линеарно покачување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/linearno-pokachuvane/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 07:19:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png линеарно покачување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/linearno-pokachuvane/ 32 32 Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prva-sednitsa-na-vladata-ke-se-razgleduva-informatsijata-za-povisoki-penzii/ Fri, 28 Jun 2024 07:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=791437

Владата денеска на првата седница ќе ја разгледува информацијата за повисоки пензии. Станува збор за проект, ветен од новата власт пред изборите, со кој повеќе од 300 илјади пензионери треба да добијат повисоки пензии од септември.

Конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите е финализирана на вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Мицкоски на Фејсбук објави дека станува збор за реализација на изборно ветување кон пензионерите.

Дадениот збор е светост, обврска и одговорност. Државата мора да се грижи за највозрасните. Во соработка со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, посветено работиме на итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери. Ова исклучително важно решение кое го ветивме на изборите ќе се дискутира на седница на Владата и со тоа ја покажуваме нашата посветеност да испорачуваме резултати и да работиме посветено и за сите, напиша Мицкоски на ФБ.

Тој во средата најави дека најверојатно ќе има две линеарни зголемувања на пензиите и тоа со нивелирањето во септември и уште едно во март. Зголемување на пензиите ќе биде вклучено во ребалансот на Буџетот, кој е најавен за средината на јули.

Од она што можам да видам дека и со оној првичен буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Ќе имаме најверојатно две линеарни зголемувања, едно со нивелирањето сега во септември од 2.500 денари и другото ќе биде во март уште 2,500 денари. Најпрвин треба да обезбедиме со ребалансот 2,5 милијарди денари околу 40 милиони евра. Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат средства за тековни пензии. Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. Уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување кое ќе биде во септември, за овие три месеци септември, октомври, ноември, бидејќи пензиите ќе се исплаќаат тогаш. Останатите ќе бидат во март, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во скопската населба Драчево.

Со тоа, нагласи Мицкоски, практично ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5 000 денари во првата година ќе биде и порано исполнето, не до јуни туку ќе биде до март идната година.

Со корекцијата што треба да се направи во септември, посочи вчеравечер министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така, од 2500 денари ќе биде во март следната година.

-Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, рече Димитриеска Кочоска во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што кажа, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.

The post Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на првата седница ќе ја разгледува информацијата за повисоки пензии. Станува збор за проект, ветен од новата власт пред изборите, со кој повеќе од 300 илјади пензионери треба да добијат повисоки пензии од септември. Конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите е финализирана на вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. Мицкоски на Фејсбук објави дека станува збор за реализација на изборно ветување кон пензионерите.
Дадениот збор е светост, обврска и одговорност. Државата мора да се грижи за највозрасните. Во соработка со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, посветено работиме на итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери. Ова исклучително важно решение кое го ветивме на изборите ќе се дискутира на седница на Владата и со тоа ја покажуваме нашата посветеност да испорачуваме резултати и да работиме посветено и за сите, напиша Мицкоски на ФБ.
Тој во средата најави дека најверојатно ќе има две линеарни зголемувања на пензиите и тоа со нивелирањето во септември и уште едно во март. Зголемување на пензиите ќе биде вклучено во ребалансот на Буџетот, кој е најавен за средината на јули.
Од она што можам да видам дека и со оној првичен буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Ќе имаме најверојатно две линеарни зголемувања, едно со нивелирањето сега во септември од 2.500 денари и другото ќе биде во март уште 2,500 денари. Најпрвин треба да обезбедиме со ребалансот 2,5 милијарди денари околу 40 милиони евра. Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат средства за тековни пензии. Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. Уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување кое ќе биде во септември, за овие три месеци септември, октомври, ноември, бидејќи пензиите ќе се исплаќаат тогаш. Останатите ќе бидат во март, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во скопската населба Драчево.
Со тоа, нагласи Мицкоски, практично ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5 000 денари во првата година ќе биде и порано исполнето, не до јуни туку ќе биде до март идната година. Со корекцијата што треба да се направи во септември, посочи вчеравечер министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така, од 2500 денари ќе биде во март следната година. -Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, рече Димитриеска Кочоска во интервју за ТВ Сител. Нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што кажа, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.

The post Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Кон крајот на неделата прва владина седница, почнува драфтирањето на законот за линеарно зголемување на пензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-kon-krajot-na-nedelata-prva-vladina-sednitsa-pochnuva-draftiraneto-na-zakonot-za-linearno-zgolemuvane-na-penziite/ Mon, 24 Jun 2024 12:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=790278

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, како што рече, неколку одлуки, од кои повеќето формални. Тој воедно најави и дека ќе се почне со работа на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Штип каде го почна првиот работен ден како премиер, Мицкоски истакна дека новата Влада ќе гради онаму каде што нејзините претхоници оставија неуспешни проекти.

Нема да има дуализми, ниту функционери кои ќе живеат од парите на граѓаните, ќе има намалување на институциите, ќе бидеме тоа што го ветивме. Тоа што граѓаните го направија е доволно, сега татковината треба да направи за нив. „Граѓаните пред се“, ќе бидете мотото на нашата Влада, порача Мицкоски.

Соопшти и дека утре или задутре ќе има состанок со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска во врска со законот за покачувањето на пензиите.

Кон крајот на неделата ќе се одржи првата седница на Владата. Донесени ќе бидат неколку одлуки, повеќето формални, но почнуваме да работиме и на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите. Тоа што го ветивме во предизборието - во првата година да имаме линеарно зголемување по 5 000 денари на пензиите. Почнуваме со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска. Утре или денот потоа ќе имаме работен состанок кај мене, почнуваме да го драфтираме овој закон кој набргу ќе се најде во Палрламентот. Новата Влада ќе гради онаму каде нејзините претхоници оставија неуспешни проекти и споменици на едно лошо, корумпирано време. Нема да се случува голобради момчиња да купуваат трговски центри во главниот град, нема да се случуваат ролс ројс возила, ниту фудбалчиња по канбиенти и неуспешни проекти во делот на производството на марихуана, туку ќе го правиме она што го ветивме пред граѓаните, подвлече Мицкоски.

Тој присуствуваше на поставување камен-темелник на новата спортска сала „Џексон", направи увид во градењето на новиот булевар „Илинденска“, а потоа, заедно со министерот за здравство Арбен Тараври, направи увид во состојбата на штипската болница.

The post Мицкоски: Кон крајот на неделата прва владина седница, почнува драфтирањето на законот за линеарно зголемување на пензиите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, како што рече, неколку одлуки, од кои повеќето формални. Тој воедно најави и дека ќе се почне со работа на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Штип каде го почна првиот работен ден како премиер, Мицкоски истакна дека новата Влада ќе гради онаму каде што нејзините претхоници оставија неуспешни проекти.