Свет со љубов“, а свечено ќе го отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во рамките на петдневната богата програма, Музејот на град Скопје до сабота (27 мај) ќе биде епицентар каде ќе се одржуваат мастеркласови, работилници за професионалци и за деца, промоции, читање сликовници и многу други настани. Н 25 мај (четврток) ќе се одржи и конференција на темата „Македонска современа сликовица“, што ќе започне на пладне. На ЛИТЕРА 2023 гостуваат тројца врвни илустратори од Хрватска: Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ Врачар и Бранка Холингсворт Нара. Ним им се придружуваат петтемина академски уметници од нашата земја Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калиопи Трпчева и Сања Симоска кои се пријавија на конкурсот на фестивалот и беа селектирани за големата изложба. За поддршка на македонската илустрација фестивалот ќе им откупи по едно дело. Од тимот на ЛИТЕРА 2023 велат дека овој мал јубилеј на фестивалот ќе го одбележат со петдневно славење на професиoналната илустрација наменета за деца, сликовниците и литературата за деца. - Во тоа ќе ни помогнат тројцата врвни илустратори и креативци од Хрватска. Нивното присуство на фестивалот е особено важно бидејќи преку мастеркласови и предавања своето искуство ќе го пренесат на младите илустратори и сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја. Особено ни е важно да ги поддржиме македонските професионални илустратори. Нè радува интересот на авторите кои учествуваа на конкурсот. Тоа е знак дека постои интерес за илустрацијата, но треба да им се даде вистинско место на авторите – велат од тимот на ЛИТЕРА 2023. Фестивалот „Литера“ е фокусиран на новите генерации. Преку квалитетна илустрација за деца ја развиваме визуелната култура на децата. Концептот на фестивалот е од отворен тип. Повелете во Музејот на град Скопје да ја славиме литература и илустрацијата за деца.

The post 5. издание на „Литера“: Повеќе од 200 илустрации изложени во Музејот на град Скопје appeared first on Република.

]]>
Конференција посветена на македонската современа сликовница на „Литера 2023“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konferentsija-posvetena-na-makedonskata-sovremena-slikovnitsa-na-litera-2023/ Tue, 16 May 2023 12:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=641379

Македонската современа сликовница ќе биде во фокусот на конференцијата што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ ќе ја организира на 25 мај во Музејот на град Скопје. Конференцијата што ќе биде составена од два панела е дел од програмата на петтото издание на фестивалот, што годинава се одржува под мотото „Свет со љубов“.
Каде е позиционирана македонската современа сликовница денес? Кои се најголемите предизвици на илустраторите, кои на писателите, кои пак на издавачите? Ова се само дел од прашањата што ќе бидат начнати на конференцијата на која ќе дебатираат истакнати илустратори, професори, писатели, издавачи.

Првиот панел го нарековме „Од точка до илустрација“ и фокусот ќе биде ставен на тоа какви визуелни приказни раскажуваме денес. На панелот ќе учествуваат илустраторот Димче Исаиловски, мултимедијалната уметница и деканка на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Славица Јанешлиева, мултимедијалната уметница од Хрватска, Николина Манојловиќ Врачар, Софија Семенпеева, графички уметник. Модератор е проф. д-р Марија Ветероска од Факултетот за дизајн и мултимедија ФОН.

Вториот панел „Од буква до приказна“ ќе биде посветен на текстот во сликовниците, а учесниците ќе се осврнат на тоа како се создава приказна, како се пакува во финален продукт, кои се најголемите предизвици за издавачите. Ќе учествуваат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, писателката Бистра Георгиева, Ника Гавровска, авторка и издавач „Гаврош“, Бојан Саздов од Издавачката куќа ТРИ и претседател на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на панелот ќе биде Сребра Ѓорѓијевска од Умно.мк.

Конференцијата ќе биде од отворен карактер. Главен поддржувач на фестивалот е Министерството за култура, а фестивалот го поддржуваат Халкбанк, Органик нар, Скопска пивара, Ефектива, Умно.мк.

Фестивалот „Литера“ годинава ќе се реализира од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје. Петте дена ќе бидат исполнети со богата програма - изложби, работилници, предавања се само дел од содржините.

The post Конференција посветена на македонската современа сликовница на „Литера 2023“ appeared first on Република.

]]>

Македонската современа сликовница ќе биде во фокусот на конференцијата што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ ќе ја организира на 25 мај во Музејот на град Скопје. Конференцијата што ќе биде составена од два панела е дел од програмата на петтото издание на фестивалот, што годинава се одржува под мотото „Свет со љубов“. Каде е позиционирана македонската современа сликовница денес? Кои се најголемите предизвици на илустраторите, кои на писателите, кои пак на издавачите? Ова се само дел од прашањата што ќе бидат начнати на конференцијата на која ќе дебатираат истакнати илустратори, професори, писатели, издавачи. Првиот панел го нарековме „Од точка до илустрација“ и фокусот ќе биде ставен на тоа какви визуелни приказни раскажуваме денес. На панелот ќе учествуваат илустраторот Димче Исаиловски, мултимедијалната уметница и деканка на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Славица Јанешлиева, мултимедијалната уметница од Хрватска, Николина Манојловиќ Врачар, Софија Семенпеева, графички уметник. Модератор е проф. д-р Марија Ветероска од Факултетот за дизајн и мултимедија ФОН. Вториот панел „Од буква до приказна“ ќе биде посветен на текстот во сликовниците, а учесниците ќе се осврнат на тоа како се создава приказна, како се пакува во финален продукт, кои се најголемите предизвици за издавачите. Ќе учествуваат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, писателката Бистра Георгиева, Ника Гавровска, авторка и издавач „Гаврош“, Бојан Саздов од Издавачката куќа ТРИ и претседател на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на панелот ќе биде Сребра Ѓорѓијевска од Умно.мк. Конференцијата ќе биде од отворен карактер. Главен поддржувач на фестивалот е Министерството за култура, а фестивалот го поддржуваат Халкбанк, Органик нар, Скопска пивара, Ефектива, Умно.мк. Фестивалот „Литера“ годинава ќе се реализира од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје. Петте дена ќе бидат исполнети со богата програма - изложби, работилници, предавања се само дел од содржините.

The post Конференција посветена на македонската современа сликовница на „Литера 2023“ appeared first on Република.

]]>
Тројца врвни илустратори од Хрватска ќе гостуваат на Фестивалот за литература и илустрација за деца и млади „Литера 2023“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trojtsa-vrvni-ilustratori-od-hrvatska-ke-gostuvaat-na-festivalot-za-literatura-i-ilustratsija-za-detsa-i-mladi-litera-2023/ Wed, 10 May 2023 10:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=639196

Тројца врвни илустратори и креативци од Хрватска ќе гостуваат на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади „Литера 2023“ кој ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје.

Тоа се Доминик Вуковиќ, илустратор и автор на плакатот за „Литера 2023“, мултиталентираната Николина Манојловиќ Врачар и инспиративанта Бранка Холингсворт Нара. Ним ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, мултимедијални ликовни уметници.

[caption id="attachment_639232" align="alignnone" width="750"] Доминик Вуковиќ, хрватски илустратор и автор на плакатот за „Литера 2023“[/caption]

Присуството на Фестивалот на уметниците од Хрватска е особено важно, бидејќи преку мастеркласови и предвања своето искуство ќе го пренесат на младите илустратори и сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја, вели Софија Семенпеева од тимот на Фестивалот.

Фестивалот се одржува под мотото „Свет со љубов“, а централен настан ќе биде конференцијата на која ќе гостуваат реномирани професионалци од областа на детската литература и илустрацијата.

Освен изложби и мастеркласови, во соработка со Македонската асоцијација на издавачи ќе бидат организирани промоции на книги, а наши писатели ќе организираат детски работилници и јавно читање сликовници. Во рамки на Фестивалот ќе бидат отворени три изложби на автори од Хрватска, како и изложбата „Свет со љубов“, во која ќе бидат изложен дела на конкурсот што го организираше фестивалот.

Наградите „Литера 2023“, ќе бидат соопштени и доделени на затворањето на фестивалот.

Визијата на Литера е голема, со тимот работиме многу посветено и внимателно. Литера е повеќе од значајна за нашето општество, но најмногу за новите генерации. Преку квалитетна илустрација за деца се развива визуелната култура на децата. Будно ја следиме домашната сцена и важно ни е на Литера да се промовираат најдобрите наслови за од ден на ден да имаме што повеќе македонски сликовници кои ќе се преведуваат низ светот. Петтото издание на фестивалот за нас е мал, но значаен јубилеј, бидејќи е потврда дека чекориме по вистинскиот пат. Годинава ќе биде празник за младите илустратори од Македонија, кои ќе имаат можност да бидат дел од работилници водени од значајни хрватски автори. Ќе се потрудиме да бидеме ветар во грб на младите автори и илустратори“, додава Семенпеева.

 

The post Тројца врвни илустратори од Хрватска ќе гостуваат на Фестивалот за литература и илустрација за деца и млади „Литера 2023“ appeared first on Република.

]]>

Тројца врвни илустратори и креативци од Хрватска ќе гостуваат на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади „Литера 2023“ кој ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје. Тоа се Доминик Вуковиќ, илустратор и автор на плакатот за „Литера 2023“, мултиталентираната Николина Манојловиќ Врачар и инспиративанта Бранка Холингсворт Нара. Ним ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, мултимедијални ликовни уметници. [caption id="attachment_639232" align="alignnone" width="750"] Доминик Вуковиќ, хрватски илустратор и автор на плакатот за „Литера 2023“[/caption]
Присуството на Фестивалот на уметниците од Хрватска е особено важно, бидејќи преку мастеркласови и предвања своето искуство ќе го пренесат на младите илустратори и сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја, вели Софија Семенпеева од тимот на Фестивалот.
Фестивалот се одржува под мотото „Свет со љубов“, а централен настан ќе биде конференцијата на која ќе гостуваат реномирани професионалци од областа на детската литература и илустрацијата. Освен изложби и мастеркласови, во соработка со Македонската асоцијација на издавачи ќе бидат организирани промоции на книги, а наши писатели ќе организираат детски работилници и јавно читање сликовници. Во рамки на Фестивалот ќе бидат отворени три изложби на автори од Хрватска, како и изложбата „Свет со љубов“, во која ќе бидат изложен дела на конкурсот што го организираше фестивалот. Наградите „Литера 2023“, ќе бидат соопштени и доделени на затворањето на фестивалот.
Визијата на Литера е голема, со тимот работиме многу посветено и внимателно. Литера е повеќе од значајна за нашето општество, но најмногу за новите генерации. Преку квалитетна илустрација за деца се развива визуелната култура на децата. Будно ја следиме домашната сцена и важно ни е на Литера да се промовираат најдобрите наслови за од ден на ден да имаме што повеќе македонски сликовници кои ќе се преведуваат низ светот. Петтото издание на фестивалот за нас е мал, но значаен јубилеј, бидејќи е потврда дека чекориме по вистинскиот пат. Годинава ќе биде празник за младите илустратори од Македонија, кои ќе имаат можност да бидат дел од работилници водени од значајни хрватски автори. Ќе се потрудиме да бидеме ветар во грб на младите автори и илустратори“, додава Семенпеева.
 

The post Тројца врвни илустратори од Хрватска ќе гостуваат на Фестивалот за литература и илустрација за деца и млади „Литера 2023“ appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ го објави романот „Црвена вода“ од современиот хрватски писател Јурица Павичиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-go-objavi-romanot-tsrvena-voda-od-sovremeniot-hrvatski-pisatel-juritsa-pavichik/ Mon, 27 Feb 2023 08:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=613578

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Црвена вода“ од современиот хрватски писател Јурица Павичиќ, во превод од хрватски јазик на Катерина Богоева.

Романот „Црвена вода“ доби две високи книжевни награди во Хрватска и дури шест награди во Франција.

Во „Црвена вода“ е раскажана приказна за исчезнувањето на седумнаесетгодишно девојче кое го снемува во една септемврис­ка сабота во 1989 година по рибарскиот фестивал во мало гратче на далматинскиот брег. Полициската потрага не дава резултати, а околните политички настани – падот на систем, општествените промени и војната – го засенуваат исчезнувањето на девојчето кое за јавноста паѓа во заборав. Но семејството – таткото, мајката и братот близнак – се единствените кои сè уште ја бараат исчез­на­тата Силва. „Црвена вода“ е роман кој опфаќа период од 27 годи­ни и ја следи натамошната судбина на луѓето поврзани во исчезнувањето, од членовите на семејството, осомничените, до инспекторите на комунистичката милиција. Низ нивните судби­ни, романот опфаќа три децении од животот во Хрватска и ги отсликува општествените процеси, промени и состојби во земјата.

Романот „Црвена вода“, кој не е класичен криминалистички роман, е добитник на наградата „Фриц“ за најдобра прозна книга објавена во Хрватска во 2017/18 година. Добитник е и на наградата „Ксавер Шандрор Ѓалски“ на Хрватското друштво на писателите за најдобро прозно дело во 2017/18 година. Беше номиниран за наградата „Меша Селимовиќ“ за најдобар роман на штокавските јазици во 2017/18 година. Беше номиниран меѓу најдобрите пет хрватски романи кои се натпреваруваа за награ­дата на „Т-портал“ за најдобар роман во 2017 година.

Преведен е на германски, француски, италијански и на сло­вач­ки јазик. Во Франција, каде што беше објавен во 2021 година, се здоби со висока популарност и освои дури шест награди: „Европска поларна точка“, за најдобар криминалистички роман од европски автор, напишан на француски или преведено на француски јазик, „Трансфуга“ за најдобар странски криминалис­тички роман објавен во Франција, што ја доделува истоимениот месечник за култура, 73-та Голема награда за детективска литера­тура за најдобар странски криминалистички роман, „Награда за мистерија на критичарите“ за најдобар странски криминалистич­ки роман објавен во Франција што ја доделува магазинот „Мисте­­ри“, наградата „Мишел Вита“ за најдобар странски крими­на­листички роман доделена од магазинот „813“ и награ­да­та „Либра ну“ за најдобар криминалистички роман во 2022 годи­на, доделе­на од француските независни книжарници.

Романот доби многу позитивни критики од критичарите во Хрватска и во странство, а посебно во Франција.

„Моќно книжевно дело кое ги надминува границите на жанровите и идеолошките поделби.“ (Денис Дерк)

„Одличен и морничав трилер, но и одлична приказна од малото Мисто! (Јагна Погачник)

„Еден од најдобрите трилери во хрватската литература...“ (Божидар Алајбеговиќ)

„`Црвена вода` е доказ дека сè уште има добри крими романи кои им пркосат на жанровските закони... Навистина одличен роман.“ (Клаудија Шмид)

„Црвена вода“ е потресен приказ на семејните истории, политичката судбина на Хрватска... и, патем, исклучително возбудлив трилер.“ (Сандра Фалке)

„`Црвена вода` не е типичен криминалистички роман. Во средината на книгата долго време остава сомнеж дали воопшто има злочин – но, со оваа неизвесност се постигнува тензија... (Гунар Волтерс)

„Павичиќ успева да ја надгради семејната драма, и маестралната, умешна историска фреска, без да ја жртвува тензијата на добрата криминалистичка приказна во ниту една секунда... исклучителен наслов!“ (Филип Бланш)

„Еве една маестрална илустрација за начинот на кој трилер понекогаш ги меша приказните и историјата, индивидуалната судбина и колективната историја... Многу убаво откритие. (Жан Марк Лашерер)

„Павичиќ брилијантно го користи `ноар романот` за да ги придружува обичните животи од колапсот на комунизмот, преку подемот на национализмот до шокот од војната... моќно и медитативно дело.“ (Бернар Дагер)

 

Јурица Павичиќ (1965, Сплит) е хрватска романсиер, сцена­рист, раскажувач и новинар. Книжевната репутација ја доби со своите раскази, трилери и криминалистички романи во кои ги меша општествената анализа со мрачната визија за човековата природа и сложените морални ситуации. Добитник е на повеќе книжевни награди. Негово најпознато и најнаградувано дело е романот „Црвена вода“ (објавен во 2017 година) посебно по преводот на француски јазик.

Во литературата се појавува во 1997 година со општествениот трилер „Овци од гипс“ и тој е првиот роман во Хрватска кој ја третира темата за воените злосторства извршени од Хрватите. Врз основа на романот е снимен филмот „Сведоци“ (2004). Автор е и на романите: „Неделен пријател“ (2000, криминалистички роман), „Минута 88“ (2002, во потесниот избор за наградата „Јутарњи лист“ за најдобра прозна книга на годината), „Куќата на нејзината мајка“ (2005), „Црвен­капа“ (2006), „Жената од вториот кат“ (2015), „Црвена вода“ (2017), „Синот на Прометеј“ (2020), „Mater dolorosa“ (2022), на збирките раскази „Патна патрола“ (2008), „Брод во дворот“ (2013), како и на книги за филм и книги со есеи и колумни.

 

The post „Македоника литера“ го објави романот „Црвена вода“ од современиот хрватски писател Јурица Павичиќ appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Црвена вода“ од современиот хрватски писател Јурица Павичиќ, во превод од хрватски јазик на Катерина Богоева. Романот „Црвена вода“ доби две високи книжевни награди во Хрватска и дури шест награди во Франција. Во „Црвена вода“ е раскажана приказна за исчезнувањето на седумнаесетгодишно девојче кое го снемува во една септемврис­ка сабота во 1989 година по рибарскиот фестивал во мало гратче на далматинскиот брег. Полициската потрага не дава резултати, а околните политички настани – падот на систем, општествените промени и војната – го засенуваат исчезнувањето на девојчето кое за јавноста паѓа во заборав. Но семејството – таткото, мајката и братот близнак – се единствените кои сè уште ја бараат исчез­на­тата Силва. „Црвена вода“ е роман кој опфаќа период од 27 годи­ни и ја следи натамошната судбина на луѓето поврзани во исчезнувањето, од членовите на семејството, осомничените, до инспекторите на комунистичката милиција. Низ нивните судби­ни, романот опфаќа три децении од животот во Хрватска и ги отсликува општествените процеси, промени и состојби во земјата. Романот „Црвена вода“, кој не е класичен криминалистички роман, е добитник на наградата „Фриц“ за најдобра прозна книга објавена во Хрватска во 2017/18 година. Добитник е и на наградата „Ксавер Шандрор Ѓалски“ на Хрватското друштво на писателите за најдобро прозно дело во 2017/18 година. Беше номиниран за наградата „Меша Селимовиќ“ за најдобар роман на штокавските јазици во 2017/18 година. Беше номиниран меѓу најдобрите пет хрватски романи кои се натпреваруваа за награ­дата на „Т-портал“ за најдобар роман во 2017 година. Преведен е на германски, француски, италијански и на сло­вач­ки јазик. Во Франција, каде што беше објавен во 2021 година, се здоби со висока популарност и освои дури шест награди: „Европска поларна точка“, за најдобар криминалистички роман од европски автор, напишан на француски или преведено на француски јазик, „Трансфуга“ за најдобар странски криминалис­тички роман објавен во Франција, што ја доделува истоимениот месечник за култура, 73-та Голема награда за детективска литера­тура за најдобар странски криминалистички роман, „Награда за мистерија на критичарите“ за најдобар странски криминалистич­ки роман објавен во Франција што ја доделува магазинот „Мисте­­ри“, наградата „Мишел Вита“ за најдобар странски крими­на­листички роман доделена од магазинот „813“ и награ­да­та „Либра ну“ за најдобар криминалистички роман во 2022 годи­на, доделе­на од француските независни книжарници. Романот доби многу позитивни критики од критичарите во Хрватска и во странство, а посебно во Франција. „Моќно книжевно дело кое ги надминува границите на жанровите и идеолошките поделби.“ (Денис Дерк) „Одличен и морничав трилер, но и одлична приказна од малото Мисто! (Јагна Погачник) „Еден од најдобрите трилери во хрватската литература...“ (Божидар Алајбеговиќ) „`Црвена вода` е доказ дека сè уште има добри крими романи кои им пркосат на жанровските закони... Навистина одличен роман.“ (Клаудија Шмид) „Црвена вода“ е потресен приказ на семејните истории, политичката судбина на Хрватска... и, патем, исклучително возбудлив трилер.“ (Сандра Фалке) „`Црвена вода` не е типичен криминалистички роман. Во средината на книгата долго време остава сомнеж дали воопшто има злочин – но, со оваа неизвесност се постигнува тензија... (Гунар Волтерс) „Павичиќ успева да ја надгради семејната драма, и маестралната, умешна историска фреска, без да ја жртвува тензијата на добрата криминалистичка приказна во ниту една секунда... исклучителен наслов!“ (Филип Бланш) „Еве една маестрална илустрација за начинот на кој трилер понекогаш ги меша приказните и историјата, индивидуалната судбина и колективната историја... Многу убаво откритие. (Жан Марк Лашерер) „Павичиќ брилијантно го користи `ноар романот` за да ги придружува обичните животи од колапсот на комунизмот, преку подемот на национализмот до шокот од војната... моќно и медитативно дело.“ (Бернар Дагер)   Јурица Павичиќ (1965, Сплит) е хрватска романсиер, сцена­рист, раскажувач и новинар. Книжевната репутација ја доби со своите раскази, трилери и криминалистички романи во кои ги меша општествената анализа со мрачната визија за човековата природа и сложените морални ситуации. Добитник е на повеќе книжевни награди. Негово најпознато и најнаградувано дело е романот „Црвена вода“ (објавен во 2017 година) посебно по преводот на француски јазик. Во литературата се појавува во 1997 година со општествениот трилер „Овци од гипс“ и тој е првиот роман во Хрватска кој ја третира темата за воените злосторства извршени од Хрватите. Врз основа на романот е снимен филмот „Сведоци“ (2004). Автор е и на романите: „Неделен пријател“ (2000, криминалистички роман), „Минута 88“ (2002, во потесниот избор за наградата „Јутарњи лист“ за најдобра прозна книга на годината), „Куќата на нејзината мајка“ (2005), „Црвен­капа“ (2006), „Жената од вториот кат“ (2015), „Црвена вода“ (2017), „Синот на Прометеј“ (2020), „Mater dolorosa“ (2022), на збирките раскази „Патна патрола“ (2008), „Брод во дворот“ (2013), како и на книги за филм и книги со есеи и колумни.  

The post „Македоника литера“ го објави романот „Црвена вода“ од современиот хрватски писател Јурица Павичиќ appeared first on Република.

]]>
„Литера“ организира изложба на македонска илустрација „Дом без граници“ на фестивалот „Овца во кутија“ во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/litera-organizira-izlozba-na-makedonska-ilustracija-dom-bez-granici-na-festivalot-ovca-vo-kutija-vo-hrvatska/ Mon, 12 Sep 2022 08:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=549937

Интернационалниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ организира изложба на четворица македонски илустратори што ќе биде отворена утревечер во 19 часот во Галеријата на ликовните уметници на Пазин, Хрватска. Ќе бидат изложени илустрации за деца на авторите Кристијан Јованоски, Наташа Андонова, Инес Ефремова и Надица Златкова, во рамките на програмата на 7. Меѓународниот фестивал на сликовница „Овца во кутија“. За делата ќе зборува Софија Семенпеева- Трајановска, основач на фестивалот, а на публиката ќе ù се претстави и илустраторот Кристијан Јованоски.

Избраните илустратори твореа на тема „Дом без граници“, што е всушност тема на годинашното издание на „Литера“. Слоганот потсетува дека домот не познава граници, дека го носиме со нас насекаде и дека можеме да го отвориме ширум за сите, велат организаторите:

Домот е во срцето, во сјајот на детските очи, во слободата. Слободата е еднаква на фантазија. Фантазијата и нејзината волшебна моќ не‘ носат во возбудливиот и смел колорит на илустрацијата. Илустраторите, како и децата, веруваат во волшебни светови во кои домот е во секој од нас – стои во каталогот на изложбата.

Во рамките на нашето претставување вечерва во 18 часот ќе се одржи и презентација за македонската илустрација. За основоположниците на македонската детска илустрација, но и за современата сцена ќе зборуваат Семенпеева-Трајановска и Сребра Ѓорѓијевска.

Соработката меѓу „Литера“ и сродниот хрватски фестивал започна минатата година и продолжува уште поинтензивно преку меѓусебно претставување на современите автори кои творат за деца. Пазин е значаен културен центар во срцето на Истра. На фестивалот „Овца во кутија“ доаѓаат најзначајните писатели, илустратори, издавачи и книжевни агенти од регионот.
Претставниците на фестивалот „Литера“ в среда ќе учествуваат и на тркалезна маса на тема „Зошто да се читаат сликовници?“ што ќе се одржи во стариот замок во градот.

Фестивалот „Литера“ го организира Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Организирањето на изложбата го помага Халкбанк АД Скопје, а е поддржано и од Министерството за култура.

The post „Литера“ организира изложба на македонска илустрација „Дом без граници“ на фестивалот „Овца во кутија“ во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ организира изложба на четворица македонски илустратори што ќе биде отворена утревечер во 19 часот во Галеријата на ликовните уметници на Пазин, Хрватска. Ќе бидат изложени илустрации за деца на авторите Кристијан Јованоски, Наташа Андонова, Инес Ефремова и Надица Златкова, во рамките на програмата на 7. Меѓународниот фестивал на сликовница „Овца во кутија“. За делата ќе зборува Софија Семенпеева- Трајановска, основач на фестивалот, а на публиката ќе ù се претстави и илустраторот Кристијан Јованоски. Избраните илустратори твореа на тема „Дом без граници“, што е всушност тема на годинашното издание на „Литера“. Слоганот потсетува дека домот не познава граници, дека го носиме со нас насекаде и дека можеме да го отвориме ширум за сите, велат организаторите:
Домот е во срцето, во сјајот на детските очи, во слободата. Слободата е еднаква на фантазија. Фантазијата и нејзината волшебна моќ не‘ носат во возбудливиот и смел колорит на илустрацијата. Илустраторите, како и децата, веруваат во волшебни светови во кои домот е во секој од нас – стои во каталогот на изложбата.
Во рамките на нашето претставување вечерва во 18 часот ќе се одржи и презентација за македонската илустрација. За основоположниците на македонската детска илустрација, но и за современата сцена ќе зборуваат Семенпеева-Трајановска и Сребра Ѓорѓијевска. Соработката меѓу „Литера“ и сродниот хрватски фестивал започна минатата година и продолжува уште поинтензивно преку меѓусебно претставување на современите автори кои творат за деца. Пазин е значаен културен центар во срцето на Истра. На фестивалот „Овца во кутија“ доаѓаат најзначајните писатели, илустратори, издавачи и книжевни агенти од регионот. Претставниците на фестивалот „Литера“ в среда ќе учествуваат и на тркалезна маса на тема „Зошто да се читаат сликовници?“ што ќе се одржи во стариот замок во градот. Фестивалот „Литера“ го организира Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Организирањето на изложбата го помага Халкбанк АД Скопје, а е поддржано и од Министерството за култура.

The post „Литера“ организира изложба на македонска илустрација „Дом без граници“ на фестивалот „Овца во кутија“ во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ во посета на Валандово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festivalot-za-literatura-i-ilustracija-za-deca-litera-vo-poseta-na-valandovo/ Mon, 05 Sep 2022 10:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=547604

Намерата литературата и илустрацијата за деца да стигнат и до помалите средини викендов на тимот на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ му ја донесе најголемата награда – веселиот детски џагор. Патувачкиот караван на „Литера“ ги посети Валандово и селата Чалакли и Казандол и оттаму се врати со уште поголема желба за промени.
Во Центарот за култура „25 Мај“ во Валандово, авторката Магде Ангова ја претстави книгата „Невидливата куќа“ од Билјана С. Црвенковска и Ване Костуранов, а потоа читаше делови од својата книга „Гатанки за сè и сешто и за уште по нешто“. За важноста на читањето како здрава навика пред најмладите говореше Мирко Трајановски, автор на сликовницата „Волшебното патување на Простор и Време“, за која илустрациите ги создаде Кристијан Јованоски.
На трибината „Дали може литературата за деца да придонесе за развој на помалите средини?“ на која учествуваа директорот на Центарот, Дејан Исиров, градоначалникот Перо Костадинов, Мехмед Ариф - автор за деца и Софија Семенпеева Трајановска - творец на „Литера“, беа отворени важни прашања и заклучоци за значењето на културата во развојот и на децата.

Културата и литературата можат да вродат со плод само ако се работи на нивна децентрализација преку побрз, полесен и покреативен пристапот до информации и содржини за најмладите, преку креирање настани во кои тие ќе бидат директно вклучени, преку создавање здрави навики за читање и почитување на уметничкиот порив од најмали нозе – се согласија учесниците.

Караванот „Литера“ го посети и селото Чалакли, каде што се сретна со учениците од ОУ „Намик Кемал“. Писателот Махмед Ариф пред нив претстави дел од своите раскази, читаше од „Сликовницата на Халки“, а разговараше и на годинашната тема на фестивалот „Дом без граници“. Децата одговорија со прекрасни цртежи на кои домовите се секогаш отворени за оние кои страдаат и немаат покрив над главата. Нивната искреност и весел џагор се најголемата награда за тимот на „Литера“.
Слично на нив и дечињата во Казандол со голема возбуда учествуваа во работилниците за цртање, читање и пишување. Фасцинантна е нивната искрена желба светот да изгледа зелено, чисто и со прекрасни дрвја и цвеќиња, како во нивното маало.
Четвртото издание на фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ продолжува со изложба на дела на современи македонски илустратори на сродниот фестивал „Овца во кутија“, во Пазин, Хрватска. Четворица актуелни автори ќе се претстават во срцето на Истра на групна изложба од 12 до 16 септември.
Главен покровител на годинашното издание на фестивалот е Халкбанк АД Скопје и нивното детското штедење „Халки“.

 

 

The post Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ во посета на Валандово appeared first on Република.

]]>

Намерата литературата и илустрацијата за деца да стигнат и до помалите средини викендов на тимот на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ му ја донесе најголемата награда – веселиот детски џагор. Патувачкиот караван на „Литера“ ги посети Валандово и селата Чалакли и Казандол и оттаму се врати со уште поголема желба за промени. Во Центарот за култура „25 Мај“ во Валандово, авторката Магде Ангова ја претстави книгата „Невидливата куќа“ од Билјана С. Црвенковска и Ване Костуранов, а потоа читаше делови од својата книга „Гатанки за сè и сешто и за уште по нешто“. За важноста на читањето како здрава навика пред најмладите говореше Мирко Трајановски, автор на сликовницата „Волшебното патување на Простор и Време“, за која илустрациите ги создаде Кристијан Јованоски. На трибината „Дали може литературата за деца да придонесе за развој на помалите средини?“ на која учествуваа директорот на Центарот, Дејан Исиров, градоначалникот Перо Костадинов, Мехмед Ариф - автор за деца и Софија Семенпеева Трајановска - творец на „Литера“, беа отворени важни прашања и заклучоци за значењето на културата во развојот и на децата.
Културата и литературата можат да вродат со плод само ако се работи на нивна децентрализација преку побрз, полесен и покреативен пристапот до информации и содржини за најмладите, преку креирање настани во кои тие ќе бидат директно вклучени, преку создавање здрави навики за читање и почитување на уметничкиот порив од најмали нозе – се согласија учесниците.
Караванот „Литера“ го посети и селото Чалакли, каде што се сретна со учениците од ОУ „Намик Кемал“. Писателот Махмед Ариф пред нив претстави дел од своите раскази, читаше од „Сликовницата на Халки“, а разговараше и на годинашната тема на фестивалот „Дом без граници“. Децата одговорија со прекрасни цртежи на кои домовите се секогаш отворени за оние кои страдаат и немаат покрив над главата. Нивната искреност и весел џагор се најголемата награда за тимот на „Литера“. Слично на нив и дечињата во Казандол со голема возбуда учествуваа во работилниците за цртање, читање и пишување. Фасцинантна е нивната искрена желба светот да изгледа зелено, чисто и со прекрасни дрвја и цвеќиња, како во нивното маало. Четвртото издание на фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ продолжува со изложба на дела на современи македонски илустратори на сродниот фестивал „Овца во кутија“, во Пазин, Хрватска. Четворица актуелни автори ќе се претстават во срцето на Истра на групна изложба од 12 до 16 септември. Главен покровител на годинашното издание на фестивалот е Халкбанк АД Скопје и нивното детското штедење „Халки“.    

The post Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ во посета на Валандово appeared first on Република.

]]>
Караванот „Литера“ патува во Валандово, Чалакли и Казандол https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/karavanot-litera-patuva-vo-valandovo-chalakli-i-kazandol/ Fri, 02 Sep 2022 10:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=546716

Денеска и утре (2 и 3 септември) патувачкиот караван на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе ги посети Валандово и валандовските села Чалакли и Казандол.

Во 17 часот во Домот за културата 25 Мај во Валандово ќе биде промовирана сликовницата „Волшебното патување на Простор и Време“ од авторот МИрко Трајановски и илустраторот Кристијан Јованоски, а потоа и кнгата „Невидливата куќа“ на Билјана С. Црвенковска и Ване Костуранов.

По промоцијата, најмалите посетители ќе имаат можност да учествуваат во креативната работилница за нива, а во 19 часот ќе биде одржана трибина „Дали литературата за деца може да придонесе за развој во помалите средини?“.

На трибинта ќе учествуваат: градоначалникот Перо Костадиновски, Мехмед Ариф (автор), Лилјана Нанова (библиотекар) и Софија Семенпеева (основач на „Литера“). Модератор на трибината ќе биде Александра Јуруковска.

Утре (сабота) тимот на „Литера“, заедно со авторот за деца Мехмед Ариф ќе одржи уште две креативни работилници, во 10 часот во с. Чалакли, а во 13 часот во Казандол.
Тема на годинашниот фестивал „Дом без граници“. На неа твореа илустраторите кои испратија свои дела на отворениот повик, а тоа е мотивот и на сите средби на најразлични места низ Македонија.

Всушност, активностите во Валандово, како и неодамна завршениот летен камп во Богданци, се дел од четвртото издание на меѓународнот фестивал за литература и илустрација за деца, кој има изразено патувачки карактер. Преку децентрализација на културните настани, посебно оние за најмладите. Фестивалот се залага квалитетната литература за деца да стигне до што повеќе читатели.

Следно на „Литера“е изложба на дела на современи македонски илустратори на Фестивалот за детска литература и илустрација „Овца во кутија“, во Пазин, Хрватска. Четворица актуелни автори ќе се претстават во срцето на Истра на групна изложба од 12 до 18 септември.
Организатор на фестивалот „Литера “ е Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“, а главен покровител на годинашното издание е Халкбанк АД Скопје и нивното детското штедење Халки.

 

The post Караванот „Литера“ патува во Валандово, Чалакли и Казандол appeared first on Република.

]]>

Денеска и утре (2 и 3 септември) патувачкиот караван на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе ги посети Валандово и валандовските села Чалакли и Казандол. Во 17 часот во Домот за културата 25 Мај во Валандово ќе биде промовирана сликовницата „Волшебното патување на Простор и Време“ од авторот МИрко Трајановски и илустраторот Кристијан Јованоски, а потоа и кнгата „Невидливата куќа“ на Билјана С. Црвенковска и Ване Костуранов. По промоцијата, најмалите посетители ќе имаат можност да учествуваат во креативната работилница за нива, а во 19 часот ќе биде одржана трибина „Дали литературата за деца може да придонесе за развој во помалите средини?“. На трибинта ќе учествуваат: градоначалникот Перо Костадиновски, Мехмед Ариф (автор), Лилјана Нанова (библиотекар) и Софија Семенпеева (основач на „Литера“). Модератор на трибината ќе биде Александра Јуруковска. Утре (сабота) тимот на „Литера“, заедно со авторот за деца Мехмед Ариф ќе одржи уште две креативни работилници, во 10 часот во с. Чалакли, а во 13 часот во Казандол. Тема на годинашниот фестивал „Дом без граници“. На неа твореа илустраторите кои испратија свои дела на отворениот повик, а тоа е мотивот и на сите средби на најразлични места низ Македонија. Всушност, активностите во Валандово, како и неодамна завршениот летен камп во Богданци, се дел од четвртото издание на меѓународнот фестивал за литература и илустрација за деца, кој има изразено патувачки карактер. Преку децентрализација на културните настани, посебно оние за најмладите. Фестивалот се залага квалитетната литература за деца да стигне до што повеќе читатели. Следно на „Литера“е изложба на дела на современи македонски илустратори на Фестивалот за детска литература и илустрација „Овца во кутија“, во Пазин, Хрватска. Четворица актуелни автори ќе се претстават во срцето на Истра на групна изложба од 12 до 18 септември. Организатор на фестивалот „Литера “ е Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“, а главен покровител на годинашното издание е Халкбанк АД Скопје и нивното детското штедење Халки.  

The post Караванот „Литера“ патува во Валандово, Чалакли и Казандол appeared first on Република.

]]>
Заврши летниот камп Литера 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-letniot-kamp-litera-2022/ Wed, 24 Aug 2022 14:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=543710

Што е колаграфија, кои биле зографите и како функционирале тајфите, кои биле основноположници на македонската ликовна уметност, како се бориме со предрасудите кон лицата со посебни потреби преку филмската уметност, ова е само дел од она што научија децата на Летниот креативен камп „Литера“, што се одржа во Богданци, како прва годинашна активност на истоимениот Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца. На кампот, што се одржа во просториите на Графичката работилница „Софија“, учествуваа деца на возраст од 5 до 12 години. Тие имаа можност да работат во повеќе сликарски и графички техники, читаа, пишуваа и создаваа концепт за книга, од идеја до реализација, односно до печатница.
Кампот беше отворен и за децата од Богданци, кои во голем број доаѓаа да видат и научат нови нешта.

Интересна е приказната на менторката Камелија Србова, која уште од дете пројавува интерес за уметноста и со години ја посетуваше Графичката работилница „Софија“ во нејзиниот град. Таму ја усовршила техниката колаграфија, па деновиве им ја пренесе и на малите креативци. Пренесување на искуството, но и на љубовта кон уметноста е мисијата на „Литера“, а тоа е впечатокот и на другите едукатори.

Вистински би се изненадиле кога би знаеле колку многу децата се интересираат за пишувањето, но и најдобро од сѐ е тоа што меѓу нив има навистина талентирани млади луѓе, на кои единствено им треба поттик. Апелирам да се одржуваат повеќе вакви работилници, особено работилници за креативно пишување, зашто неоткриен талент е како дијамант кој стои пред нас, а ние го гледаме како обично камче - вели авторката Магде Ангова, менторка на работилницата за креативно пишување.

Летниот камп „Литера“ не само што отвора можности за активно поминато време на децата, туку им овозможува да созреат во визуелен и концепциски идентитетски наратив, потенцира и мултимедијалниот уметник и едукатор, Доротеј Нешовски.

Ова значи изразување без граници, чувствување на слободата во играта со материјалите, истражувањето на ликовните техники и медиуми и експериментирањето со придобивките од стекнатите знаења. Испитувајќи ги своите граници, децата си создаваат крилја за да летаат во уметноста, во креативноста и во својот имагинарен свет. Ме радуваат сериозните кампови и нивната намера за поубав свет во полето на ликовноста - истакнува Нешовски.

Посебно изненадување на кампот во Богданци беше посетата на дружељубивото слонче Халки, кое пред децата ја читаше својата „Сликовницата на Халки“, наградена од Македонската асоцијација на издавачи како проект за поттикнување на општествената одговорност.

Четвртото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ годинава има патувачки карактер. Целта е квалитетните изданија да стигнат до што повеќе деца низ цела Македонија. Децентрализацијата на активностите значи поддршка на детската креативност, но и поттик за македонските автори и илустратори да создаваат нови и квалитетни дела за најмладите.

Следната фестивалска активност ќе биде реализирана во Општина Валандово и селата Чалакли и Казандол на 2 и 3 септември.

 

The post Заврши летниот камп Литера 2022 appeared first on Република.

]]>

Што е колаграфија, кои биле зографите и како функционирале тајфите, кои биле основноположници на македонската ликовна уметност, како се бориме со предрасудите кон лицата со посебни потреби преку филмската уметност, ова е само дел од она што научија децата на Летниот креативен камп „Литера“, што се одржа во Богданци, како прва годинашна активност на истоимениот Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца. На кампот, што се одржа во просториите на Графичката работилница „Софија“, учествуваа деца на возраст од 5 до 12 години. Тие имаа можност да работат во повеќе сликарски и графички техники, читаа, пишуваа и создаваа концепт за книга, од идеја до реализација, односно до печатница. Кампот беше отворен и за децата од Богданци, кои во голем број доаѓаа да видат и научат нови нешта. Интересна е приказната на менторката Камелија Србова, која уште од дете пројавува интерес за уметноста и со години ја посетуваше Графичката работилница „Софија“ во нејзиниот град. Таму ја усовршила техниката колаграфија, па деновиве им ја пренесе и на малите креативци. Пренесување на искуството, но и на љубовта кон уметноста е мисијата на „Литера“, а тоа е впечатокот и на другите едукатори.
Вистински би се изненадиле кога би знаеле колку многу децата се интересираат за пишувањето, но и најдобро од сѐ е тоа што меѓу нив има навистина талентирани млади луѓе, на кои единствено им треба поттик. Апелирам да се одржуваат повеќе вакви работилници, особено работилници за креативно пишување, зашто неоткриен талент е како дијамант кој стои пред нас, а ние го гледаме како обично камче - вели авторката Магде Ангова, менторка на работилницата за креативно пишување.
Летниот камп „Литера“ не само што отвора можности за активно поминато време на децата, туку им овозможува да созреат во визуелен и концепциски идентитетски наратив, потенцира и мултимедијалниот уметник и едукатор, Доротеј Нешовски.
Ова значи изразување без граници, чувствување на слободата во играта со материјалите, истражувањето на ликовните техники и медиуми и експериментирањето со придобивките од стекнатите знаења. Испитувајќи ги своите граници, децата си создаваат крилја за да летаат во уметноста, во креативноста и во својот имагинарен свет. Ме радуваат сериозните кампови и нивната намера за поубав свет во полето на ликовноста - истакнува Нешовски.
Посебно изненадување на кампот во Богданци беше посетата на дружељубивото слонче Халки, кое пред децата ја читаше својата „Сликовницата на Халки“, наградена од Македонската асоцијација на издавачи како проект за поттикнување на општествената одговорност. Четвртото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ годинава има патувачки карактер. Целта е квалитетните изданија да стигнат до што повеќе деца низ цела Македонија. Децентрализацијата на активностите значи поддршка на детската креативност, но и поттик за македонските автори и илустратори да создаваат нови и квалитетни дела за најмладите. Следната фестивалска активност ќе биде реализирана во Општина Валандово и селата Чалакли и Казандол на 2 и 3 септември.  

The post Заврши летниот камп Литера 2022 appeared first on Република.

]]>
Фестивалот „Литера“ почна со Летен креативен камп во Богданци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festivalot-litera-pochna-so-leten-kreativen-kamp-vo-bogdanci/ Tue, 16 Aug 2022 11:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=540929

Со летен креативен камп вчера во Богданци започна четвртото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“. Летниот креативен камп е најава за годинашниот патувачки карактер на „Литера“, како и за идејата за децентрализација на фестивалските настани, низ повеќе градови и населени места во Македонија.

Летниот камп се одржува во просториите на познатата Графичка работилница во Богданци и на него учествуваат деца од 7-14 години. Тие преку интерактивни предавања ќе се запознаат со основоположниците на македонската современа уметност, со различни ликовни техники, а работат и на креирање сликовница од идеја, преку текст, илустрација до печатење и конечна реализација. Кампот ќе заврши со групна изложба на сите сработени дела.

Темата на фестивалот, а и на летниот камп е „Дом без граници“. На неа твореа илустраторите што ни испратија свои дела на годинашниот повик. На оваа тема зборуваме и креираме и со децата кои на кампот ќе се сретнат и со неколку автори и илустратори, најавува Софија Семенпеева-Трајановска, основач на „Литера“ и еден од менторите на Летниот камп.

Сакавме нашата мисија за квалитетна литература и илустрација за деца да стигне до што повеќе деца и млади. Без помпезости, но вредно и трудољубиво се обидуваме во „Литера“ да вклучиме што повеќе учесници од различни профили. Така детскиот камп е отворен и за локалното население, како што ќе бидат отворени и сите наши следни активности. Учесниците на кампот ќе работат и со уметниците Доротеј Нешовски и Ана Димчевска Семенпеева, како и со авторката Магде Ангова. Целта ни е да ја поттикнеме детската креативност, но и македонската продукција за деца и во пишувачкиот и во делот на илустрацијата – вели Семенпеева Трајановска.

Патувачкиот караван на „Литера“ годинава ќе ги посети и Валандово, Гевгелија, како и неколку села во Преспанскиот регион.

Една од важните активности што „Литера“ ги има во својата програма за годинава е изложба на дела на современи македонски илустратори на Фестивалот за детска литература и илустрација „Овца во кутија“, во Пазин, Хрватска. Четворица актуелни автори ќе се претстават во срцето на Истра на групна изложба од 12 до 18 септември.

Главен покровител на годинашното издание на фестивалот е Халкбанк АД Скопје и нивното детското штедење Халки. Четвртото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ од Министерството за култура е поддржано со 120.000 денари.

The post Фестивалот „Литера“ почна со Летен креативен камп во Богданци appeared first on Република.

]]>

Со летен креативен камп вчера во Богданци започна четвртото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“. Летниот креативен камп е најава за годинашниот патувачки карактер на „Литера“, како и за идејата за децентрализација на фестивалските настани, низ повеќе градови и населени места во Македонија. Летниот камп се одржува во просториите на познатата Графичка работилница во Богданци и на него учествуваат деца од 7-14 години. Тие преку интерактивни предавања ќе се запознаат со основоположниците на македонската современа уметност, со различни ликовни техники, а работат и на креирање сликовница од идеја, преку текст, илустрација до печатење и конечна реализација. Кампот ќе заврши со групна изложба на сите сработени дела. Темата на фестивалот, а и на летниот камп е „Дом без граници“. На неа твореа илустраторите што ни испратија свои дела на годинашниот повик. На оваа тема зборуваме и креираме и со децата кои на кампот ќе се сретнат и со неколку автори и илустратори, најавува Софија Семенпеева-Трајановска, основач на „Литера“ и еден од менторите на Летниот камп.
Сакавме нашата мисија за квалитетна литература и илустрација за деца да стигне до што повеќе деца и млади. Без помпезости, но вредно и трудољубиво се обидуваме во „Литера“ да вклучиме што повеќе учесници од различни профили. Така детскиот камп е отворен и за локалното население, како што ќе бидат отворени и сите наши следни активности. Учесниците на кампот ќе работат и со уметниците Доротеј Нешовски и Ана Димчевска Семенпеева, како и со авторката Магде Ангова. Целта ни е да ја поттикнеме детската креативност, но и македонската продукција за деца и во пишувачкиот и во делот на илустрацијата – вели Семенпеева Трајановска.
Патувачкиот караван на „Литера“ годинава ќе ги посети и Валандово, Гевгелија, како и неколку села во Преспанскиот регион. Една од важните активности што „Литера“ ги има во својата програма за годинава е изложба на дела на современи македонски илустратори на Фестивалот за детска литература и илустрација „Овца во кутија“, во Пазин, Хрватска. Четворица актуелни автори ќе се претстават во срцето на Истра на групна изложба од 12 до 18 септември. Главен покровител на годинашното издание на фестивалот е Халкбанк АД Скопје и нивното детското штедење Халки. Четвртото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ од Министерството за култура е поддржано со 120.000 денари.

The post Фестивалот „Литера“ почна со Летен креативен камп во Богданци appeared first on Република.

]]>