линч Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/linch/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Oct 2023 19:54:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png линч Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/linch/ 32 32 Во Алжир 38 лица осудени на смрт поради линч на човек за кој мислеле дека е пироман https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-alzhir-38-litsa-osudeni-na-smrt-poradi-linch-na-chovek-za-koj-mislele-deka-e-piroman/ Mon, 23 Oct 2023 20:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=694331

Апелациониот суд во Алжир денеска осуди 38 лица на смрт поради линчување на човек за кој верувале дека бил пироман, откако помогнал во гаснењето на смртоносните пожари во 2021 година, објавија локалните медиуми.

Тие казни ќе бидат променети во доживотен затвор бидејќи мораториумот на примената на смртната казна е во сила од 1993 година.

Линчот, кој се случи во летото 2021 година во северозападен Алжир, предизвика бран на бес низ целата земја.

Од 94 лица на кои им се судеше во овој случај, покрај 38 смртни казни, судот ослободи 27 лица, а останатите ги осуди на казни од три до 20 години затвор.

За помалку од една недела во август 2021 година, пожарите убија најмалку 90 луѓе во Алжир и опустошија илјадници хектари.

Откако слушнал дека тој е осомничен дека го подметнал пожарот бидејќи не бил дел од локалното население, сликарот Џамел Бенсмаил се предал во локалната полициска станица за да објасни дека е само доброволец, кој дошол за да помогне во гаснењето пожари. Но, се насобрала толпа околу полициската станица на главниот плоштад во градот, го извлекле од полициското возило и го нападнале. На 38-годишна возраст, тој беше убиен откако беше жив запален од толпата, а некои правеле и селфи. Три жени и еден маж го избоделе со нож пред да го запалат, а маж му го избодел лешот откако умрел.

The post Во Алжир 38 лица осудени на смрт поради линч на човек за кој мислеле дека е пироман appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд во Алжир денеска осуди 38 лица на смрт поради линчување на човек за кој верувале дека бил пироман, откако помогнал во гаснењето на смртоносните пожари во 2021 година, објавија локалните медиуми. Тие казни ќе бидат променети во доживотен затвор бидејќи мораториумот на примената на смртната казна е во сила од 1993 година. Линчот, кој се случи во летото 2021 година во северозападен Алжир, предизвика бран на бес низ целата земја. Од 94 лица на кои им се судеше во овој случај, покрај 38 смртни казни, судот ослободи 27 лица, а останатите ги осуди на казни од три до 20 години затвор. За помалку од една недела во август 2021 година, пожарите убија најмалку 90 луѓе во Алжир и опустошија илјадници хектари. Откако слушнал дека тој е осомничен дека го подметнал пожарот бидејќи не бил дел од локалното население, сликарот Џамел Бенсмаил се предал во локалната полициска станица за да објасни дека е само доброволец, кој дошол за да помогне во гаснењето пожари. Но, се насобрала толпа околу полициската станица на главниот плоштад во градот, го извлекле од полициското возило и го нападнале. На 38-годишна возраст, тој беше убиен откако беше жив запален од толпата, а некои правеле и селфи. Три жени и еден маж го избоделе со нож пред да го запалат, а маж му го избодел лешот откако умрел.

The post Во Алжир 38 лица осудени на смрт поради линч на човек за кој мислеле дека е пироман appeared first on Република.

]]>
По 200 неуспешни обиди американскиот Конгрес го прогласи линчувањето за злосторство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-200-neuspeshni-obidi-amerikanskiot-kongres-go-proglasi-linchuvanjeto-za-zlostorstvo/ Wed, 30 Mar 2022 09:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=480767

Американскиот претседател, Џо Бајден потпиша закон со кој линчот ќе се третира како злосторство од омраза. Законот е именуван по Емет Тил, 14-годишен Афроамериканец кој беше брутално убиен во 1955 година во Мисисипи.

Смртта на Тил и одлуката на белата порота да ослободи двајца белци кои подоцна го признаа убиството, го привлекоа вниманието на нацијата кон злосторствата и насилството со кои се соочуваат Афроамериканците и ги налутија застапниците за човекови права.

Во изминатите 100 години, во Конгресот пропаднале 200 обиди да се донесат закони против линчот, објави „Би-Би-Си“.

Со потпишувањето на законот, претседателот се справи со „незавршената работа“ и „хоророт“ во американската историја. Линчот не е минато. Расните злосторства сè уште се случуваат во нашата нација. И затоа мора да имаме храброст да ги наречеме со нивните вистински имиња и да ги изведеме сторителите пред лицето на правдата - порача потпретседателката Камала Харис, која го турка законот уште од времето кога беше сенатор во Калифорнија.

Бајден, кому гласовите на Афроамериканците му помогнаа да стане претседател, изјави дека законот не се однесува само на минатото.

Тоа се однесува и на сегашноста и на иднината. Расната омраза не е стар проблем. Тоа е постојан проблем - изјави Бајден.

Законот помина едногласно во Сенатот и во Претставничкиот дом со 422 гласа „за“ и три „против“.

На сторителите на линч или убиство како резултат на злосторства од омраза сега им се заканува затворска казна од 30 години.

Според Иницијативата за еднаква правда, околу 4.400 Афроамериканци биле линчувани помеѓу 1877 и 1950 година.

The post По 200 неуспешни обиди американскиот Конгрес го прогласи линчувањето за злосторство appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател, Џо Бајден потпиша закон со кој линчот ќе се третира како злосторство од омраза. Законот е именуван по Емет Тил, 14-годишен Афроамериканец кој беше брутално убиен во 1955 година во Мисисипи. Смртта на Тил и одлуката на белата порота да ослободи двајца белци кои подоцна го признаа убиството, го привлекоа вниманието на нацијата кон злосторствата и насилството со кои се соочуваат Афроамериканците и ги налутија застапниците за човекови права. Во изминатите 100 години, во Конгресот пропаднале 200 обиди да се донесат закони против линчот, објави „Би-Би-Си“.
Со потпишувањето на законот, претседателот се справи со „незавршената работа“ и „хоророт“ во американската историја. Линчот не е минато. Расните злосторства сè уште се случуваат во нашата нација. И затоа мора да имаме храброст да ги наречеме со нивните вистински имиња и да ги изведеме сторителите пред лицето на правдата - порача потпретседателката Камала Харис, која го турка законот уште од времето кога беше сенатор во Калифорнија.
Бајден, кому гласовите на Афроамериканците му помогнаа да стане претседател, изјави дека законот не се однесува само на минатото.
Тоа се однесува и на сегашноста и на иднината. Расната омраза не е стар проблем. Тоа е постојан проблем - изјави Бајден.
Законот помина едногласно во Сенатот и во Претставничкиот дом со 422 гласа „за“ и три „против“. На сторителите на линч или убиство како резултат на злосторства од омраза сега им се заканува затворска казна од 30 години. Според Иницијативата за еднаква правда, околу 4.400 Афроамериканци биле линчувани помеѓу 1877 и 1950 година.

The post По 200 неуспешни обиди американскиот Конгрес го прогласи линчувањето за злосторство appeared first on Република.

]]>