листа на чекање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lista-na-chekane/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 13:07:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png листа на чекање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lista-na-chekane/ 32 32 Николов: Листите на чекање се горлив проблем за секој пациент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolov-listite-na-chekane-se-gorliv-problem-za-sekoj-patsient/ Wed, 28 Aug 2024 12:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=810887

Листите на чекање се горлив проблем за секој пациент, никој не ги гледа листите, ниту има информации колку ќе се чека што создава состојба на неизвесност и барате начин како да ја забрзате работата. ОВА ЌЕ СЕ РЕШИ СО ДИГИТАЛИЗАЦИЈА затоа што притисок нема само кај пациентите, туку и кај лекарите. Во ситуација на дигитализација секој пациент со сопствена шифра ќе може да провери, вели доктор Игор Николов во гостувањето на телевизија Сител.

Сега сме во фаза на домаќинско работење пред да дојдеме до дигитализација. Ковид пандемијата покажа дека здравствените системи треба да бидат подготвени, а кризата во Украина влијае на цените на медикаментите. Сите цени се покачени, од тука растат и цените на здравствените услуги и поставува прашањето на одржливост на здравствените системи во регионот. Затоа е ПОТРЕБНО Е ПРВО ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ, или ЕФИКАСНОСТ, ЕФЕКТИВНОСТ и ЕКОНОМИЧНОСТ со што ќе се подготви здравствениот систем да се справи со предизвиците, и не само нашиот туку сите во Југоисточна Европа.

The post Николов: Листите на чекање се горлив проблем за секој пациент appeared first on Република.

]]>

Негувателки и воспитувачки заминуваат во пензија, не се одобруваат вработувања, па во штипските градинки повторно има листа на чекање за прием на деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/neguvatelki-i-vospituvachki-zaminuvaat-vo-penzija-ne-se-odobruvaat-vrabotuvana-pa-vo-shtipskite-gradinki-povtorno-ima-lista-na-chekane-za-priem-na-detsa/ Sat, 26 Aug 2023 11:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=675993

Во штипските градинки повторно има листа на чекање за прием на деца. Причината овојпат не се просторните можности, туку недостатокот на кадар. Проблемот се појавува бидејќи не се одобруваат вработувања, откако ќе се испразнат работните места по основ на пензионирање. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“- Штип, Ивана Ангеличкова, вели дека и покрај тоа што неколкумина од вработените веќе заминале во пензија, во претстојниот период тоа ќе се случи со уште четири вработени во оваа. Во пензија заминуваат две воспитувачки и две негувателки, што значи две групи дечиња помалку.

Голем дел од родителите ги пуштаат дечињата од 1 септември, па така и кај нас од листата на чекање којашто беше правена во текот на летото сега се пополнуваат слободните места низ соодветните воспитни групи. Меѓутоа, еве, јавно да им се извинам на сите родители чиишто дечиња нема да можеме да ги примиме, бидејќи се соочуваме со недостаток на вработени. Од нашата детска градинка дел отидоа во пензија и во наредниот период ќе ни се ослободат работни места по основ на пензионирање и од одредена бројка на луѓе. За жал, поради тоа што Министерството не ни дава согласности за вработување, ние ќе мораме тие групи да ги затвориме, вели Ангеличкова.

Состојбата е слична и во детската градинка „Астибо“. Директорката, Наташа Мусева, додава дека проблемот со бројот на деца кој се провлекуваше со години е решен со тоа што групите работат со зголемен број на деца. Меѓутоа, и во оваа градинка вработените заминуваат по основ на вработување, а сѐ уште нема согласност за нови вработувања, односно нивна замена.

Детската градинка „Астибо“ – Штип врши упис и прием на деца за претстојната 2023/2024 година. Изминатите години многу деца остануваа без место во градинката, но последниве години состојбата е нормализирана во соработка со Советот на Општина Штип, каде е донесена одлука сите воспитни групи да работат со зголемен број на деца. Во установата интензивно работи и Комисија за прием на децата која ги регулира нормативите при прием. Во објектите каде постои поголем број на деца, новозапишаните ги упатуваме во останатите наши објекти и со тоа се трудиме сите деца да бидат згрижени. Јавно упатувам апел до родителите да имаат трпение, бидејќи листа на чекање постои само во одредени објекти каде веќе е пополнет бројот на групите, рече Мусева.

Според Законот, за нови вработувања градинките имаат должност да испратат барање до Министерството заедно со соодветна документација која утврдува по кој основ се испразнети работните места. Директорката Ангеличкова вели дека тоа веќе го имаат сторено, но чекаат на согласност од Министерството за труд и социјална политика, како и од Министерството за финансии за да распишат оглас за вработување. Инаку во тек се уписите на децата во градинките.

The post Негувателки и воспитувачки заминуваат во пензија, не се одобруваат вработувања, па во штипските градинки повторно има листа на чекање за прием на деца appeared first on Република.

Доктори од Ниш работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/doktori-od-nish-rabotea-12-neplateni-vikendi-za-da-ja-ukinat-listata-na-chekane-za-operatsii/ Tue, 11 Apr 2023 07:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=629669

По речиси 100 дена и 12 последователни викенди во текот на кои персоналот од Клиниката за кардиохирургија во Ниш работеше без парична надомест, листата на чекање за кардиоваскуларни операции во оваа клиника повеќе не постои“, соопшти директорот на клиниката, д-р Драган Милиќ.

Тој вели дека во оваа установа сега постојат само листи на закажување.

Листата на чекање од денеска не постои на нашата клиника и ниту еден пациент кој ќе ја помине анестезиолошката амбуланта нема да чека за операција подолго од 5 до 15 дена. Од утре клиниката се враќа во редовниот режим на работа, напиша директорот на Фејсбук.

„Листата на чекање со 149 пациенти на почетокот на оваа година премина во листа на закажување на која сега се наоѓаат 42 пациенти! Операциите кои минатата година се чекаа 3-4, а некогаш и 6 месеци повеќе нема да се чекаат“, вели д-р Милиќ.

Тој наведува дека во 100 дена биле изведени вкупно 248 операции, додека минатата година во исто време биле извршени 117.

Само во март годинава се направени неверојатни 98 операции! Бројот на хоспитализирани пациенти во првите 3 месеци од минатата година беше 145, а годинава дури 353! Бројот на амбулантски прегледи во периодот јануари-март оваа година беше 3.014, а минатата година изнесуваше 1.467“, пишува директорот.

The post Доктори од Ниш работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции appeared first on Република.

]]>

По речиси 100 дена и 12 последователни викенди во текот на кои персоналот од Клиниката за кардиохирургија во Ниш работеше без парична надомест, листата на чекање за кардиоваскуларни операции во оваа клиника повеќе не постои“, соопшти директорот на клиниката, д-р Драган Милиќ. Тој вели дека во оваа установа сега постојат само листи на закажување.
Листата на чекање од денеска не постои на нашата клиника и ниту еден пациент кој ќе ја помине анестезиолошката амбуланта нема да чека за операција подолго од 5 до 15 дена. Од утре клиниката се враќа во редовниот режим на работа, напиша директорот на Фејсбук.
„Листата на чекање со 149 пациенти на почетокот на оваа година премина во листа на закажување на која сега се наоѓаат 42 пациенти! Операциите кои минатата година се чекаа 3-4, а некогаш и 6 месеци повеќе нема да се чекаат“, вели д-р Милиќ. Тој наведува дека во 100 дена биле изведени вкупно 248 операции, додека минатата година во исто време биле извршени 117.