лични карти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lichni-karti/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 15:20:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лични карти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lichni-karti/ 32 32 Важна информација од МВР: И утре може да се подигнуваат лични карти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vazhna-informatsija-od-mvr-i-utre-mozhe-da-se-dodignuvaat-lichni-karti/ Tue, 07 May 2024 15:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=775062

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи.

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

The post Важна информација од МВР: И утре може да се подигнуваат лични карти appeared first on Република.

]]>

Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година може да гласаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-so-istecheni-lichni-dokumenti-od-24-juli-2023-godina-mozhe-da-glasaat/ Wed, 24 Apr 2024 06:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=769843

На претседателските избори денеска можат да гласаат и граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи на 24 јули 2023 година до 24 април. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Оваа одредба од Изборниот законик е составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите.

Истата одредба ќе се применува и на парламентарните избори со тоа што на нив ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 8 август 2023 година до денот на изборите 8 мај.

Собранието на 7 март во рамки на 147. седница по скратена постапка без расправа ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик. Како што појаснија предлагачите, целта на овие измени беше да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

The post Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година може да гласаат appeared first on Република.

]]>

На претседателските избори денеска можат да гласаат и граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи на 24 јули 2023 година до 24 април. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Оваа одредба од Изборниот законик е составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите. Истата одредба ќе се применува и на парламентарните избори со тоа што на нив ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 8 август 2023 година до денот на изборите 8 мај. Собранието на 7 март во рамки на 147. седница по скратена постапка без расправа ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик. Како што појаснија предлагачите, целта на овие измени беше да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

The post Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година може да гласаат appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Со новиот модел на достава во Скопје, дистрибуирани четири и пол пати повеќе лични карти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-so-noviot-model-na-dostava-na-lichni-karti-vo-skopje-distribuirani-chetiri-i-pol-pati-poveke-lichni-karti/ Mon, 25 Mar 2024 20:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=758710

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти.

-Пред две недели го укинавме претходно воспоставеното решение за достава на лични карти според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните и воведовме нов механизам за достава така што граѓаните можат во било кое време да ја подигнат својата лична карта во подрачната полициска станица според местото на живеење, истакнува Тошковски во објава на Фејсбук.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-upravniot-sud-ponishti-ushte-dve-nezakonski-odluki-na-vladata/

Во тој контекст, како што посочува Тошковски, за само две недели доставени се вкупно 12476 лични карти, односно во просек по 891 дневно, што е четири и пол пати повеќе во однос на претходно кога за период од 50 дена (18.01.2024 - 09.03.2024г.) биле доставени 10100 лични карти, односно 202 дневно.

-Овие бројки покажуваат дека новата мерка која ја донесовме пред две недели, а која се темелеше врз основа на претходно направени анализи е исправна и дава одлични резултати, истакнува Тошковски

The post Тошковски: Со новиот модел на достава во Скопје, дистрибуирани четири и пол пати повеќе лични карти appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти.
-Пред две недели го укинавме претходно воспоставеното решение за достава на лични карти според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните и воведовме нов механизам за достава така што граѓаните можат во било кое време да ја подигнат својата лична карта во подрачната полициска станица според местото на живеење, истакнува Тошковски во објава на Фејсбук.
https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-upravniot-sud-ponishti-ushte-dve-nezakonski-odluki-na-vladata/ Во тој контекст, како што посочува Тошковски, за само две недели доставени се вкупно 12476 лични карти, односно во просек по 891 дневно, што е четири и пол пати повеќе во однос на претходно кога за период од 50 дена (18.01.2024 - 09.03.2024г.) биле доставени 10100 лични карти, односно 202 дневно.
-Овие бројки покажуваат дека новата мерка која ја донесовме пред две недели, а која се темелеше врз основа на претходно направени анализи е исправна и дава одлични резултати, истакнува Тошковски

The post Тошковски: Со новиот модел на достава во Скопје, дистрибуирани четири и пол пати повеќе лични карти appeared first on Република.

]]>
Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-vo-skopje-izdavane-lichni-karti-vo-nadlezhni-politsiski-stanitsi-spored-mesto-na-zhiveene/ Mon, 11 Mar 2024 07:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=753472

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје.

- Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, стои во соопштението.

МВР информира дека од денеска почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

The post Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје. - Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, стои во соопштението. МВР информира дека од денеска почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

The post Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Од понеделник започнуваме со нов начин на издавање на лични карти во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-od-ponedelnik-zapochnuvame-so-nov-nachin-na-izdavane-na-lichni-karti-vo-skopje/ Sat, 09 Mar 2024 11:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=752975

Од понеделник започнуваме со нов начин на издавање на лични карти во Скопје, информира на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава.

Затоа, од понеделник, 11.03.2024г. започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

The post Тошковски: Од понеделник започнуваме со нов начин на издавање на лични карти во Скопје appeared first on Република.

Со 84 гласа „за“, 2 воздржани Собранието ги донесе измените на Изборниот законик: Изгласани законските измени за граѓаните чии документи истекле пред 9 месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-84-glasa-za-2-vozdrzhani-sobranieto-gi-donese-izmenite-na-izborniot-zakonik-izglasani-zakonskite-izmeni-za-graganite-chii-dokumenti-istekle-pred-9-mesetsi/ Thu, 07 Mar 2024 15:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=752343

Власта и опозицијата најдоа заеднички јазик за повеќе од 100.000 граѓани кои немаат валидни документи да може да гласаат на претседателските и парламентарните избори. Пратениците со 84 гласа за 2 воздржани и ниту еден против ги изгласаа измените на Изборниот законик по скратена постапка со што преку преодна одредба им се овозможува на сите полнолетни граѓани со лична карта или пасош чија што важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите да си го остварат своето право на глас.

Во членот 38 од законските измени стои дека оваа одредба ќе важи само за претстојните избори.

Измените на Изборниот законик ги поднесоа координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и од ДУИ, иако техничкиот премиер од оваа партија, Џафери, вчера се изјасни против предлогот на ДИК за граѓаните да можат да гласаат со стари важечки документи.

Друга позначајна измена во Изборниот законик е дека избирачко право ќе добијат и лицата кои ќе наполнат 18 години до денот на одржување на било кој круг од гласањето и меѓу двата изборни круга, наместо како досегашното решение кое важеше само за оние кои станале полнолетни до првиот круг од претседателските избори.

Преку законските измени се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР нотирани во извештаите за изборите во државата во изминативе години. Се воведува Центар за континуирана едукација во ДИК за обука за изборната администрација, гласачите, како и сите учесници во изборниот процес. Собранието по скратена постапка ги донесе и законските измени за високот образование со кој се унифицираат платите на сите државни универзитети, а вработените во сите универзитети ќе имаат ист статус.

The post Со 84 гласа „за“, 2 воздржани Собранието ги донесе измените на Изборниот законик: Изгласани законските измени за граѓаните чии документи истекле пред 9 месеци appeared first on Република.

]]>

Власта и опозицијата најдоа заеднички јазик за повеќе од 100.000 граѓани кои немаат валидни документи да може да гласаат на претседателските и парламентарните избори. Пратениците со 84 гласа за 2 воздржани и ниту еден против ги изгласаа измените на Изборниот законик по скратена постапка со што преку преодна одредба им се овозможува на сите полнолетни граѓани со лична карта или пасош чија што важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите да си го остварат своето право на глас. Во членот 38 од законските измени стои дека оваа одредба ќе важи само за претстојните избори. Измените на Изборниот законик ги поднесоа координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и од ДУИ, иако техничкиот премиер од оваа партија, Џафери, вчера се изјасни против предлогот на ДИК за граѓаните да можат да гласаат со стари важечки документи. Друга позначајна измена во Изборниот законик е дека избирачко право ќе добијат и лицата кои ќе наполнат 18 години до денот на одржување на било кој круг од гласањето и меѓу двата изборни круга, наместо како досегашното решение кое важеше само за оние кои станале полнолетни до првиот круг од претседателските избори. Преку законските измени се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР нотирани во извештаите за изборите во државата во изминативе години. Се воведува Центар за континуирана едукација во ДИК за обука за изборната администрација, гласачите, како и сите учесници во изборниот процес. Собранието по скратена постапка ги донесе и законските измени за високот образование со кој се унифицираат платите на сите државни универзитети, а вработените во сите универзитети ќе имаат ист статус.

The post Со 84 гласа „за“, 2 воздржани Собранието ги донесе измените на Изборниот законик: Изгласани законските измени за граѓаните чии документи истекле пред 9 месеци appeared first on Република.

]]>
ДИК со предлог до Собранието: Во Изборниот законик да се внесе преодна одредба да важат старите важечки документи за овие избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-so-predlog-do-sobranieto-vo-izborniot-zakonik-da-se-vnese-preodna-odredba-da-vazhat-starite-vazhechki-dokumenti-za-ovie-izbori/ Mon, 04 Mar 2024 14:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=751104

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски денеска изјави дека ДИК предлага во Изборниот законик да се внесе преодна одредба со која ќе се овозможи на овие избори да се гласа и со старите важечки документи.

Како ДИК до Собранието дадовме еден предлог до Собранието – во Изборниот законик да се направи измена во која ќе има преодна одредба само за овие избори, да важат и старите важечки документи за да можат да гласаат сите граѓани. Дали тоа ќе се усвои или не, зависи од Собранието - истакна Даштевски.

Што се однесува до лицата кои навршуваат 18 години, Даштевски рече дека тие ќе можат да се пријават за да бидат внесени во Избирачкиот список.

За полнолетните е изнајдено решение и точно се знае според закон до кога ќе можат да се запишуваат. Тоа што е во законот, тоа е - рече тој.

Инаку, со денешната свечена изјава на Абдуш Демири се комплетира седумчлениот состав на Државната изборна комисија, откако повеќе месеци беше испразнето едно место по заминувањето на Кренар Лога кој стана министер за правда. Новиот член на ДИК беше предлог на албанската опозициска коалиција.

Даштевски смета дека Демири совесно и професионално ќе ја извршува својата задача.

Во претходните мои изјави бев оптимист и бев сигурен дека ќе се избере членот, така што комплетиран е составот на ДИК со седум члена и не се остава простор за било какви манипулации што би можело да создаде едноставно сомнеж, а не значи дека ќе има - рече Даштевски.

Демири изјави дека ќе ги извршува своите задачи согласно Изборниот законик.

После еден долг процес од една година, конечно албанската опозиција го доби својот претставник во ДИК. Не знаеме зошто овој процес се одолговлекуваше, иако со закон местото беше резервирано за албанската опозиција - рече Демири.

The post ДИК со предлог до Собранието: Во Изборниот законик да се внесе преодна одредба да важат старите важечки документи за овие избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски денеска изјави дека ДИК предлага во Изборниот законик да се внесе преодна одредба со која ќе се овозможи на овие избори да се гласа и со старите важечки документи.
Како ДИК до Собранието дадовме еден предлог до Собранието – во Изборниот законик да се направи измена во која ќе има преодна одредба само за овие избори, да важат и старите важечки документи за да можат да гласаат сите граѓани. Дали тоа ќе се усвои или не, зависи од Собранието - истакна Даштевски.
Што се однесува до лицата кои навршуваат 18 години, Даштевски рече дека тие ќе можат да се пријават за да бидат внесени во Избирачкиот список.
За полнолетните е изнајдено решение и точно се знае според закон до кога ќе можат да се запишуваат. Тоа што е во законот, тоа е - рече тој.
Инаку, со денешната свечена изјава на Абдуш Демири се комплетира седумчлениот состав на Државната изборна комисија, откако повеќе месеци беше испразнето едно место по заминувањето на Кренар Лога кој стана министер за правда. Новиот член на ДИК беше предлог на албанската опозициска коалиција. Даштевски смета дека Демири совесно и професионално ќе ја извршува својата задача.
Во претходните мои изјави бев оптимист и бев сигурен дека ќе се избере членот, така што комплетиран е составот на ДИК со седум члена и не се остава простор за било какви манипулации што би можело да создаде едноставно сомнеж, а не значи дека ќе има - рече Даштевски.
Демири изјави дека ќе ги извршува своите задачи согласно Изборниот законик.
После еден долг процес од една година, конечно албанската опозиција го доби својот претставник во ДИК. Не знаеме зошто овој процес се одолговлекуваше, иако со закон местото беше резервирано за албанската опозиција - рече Демири.

The post ДИК со предлог до Собранието: Во Изборниот законик да се внесе преодна одредба да важат старите важечки документи за овие избори appeared first on Република.

]]>
ДИК предлага да се гласа и со пасошите „Република Македонија“ ако имаат валиден датум https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-predlaga-da-se-glasa-i-so-pasoshite-republika-makedonija-ako-imaat-validen-datum/ Fri, 23 Feb 2024 21:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=747641

Во Изборниот законик да се стави преодна одредба според која, на претстојните избори, и во земјава и во странство, ќе може да се гласа со пасошите на кои пишува „Република Македонија“ доколку имаат важечки датум, предлага Државната изборна комисија.

Како што рече вечерва претседателот на ДИК Александар Даштевски, при гласањето на претстојните избори граѓаните ќе може да се идентификуваат со еден отпечаток од прст. Ќе може и да се одберат опции од типот: „гласам“, „не гласам“, „не сакам/сакам да добијам две ливчиња“.

-Има еден член што се однесува на личните документи, за пасошите. Предлагаме пасошите на кои пишува „Република Македонија“, ако се важечки, да важат за гласање и тоа да се стави во Изборниот законик како преодна одредба која ќе важи само за овие избори. Од ова мислам дека нема поидеално решение. Веќе го сменивме Законот за лични карти и тие важат, но многу луѓе немаат и лични карти, па ако важат пасошите, еден документ ќе имаат зашто тоа се реално важечки документи, издавани од нашите надлежни органи, објасни Даштевски во гостување на „Топ тема“.

Во тек се, ифнормира, обуките на обучувачите, а потоа следуваат и обуките на општинските изборни комисии и избирачките одбори.

-Сите дејства што беа предвидени за одржување на двојните избори одат во најдобар ред, сите рокови се запазени. Сметам дека изборите ќе биде фер, слободни и демократски, истакна Даштевски.

The post ДИК предлага да се гласа и со пасошите „Република Македонија“ ако имаат валиден датум appeared first on Република.

]]>

Во Изборниот законик да се стави преодна одредба според која, на претстојните избори, и во земјава и во странство, ќе може да се гласа со пасошите на кои пишува „Република Македонија“ доколку имаат важечки датум, предлага Државната изборна комисија. Како што рече вечерва претседателот на ДИК Александар Даштевски, при гласањето на претстојните избори граѓаните ќе може да се идентификуваат со еден отпечаток од прст. Ќе може и да се одберат опции од типот: „гласам“, „не гласам“, „не сакам/сакам да добијам две ливчиња“. -Има еден член што се однесува на личните документи, за пасошите. Предлагаме пасошите на кои пишува „Република Македонија“, ако се важечки, да важат за гласање и тоа да се стави во Изборниот законик како преодна одредба која ќе важи само за овие избори. Од ова мислам дека нема поидеално решение. Веќе го сменивме Законот за лични карти и тие важат, но многу луѓе немаат и лични карти, па ако важат пасошите, еден документ ќе имаат зашто тоа се реално важечки документи, издавани од нашите надлежни органи, објасни Даштевски во гостување на „Топ тема“. Во тек се, ифнормира, обуките на обучувачите, а потоа следуваат и обуките на општинските изборни комисии и избирачките одбори. -Сите дејства што беа предвидени за одржување на двојните избори одат во најдобар ред, сите рокови се запазени. Сметам дека изборите ќе биде фер, слободни и демократски, истакна Даштевски.

The post ДИК предлага да се гласа и со пасошите „Република Македонија“ ако имаат валиден датум appeared first on Република.

]]>
Досега на домашна адреса доставени се 4.355 лични карти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dosega-na-domashna-adresa-dostaveni-se-4-355-lichni-karti/ Fri, 16 Feb 2024 13:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=744900

До денеска (16.02.2024) доставени се 4.355 лични карти на домашна адреса, соопшти дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој ги посети управните служби на МВР во зградата на Македонска телевизија, со цел да изврши увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните.

Овој процес започна на 17 јануари и веќе тече еден месец. На мое големо задоволство, како што бев информиран од страна на раководството, граѓаните одговараат многу позитивно на овој процес, при што само 5% од граѓаните не се најдени на домашна адреса за достава. Во рамките на овој период доставени се 4.332 лични карти на домашна адреса на граѓани – рече Бојмацалиев.

The post Досега на домашна адреса доставени се 4.355 лични карти appeared first on Република.

Бесплатни возачки и сообраќајни дозволи со новото име, иселениците нема да плаќаат за патен лист https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besplatni-vozachki-i-soobrakajni-dozvoli-so-novoto-ime-iselenitsite-nema-da-plakaat-za-paten-list/ Tue, 13 Feb 2024 14:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=743682

На денешната владина седница се донесени неколку решенија за предвременото менување на личните карти, возачките дозволи и патните исправи.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи објави дека денес Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се сменат да бидат без надомест.

Вториот заклучок е поврзан со МНР кое треба да преземе активности издавањето на патните листови за сите граѓани кои живеат надвор од територијата на Македонија кои имаат потреба да се вратат со патни листови, овој надомест ќе биде бесплатен.

МНР се задолжи во државите каде што нема ДКП, издавањето да се направи онлајн и да биде испратено по пошта. Со ова сметаме дека им излегуваме во пресрет на сите граѓани – информираше Битиќи.

МВР ќе ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи без надомест од утре. Сите вработени во МВР утре ќе добијат по една плата плус во висина на последната исплатена плата.

Оние луѓе кои платиле за вадење на документи после промената на името во Cеверна Македонија, а добиле обрасци со старото име, се дискриминирани и министерот Битиќи тоа го призна пред новинарите.

Искрено тие се дискриминирани, оние кои биле совесни и постапиле согласно законските измени, поднеле на време барања за возачки и патни исправи. Мислам дека треба да се најде начин да им се оддолжиме што биле совесни граѓани. Има одредени работи кои за жал ги забораваме. Бевме во период на ковид криза во која најверојатно издавањето на патни исправи не беше прва нужност. Не знам колку од нашите сограѓани мислеа на патување. Мислам дека првите патни исправи се издавани во јули 2021 година и можеби во овој период требаше поголема медиумска кампања – додаде Битиќи.

The post Бесплатни возачки и сообраќајни дозволи со новото име, иселениците нема да плаќаат за патен лист appeared first on Република.

]]>

На денешната владина седница се донесени неколку решенија за предвременото менување на личните карти, возачките дозволи и патните исправи. Вицепремиерот Фатмир Битиќи објави дека денес Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се сменат да бидат без надомест. Вториот заклучок е поврзан со МНР кое треба да преземе активности издавањето на патните листови за сите граѓани кои живеат надвор од територијата на Македонија кои имаат потреба да се вратат со патни листови, овој надомест ќе биде бесплатен.
МНР се задолжи во државите каде што нема ДКП, издавањето да се направи онлајн и да биде испратено по пошта. Со ова сметаме дека им излегуваме во пресрет на сите граѓани – информираше Битиќи.
МВР ќе ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи без надомест од утре. Сите вработени во МВР утре ќе добијат по една плата плус во висина на последната исплатена плата. Оние луѓе кои платиле за вадење на документи после промената на името во Cеверна Македонија, а добиле обрасци со старото име, се дискриминирани и министерот Битиќи тоа го призна пред новинарите.
Искрено тие се дискриминирани, оние кои биле совесни и постапиле согласно законските измени, поднеле на време барања за возачки и патни исправи. Мислам дека треба да се најде начин да им се оддолжиме што биле совесни граѓани. Има одредени работи кои за жал ги забораваме. Бевме во период на ковид криза во која најверојатно издавањето на патни исправи не беше прва нужност. Не знам колку од нашите сограѓани мислеа на патување. Мислам дека првите патни исправи се издавани во јули 2021 година и можеби во овој период требаше поголема медиумска кампања – додаде Битиќи.

The post Бесплатни возачки и сообраќајни дозволи со новото име, иселениците нема да плаќаат за патен лист appeared first on Република.

]]>
Граѓаните досега дале над 5 милиони евра за нови лични карти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-dosega-dale-nad-5-milioni-evra-za-novi-lichni-karti/ Tue, 13 Feb 2024 10:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=743575

Иако првично беа упатувани апели да се заменат документите до средината на февруари, личните карти со „Република Македонија“ чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12 февруари, бидеќи Законот за личната карта се уште не е изменет.  Но, и покрај тоа милиони евра се слеале досега од џебот на граѓаните во државниот буџет поради замена на личните карти со новото име на државата, пишува Дојче веле.

Иако не се стапени во сила, граѓаните во периодот од јули 2021 година, па до крајот на 2023 година поитале да извршат замена на 1.007.885 лични карти на коишто стои името „Република Македонија“.

Само од почетокот на годината се издадени над 75 илјади нови лични карти, со што вкупниот број на издадени лични карти со новото уставно име е 1.083.048, покажува статистиката на МВР.

Ако се има предвид дека замена на лична карта со новото име на државата чини 310 денари по редовна постапка, проценките се дека само од замената на документите за внатрешна употреба се слеале нас пет милиони евра во буџетот.

Народниот правобранител, Насер Зибери и дел од партиите во повеќе наврати укажуваа дека трошоците за обновување на исправите за сите граѓани кои поднеле барање за нови исправи, а дадени им се исправи со стариот образец, со името Република Македонија, по стапувањето на сила на измените на Уставот, треба да ги сноси државата.

Целиот текст овде.

The post Граѓаните досега дале над 5 милиони евра за нови лични карти appeared first on Република.

]]>

Иако првично беа упатувани апели да се заменат документите до средината на февруари, личните карти со „Република Македонија“ чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12 февруари, бидеќи Законот за личната карта се уште не е изменет.  Но, и покрај тоа милиони евра се слеале досега од џебот на граѓаните во државниот буџет поради замена на личните карти со новото име на државата, пишува Дојче веле. Иако не се стапени во сила, граѓаните во периодот од јули 2021 година, па до крајот на 2023 година поитале да извршат замена на 1.007.885 лични карти на коишто стои името „Република Македонија“. Само од почетокот на годината се издадени над 75 илјади нови лични карти, со што вкупниот број на издадени лични карти со новото уставно име е 1.083.048, покажува статистиката на МВР. Ако се има предвид дека замена на лична карта со новото име на државата чини 310 денари по редовна постапка, проценките се дека само од замената на документите за внатрешна употреба се слеале нас пет милиони евра во буџетот. Народниот правобранител, Насер Зибери и дел од партиите во повеќе наврати укажуваа дека трошоците за обновување на исправите за сите граѓани кои поднеле барање за нови исправи, а дадени им се исправи со стариот образец, со името Република Македонија, по стапувањето на сила на измените на Уставот, треба да ги сноси државата. Целиот текст овде.

The post Граѓаните досега дале над 5 милиони евра за нови лични карти appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе работат шалтерите за подигање готови документи во Беко и МРТВ, а МВР ќе врши и достава до дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-rabotat-shalterite-za-podigane-gotovi-dokumenti-vo-beko-i-mrtv-a-mvr-ke-vrshi-i-dostava-do-doma/ Sat, 27 Jan 2024 07:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=737347

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во „Беко“ и МРТВ во Скопје.

Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.

Од МВР вчера информираа дека на територија на Скопје е почната и достава на личните карти и на возачките дозволи на домашна адреса со цел олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи.

Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје, информираат од МВР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-pochna-so-dostava-na-lichnite-karti-i-vozachkite-dozvoli-na-domashna-adresa-vo-skopje/

The post Денеска ќе работат шалтерите за подигање готови документи во Беко и МРТВ, а МВР ќе врши и достава до дома appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во „Беко“ и МРТВ во Скопје. Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот. Од МВР вчера информираа дека на територија на Скопје е почната и достава на личните карти и на возачките дозволи на домашна адреса со цел олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи.
Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје, информираат од МВР.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-pochna-so-dostava-na-lichnite-karti-i-vozachkite-dozvoli-na-domashna-adresa-vo-skopje/

The post Денеска ќе работат шалтерите за подигање готови документи во Беко и МРТВ, а МВР ќе врши и достава до дома appeared first on Република.

]]>
МВР почна со достава на личните карти и возачките дозволи на домашна адреса во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-pochna-so-dostava-na-lichnite-karti-i-vozachkite-dozvoli-na-domashna-adresa-vo-skopje/ Fri, 26 Jan 2024 17:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=737247

Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека почна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици. Целта е олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи.

-Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје, се вели во соопштението на МВР.

Од МВР ги известуваат граѓаните дека во сабота, 27 јануари ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ од 8 до 16 часот.

The post МВР почна со достава на личните карти и возачките дозволи на домашна адреса во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека почна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици. Целта е олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи. -Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје, се вели во соопштението на МВР. Од МВР ги известуваат граѓаните дека во сабота, 27 јануари ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ од 8 до 16 часот.

The post МВР почна со достава на личните карти и возачките дозволи на домашна адреса во Скопје appeared first on Република.

]]>
Досега биле променети околу 1.210.000 патни исправи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dosega-bile-promeneti-okolu-1-210-000-patni-ispravi/ Thu, 18 Jan 2024 06:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=734194

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека досега се променети околу 1.210.000 патни исправи, повеќе од 1.100.000 лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи. Според Спасовски, нема никаков проблем дали да се продолжи рокот за издавање на патни исправи, ако така одлучи Собранието, и нагласува дека се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи и по 12 февруари.

Да не се креира слика во јавноста дека по 12-ти нема да дојде до промена на документите. Владата не донесе одлука зашто Законот за лични карти не е променет и тој е во важност и од самиот почеток до денес беше јасно дека нема да има промена на личните документи. Неколку пати кажавме дека личните карти ќе важат и по 12 февруари, не заради тоа што се во домашна употреба, туку заради тоа што не го сменивме Законот за личните карти во кој се остава рок за важење на личните карти, рече министерот, додавајќи дека согласно проценките, нема голем број лица кои побаруваат документи, а се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи, изјави Спасовски во гостувањето на ТВ21.

Коментирајќи ја изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски, Спасовски рече дека сега е време на избори и секој цени дека треба да даде соодветни изјави и дека тој не би навлегувал во никакви конфронтации.

Роковите не се утврдуваат на Влада, туку со закон. Самиот факт што го изнесе и претседателот, дека има потреба да се промени Законот за лични карти за да се продолжи рокот, апсолутно не е така, бидејќи Законот не бил воопшто никогаш сменет за да може да се продолжува рокот. Мислам дека не треба да бидеме под наплив на некакви емоции во овој момент кои ќе придонесат да се креира дополнителен проблем, рече Спасовски.

Од друга страна пак, министерот за надворешни работи, Бујар Османи порачува наместо да се концентрираме на давање лажна надеж за пролонгирање на рокот за документи, да се фокусираме на нивното вадење.

Според Османи, обврските од меѓународниот договор остануваат, посочувајќи дека грчката страна, треба да ја информира ЕУ дека стапува во сила рокот и после тоа сите држави коишто ќе ја примат таа информација, ќе почнат да ја почитуваат.

Затоа дајте во овој период наместо иницијативи за одложување, да имаме иницијативи за промена на документите, на 12-ти тоа што ќе остане нерешено, да најдеме начин како да им олесниме на граѓаните. Се обидувам да бидам брутално искрен, меѓутоа покоректно е да сум сега искрен отколку после тоа граѓаните да останат на граничните премини и на некој начин ние да сме причина за тоа, рече Османи.

Тој вели дека е исконтактирано со грчката страна околу важноста на личните документи кои треба да се заменат до 12 февруари но, апелира наместо иницијативи за одложување за користење на политички поени, фокусот да се стави на вадењето документи.

Договорот од Преспа е меѓународен договор. Мислам дека наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж на граѓаните дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор и ќе го смениме Законот за спроведување на уставните амандмани, да работиме граѓаните да немаат пречки после 13 февруари, да се забрза издавањето пасоши, да почнат налепниците да се лепат на регистарските таблички. Мислам дека ова е поздраво да им се каже на граѓаните дека ова е обврска што се провлекува пет години и да се обидеме до 13 февруари максимално да ги средиме документите на граѓаните. Така што, сметам дека овој пристап е поздрав отколку сега добивање политички поени за нешто што нема да можеме да го направиме, ниту оваа претставка до Уставен суд нема да може да го смени Преспанскиот договор, ниту кои било измени на законите, рече Османи.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, во однос на промената на личните документи на граѓаните, потенцираше дека различните изјави на претседателот на државата, премиерот и министерот за надворешни работи јасно покажува дека немаат комуникација и дека власта нема стратешка цел.

Излегува претседателот на државата и вели ова е срамно. Апсолутно се согласувам со него. Целосно е во право претседателот Пендаровски. Премиерот потоа вели дека очекува претседателот да се слушне со претседателката на Грција. Претседателот потоа го возвраќа ударот кон премиерот, заборавајќи дека тоа е една иста извршна власт која што треба да комуницира и да ги решава работите и рече дека тоа е обврска на премиерот да ја реши. Премиерот неколку пати јавно изјавува дека треба да се разгледа решение, за министерот за надворешни работи денеска да каже дека проблемот е нерешлив. Ова се луѓето кои што имаат обврска, законски и уставни надлежности да решаваат ваков тип на предизвици кога истите постојат во системот. Десет дена од сите тројца слушаме различни изјави. Ако целокупната состојба ја сумираме - зборот срамно е преблаг за тоа што секојдневно се случува на македонските граѓани при обидот да извадат нови лични документи, рече Муцунски.

Според Муцунски, во моментот МВР нема направено набавка на обрасци, па граѓаните и покрај тоа што се сликале за нови патни исправи нема да може да им се издадат новите патни исправи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kolku-pari-se-sobraa-od-zamena-na-lichni-karti-i-vozachki-a-sega-kazhuvaat-deka-ke-vazhat/

Тој, исто така, го повика Уставниот суд да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за времена мерка.

Уставните судии сега имаат една специфична предност да можат да решат голгота на илјадници граѓани, а истовремено да извршат една пошироко општествена правна функција а тоа е да спречат непоправлива штета, нагласи Муцунски.

The post Досега биле променети околу 1.210.000 патни исправи appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека досега се променети околу 1.210.000 патни исправи, повеќе од 1.100.000 лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи. Според Спасовски, нема никаков проблем дали да се продолжи рокот за издавање на патни исправи, ако така одлучи Собранието, и нагласува дека се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи и по 12 февруари.
Да не се креира слика во јавноста дека по 12-ти нема да дојде до промена на документите. Владата не донесе одлука зашто Законот за лични карти не е променет и тој е во важност и од самиот почеток до денес беше јасно дека нема да има промена на личните документи. Неколку пати кажавме дека личните карти ќе важат и по 12 февруари, не заради тоа што се во домашна употреба, туку заради тоа што не го сменивме Законот за личните карти во кој се остава рок за важење на личните карти, рече министерот, додавајќи дека согласно проценките, нема голем број лица кои побаруваат документи, а се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи, изјави Спасовски во гостувањето на ТВ21.
Коментирајќи ја изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски, Спасовски рече дека сега е време на избори и секој цени дека треба да даде соодветни изјави и дека тој не би навлегувал во никакви конфронтации.
Роковите не се утврдуваат на Влада, туку со закон. Самиот факт што го изнесе и претседателот, дека има потреба да се промени Законот за лични карти за да се продолжи рокот, апсолутно не е така, бидејќи Законот не бил воопшто никогаш сменет за да може да се продолжува рокот. Мислам дека не треба да бидеме под наплив на некакви емоции во овој момент кои ќе придонесат да се креира дополнителен проблем, рече Спасовски.
Од друга страна пак, министерот за надворешни работи, Бујар Османи порачува наместо да се концентрираме на давање лажна надеж за пролонгирање на рокот за документи, да се фокусираме на нивното вадење. Според Османи, обврските од меѓународниот договор остануваат, посочувајќи дека грчката страна, треба да ја информира ЕУ дека стапува во сила рокот и после тоа сите држави коишто ќе ја примат таа информација, ќе почнат да ја почитуваат.
Затоа дајте во овој период наместо иницијативи за одложување, да имаме иницијативи за промена на документите, на 12-ти тоа што ќе остане нерешено, да најдеме начин како да им олесниме на граѓаните. Се обидувам да бидам брутално искрен, меѓутоа покоректно е да сум сега искрен отколку после тоа граѓаните да останат на граничните премини и на некој начин ние да сме причина за тоа, рече Османи.
Тој вели дека е исконтактирано со грчката страна околу важноста на личните документи кои треба да се заменат до 12 февруари но, апелира наместо иницијативи за одложување за користење на политички поени, фокусот да се стави на вадењето документи.
Договорот од Преспа е меѓународен договор. Мислам дека наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж на граѓаните дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор и ќе го смениме Законот за спроведување на уставните амандмани, да работиме граѓаните да немаат пречки после 13 февруари, да се забрза издавањето пасоши, да почнат налепниците да се лепат на регистарските таблички. Мислам дека ова е поздраво да им се каже на граѓаните дека ова е обврска што се провлекува пет години и да се обидеме до 13 февруари максимално да ги средиме документите на граѓаните. Така што, сметам дека овој пристап е поздрав отколку сега добивање политички поени за нешто што нема да можеме да го направиме, ниту оваа претставка до Уставен суд нема да може да го смени Преспанскиот договор, ниту кои било измени на законите, рече Османи.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, во однос на промената на личните документи на граѓаните, потенцираше дека различните изјави на претседателот на државата, премиерот и министерот за надворешни работи јасно покажува дека немаат комуникација и дека власта нема стратешка цел.
Излегува претседателот на државата и вели ова е срамно. Апсолутно се согласувам со него. Целосно е во право претседателот Пендаровски. Премиерот потоа вели дека очекува претседателот да се слушне со претседателката на Грција. Претседателот потоа го возвраќа ударот кон премиерот, заборавајќи дека тоа е една иста извршна власт која што треба да комуницира и да ги решава работите и рече дека тоа е обврска на премиерот да ја реши. Премиерот неколку пати јавно изјавува дека треба да се разгледа решение, за министерот за надворешни работи денеска да каже дека проблемот е нерешлив. Ова се луѓето кои што имаат обврска, законски и уставни надлежности да решаваат ваков тип на предизвици кога истите постојат во системот. Десет дена од сите тројца слушаме различни изјави. Ако целокупната состојба ја сумираме - зборот срамно е преблаг за тоа што секојдневно се случува на македонските граѓани при обидот да извадат нови лични документи, рече Муцунски.
Според Муцунски, во моментот МВР нема направено набавка на обрасци, па граѓаните и покрај тоа што се сликале за нови патни исправи нема да може да им се издадат новите патни исправи. https://republika.mk/vesti/makedonija/kolku-pari-se-sobraa-od-zamena-na-lichni-karti-i-vozachki-a-sega-kazhuvaat-deka-ke-vazhat/ Тој, исто така, го повика Уставниот суд да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за времена мерка.
Уставните судии сега имаат една специфична предност да можат да решат голгота на илјадници граѓани, а истовремено да извршат една пошироко општествена правна функција а тоа е да спречат непоправлива штета, нагласи Муцунски.

The post Досега биле променети околу 1.210.000 патни исправи appeared first on Република.

]]>
Колку пари се собраа од замена на лични карти и возачки, а сега кажуваат дека ќе важат… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolku-pari-se-sobraa-od-zamena-na-lichni-karti-i-vozachki-a-sega-kazhuvaat-deka-ke-vazhat/ Wed, 17 Jan 2024 19:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=734145

Министерството за внатрешни работи (МВР), по неколкумесечна тензија што се создава во процесот за менување на личните документи со новото уставно име на државата, денеска кажа дека личните карти и возачките дозволи за внатрешен промет ќе важат, истакна Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градиначалник на Општина Аеродром, во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, во контекст на промената на личните документи на граѓаните, мешаниците на шалтерите за нивно подигнување.

Се поставува прашањето колку во последните месеци МВР имало приход од граѓани кои што предвремено ги менувале тие документи и зошто дозволило да се создаде ваков хаос во системот. Има отворена неодговорност кон граѓаните. Огромен дел од возачките дозволи и личните карти се заменети, иако немало потреба да се направи тоа. Но, сега одлучија од МВР да ги информираат граѓаните дека немало потреба да се право вакво нешто во овој момент, освен ако не се истечени. Голем дел од граѓаните, сепак, ги менуваа, бидејќи сметаа дека доаѓаат рокови во кои што сето тоа треба да се реализира, изјави Муцунски.

Според него, доколку сакала, можела да најде начин да го реши проблемот.

Прво, технички да се најде решение, бидејќи ова е истата влада, истите луѓе, голем дел од нив на истите позиции кога се носеле и уставните закони и овие законски измени кои ја создадоа оваа состојба. И знаеле каков логистички предизвик ќе биде сето тоа, односно кои се капацитетите во рамки на МВР за период од пет години за да се реализира сето тоа. Првиот показател е дека нема стратешко планирање во институциите и кога се доаѓа до цајтнот, граѓаните се виновни, не биле одговорни, не знаеле да постапат на време и се создава дополнителна криза, вели Муцунски и во тој контекст додава дека владата сама создава кризи.

The post Колку пари се собраа од замена на лични карти и возачки, а сега кажуваат дека ќе важат… appeared first on Република.

За Спасовски изјавите за личните карти од Пендаровски се под наплив на емоции и поради изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-spasovski-izjavite-za-lichnite-karti-od-pendarovski-se-pod-napliv-na-emotsii-i-poradi-izborite/ Wed, 17 Jan 2024 18:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=734137

По изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски дека Владата е таа која треба да побара пролонгирање на рокот за патните исправи, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се јави со свој став.

Тој во изјава за ТВ21 порача дека сега е време на избори и секој цени дека треба да даде соодветни изјави.

Јас не би навлегувал во никакви конфронтации. Прво да кажам дека роковите не се утврдуваат на Влада, роковите се утврдуваат со закон. Второ самиот факт кој го изнесе и претседателот дека имаме потреба да се промени законот за лични карти за да се продолжи рокот, апсолутно не е така затоа што законот никогаш не бил сменет за да може да се продолжува рокот, вели Спасовски и додава дека не треба да се биде под наплив на емоции.

Тој вели дека личните карти ќе продолжат да важат и по 12 февруари.

Не заради тоа што се поради домашна употреба, туку заради тоа што ние не го сменивме законот за личните карти, вели Спасовски.

Според него досега променети се околу 1.210.000 патни исправи, околу 1.100.000 лични документи и околу 540 илјади возачки дозволи.

The post За Спасовски изјавите за личните карти од Пендаровски се под наплив на емоции и поради изборите appeared first on Република.

]]>

По изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски дека Владата е таа која треба да побара пролонгирање на рокот за патните исправи, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се јави со свој став. Тој во изјава за ТВ21 порача дека сега е време на избори и секој цени дека треба да даде соодветни изјави.
Јас не би навлегувал во никакви конфронтации. Прво да кажам дека роковите не се утврдуваат на Влада, роковите се утврдуваат со закон. Второ самиот факт кој го изнесе и претседателот дека имаме потреба да се промени законот за лични карти за да се продолжи рокот, апсолутно не е така затоа што законот никогаш не бил сменет за да може да се продолжува рокот, вели Спасовски и додава дека не треба да се биде под наплив на емоции.
Тој вели дека личните карти ќе продолжат да важат и по 12 февруари.
Не заради тоа што се поради домашна употреба, туку заради тоа што ние не го сменивме законот за личните карти, вели Спасовски.
Според него досега променети се околу 1.210.000 патни исправи, околу 1.100.000 лични документи и околу 540 илјади возачки дозволи.  

The post За Спасовски изјавите за личните карти од Пендаровски се под наплив на емоции и поради изборите appeared first on Република.

]]>
По 12 февруари: Личните карти со рок ќе може да се користат за гласање, но не и за патување во соседството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-12-fevruari-lichnite-karti-so-rok-ke-mozhe-da-se-koristat-za-glasane-no-ne-i-za-patuvane-vo-sosedstvoto/ Tue, 16 Jan 2024 18:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=733759

Личните карти во земјава ќе можат да се користат и по 13 февруари.

Министерството за внатрешни работи донесе одлука дека за домашна употреба, личните карти со називот „Република Македонија“ ќе продолжат да важат и по 13 февруари. Оттаму додаваат дека неспорен факт е дека измените на Законот за лична карта со кој се врши усогласување со Уставните измени од аспект на новото уставно име на државата, како и со Законот за употреба на јазиците се уште не е донесени, односно истите се во собраниска постапка.

„Цениме дека за домашна употреба и во рамки на границите на Република Македонија, личната карта со називот на државата „Република Македонија“, а која има важност треба да продолжи да важи и по 13.02.2024 година“, објаснуваат од МВР.

Во земјава, посебно во Скопје има метеж за подигнување на лични документи.

Премиерот Димитар Ковачевски вели, патните и лични исправи кои се употребуваат во земјава, ќе важат и по 12 февруари, но, за надворешна употреба треба согласност од Грција. Тој не разговарал со властите во Атина, бидејќи како што појасни, таква обврска имал претседателот Стево Пендаровски.

The post По 12 февруари: Личните карти со рок ќе може да се користат за гласање, но не и за патување во соседството appeared first on Република.

]]>

Личните карти во земјава ќе можат да се користат и по 13 февруари. Министерството за внатрешни работи донесе одлука дека за домашна употреба, личните карти со називот „Република Македонија“ ќе продолжат да важат и по 13 февруари. Оттаму додаваат дека неспорен факт е дека измените на Законот за лична карта со кој се врши усогласување со Уставните измени од аспект на новото уставно име на државата, како и со Законот за употреба на јазиците се уште не е донесени, односно истите се во собраниска постапка.
„Цениме дека за домашна употреба и во рамки на границите на Република Македонија, личната карта со називот на државата „Република Македонија“, а која има важност треба да продолжи да важи и по 13.02.2024 година“, објаснуваат од МВР.
Во земјава, посебно во Скопје има метеж за подигнување на лични документи. Премиерот Димитар Ковачевски вели, патните и лични исправи кои се употребуваат во земјава, ќе важат и по 12 февруари, но, за надворешна употреба треба согласност од Грција. Тој не разговарал со властите во Атина, бидејќи како што појасни, таква обврска имал претседателот Стево Пендаровски.

The post По 12 февруари: Личните карти со рок ќе може да се користат за гласање, но не и за патување во соседството appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, личните карти се важечки и по 12 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-graganite-da-bidat-spokojni-lichnite-karti-se-vazhechki-i-po-12-fevruari/ Thu, 11 Jan 2024 12:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=731941

Проблемот мора да го поделиме во два дела да ја констатираме фактичката состојба а потоа да нудиме решенија. Како е фактичката состојба?

МВР не располага со доволен капацитет да може во така брз рок да бидат отприлика 2,5 – 2,7 милиони македонски пасоши кои се издадени да бидат променети согласно обврските кои се преземени а се дел од законско решение донесено во 2021-та година зошто? Затоа што таму имате два апарата кои работат од 7 до 10 часа на ден, секој од нив има капацитет од 120 пасоши на час или пак, ако тоа го сведеме во континуирана работа без прекин вие можете годишно максимум до половина милион патни исправи да промените. И тоа во идеални услови, под услов овие апарати да работат без дефект што значи дека се потребни 6 години со ова темпо и динамика да дојде до промена на сите патни исправи или со други зборови, ако 2021-ва година е донесен Законот тогаш најрано 2027-ма година може да се изврши промена на сите 2,5 – 2,7 милиони македонски патни исправи“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

https://www.youtube.com/watch?v=L9a_12aBO9k&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Претседателот Мицкоски додаде и дека втора работа што МВР и Спасовски ја прават е тоа што доцнат со набавката за обрасци.

„Втора работа МВР на чело со Спасовски доцни со набавка на обрасците потребни за да се издадат овие патни исправи. Зошто тоа го прави? Затоа што доаѓа техничка влада, технички министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе се создаде вакум простор до март кога треба да дојдат новите обрасци и тогаш на примитивен простачки начин да се обвинува идниот технички министер кој ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е целта политичка на Оливер Спасовски и тие кои моментално го водат МВР“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа на тоа дека и после 12 февруари личните карти се важечки.

„Трета работа која граѓаните треба да ја знаат е дека личните карти и после 12 февруари се важечки и дека пензионерите со тие лични карти ќе може да ја подигнуваат пензијата и понатаму дека тие лични карти во внатрешниот промет се валидни документи и немаат потреба да бидат загрижени дали ќе може да се гласа со тие лични карти бидејќи ќе може да се гласа бидејќи тие не се дел од промената на документите. Апелирам до граѓаните оние кои имаат важечка лична карта да бидат спокојни бидејќи таа и после 12-ти февруари останува во правниот промет во Македонија. Пензионерите ќе може да си ги подигнуваат своите пензии, вработените своите плати, студентите своите стипендии, кредити итн. Да не подлегнуваат на обидите на власта за манипулација а потоа да се сврти вниманието кон техничката влада односно кон техничкиот министер кој ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека ќе предложат и опција за пролонгирање на рокот.

„Имаме две опции едната опција е во парламентот да се донесе закон со кој рокот ќе се продолжи и тоа е една од опциите. И втората опција што работи ВМРО-ДПМНЕ на што денеска ќе побарам поддршка од Извршниот и Централниот комитет е да се поднесе претставка пред Уставниот суд како суд кој се гризи за Уставот кој е над сите Закони и да се стави времена мерка на Законот од 2021-ва година да биде вон сила се до следно одлучување дали е тој уставен или не, а се однесува на патните исправи или пасошите. Доколку Уставниот суд е експресен како што видовме во минатото тогаш  може уште во текот на следната недела да постапува и да ја донесе таа времена мерка. Еве да не се сведе тоа на партиско политичка преписка во парламентот, судот Уставниот суд одговорен за Уставот да донесе времена мерка вон сила се до следно негово одлучување дали е уставен или не е уставен и на тој начин другиот ден ќе нема редици такви какви што има“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, личните карти се важечки и по 12 февруари appeared first on Република.

]]>

Проблемот мора да го поделиме во два дела да ја констатираме фактичката состојба а потоа да нудиме решенија. Како е фактичката состојба? МВР не располага со доволен капацитет да може во така брз рок да бидат отприлика 2,5 – 2,7 милиони македонски пасоши кои се издадени да бидат променети согласно обврските кои се преземени а се дел од законско решение донесено во 2021-та година зошто? Затоа што таму имате два апарата кои работат од 7 до 10 часа на ден, секој од нив има капацитет од 120 пасоши на час или пак, ако тоа го сведеме во континуирана работа без прекин вие можете годишно максимум до половина милион патни исправи да промените. И тоа во идеални услови, под услов овие апарати да работат без дефект што значи дека се потребни 6 години со ова темпо и динамика да дојде до промена на сите патни исправи или со други зборови, ако 2021-ва година е донесен Законот тогаш најрано 2027-ма година може да се изврши промена на сите 2,5 – 2,7 милиони македонски патни исправи“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. https://www.youtube.com/watch?v=L9a_12aBO9k&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Претседателот Мицкоски додаде и дека втора работа што МВР и Спасовски ја прават е тоа што доцнат со набавката за обрасци. „Втора работа МВР на чело со Спасовски доцни со набавка на обрасците потребни за да се издадат овие патни исправи. Зошто тоа го прави? Затоа што доаѓа техничка влада, технички министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе се создаде вакум простор до март кога треба да дојдат новите обрасци и тогаш на примитивен простачки начин да се обвинува идниот технички министер кој ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е целта политичка на Оливер Спасовски и тие кои моментално го водат МВР“, рече Мицкоски. Мицкоски укажа на тоа дека и после 12 февруари личните карти се важечки.
„Трета работа која граѓаните треба да ја знаат е дека личните карти и после 12 февруари се важечки и дека пензионерите со тие лични карти ќе може да ја подигнуваат пензијата и понатаму дека тие лични карти во внатрешниот промет се валидни документи и немаат потреба да бидат загрижени дали ќе може да се гласа со тие лични карти бидејќи ќе може да се гласа бидејќи тие не се дел од промената на документите. Апелирам до граѓаните оние кои имаат важечка лична карта да бидат спокојни бидејќи таа и после 12-ти февруари останува во правниот промет во Македонија. Пензионерите ќе може да си ги подигнуваат своите пензии, вработените своите плати, студентите своите стипендии, кредити итн. Да не подлегнуваат на обидите на власта за манипулација а потоа да се сврти вниманието кон техничката влада односно кон техничкиот министер кој ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски истакна дека ќе предложат и опција за пролонгирање на рокот.
„Имаме две опции едната опција е во парламентот да се донесе закон со кој рокот ќе се продолжи и тоа е една од опциите. И втората опција што работи ВМРО-ДПМНЕ на што денеска ќе побарам поддршка од Извршниот и Централниот комитет е да се поднесе претставка пред Уставниот суд како суд кој се гризи за Уставот кој е над сите Закони и да се стави времена мерка на Законот од 2021-ва година да биде вон сила се до следно одлучување дали е тој уставен или не, а се однесува на патните исправи или пасошите. Доколку Уставниот суд е експресен како што видовме во минатото тогаш  може уште во текот на следната недела да постапува и да ја донесе таа времена мерка. Еве да не се сведе тоа на партиско политичка преписка во парламентот, судот Уставниот суд одговорен за Уставот да донесе времена мерка вон сила се до следно негово одлучување дали е уставен или не е уставен и на тој начин другиот ден ќе нема редици такви какви што има“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, личните карти се важечки и по 12 февруари appeared first on Република.

]]>
И во сабота ќе работи пунктот за промена на лични документи во „Пролет“ и шалтерите во МРТВ и Беко https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/i-vo-sabota-ke-raboti-punktot-za-promena-na-lichni-dokumenti-vo-prolet-i-shalterite-vo-mrtv-i-beko/ Thu, 14 Dec 2023 10:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=722854

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и в сабота, од 8 до 16 часот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.

Исто така в сабота ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 8 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

The post И во сабота ќе работи пунктот за промена на лични документи во „Пролет“ и шалтерите во МРТВ и Беко appeared first on Република.

]]>

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и в сабота, од 8 до 16 часот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така в сабота ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 8 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).  

The post И во сабота ќе работи пунктот за промена на лични документи во „Пролет“ и шалтерите во МРТВ и Беко appeared first on Република.

]]>
Нови правила за вадење лична карта: Ќе нема веќе документ на стара адреса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-pravila-za-vadene-lichna-karta-ke-nema-veke-dokument-na-stara-adresa/ Tue, 05 Sep 2023 12:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=679011

Се менуваат 9 члена од законот за издавање на лична карта. Собранието денес го усвои предлогот за измените на законот да се носат по скратена постапка, по што комисиите ќе го разгледуваат и ќе биде ставен на гласање пред пратениците.

Со измените се ревидира членот 8 од законот, при што се предвидува дека доколку граѓанинот го промени живеалиштето или податоците од личната карта во тој случај мора во рок од 15 дена да побараат менување на живеалиштето и издавање нова лична карта, а притоа е потребно граѓанинот да приложи документ со кој ја докажува промената.

За продолжување на личната карта отсега граѓаните кои го смениле живеалиштето во полиција ќе мора да носат и имотен лист, а за промена на други податоци соодветен доказ, предвидуваат измените на Законот за лична карта.

Имено, со постојната состојба голем број на граѓани не ја менуваат личната карта иако смениле живеалиште, се до истекот на важечката лична карта. Со ова се оставаше можност и за избегнување на одредени законски обврски, но и непрецизни евиденции за издадени лични карти, кои се водат од страна на Министерството за внатрешни работи.

Со Законот за личната карта е предвидено дека барањето за издавање на лична карта граѓанинот го поднесува лично во МВР според подрачјето на кое граѓанинот има живеалиште. При практичната примена на законот се утврди потребата да им се овозможи на граѓаните барањето да го поднесат во МВР според местото на престојување. При конципирање на ова решение се имаа предвид сè, интересите на граѓаните, но се имаше за цел и заживување на престојувалиштето, како законска категорија – се вели во предлог-измените на Законот за лична карта.

Понатаму, во законот се додава и решение според кое член од семејството може да поднесе барање за издавање на лична карта за лице не може да го поднесе лично од оправдани здравствени причини и при тоа во прилог на барањето треба да достави документ со кој се докажуваат оправданите здравствени причини заради кои барателот не може да дојде лично.

Се воведува и решение во случај кога бездомник за првпат поднесува барање за издавање на лична карта, земањето податоци за биометриските карактеристики за бездомникот се врши во присуство на службено лице од центарот за социјални работи. За бездомник се смета граѓанин кој нема место и адреса на живеење и средства со кои би можел да ја задоволи потребата од домување.

На граѓанин над 65 години живот му се издава лична карта со трајно важење – се вели во предлог-измените.

The post Нови правила за вадење лична карта: Ќе нема веќе документ на стара адреса appeared first on Република.

]]>

Се менуваат 9 члена од законот за издавање на лична карта. Собранието денес го усвои предлогот за измените на законот да се носат по скратена постапка, по што комисиите ќе го разгледуваат и ќе биде ставен на гласање пред пратениците. Со измените се ревидира членот 8 од законот, при што се предвидува дека доколку граѓанинот го промени живеалиштето или податоците од личната карта во тој случај мора во рок од 15 дена да побараат менување на живеалиштето и издавање нова лична карта, а притоа е потребно граѓанинот да приложи документ со кој ја докажува промената. За продолжување на личната карта отсега граѓаните кои го смениле живеалиштето во полиција ќе мора да носат и имотен лист, а за промена на други податоци соодветен доказ, предвидуваат измените на Законот за лична карта. Имено, со постојната состојба голем број на граѓани не ја менуваат личната карта иако смениле живеалиште, се до истекот на важечката лична карта. Со ова се оставаше можност и за избегнување на одредени законски обврски, но и непрецизни евиденции за издадени лични карти, кои се водат од страна на Министерството за внатрешни работи. Со Законот за личната карта е предвидено дека барањето за издавање на лична карта граѓанинот го поднесува лично во МВР според подрачјето на кое граѓанинот има живеалиште. При практичната примена на законот се утврди потребата да им се овозможи на граѓаните барањето да го поднесат во МВР според местото на престојување. При конципирање на ова решение се имаа предвид сè, интересите на граѓаните, но се имаше за цел и заживување на престојувалиштето, како законска категорија – се вели во предлог-измените на Законот за лична карта. Понатаму, во законот се додава и решение според кое член од семејството може да поднесе барање за издавање на лична карта за лице не може да го поднесе лично од оправдани здравствени причини и при тоа во прилог на барањето треба да достави документ со кој се докажуваат оправданите здравствени причини заради кои барателот не може да дојде лично. Се воведува и решение во случај кога бездомник за првпат поднесува барање за издавање на лична карта, земањето податоци за биометриските карактеристики за бездомникот се врши во присуство на службено лице од центарот за социјални работи. За бездомник се смета граѓанин кој нема место и адреса на живеење и средства со кои би можел да ја задоволи потребата од домување. На граѓанин над 65 години живот му се издава лична карта со трајно важење – се вели во предлог-измените.

The post Нови правила за вадење лична карта: Ќе нема веќе документ на стара адреса appeared first on Република.

]]>