Лиле Стефанова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lile-stefanova/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Dec 2023 15:54:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лиле Стефанова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lile-stefanova/ 32 32 Лиле Стефанова влезе во Републичкото обвинителство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lile-stefanova-vleze-vo-republichkoto-obvinitelstvo/ Wed, 20 Dec 2023 16:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=724982

Обвинителката Лиле Стефанова денеска беше избрана за обвинител во Републичкото обвинителство, односно стана еден од десетте заменици на републичкиот јавен обвинител.

Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а подоцна се појави и како сведок против шефицата Катина Јанева.

До пред изборот работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

The post Лиле Стефанова влезе во Републичкото обвинителство appeared first on Република.

]]>

Обвинителката Лиле Стефанова денеска беше избрана за обвинител во Републичкото обвинителство, односно стана еден од десетте заменици на републичкиот јавен обвинител. Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а подоцна се појави и како сведок против шефицата Катина Јанева. До пред изборот работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

The post Лиле Стефанова влезе во Републичкото обвинителство appeared first on Република.

]]>
Русковска има доверба во колешките дека добро ќе ги сработат предметите „технички предмет“ и „Финансиска полиција“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-ima-doverba-vo-koleshkite-deka-dobro-kje-gi-srabotat-predmetite-tehnichki-predmet-i-finansiska-policija/ Fri, 02 Sep 2022 14:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=546821

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која е времено суспендирана,  за „360 степени“ смета дека е добро што двата случаи – за Финансиската полиција и за станицата за технички преглед „Виа комерц“, на кои таа работеше, се распределени кај нејзини колеги и дека има доверба во нив дека ќе ги сработат предметите

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, со одлука на четиричлена комисија формирана од обвинителот Трајче Пеливанов, кој времено раководи со ОЈО ГОКК додека трае суспензијата на Вилма Русковска, предметите се распределени и ќе ги водат обвинителките Лиле Стефанова и нејзината колешка Катерина Коларевиќ.

„Сметам дека е добро што предметите се распределени кај колегите. Имам доверба во своите колешки и се надевам дека ќе ги сработат“,изјави Русковска за „360 степени“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/lile-stefanova-kje-go-vodi-predmetot-za-finansiska-policija-a-katerina-kolarevikj-za-via-komerc/

Од важните предмети, предистрагата за финансиската полиција ќе ја преземе Лиле Стефанова, а за техничкиот предмет „Виа комерц“ во кој беше регистриран автобусот на „Беса транс“ обвинителката Коларевиќ.

The post Русковска има доверба во колешките дека добро ќе ги сработат предметите „технички предмет“ и „Финансиска полиција“ appeared first on Република.

]]>

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која е времено суспендирана,  за „360 степени“ смета дека е добро што двата случаи – за Финансиската полиција и за станицата за технички преглед „Виа комерц“, на кои таа работеше, се распределени кај нејзини колеги и дека има доверба во нив дека ќе ги сработат предметите Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, со одлука на четиричлена комисија формирана од обвинителот Трајче Пеливанов, кој времено раководи со ОЈО ГОКК додека трае суспензијата на Вилма Русковска, предметите се распределени и ќе ги водат обвинителките Лиле Стефанова и нејзината колешка Катерина Коларевиќ.
„Сметам дека е добро што предметите се распределени кај колегите. Имам доверба во своите колешки и се надевам дека ќе ги сработат“,изјави Русковска за „360 степени“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/lile-stefanova-kje-go-vodi-predmetot-za-finansiska-policija-a-katerina-kolarevikj-za-via-komerc/ Од важните предмети, предистрагата за финансиската полиција ќе ја преземе Лиле Стефанова, а за техничкиот предмет „Виа комерц“ во кој беше регистриран автобусот на „Беса транс“ обвинителката Коларевиќ.

The post Русковска има доверба во колешките дека добро ќе ги сработат предметите „технички предмет“ и „Финансиска полиција“ appeared first on Република.

]]>
Пеливанов ѝ го додели случајот за Муареми на Стефанова https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pelivanov-go-dodeli-sluchajot-za-muaremi-na-stefanova/ Fri, 02 Sep 2022 11:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=546741

Предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“, а по кои до нејзината суспензија од функцијата постапуваше Вилма Русковска, се презаведени и дадени на надлежно постапување на обвинителката Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и обвинителата Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Од Jавно обвинителство информираат дека назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството, која извршила увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“.

Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението од ЈО.

Постапувањето по овие предмети, се вели во соопштението, ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави.

По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што уверувата од ОЈО – ГОКК, нема никаков застој во постапувањето.

Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство, се вели во соопштението од ЈО.

Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство.​

The post Пеливанов ѝ го додели случајот за Муареми на Стефанова appeared first on Република.

]]>

Предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“, а по кои до нејзината суспензија од функцијата постапуваше Вилма Русковска, се презаведени и дадени на надлежно постапување на обвинителката Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и обвинителата Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од Jавно обвинителство информираат дека назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството, која извршила увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“.
Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението од ЈО.
Постапувањето по овие предмети, се вели во соопштението, ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави. По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што уверувата од ОЈО – ГОКК, нема никаков застој во постапувањето.
Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство, се вели во соопштението од ЈО.
Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство.​

The post Пеливанов ѝ го додели случајот за Муареми на Стефанова appeared first on Република.

]]>
Лиле Стефанова ќе го води предметот за Финансиска полиција, а Катерина Коларевиќ за „Виа Комерц“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lile-stefanova-kje-go-vodi-predmetot-za-finansiska-policija-a-katerina-kolarevikj-za-via-komerc/ Fri, 02 Sep 2022 11:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=546743

Назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството. Комисијата извршила увид и ја попишала целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“, информираат од обвинителството.

Пеливанов времено раководи со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција додека трае суспензијата на Вилма Русковска.

-Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Постапувањето по овие предмети ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави – информираат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Оттаму велат дека по останатите предмети нема никаков застој во постапувањето.

-Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство. Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Македонија ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство – информираат од обвинителството.​

The post Лиле Стефанова ќе го води предметот за Финансиска полиција, а Катерина Коларевиќ за „Виа Комерц“ appeared first on Република.

Кадрите на СЈО се враќаат на голема врата преку „Обвинителството на Вилма“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kadrite-na-sjo-se-vrakjaat-na-golema-vrata-preku-obvinitelstvoto-na-vilma/ Tue, 30 Aug 2022 09:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=545521

Суспензијата на обвинителката Вилма Русковска и нејзините замени го вратија сеќавањето на помалку подзаборавеното Специјално јавно обвинителство.

Првата замена на Русковска, обвинителката Лиле Стефанова и новоназначениот Трајче Пеливанов беа во втората борбена линија, веднаш зад „Чарлиевите ангели“-Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.

Познато е дека Јанева и Стефанова не беа во добри односи и за своите некогашни колешки рече дека се „колешки по ракија“.

Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев-рече Јанева во април годинава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/janeva-za-poraneshnite-koleshki-od-sjo-reche-deka-se-koleshki-po-rakija/

По Стефанова, нова замена за Русковска во Обвинителството за организиран криминал е Трајче Пеливанов.

Кој е Трајче Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години од 2015 до 2019 година.

Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.Има обвинителски стаж од 11 години.

Пеливанов на оваа функција ќе остане најмалку до почетокот на следната година бидејќи мандатот на Русковска завршува во ноември, а потоа сигурно ќе биdат потребни уште неколку месеци додека се избере нејзин наследник.

По кадровските промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал прашање дали новиот обвинител ќе ги продолжи случаите кои ги започна Русковска, од кои некои допираат до највисоките структури на власта.

The post Кадрите на СЈО се враќаат на голема врата преку „Обвинителството на Вилма“ appeared first on Република.

]]>

Суспензијата на обвинителката Вилма Русковска и нејзините замени го вратија сеќавањето на помалку подзаборавеното Специјално јавно обвинителство. Првата замена на Русковска, обвинителката Лиле Стефанова и новоназначениот Трајче Пеливанов беа во втората борбена линија, веднаш зад „Чарлиевите ангели“-Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Познато е дека Јанева и Стефанова не беа во добри односи и за своите некогашни колешки рече дека се „колешки по ракија“.
Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев-рече Јанева во април годинава.
https://republika.mk/vesti/makedonija/janeva-za-poraneshnite-koleshki-od-sjo-reche-deka-se-koleshki-po-rakija/ По Стефанова, нова замена за Русковска во Обвинителството за организиран криминал е Трајче Пеливанов.

Кој е Трајче Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.Има обвинителски стаж од 11 години. Пеливанов на оваа функција ќе остане најмалку до почетокот на следната година бидејќи мандатот на Русковска завршува во ноември, а потоа сигурно ќе биdат потребни уште неколку месеци додека се избере нејзин наследник. По кадровските промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал прашање дали новиот обвинител ќе ги продолжи случаите кои ги започна Русковска, од кои некои допираат до највисоките структури на власта.

The post Кадрите на СЈО се враќаат на голема врата преку „Обвинителството на Вилма“ appeared first on Република.

]]>
Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lile-stefanova-kje-ja-menuva-ruskovska-dodeka-trae-suspenzijata/ Wed, 17 Aug 2022 13:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=541428

По суспензијата на Вилма Русковска, нејзиното место според годишниот план за распоред на обвинители ќе го преземе обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова ги водеше случаите Империја и Плацеви на Водно кои беа отпочнати во СЈО.

Русковска за Телма вели дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиката полиција и истрагата за техничките центри при МВР.

Русковска ја пишува и жалбата до советот на јавни обвинители против одлуката на државнито обвинител Љубомир Јовевски за нејзино оддалечување од предметите.

The post Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата appeared first on Република.

]]>

По суспензијата на Вилма Русковска, нејзиното место според годишниот план за распоред на обвинители ќе го преземе обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова ги водеше случаите Империја и Плацеви на Водно кои беа отпочнати во СЈО. Русковска за Телма вели дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиката полиција и истрагата за техничките центри при МВР. Русковска ја пишува и жалбата до советот на јавни обвинители против одлуката на државнито обвинител Љубомир Јовевски за нејзино оддалечување од предметите.    

The post Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата appeared first on Република.

]]>
Стефанова побара максимална казна за Груевски, тој смета дека oбвинителката не обезбедила ниту еден доказ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stefanova-pobara-maksimalna-kazna-za-gruevski-toj-smeta-deka-obvinitelkata-ne-obezbedila-nitu-eden-dokaz/ Tue, 12 Apr 2022 16:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=487477

Судот на Никола Груевски да му изрече највисока казна, а за обвинетиот Сашо Мијалков казната да биде повисока од предвидената, побара јавната обвинителка Лиле Стефанова на денешните завршни зборови за предметот „Плацеви на Водно“.

Таа побара и конфискација на неговите станови вклучително и трите стана во Панорама, сопственост на фирмата „СС инвестмент”. За Стефанова, исклучително важен бил исказот на обвинетиот Ристо Новачевски, па за него предложи условна казна. За обвинетите Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев таа побара минимални казни, а го информира судот дека го повлекува обвинението за Ратка Камчева.

„Никола Груевски како премиер ја користел својата функција противправно за да се стекне со имот. Сашо Мијалков во својот исказ негираше дека ги презел дејствата кои му се ставаат на товар. При претрес на неговото возило беа пронајдени договори склучени со фирмата „СС инвестемент” за становите во Панорама“, рече обвинителката Стефанова.

По ова со реакција на Фејсбук излезе и Никола Груевски. Тој смета декане било тешко да се претпостави дека обвинителката Лиле Стефанова во завршните зборови денес ќе побара од судот максимална казна за него, а минимална за Јордан Камчев и условна за Ристо Новачевски.

„Таа денес во завршните зборови за се што не обезбеди доказ, а не обезбеди доказ за ништо, коментираше со вокабулар “докажавме…”. Изјавите во судот на обвинетите во теоријата и праксата на правото не се сметаат за доказ бидејќи обвинетите може и да лажат за да се спасат, но тоа е единствениот начин како обвинителството ќе се обиде да се спасува од пораз во овој конструиран предмет, како дел од политичкиот прогон кон мене. Предмет во кој обвинителството не обезбеди ниту елементарен матерјален доказ, ниту вербален доказ кој директно од сведоците ме посочува мене дека навистина сум купил и криел земјишта и станови, ниту влез и излез на мои пари или на лица поврзани со мене, ниту пак можеше да обезбеди бидејќи тоа не се случило“, пишува Груевски.

The post Стефанова побара максимална казна за Груевски, тој смета дека oбвинителката не обезбедила ниту еден доказ appeared first on Република.

]]>

Судот на Никола Груевски да му изрече највисока казна, а за обвинетиот Сашо Мијалков казната да биде повисока од предвидената, побара јавната обвинителка Лиле Стефанова на денешните завршни зборови за предметот „Плацеви на Водно“. Таа побара и конфискација на неговите станови вклучително и трите стана во Панорама, сопственост на фирмата „СС инвестмент”. За Стефанова, исклучително важен бил исказот на обвинетиот Ристо Новачевски, па за него предложи условна казна. За обвинетите Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев таа побара минимални казни, а го информира судот дека го повлекува обвинението за Ратка Камчева.
„Никола Груевски како премиер ја користел својата функција противправно за да се стекне со имот. Сашо Мијалков во својот исказ негираше дека ги презел дејствата кои му се ставаат на товар. При претрес на неговото возило беа пронајдени договори склучени со фирмата „СС инвестемент” за становите во Панорама“, рече обвинителката Стефанова.
По ова со реакција на Фејсбук излезе и Никола Груевски. Тој смета декане било тешко да се претпостави дека обвинителката Лиле Стефанова во завршните зборови денес ќе побара од судот максимална казна за него, а минимална за Јордан Камчев и условна за Ристо Новачевски.
„Таа денес во завршните зборови за се што не обезбеди доказ, а не обезбеди доказ за ништо, коментираше со вокабулар “докажавме…”. Изјавите во судот на обвинетите во теоријата и праксата на правото не се сметаат за доказ бидејќи обвинетите може и да лажат за да се спасат, но тоа е единствениот начин како обвинителството ќе се обиде да се спасува од пораз во овој конструиран предмет, како дел од политичкиот прогон кон мене. Предмет во кој обвинителството не обезбеди ниту елементарен матерјален доказ, ниту вербален доказ кој директно од сведоците ме посочува мене дека навистина сум купил и криел земјишта и станови, ниту влез и излез на мои пари или на лица поврзани со мене, ниту пак можеше да обезбеди бидејќи тоа не се случило“, пишува Груевски.

The post Стефанова побара максимална казна за Груевски, тој смета дека oбвинителката не обезбедила ниту еден доказ appeared first on Република.

]]>
Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lile-stefanova-pobara-uslovni-kazni-za-jankulovska-i-protogjer-ublazena-kazna-za-janakieski/ Fri, 11 Feb 2022 15:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=457273

Откако денеска признаа вина осуммина обвинети во предметот „Титаник“ на згаснатото СЈО, обвинителката Лиле Стефанова во судот рече дека како олеснителна околност треба да се цени признанието на вина и се заложи за намалени казни или за условни казни. Стефанова побара условни казни за Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а според законските одредби ублажување на казните за Миле Јанакиески и Коста Митровски. Пресудата ќе биде на следното рочиште, а процесот по трет пат продолжува за тие што рекоа дека не се виновни.

Стефанова додаде дека смета оти судот ќе ја цени нивната одлука да признаат вина иако, рече, имаат отежителни околности.

Обвинителката побара и за обвинетата Билјана Бришковска-Бошкоски ублажување на казната и нејзино условување, истакнувајќи дека таа пред судот дала впечатлива изјава и дека има и други семејни и здравствени околности.

Вина денеска признаа уште четворица обвинети. Примена на законските одредби за ублажување и условување на казната обвинителката побара и за Катерина Беловска, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ и Коста Митровски.

Таа наведе дека обвинетиот Мартин Протоѓер е невработен татко на три деца кој има и здравствени проблеми, но кој беше присутен на рочиштата. Стефанова побара судот да изрече казна според законот, но и да ги искористи одредбите според кои казната може и да се намали и услови. Таа забележа дека за него не се води друга судска постапка и дека нема сторено друго кривично дело.

Обвинителката побара и за Миле Јанакиески да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна.

За Гордана Јанкулоска Стефанова оцени дека отежнителна околност е што била министерка за внатрешни работи, но дека сепак во функција на ублажување и условување на казната треба да се имаат предвид здравствената состојба и семејниот статус како мајка.

За останатите кои не признаа вина судскиот процес процес ќе почне по третпат одново поради смена на поротник, меѓу кои се обвинетите поранешниот пратеник Илија Димовски и екс функционерот Кирил Божиновски.

The post Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески appeared first on Република.

]]>

Откако денеска признаа вина осуммина обвинети во предметот „Титаник“ на згаснатото СЈО, обвинителката Лиле Стефанова во судот рече дека како олеснителна околност треба да се цени признанието на вина и се заложи за намалени казни или за условни казни. Стефанова побара условни казни за Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а според законските одредби ублажување на казните за Миле Јанакиески и Коста Митровски. Пресудата ќе биде на следното рочиште, а процесот по трет пат продолжува за тие што рекоа дека не се виновни. Стефанова додаде дека смета оти судот ќе ја цени нивната одлука да признаат вина иако, рече, имаат отежителни околности. Обвинителката побара и за обвинетата Билјана Бришковска-Бошкоски ублажување на казната и нејзино условување, истакнувајќи дека таа пред судот дала впечатлива изјава и дека има и други семејни и здравствени околности. Вина денеска признаа уште четворица обвинети. Примена на законските одредби за ублажување и условување на казната обвинителката побара и за Катерина Беловска, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ и Коста Митровски. Таа наведе дека обвинетиот Мартин Протоѓер е невработен татко на три деца кој има и здравствени проблеми, но кој беше присутен на рочиштата. Стефанова побара судот да изрече казна според законот, но и да ги искористи одредбите според кои казната може и да се намали и услови. Таа забележа дека за него не се води друга судска постапка и дека нема сторено друго кривично дело. Обвинителката побара и за Миле Јанакиески да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна. За Гордана Јанкулоска Стефанова оцени дека отежнителна околност е што била министерка за внатрешни работи, но дека сепак во функција на ублажување и условување на казната треба да се имаат предвид здравствената состојба и семејниот статус како мајка. За останатите кои не признаа вина судскиот процес процес ќе почне по третпат одново поради смена на поротник, меѓу кои се обвинетите поранешниот пратеник Илија Димовски и екс функционерот Кирил Божиновски.  

The post Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески appeared first on Република.

]]>