лисиче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lisiche/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Mar 2024 08:05:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лисиче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lisiche/ 32 32 Без струја делови од Чаир и Аеродром https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-struja-delovi-od-chair-i-aerodrom/ Wed, 13 Mar 2024 08:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=754240

Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Рајковиќ“ во населба Лисиче.

Без електрична енергија денеска од 8:30 до 13 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Златарска“„, Кујунџиска“ и објектите околу џамијата „,Араста“ во Стара скопска чаршија.

Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Рајковиќ“ во населба Лисиче.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

The post Без струја делови од Чаир и Аеродром appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Рајковиќ“ во населба Лисиче. Без електрична енергија денеска од 8:30 до 13 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Златарска“„, Кујунџиска“ и објектите околу џамијата „,Араста“ во Стара скопска чаршија. Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Рајковиќ“ во населба Лисиче. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

The post Без струја делови од Чаир и Аеродром appeared first on Република.

]]>
Лисиче добива ДУП според барањата на граѓаните, шарената коалиција на СДСМ и Левица ја манипулира и лаже јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lisiche-dobiva-dup-spored-baranata-na-graganite-sharenata-koalitsija-na-sdsm-i-levitsa-ja-manipulira-i-lazhe-javnosta/ Thu, 15 Jun 2023 08:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=651593

Населбата Лисиче ќе добие нов детален урбанистички план кој ќе биде во согласност со барањата на граѓаните. Општина Аеродром цврсто стои на ставот дека новата верзија на урбанистичкиот план која е во фаза на изработка ќе ги опфати најголемиот дел од забелешките на граѓаните, дадени преку јавната анкета и ќе реши голем дел од проблемите на граѓаните на овој дел од општина Аеродром.

Протестите со политичка позадина, имаа единствена цел – да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми со кои се соочува државата. Затворањето и блокирањето улици е аматерски обид за политичко поентирање. Граѓаните се сведоци и јавноста памети дека пред неколку години, исти вакви политички протести со шарени бои, тогаш донесоа политичка криза, хаос во градот, а на долг рок истите беа основа за нова влада, која сега е симбол на корупција, криминал, сиромаштија и беззаконието во државата. Шарената боја на вчерашните протести е само потврда и уште еден доказ за коалицијата помеѓу СДСМ и Левица. Коалиција која шири лаги и невистини, создава вештачки кризи и не носи никаков бенефит за граѓаните.

Наша обврска е до работиме чесно, одговорно и транспарентно. Општина Аеродром е во редовна и секојдневна комуникација со граѓаните. Не велиме дека нема проблеми, но тие се решаваат и решенијата се бараат преку редовна и нормална комуникација и дискусија. Во оваа насока апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на шарените лаги и дезинформации со кои СДСМ и Левица ја манипулираат јавноста. Општина Аеродром, како и досега во целост стои на располагање за сите граѓани кои на било каков начин сакаат да дадат своја конструктивна сугестија или забелешка во процесот на носење на деталниот урбанистички план.

На крајот дозволете да потсетиме дека на сме сите исти. Тие изминатиот месец го трошеа своето време за деструктивност и на списокот завршени обврски запишуваа само „политички монтирани и шарени протести“, а во истиот тој период Општина Аеродром интензивно работеше да обезбеди паричен надоместок за дечињата од прво одделение, граѓаните од Лисиче да плаќаат за 50% помали комуналии при изградба на куќи, учениците да добијат бесплатни таблети, жителите на „Островска“ да добијат нов спортски центар, оние кои живеат во Реонски центар и Стар Аеродром да добијат нов паркови, дечињата да добијат нови игралишта во училиштето “Љубен Лапе“ и во близина на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, лисичани да добијат нови улици и уште низа тековни, започнати и реализирани проекти во изминатиот месец, велат од општина Аеродром.

The post Лисиче добива ДУП според барањата на граѓаните, шарената коалиција на СДСМ и Левица ја манипулира и лаже јавноста appeared first on Република.

]]>

Населбата Лисиче ќе добие нов детален урбанистички план кој ќе биде во согласност со барањата на граѓаните. Општина Аеродром цврсто стои на ставот дека новата верзија на урбанистичкиот план која е во фаза на изработка ќе ги опфати најголемиот дел од забелешките на граѓаните, дадени преку јавната анкета и ќе реши голем дел од проблемите на граѓаните на овој дел од општина Аеродром. Протестите со политичка позадина, имаа единствена цел – да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми со кои се соочува државата. Затворањето и блокирањето улици е аматерски обид за политичко поентирање. Граѓаните се сведоци и јавноста памети дека пред неколку години, исти вакви политички протести со шарени бои, тогаш донесоа политичка криза, хаос во градот, а на долг рок истите беа основа за нова влада, која сега е симбол на корупција, криминал, сиромаштија и беззаконието во државата. Шарената боја на вчерашните протести е само потврда и уште еден доказ за коалицијата помеѓу СДСМ и Левица. Коалиција која шири лаги и невистини, создава вештачки кризи и не носи никаков бенефит за граѓаните. Наша обврска е до работиме чесно, одговорно и транспарентно. Општина Аеродром е во редовна и секојдневна комуникација со граѓаните. Не велиме дека нема проблеми, но тие се решаваат и решенијата се бараат преку редовна и нормална комуникација и дискусија. Во оваа насока апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на шарените лаги и дезинформации со кои СДСМ и Левица ја манипулираат јавноста. Општина Аеродром, како и досега во целост стои на располагање за сите граѓани кои на било каков начин сакаат да дадат своја конструктивна сугестија или забелешка во процесот на носење на деталниот урбанистички план. На крајот дозволете да потсетиме дека на сме сите исти. Тие изминатиот месец го трошеа своето време за деструктивност и на списокот завршени обврски запишуваа само „политички монтирани и шарени протести“, а во истиот тој период Општина Аеродром интензивно работеше да обезбеди паричен надоместок за дечињата од прво одделение, граѓаните од Лисиче да плаќаат за 50% помали комуналии при изградба на куќи, учениците да добијат бесплатни таблети, жителите на „Островска“ да добијат нов спортски центар, оние кои живеат во Реонски центар и Стар Аеродром да добијат нов паркови, дечињата да добијат нови игралишта во училиштето “Љубен Лапе“ и во близина на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, лисичани да добијат нови улици и уште низа тековни, започнати и реализирани проекти во изминатиот месец, велат од општина Аеродром.

The post Лисиче добива ДУП според барањата на граѓаните, шарената коалиција на СДСМ и Левица ја манипулира и лаже јавноста appeared first on Република.

]]>
Скопјанец фрла мачка, претходно се изживувал врз неа https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjanets-frla-machka-prethodno-se-izzhivuval-vrz-nea/ Fri, 19 May 2023 09:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=642588

Извесен Д.Д. од населба Лисиче, Скопје на најсуров и монструозен начин малтретира и повредува мачка, реагираат од „Анима мунди“. Од Здружението велат дека кај нив вчера реагирал сопственикот на мачката и дека ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката.

Според сведоштвата, ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума.

Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во позадина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар.
Млади лица, небаре деца кои покажуваат волку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе.
Бараме од надлежните институции да превземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено кај овој млад човек и превенираат вакви случки во иднина.
Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување, велат од „Анима мунди“.

The post Скопјанец фрла мачка, претходно се изживувал врз неа appeared first on Република.

]]>

Извесен Д.Д. од населба Лисиче, Скопје на најсуров и монструозен начин малтретира и повредува мачка, реагираат од „Анима мунди“. Од Здружението велат дека кај нив вчера реагирал сопственикот на мачката и дека ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката. Според сведоштвата, ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума.
Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во позадина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар. Млади лица, небаре деца кои покажуваат волку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе. Бараме од надлежните институции да превземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено кај овој млад човек и превенираат вакви случки во иднина. Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување, велат од „Анима мунди“.

The post Скопјанец фрла мачка, претходно се изживувал врз неа appeared first on Република.

]]>
Во Центар и Лисиче вечерва не се дише https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-tsentar-i-lisiche-vecherva-ne-se-dishe/ Thu, 29 Dec 2022 20:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=591645

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е надминат прагот на алармирање поради загадениот воздух на мерните места во Центар и Лисиче.

-Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Центар и Лисиче, се наведува во денешното соопштение од МЖСПП.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општините и до Град Скопје.

Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Град Скопје стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информираат од МЖСПП.

 

The post Во Центар и Лисиче вечерва не се дише appeared first on Република.

]]>

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е надминат прагот на алармирање поради загадениот воздух на мерните места во Центар и Лисиче. -Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Центар и Лисиче, се наведува во денешното соопштение од МЖСПП. Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање. Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општините и до Град Скопје.
Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Град Скопје стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информираат од МЖСПП.
 

The post Во Центар и Лисиче вечерва не се дише appeared first on Република.

]]>
Над 130 домаќинства во Лисиче добија еколошки уреди за греење и енергетско-ефикасни фасади https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nad-130-domakjinstva-vo-lisiche-dobija-ekoloshki-uredi-za-greenje-i-energetsko-efikasni-fasadi/ Wed, 28 Sep 2022 13:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=555272

🎤 Во дворот на основното училиште „Димитар Македонски“ во населба Лисиче денеска се одржа завршниот настан од проектот „Справување со загадувањето во Град Скопје“, кој во изминатиот период низ неколку фази се реализираше во Општина Аеродром.
🏡 Проектот е финансиран од Шведската амбасада со поддршка на УНДП, а опфати енергетска обнова на 130 домаќинства во населба Лисиче, при што беа спроведени сет мерки за енергетска ефикасност, вклучително и замена на старите и неефикасни уреди за греење, чија крајна цел е справување со загадувањето на воздухот.
📢 „Шведска го поддржа УНДП во овој проект кој им помогна на речиси 130 домаќинства да ги направат своите домови помали загадувачи, со почист воздух во затворените простории. Тоа, исто така, го поевтини нивното загревање во текот на зимските месеци, што јасно покажува дека може да се изнајдат решенија што ќе ги опфатат сите“, изјави шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин на денешниот настан.
🗣 Градоначалникот Тимчо Муцунски го потенцираше значењето на овој проект кој е од огромна помош за жителите што се најпогодени од проблемот со загадувањето.
📢 „Како Општина сме посветени на изнаоѓање трајни решенија при справувањето со загадениот воздух, но секогаш треба да целиме кон повеќе. Од клучно значење за квалитетот на животот во Аеродром е да креираме модели со кои ќе придонесеме за намалување на загаденоста, а некои веќе даваат и конкретни резултати.“
🌍 Имплементацијата и спроведувањето на овој проект почна со поставување станици за мерење на загадувањето на воздухот на повеќе локации.
♻️ Општина Аеродром останува отворена за соработка со сите фактори во општеството кои на свој начин придонесуваат за подобрување на животната средина и создавање здрава и чиста околина и презема конкретни мерки за намалување на штетните последици од овој проблем.

The post Над 130 домаќинства во Лисиче добија еколошки уреди за греење и енергетско-ефикасни фасади appeared first on Република.

]]>

🎤 Во дворот на основното училиште „Димитар Македонски“ во населба Лисиче денеска се одржа завршниот настан од проектот „Справување со загадувањето во Град Скопје“, кој во изминатиот период низ неколку фази се реализираше во Општина Аеродром. 🏡 Проектот е финансиран од Шведската амбасада со поддршка на УНДП, а опфати енергетска обнова на 130 домаќинства во населба Лисиче, при што беа спроведени сет мерки за енергетска ефикасност, вклучително и замена на старите и неефикасни уреди за греење, чија крајна цел е справување со загадувањето на воздухот. 📢 „Шведска го поддржа УНДП во овој проект кој им помогна на речиси 130 домаќинства да ги направат своите домови помали загадувачи, со почист воздух во затворените простории. Тоа, исто така, го поевтини нивното загревање во текот на зимските месеци, што јасно покажува дека може да се изнајдат решенија што ќе ги опфатат сите“, изјави шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин на денешниот настан. 🗣 Градоначалникот Тимчо Муцунски го потенцираше значењето на овој проект кој е од огромна помош за жителите што се најпогодени од проблемот со загадувањето. 📢 „Како Општина сме посветени на изнаоѓање трајни решенија при справувањето со загадениот воздух, но секогаш треба да целиме кон повеќе. Од клучно значење за квалитетот на животот во Аеродром е да креираме модели со кои ќе придонесеме за намалување на загаденоста, а некои веќе даваат и конкретни резултати.“ 🌍 Имплементацијата и спроведувањето на овој проект почна со поставување станици за мерење на загадувањето на воздухот на повеќе локации. ♻️ Општина Аеродром останува отворена за соработка со сите фактори во општеството кои на свој начин придонесуваат за подобрување на животната средина и создавање здрава и чиста околина и презема конкретни мерки за намалување на штетните последици од овој проблем.

The post Над 130 домаќинства во Лисиче добија еколошки уреди за греење и енергетско-ефикасни фасади appeared first on Република.

]]>
Сообраќајка вечерва во Лисиче, во тек е увидот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/soobrakjajka-vecherva-vo-lisiche-vo-tek-e-uvidot/ Thu, 08 Sep 2022 20:07:00 +0000 https://republika.mk/?p=548841

Вечерва во населбата Лисиче, на раскрсницата кај крстот се случи сообраќајна несреќа.

Сообраќајот е во прекин и се врши увид.

The post Сообраќајка вечерва во Лисиче, во тек е увидот appeared first on Република.

]]>

Вечерва во населбата Лисиче, на раскрсницата кај крстот се случи сообраќајна несреќа. Сообраќајот е во прекин и се врши увид.

The post Сообраќајка вечерва во Лисиче, во тек е увидот appeared first on Република.

]]>
Без вода e дел од скопско Лисиче https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-e-del-od-skopsko-lisiche/ Sat, 25 Jun 2022 07:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=519507

Поради замена на вентили по шахти на улица „Мите Богоевски“ бб, прекинато водоснабдување имаат корисниците на оваа улица од раскрсницата со „Илија Димовски – Гоце“ до каналот, потоа на „Жорж Бизе“, како и на уличките број 1, 3, 5, 7, 2 и 4 во скопската населба Лисиче.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето е во прекин од 08:30 часот, па до завршување на зафатот.

The post Без вода e дел од скопско Лисиче appeared first on Република.

]]>

Поради замена на вентили по шахти на улица „Мите Богоевски“ бб, прекинато водоснабдување имаат корисниците на оваа улица од раскрсницата со „Илија Димовски – Гоце“ до каналот, потоа на „Жорж Бизе“, како и на уличките број 1, 3, 5, 7, 2 и 4 во скопската населба Лисиче. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето е во прекин од 08:30 часот, па до завршување на зафатот.

The post Без вода e дел од скопско Лисиче appeared first on Република.

]]>
Нови дрвени елементи поставени во Рајскиот парк во населбата Ново Лисиче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/novi-drveni-elementi-postaveni-vo-rajskiot-park-vo-naselbata-novo-lisiche/ Sun, 13 Mar 2022 12:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=472077

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во текот на изминатите денови поставија нови елементи изработени од дрво во Рајскиот парк во населбата Ново Лисиче.

Нови павилјони, комплет на клупи и маси, корпи за отпадоци, дрвена куќичка за деца и рекреативни елементи се новите парковски дрвени елементи што екипите на ЈП Паркови и зеленило ги изработија и ги поставија во делови на Рајскиот парк.

Распоредени на повеќе локации низ зеленилото во паркот, елементите со својот изглед и намена го дополнуваат изгледот на уредениот парк, кој е вистинско место за релаксација и пријатен престој во природа за посетители од сите генерации.

The post Нови дрвени елементи поставени во Рајскиот парк во населбата Ново Лисиче appeared first on Република.

]]>

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во текот на изминатите денови поставија нови елементи изработени од дрво во Рајскиот парк во населбата Ново Лисиче. Нови павилјони, комплет на клупи и маси, корпи за отпадоци, дрвена куќичка за деца и рекреативни елементи се новите парковски дрвени елементи што екипите на ЈП Паркови и зеленило ги изработија и ги поставија во делови на Рајскиот парк. Распоредени на повеќе локации низ зеленилото во паркот, елементите со својот изглед и намена го дополнуваат изгледот на уредениот парк, кој е вистинско место за релаксација и пријатен престој во природа за посетители од сите генерации.

The post Нови дрвени елементи поставени во Рајскиот парк во населбата Ново Лисиче appeared first on Република.

]]>
Голема акција: Се чисти трговскиот центар во Лисиче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/golema-akcija-se-chisti-trgovskiot-centar-vo-lisiche/ Thu, 24 Feb 2022 09:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=462971

Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат голема акција за темелно чистење на Трговскиот центар во Лисиче и неколку други локации низ населбата.

Се чистат сите делови на трговскиот, а најмногу се загадени премините меѓу дуќаните, каде што со години се трупало ѓубре, кое покрај грдата слика, со неговото распаѓање создаваше и непријатна миризба.

Општина Аеродром истовремено упатува апел до граѓаните да се однесуваат совесно кон јавните површини, да не се нанесува штета на околината и со тоа да се зачува просторот кој е секојдневие за многу граѓани и деца.

Јавната чистота и хигиена ни се на прво место, се грижиме подеднакво за сите и ниту еден дел од Аеродром нема да биде запоставен.

The post Голема акција: Се чисти трговскиот центар во Лисиче appeared first on Република.

]]>

Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат голема акција за темелно чистење на Трговскиот центар во Лисиче и неколку други локации низ населбата. Се чистат сите делови на трговскиот, а најмногу се загадени премините меѓу дуќаните, каде што со години се трупало ѓубре, кое покрај грдата слика, со неговото распаѓање создаваше и непријатна миризба. Општина Аеродром истовремено упатува апел до граѓаните да се однесуваат совесно кон јавните површини, да не се нанесува штета на околината и со тоа да се зачува просторот кој е секојдневие за многу граѓани и деца. Јавната чистота и хигиена ни се на прво место, се грижиме подеднакво за сите и ниту еден дел од Аеродром нема да биде запоставен.

The post Голема акција: Се чисти трговскиот центар во Лисиче appeared first on Република.

]]>