ликовни критичари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/likovni-kritichari/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 07:22:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ликовни критичари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/likovni-kritichari/ 32 32 АИКА Македонија наградата „Ладислав Баришиќ“ му ја додели на Илија Прокопиев за проектот „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/aika-makedonija-nagradata-ladislav-barishik-mu-ja-dodeli-na-ilija-prokopiev-za-proektot-raskinuvane-so-umetnosta-kakva-shto-ja-znaeme/ Tue, 30 Jul 2024 07:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=801498

Комисијата на Здружението на ликовните критичари АИКА Македонија во состав д-р Мелентие Пандиловски (историчар на уметноста и куратор), Маја Чанкуловска (историчарка на уметноста и кураторка), и м-р Јованка Попова (историчарка на уметноста и кураторка), по разгледувањето на доставени предлози донесе одлука наградата да му ја додели на м-р Илија Прокопиев за неговиот предлог истражувачки проект „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“.

Наградата „Ладислав Баришиќ“ има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Современата уметничка критика игра клучна улога во сложеноста на уметничкото изразување, нудејќи бројни и неопходни согледувања, интерпретации и размислувања.

Избраниот поднесок, предлог проектот на Илија Прокопиев „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“се издвојува со својот иновативен пристап, прониклива анализа и критички ангажман. Преку имплементирање на критичките перспективи и ангажираниот стил на пишување, победничкиот запис на Илија Прокопиев служи како доказ за моќта на уметничката критика во расветлувањето на комплексноста на современите уметнички практики и преосмислувањето на нивните импликации во однос на пошироките културни дискурси. Предлог проектот ја детектира неопходноста од преосмислувањето на уметничката работа, во зависност од општествените и економските случувања, која доаѓа како потреба во времиња кога овие две категории почнуваат да стануваат нестабилни.

Како што авторот посочува „Економските, политички и здравствени кризи како што се големата рецесија во доцната прва декада од нашиот век, пандемијата на КОВИД-19 и моменталните воени конфликти, нѐ обврзуваат да ги преосмислуваме уметничките практики во економско-политичкиот меѓузависен систем, поточно да замислуваме нови реалности на економско-културно-политичките констелации, кои можеби би го промениле целокупното разбирање за тоа што денес го разбираме како уметничка работа“.

Истражувањето тргнува од претпоставката дека, преосмислувањето на уметничката работа не може да се замисли одделно од преосмислувањето на економско-политичкиот контекст. Прокопиев се повикува се на цитатот на иранско-канадската историчарката на уметност Јалех Мансур, која во дебатата насловена „Дали постои простор за уметност надвор од пазарот и државниот систем“, предлага две насоки на размислување: или да го промениме начинот на денешното уметничкото производство, што во одредени уметнички дискурси веќе и се случува имајќи ги на ум артист-ран просторите и социјално-уметничките практики, или целосно да го поништиме поимањето на уметноста каква што ја познаваме. Оттука авторот го поставува прашањето дали доколку уметникот го пренасочи своето знаење кон поинакви општествени активности, кои не подразбираат создавање авторски дела и авторство, би придонел до економски и политички промени.

Истражувањето „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“ понатаму продолжува да ја истражува можноста за промислување на уметничкиот потенцијал и знаење во рамки на општествени тенденции кои ги одминуваат уметничките институции, преку термините на самогрижа и надградба од филозофиите на Борис Гројс и Анри Лефевер.

Имајќи ја предвид богатата уметничка и кураторска пракса на авторот, како и можноста предложениот истражувачки проект да отвори нови читања за уметничките потенцијали преку концептите за самогрижа и општествена надградба, вон денешното поимање за тоа што е уметничката работа, сметаме дека овогодишната награда на AICA заслужено е доделена на Илија Прокопиев“, се вели во образложението на комисијата на АИКА.

 

Илија Прокопиев (1985) е куратор, издавач и визуелен уметник, кој живее и работи во Скопје, Македонија и Љубљана, Словенија. Ко-основач е на PrivatePrint, издавачка куќа за уметнички книги и студио за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, а во 2014 година магистрира на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература во Скопје. Автор е на книгата „Атлас на човековото тело по Аристотел“ уметнички проект реализиран во 2015, а ко-автор на „Незавршена монографија: Јелена Ристеска“ интерпретација на творештвото на македонската уметница Јелена Ристеска, 2016. Во 2011 ја добива наградата „Денес“ (YVAA) за најдобар млад уметник, за делото „Студии за многу големи цртежи“. Во периодот 2023-2024 е гостин-куратор на галеријата Равникар во Љубљана, Словенија каде поставува изложби на словенечки уметници.

 

The post АИКА Македонија наградата „Ладислав Баришиќ“ му ја додели на Илија Прокопиев за проектот „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата на Здружението на ликовните критичари АИКА Македонија во состав д-р Мелентие Пандиловски (историчар на уметноста и куратор), Маја Чанкуловска (историчарка на уметноста и кураторка), и м-р Јованка Попова (историчарка на уметноста и кураторка), по разгледувањето на доставени предлози донесе одлука наградата да му ја додели на м-р Илија Прокопиев за неговиот предлог истражувачки проект „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“. Наградата „Ладислав Баришиќ“ има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Современата уметничка критика игра клучна улога во сложеноста на уметничкото изразување, нудејќи бројни и неопходни согледувања, интерпретации и размислувања. Избраниот поднесок, предлог проектот на Илија Прокопиев „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“се издвојува со својот иновативен пристап, прониклива анализа и критички ангажман. Преку имплементирање на критичките перспективи и ангажираниот стил на пишување, победничкиот запис на Илија Прокопиев служи како доказ за моќта на уметничката критика во расветлувањето на комплексноста на современите уметнички практики и преосмислувањето на нивните импликации во однос на пошироките културни дискурси. Предлог проектот ја детектира неопходноста од преосмислувањето на уметничката работа, во зависност од општествените и економските случувања, која доаѓа како потреба во времиња кога овие две категории почнуваат да стануваат нестабилни. Како што авторот посочува „Економските, политички и здравствени кризи како што се големата рецесија во доцната прва декада од нашиот век, пандемијата на КОВИД-19 и моменталните воени конфликти, нѐ обврзуваат да ги преосмислуваме уметничките практики во економско-политичкиот меѓузависен систем, поточно да замислуваме нови реалности на економско-културно-политичките констелации, кои можеби би го промениле целокупното разбирање за тоа што денес го разбираме како уметничка работа“. Истражувањето тргнува од претпоставката дека, преосмислувањето на уметничката работа не може да се замисли одделно од преосмислувањето на економско-политичкиот контекст. Прокопиев се повикува се на цитатот на иранско-канадската историчарката на уметност Јалех Мансур, која во дебатата насловена „Дали постои простор за уметност надвор од пазарот и државниот систем“, предлага две насоки на размислување: или да го промениме начинот на денешното уметничкото производство, што во одредени уметнички дискурси веќе и се случува имајќи ги на ум артист-ран просторите и социјално-уметничките практики, или целосно да го поништиме поимањето на уметноста каква што ја познаваме. Оттука авторот го поставува прашањето дали доколку уметникот го пренасочи своето знаење кон поинакви општествени активности, кои не подразбираат создавање авторски дела и авторство, би придонел до економски и политички промени. Истражувањето „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“ понатаму продолжува да ја истражува можноста за промислување на уметничкиот потенцијал и знаење во рамки на општествени тенденции кои ги одминуваат уметничките институции, преку термините на самогрижа и надградба од филозофиите на Борис Гројс и Анри Лефевер. Имајќи ја предвид богатата уметничка и кураторска пракса на авторот, како и можноста предложениот истражувачки проект да отвори нови читања за уметничките потенцијали преку концептите за самогрижа и општествена надградба, вон денешното поимање за тоа што е уметничката работа, сметаме дека овогодишната награда на AICA заслужено е доделена на Илија Прокопиев“, се вели во образложението на комисијата на АИКА.   Илија Прокопиев (1985) е куратор, издавач и визуелен уметник, кој живее и работи во Скопје, Македонија и Љубљана, Словенија. Ко-основач е на PrivatePrint, издавачка куќа за уметнички книги и студио за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, а во 2014 година магистрира на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература во Скопје. Автор е на книгата „Атлас на човековото тело по Аристотел“ уметнички проект реализиран во 2015, а ко-автор на „Незавршена монографија: Јелена Ристеска“ интерпретација на творештвото на македонската уметница Јелена Ристеска, 2016. Во 2011 ја добива наградата „Денес“ (YVAA) за најдобар млад уметник, за делото „Студии за многу големи цртежи“. Во периодот 2023-2024 е гостин-куратор на галеријата Равникар во Љубљана, Словенија каде поставува изложби на словенечки уметници.  

The post АИКА Македонија наградата „Ладислав Баришиќ“ му ја додели на Илија Прокопиев за проектот „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“ appeared first on Република.

]]>
Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распиша конкурс за годишна награда „Ладислав Баришиќ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zdruzhenieto-na-likovni-kritichari-aika-makedonija-raspisha-konkurs-za-godishna-nagrada-ladislav-barishik/ Fri, 31 May 2024 08:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=783403

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распиша конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика во нашата држава.
Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста.
Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност, е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции.
Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал.
Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на У.О. на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се граѓани на нашата земја или пак странски државјани кои живеат и работат тука повеќе од една година.
Наградата е во висина од 30.000 денари бруто износ, и за неа ќе одлучува трочлено стручно жири.
Конкурсот е отворен од 30 мај и трае до 30 јуни 2024.
Кандидатите треба да достават:
- опис на предложениот проект и методологија на неговата реализација (не повеќе од 1500 збора)
- CV на кандидатот (или доколку станува збор за група истражувачи на сите поединечни членови на истражувањето).
Наградениот проект треба да биде изработен до крајот на декември 2024, пред годишниот симпозиум на АИКА Македонија каде наградената реализација ќе биде претставена.
Истражувањето ќе биде објавено на веб порталот на АИКА Македонија.
Добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 10 јули, 2024.
Материјалите треба да се испратат на следната адреса:
aicamacedonia@gmail.com
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерство за култура на РСМ.

 

The post Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распиша конкурс за годишна награда „Ладислав Баришиќ“ appeared first on Република.

]]>

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распиша конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика во нашата држава. Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност, е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции. Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал. Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на У.О. на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се граѓани на нашата земја или пак странски државјани кои живеат и работат тука повеќе од една година. Наградата е во висина од 30.000 денари бруто износ, и за неа ќе одлучува трочлено стручно жири. Конкурсот е отворен од 30 мај и трае до 30 јуни 2024. Кандидатите треба да достават: - опис на предложениот проект и методологија на неговата реализација (не повеќе од 1500 збора) - CV на кандидатот (или доколку станува збор за група истражувачи на сите поединечни членови на истражувањето). Наградениот проект треба да биде изработен до крајот на декември 2024, пред годишниот симпозиум на АИКА Македонија каде наградената реализација ќе биде претставена. Истражувањето ќе биде објавено на веб порталот на АИКА Македонија. Добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 10 јули, 2024. Материјалите треба да се испратат на следната адреса: aicamacedonia@gmail.com Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерство за култура на РСМ.  

The post Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распиша конкурс за годишна награда „Ладислав Баришиќ“ appeared first on Република.

]]>