Лидија Капушевска-Дракулевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lidija-kapushevska-drakulevska/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 18:35:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лидија Капушевска-Дракулевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lidija-kapushevska-drakulevska/ 32 32 Објавени нови книги од Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaveni-novi-knigi-od-lidija-kapushevska-drakulevska-i-vladimir-martinovski/ Mon, 13 Nov 2023 19:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=701201

Две нови книжевно-теориски изданија се објавени во едицијата „Перископ“ на издавачката куќа „Бегемот“. Се работи за теориско-есеистичката книга „Свет зад светот“ на професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и есеистичката книга „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски.

Како што информира „Бегемот“, книгата „Свет зад светот“ на Капушевска-Дракулевска е тематски врзана за македонската книжевност.

Таа претставува надоврзување и надградување на клучните преокупации и интерпретативни стратегии на Капушевска-Дракулевска разработени во нејзиниот богат и разновиден есеистички опус. [...] Може да се рече дека есеистичката збирка „Свет зад светот“ има и еден историски и еден актуелен аспект: таа ја промовира поетиката на одделни авторски писма од македонската книжевност, покажувајќи го континуитетот и поетичкиот новум на нашата национална литература, како во еден конкретен историски, така и во еден современ културен контекст“. [...], смета академик Влада Урошевиќ.

Според научниот соработник Дарин Ангеловски, „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски е „обид за осмислување на безобличната бескрајност на зададената тема и ја вообличува есеистичката книга „Песнапат“ како книжевно-компаративна, интеркултурна и имаголошка студија...“.

The post Објавени нови книги од Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски appeared first on Република.

]]>

Две нови книжевно-теориски изданија се објавени во едицијата „Перископ“ на издавачката куќа „Бегемот“. Се работи за теориско-есеистичката книга „Свет зад светот“ на професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и есеистичката книга „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски. Како што информира „Бегемот“, книгата „Свет зад светот“ на Капушевска-Дракулевска е тематски врзана за македонската книжевност.