лидија димова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lidija-dimova/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 14:42:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лидија димова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lidija-dimova/ 32 32 Димова: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimova-zaev-vo-prisustvo-na-ismajloska-od-mene-pobara-da-ja-povlecham-prijavata-za-zloupotreba-na-2-2-milioni-evra/ Fri, 29 Mar 2024 14:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=760171

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова во изјава за „Фокус“ со име и презиме кажува кој ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднесе за проневера на 2,2 милиони евра европски пари.

Во април 2020 година, од владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше да ги „пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава.

Во октомври бев разрешена поради „неетичко однесување“ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година, Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата.

Во следните неколку месеци, новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра – вели Димова за „Фокус“.

The post Димова: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова во изјава за „Фокус“ со име и презиме кажува кој ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднесе за проневера на 2,2 милиони евра европски пари.
Во април 2020 година, од владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше да ги „пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава. Во октомври бев разрешена поради „неетичко однесување“ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година, Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата. Во следните неколку месеци, новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра – вели Димова за „Фокус“.

The post Димова: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Соработникот на Димова осуден е условно: Треба да врати 15.000 евра на Агенцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sorabotnikot-na-dimova-osuden-e-uslovno-treba-da-vrati-15-000-evra-na-agentsijata/ Tue, 21 Feb 2023 15:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=611588

Александар Гочев, соработникот на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова, кој призна вина е условно осуден на затворска казна, но треба да исполни два услови.

Две годни да не направи ново кривично дело, но и во рок од шест месеци да врати 15 илјади евра во касата на Националната агенција.

Поранешната директорка се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Гочев призна вина, а Димова најави дека ќе ја докажува својата невиност пред суд.

The post Соработникот на Димова осуден е условно: Треба да врати 15.000 евра на Агенцијата appeared first on Република.

]]>

Александар Гочев, соработникот на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова, кој призна вина е условно осуден на затворска казна, но треба да исполни два услови. Две годни да не направи ново кривично дело, но и во рок од шест месеци да врати 15 илјади евра во касата на Националната агенција. Поранешната директорка се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Гочев призна вина, а Димова најави дека ќе ја докажува својата невиност пред суд.  

The post Соработникот на Димова осуден е условно: Треба да врати 15.000 евра на Агенцијата appeared first on Република.

]]>
Гочев призна вина за злоупотреба на европските фондови, Димова не се чувствува виновна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gochev-prizna-vina-za-zloupotreba-na-evropskite-fondovi-dimova-ne-se-chuvstvuva-vinovna/ Thu, 02 Feb 2023 11:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=603772

Второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница денеска во Основниот кривичен суд призна вина.

Гочев, кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана, рече дека вината не ја негирал и пред да почне судењето.

Судијката која го води процесот Фанка Јанчулева Михаиловска, одлучи кривичната постапка за Гочев да биде одвоена со цел второобвинетиот да може да ја даде изјавата во присуство на бранител.

Рочиштето за Гочев ќе се одржи на 21 февруари.

Првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која се товари за "злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“, рекоа дека не се чувствуваат виновно со што судењето против нив продолжува.

The post Гочев призна вина за злоупотреба на европските фондови, Димова не се чувствува виновна appeared first on Република.

]]>

Второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница денеска во Основниот кривичен суд призна вина. Гочев, кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана, рече дека вината не ја негирал и пред да почне судењето. Судијката која го води процесот Фанка Јанчулева Михаиловска, одлучи кривичната постапка за Гочев да биде одвоена со цел второобвинетиот да може да ја даде изјавата во присуство на бранител. Рочиштето за Гочев ќе се одржи на 21 февруари. Првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која се товари за "злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“, рекоа дека не се чувствуваат виновно со што судењето против нив продолжува.

The post Гочев призна вина за злоупотреба на европските фондови, Димова не се чувствува виновна appeared first on Република.

]]>
Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochna-sudeneto-protiv-poraneshnata-direktorka-na-natsionalnata-agentsija-za-evropski-obrazovni-programi-i-mobilnost-lidija-dimova/ Thu, 02 Feb 2023 10:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=603739

Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

Судењето претходно беше одложено, бидејќи првообвинетата не се појави под оправдување дека имала влошена здравствена состојба.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

The post Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова appeared first on Република.

Одложено судењето против Лидија Димова дури за 2 февруари догодина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odlozeno-sudenjeto-protiv-lidija-dimova-duri-za-2-fevruari-dogodina/ Mon, 14 Nov 2022 12:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=573640

Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е одложено за 2 февруари, откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје.

Како што информираше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, обвинетата со поднесок до Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба.

Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште.

Советот реши да го одложи судењето за 2 февруари 2023 година.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

The post Одложено судењето против Лидија Димова дури за 2 февруари догодина appeared first on Република.

]]>

Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е одложено за 2 февруари, откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје. Како што информираше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, обвинетата со поднесок до Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба. Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште. Советот реши да го одложи судењето за 2 февруари 2023 година. Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

The post Одложено судењето против Лидија Димова дури за 2 февруари догодина appeared first on Република.

]]>
Одложено рочиштето на Лидија Димова откако таа не се појави во Судот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odlozeno-rochishteto-na-lidija-dimova-otkako-taa-ne-se-pojavi-vo-sudot/ Mon, 14 Nov 2022 10:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=573582

Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е одложено за 2 февруари, откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје.

Како што информираше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, обвинетата со поднесок до Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба.

Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште.

Советот реши да го одложи судењето за 2 февруари 2023 година.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

The post Одложено рочиштето на Лидија Димова откако таа не се појави во Судот appeared first on Република.

]]>

Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е одложено за 2 февруари, откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје. Како што информираше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, обвинетата со поднесок до Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба. Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште. Советот реши да го одложи судењето за 2 февруари 2023 година. Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

The post Одложено рочиштето на Лидија Димова откако таа не се појави во Судот appeared first on Република.

]]>
Димова: Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimova-koga-bev-nekoj-faktor-mi-beshe-kazano-deka-premierot-ima-interes-za-otvoranje-nov-univerzitet/ Wed, 05 Oct 2022 13:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=557626

Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет, коментира поранешната пратеничка Лидија Димова на веста дека ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката, со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.

https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-kovachevski-makedonec-vo-noviot-sovet-za-unapreduvanje-na-obrazovanieto-i-naukata/

Од составот на ова тело се гледа дека Советов е осуден на пропаст. Премиерот има интерес за отворање нов универзитет (барем јас кога бев некој фактор ми беше кажано), а другите се занимаваат само со финансии. Каде е СЕП? Да не ја споменувам ни Националната агенција за европски образовни програми и мобилност... Или, ова нема да биде дел од евроинтерациите на нашата држава... ЕУ има милион образовни стратегии што мора да ги следиме!, пишува таа.

Инаку Димова е обвинета дека како директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, заедно со уште две лица злоупотребила 320.000 евра пари од европски фондови.

The post Димова: Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет appeared first on Република.

]]>

Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет, коментира поранешната пратеничка Лидија Димова на веста дека ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката, со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими. https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-kovachevski-makedonec-vo-noviot-sovet-za-unapreduvanje-na-obrazovanieto-i-naukata/
Од составот на ова тело се гледа дека Советов е осуден на пропаст. Премиерот има интерес за отворање нов универзитет (барем јас кога бев некој фактор ми беше кажано), а другите се занимаваат само со финансии. Каде е СЕП? Да не ја споменувам ни Националната агенција за европски образовни програми и мобилност... Или, ова нема да биде дел од евроинтерациите на нашата држава... ЕУ има милион образовни стратегии што мора да ги следиме!, пишува таа.
Инаку Димова е обвинета дека како директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, заедно со уште две лица злоупотребила 320.000 евра пари од европски фондови.

The post Димова: Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет appeared first on Република.

]]>
Обвинение против Лидија Димова и уште две лица за проневера на 320 илјади евра европски пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-protiv-lidija-dimova-i-ushte-dve-lica-za-pronevera-na-320-iljadi-evra-evropski-pari/ Wed, 01 Jun 2022 18:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=509915

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвините против поранешната директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, и уште две лица: еден надворешен соработник и благајничката во агенцијата во период кога Димова беше директорка.

Обвинителството ги товари за злоупотреба на европски пари, а според проценките на обвинителството штетата се проценува на 19.945.731 денари или околу 320.000 евра.

Димова се товари за две кривини дела: злоупотреба на службената положба и овластувања и измама на штета на средствата на Европската заедница. Надворешниот соработник, како второобвинет се гони за измама, а благајничката за несовесно работење во служба.

Според обвинителството, Димова работела спротивно на Законот за јавни набавки и на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност при склучување на договори со соработници, експерти и обучувачи.

Не почитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност, без да објави јавен конкурс, не постапила совесно, стручно и непристрасно и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти, обучувачи и др. – велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Воедно, додаваат оттаму, таа спротивно на водичот на Европската комисија и на Планот за јавни набавки пет пати во 2018 година при користењето на европските пари работела спротивно на начелата за економичност, ефикасност и ефективност. Тоа значи, според соопштението од обвинителството, дека не објавувала огласи за јавни набавки, не ги почитувала општите правила и не спровела постапки за јавни набавки, туку склучувајќи договори со четири правни лица им овозможила на истите да се стекнат со имотна корист.

Обвинителството нотирало и неправилности во трошењето на парите за службени патувања.

Во исто време, првообвинетата постапила спротивно и на Уредбата за изменување на Уредбата за издатоци за службени патувања и селидби во странство и спротивно на одредбите од подзаконските акти со кои е прецизирано работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – додаваат од обвинителството.

На обвинетиот соработник му исплатиле речиси еден милион денари за патувања

Второобвинетиот пак, како надворешен соработник, добил 943.797 денари или околу 15.300 евра за службени патувања.

Во периодот од почетокот на 2019 година до април 2020, тврди обвинителството, во договор со Димова тој употребувал факсимил што го добил од неа и изготвил десет обрасци за „каса исплати“. Прикажал лажни податоци дека сумите претставуваат аванс за негово службено патување без да приложи соодветна документација.

Врз основа на вакви документи, благајничката која е третообвинета му ги исплатила тие 15.300 евра.

Од обвинителството за благајничката велат дека пропуштала должен надзор и несовесно постапувала така што ги примала обрасците од соработникот кои имале лажни податоци.

Таа, обрасците со невистинита содржина ги примила од второобвинетиот, иако немале оригинален потпис на првообвинетата, ниту придружна документација и спротивно на работните обврски на нејзиното работно место не изготвила благајнички дневник и касов извештај од благајната и на второобвинетиот му ги исплатила паричните средства за наводните службени патувања, велат од обвинителството.

The post Обвинение против Лидија Димова и уште две лица за проневера на 320 илјади евра европски пари appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвините против поранешната директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, и уште две лица: еден надворешен соработник и благајничката во агенцијата во период кога Димова беше директорка. Обвинителството ги товари за злоупотреба на европски пари, а според проценките на обвинителството штетата се проценува на 19.945.731 денари или околу 320.000 евра. Димова се товари за две кривини дела: злоупотреба на службената положба и овластувања и измама на штета на средствата на Европската заедница. Надворешниот соработник, како второобвинет се гони за измама, а благајничката за несовесно работење во служба. Според обвинителството, Димова работела спротивно на Законот за јавни набавки и на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност при склучување на договори со соработници, експерти и обучувачи.
Не почитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност, без да објави јавен конкурс, не постапила совесно, стручно и непристрасно и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти, обучувачи и др. – велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Воедно, додаваат оттаму, таа спротивно на водичот на Европската комисија и на Планот за јавни набавки пет пати во 2018 година при користењето на европските пари работела спротивно на начелата за економичност, ефикасност и ефективност. Тоа значи, според соопштението од обвинителството, дека не објавувала огласи за јавни набавки, не ги почитувала општите правила и не спровела постапки за јавни набавки, туку склучувајќи договори со четири правни лица им овозможила на истите да се стекнат со имотна корист. Обвинителството нотирало и неправилности во трошењето на парите за службени патувања.
Во исто време, првообвинетата постапила спротивно и на Уредбата за изменување на Уредбата за издатоци за службени патувања и селидби во странство и спротивно на одредбите од подзаконските акти со кои е прецизирано работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – додаваат од обвинителството.
На обвинетиот соработник му исплатиле речиси еден милион денари за патувања Второобвинетиот пак, како надворешен соработник, добил 943.797 денари или околу 15.300 евра за службени патувања. Во периодот од почетокот на 2019 година до април 2020, тврди обвинителството, во договор со Димова тој употребувал факсимил што го добил од неа и изготвил десет обрасци за „каса исплати“. Прикажал лажни податоци дека сумите претставуваат аванс за негово службено патување без да приложи соодветна документација. Врз основа на вакви документи, благајничката која е третообвинета му ги исплатила тие 15.300 евра. Од обвинителството за благајничката велат дека пропуштала должен надзор и несовесно постапувала така што ги примала обрасците од соработникот кои имале лажни податоци.