Ликовна колонија Галичник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/likovna-kolonija-galichnik/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 07:48:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ликовна колонија Галичник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/likovna-kolonija-galichnik/ 32 32 Изложба „Сега е време“ на Ликовната колонија Галичник во Мала станица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-sega-e-vreme-na-likovnata-kolonija-galichnik-vo-mala-stanitsa/ Thu, 16 Nov 2023 07:48:06 +0000 https://republika.mk/?p=701991

Изложба на дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник ќе биде отворена вечерва во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 19:30 часот.

Визуелните дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник и овој пат се движат околу еколошки теми, како суштествени теми за кои „Сега е време“ гласно да се дискутира на сите возможни начини, бидејќи доколку не успееме со посуштествени системски промени да влијаеме врз промена на свеста и врз менување на девастирачката моќ на Капиталот тогаш ќе треба „да молчиме засекогаш“, т.е. ќе бидеме немоќни да направиме било каква промена и подобрување на животните услови, вели Ана Франговска, куратор на изложбата и претседател на здружението.

Таа истакнува дека уметноста е важна и може заедно со природните и хуманистичките науки да се користи за да се размислува за еколошката правда.

Уметниците ги истражуваат природните и културните комплексности, нагласувајќи ги политичките аспекти на екологијата, одржливоста, социјалната правда и економската еднаквост. Тековните уметнички позиции и модели на дејствување комбинираат експериментален и перцептивен ангажман со постколонијална етичко-политичка практика, потенцира Франговска.

The post Изложба „Сега е време“ на Ликовната колонија Галичник во Мала станица appeared first on Република.

]]>

Почнува Ликовната колонија Галичник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-likovnata-kolonija-galichnik/ Sat, 12 Aug 2023 14:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=671424

Од денеска до 20 август со учество на десетина домашни и странски уметници ќе се одржи Ликовната колонија Галичник.

Организаторите информираат дека овој пат се менува медиумот на колонијата кој ќе се движи во насока на дигиталната уметност и новите медиуми како интернет уметност, компјутерската уметност, дигиталната фотографија и графика, видео инсталациите, виртуелната реалност.

Секоја година колонијата има тема, а оваа година фокусот е на Колонизација/Деколонизација на природата, како многу важно прашање во еколошката, политичката и проблемите со доминацијата на Капиталот(во ерата на Капиталоценот) кои се наметнаа како сериозен интерес во областа на современата уметност и нејзините транс-тактики. Зошто е ова важно за глобалниот процес на (еколошка) ментална трансформација кон посвесни општества и нејзината иднина?“, се вели во најавата за колонијата.

Дел од Ликовната колонија Галичник 2023 ќе бидат уметниците Аница Вучетиќ (Србија), Јелена Владушиќ (Србија) Калин Серапионов (Бугарија), Пенка Минчева (Бугарија), Ефи Фурики (Грција), Фуруја Такахиса (Јапонија), Ларс ден Хертог (Холандија), Ил Џафери (Косово), Иван Блажев (Македонија) и Филип Велковски (Македонија).

На 17 и 19 август во 19:30 часот во амфитеатарот Упија ќе има јавни претставувања на уметниците, а на 19 август во Упија од 11:30 часот ќе се одржи работилница со деца.

The post Почнува Ликовната колонија Галичник appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 20 август со учество на десетина домашни и странски уметници ќе се одржи Ликовната колонија Галичник. Организаторите информираат дека овој пат се менува медиумот на колонијата кој ќе се движи во насока на дигиталната уметност и новите медиуми како интернет уметност, компјутерската уметност, дигиталната фотографија и графика, видео инсталациите, виртуелната реалност.
Секоја година колонијата има тема, а оваа година фокусот е на Колонизација/Деколонизација на природата, како многу важно прашање во еколошката, политичката и проблемите со доминацијата на Капиталот(во ерата на Капиталоценот) кои се наметнаа како сериозен интерес во областа на современата уметност и нејзините транс-тактики. Зошто е ова важно за глобалниот процес на (еколошка) ментална трансформација кон посвесни општества и нејзината иднина?“, се вели во најавата за колонијата.
Дел од Ликовната колонија Галичник 2023 ќе бидат уметниците Аница Вучетиќ (Србија), Јелена Владушиќ (Србија) Калин Серапионов (Бугарија), Пенка Минчева (Бугарија), Ефи Фурики (Грција), Фуруја Такахиса (Јапонија), Ларс ден Хертог (Холандија), Ил Џафери (Косово), Иван Блажев (Македонија) и Филип Велковски (Македонија). На 17 и 19 август во 19:30 часот во амфитеатарот Упија ќе има јавни претставувања на уметниците, а на 19 август во Упија од 11:30 часот ќе се одржи работилница со деца.  

The post Почнува Ликовната колонија Галичник appeared first on Република.

]]>