лични податоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lichni-podatoci/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jul 2023 09:17:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лични податоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lichni-podatoci/ 32 32 Moлк од власта за големата афера со злоупотребата на лични податоци! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/molk-od-vlasta-za-golemata-afera-so-zloupotrebata-na-lichni-podatotsi/ Fri, 21 Jul 2023 09:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=663839

Во јавноста се отвора сериозен скандал за злоупотреба на личните податоци на граѓаните преку базата на Управата за водење на матични книги, а од надлежните институции има само молк. Тоа е само потврда дека се работи за огромна афера која може да засега илјадници, па дури и сите граѓани на Македонија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Имено согласно информациите кои ги споделија државните органи, Управата за водење на матични книги при спроведување на процесот на  дигитализација направила низа пропусти кои директно ги загрозува личните податоци на граѓаните. Дел од забелешките се следните:

•  Изворниот код за пристап до податоците од матичните книги бил даден на USB,

•  Управата нема евиденција за хардверот, серверите и софтверските апликации на кои личните податоци се обработуваат,

•  Нема логови за влез во матичната евиденција, личните податоци се складирани на сервер без да може да се идентификува кој има пристап до серверот,

•  Економските оператори ги собирале податоците без придружба од службени лица од УВМК,

•  Просторијата каде што се скенирале личните записи не била физички обезбедена, не може да се утврди идентитетот на лицето кое пристапило до софтверските модули каде што се внесени скенираните записи и личните податоци, преносните медиуми не биле заштитени,

• Немало докази за превенирање на неавторизиран пристап до личните податоци, не се знае кој пристапил до личните податоци, каде истите биле изнесени, каде завршиле и со каква цел.

Со еден збор башибозлук со податоците на граѓаните. Не се знае ни кој се може да го поседува и за каква цел да бидат злоупотребени. А постојат мал милион начини овие податоци да бидат злоупотребувани за политички, финансиски или лукративни цели.

Дополнително скандалозна и коруптивна е и самата тендерска постапка за избор на фирмата која го спровела ова  дигитализирање на податоците. Тогашниот директор Бујар Дарлишта, кадар на ДУИ, избрал компанија Новатек ИНВ ДООЕЛ Скопје основана месец дена пред тендерот, за што постои и кривична пријава, ама нема никаква конкретна реакција од страна на обвинителството.

Молкот на институциите сега, како и молкот на  обвинителството за поднесените пријави само говори дека оваа држава и нејзините институции се киднапирани и се држат во заложништво од страна на една мафија на власт. Кога таа мафија ќе падне и кога институциите ќе бидат ослободени, тогаш ќе следат и конкретни одговори и конкретна одговорност.

The post Moлк од власта за големата афера со злоупотребата на лични податоци! appeared first on Република.

]]>

Во јавноста се отвора сериозен скандал за злоупотреба на личните податоци на граѓаните преку базата на Управата за водење на матични книги, а од надлежните институции има само молк. Тоа е само потврда дека се работи за огромна афера која може да засега илјадници, па дури и сите граѓани на Македонија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Имено согласно информациите кои ги споделија државните органи, Управата за водење на матични книги при спроведување на процесот на  дигитализација направила низа пропусти кои директно ги загрозува личните податоци на граѓаните. Дел од забелешките се следните:
•  Изворниот код за пристап до податоците од матичните книги бил даден на USB, •  Управата нема евиденција за хардверот, серверите и софтверските апликации на кои личните податоци се обработуваат, •  Нема логови за влез во матичната евиденција, личните податоци се складирани на сервер без да може да се идентификува кој има пристап до серверот, •  Економските оператори ги собирале податоците без придружба од службени лица од УВМК, •  Просторијата каде што се скенирале личните записи не била физички обезбедена, не може да се утврди идентитетот на лицето кое пристапило до софтверските модули каде што се внесени скенираните записи и личните податоци, преносните медиуми не биле заштитени, • Немало докази за превенирање на неавторизиран пристап до личните податоци, не се знае кој пристапил до личните податоци, каде истите биле изнесени, каде завршиле и со каква цел. Со еден збор башибозлук со податоците на граѓаните. Не се знае ни кој се може да го поседува и за каква цел да бидат злоупотребени. А постојат мал милион начини овие податоци да бидат злоупотребувани за политички, финансиски или лукративни цели.
Дополнително скандалозна и коруптивна е и самата тендерска постапка за избор на фирмата која го спровела ова  дигитализирање на податоците. Тогашниот директор Бујар Дарлишта, кадар на ДУИ, избрал компанија Новатек ИНВ ДООЕЛ Скопје основана месец дена пред тендерот, за што постои и кривична пријава, ама нема никаква конкретна реакција од страна на обвинителството.
Молкот на институциите сега, како и молкот на  обвинителството за поднесените пријави само говори дека оваа држава и нејзините институции се киднапирани и се држат во заложништво од страна на една мафија на власт. Кога таа мафија ќе падне и кога институциите ќе бидат ослободени, тогаш ќе следат и конкретни одговори и конкретна одговорност.

The post Moлк од власта за големата афера со злоупотребата на лични податоци! appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против две лица за „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-dve-litsa-za-zloupotreba-na-lichni-podatotsi-i-izmama-pri-dobivane-kredit-i-druga-pogodnost/ Thu, 16 Mar 2023 09:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=620213

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(46) и З.З.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“, казниви по чл.149 и по чл.249 од Кривичниот законик.

Првопријавениот А.Б. на 20.08.2021 побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и, по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност, соопшти МВР.

The post Кривична пријава против две лица за „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“ appeared first on Република.

]]>

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(46) и З.З.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“, казниви по чл.149 и по чл.249 од Кривичниот законик. Првопријавениот А.Б. на 20.08.2021 побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и, по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност, соопшти МВР.

The post Кривична пријава против две лица за „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“ appeared first on Република.

]]>