Лидер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lider/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 08:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лидер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lider/ 32 32 СИРИЗА избра нов лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-izbra-nov-lider/ Mon, 25 Nov 2024 08:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=841443

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

The post СИРИЗА избра нов лидер appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина. Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг. Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите. Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час. По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“. Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија. На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место. Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

The post СИРИЗА избра нов лидер appeared first on Република.

]]>
Сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир, порача Орбан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sakame-na-chelo-na-sad-da-bide-lider-koj-saka-mir-poracha-orban/ Fri, 27 Sep 2024 13:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=820308

Ако САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш светот ќе има војна, а ако сакаат да има мир, треба на чело на Америка да е политичар кој е за мир, а Доналд Трамп е за мир, изјави во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан одговарајќи на новинарско прашање.

Ние бевме поддржувачи на републиканскиот кандидат Доналд Трамп без намера да се мешаме во американските избори. Иако, впрочем, постои мешање во унгарските избори. Политиката на Западот денес е во рацете на еден тесен круг политичари, на една елита. И ако се прашаме зошто како како Запад и како ЕУ губиме, тоа е поради тој елитистички круг на застарени политичари кои не можат да се справат со светските предизвици. Затоа треба да поддржиме енергични политичари. Ако Америка сака да има претседател кој сака војна, тогаш во светот ќе има војна. Трамп знаеме како функционира и тој е на страна на мирот, а нас ни е потребен мир. Затоа сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир – изјави Орбан на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

 

The post Сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир, порача Орбан appeared first on Република.

]]>

Ако САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш светот ќе има војна, а ако сакаат да има мир, треба на чело на Америка да е политичар кој е за мир, а Доналд Трамп е за мир, изјави во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан одговарајќи на новинарско прашање.
Ние бевме поддржувачи на републиканскиот кандидат Доналд Трамп без намера да се мешаме во американските избори. Иако, впрочем, постои мешање во унгарските избори. Политиката на Западот денес е во рацете на еден тесен круг политичари, на една елита. И ако се прашаме зошто како како Запад и како ЕУ губиме, тоа е поради тој елитистички круг на застарени политичари кои не можат да се справат со светските предизвици. Затоа треба да поддржиме енергични политичари. Ако Америка сака да има претседател кој сака војна, тогаш во светот ќе има војна. Трамп знаеме како функционира и тој е на страна на мирот, а нас ни е потребен мир. Затоа сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир – изјави Орбан на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.
 

The post Сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир, порача Орбан appeared first on Република.

]]>
Хамас започна процес за избор на нов лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-zapochna-protses-za-izbor-na-nov-lider/ Sun, 04 Aug 2024 09:48:46 +0000 https://republika.mk/?p=803207

Палестинската милитантна група Хамас, која управува со Појасот Газа, синоќа соопшти дека почнала „широк процес на консултации“ за избор на нов лидер на движењето, по убиството на Исмаил Ханија, пренесуваат британските медиуми.

Порталот Њуараб пренесува дека се разговара за неколку потенцијални наследници, а меѓу нив најистакнат е Калед Мешал, кој беше беше лидер на групата пред 2017 година.

Втор потенцијален кандидат за раководство на Хамас е Халил Ал Хаја, кој е на позицијата заменик лидер на регионалното политичко биро на Хамас во Газа, а претходно имаше клучна улога во преговорите за прекин на израелскиот напад врз Газа во 2014 година.

Порталот го споменува и Муса Абу Марзук, кој е едно од најпознатите лица на Хамас и кој беше заменик-претседател на политичкото биро на Хамас од 1997 до 2014 година, а пред тоа живееше 14 години во САД.

Ханија беше убиен во средата во Техеран, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел.

Лидерот на Хамас беше погребан во петокот во Катар, откако претходно беше одржана погребна церемонија во Техеран

The post Хамас започна процес за избор на нов лидер appeared first on Република.

]]>

Палестинската милитантна група Хамас, која управува со Појасот Газа, синоќа соопшти дека почнала „широк процес на консултации“ за избор на нов лидер на движењето, по убиството на Исмаил Ханија, пренесуваат британските медиуми. Порталот Њуараб пренесува дека се разговара за неколку потенцијални наследници, а меѓу нив најистакнат е Калед Мешал, кој беше беше лидер на групата пред 2017 година. Втор потенцијален кандидат за раководство на Хамас е Халил Ал Хаја, кој е на позицијата заменик лидер на регионалното политичко биро на Хамас во Газа, а претходно имаше клучна улога во преговорите за прекин на израелскиот напад врз Газа во 2014 година. Порталот го споменува и Муса Абу Марзук, кој е едно од најпознатите лица на Хамас и кој беше заменик-претседател на политичкото биро на Хамас од 1997 до 2014 година, а пред тоа живееше 14 години во САД. Ханија беше убиен во средата во Техеран, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел. Лидерот на Хамас беше погребан во петокот во Катар, откако претходно беше одржана погребна церемонија во Техеран

The post Хамас започна процес за избор на нов лидер appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во Техеран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liderot-na-hamas-ismail-hanija-e-ubien-vo-teheran/ Wed, 31 Jul 2024 05:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=801844

Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад“ врз неговата резиденција во Техеран, јави ДПА.

Во изјава на Телеграм, Хамас ја оплакува смртта на Ханија „како резултат на предавничката ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“.

Првично нема потврда за смртта на Ханија од израелската страна, додава ДПА.

Веста за убиството на Ханија се случи неколку часа по израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут, насочен кон командантот на про-иранската милиција на Хезболах, Фуад Шук „Сајид Мухсан“.

Хезболах засега не ја потврдува неговата смрт.

Либански Хезболах е отворен сојузник и помагач на Хамас во Појасот Газа. И двете движења се сојузнички на израелскиот архи-непријател Иран, преенесува германската агенција.

Хамас соопшти дека Ханија е убиен откако присуствувал на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател, Масуд Пезешијан, што беше во неделата во иранската престолнина.

The post Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во Техеран appeared first on Република.

]]>

Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад“ врз неговата резиденција во Техеран, јави ДПА. Во изјава на Телеграм, Хамас ја оплакува смртта на Ханија „како резултат на предавничката ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“. Првично нема потврда за смртта на Ханија од израелската страна, додава ДПА. Веста за убиството на Ханија се случи неколку часа по израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут, насочен кон командантот на про-иранската милиција на Хезболах, Фуад Шук „Сајид Мухсан“. Хезболах засега не ја потврдува неговата смрт. Либански Хезболах е отворен сојузник и помагач на Хамас во Појасот Газа. И двете движења се сојузнички на израелскиот архи-непријател Иран, преенесува германската агенција. Хамас соопшти дека Ханија е убиен откако присуствувал на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател, Масуд Пезешијан, што беше во неделата во иранската престолнина.

The post Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во Техеран appeared first on Република.

]]>
Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-na-sdsm-mu-treba-lider-ne-pazar/ Sun, 02 Jun 2024 11:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=784133

Членот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јован Деспотовски, кој ја најави својата кандидатура за претседател на партијата, денеска преку соопштение изјави дека доставил предлог изјава за дополнување на документите при кандидрање, со која кандидатите кои нема да бидат избрани се обврзуваат да останат надвор од партиските функции и тела.

Во продолжение, интегралната изјава на Деспотовски:

Во интерес на обезбедување на транспарентна постапка за избор на Претседател на СДСМ до Централната изборна комисија на партијата доставив предлог за дополнување на документите при кандидирање.

Со предложената Изјава секој од кандидатите се обврзува, во случај да не биде избран за Претседател на СДСМ, да не прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови.

Учеството во трката за Претседател на СДСМ не смее да се гледа како шанса за стекнување на капитал, што потоа ќе се „пазари“ за подобра позиција во партијата. Со оваа иницијатива, секој кандидат однапред ќе се откаже од користење на добиената поддршка т.е. капитал во пазарења и целиот ќе го стави односно ќе го врати на целосно располагање на партијата. Со оваа иницијатива, даваме придонес кон враќање на довербата на нашите членови во изборниот процес и обезбедуваме фокусот да биде на програмите и концептот на работа на кандидатите.

Претседателот на СДСМ мора да биде одговорен кон членовите, а не кон различни структури и лоби групи. Партискиот тим мора да биде поставен по вертикала од членовите бидејќи секоја внатрепартиски натпревар значи успех и движење по скалило, а не возење по хоризонтален пат.

Ги повикуваме сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава. Преземајќи го ова ветување, кандидатите ќе покажат дека им даваат приоритет на она што е во интерес на луѓето, на нашите членови и државата пред личната корист, поставувајќи моќен пример за етичко лидерство. Оваа иницијатива не е само ветување за фер игра; тоа е посветеност на вредностите на социјалдемократијата за кои се залагам и како член на СДСМ.

Верувам дека само со вакви конкретни и искрени постапки ќе покажеме дека навистина сме ја разбрале пораката и можеме да ја реформираме нашата партија и да поставиме нов стандард за политичко однесување, вели Деспотовски во соопштението до медиумите, во кое е приложена и предлог – изјавата.

 

The post Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар appeared first on Република.

]]>

Членот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јован Деспотовски, кој ја најави својата кандидатура за претседател на партијата, денеска преку соопштение изјави дека доставил предлог изјава за дополнување на документите при кандидрање, со која кандидатите кои нема да бидат избрани се обврзуваат да останат надвор од партиските функции и тела. Во продолжение, интегралната изјава на Деспотовски: Во интерес на обезбедување на транспарентна постапка за избор на Претседател на СДСМ до Централната изборна комисија на партијата доставив предлог за дополнување на документите при кандидирање. Со предложената Изјава секој од кандидатите се обврзува, во случај да не биде избран за Претседател на СДСМ, да не прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови. Учеството во трката за Претседател на СДСМ не смее да се гледа како шанса за стекнување на капитал, што потоа ќе се „пазари“ за подобра позиција во партијата. Со оваа иницијатива, секој кандидат однапред ќе се откаже од користење на добиената поддршка т.е. капитал во пазарења и целиот ќе го стави односно ќе го врати на целосно располагање на партијата. Со оваа иницијатива, даваме придонес кон враќање на довербата на нашите членови во изборниот процес и обезбедуваме фокусот да биде на програмите и концептот на работа на кандидатите. Претседателот на СДСМ мора да биде одговорен кон членовите, а не кон различни структури и лоби групи. Партискиот тим мора да биде поставен по вертикала од членовите бидејќи секоја внатрепартиски натпревар значи успех и движење по скалило, а не возење по хоризонтален пат. Ги повикуваме сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава. Преземајќи го ова ветување, кандидатите ќе покажат дека им даваат приоритет на она што е во интерес на луѓето, на нашите членови и државата пред личната корист, поставувајќи моќен пример за етичко лидерство. Оваа иницијатива не е само ветување за фер игра; тоа е посветеност на вредностите на социјалдемократијата за кои се залагам и како член на СДСМ. Верувам дека само со вакви конкретни и искрени постапки ќе покажеме дека навистина сме ја разбрале пораката и можеме да ја реформираме нашата партија и да поставиме нов стандард за политичко однесување, вели Деспотовски во соопштението до медиумите, во кое е приложена и предлог – изјавата.  

The post Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар appeared first on Република.

]]>
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-lider-na-zlatna-zora-osuden-za-vodene-kriminalna-organizatsija-ke-bide-pushten-od-zatvor/ Thu, 02 May 2024 09:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=773330

Поранешниот претседател на грчката радикално десничарска партија Златна зора, Никос Михалољакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, се очекува да биде пуштен од затвор, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Повикувајќи се на судски извори, медиумите објавија дека Судот во градот Ламиа донел одлука Михалољакос да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната, иако обвинителот имал спротивно мислење и предложил да остане во затвор.

Според истите информации, Михалољакос ќе биде ослободен, но под неколку услови поставени од судскиот совет, односно ќе има забрана да ја напушти областа Атика, поширокиот регион на Атина, еднаш месечно ќе треба да се пријавува во полициска станица и нема да смее да биде во контакт со лицата вмешани во истиот случај.

Сепак, медиумите пишуваат дека обвинителот има право да достави жалба против одлуката на советот.

Златна зора во октомври 2020 година, со судска одлука беше прогласена за криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, во судскиот процес што траеше пет години и беше еден од најголемите и историски процеси во Грција.

Лидерот Михалољакос и пет поранешни пратеници добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација.

Во јуни 2022 година, седум години по почетокот и 20 месеци по завршувањето на процесот, судењето започна одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен и е во тек.

Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.

The post Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на грчката радикално десничарска партија Златна зора, Никос Михалољакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, се очекува да биде пуштен од затвор, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Повикувајќи се на судски извори, медиумите објавија дека Судот во градот Ламиа донел одлука Михалољакос да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната, иако обвинителот имал спротивно мислење и предложил да остане во затвор. Според истите информации, Михалољакос ќе биде ослободен, но под неколку услови поставени од судскиот совет, односно ќе има забрана да ја напушти областа Атика, поширокиот регион на Атина, еднаш месечно ќе треба да се пријавува во полициска станица и нема да смее да биде во контакт со лицата вмешани во истиот случај. Сепак, медиумите пишуваат дека обвинителот има право да достави жалба против одлуката на советот. Златна зора во октомври 2020 година, со судска одлука беше прогласена за криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, во судскиот процес што траеше пет години и беше еден од најголемите и историски процеси во Грција. Лидерот Михалољакос и пет поранешни пратеници добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација. Во јуни 2022 година, седум години по почетокот и 20 месеци по завршувањето на процесот, судењето започна одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен и е во тек. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.

The post Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор appeared first on Република.

]]>
Лидерот на јужнокорејската опозиција е опериран и свесен по нападот со нож во вратот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liderot-na-juzhnokorejskata-opozitsija-e-operiran-i-svesen-po-napadot-so-nozh-vo-vratot/ Tue, 02 Jan 2024 14:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=729035

Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија, Ли Џае-Мјунг, кој беше прободен со нож во вратот за време на посетата на јужниот град Бусан, е опериран, се опоравува на интензивна нега и е свесен.

Портпаролот на партијата Квон Чил-сеунг изјави дека Ли (59) бил опериран во Националната универзитетска болница во Сеул, каде што бил пренесен со хеликоптер веднаш по нападот.

Осомничениот, кој носел хартиена круна со името на Ли, му пришол и му побарал автограм додека Ли го обиколувал градилиштето на новиот аеродром со група поддржувачи и новинари. Потоа скокнал и го нападнал.

Квон рече дека лекарите се сомневаат дека е оштетена југуларната вена (таа оди од главата, надолу по вратот и во горниот дел на градниот кош).

Напаѓачот бил брзо совладан, а полициски функционер во Бусан рекол дека користел нож долг 18 сантиметри купен преку Интернет.

Тој додаде дека напаѓачот, чиј идентитет не го откри, е роден 1957 година и изјави дека мотивот се истражува.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сукјул го осуди нападот.

Вакво насилство никогаш не смее да се толерира под никакви околности, рече тој.

The post Лидерот на јужнокорејската опозиција е опериран и свесен по нападот со нож во вратот appeared first on Република.

]]>

Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија, Ли Џае-Мјунг, кој беше прободен со нож во вратот за време на посетата на јужниот град Бусан, е опериран, се опоравува на интензивна нега и е свесен. Портпаролот на партијата Квон Чил-сеунг изјави дека Ли (59) бил опериран во Националната универзитетска болница во Сеул, каде што бил пренесен со хеликоптер веднаш по нападот. Осомничениот, кој носел хартиена круна со името на Ли, му пришол и му побарал автограм додека Ли го обиколувал градилиштето на новиот аеродром со група поддржувачи и новинари. Потоа скокнал и го нападнал. Квон рече дека лекарите се сомневаат дека е оштетена југуларната вена (таа оди од главата, надолу по вратот и во горниот дел на градниот кош). Напаѓачот бил брзо совладан, а полициски функционер во Бусан рекол дека користел нож долг 18 сантиметри купен преку Интернет. Тој додаде дека напаѓачот, чиј идентитет не го откри, е роден 1957 година и изјави дека мотивот се истражува. Јужнокорејскиот претседател Јун Сукјул го осуди нападот.
Вакво насилство никогаш не смее да се толерира под никакви околности, рече тој.

The post Лидерот на јужнокорејската опозиција е опериран и свесен по нападот со нож во вратот appeared first on Република.

]]>
Орбан реизбран за лидер на владејачката Фидес https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-reizbran-za-lider-na-vladejachkata-fides/ Sat, 18 Nov 2023 16:28:34 +0000 https://republika.mk/?p=702956

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска, на 30-от конгрес на владејачка партија - Фидес, повторно е избран за претседател на партијата.

Конгресот ги избра Габор Кубатов, Силард Немет, Лајош Коса и пратеникот во Европскиот парламент Кинг Гал за заменици лидери на партијата, пренесе агенцијата МТИ.

The post Орбан реизбран за лидер на владејачката Фидес appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска, на 30-от конгрес на владејачка партија - Фидес, повторно е избран за претседател на партијата. Конгресот ги избра Габор Кубатов, Силард Немет, Лајош Коса и пратеникот во Европскиот парламент Кинг Гал за заменици лидери на партијата, пренесе агенцијата МТИ.

The post Орбан реизбран за лидер на владејачката Фидес appeared first on Република.

]]>
Ги имате ли во вас: Девет карактеристики по кои се препознаваат вистинските лидери https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/gi-imate-li-vo-vas-devet-karakteristiki-po-koi-se-prepoznavaat-vistinskite-lideri/ Fri, 12 May 2023 13:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=640180

Без оглед дали станува збор за училиште, факултет, работно место, дома или во некои други животни ситуации, често веднаш се забележува дека некои луѓе се успешни во која било улога што ја преземале. Дали се во прашање работни обврски, чистење и средување на домот и градината, чување на децата, секогаш го остваруваат она што го зацртале. Покрај тоа, тие луѓе секогаш имаат и добри совети, предлози и решенија за тие околу нив.

Таквите луѓе имаат јаси лидерски способности, коишто ги водат из животот. Тие практично сеогаш поседуваат барем по неколку од следните лични карактеристики.

Оригиналност

Лидерите никогаш не одат по патиштата на другите, туку секогаш имаат некое свое решение и поинакви замисли. Другите за вас велат дека сте креативни и на некој начин визионери.

Имаат план

Лидерите секогаш имаат план што ќе прават и како ќе прават. Дури и тогаш кога се чини дека импровизираат, тие всушност однапред ги промислиле сите можни сценарија и се подготвиле за секое од нив, затоа што ништо не смее да ги изненади.

Пријатен карактер

Добри лидери се оние кои имаат високо развиена социјална и емотивна интелигенција. Ги разбираат туѓите перспективи и ги прифаќаат туѓите гледишта.

Љубопитност

Имаат отворен ум, копаат, бараат одговори на прашањата кои ги мачат сѐ додека не донесат конечен заклучок.

Вредни сте

Без работа нема успех. Луѓето кои секогаш даваат сѐ од себе со својот пример стануваат лидери.

Другите сметаат на нив

Ако луѓето се потпираат на вас, тоа значи дека веруваат во исполнувањето на вашите ветувања, а тоа е она што се бара од лидерите.

Другите го следат нивниот пример

Најмоќниот облик на водство не е убедувањето, аргументот или силата, туку добриот пример. Ако луѓето природно ве следат, очигледно е дека во вас лежи голем лидер.

Страственост и самодоверба

Да бидете полни со самодоверба и стравствени значи да не дозволите што било да ви се испречи на патот кон она во што верувате.

Скромност

Од сите карактеристики, скромноста е најважна. Лидерите кои ги познаваат своите слаби страни и ранливоста, признаваат дека не се совршени и единствено така можат да ги усовршуваат новите знаења и вештини.

The post Ги имате ли во вас: Девет карактеристики по кои се препознаваат вистинските лидери appeared first on Република.

]]>

Без оглед дали станува збор за училиште, факултет, работно место, дома или во некои други животни ситуации, често веднаш се забележува дека некои луѓе се успешни во која било улога што ја преземале. Дали се во прашање работни обврски, чистење и средување на домот и градината, чување на децата, секогаш го остваруваат она што го зацртале. Покрај тоа, тие луѓе секогаш имаат и добри совети, предлози и решенија за тие околу нив. Таквите луѓе имаат јаси лидерски способности, коишто ги водат из животот. Тие практично сеогаш поседуваат барем по неколку од следните лични карактеристики.

Оригиналност

Лидерите никогаш не одат по патиштата на другите, туку секогаш имаат некое свое решение и поинакви замисли. Другите за вас велат дека сте креативни и на некој начин визионери.

Имаат план

Лидерите секогаш имаат план што ќе прават и како ќе прават. Дури и тогаш кога се чини дека импровизираат, тие всушност однапред ги промислиле сите можни сценарија и се подготвиле за секое од нив, затоа што ништо не смее да ги изненади.

Пријатен карактер

Добри лидери се оние кои имаат високо развиена социјална и емотивна интелигенција. Ги разбираат туѓите перспективи и ги прифаќаат туѓите гледишта.

Љубопитност

Имаат отворен ум, копаат, бараат одговори на прашањата кои ги мачат сѐ додека не донесат конечен заклучок.

Вредни сте

Без работа нема успех. Луѓето кои секогаш даваат сѐ од себе со својот пример стануваат лидери.

Другите сметаат на нив

Ако луѓето се потпираат на вас, тоа значи дека веруваат во исполнувањето на вашите ветувања, а тоа е она што се бара од лидерите.

Другите го следат нивниот пример

Најмоќниот облик на водство не е убедувањето, аргументот или силата, туку добриот пример. Ако луѓето природно ве следат, очигледно е дека во вас лежи голем лидер.

Страственост и самодоверба

Да бидете полни со самодоверба и стравствени значи да не дозволите што било да ви се испречи на патот кон она во што верувате.

Скромност

Од сите карактеристики, скромноста е најважна. Лидерите кои ги познаваат своите слаби страни и ранливоста, признаваат дека не се совршени и единствено така можат да ги усовршуваат новите знаења и вештини.

The post Ги имате ли во вас: Девет карактеристики по кои се препознаваат вистинските лидери appeared first on Република.

]]>
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во „Топ тема“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/liderot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski-vecherva-vo-top-tema/ Wed, 11 May 2022 09:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=500945

Вечерва во „Топ тема“, интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Топ тема“ со Снежана Лупевска Созен почнува во 19,15 часот.

The post Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во „Топ тема“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во „Топ тема“, интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Топ тема“ со Снежана Лупевска Созен почнува во 19,15 часот.

The post Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во „Топ тема“ appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Ал Каеда се појави на видео-снимка покрај гласините за неговата смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liderot-na-al-kaeda-se-pojavi-na-video-snimka-pokraj-glasinite-za-negovata-smrt/ Thu, 07 Apr 2022 07:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=484495

Лидерот на терористичката група Ал Каеда се појави на видео-снимка, со што ги отфрли гласините за негова смрт.

Во едно од ретките негови објавени видео-снимки Ајман ал Завахри кој беше заменик на Осама бин Ладен, ја фали индиската муслиманката која во февруари јавно се спротивстави на забраната на властите во југозападната индиска држава Карнатака за носење традиционалниот хиџаб.

Снимката е прв доказ дека Ал Завахри е жив, за кој се ширеа шпекулации дека е мртов повеќе од две години.

Ал Завахри ја презеде функцијата лидер на Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, од страна на американската морнарица за време на ноќниот напад во Пакистан каде што се криеше.

Се смета дека Ал Завахри се наоѓа некаде во северозападните авганистански провинции Кунар и Бадакшан на границата со Пакистан. Пограничниот регион долж непристапните планински масиви служел како засолниште за голем број вооружени групи.

The post Лидерот на Ал Каеда се појави на видео-снимка покрај гласините за неговата смрт appeared first on Република.

]]>

Лидерот на терористичката група Ал Каеда се појави на видео-снимка, со што ги отфрли гласините за негова смрт. Во едно од ретките негови објавени видео-снимки Ајман ал Завахри кој беше заменик на Осама бин Ладен, ја фали индиската муслиманката која во февруари јавно се спротивстави на забраната на властите во југозападната индиска држава Карнатака за носење традиционалниот хиџаб. Снимката е прв доказ дека Ал Завахри е жив, за кој се ширеа шпекулации дека е мртов повеќе од две години. Ал Завахри ја презеде функцијата лидер на Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, од страна на американската морнарица за време на ноќниот напад во Пакистан каде што се криеше. Се смета дека Ал Завахри се наоѓа некаде во северозападните авганистански провинции Кунар и Бадакшан на границата со Пакистан. Пограничниот регион долж непристапните планински масиви служел како засолниште за голем број вооружени групи.

The post Лидерот на Ал Каеда се појави на видео-снимка покрај гласините за неговата смрт appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Не очекувам прогрес во СДСМ, ќе се продолжи со заевизмот, затоа одиме на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ne-ochekuvam-progres-vo-sdsm-kje-se-prodolzi-so-zaevizmot-zatoa-odime-na-izbori/ Sat, 01 Jan 2022 18:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=439388

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување на телевизија Алфа се осврна на темата нова влада предводена од Димитар Ковачевски. Тој вели „не очекувам прогрес во СДСМ, ќе се продолжи со заевизмот, затоа одиме на избори“.

Според него за успех треба мотивација.

Гледате првите луѓе кои дојдоа во општините се мотивирани, а наидоа на многу лоша ситуација. Но, тоа го констатиравме, ама тие работат посеветено затоа што се фантастично мотивирани. Тие за два месеци имаат исполнето повеќе отколку нивните претходници за 4 години. Првиот човек е тој кој мотивира, ако тој ви се јавува само да ви каже кој да го добие тндерот, ако малку време посветува на организација, нема тогаш мотивација. Така почнува разочараност и така сме неуспешни, рече Мицкоски.

Оттука, додаде тој, тоа во СДСМ не го гледам и затоа не очекувам прогрес во СДСМ, односно ќе се продолжи со заевизмот. Затоа според него треба да се оди на избори.

Не очекувам на подобро, тоа се промени каде не гледам потенцијал за напредок. Ковачевски треба да добие легитимитет од народот, сега го нема. Тој сега остава впечаток на поклоник на Заев. Затоа треба да одиме на избори, вели Мицкоски.

 

The post Мицкоски: Не очекувам прогрес во СДСМ, ќе се продолжи со заевизмот, затоа одиме на избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување на телевизија Алфа се осврна на темата нова влада предводена од Димитар Ковачевски. Тој вели „не очекувам прогрес во СДСМ, ќе се продолжи со заевизмот, затоа одиме на избори“. Според него за успех треба мотивација.
Гледате првите луѓе кои дојдоа во општините се мотивирани, а наидоа на многу лоша ситуација. Но, тоа го констатиравме, ама тие работат посеветено затоа што се фантастично мотивирани. Тие за два месеци имаат исполнето повеќе отколку нивните претходници за 4 години. Првиот човек е тој кој мотивира, ако тој ви се јавува само да ви каже кој да го добие тндерот, ако малку време посветува на организација, нема тогаш мотивација. Така почнува разочараност и така сме неуспешни, рече Мицкоски.
Оттука, додаде тој, тоа во СДСМ не го гледам и затоа не очекувам прогрес во СДСМ, односно ќе се продолжи со заевизмот. Затоа според него треба да се оди на избори.
Не очекувам на подобро, тоа се промени каде не гледам потенцијал за напредок. Ковачевски треба да добие легитимитет од народот, сега го нема. Тој сега остава впечаток на поклоник на Заев. Затоа треба да одиме на избори, вели Мицкоски.
 

The post Мицкоски: Не очекувам прогрес во СДСМ, ќе се продолжи со заевизмот, затоа одиме на избори appeared first on Република.

]]>