ликовна колонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/likovna-kolonija/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 18:00:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ликовна колонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/likovna-kolonija/ 32 32 50 . Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/50-megunarodna-likovna-kolonija-kumanovo-1974-2024/ Thu, 08 Aug 2024 18:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=804707

Во комплексот Етно село „Тимчевски“ започна јубилејната 50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“. Традиционалната Колонија е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерство за култура и туризам на РСМ, во организација на НУ Музеј – Куманово и Фондација за култура и спорт. Оваа ликовна манифестација спаѓа во редот на најстарите во државава, бележејќи континуирана активност.

На ова издание ќе учествуваат 11 ликовни уметници од повеќе земји во регионов: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Македонија. Ликовната колонија ќе заврши на 13 август, со изложба на новосоздадената продукција.

The post 50 . Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“ appeared first on Република.

]]>

Во комплексот Етно село „Тимчевски“ започна јубилејната 50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“. Традиционалната Колонија е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерство за култура и туризам на РСМ, во организација на НУ Музеј – Куманово и Фондација за култура и спорт. Оваа ликовна манифестација спаѓа во редот на најстарите во државава, бележејќи континуирана активност. На ова издание ќе учествуваат 11 ликовни уметници од повеќе земји во регионов: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Македонија. Ликовната колонија ќе заврши на 13 август, со изложба на новосоздадената продукција.

The post 50 . Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“ appeared first on Република.

]]>
Заврши 6. издание на Меѓунарона уметничка колонија во Трпејца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-6-izdanie-na-megunarona-umetnichka-kolonija-vo-trpejtsa/ Mon, 11 Sep 2023 07:57:47 +0000 https://republika.mk/?p=680755

По четири дневна работа вчера беше заокружено шестото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“.


Во кругот на подрачното ООУ „Свети Наум Охридски“ во Трпејца заедно твореа шест уметници: Наташа Попоска – Карче, Ѓоко Симјаноски, Елена Ѓурѓиноска, Хава Реџепи и гостите од соседен Поградец – Албанија, браќата Петрит и Кастриот Лараку.
Свој придонес со една своја изработка и неколку карактеристични минијатури даде и канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос.
И годинава главна инспирација на уметниците во сликањето им беше околината на преубавата Трпејца сместена меѓу синото езеро и планината Галичица.


Во изминативе шест години на колонијата се изработени околу 100 слики во разни техники од кои половината се во сопственост на организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“.


Меѓународната уметничка колонија во Трпејца се одржа под покровителство на Општина Охрид а во знак на благодарност за досегашните учества уметникот Петрит Лараку на Подрачното училиште во Трпејца му подари едно свое дело.

 

The post Заврши 6. издание на Меѓунарона уметничка колонија во Трпејца appeared first on Република.

]]>

По четири дневна работа вчера беше заокружено шестото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“. Во кругот на подрачното ООУ „Свети Наум Охридски“ во Трпејца заедно твореа шест уметници: Наташа Попоска – Карче, Ѓоко Симјаноски, Елена Ѓурѓиноска, Хава Реџепи и гостите од соседен Поградец – Албанија, браќата Петрит и Кастриот Лараку. Свој придонес со една своја изработка и неколку карактеристични минијатури даде и канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос. И годинава главна инспирација на уметниците во сликањето им беше околината на преубавата Трпејца сместена меѓу синото езеро и планината Галичица. Во изминативе шест години на колонијата се изработени околу 100 слики во разни техники од кои половината се во сопственост на организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“. Меѓународната уметничка колонија во Трпејца се одржа под покровителство на Општина Охрид а во знак на благодарност за досегашните учества уметникот Петрит Лараку на Подрачното училиште во Трпејца му подари едно свое дело.  

The post Заврши 6. издание на Меѓунарона уметничка колонија во Трпејца appeared first on Република.

]]>
Почна Меѓународната ликовна колонија ,,Михајлово 2023″ во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochna-megunarodnata-likovna-kolonija-mihajlovo-2023-vo-kavadartsi/ Mon, 21 Aug 2023 08:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=674054

Со изложба на уметнички слики од Марија Светиева, синоќа во Кавадарци започна 27 издание на Ликовната колонија ,,Михајлово 2023". Ликовниот уметник Владимир Темков, куратор, рече дека колонијата стана препознатлива и остава белег во ликовната уметност. Дваесет и пет уметници од повеќе држави наредните неколку дена ќе творат во вила ,,Моклиште" и прекрасната околина.

Настанот е во организација на Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе", со поддршка на Министерството за култура и локалната самоуправа.

Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова проговори за животот и делото на Светиева,член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, нагласувајќи дека станува збор за авторка со многу изложби и награди, која извесно време живеела и работела во Рим, Италија.

Секое нејзино дело зрачи убавина, но не убавина сама по себе, туку најчесто убавина што ја креира, што ја создава, или барем што ја пресоздава авторот. Во нејзините визуелни импресии е втисната блага доза на рефлекија и многу напор за логичка разгатка на согледаното, со припомош на митскиот начин на мислење, додаде Туриманџова.

Настанот беше збогатен и со музика.

 

The post Почна Меѓународната ликовна колонија ,,Михајлово 2023″ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Со изложба на уметнички слики од Марија Светиева, синоќа во Кавадарци започна 27 издание на Ликовната колонија ,,Михајлово 2023". Ликовниот уметник Владимир Темков, куратор, рече дека колонијата стана препознатлива и остава белег во ликовната уметност. Дваесет и пет уметници од повеќе држави наредните неколку дена ќе творат во вила ,,Моклиште" и прекрасната околина. Настанот е во организација на Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе", со поддршка на Министерството за култура и локалната самоуправа. Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова проговори за животот и делото на Светиева,член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, нагласувајќи дека станува збор за авторка со многу изложби и награди, која извесно време живеела и работела во Рим, Италија.
Секое нејзино дело зрачи убавина, но не убавина сама по себе, туку најчесто убавина што ја креира, што ја создава, или барем што ја пресоздава авторот. Во нејзините визуелни импресии е втисната блага доза на рефлекија и многу напор за логичка разгатка на согледаното, со припомош на митскиот начин на мислење, додаде Туриманџова.
Настанот беше збогатен и со музика.  

The post Почна Меѓународната ликовна колонија ,,Михајлово 2023″ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Интернационална уметничка колонија „Дебрца-2023“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/internatsionalna-umetnichka-kolonija-debrtsa-2023/ Fri, 04 Aug 2023 09:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=668609

Во сабота, на 5 август, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 19.30 часот, свечено ќе биде отворена 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023 “. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на нејзиниот основоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.

Свеченоста, на која е предвидено ликовно изненадување, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година. На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 10 ликовни уметници и тоа : 1. Маестро Јордан Манасиески – Охрид 2. Маестро Ставре Димотров Стадим – Скопје 3. Маестро Запро Запров – Скопје 4. Г-дин Војдан Запров – Скопје 5. Натали Николоска – Скопје 6. Андреј Антевски – Куманово (најмладиот учесник на овогодинешната Колонија) Странски автори 1. Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул) 2. Петар Бељашки – Бугарија 3. Велислава Пожгорска – Бугарија 4. Светлана Солодова – Русија.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 13 овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.

The post Интернационална уметничка колонија „Дебрца-2023“ appeared first on Република.

]]>

Во сабота, на 5 август, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 19.30 часот, свечено ќе биде отворена 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023 “. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на нејзиниот основоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески. Свеченоста, на која е предвидено ликовно изненадување, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година. На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 10 ликовни уметници и тоа : 1. Маестро Јордан Манасиески – Охрид 2. Маестро Ставре Димотров Стадим – Скопје 3. Маестро Запро Запров – Скопје 4. Г-дин Војдан Запров – Скопје 5. Натали Николоска – Скопје 6. Андреј Антевски – Куманово (најмладиот учесник на овогодинешната Колонија) Странски автори 1. Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул) 2. Петар Бељашки – Бугарија 3. Велислава Пожгорска – Бугарија 4. Светлана Солодова – Русија. Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 13 овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.

The post Интернационална уметничка колонија „Дебрца-2023“ appeared first on Република.

]]>
Заврши Меѓународна уметничка колонија „Трпејца 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-megjunarodna-umetnichka-kolonija-trpejca-2022/ Thu, 08 Sep 2022 19:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=548817

Во живописната Трпејца на колонијата која се одржа по петти пат, цели четири дена твореа уметниците: Мајкл Клос од Канада, Владисав Богичевиќ од Србија, Петрит Лараку од Албанија и Елена Ѓурѓиноска, Наташа Попоска – Карче, Хава Рецепи , Ѓоко Симјаноски сите од Охрид.

Во понеделникот уметниците им ги откриваа тајните на уметноста на учениците од подрачното ООУ „Наум Охридски“  во Трпејца а имаа средба и со трпејчани и туристи кои овие септемвриски денови се на одмор во селото.

На завршниот ден од колонијата на дружба со уметниците беа и претставнички на Локалниот клуб „Деници“ од Охрид Марија Попоска и Марија Филева - Стоев .

Новата претседателка  Марија Филева – Стоев пред присутните рече: Од мое лично име како годинашен Претседател на Лајонс клуб ,,Деници" - Охрид го изразувам нашето задоволство што ја имавме можноста да бидеме поддржувачи на едно вакво културно збиднување. Честитки до организаторот за посветеноста и ентузијазмот да организира и успешно да реализира една ваква ликовна колонија петта година по ред. Честитки и до уметниците присутни  од земјава ,но и од надвор од границите ,без кои овој настан не би можел да се реализира. Продолжете со Вашето творештво, нека се негуваат уметноста,културата и традицијата,нека дишат преку Вас,бидејќи само така ќе продолжи да дише и нашиот Охрид ! ", рече Филева Стоев.

На завршната средба присуствуваа и вд. директорката на ООУ „Наум Охридски“ од Пештани, Валетнина Рубаноска и одделенската наставничка Ана Пупиноска – Стојкоска.

Во пријатен амбиент со традиционалното трпејчко ѓомлезе уметниците изразија благодарност за поканата  со идеја дел од веќе етаблираната колекција на слики од петте изданија на колонијата наскоро да ги видат и граѓаните на Охрид, Поградец и Ниш.

Колонијата е во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“  и по традиција е под покровителство на општина Охрид.

 

 

 

 

The post Заврши Меѓународна уметничка колонија „Трпејца 2022“ appeared first on Република.

]]>

Во живописната Трпејца на колонијата која се одржа по петти пат, цели четири дена твореа уметниците: Мајкл Клос од Канада, Владисав Богичевиќ од Србија, Петрит Лараку од Албанија и Елена Ѓурѓиноска, Наташа Попоска – Карче, Хава Рецепи , Ѓоко Симјаноски сите од Охрид. Во понеделникот уметниците им ги откриваа тајните на уметноста на учениците од подрачното ООУ „Наум Охридски“  во Трпејца а имаа средба и со трпејчани и туристи кои овие септемвриски денови се на одмор во селото. На завршниот ден од колонијата на дружба со уметниците беа и претставнички на Локалниот клуб „Деници“ од Охрид Марија Попоска и Марија Филева - Стоев . Новата претседателка  Марија Филева – Стоев пред присутните рече: Од мое лично име како годинашен Претседател на Лајонс клуб ,,Деници" - Охрид го изразувам нашето задоволство што ја имавме можноста да бидеме поддржувачи на едно вакво културно збиднување. Честитки до организаторот за посветеноста и ентузијазмот да организира и успешно да реализира една ваква ликовна колонија петта година по ред. Честитки и до уметниците присутни  од земјава ,но и од надвор од границите ,без кои овој настан не би можел да се реализира. Продолжете со Вашето творештво, нека се негуваат уметноста,културата и традицијата,нека дишат преку Вас,бидејќи само така ќе продолжи да дише и нашиот Охрид ! ", рече Филева Стоев. На завршната средба присуствуваа и вд. директорката на ООУ „Наум Охридски“ од Пештани, Валетнина Рубаноска и одделенската наставничка Ана Пупиноска – Стојкоска. Во пријатен амбиент со традиционалното трпејчко ѓомлезе уметниците изразија благодарност за поканата  со идеја дел од веќе етаблираната колекција на слики од петте изданија на колонијата наскоро да ги видат и граѓаните на Охрид, Поградец и Ниш. Колонијата е во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“  и по традиција е под покровителство на општина Охрид.        

The post Заврши Меѓународна уметничка колонија „Трпејца 2022“ appeared first on Република.

]]>
Меѓународна ликовна колонија „Михајлово 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/megjunarodna-likovna-kolonija-mihajlovo-2022/ Mon, 15 Aug 2022 13:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=540566

Во сабота, на 20 август 2022, од 20.30 часот, во Летната бавча на Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2022“ Кавадарци.

Во рамките на отворањето, претходно од 20 часот во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена изложба на Стефан Хаџи - Николов. За време на отворањето ќе настапи групата „Акустико“. Годинашното издание на колонијата ќе донесе учесници од Словенија, Србија, Турција, Црна Гора, Грција, Македонија, Косово, Германија и Русија.

Колонијата е поддржана од Министерството за култура и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.

За време на колонијата ќе се одржат изложба на Диме Темков, Љубљана, Словенија (Музеј Галерија - 22 август - 20 часот), изложба на Новица Трајковски, Скопје - “„иквешанка“ (Вински Музеј - 24 август - 20 часот), промоција на книгата „Наива - наивното сликарство и скулптура во Македонија“ од Гоце Бужаровски (Вински Музеј - 24 август - 20.30 часот).

Уметниците ќе творат во Вила „Рума“ Дабниште, каде со изложба на дела од учесниците колонијата ќе биде затворена на 25 август од 20 часот. За време на затворањето ќе настапат рок групи "Kavadarci night".

The post Меѓународна ликовна колонија „Михајлово 2022“ appeared first on Република.

]]>

Во сабота, на 20 август 2022, од 20.30 часот, во Летната бавча на Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2022“ Кавадарци. Во рамките на отворањето, претходно од 20 часот во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена изложба на Стефан Хаџи - Николов. За време на отворањето ќе настапи групата „Акустико“. Годинашното издание на колонијата ќе донесе учесници од Словенија, Србија, Турција, Црна Гора, Грција, Македонија, Косово, Германија и Русија. Колонијата е поддржана од Министерството за култура и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци. За време на колонијата ќе се одржат изложба на Диме Темков, Љубљана, Словенија (Музеј Галерија - 22 август - 20 часот), изложба на Новица Трајковски, Скопје - “„иквешанка“ (Вински Музеј - 24 август - 20 часот), промоција на книгата „Наива - наивното сликарство и скулптура во Македонија“ од Гоце Бужаровски (Вински Музеј - 24 август - 20.30 часот). Уметниците ќе творат во Вила „Рума“ Дабниште, каде со изложба на дела од учесниците колонијата ќе биде затворена на 25 август од 20 часот. За време на затворањето ќе настапат рок групи "Kavadarci night".

The post Меѓународна ликовна колонија „Михајлово 2022“ appeared first on Република.

]]>