лидија раичевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lidija-raichevik/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 11:03:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лидија раичевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lidija-raichevik/ 32 32 Лидија Раичевиќ: Случајот со ваучерите на АМС е специфичен по многу нешта, има штета од над 5 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lidija-raichevik-sluchajot-so-vaucherite-na-ams-e-spetsifichen-po-mnogu-neshta-ima-shteta-od-nad-5-milioni-evra/ Thu, 27 Jun 2024 11:03:14 +0000 https://republika.mk/?p=791263

Штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт чие што прво рочиште денеска се одложи, изјави обвинителката Лидија Раичевиќ. Според неа, случајот по многу нешта е специфичен и ќе се врши темелна истрага на преземените дејствија.

Случајот по многу нешта е специфичен, особено поради бројот на обвинетите, поради природата на кривичното дело, поради настаните кои се случувале и особено поради штетата која што е настапена, многу висока, изнесува над 5 милиони евра, рече таа.

Раичевиќ нагласи дека постапката е сериозна, и, како што рече, се надева дека нема да постојат причини за понатамошно одложување.

Во врска со суштината на постапката, таа појасни дека има повреда на повеќе прописи.

Тоа што во постапката која што беше системско решение за финансирање на спортот преку ваучерите, формирањето на законските тела, Централната комисија за евалуација на ваучери, овластувањата на директорите на АМС, не се испочитувани согласно Законот за спорт, согласно правилниците кои што предвидуваат почитување на строги критериуми за да може некој да добие ваучер, појасни таа.

Дополни дека тука нема да биде крајот, односно дека обвинителската работа наложува да истражува кој ги делел ваучерите на тој начин и како ги користеле стопанските субјекти, а како што рече, и тоа ќе биде предмет на дополнителна обвинителска анализа.

Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Даниел Димески, пред денешното судење информираше дека поднел пријава против обвинителката Раичевиќ со наводи за неосновано гонење.

Во врска со прашањето за оваа кивична пријава, Раичевиќ рече дека треба да се преземат мерки тоа да не се случува во иднина.

Кривична пријава се поднесува кога постојат основни на сомнение за кривичното дело. Фронталниот дел помеѓу мене и обвинет ќе го задржам на она што е предмет во судницата, да расправаме за кривичното дело, а не за парцијалните обвинувања, рече таа.

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт денеска беше одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.

Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.

Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.

Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ

The post Лидија Раичевиќ: Случајот со ваучерите на АМС е специфичен по многу нешта, има штета од над 5 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт чие што прво рочиште денеска се одложи, изјави обвинителката Лидија Раичевиќ. Според неа, случајот по многу нешта е специфичен и ќе се врши темелна истрага на преземените дејствија.
Случајот по многу нешта е специфичен, особено поради бројот на обвинетите, поради природата на кривичното дело, поради настаните кои се случувале и особено поради штетата која што е настапена, многу висока, изнесува над 5 милиони евра, рече таа.
Раичевиќ нагласи дека постапката е сериозна, и, како што рече, се надева дека нема да постојат причини за понатамошно одложување. Во врска со суштината на постапката, таа појасни дека има повреда на повеќе прописи.
Тоа што во постапката која што беше системско решение за финансирање на спортот преку ваучерите, формирањето на законските тела, Централната комисија за евалуација на ваучери, овластувањата на директорите на АМС, не се испочитувани согласно Законот за спорт, согласно правилниците кои што предвидуваат почитување на строги критериуми за да може некој да добие ваучер, појасни таа.
Дополни дека тука нема да биде крајот, односно дека обвинителската работа наложува да истражува кој ги делел ваучерите на тој начин и како ги користеле стопанските субјекти, а како што рече, и тоа ќе биде предмет на дополнителна обвинителска анализа. Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Даниел Димески, пред денешното судење информираше дека поднел пријава против обвинителката Раичевиќ со наводи за неосновано гонење. Во врска со прашањето за оваа кивична пријава, Раичевиќ рече дека треба да се преземат мерки тоа да не се случува во иднина.
Кривична пријава се поднесува кога постојат основни на сомнение за кривичното дело. Фронталниот дел помеѓу мене и обвинет ќе го задржам на она што е предмет во судницата, да расправаме за кривичното дело, а не за парцијалните обвинувања, рече таа.
Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт денеска беше одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски. Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата. Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски. Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“. Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ

The post Лидија Раичевиќ: Случајот со ваучерите на АМС е специфичен по многу нешта, има штета од над 5 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Фетаи, Раичевиќ и Коцевски единствени кандидати за нов државен јавен обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fetai-raichevik-i-kotsevski-edinstveni-kandidati-za-nov-drzhaven-javen-obvinitel/ Tue, 19 Dec 2023 09:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=724465

На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство. Предлозите се доставени до Владата, информираат за МИА од Собранието. Владата на седница треба да донесе одлука и да ги проследи предлозите на мислење до Советот на јавните обвинители.

Собранието огласот го објави на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител.

На актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му истекува на 25 декември, а со оглед на законските рокови според кои пријавените кандидати ќе треба да го поминат филтерот на Советот на јавните обвинители, за што имаат рок од 15 дена да дадат позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење, Советот на јавни обвинители неделава ќе треба да именува вршител на должност државен јавен обвинител.

Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител  може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието.

Листата со кандидати се доставува до Советот на јавни обвинители, којшто во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето треба да достави до Владата образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон. Потоа, Владата до Собранието доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители.

Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рокот не достави мислење до Владата тој (рокот) се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок, Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

The post Фетаи, Раичевиќ и Коцевски единствени кандидати за нов државен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>

На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство. Предлозите се доставени до Владата, информираат за МИА од Собранието. Владата на седница треба да донесе одлука и да ги проследи предлозите на мислење до Советот на јавните обвинители. Собранието огласот го објави на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител. На актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му истекува на 25 декември, а со оглед на законските рокови според кои пријавените кандидати ќе треба да го поминат филтерот на Советот на јавните обвинители, за што имаат рок од 15 дена да дадат позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење, Советот на јавни обвинители неделава ќе треба да именува вршител на должност државен јавен обвинител. Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител  може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право. Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието. Листата со кандидати се доставува до Советот на јавни обвинители, којшто во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето треба да достави до Владата образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон. Потоа, Владата до Собранието доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители. Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рокот не достави мислење до Владата тој (рокот) се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок, Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот. Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

The post Фетаи, Раичевиќ и Коцевски единствени кандидати за нов државен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>