Лимани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/limani/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 15:02:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лимани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/limani/ 32 32 Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/limani-neprijavuvaneto-na-nasilstvoto-od-strana-na-zhrtvite-e-eden-od-najserioznite-problemi-shto-e-najchesto-rezultat-od-nedoverbata-vo-institutsiite/ Tue, 26 Nov 2024 16:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=841996

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на панел дискусија по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство во организација на Агенциите на ООН во земјава, под слоганот: „Нема Оправдување: Преземете акција за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата!“

Почетокот на кампањата се одбележа со отворена дискусија за значењето на заедничкото делување против родово базираното насилство, проследено со проекции на кратки видеа, како и моќната уметничка изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска во Музеј на град Скопје.

Во своето излагање пред присутните Лимани се осврна на клучните чекори потребни  за да се  подобри одговорот на насилството врз жените и семејното насилство со фокус на меѓуинституционалната соработка. Притоа, нагласи дека насилството се случува во сите делови на општеството,  во  секоја култура и социјална група и  претставува злоупотреба на моќта, кој има разорувачки, физички, емоционален, финансиски и социјален ефект на жените и девојчињата. Како и дека за жал, се уште многу жени и девојчиња  страдаат во сенка, не знаејќи за своите права и помошта која може да ја добијат од страна на релевантните институции и организации.

„Една мудрост вели - во стварноста, реалноста е поинаква!  Оваа мисла ми дојде на ум следејќи ги последните бројки за насилството врз жените и семејното насилство кои ја отсликуваат 2024 година (јануари-септември), отприлика вака: Ново евидентирани случаи 1.439 жртви, од нив  жени 1.040,  мажи 227 и деца 172! Ако на ова ја додадеме и  темната непријавена бројка на жени кои трпат насилство, си даваме за право постојано да говориме дека - НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ: ДА ПРЕЗЕМЕМЕ АКЦИЈА ЗА СТАВАЊЕ КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА!“ порача Лимани.

Тој посочи дека, институциите согласно националната легислатива имаат мандат за преземање на предвидените мерки и механизми на заштита, со поединечни  овластувања кои се точно определени, како и обврските и одговорноста за постапување. Тој упати на важноста од  постапувањето со должно внимание за интересите и потребите на жртвата од страна на институциите при преземањето мерки за превенција и заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство.

„Еден од најсериозните проблеми е непријавувањето на насилството од страна на жртвите, што е најчесто резултат од недовербата во институциите, односно од недоволната сензибилност на службените лица од различни сектори кои постапуваат во случаите на насилство врз жени и семејно насилство,“ рече Лимани.

На прашањето до каде сме како држава во оваа област по 30 години од усвојувањето на Пекиншката декларација за акција, Лимани се осврна на сите стратешки документи кои нашата држава ги има усвоено, како Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (2017 год.), Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство (2021 год.), измени и дополнувања на  Кривичниот закон, Протокол за меѓусебна соработка на надлежни субјекти за преземање мерки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, Програма за реинтеграција на жртви на насилство. Тој посочи дека, во следниот период министерството ќе се фокусира на изготвување на осумгодишна Национална стратегија за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, со Акциски план за спроведување на предвидените мерки и активности од стратегијата.

„Приоритет на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Владата на Република Македонија е да имаме ефикасна постапка за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство, нивна реинтеграција во системот, како и да обезбедиме превенција во насока на намалување на насилството,“ порача Лимани.

The post Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите appeared first on Република.

]]>

Лимани: Продолжуваме 100% посветено да работиме исклучиво во интерес на децата, младите, пензионерите и ранливите категории граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/limani-prodolzhuvame-100-posveteno-da-rabotime-iskluchivo-vo-interes-na-detsata-mladite-penzionerite-i-ranlivite-kategorii-gragani/ Sat, 05 Oct 2024 09:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=823002

Отчетноста и транспарентноста се одлики на добра управувачка практика и владеење на демократијата во една земја. Тоа значи јасно и отворено информирање на граѓаните за сработеното, за она што е во тек и плановите на среден и долг рок.

Како Влада и ресорни министерства, ја имаме одговорноста од носењето на одлуките до нивната реализација. Затоа што вие, граѓаните, ни ја дадовте вашата доверба, која ние носителите на државни функции треба да ја оправдаме.

Како министер за социјална политика, демографија и млади, денеска ќе ја исполнам мојата должност да дадам отчет за 100 дена Влада, во областите кои се во надлежност на министерството кое го предводам.

100 дена Влада, значеа 100% посветеност. Затекнавме закочени проекти, недостаток односно неиспланирани средства за тековни плаќања, незадоволни и демотивирани вработени во институциите, но пред се разочарани граѓани од целокупната состојба во државата.

Од првиот ден почнавме со анализа на состојбата и огромна посветеност во изнаоѓањето на решенија за предизвиците со кои се соочивме. За овие 100 дена, можеби не направивме многу, но направивме значајни чекори кои го олеснуваат понатамошниот живот на граѓаните.

Се обврзавме дека ќе работиме исклучиво и само во интерес на граѓаните и тоа го правиме.

Првото нешто кое го реализиравме, а од кое имаат бенефит голем број на граѓани е насочено кон нашата највозрасна категорија на граѓани, а тие се пензионерите.

Ветивме и исполнивме. Околу 340.000 пензионери на 1 октомври добија за 2500 денари повисоки пензии. На 1 април , со мартовската пензија тие ќе добијат уште 2500 денари, согласно измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, која гарантира 5000 денари повисоки пензии за секој пензионер.

Општините најдобро ги знаат потребите на своите жители. Затоа добрата соработка со нив е од клучно значење и во интерес на граѓаните.

Владата обезбеди 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините. Пристигнати се 357 проекти од околу 80 општини. Дел од нив се и за детски градинки и центри од областа на социјалната заштита.

Во изминативе 100 дена поставивме камен темелник на две нови детски градинки и тоа во Општина Бутел, во вредност од 100 милиони денари и во Општина Гази Баба, населено место Трубарево во вредност од 19 милиони денари.

Започнавме со градежни активности за доградба на објектот „Изворче” при градинката “Срничка”, Општина Аеродром, инвестиција вредна за 120 милиони денари.

Исто така пуштена во употреба е доградбата на Градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден.

За овие 100 дена завршени се и градинките во населените места Јегуновце, Теарце, Тетово, Липково и Шуто Оризари.

Во последна, завршна фаза се и градинките во Општина Чаир, Прилеп, Битола и Св.Николе - с.Ерџелија.

Градежните работи течат во уште 13 детски градинки.

Покрај инвестициите во детски градинки, инвестираме и во центри за лица со попреченост, како и домови и центри за највозрасните лица.

Започнато е со изградба на Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост во Општина Кавадарци, проект вреден над 40 милиони денари, а тече и процесот на реконструкција и адаптација на крило во „Дом за стари лица д-р Иван Влашки“, во Берово, во вредност од 11 милиони денари.

Започнавме постапки за нови четири објекти и во тек е комплетирање на документација и склучување на договор за изведба.

Два од нив се за вон семејна заштита на повозрасни лица во Крива Паланка и Кавадарци, и два за лица со попреченост во Боговиње и Македонски Брод.

Како што можете да видите, опфатени се сите делови на земјата, се инвестира онаму каде што општините изразиле интерес за потребите на своите жители.

Важно е да напоменеме дека тука нема да застанеме, планираме зголемување на бројот на центри за социјална работа, за лица со попреченост, за повозрасни лица, за рехабилитација од различни зависности и прифатилишта.

Во завршна фаза е реконструкцијата на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, Топанско Поле. Истиот се трансформира во Ресурсен центар за социјални услуги. Проект на ИПА 2, Програма за инклузија во вредност од 1.6 мил. евра.

Во изминативе 100 дена, склучени се нови 10 договори со општини и лиценцирани даватели на социјални услуги односно услуги во домот и услуги во заедницата. Министерството обезбедува средства за услугите по завршувањето на финансиската поддршка со грантот од Светска Банка.

Во рамките на Јавни установи за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение со финансиска помош од Светска банка и Европската унија направен е предлог проект за реконструкција за дел од установата за отворање на Советувалиштен центар за деца во ризик.

Активно работевме на Измените на Законот за детска заштита, кој е во завршна фаза и претставува унапредување во процесот на доделување ЛИЦЕНЦИ за негуватели и воспитувачи, процес кој бил намерно блокиран за околу една и пол година. Со овие измени ќе се отвори процесот на вработување во градинките и тоа за над 800 лица негуватели, воспитувачи, стручни работници и соработници.

Одобрена од Европска Комисија е ИПА 3 Оперативна програма „Човечки капитал“, каде влегуваат „Гаранција за млади“, вработувања на ранливи категории, социјално претприемништво, социјален дијалог, социјални услуги, социјално домување. Грант од ЕУ вреден 40 милиони евра.

Можеби 100 дена не се многу за да им покажеме на граѓаните дека сме сериозно посветени на исполнување на нашите ветувања и заложби. Но, за овие 100 дена направивме значајни промени кои го подобрија квалитетот на живот на граѓаните.

Ова е само почеток, граѓаните заслужуваат многу повеќе. Затоа периодот пред нас, посветено ќе работиме на демографскиот развој и политиките за младите.

Планот за демографија предвидува мерки за поттикнување на наталитетот и поддршка за секое новородено дете и неговите родители, односно зголемување на еднократната финансиска поддршка за прво и второ дете како и еднократна финансиска помош за третородено дете и повеќе.

Ќе воведеме финансиска поддршка за мајките кои се вратени по завршување на породилното отсуство, Ин витро постапка со можност секоја жена да добие до 6 бесплатни оплодувања, Дом за млади - купи куќа за младите, поддршка на фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца и Програма „Добродојдовте дома“ за поддршка на лицата кои ќе се вратат од странство и стимулирање на останувањето во државата, односно спречување на одливот на мозоци.

Грижата за младите ја потврдуваме со поставување на неколку стратешки цели. Зголемено младинско учество во носење на одлуки на локално и централно ниво, младинска работа преку подготовка и донесување на Закон за младинска работа и зголемување на бројот на отворени сервиси за млади во општините, поддршка на млади талентирани лица, поддршка на младите во дeлот на нивното вработување, и на ангажман во насока на целосно спроведување на Законот за младинско учество и младински политики.

Да ги задржиме младите дома, да ги поддржиме семејствата, да обезбедиме достојна старост за највозрасните сограѓани и да обезбедиме поддршка за ранливите, за помошта да пристигне онаму, каде што вистински е потребна.

Продолжуваме 100 % посветени за сите граѓани!

The post Лимани: Продолжуваме 100% посветено да работиме исклучиво во интерес на децата, младите, пензионерите и ранливите категории граѓани appeared first on Република.

]]>

Отчетноста и транспарентноста се одлики на добра управувачка практика и владеење на демократијата во една земја. Тоа значи јасно и отворено информирање на граѓаните за сработеното, за она што е во тек и плановите на среден и долг рок. Како Влада и ресорни министерства, ја имаме одговорноста од носењето на одлуките до нивната реализација. Затоа што вие, граѓаните, ни ја дадовте вашата доверба, која ние носителите на државни функции треба да ја оправдаме. Како министер за социјална политика, демографија и млади, денеска ќе ја исполнам мојата должност да дадам отчет за 100 дена Влада, во областите кои се во надлежност на министерството кое го предводам. 100 дена Влада, значеа 100% посветеност. Затекнавме закочени проекти, недостаток односно неиспланирани средства за тековни плаќања, незадоволни и демотивирани вработени во институциите, но пред се разочарани граѓани од целокупната состојба во државата. Од првиот ден почнавме со анализа на состојбата и огромна посветеност во изнаоѓањето на решенија за предизвиците со кои се соочивме. За овие 100 дена, можеби не направивме многу, но направивме значајни чекори кои го олеснуваат понатамошниот живот на граѓаните. Се обврзавме дека ќе работиме исклучиво и само во интерес на граѓаните и тоа го правиме. Првото нешто кое го реализиравме, а од кое имаат бенефит голем број на граѓани е насочено кон нашата највозрасна категорија на граѓани, а тие се пензионерите. Ветивме и исполнивме. Околу 340.000 пензионери на 1 октомври добија за 2500 денари повисоки пензии. На 1 април , со мартовската пензија тие ќе добијат уште 2500 денари, согласно измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, која гарантира 5000 денари повисоки пензии за секој пензионер. Општините најдобро ги знаат потребите на своите жители. Затоа добрата соработка со нив е од клучно значење и во интерес на граѓаните. Владата обезбеди 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините. Пристигнати се 357 проекти од околу 80 општини. Дел од нив се и за детски градинки и центри од областа на социјалната заштита. Во изминативе 100 дена поставивме камен темелник на две нови детски градинки и тоа во Општина Бутел, во вредност од 100 милиони денари и во Општина Гази Баба, населено место Трубарево во вредност од 19 милиони денари. Започнавме со градежни активности за доградба на објектот „Изворче” при градинката “Срничка”, Општина Аеродром, инвестиција вредна за 120 милиони денари. Исто така пуштена во употреба е доградбата на Градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. За овие 100 дена завршени се и градинките во населените места Јегуновце, Теарце, Тетово, Липково и Шуто Оризари. Во последна, завршна фаза се и градинките во Општина Чаир, Прилеп, Битола и Св.Николе - с.Ерџелија. Градежните работи течат во уште 13 детски градинки. Покрај инвестициите во детски градинки, инвестираме и во центри за лица со попреченост, како и домови и центри за највозрасните лица. Започнато е со изградба на Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост во Општина Кавадарци, проект вреден над 40 милиони денари, а тече и процесот на реконструкција и адаптација на крило во „Дом за стари лица д-р Иван Влашки“, во Берово, во вредност од 11 милиони денари. Започнавме постапки за нови четири објекти и во тек е комплетирање на документација и склучување на договор за изведба. Два од нив се за вон семејна заштита на повозрасни лица во Крива Паланка и Кавадарци, и два за лица со попреченост во Боговиње и Македонски Брод. Како што можете да видите, опфатени се сите делови на земјата, се инвестира онаму каде што општините изразиле интерес за потребите на своите жители. Важно е да напоменеме дека тука нема да застанеме, планираме зголемување на бројот на центри за социјална работа, за лица со попреченост, за повозрасни лица, за рехабилитација од различни зависности и прифатилишта. Во завршна фаза е реконструкцијата на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, Топанско Поле. Истиот се трансформира во Ресурсен центар за социјални услуги. Проект на ИПА 2, Програма за инклузија во вредност од 1.6 мил. евра. Во изминативе 100 дена, склучени се нови 10 договори со општини и лиценцирани даватели на социјални услуги односно услуги во домот и услуги во заедницата. Министерството обезбедува средства за услугите по завршувањето на финансиската поддршка со грантот од Светска Банка. Во рамките на Јавни установи за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение со финансиска помош од Светска банка и Европската унија направен е предлог проект за реконструкција за дел од установата за отворање на Советувалиштен центар за деца во ризик. Активно работевме на Измените на Законот за детска заштита, кој е во завршна фаза и претставува унапредување во процесот на доделување ЛИЦЕНЦИ за негуватели и воспитувачи, процес кој бил намерно блокиран за околу една и пол година. Со овие измени ќе се отвори процесот на вработување во градинките и тоа за над 800 лица негуватели, воспитувачи, стручни работници и соработници. Одобрена од Европска Комисија е ИПА 3 Оперативна програма „Човечки капитал“, каде влегуваат „Гаранција за млади“, вработувања на ранливи категории, социјално претприемништво, социјален дијалог, социјални услуги, социјално домување. Грант од ЕУ вреден 40 милиони евра. Можеби 100 дена не се многу за да им покажеме на граѓаните дека сме сериозно посветени на исполнување на нашите ветувања и заложби. Но, за овие 100 дена направивме значајни промени кои го подобрија квалитетот на живот на граѓаните. Ова е само почеток, граѓаните заслужуваат многу повеќе. Затоа периодот пред нас, посветено ќе работиме на демографскиот развој и политиките за младите. Планот за демографија предвидува мерки за поттикнување на наталитетот и поддршка за секое новородено дете и неговите родители, односно зголемување на еднократната финансиска поддршка за прво и второ дете како и еднократна финансиска помош за третородено дете и повеќе. Ќе воведеме финансиска поддршка за мајките кои се вратени по завршување на породилното отсуство, Ин витро постапка со можност секоја жена да добие до 6 бесплатни оплодувања, Дом за млади - купи куќа за младите, поддршка на фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца и Програма „Добродојдовте дома“ за поддршка на лицата кои ќе се вратат од странство и стимулирање на останувањето во државата, односно спречување на одливот на мозоци. Грижата за младите ја потврдуваме со поставување на неколку стратешки цели. Зголемено младинско учество во носење на одлуки на локално и централно ниво, младинска работа преку подготовка и донесување на Закон за младинска работа и зголемување на бројот на отворени сервиси за млади во општините, поддршка на млади талентирани лица, поддршка на младите во дeлот на нивното вработување, и на ангажман во насока на целосно спроведување на Законот за младинско учество и младински политики. Да ги задржиме младите дома, да ги поддржиме семејствата, да обезбедиме достојна старост за највозрасните сограѓани и да обезбедиме поддршка за ранливите, за помошта да пристигне онаму, каде што вистински е потребна. Продолжуваме 100 % посветени за сите граѓани!

The post Лимани: Продолжуваме 100% посветено да работиме исклучиво во интерес на децата, младите, пензионерите и ранливите категории граѓани appeared first on Република.

]]>
Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките, затоа што секое дете е важно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/limani-posveteno-ke-rabotime-na-namaluvane-na-listite-na-chekane-vo-gradinkite-zatoa-shto-sekoe-dete-e-vazhno/ Tue, 03 Sep 2024 11:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=812668

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, Градоначалникот на О. Илинден, Александар Георгиевски, вработените во детската градинка, жителите на ова населено место,  присуствуваше на свеченото отворање на доградбата на Јавната установа „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. Проширувањето на капацитетот на градинката значи и влез на нови 24 деца од оваа општина.

Во своето обраќање пред присутните министерот Лимани го истакна значењето на вложувањето во раниот детски развој како приоритет на оваа Влада.

„Во соработка со општините кои најдобро ги знаат потребите на граѓаните, продолжуваме да инвестираме во изградба на објекти и содржини кои ќе им овозможат на децата да растат, учат и се развиваат, на најдобар можен начин. Посветено ќе работиме и на намалување на листите на чекање, затоа што секое дете е важно и секое дете треба да е вклучено во воспитно-образовниот процес. Затоа што, раниот развој на децата е клучен за обликување на нивните идни способности, вештини и здравје,“ посочи Лимани.

Покрај значењето на градбите тие да бидат дизајнирани така што ќе обезбедат безбедност и ќе го поттикнуваат развојот на децата, Лимани ја истакна и важноста на стручните лица кои работата со деца и вложувањето во зајакнување на нивните компетенции.

„Нека нашата посветеност биде инспирација за сите нас да продолжиме со оваа важна работа. Среќно нека е!“ порача Лимани.

The post Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките, затоа што секое дете е важно appeared first on Република.

Лимани: Флоскулите: „иднината е на младите” и „светот останува на младите” треба конечно да се претворат во дела, приоритет на оваа Влада е да обезбеди сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/limani-floskulite-idninata-e-na-mladite-i-svetot-ostanuva-na-mladite-treba-konechno-da-se-pretvorat-vo-dela-prioritet-na-ovaa-vlada-e-da-obezbedi-sigurni-i-dobro-plateni-rabotni-mesta-za-mladite-luge/ Mon, 12 Aug 2024 11:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=805803

По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на конференцијата „Општините пријател на младите - Mладинското учество во фокус“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Националниот младински совет на Македонија заедно со партнерите.

Честитајќи го Меѓународниот денот на младите, министерот Лимани порача:

„Сакам да го истакнам моето убедување дека флоскулите: „иднината е на младите” и „светот останува на младите” треба конечно да се претворат во дела. И не дека само „иднината е на младите“, туку и сегашноста е на младите. Затоа што денес ги креираме политиките и од она што денес ќе го креираме зависи каква иднина ќе имаат следните генерации. Да започнеме од сегашноста, од денес!“

Тој го поздрави проектот  „Заедници инклузивни за млади“, и  го посочи значењето на истиот  бидејќи целта на овој проект е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.

„Како министер за социјална политика, демографија и млади во чија надлежност се и политиките за младите, убеден сум дека видливоста на младите во општеството и нивната вклученост во носењето на одлуките ќе ја подигнеме на едно повисоко ниво,“ истакна Лимани.

Министерот додаде дека, младите се во фокусот на Програмата за работа на Владата за 2024-2028 година, каде што се потенцира  нејзината силна посветеност во создавањето на општество во кое младите ќе можат да напредуваат. Притоа,  истакна и дека Владата цели кон  создавање на неопходни услови за младите од Македонија да градат иднина дома, нивно зајакнување преку образование и развој на вештини, поттикнување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и промоција на претприемништвото и иновациите.

„Приоритет на оваа Влада е да обезбеди сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во Македонија. Преку креирање на подобра бизнис клима и  отворање на  работни места,“ заклучи Лимани.

The post Лимани: Флоскулите: „иднината е на младите” и „светот останува на младите” треба конечно да се претворат во дела, приоритет на оваа Влада е да обезбеди сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во Македонија appeared first on Република.

Лимани: Ова се сараите на Али паша, дали навистина мислевте дека вечно ќе молчиме, за да го чувствувате луксузот во целосен мир? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/limani-ova-se-saraite-na-ali-pasha-dali-navistina-mislevte-deka-vechno-ke-molchime-za-da-go-chuvstvuvate-luksuzot-vo-tselosen-mir/ Thu, 26 Jan 2023 13:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=601298

Потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, излезе со нови обвинувања против првиот човек на ДУИ, Али Ахмети за неговите богатства и имоти.

САРАИТЕ НА АЛИ ПАША ВО МОЛК!

• Дали навистина мислевте дека вечно ќе молчиме, за да го чувствувате луксузот со вкус и во целосен мир?!

• Мислевте дека молкот е поради стравот дека можеме да бидеме елиминирани и да ги казниме нашите семејства?!

• Набивањето со разумност е нашето воспитување од нашите предци, кои нè научија на културата на разумност, но и ни ги покажаа границите на трпението кои не треба да се надминуваат и толерираат.

• Додека ние имаме затвори како племе и никогаш не се плашиме од никого затоа што сме биле тестирани во минатото со освојувачи од вашиот вид.

ПРАШАЊА НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ОДГОВОРИ:

-Штабот во Тетово (кај палатата на културата) со чии пари и на чие име е купен?!

-Штабот во Скопје (во Чаир) со чии пари и на чие име е купен?!

-Вилата во заливот Лалез со чии пари и на чие име е купена?!

-Хидроцентралите на реката Бачишти во име и сопственост на кое лице се?!

-Кога и за колку се купени парцелите?!

-Со кои пари се купени парцелите околу Сарајот на Али?!

-Надоместокот на швајцарскиот суд, за злоупотребената пензија од Али бег, од кои фондови се враќаат средства?!

-4.000.000 евра од Фондот „Национална слобода“ што останаа по војната, каде отидоа, кој ги зема?!

*ПС: Осмели се и сподели да те видат сите, жртвувај се за твоето дете утре да биде блиску до тебе, на денот кога даваш душа,  да ти даде чаша вода …

Продолжуваме…“, напиша Лимани.

The post Лимани: Ова се сараите на Али паша, дали навистина мислевте дека вечно ќе молчиме, за да го чувствувате луксузот во целосен мир? appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, излезе со нови обвинувања против првиот човек на ДУИ, Али Ахмети за неговите богатства и имоти.
САРАИТЕ НА АЛИ ПАША ВО МОЛК! • Дали навистина мислевте дека вечно ќе молчиме, за да го чувствувате луксузот со вкус и во целосен мир?! • Мислевте дека молкот е поради стравот дека можеме да бидеме елиминирани и да ги казниме нашите семејства?! • Набивањето со разумност е нашето воспитување од нашите предци, кои нè научија на културата на разумност, но и ни ги покажаа границите на трпението кои не треба да се надминуваат и толерираат. • Додека ние имаме затвори како племе и никогаш не се плашиме од никого затоа што сме биле тестирани во минатото со освојувачи од вашиот вид. ПРАШАЊА НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ОДГОВОРИ: -Штабот во Тетово (кај палатата на културата) со чии пари и на чие име е купен?! -Штабот во Скопје (во Чаир) со чии пари и на чие име е купен?! -Вилата во заливот Лалез со чии пари и на чие име е купена?! -Хидроцентралите на реката Бачишти во име и сопственост на кое лице се?! -Кога и за колку се купени парцелите?! -Со кои пари се купени парцелите околу Сарајот на Али?! -Надоместокот на швајцарскиот суд, за злоупотребената пензија од Али бег, од кои фондови се враќаат средства?! -4.000.000 евра од Фондот „Национална слобода“ што останаа по војната, каде отидоа, кој ги зема?! *ПС: Осмели се и сподели да те видат сите, жртвувај се за твоето дете утре да биде блиску до тебе, на денот кога даваш душа,  да ти даде чаша вода … Продолжуваме…“, напиша Лимани.

The post Лимани: Ова се сараите на Али паша, дали навистина мислевте дека вечно ќе молчиме, за да го чувствувате луксузот во целосен мир? appeared first on Република.

]]>
МВР распиша меѓународна потерница за убиецот на командантот Реџепи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-raspisha-megjunarodna-poternica-za-ubiecot-na-komandantot-redzepi/ Sun, 08 May 2022 14:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=499501

Бајрам Лимани, убиецот на Џемаил Реџепи, е недостапен за органите на прогонот за да издржи 7-годишна затворска казна.

Министерството за внатрешни работи на Македонија на својата официјална веб-страница соопштува дека веќе распишало меѓународна потерница за Лимани.

Лимани, кој го уби на командант Шипоња во 2017 година, на судскиот процес што се одржа во судот во Куманово е осуден на 7 години затвор и 3 месеци затвор, исто така 5 години за убиство и 2 години и 3 месеци за недозволено поседување оружје.

The post МВР распиша меѓународна потерница за убиецот на командантот Реџепи appeared first on Република.

]]>

Бајрам Лимани, убиецот на Џемаил Реџепи, е недостапен за органите на прогонот за да издржи 7-годишна затворска казна. Министерството за внатрешни работи на Македонија на својата официјална веб-страница соопштува дека веќе распишало меѓународна потерница за Лимани. Лимани, кој го уби на командант Шипоња во 2017 година, на судскиот процес што се одржа во судот во Куманово е осуден на 7 години затвор и 3 месеци затвор, исто така 5 години за убиство и 2 години и 3 месеци за недозволено поседување оружје.

The post МВР распиша меѓународна потерница за убиецот на командантот Реџепи appeared first on Република.

]]>